build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Демографија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 24>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 456
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 01-Mar-2021 at 13:56
Ova se preliminarni podatoci koj seuste ne se podpolni osobeno vo delot na zivorodeni deca kade seuste nema korekcija. Ocekuvam vo konecnite podatoci minimum plus 500-750 novorodeni deca poveke a za zal i isto tolkavo zgolemuvanje kaj pocinatite.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 01-Mar-2021 at 17:59
Ајде вака анализа. Ако има зголемана смртност од 25% и тоа се 25 илјади, тогаш значи дека од корона се 5000, а не 3000 како во официјалната статистика. Значи тој муабет дали некој починал или не од коморбидитети не само што не додава случаеви како што некои тврдат, туку напротив одзема.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19733
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 01-Mar-2021 at 18:29
Порталб анализа: 40 отсто од високообразованите живеат и работат во странство (инфографик)

Официјално, пописот во земјава почна. На 1 март започна попишувањето на нерезидентното население, луѓето кои повеќе од една година се надвор од земјава, главно дијаспората. Статистичката операција која треба да го „преброи“ населението ќе биде дочекана со загрижувачки податоци кои досега „премолчено“ се коментираа во јавноста, пишува „Порталб.мк“. Еден од нив што се очекува да исплива на површина е егзодусот на „мозоци“.

Стратегија за спречување на „одлив на мозоци“ има, но дали има ефекти?

Незапирлив тренд на одлив на високообразован кадар од земјава. Во 2010 година, според проценките на Светска банка, 29,1 отсто од високо образованите луѓе од земјава заминале да живеат или работат во странство. Девет години подоцна состојбата е драстично влошена.

„Според последните податоци и издадената анализа во 2019 година стапката на високообразован кадар што живее и работи во странство е особено висока и изнесува скоро 40 отсто или повеќе од една третина од високообразованиот кадар“, нотира анализата „Владино планирање – ефективност на владините мерки за справување со ризиците на пазарот на труд и начинот на планирање на средствата за надминувување на истите“ на Државниот завод за ревизија.

„Порталб.мк“ веќе ги објави клучните наоди од оваа анализа кои се однесуваат на горливиот проблем „младинската невработеност“, како и на невработеноста која е последица на ковид кризата, но ова истражување содржи сериозни забелешки за тоа дали институциите ги спроведуваат мерките за да се запре „белата чума“. Така, ревизорите потсетуваат дека Министерството за образование има изготвено Национална статегија за спречување на одлив на високообразован и стручен кадар 2013-2020, а за нејзино реализирање бил изготвен и Акциски план до 2014, но не и до 2020 година.

„По спроведените интервјуа и разговори со надлежни лица ревизијата не доби информација, ниту извештаи за реализација на утврдените цели и активности од стратегијата. На ваков начин и покрај вложените ресурси за изработка на ваков значаен стратешки документ за намалување на одливот на високообразовани и стручни кадри, ревизијата не доби докази дека стратегијата заживеала во пракса и без образложение за истото“, забележуваат ревизорите.

За една година – 5.000 нови луѓе пријавиле дека ја напуштиле Македонија

Ревизорите ги нотираат институциите кои го регистрираат „одливот“ на луѓе, привремено или трајно заминати во странство. Дел од тој ланец се МВР и Државниот завод за статистика. Така, се забележува дека различни институции раполагаат со различни податоци за тоа колку луѓе со какво образование ја напуштиле земјава.

Овие податоци покажуваат дека само за една година Министерството за внатрешни работи регистрирало 5.000 нови луѓе кои пријавиле престој во странство – или ја напуштиле Македонија. Според Државниот завод за статистика пак, само за една година, за повеќе од четири пати е зголемен бројот на отселени граѓани со високо образование. Без разлика што податоците доаѓаат од различни извори и мерени се според различни критериуми – епилогот е ист, на годишно ниво драматично се зголемува бројот на граѓани што ја напуштаат земјава.

„Причините кои водат до одлив на мозоци генерално се должат на можностите за вработување, повисоки плати, професионално унапредување и обука, подобра иднина за членовите на семејството, како што се можности за образование на децата и подобри услови за живеење и работа“, заклучуваат ревизорите.

На крајот од минатиот месец, Агенцијата за вработување регистра 13.262 невработени со високо образование.





https://meta.mk/portalb-analiza-40-otsto-od-visokoobrazovanite-zhiveat-i-rabotat-vo-stranstvo-infografik
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 05-Mar-2021 at 23:53
Процент на живородени во странство во периодот 2015-2019 според податоците на ДЗС. Вкупно 18,35% (24.500 од 133.509) бебиња во овој период биле родени од македонски мајки надвор од Македонија, и тоа 8,22% кај Пелагонискиот регион, 8,61% Скопски, 9,16% Вардарски, 16,56% Источен, 18,06% Југоисточен, 19,43% Североисточен, 30,5% Југозападен и 35,99% Полошки. Кај општините, бројката кај Новаци е 0,75%, Македонски Брод 1,56%, а Вевчани 2%, додека на другиот крај се Ново Село со 55,87%, Центар Жупа 62,31% и Маврово и Ростуша со 69,06%.

Интересно е што најпразните македонски региони - Порече, Азот и Мариово - стојат најдобро.

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 06-Mar-2021 at 09:37
Маврово-Ростуше има толку иселеници по светот за да има толкав процент? Или едноставно има многу мал наталитет па од тие ~10 родени деца 7 биле во странство?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 06-Mar-2021 at 16:18
Сите мештани на селата во Маврово-Ростуше се преселени во Италија, Швајцарија и Германија Само лете се враќаат.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 06-Mar-2021 at 16:51
Ах беее,.... Македонциве да беа само "два грама" попаметни и да беа доволно верен сојузник западен, за да не треба западот да бара сојузници во малцинставата во Македонија. Па немаше да треба да ни се случува цела оваа симулација, оваа "виртуелна реалност" во избирачки списоци. Све ова што е иселено ќе се отпишеше од гласачи и од државни вработувања. Ама не... глупото македонче ако му се остави таква ситуациај, на првите избори ќе направи од државава втора република српска, бастион на антизападно расположение и хардкор руско влијание. Ете затоа не му се остава на глупото македонче да направи саглам држава, пошто е бетер од бугарија е за терање геополитика. Па да не гледаме овакви glitch-ови во нормалните статистики, и глупости како 65% born abroad идни гласачи.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 06-Mar-2021 at 17:41
Од 934 раѓања кај мајки од Маврово и Ростуше во 2015-2019, 645 биле во странство. Во 2019 бројката била 127/176, и тоа во Италија 90, Германија 22, Швајцарија 9, Австрија 1 и останати земји 5. Од посебно издвоените, немало раѓања во Белгија, Данска, Франција, Холандија, ОК, Шведска, Австралија, Канада и САД.

Гостиварското метро стои убедливо најлошо, а тоа се гледа и во бројките за излезност на избори. Во очекување на резултатите од пописот, релевантна бројка за резидентно население може да се изведе од раѓањата во странство - ако од проценетите 2.076.255 жители се одземат 18.35% (колку што се раѓања во странство во претходниот петгодишен период), доаѓаме до бројка од 1.695.262, што е блиску до често употребуваната бројка од ~1.680.000 здравствени осигуреници. Со тоа Македонија би скокнала од 75 на 62 место по БДП (ПКМ) по глава на жител.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 06-Mar-2021 at 19:19
Originally posted by Staro Skopje

....доаѓаме до бројка од 1.695.262, што е блиску до често употребуваната бројка од ~1.680.000 здравствени осигуреници. Со тоа Македонија би скокнала од 75 на 62 место по БДП (ПКМ) по глава на жител.

Ова е интересен аспект на тоа дека Македонија нема 2 туку 1,7 милиони жители. Прашање е на кои све листи Македонија би имала друга позиција, него ли само на БДП. И не само тоа, туку кај би биле европските држави со БДП пер цапита доколку се додаде целото присутно гастербајтерско население, а не само локалните државјани.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 06-Mar-2021 at 19:27
За 4 дена се регистрирани над 25 илјади ,,гастарбаитери,, а до април ќе си стигне сигурно до 200 илјади ако не и повеќе. Сепак тоа нема да биде реална бројка, лично познавам доволно мк-граѓани што немаат никаков интерес да се регистрираат а има и од оние, што ниту не се информирани што каде како.
Сликата е грда, пример од 8то оделение учев со 30 ученици, од таа класа сега 28 се во странство.
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 334
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 06-Mar-2021 at 21:07
Originally posted by my Macedonia

За 4 дена се регистрирани над 25 илјади ,,гастарбаитери,, а до април ќе си стигне сигурно до 200 илјади ако не и повеќе. Сепак тоа нема да биде реална бројка, лично познавам доволно мк-граѓани што немаат никаков интерес да се регистрираат а има и од оние, што ниту не се информирани што каде како.
Сликата е грда, пример од 8то оделение учев со 30 ученици, од таа класа сега 28 се во странство.

Поради тоа бесмислено е да се попишуваат луѓе кои едвај еднаш годишно ќе се вратат во родното место и пак бегаат. Државата троши средства при изготвувањето и спроведувањето на социо-економските политики, бидејќи реперот според кој се водат е неточен.
Секако дека треба да бидат избројани и тие државјани кои се иселени, но нема логика еден човек да биде броен во две или три држави, особено ако не живее подолг период во нив.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 06-Mar-2021 at 21:49

Нели ќе има посебни статистики - една само за резиденти, и уште една за вкупно државјани (заедно со нерезидентите)? Целата поента со попишувањето на сите државјани беше да покажеме дека има 25% Албанци и 2.000.000 народ (на папиру), но точните бројки на луѓето кои останале во државава конечно ќе се знаат. И статистичарите сити, и Албанците на број.

Тој што е попишан како нерезидент, нема да се брои два пати. Државава ќе има 1.600.000 жители, односно 2.000.000 државјани, од кои 400.000 живеат во странство, и се резиденти таму каде што и ќе бидат попишани.

Edited by гитардемон - 06-Mar-2021 at 21:52
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 06-Mar-2021 at 21:54
Околу 2.4м државјани имаме ако не се лажам.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 09-Mar-2021 at 22:28
Секој треба да биде потпишан таму каде живее најголем дел од времето. Не ми се верува дека тука има над 2 мил.

Уште не ми е јасно како оваа операција во 2021 е уште настан!
Бројката може во реално време да се има во секој момент со точност од 99%.

Треба само да ги поврзат системите, книга на родени, книга на умрени, издадени лични карти и пасоши, влез на странци со престој над 6 месеци, излез на наши грашани кои немаат влез 6 месеци...ентер!


Се знае колку луѓе зимаат пензија, се знае број на вработени, број на невработени, се знае колку ученици имаме и број на деца во градинки, до изводи ќе се потврди

Edited by alexsend - 09-Mar-2021 at 22:29
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 09-Mar-2021 at 22:51
Јас не можам да разберам зашто кога веќе направиле апликација за дијаспората, истата не речат, еве ќе ја користиме и за домашните (или ќе треба лаптопите од 4 милиони евра да се искористат).

Објаснувањето на Владата, сите одложија, ама тие имаа пописи пред 10 години, а ние немавме, е толку глупо, што не ни требало да го пишуваат.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19733
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 18-Mar-2021 at 15:13
ДЗС: Земјава постепено низ годините го губи младото женско население

Во периодот од 2007 до 2019 година, учеството на женското младо население на возраст од 0 до 14 години во земјава е намалено од 18,2 отсто на 15,8 отсто, а учеството на женското старо население на возраст од 65 и повеќе години е зголемено од 12,5 отсто на 15,8 отсто, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.



Поголем број жени се забележуваат во старосната група од 65 години и повеќе. Податоците покажуваат дека жените живеат 3,9 години подолго од мажите односно во просек 78,3 години, а мажите 74,4 години.

Инаку, според вредноста на тоталната стапка на фертилитет (ТФР) во 2019 година, која изнесува 1,34 (живородени деца на една жена), жените во Македонија сè почесто се решаваат да раѓаат само по 1 или 2 деца.

„Според возраста на мајката, во 2019 година, најголемо учество, односно 33,9 отсто имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29,2 години, а 27,5 години при првото раѓање. Во 2019 година се регистрирани 16 живородени деца од мајки на возраст под 15 години“, се вели во публикацијата на Државниот завод за статистика.

Во неа се додава дека како резултат на одложувањето на стапувањето во брак во повозрасните години, во 2019 година, просечната возраст при склучувањето прв брак е 26,9 години на невестата и 29,7 години на младоженецот.

„Промените во старосната структура на населението имаат своја рефлексија врз бројот на умренитe лица во државата. Просечната возраст кај умрените од женски пол изнесува 76 години, односно 71,6 години кај лицата од машки пол“, пишува во публикацијата.

https://meta.mk/dzs-zemjava-postepeno-niz-godinite-go-gubi-mladoto-zhensko-naselenie/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19733
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 23-Mar-2021 at 11:04
Од Македонија многумина си заминале, ама и се вратиле со стекнато високо образование

Од економски и политички причини, земјите од Западен Балкан традиционално се земји за иселување и тој тренд продолжува и во периодот од 2010 до 2019 година. Сепак, степенот на нето-иселување (разлика меѓу бројот на оние што си заминале и оние што се вратиле) се разликува во различни земји и е најголем во Босна и Херцеговина, проследен со Косово и Албанија, а понизок е во Црна Гора, Северна Македонија и во Србија, објави Виенскиот институт за интернационални студии во најновата анализа за нето-миграцијата во Западен Балкан.

Според ова истражување, она што е специфично за Македонија, како и за Црна Гора и за Србија, е што во овие земји има големо враќање на луѓе што си заминале од земјата за да се образоваат, односно тие се вратиле во својата земја со странско образование.

„Нашата анализа открива нето-имиграција на високообразовани – а со тоа и ‘прилив на мозок’ – во Црна Гора, Северна Македонија и во Србија, што е генерално на највисоко ниво кај оние од 20-ина години, односно на возраст кога обично се завршува високото образование. Нашите резултати сугерираат дека нето-имиграцијата на високообразованите главно се води од студенти што се враќаат во своите матични земји по завршувањето на високото образование во странство“, објави Виенскиот институт.

Оттаму велат дека во исто време е забележан нето-одлив на луѓе со средно општо и со стручно образование, што е во согласност со теоријата дека двете групи заминуваат во странство и се враќаат како дипломирани студенти.

Анализата покажала дека се променила старосната структура на оние што мигрирале од Македонија во периодот од 2011 до 2014 година и од 2014 до 2019 година. Во периодот од 2011 до 2014 година најмногу си заминувале млади на возраст од 25 до 34 години, додека најмногу враќања имало кај младите од 15 до 19 години и кај возрасната група од 35 до 39 години. Во периодот од 2015 до 2019 година, заминувањето било почесто отколку во претходниот период и си заминувале луѓе од сите анализирани возрасни групи од 15 до 39 години, освен оние од групата од 30 до 34 години. Спротивно, пак, најмногу од странство во Македонија, во овој период, се вратиле токму луѓето на возраст од 30 до 34 години.

Но, за тоа колкаво е нето-иселувањето, како разлика меѓу заминатите и вратените, во периодот од 2010 до 2019 година, од Виенскиот институт констатираат дека е тешко да се каже со точност, затоа што последниот попис е од 2002 година, а процените се базираат на тој попис. Така, Виенскиот институт дошол до процена за нето-имиграција од Македонија во периодот од 2010 до 2019 година од само 16.000 луѓе, но и оттаму потенцираат дека овој број е многу мал во однос на многу други проценки и притоа ги нагласуваат процените на Обединетите нации за нето-иселување во истиот период, а кои зборуваат за дури 131.000 луѓе.

Анализирајќи ги стимуланси за иселувањето во земјите од Западен Балкан, Виенскиот институт ги наведува: „Сеприсутна сиромаштија (како, на пример, во Косово), мрежи на дијаспората што даваат информации и ресурси што ја олеснуваат емиграцијата, релативно висока стапка на невработеност, повеќе, поквалитетни и подобро платени опции за вработување во потенцијалните земји на дестинација, или посебни шеми што ја олеснија миграцијата, како што е Регулативата за Западен Балкан на Германија, која стапи на сила во 2016 година и предизвика државјани на Западен Балкан да бараат работа во Германија“.

За 9 години 160.000 луѓе од Македонија добиле разни дозволи за престој во Европа
Она што веројатно ќе даде една подобра слика за процесот на заминување од државата се податоците од Евростат за миграции, а кој ги презентира Виенскиот институт. Според овие податоци, вкупен број издадени први дозволи во ЕУ28 и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Швајцарија се 160.663. Притоа 88.267 дозволи се на луѓе што се приклучиле на своето семејство, односно на член од семејство кој е веќе во некоја од овие земји. На школување, во овој период заминале 9.324 државјани на Македонија, за активности за усовршување биле дадени 41.189 дозволи и по други основи – 23.932 дозволи. Она што може да се забележи е дека вкупниот број дозволи е значително помал во периодот од 2010 до 2014 година кога биле издадени 58.865 дозволи, во однос на периодот од 2015 до 2019 година кога нивниот вкупен број изнесувал 101.768.

https://www.slobodenpecat.mk/od-makedonija-mnogumina-si-zaminale-ama-i-se-vratile-so-steknato-visoko-obrazovanie/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 23-Mar-2021 at 11:36
Long story short, од 2002 па наваму, околу 100.000-150.000 иселени со дозвола за престој во ЕУ, уште околу 50.000 со двојно државјанство и европски пасоши (бугарски, хрватски, словенечки), плус некои 10.000 нелегално во САД или легално (демек студенти) во Австралија или на работа на Блискиот Исток, плус уште некои 5.000-10.000 преку брак во САД и Австралија, и доаѓаме до горе-долу 200.000, па ете и 300.000 иселеници. Како проциркулира бројката од 400.000?

Edited by гитардемон - 23-Mar-2021 at 11:43
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19733
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 24-Mar-2021 at 17:53
Броење на иселените



Една од причините зошто никој не знае колку луѓе живеат во Северна Македонија е тоа што никој не знае колку луѓе ја напуштиле земјата, особено по последниот попис во 2002 година.

Проблемот е како да се дефинира кој сѐ ќе се брои како Македонец за да се изброи колку Македонци живеат во странство. Дури и ако ги броите само тие што имаат македонски државјанства, набргу ќе увидите дека расположливите податоци се нецелосни и неверодостојни.

Непотврдените бројки се вткаени во политичката дебата како да се точни или потврдени. Малкумина разбираат дека бројките што се цитираат од инаку доверливи организации, како Светска банка или Обединетите нации, се груби пресметки.

Причината е што тие организации не собираат свои податоци, туку мора да се потпираат на бројките од други места.

Првото нешто што треба да се разбере е на кого точно се мисли или кој точно се брои. Дали зборуваме за етнички Македонци, државјани на Македонија или за потомци на луѓето што порано ја напуштиле Македонија?

Ако е последното, тогаш е важно да се напомене дека многу од нивните предци емигрирале од регион што е многу поголем од денешната Северна Македонија.

Македонците емигрирале во големи групи уште од доцниот 19 век, што значи дека сигурно има голема бројка луѓе во странство со македонско потекло или луѓе што имаат корени од Македонија.

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), со седиште во Вашингтон, САД, ги претставува етничките Македонци. Според тоа, Албанците, Турците, Ромите и други малцинства од сегашната Северна Македонија не се вклучуваат во нивните слободни проценки за бројот на Македонците во странство.

ОМД тврди дека има околу 250.000 луѓе од македонско потекло во Канада, околу 300.000 во Австралија, до 600.000 низ Европа (не вклучувајќи ја Северна Македонија) и околу 500.000 во САД. Со тоа се доаѓа до бројка од околу 1,65 милион.

Сепак, значаен, но неутврден дел од овие луѓе се потомци на иселениците што ја напуштиле Македонија во османлиското време, од која дел бил и Солун, денес втор град по големина во Грција.

За време на Балканските војни во 1912 и во 1913 година, оваа територија била поделена на три дела. Еден мал дел ѝ припаднал на Бугарија, но најголемиот дел бил поделен меѓу Грција и Србија.

По крајот на Втората светска војна, српскиот дел стана една од шесте југословенски републики, и таа денес е Северна Македонија.

По крајот на Втората светска војна, во Грција избувна граѓанска војна поради која десетици илјади етнички Македонци, често наречени егејски Македонци, избегаа од земјата.

Заедно со бегалците од грчка Македонија, многу од нив биле евакуирани во Советскиот Сојуз (поточно во Ташкент, Узбекистан) и во други земји од источниот блок. Други пребегале во Австралија, САД и во Канада.

Илјадници, сепак, се доселија во југословенскиот дел на Македонија директно, од кои голем дел беа луѓе што не се иселиле во Советскиот Сојуз или на други места во првите две децении по војната.

До средината на 1960-тите, се проценува дека околу 50.000 егејски Македонци нашле нов дом тука. Од друга страна, некои биле населени во Војводина, во северна Србија.

До средината на 1960-тите, емиграцијата од Југославија била, или незаконска, или екстремно тешка. Македонија, сепак, беше голем исклучок. Договорот меѓу Турција и Југославија им дозволил на Турците од Македонија слободно да се иселуваат.

Според турското Министерство за надворешни работи, околу 170.000 Турци се иселиле од земјата меѓу 1953 и 1968 година. Сепак, иако мнозинството биле Турци, имало и Албанци и Македонци муслимани што се декларирале како Турци за да можат да заминат.

Разликата меѓу овие луѓе и етничките Македонци што емигрирале е што додека едните силно го бранеле својот македонски идентитет во дијаспората, тие што се иселиле во Турција, по кратко време целосно се идентификувале како Турци.

Од средината на 1960-тите, Македонците, како и другите Југословени, почнаа да се иселуваат во Германија и во други европски земји во потрага по работа, и тогаш почна ново поглавје во историјата на македонската емиграција.

Денес, освен проценките од организациите на дијаспората, се вртат и неколку други цифри за бројот на Македонците во странство.

Во март 2019 година, владата ја објави Националната стратегија за соработка со дијаспората, во која се вели дека 700.000 луѓе „може да се сметаат за груба проценка на емиграцијата“. Но, се предупредува дека оваа проценка може да се добие само од „странски извори на податоци“.

Во една проценка на Обединетите нации од 2019 година, исто така заснована на странски податоци, се дава прецизна бројка од 658.264, додека од Светска банка има заокружена бројка од 500.000.

Едмонд Адеми, министерот за дијаспора, вели дека, според него, точната бројка е меѓу 500 и 600 илјади, додека Изет Зеќири, кој ги проучувал овие бројки, смета дека таа е меѓу 600 и 640 илјади.

Кога Македонците во странство се појавуваат во базите на податоци, тоа значи дека се државјани, а етничката припадност не се зема како фактор. Сепак, се гледа дека во некои земји има тенденција, различните националности да се групираат заедно.

Албанците се големо мнозинство меѓу македонските иселеници во Швајцарија, на пример. Македонците муслимани одат во Италија, а етничките Македонци одат во Словенија и во Шведска.

Ако тие што се во странство, исто така, зеле друго државјанство, тогаш најчесто не се ни појавуваат во бројките.

Австралија, на пример, дава бројка од 49.000 илјади свои жители што биле родени во она што денес е Северна Македонија.

Во Европа, според податоците од Евростат (кои всушност се собираат од државните статистички агенции), на 1 јануари 2019 имало 102.000 луѓе од Македонија во Германија, 66.600 во Швајцарија, 63.600 во Италија, 23.400 во Австрија и 12.300 во Словенија.

Според Евростат, имало 156.900 македонски државјани во ЕУ, во 2010 и 220.400 во 2019 година.

Но, како и сите такви бројки, и овие се проблематични. Прво, најмалку 81.000 Македонци зеле бугарски пасоши, со кои лесно можат да работат во ЕУ. Така, секој Македонец што се регистрирал како Бугарин во ЕУ, нема да се покаже во податоците како Македонец.

Второ, според Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика, странските податоци за македонските државјани во странство не покажуваат од каде дошле тие.

На пример, бројот на Македонци во Италија се намалува, а бројот во Германија се зголемува.

Затоа би било погрешно да се претпостави дека тие што доаѓаат во Германија или на други места се нови емигранти од Северна Македонија и дека, според тоа, бројот на населението во земјата опаднал за истата бројка. Новодојденците во една земја можеби ја напуштиле Северна Македонија години порано, само сега се преселиле од една во друга земја.

Трето, бројките на Евростат, а според тоа и националните податоци од кои тие се составени, се збунувачки и нецелосни. Евростат бележи дека бројката на Македонци во Грција, Шпанија, Велика Британија, Малта и во Хрватска е нула.

Но, се проценува дека има околу 3.000 Македонци што живеат во Велика Британија, не броејќи ги тие што се регистрирале како Бугари, според Канцеларијата за национална статистика. На крајот од 2018 година имало 1.591 македонски државјанин со дозволи за престој во Малта.

Ако напишете на Гугл „колку е голема ирската дијаспора“, првиот резултат што ќе се појави е напис во „Ајриш тајмс“, во кој се вели дека таа изнесува „од три до 70 милиони луѓе, во зависност за кого станува збор“.

Има 4,83 милиони луѓе во Република Ирска. Македонците во странство си го наметнуваат епитетот „Ирци од Балканот“, но, за разлика од Ирците, тие не знаат колкумина живеат ниту дома .

https://prizma.mk/broene-na-iselenite/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 24-Mar-2021 at 18:53
Никој не го спори пописот, ама во ек на најголемиот бран, во кој буквално на секој чекор секој (или барем совесните) се пази да не се зарази, некој да ми доаѓа дома, а претходно бил во десетина домови и тоа така со денови е буквално играње со човечки судбини. Луѓе со свои најблиски не се виделе, ама безбедно било да се пуштеле попишувачи.

Крајно, само ќе кажам, јас не слушнав нигде освен закани за затвори и казни, ЕДЕН функционер да кажеше дека сите тие попишувачи ќе се тестираат и тоа тестирање според еве моја проста логика би требало да се прави секојдневно, ако не и двапати дневно, за нивна и наша безбедност.

За вршење на попис и броење државјани е друга глупост, која не знам ни дали вреди да трошам зборови.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.