build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Демографија
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Демографија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 22>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 01-Oct-2021 at 07:23
ПОПИСОТ ЗАВРШИ, ПОПИШАНИ 1.832.696 ГРАЃАНИ

Директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС) Апостол Симовски вечерва соопшти дека пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија заврши, а попишани се 1.832.696 лица, 568.175 домаќинства и 837.255 станови.

Од дијаспората, самопопишани се 204.805 македонски државјани.

Симовски рече дека бројката на оние што одбиле да се попишат е занемарувачка и за нив ќе бидат покренати постапки. Резултатите од пописот се очекува да бидат објавени во рок од шест месеци, односно до крајот на март следната година.

„Пописот е целосно успешно спроведен. Земјава покажа дека има капацитет да спроведе ваква тешка статистичка операција. Сите домови беа посетени, сите граѓани беа дел од пописот, а оние кои не беа опфатени, а се дел од базите на податоци, ќе бидат дел од пописот“, изјави Симовски на прес-конференција.

Ова е прв завршен попис во земјата по 2002 година, кога беа попишани 2.022.547 граѓани.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/popisot-zavrshi-popishani-1-832-696-gragani/
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 462
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 01-Oct-2021 at 13:52
Албанскиот може да биде официјален само ако се описмени малдината, оваа од денес да зборува македонски како што треба и албански како што треба. Албански официјален само за албанци е чиста глупости и популизам на сегашната Власт и владеачка коалиција. Мислам што сакате кога „официјален јазик“ т.е. на 25% т.е. за кој магично сите сме се договориле дека е „албанскиот“ не можам да го учам на главниот филолошки факултет во Скопје! Законот е избрзан и нејасен!
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1762
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 01-Oct-2021 at 14:08
Мене ми е нејасно како досега не се најде сили барем како факултативен изборен предмет да се воведе во школи. Не ми е јасно како досега македонските телевизии со национална концесија како Телма, Сител и Канал5 место тие турски и шпански серии по цел, да дадеа барем еднаш во денот пола саат вести на албански јазик?!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 06-Oct-2021 at 11:31
МОЖЕ ДА СМЕ И ПОМАЛКУ ОД 1,8 МИЛИОНИ Ќе се отстранат двојно попишаните, ќе се пребројат и непопишаните

Бројката од 1.832.696 попишани лица до завршувањето на статистичката операција може да се зголеми во следните шест месеци додека ги обработуваме резултатите, но немојте да се изненадите и доколку бројот се намали. Тоа е така затоа што очекуваме да се појават двојно попишани македонски државјани, вели директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, за Плусинфо.

Тој објаснува дека двојното попишување е оправдано поради тоа што дел од граѓаните биле затекнати од двајца различни попишувачи на две различни локации.

– Статистичката операција започна на 5 септември и траеше 25 дена, а во тој период дел од македонските граѓани биле затекнати на друго место, а не во својот дом. На пример, едно семејство кое во текот на септември заминало на одмор во Охрид, во Дојран или во Крушево, било затекнато од попишувач во апартманот каде што привремено престојувало. Тие граѓани влегуваат во статистиката, а потоа, откако се вратиле дома, повторно биле попишани. Таквите случаи беа очекувани и можам да кажам дека се оправдани. Наша задача е сега да ги вкрстиме податоците од базите и го отстраниме двојното попишување. Исто така, вкупната бројка на попишани може значително да се зголеми кога од дата-базите ќе ги извлечеме податоците од лицата кои одбиле да се попишат. Во моментов не можам да ви кажам точна бројка, но сигурно не се работи за голем процент – рече Симовски.

Тој рече дека активно тече обработката на податоците и дека се надева оти резултатите ќе бидат готови и пред истекот на законските шест месеци.

Во поглед на оние граѓани кои активно бојкотираа и не им ја отворија вратата на попишувачите, Симовски рече дека ќе бидат санкционирани.

– Штом ја добиеме конечната бројка на попишани и на непопишани, но и откако ќе ги прегледаме сите забелешки на попишувачите, ќе покренеме барање за санкционирање на бојкотирачите. Секако, тоа не важи за оние кои не се попишале поради оправдани причини – истакна директорот.

На прашањето зошто голем број од граѓаните останаа непопишани и дали отворањето пунктови за попишување во општините било испланирано уште пред почетокот на пописот или се работи за чиста импровизација, Симовски рече дека сè течело според планот.

– Јасно ни е дека дел од граѓаните, и покрај тоа што сакаа, сепак од оправдани причини не успеаја да учествуваат во статистичката операција, но тие треба да знаат дека нивните податоци ќе бидат вметнати во конечните резултати. Во однос на пунктовите во општините, тоа е нормална и планска работа која беше активирана и за време на пописот во 2001 и во 2011 година. Граѓаните треба да бидат спокојни, конечно имаме успешен попис – рече Симовски.

Посебен дел за непопишаните
Луѓето кои одбиле да се попишат или поради друга причина не се попишале, нема да бидат опфатени со пописот, но ќе биде наведено дека тие луѓе постојат и ќе бидат евидентирани како граѓани кои се во земјава, но не учествувале во статистичката операција, објасни заменик-директорот на Државниот завод за статистика, Иљми Селами, во интервју за ТВ21.

Тој вели дека непопишаните ќе влезат во посебен дел надвор од пописот.

Можеби ќе ве интересира
БУГАРИЈА НЕ СЕ ПОМЕСТУВА ОД СВОИТЕ ПОЗИЦИИ Радев бара…

Плусинфо 06/10/2021
ПОПИСОТ И ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК СЕ РАЗЛИЧНИ РАБОТИ Базата на…

Плусинфо 01/10/2021
– Станува збор за околу 10.000 луѓе. За да ви биде појасно, кога попишувачот доаѓа кај вас, ви ги поставува сите прашања по ред од прашалникот, а вие одговарате. Значи, таму каде што имаме податоци за тие лица, тие податоци се вметнуваат како податоци земени од базата на податоци, додека податоците кои се однесуваат на етникумот, религијата, јазикот кој го користат дома, за жал, ќе останат непополнети, бидејќи реално така е. Значи, ќе има граѓани кои не учествувале во пописот, а постојат тука. Во моментов 10.000 луѓе живеат во земјава, а не се опфатени со пописот. Бројката не е мала за одредени пресметки, планови за економијата, образованието, но тие ќе бидат вметнати во посебен дел надвор од пописот, нема да бидат опфатени со пописот и ќе биде наведено дека тие постојат, ќе бидат евидентирани како граѓани кои се во државата, но не учествувале во пописот – објасни Селами.

Тој додава дека луѓето кои останаа непопишани се мерат во промили, односно нивниот број не е ни 1 отсто од вкупното население.

– За пописот да биде успешен има еден одреден степен за можност да дојде до грешки. 2,5 е можноста за грешки. Во овој случај, луѓето кои останаа непопишани се мерат во промили, односно нивниот број не е ни 1 отсто. Станува збор за луѓе кои бојкотираа, не сакаа да се попишат, имајќи ги предвид сите повици за бојкот од политичките партии и други групи на интерес. Во втората група спаѓаат оние кои немаа храброст да кажат дека бојкотираат, бидејќи треба да се има предвид дека бојкотот е кривично дело и одреден број граѓани се плашеа од тоа. Сакаа да бојкотираат и тајно го правеа тоа, не ја отвораа вратата. Трета категорија се луѓе кои реално не беа дома, или биле надвор од државата или на годишен одмор, односно кога попишувач отишол да ги попише, не ги нашол во нивните домови. Како решение за ова, ние понудивме опција да можат да одат и самите да се попишат во пописните центри низ општините. Четвртата категорија се состои од неколку луѓе кои беа лошо информирани, исплашени и незаинтересирани, мислејќи дека попишувачот е извршител, дека ги евидентираат за вакцинација, дека се луѓе од Управата за јавни приходи или од разни инспекции. Поради разни причини и стравови, ова се категории на луѓе кои едноставно не сакаа да се попишат. Имајќи ги предвид сите овие работи, доколку го продолжевме рокот за пописот, овие луѓе повторно немаше да се попишат, но и доколку се попишеа ќе беше многу мал број кој немаше да влијае врз конечните бројки од пописот – рече Селами.

Каде се 350.000 државјани?
Поранешната директорка на Државниот завод за статистика, Благица Новковска, преку Фејсбук обвини дека во земјава не се попишани повеќе од 350.000 македонски државјани, но и дека недостигаат повеќе од 100.000 домаќинства.

„Пописот е неуспешен според многу критериуми и поради многу причини, но најважното е што многу го потценија народот кој сè уште е тука и оној народ кој си заминал од татковината. Им ги разбраа и ги препознаа сите некадарности, игри и договорени планови. Премиерот кажува дека 1 отсто од граѓаните не се попишани, а директорот скромно кажува дека се само 1 отсто. Секако, директорот кажува помалку зашто тој треба да е успешниот, ама и тој треба да допишува и да пополнува. Но, за оние кои разбираат статистика и можат да направат анализи и проценки, не се попишани повеќе од 350.000 македонски државјани, а недостигаат и повеќе од 100.000 домаќинства. Да ги потсетам дека сами ги погазија меѓународните препораки и стандарди за пописите и создадоа своја методологија според свој закон. Единица на попишување им беа државјаните, а единствената споредлива база им е Избирачкиот список. Спасот од промашувањата сега го вртат кон пописот од 2002 година. Тоа е евтин трик. Не можете да споредувате неспоредливи работи. Тогаш се попишуваа граѓани на Република Македонија според меѓународните стандарди и препораки за пописите, а сега евидентиравте државјани според ваша методологија и дефиниција“, посочи Новковска.

Слаб одзив на дијаспората
За поранешниот директор на Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски, жално е тоа што голем број од иселениците во Австралија, Канада, Нов Зеланд и во балканските земји, не се одзваа на пописот.

Тој вели дека бројката на нашинци во странство е многу поголема од таа што ја прикажува електронскиот попис, но како што објаснува, ова е база која на државата ѝ дава увид колкав број на население има и во кои земји во светот.

Бројката на наши граѓани во странство е многу поголема, но пописот покажа дека насекаде нè има. Најголем дел од попишаните се во Германија и во Швајцарија, некаде има по еден, двајца или тројца Македонци, а во некои далечни земји живеат и по 50 наши државјани. Жално е тоа што во Австралија бројката на попишани нашинци е мала, а иста е состојбата и во Канада, Нов Зеланд, како и во земјите во регионот и во соседството. Тоа што сега може да се забележи е дека бројот на попишани македонски државјани се зголеми во САД, каде што живеат многу луѓе од Македонија. Исто така, сметам дека и во Јужноафриканската Република има многу поголем број граѓани од попишаните – објаснува Герасимовски.

Во Австралија се попишале 3.171, во Канада 1.874, а во Нов Зеланд само 196 македонски државјани. Во Австрија се попишале 11.758, во Белгија 4.845, во Германија 46.590, во Данска 4.317, во Италија 28.476, во Турција 2.388, во Швајцарија 65.064 нашинци.

Електронскиот попис покажа дека во секоја земја во Африка живее барем еден Македонец.

Над 200 македонски државјани живеат во Африка. По држави, во Мали има 43, во Египет – 23, во Гана – 16, во Судан – 15, во Танзанија – 6, во Нигер – 2. Двајца Македонци живеат во Либиска Арапска Џамахирија, тројца во Јужен Судан, шестмина во Танзанија, двајца во Нигер, 16 во Палестина. Македонци има и во Северна Кореја и тоа 14. Петмина Македонци живеат во Чиле, еден на Шри Ланка, еден на Филипини, четворица во Тајван, тројца на Сејшелите.

https://plusinfo.mk/mozhe-da-sme-i-pomalku-od-1-8-milioni-e-se-otstranat-dvo-no-popishanite-e-se-prebro-at-i-nepopishanite/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 05-Dec-2021 at 17:46
Морталитетот расте, наталитетот се намалува



Дали Македонија полека изумира? За само две години негативниот природен прираст се зголемил за дури 13 пати.

ПРИРОДЕН ПРИРАСТ ВО МАКЕДОНИЈА

2019 = -601

2020 = -6.724

2021 (за првите 9 месеци) = -8.100 (13.500 живородени / 21.600 умрени)

Ако во 2019-та се регистрирани 600 починати лица повеќе од живородени деца, сега таа бројка е 8.100 само во првите 9 месеци од годинава, нотира демографот и екс-директор на Статистика, Дончо Герасимовски. Вели дека ако продолжи ваквиот тренд, за максимум три децении Македонија преку сила ќе брои еден милион жители.

„Природниот прираст и намалувањето на населението по природен пат би бил повеќе и од 10.000. Ако на годишно ниво и натаму се случува истата појава, ќе дојдеме до ситуација бројот на населението за 20-30 години да падне на вкупна бројка од еден милион население во земјава“, вели Дончо Герасимовски.

Короната го поттикнува, а „белата чума“ во најголема мера го зема данокот, потенцира Герасимовски. Вели, од 2000-та година наваму во континуитет половина од општините имаат намален наталитет. Уште поразително е што во моментов во 72 општини умираат повеќе луѓе отколку што се раѓаат.

„Една општина е со салдо нула, односно бројот на живородените и умрените е подеднаков. Тоа е општина Желино. Во однос на останатите осум кои што имаат позитивен природен прираст се воглавно општините скопскиот регион, започнувајќи од Зелениково, Студеничани, Арачиново, Чаир, Сарај..“, вели Дончо Герасимовски.

Ваквите екстремни демографски движења не се само во земјава. Герасимовски вели дека негативниот природен прираст „дивее“ и во другите екс-Ју земји, а најлоши статистики бележи Србија. Апелира состојбата да се сфати сериозно и властите да воведат стимулативни мерки за да се подобрат условите за живот на младите.

„На младото население треба да му се даде одредени привилегии во однос на студирањето. На пример, бремените жени да можат континуирано да ги вршат своите студентски активности и полагањето испити. Друго, подобри услови за купување станови за самостојно живеење, дури и со препорака да младите се одвојуваат од домаќинството и живеат самостојно“,вели Дончо Герасимовски.

Последните бројки кои ги објави Заводот за статистика се дека во јули, август и септември, споредено со истите месеци од 2020, се родиле за 3,8% помалку деца – а починале за 30,7% повеќе лица.

https://kanal5.com.mk/mortalitetot-raste-natalitetot-se-namaluva/a506291
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5360
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 05-Dec-2021 at 18:58

Малку вон темата, имаме некакви прелиминарни резултати од пописот?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14154
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 06-Dec-2021 at 12:34


Нема, утрово гледав разговор со директорот на Државниот завод за статистика. Тој вели дека крајните резултати би се знаеле во март 2022 година и дека сите информации што би протекле во меѓувреме би биле неточни, зашто уште се работело на нивно утврдување (парафразирам).

Еве го разговорот:

За сè има вторпат
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1762
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 06-Dec-2021 at 18:48
Originally posted by гитардемон


Малку вон темата, имаме некакви прелиминарни резултати од пописот?
Ова личи на авганистански избори! 6 месеца се договара резултат на "егзактното пребројување".

Мое мислење е дека резултатот од пописот е ставен во функција на преговорите со Бугарија, и добро е што е така! Кога веќе се договара резултатот, вака Македонската страна ќе добие во резултатот од пописот како компензација за попуштање на други полиња. Нормално, ако Македонската страна е паметна и свесна дека политиката е наука на возможното, а не желботека за нацисти!

Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2050
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 06-Dec-2021 at 23:21
А притоа пописот го правеа електронски со лаптопи не со тефтери...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 09-Dec-2021 at 20:15
ДЗС ги објави прелиминарните податоци и за третиот квартал за 2021 - падот на раѓањата продолжува, а пандемијата не одведе во природен (не)прираст од над -10.000.

Според прелиминарните податоци, во првите 9 месеци од 2021 има 13.565 раѓања, што е за 2,61% помалку од истиот период лани. Со ова темпо, годинава Македонија ќе има околу 18.500 родени.

Во Источниот регион има раст од 3,18%, додека во останатите има пад - во Североисточниот 1,08%, Вардарски 1,11%, Пелагониски 1,19%, Скопски 1,62%, Полошки 4,20%, Југоисточен 6,17% и Југозападен 8,73%. Најголем раст има во општините Зрновци (100%), Вевчани (77,78%) и Дебарца (47,06%), а пад во Ранковце и Маврово и Ростуше (двете по 33,33%) и Врапчиште (28,57%). Од метро регионите, најдобро стојат Виница (+34,78%), Пробиштип (+29,23%) и Пехчево (+18,18%), а најлошо Крушево (-24,32%), Берово (-22,03%) и Крива Паланка (-21,93%).

Во првите 3 тримесечија починале 21,630 луѓе, што е за 38.8% повеќе од истиот период лани. Во Скопскиот регион зголемувањето е за 51.25%, Југоисточен 49.13%, Полошки 42.38%, Вардарски 38.21%, Североисточен 33,97%, Источен 29,75%, Југозападен 27,59% и Пелагониски 23,96%. Најголем раст на починати има во о. Ново Село (128,26%), Сопиште (125,93%) и Чаир (122,51%), а единствени со пад се Конче (9,09%), Струга (4,52%) и Ресен (2,69%). Од градските региони, Кичево има раст од 79,64%, Валандово 68,60% и Струмица 57,04%, додека Струга има пад од 3,94%, Ресен 2,69% и Пробиштип раст од 5,38%.

Имајќи предвид дека во 4 квартал лани имавме околу 9,5к починати, а прелиминарните податоци ја потценија конечната бројка за околу 2,5%, не е невозможно годинава да надминеме 30.000 починати - со тоа што, за среќа, четвртово тромесечие е помирно од четвртото лани па веројатноста за тоа не е многу голема.

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 12-Dec-2021 at 15:01
ДВОЈНО ПОВЕЌЕ УМРЕНИ ОД РОДЕНИ ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН, ВЕЛИ СТАТИСТИКАТА ЗА 2020

Во Пелагонискиот Регион во 2020 имало двојно повеќе умрени од родени лица. Ова се дел до крајно загрижувачките податоци што ги објави Заводот за статистика поврзани со демографските состојби, во публикацијата „Регионите во Република Северна Македонија“. Пелагонискиот Регион, кој опфајќа девет општини, меѓу кои и Битола и Прилеп кои се вбројуваат меѓу најголемите во земјава, е прв по број на умрени според податоците до 30 јуни 2020 година, а по новородени бебиња втор од назад од осумте регионални целини.

Тоа е показател дека овој во регион, иако е главен снабдувач со храна и електрична енергија во земјава, никако да запре процесот на иселување на населението, а со тоа последователно на страеење.

Според објавените податоци, бројот на умрени на илјада жители е највисок во Пелагонискиот Регион и изнесува 16,6, а зад него се сите останати седум региони Вардарски, Источен, Југозападен, Југоисточен, Скопски, Полошки и Североисточен. Двојно помал е бројот на родени бебиња од умрени лица, на илјада жители изнесува 7,9. Помалку бебиња има само Источниот Регион, кој има за 52.000 жители помалку од Пелагонискиот.

Битолчани со години алармираат на депопулацијата на населението.

„Не се случило досега во Битола да има празен дуќан на Широк Сокак. Во изминатите две години на дел од дуќаните стојат плакати дека се изнајмува. Во чаршијата, пак, секој трет дуќан е празен. Иселувањето имаше земено таков замав, што ако не беше пандемијата со ковид-19 денес ќе имавме уште попоразителни бројки“, вели Михајло Ивановски, долгогодишен дуќанџија во Битола.

Пелагонискиот Регион е меѓу првите во земјава со висок индекс на страеење, а исто така меѓу оние до најнизок природен прираст. Заедно со Источниот Регион го заземаат првото место во Македонија по население на возраст над 65 години. Со помладо население до 14 години, Пелагонискиот Регион е шести меѓу осумте. Заедно со Источниот се двата региони со највисока просечна страост кај жителите.

Битола, која е дел од Пелагонискиот Регион, со историја како град на клавирите, културата, конзулите, серенадите, денес е со повеќе бастуни отколку колевки.Градот има печалбарска традиција, но вакви поразителни податоци, не се паметат досега.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/dvojno-poveke-umreni-od-rodeni-vo-pelagoniskiot-region-veli-statistikata-za-2020/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5360
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 12-Dec-2021 at 15:21

Празните дуќани се знак на сиромаштија, не на иселување. Во Грција во најмалите места нема да најдете празни дуќани, оти не се отепани.

А за Битола - фала ти Грујо што го исфорсира Штип и ги заборави Битола и Прилеп и ги претвори во села. Овците уште те гласаат, ако, малку им е. Не РЕК и мазут, и складиште за нуклеарен отпад за моите сограѓани, само ВМРО да е на власт.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1363
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 13-Dec-2021 at 20:14
Јас Битола ја обожавам како град, ама колку е Грујо виновен, толку се и сите останати од 1991 наваму, бидејќи градот никој го нема поддржано. Башка што има и некоја карма со градоначалниците.

Да имавме нормална држава демографијата, но и рамномерниот регионален развој можеше да се подобро барем со реформа на државната администрација, односно дисперзија на тие 1300 министерства/агенции/заводи низ сите градови во државава.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 26-Dec-2021 at 18:10
ГИ ПРИЈАВИВМЕ ВО ПОЛИЦИЈА ГРАЃАНИТЕ КОИ ГИ ИЗБРКАА ПОПИШУВАЧИТЕ Симовски вели дека околу 300.000 иселеници не се самопопишале

Резултатите од пописот ќе покажат дека околу 300.000 иселеници надвор од Македонија имаат македонско државјанство, а не се попишале, изјави директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, во вестите на Телма.

Пописот заврши во септември годинава, а за обработка на податоците потребно е време од околу половина година.

Три месеци не се доволни за обработка и за објавување на резултатите од пописот. Во овој момент никој не ги знае резултатите. Затоа не сакам да ги коментирам шпекулациите за процентуалната застапеност на Албанците и на другите заедници. Најголемиот дел од населението е попишан, а поднесени се претставки до МВР за десетина граѓани кои одбиле да соработуваат со попишувачите. Исто така, околу 300.000 иселеници имаат македонско државјансто, а не се самопопишале – истакна Симовски.

На пописот, спроведен по речиси 20 години, беа попишани милион 833 илјади лица во земјава и 205.000 што се самопопишаа од странство.

https://plusinfo.mk/gi-pri-avivme-vo-polici-a-gra-anite-koi-gi-izbrkaa-popishuvachite-simovski-veli-deka-okolu-300-000-iselenici-ne-se-samopopishale/?fbclid=IwAR3eiJ7IpseXlagO9VFblpvTfCS1vbMPugJ7g395Hgvppp3_ytutRnt4u6Q
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 360
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 27-Dec-2021 at 10:01
Grujo za Bitolskata tragedija e malo dete. Samo da ve potsetam deka vo 90ti godini Bitolcani gi prodavaa stanovite za da stavat pari vo TAT... Ostanaa i bez pari i bez stanovi... Ako ne se lazam Kromberg i Shubert vrabotuvaat okolu 6.000 luge ili isto tolku familii direkno ziveat od edna investicja ako prosecno imaat po 3 clena toa se 18.000 luge. Mene mi e zal sto i vo vreme na Grujo Bitola bese zapostavena ama red e da se kazat rabotite kako sto se.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 462
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 27-Dec-2021 at 13:12
Значи точно си е дека 600.000 си имаат заминато од земјава, тие нит се вратиле нит ќе се вратат а најверојатно дека уште ќе си заминат.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 360
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 28-Dec-2021 at 08:47
Originally posted by JovanOdGjorche

Значи точно си е дека 600.000 си имаат заминато од земјава, тие нит се вратиле нит ќе се вратат а најверојатно дека уште ќе си заминат.


Okolu 500.000 drzavjanstva ima na gragjani koi ziveat nadvor od drzavata od koi 300.000 se zaminati vo period od poslednite 35 godini. Golem e brojot na drzavjani koi nikogas ne si zaminale tuku ednostavno se rodile vo stranstvo a imaat Makedonsko drzavjanstvo (ovaa pojava e pocesta kaj malcinstvata). Isto taka osobeno kaj Makedoncite ima ogromen broj na taka narecena dijaspora koja nema drzavjanstvo i ne e rodena vo Makedonija no ima redovni kontakti so rodnini vo drzava i cesto doagaat na odmor ili poseta. Bi rekol bezmalku 1M luge se svesni za svoeto poteklo od Makedonija iako samo polovinata imaa drzavjanstvo.

Suma summaru vo poslednite 35 godini vo prosek se iseluvale po 10.000 gragjani godisno, iako realnata brojka vo poslednite godini 10-15 e napumpana za politicki celi bidejki najmasovnite iseluvanja se voperiodot 85-95. Pomasovno iseluvanje e zabelezano i vo poslednite 3 predpandemiski godini. Faktot sto vo poslednite 20 godini izmegu dvata popisa falat preku 250.000 gragani vo drzavata ne se opisuva samo so iseluvanje tuku i so nerealniot popis od 2002 kade preku 100.000 popisani se nerezidenti (Ima od site etnikumi).
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 02-Jan-2022 at 15:04
Балканот десеткуван од масовната емиграција – репортажа на Франс Прес

Франција– Со своите напуштени продавници и речиси напуштени улици, малиот град Валандово е како многу градови во Северна Македонија кои младите ги напуштаат во голем број со надеж дека ќе најдат подобар живот во странство, започнува репортажата на Франс Прес, пренесена во голем број на француски медиуми, како Ле Поан, Франс24, Бурсорама итн, посветена на масовната емиграција кон запад, пренесува дописникот на МИА.

-Како и другите земји на Балканот, Северна Македонија се бори со алармантен демографски пад, поттикнат од масовната емиграција и стареењето на нејзините жители.

Земјата изгуби 10% од населението во изминатите дваесет години, а сега има 1,8 милиони жители, според прелиминарните резултати од септемврискиот попис, 200.000 помалку отколку во последниот попис во 2002 година.

Триесет години по независноста на државата, околу 600.000 Македонци живеат во странство, покажуваат податоците на Светска банка и Владата во Скопје.

Според АФП, меѓу главните причини за ова иселување се слабиот економскиот раст и недостатокот на инвестиции.

-Ако околу четвртина од вашите 2,4 милиони жители си заминале, треба да бидете сериозно загрижени за тоа што се случува, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика.

Селата и малите градови, како што е Валандово лоцирано на 146 километри југоисточно од Скопје, нудат малку можности за работа, притискајќи ги амбициозните луѓе да бараат работа на друго место.

-Духот на младите е систематски уништен, а нивниот ентузијазам да се борат и да останат дома исчезна, изјави за АФП Перо Костадинов (33 години), неодамна избраниот градоначалник на Валандово.

-Пет мои соученици се веќе во странство со своите семејства, додава Бојан Николов (24 години), член на општинскиот младински совет во Валандово, град кој преживува главно од земјоделство.

„Подобро да си роб во странство“

По независноста на земјата во 1991 година, многумина се надеваа дека влезот во Европската унија ќе донесе напредок.

Но, патот на Северна Македонија кон ЕУ беше систематски блокиран, прво од Грција, а потоа, во поново време, од Бугарија, што предизвикува сомневања за можноста земјата еден ден да се приклучи на блокот 27.

За оние кои остануваат во земјава просечната месечна плата од 470 евра едвај ги задоволува основните потреби.

-Подобро да си роб за 2.000 евра во странство отколку да си дома за 300 евра, слушаме често низ земјава.

Но, Северна Македонија не е сама во оваа ситуација на Балканот, потсетува АФП.

Во Албанија, околу 1,7 милиони жители, или речиси 37 отсто од населението, ја напуштиле земјата во изминатите 30 години.

Во Србија, според проценките, стотици илјади луѓе го обновиле својот живот во странство, вклучително и 10.000 лекари, кои заминале во изминатите две децении.

„Поаѓа последниот воз“

А членството во Европската унија не гарантира враќање на овој демографски тренд, нагласува АФП и го дава примерот со Хрватска.

Од влезот во ЕУ во 2013 година, населението на Хрватска се намали за речиси 10 отсто и моментално едвај надминува четири милиони, според првите резултати од пописот во 2021 година.

Според процените на ОН, до крајот на векот Хрватска би можела да има едвај 2,5 милиони жители.

Во декември, Загреб го претстави планот за охрабрување на своите граѓани кои живеат во ЕУ да се вратат во земјата, нудејќи им до 26.000 евра за да им помогне да започнат бизнис.

Но, за некои региони, можеби е веќе предоцна, констатира репортерот на АФП.

Во централна и источна Хрватска, особено погодена од војната во 1990-тите, емиграцијата беше особено масовна.

Во Пожега (исток) и неговата околина, написите „за продажба“ се присутни се повеќе и повеќе.

Според официјалните податоци, повеќе од 16 отсто од 80.000 луѓе кои го населуваат овој регион го напуштиле во изминатата деценија.

-Во мојата улица третина од куќите се празни, а втора третина ќе биде празна за десет години“, се жали Игор Чанчар (39 години) од селото Брестовац.

Меѓу нив и неговата сестра која со сопругот и двете деца заминала во Австрија и повеќето негови блиски пријатели.

-Ако сакаме младите да останат, мора да им помогнеме да изградат куќа, да им обезбедиме градинки, вели Игор Чанчар.

-Последниот воз тргнува, а ние не правиме ништо освен да останеме на перонот и мавнуваме за збогум, заклучува тој зборови со кои завршува репортажата на АФП за демографскиот егзодус на Балканот.

https://nezavisen.mk/balkanot-desetkuvan-od-masovnata-emigracija-reportazha-na-frans-pres/
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4009
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 02-Jan-2022 at 23:12
1. Здраството е катастрофа, се умира со дијагноза, што во другите држави е обична а кај нас немаат врска освен по приватни болници a la жан митрев, по 1000 евра дневно а ти ќе си работиш за 200 евра месечно.
2. ,,Пријателството,, насекаде, не важи ниту закон ниту ништо.
3. Корупција без крај
4. Судството 0%, ако имаш пари ќе си победиш ако не тогаш секско дека ќе изгубиш.
5. Никаков стандарт на храна, матриали, струја итн.
6. Работно место само со партиска книшка или ептен ,,приател,, колку си знаеш не им интересира никому.
7. 0 Шанца за кариера ако родителите не ти се познати или ако немаш пари.
8. Социалната сигурност не е никаде, цени растат нон стоп, плата се помалку помош тешко.
И 1000 причини зошто да се бега од Македонија.
Кој живее во странство ќе си види дека меѓу другите западни држави и Македонија има голема диференца за се. Ја сакам Македонија ама никако таму пак да си живеам!

Edited by my Macedonia - 02-Jan-2022 at 23:14
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1762
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 03-Jan-2022 at 20:26
Таквите како тебе најмалку имаат право да зборуваат за состојбите во државава. Пак да дојдеш на следните избори со чартер, да гласаш за паравојска убацена во институциите како гласачка машинерија, и да си отидеш назад во Швајцарија. Ама ако, уствари не си ти крив уопште, вмро е криво што се понаша како руски играч во сред западен свет, па за жал мора да се дозволува тоа што го правите и ти и сите како тебе за да може колку толку да се држи на исправен курс према запад.

Edited by user8642 - 03-Jan-2022 at 20:27
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 22>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.