build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Демографија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1920212223 24>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Graditelot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 77
  Quote Graditelot Quote  Post ReplyReply #401 Posted: 02-Apr-2022 at 06:09
Скопје толку. Нема да има повеќе раст на населението. Го достигна максимумот.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #402 Posted: 02-Apr-2022 at 07:24
Originally posted by ehrlich

Не може да ме убедуваш дека фалинката наречена „лица без податоци“ говори за успешност на пописот. Јас пописот го прифаќам и сум попишан првиот ден и не го спорам како операција, ниту ме интересираат партии, но не можеш да ме убедиш дека ако во држава како Македонија каде од мајчиниот јазик зависат основање на паралелки, од етничките припадности зависат работни места, имаш над 7% лица за кои самоиницијативно си ги внел во вкупниот број, а не си ги внел во другите категории кои се важни за самата држава, да викаш дека тоа е успешен попис.

Некој ти го бојкотирал пописот и реално успеал во тоа, 7% од целокупното резидентно население е голема бројка и со тоа е нарушено се во држава која зависи од проценти по сите основи.

И на пописот во 1991 година имало бојкот од Албанците, па ДЗС тогаш не земал матични евиденции, туку пишал дека „дел од населението го бојкотирал пописот“.

Фалинката „лица без податоци“, па уште разводнета дека не била поради бојкот, туку дека луѓето биле на одмор или биле земјоделци се смешка само по себе.

За религиозната определба да не зборувам воопшто.

Пописот е ок само од една работа, а тоа е дека нуди можност за вкупното население и тоа ќе беше ок, да бевме држава во која не постојат уставни и законски квоти за останатото.


Многу точно, од А до Ш.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 722
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #403 Posted: 02-Apr-2022 at 07:50
Mislev deka ke ima pomalku žiteli, 1,8 miliioni e ušte i dobra brojka.
Tie što bojkotiraa se nadevam deka sse svesni deka pogrešija.
MOžebi podatocite ne se 100% točni no okvorno i rubo toa e toa. Sledniot valjda ke bide podobar
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #404 Posted: 02-Apr-2022 at 14:48
АЛБАНЦИТЕ БЕГААТ ОД КОСОВО: За 4 месеци поднесени 200.000 барања за виза

Во последните четири месеци на германската амбасада во Приштина и се предадени речиси 200.000 барања за визи за заминување во таа земја.

Според досегашната практика, германската амбасада издава нешто повеќе од 5.000 дозволи годишно.

„11 отсто од населението на Косово“ аплицирале за германска виза од почетокот на декември минатата година, јавуваат приштинските медиуми на албански јазик.

„Од почетокот на декември до крајот на март, во амбасадата на оваа земја во Приштина пристигнале 199.783 барања за виза. Овој месец до таа амбасада се поднесени 48.044 барања. Во февруари имало околу 2.000 помалку“, пишуваат медиумите.

Германската мисија во Приштина, сепак, нуди само 500 до 800 состаноци месечно – вкупно 5.500 визи годишно.

Пред неколку години, германските власти воведоа привилегиран пристап за работниците од Балканот, со што Албанците од Косово и Метохија Германија стана целна дестинација.

Колку барања се поднесени до амбасадите на другите земји

Неспоредливо помал е бројот на барања за визи во амбасадите на другите западни земји во Приштина.

Швајцарската амбасада, од ноември минатата до јануари годинава, примила вкупно 8.737 барања за виза.

Хрватската амбасада во периодот од ноември до март примила 1.944 барања.

Во Приштина посочуваат дека интензитетот на поднесување барања за виза до германската амбасада е постојано висок и дека тоа би значело, доколку продолжи трендот, дека за само една година третина од населението сака да го напушти Косово и Метохија.

Социолозите предупредуваат дека е вознемирувачка тенденцијата за заминување, а како главни фактори ги посочуваат економските и образовните фактори.

https://vecer.mk/balkan/albancite-begaat-od-kosovo-za-4-meseci-podneseni-200-000-baranja-za-viza/
Carpe diem
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #405 Posted: 02-Apr-2022 at 19:28
По региони:
Скопски 578,144 | 607,007 (+4.99%)
Полошки 304,125 | 251,552 (-17.29%)
Пелагониски 238,136 | 210,431 (-11.63%)
Југозападен 221,546 | 177,398 (-19.93%)
Североисточен 172,787 | 152,982 (-11.46%)
Источен 181,858 | 150,234 (-17.29%)
Југоисточен 171,416 | 148,387 (-13.43%)
Вардарски 154,535 | 138,722 (-10.23%)



Edited by Staro Skopje - 02-Apr-2022 at 19:33
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #406 Posted: 04-Apr-2022 at 19:38
Мало изненадување е и Центар и Чаир шо се у минус...
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #407 Posted: 04-Apr-2022 at 20:01
Originally posted by Staro Skopje

Мало изненадување е и Центар и Чаир шо се у минус...
Демографски Чаир воопшто не е изненадување. Изненадувањето е дека тоа поминало политички.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #408 Posted: 04-Apr-2022 at 20:24
Природниот прираст 2002-2021 е +47,317, од кои +64,878 2002-2018 и -17,561 2019-2021. Ако ја исклучиме 2002 (попис ноември) и ги броиме само првите три квартали од 2021 (попис септември), тогаш прирастот е +43,296. Разликата помеѓу очекуваното население од природниот прираст е 229,130, па може да се заклучи дека толку лица се отселиле изминативе 19 години - во просек 12,000 годишно.

Од 2019 сме со негативен природен прираст од 600 (сериозно зголемен во 2020, 2021 и веројатно 2022 поради КОВИД), кој од догодина веројатно ќе се движи околу 1,000-2,000. Согласно овие податоци може да се очекува дека на следниот попис ќе сме околу 1,7 милиони.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #409 Posted: 04-Apr-2022 at 21:17
Originally posted by Staro Skopje

Природниот прираст 2002-2021 е +47,317, од кои +64,878 2002-2018 и -17,561 2019-2021. Ако ја исклучиме 2002 (попис ноември) и ги броиме само првите три квартали од 2021 (попис септември), тогаш прирастот е +43,296. Разликата помеѓу очекуваното население од природниот прираст е 229,130, па може да се заклучи дека толку лица се отселиле изминативе 19 години - во просек 12,000 годишно.
Од 2019 сме со негативен природен прираст од 600 (сериозно зголемен во 2020, 2021 и веројатно 2022 поради КОВИД), кој од догодина веројатно ќе се движи околу 1,000-2,000. Согласно овие податоци може да се очекува дека на следниот попис ќе сме околу 1,7 милиони.

Освен ако не се случи некој економски бум.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #410 Posted: 05-Apr-2022 at 16:44
Економски бум LOLLOL Ако влеземе во ЕУ за 10 години ништо чудно првите години и по 20к луѓе да се евакуираат.

Ако не се преземат сериозни чекори, и за намалување на негативниот демографски тренд, и за преструктуирање на државата за подобро да го преброди ќе имаме многу проблеми за 30-40 години.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #411 Posted: 05-Apr-2022 at 17:16
Анализа на Канал 5: Над 150 000 млади луѓе се иселиле од Македонија во последните две децении

Во 2002 година имало вкупно 754,261 лице на возраст од 0-29 години.. Тие денес се во категоријата од 20-49 години, но нивниот број се намалил на 601,492.. Со оглед дека станува збор за млади, во кои смртноста е во промили, јасно е дека најголемиот дел од тие 152.832 лица помалку, си заминале од државата.

ПОПИС 2002

0-29 години

Вкупно: 754,261

ПОПИС 2021

20 до 49 години

Вкупно: 601,492

Разлика: -152,832

Иселувањето има драматични псоледници на демографската слика.. Па така, за разлика од 2002 кога сме имале 764.251 млади до 29 години, денес нивниот број е 638.000 или 126.171 помалку.

ПОПИС 2002

0-29 години

Вкупно: 764.251

ПОПИС 2021

0-29 години

Вкупно: 638.080

Разлика: -126.171

Од младинските организации,причините за масовното иселување на младите првично ги лоцираат во можноста за подобар живот и работно место, но влијание има и самиот општествен систем. Велат потребно е државна стратегија на долг рок за зголемување на младинскиот стандард.

За разлика од состојбата со младите, порадтоците се позитивни кај возрасната група над 60 години... Ако во 2002 година имало 303.000 и биле 15 проценит од населението, денес се над 440.000 луѓе или скоро четвртина од жителите во земјава.

https://kanal5.com.mk/analiza-na-kanal-5-nad-150-000-mladi-lugje-se-iselile-od-makedonija-vo-poslednite-dve-decenii/a524197
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15018
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #412 Posted: 06-Apr-2022 at 10:40
Малку подолг текст...

БРОЈОТ НА ЖИТЕЛИ СЕ НАМАЛУВА, А РАСТЕ БРОЈОТ НА СТАНОВИ Третина од вкупното население живее во Скопје

Скопскиот регион е единствен од сите осум статистички региони во државата каде во последните 20 години има раст на бројот на жители, домаќинства и станови. Во него живеат 33,04 проценти од вкупното резидентно население во земјава и е најгусто населен со 334,99 жители на километар квадратен.

Вардарскиот регион е единствен каде што има намалување и на населението, но и на домаќинствата и становите. Има загубено 10,23 проценти од населението и е најретко населен регион со 34,3 жители на метар квадратен.

Процентуално најголем пад во бројот на население имаат Југозападниот регион – 19,93% и Источниот регион – 17,39%. Интересно е дека, иако бројот на жители во последните 20 години и во двата статистички региони е намален, бројот на станови бележи раст од 26,09% и 14,32%.

Полошкиот регион, иако за 20 години има загубено најголем број на население во апсолутни бројки – 52 573, е втор најгусто населен регион со 104,1 жител на квадратен километар.

Пелагонискиот регион, кој територијално е најголем од сите статистички региони, за 20 години загубил 11,63 проценти или по 5,8 жители на квадратен километар и е трет по вкупниот број на жители со 210 431.

Југоисточниот регион за 20 години има загубено 13,43 проценти од жителите, додека Североисточниот регион 11,46 проценти или по 8,4 и по 8,5 жители на квадратен километар.

Според податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 – вкупното резидентно население во земјава изнесува 1 836 713 лица.

Скопски регион

Во Скопскиот регион живеат најголем број жители – 607.007 или 33,04 проценти од вкупното резидентно население, иако е најмал по површина и опфаќа само 1.812 квадратни километри или 7,3 отсто од територијата на државата. Ова е и најгусто населен регион со 334,99 жители на квадратен километар.

Ова е единствен од сите осум региони каде е зголемен бројот на жители за 28 863, што е по 15,9 жители на квадратен километар или 4,99 проценти во однос на 2002 година. И во 2002 година регионот бил на прво место по бројот на жители со 28,51 отсто од вкупното население.

Во последните 20 години, заедно со растот на населението, има и раст на домаќинствата – 29 204 или 15,14% и раст на становите – 54 858 или 22,55%.

Процентуално најголем раст имаат Студеничани – 27,39%, Шуто Оризари – 23,68%, Сопиште – 18,69% и Петровец – 10,84%, а потоа следат Илинден – 9,70%, Арачиново – 9,30%, Сарај – 8,45%, Чучер-Сандево – 8,32%, Кисела Вода – 8,26%, Аеродром – 7,95%, Ѓорче Петров – 7,71%, Карпош – 6,86% и Бутел – 1,60%.

Во апсолутни бројки најголем раст има Аеродром – 5 726, што е по 262 жители на метар квадратен. Истовремено, бројот на домаќинства е зголемен за 6 400 или 22,94 %, а бројот на станови за 11 583 или 32,78%.

Пад на населението имаат Зелениково – 17,67%, Гази Баба – 4,12%, Чаир – 3,45% и Центар – 3,24%.

Интересно е што Гази Баба и Центар, иако загубиле по 2 991 и 2 237 жители, во последните 20 години го зголемиле бројот на домаќинства и станови. Во Гази Баба бројот на домаќинства е зголемен за 2 173 или 9,65%, а на станови за 3 738 или 14,05%, додека во Центар бројот на домаќинства е зголемен за 1 712 или 10,04%, а на станови 8 217 или 30,37%.

Вардарски регион

Во Вардарскиот регион живеат 138.722 луѓе или 7,55 проценти од вкупното резидентно население, а се простира на 4 042 километри квадратни или 16,2 проценти од територијата на државата. Ова е најслабо населен регион, иако е втор по територија. Со густина од 34,3 жители на метар квадратен е најретко населен од сите статистички региони во земјава.

Во споредба со 2002 година, регионот има загубено 10,23 проценти од населението, што е по 3,9 жители на метар квадратен или 15 813 жители. И во 2002 година регионот бил на последното осмо место со 7,64 отсто од вкупното население.

Раст на населението има само во Чашка – 269 жители, што е 3,51%, додека во сите останати има пад на бројот на население и тоа – Лозово – 20,78%, Свети Николе – 17,18%, Демир Капија – 16,9%, Градско – 14,02%, Велес – 12,06%, Росоман – 8,33%, Кавадарци – 7,76% и Неготино – 5,30%.

Во апсолутни бројки најмногу жители во последните 20 години има загубено Велес – 6 645, што е по 14,54 жители на метар квадратен или 12,06% од населението. Во исто време и бројот на домаќинства е намален за 393 или 2,37%, а бројот на станови за 2 087 или 11,2%.

Кавадарци за 20 години има загубено 3 008 жители, што е по тројца жители на километар квадратен или 7,76%, додека бројот на домаќинства бележи раст од 2,82%, а бројот на станови пад од 9,43%.

Ова е единствениот регион каде во последните 20 години има намалување на населението – 10,23%, домаќинствата – 1,45% и становите – 3,83%.

Источен регион

Источниот регион се протега на 3 537 квадратни километри и зафаќа 14,2 проценти од вкупната територијата на државата и е трет по големина, додека со 150 234 жители или 8,17 проценти од вкупното резидентно население е на шесто место по бројот на население. Според густината на населеност е на претпоследно место со 42,47 жители на квадратен километар.

Во споредба со 2002 година регионот има загубено 31 624 жители, што е по 8,94 жители на километар квадратен или 17,39 проценти од населението. Во 2002 година регионот бил на петто место со 8,99 отсто од населението.

Пад на населението има во сите 11 општини. Процентуално најмногу во Зрновци – 36,09%, Пехчево – 27,8%, Виница – 27,4%, Чешиново-Облешево – 26,96%, Делчево – 22,39%, Берово – 21,89%, Македонска Каменица – 20,60%, Пробиштип – 17,14%, Кочани – 17,04%, Карбинци – 14,76% и Штип – 6,13%.

Во апсолутни бројки најмногу жители во последните 20 години имаат загубено Кочани – 6 490 и Виница 5 463.

Интересно е дека иако Кочани има загубено по 18 жители на квадратен километар, бројот на домаќинства е зголемен за 0,21%, а на станови за 21,61%.

Виница во истиот период има загубено по 12,62 жители на километар квадратен, бројот на домаќинства е намален за 24,60%, а на станови е зголемен за 9,01%.

Штип за 20 години има загубено 2930 жители, додека бројот на домаќинства е зголемен 1 630 или 9,76%, а на станови за 4 320 или 19,21%.

Бројот на жители во регионот во последните години е намален за 31 626, исто како и бројката на домаќинства – 2 115 или минус 3,79 проценти. Сепак, во истиот период бројот на станови е зголемен за 12 076 или 14,32%.

Југозападен регион

Југозападниот регион се протега на 3 340 квадратни километри и зафаќа 13,4 проценти од вкупната територија. Во него живеат 177 398 луѓе или 9,65 проценти од вкупното резидентно население. Се наоѓа на четврто место и по територија и по бројот на население. Со 53,1 жител на квадратен километар е на петто место според густината на населението.

Во споредба со 2002 година регионот има загубено 44 153 жители, што е по 13,2 жители на квадратен километар или 19,93 проценти. Во 2002 регионот бил на четврто место со 10,95 отсто од населението.

Пад на населението има во сите девет општини. Процентуално најголем пад има во Центар Жупа – 42,94% и Дебрца – 32,47% , додека во апсолутни бројки во Кичево кој за 20 години има загубено 17 070 жители или 30,09%.

Интересно е дека, иако за 20 години во Кичево бројот на население е намален за 30,09 %, бројот на домаќинства е зголемен за 39,58%, а бројот на станови за 58,59%. (з.а. со територијалната прераспределба од 2013 година кон општина Кичево се приклучија и општините Зајас, Другово, Вранештица и Осломеј.)

Охрид за 20 години има загубено 4 321 жител или по 11,08 жители на километар квадратен, но во исто време, бројот на домаќинства е зголемен за 12,83%, а на станови за 15,52%.

Ист е случајот и со Струга, која има загубено 12 396 жители или по 25,6 жители на километар квадратен, додека бројот на домаќинства е зголемен за 0,83%, а на станови за 16,91%.

За 20 години Дебар има пад на населението од 21,13%, Струга – 19,56%, Македонски Брод – 17,53%, Охрид – 7,75%, Пласница – 7,11% и најмалку во Вевчани – 3,04%.

Додека бројот на жители во регионот за 20 години е намален за 19,93 проценти, во исто време, бројот на домаќинства е зголемен за 12,53% и на станови за 26,09% .

Југоисточен регион

Југоисточниот регион се протега на 2 739 квадратни километри или 10,9 проценти од територијата на државата, а во него живеат 148 387 луѓе или 8,07 отсто од вкупното резидентно население. Тој е петти по територија, а се наоѓа на претпоследно, седмо место по бројот на население. Со 54,1 жител на квадратен километар е на четврто место по густина на население.

Во споредба со 2002 година регионот има загубено 23 029 жители, што е по 8,4 жители на квадратен километар или 13,43 проценти. Во 2002 регионот, исто така, бил на седмо место со 8,47 отсто од вкупното население во државата.

Пад на населението има во сите десет општини. Најмногу во Ново Село – 39,73%, Конче – 22,94%, Босилово – 19,30%, Богданци – 15,71%, Радовиш – 14,59%, Василево – 12,95%, Валандово – 11,62%, Дојран – 9,98%, Струмица – 8,56% и Гевгелија – 6,12%.

Во апсолутни бројки, најмногу жители за 20 години има загубено Струмица – 4 681 или по 14,5 жители на квадратен километар. Додека населението се намалувало, бројот на домаќинства за 20 години е зголемен за 8,64 проценти, а бројот на станови за 24,97 проценти.

Ново Село за 20 години има загубено 4 595 жители и 332 домаќинства, но сепак бројот на станови е зголемен за 2 100 или 33,56%. Тоа значи дека во регионот, иако процентуално најмногу се иселувале од Ново Село – 39,73%, тука и се градело најмногу – раст од 33,56%.

За 20 години, иако бројот на жители во регионот е намален, бројот на домаќинства има раст од 5,39%, а бројот на станови за 20,23%.

Пелагониски регион

Пелагонискиот регион е најголем територијално и опфаќа 4 717 квадратни километри или 18,9 проценти од површината на државата. Во него живеат 210 431 жител или 11,45 проценти од вкупното резидентно население. Тој е трет по бројот на население, а со 44,6 жители на квадратен километар, е на шесто место по густина на население.

Во споредба со 2002 година регионот има загубено 27 705 жители, што е 11,63 проценти или по 5,8 жители на квадратен километар. Во 2002 регионот, исто така, бил на трето место со 11,77 отсто од вкупното население.

Пад на населението има во сите девет општини во регионот. Процентуално најмногу во Новаци – 25,39% и Демир Хисар – 23,55%, но во апсолутни бројки од двата најголеми градови во регионот Битола и Прилеп, кои за 20 години имаат загубено по 10 и седум илјади жители или по 10 проценти од населението.

Битола за 20 години има загубено 10 221 жител, што е 10,72% или по 12,9 жители на квадратен километар. Интересно е што и додека бројот на жители се намалува, бројот на домаќинства има раст од 4,02%, а бројот на станови за 14,86%.

Прилеп, споредно со 2002 година има загубено 7 743 жители, што е 10,09% или по 6,48 жители на метар квадратен. Исто како и Битола, додека бројот на население се намалува, бројот на домаќинства бележи раст од 0,85%, а на станови за 10,30%.

Могила има пад од 21,27%, Кривогаштани – 15,98%, Ресен – 14,57%, Крушево – 13,41% и Долнени, каде има најмал пад на населението – 3,26%.

Додека регионот за 20 години има загубено 11,63 проценти од населението, бројот на домаќинства е зголемен за 1 494 или 2,06%, а бројот на станови за 16 164 или 15,02 проценти.

Полошки регион

Полошкиот регион се простира на 2 416 квадратни километри или 9,7 проценти од вкупната територија на државата и во него живеат 251 552 луѓе или 13.69 проценти од вкупното резидентно население во државата. Тој е втор по број на жители, а шести по територија. Со 104,1 жител на квадратен километар, е втор по густина на население.

Во споредба со 2002 година регионот има загубено 52 573 жители, што е 17,29 проценти или во просек по 21,7 жители на квадратен километар. Во 2002 регионот, исто така, бил на второ место со 15,03 отсто од вкупното население.

Процентуално најголем пад во бројот на населението за 20 години има во Маврово и Ростуше – 41,49%, но најмногу во апсолутни бројки има во Гостивар – 21 272 жители, што е пад од 26,25 % или по 41,4 жители на квадратен километар.

Намалување на населението има и во останатите седум општини во овој регион и тоа Желино – 22,15%, Врапчиште – 21,88%, Теарце – 21,20%, Боговиње – 21,01%, Јегуновце – 17,56%, Брвеница – 13,94% и Тетово – 2,09%.

Интересно е што Гостивар, кој за 20 години иако има загубено 21 272 жители, во исто време бележи раст на бројот на домаќинства за 1 963 или 9,79%, а бројот на станови за 7 606 или 27,22 проценти, што значи дека во регионот иако од Гостивар најмногу се иселувале, таму и најмногу се градело.

Најголем број од населението во регионот живеат во Тетово – 84 770. Тетово има најмал пад на населението во регионот од 2,09%, додека бројот на домаќинства бележи раст од 15,74%, а на станови за 25,11%.

И додека за 20 години бројот на жители во регионот е намален за 17,29%, вкупниот број на домаќинства е зголемен за 4,5 проценти, а бројот на станови за 21,96 отсто.

Североисточен регион

Североисточниот регион е еден од најмалите со 2 310 километри квадратни и опфаќа 9,3 проценти од вкупната територија на државата. Во него живеат 152 982 жители или 8,54 проценти од вкупното резидентно население. Според бројот на населението е петти по големина, а седми по територија. Со 66,2 луѓе на квадратен километар е трет по густина на население.

Во споредба со 2002 година регионот има загубено 19 805 жители или 11,46 проценти. Во 2002 регионот, бил на шесто место со 8,54 отсто од населението и густина од 74,7 луѓе на квадратен километар.

За 20 години регионот има загубено по 8,5 жители на квадратен километар. Намалување на населението има во сите шест општини.

Процентуално најголем пад има во Кратово – 27,74% и Старо Нагоричане – 27,67%, потоа е Липково – 17,55%, Ранковце – 16,39% и Крива Паланка – 13,26%.

Најмал пад на населението има во Куманово, каде живеат две третини од вкупното население во регионот – 98 104. Тоа е пад од 7 % во однос на бројот на жители во 2002 година или по 14,5 жители на квадратен километар.

Интересно е што, наспроти намалувањето на вкупниот број на резидентно население, бројот на домаќинства бележи раст од 8,1 проценти во однос на 2002 година, исто како и бројот на станови, кој што има раст од 12,27 проценти.

Куманово за 20 години има загубено 7 380 жители, но бројот на домаќинства се зголемил за 2 466, а на станови за 4 679.

Додека бројот на жители за 20 години е намален, бројот на домаќинства во регионот е зголемен за 4,35 проценти, а бројот на станови за 13,26 отсто.

https://plusinfo.mk/bro-ot-na-zhiteli-se-namaluva-a-raste-bro-ot-na-stanovi-tretina-od-vkupnoto-naselenie-zhivee-vo-skop-e/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #413 Posted: 06-Apr-2022 at 14:25
од твитер

Carpe diem
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #414 Posted: 06-Apr-2022 at 15:26
Дека сме дно дна во здрав живот и здрава исхрана е непобитен факт, но гледајќи ги нашите статистичари, се прашувам да не можеби и очекуваните бројки биле целосно погрешени?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #415 Posted: 06-Apr-2022 at 15:41
Очекуваниот број умрени се пресметува од просекот од 5-те предпандемиски, а од 2015 до 2019 бројот е околу 20,4к (освен 2018 кога имало 19,7к), па нема што да се згреши. Може да се прават и подетаљни анализи кои ќе го факторираат и стареењето на населението, а со тоа и зголемување на очекуваниот број, но за 2 години состојбата не е многу сменета и тоа би било непотребно.

Друг параметар е вишок умрени на милион жители, и тука сме втори.

Грција, несомнено, најдобро се справи со КОВИД на Балканов. На дното во светот, и по смртност, и по вакцинација (со исклучок на многу сиромашни држави), се екс-комунистичките земји. Веројатно причината е отстранета одговорност за време на комунизмот, кога „од горе“ одлучувале се, помешана со нарушена доверба во „од горе“ (државата) и општеството во транзицијата. Економските и општествените штети од тој систем се неверојатни.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #416 Posted: 06-Apr-2022 at 17:34
Originally posted by Staro Skopje

Економските и општествените штети од тој систем се неверојатни.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #417 Posted: 06-Apr-2022 at 21:38
Комунистичкото функционирање на општеството заедно со локалниот менталитет е причина за голем број од нашите проблеми денес. Македонија после векови неразвиено селанство под туѓа власт, нагло се формираше како функционална држава во комунистичка федерација. Во едно такво top-down уредување одговорноста и личната иницијатива беше сведена на минимум, и за се одлучуваа луѓето од горе. Поединецот не мора да се грижи за ништо, зашто се е веќе одредено; претпријатијата не мора да се грижат за ништо зашто државата си ја нацртала економијата; државата за ништо зашто федералните органи се тука. Згора на тоа Македонија била слабо развиена и СР, ХР и СИ биле главни за поважните прашања. Тоа општество се распадна за неколку месеци, па Македонија, без да има доволно време да изгради и создаде традиција на развиени институции, и за време на полувековниот комунизам, и за време на брзиот му распад, се најде сама во крајно неповолна надворешнополитичка ситуација и многу тешко се снајде. Со тоа и бенефитите и отсуството на штети кои ги имавме како дел од полиберално комунистичко општество споредбено со другите транзициски се поништија.

Всушност тој начин на размислување ни е главна тема веќе 20 години - само чекаме ЕУ да не викне на преговори, небаре тие се некои мистериозни случувања кои ги има само во бриселските сали, а не јасно дефиниран сет на прописи кои можеме и самите да ги примениме, па кога конечно ќе почнеме преговори истите да бидат само кратка формалност. Да го сторевме тоа и поголеми ќе ни беа шансите да почнеме преговори.

Не помага и менталитетот - доволно е да се видат низа народни поговорки.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #418 Posted: 16-Apr-2022 at 17:03
Корекции на податоци согласно резултатите од пописот:

Официјални податоци пресметани од попис 2002 и натамошни проценки | Податоци пресметани од попис 2021

БДП (ППК) пгж $16,253 | $18,414
БДП (номинален) пгж $6,143 | $6,742
Густина 80.1/km2 | 71.4/km2
ВСФ 1.31 | 1.69
Ранк по население 146 | 147
Излезност на ЛИ 2021*: 49% | 61%


*избирачки список. Реалната излезност е малку помала од 61% поради иселеници кои гласале тука.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #419 Posted: 17-Apr-2022 at 11:42

As of January 1, 2022, 2.793.592 live in Albania, compared to 2.829.741 on January 1, 2021. (...) Furthermore, the report found that 42,048 Albanians had emigrated in 2021 (...)

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #420 Posted: 30-Apr-2022 at 09:16
Јануари:
Родени 1,093 (+17.4%)
Умрени 2,228 (+3.7%)

Февруари
Родени 1,359 (-6.9%)
Умрени 3,037 (+42.4%)
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1920212223 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.174 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.