build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Демографија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 21222324>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 876
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #441 Posted: 03-Jul-2022 at 01:23
Има ли некој линк со детални резултати од пописот по населени места? Во смисла број на жители по село или град, не по општина.
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 457
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #442 Posted: 03-Jul-2022 at 14:34
Originally posted by hcitrS

Има ли некој линк со детални резултати од пописот по населени места? Во смисла број на жители по село или град, не по општина.


Уште не се објавени такви податоци. Сега засега има по општини само.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20190
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #443 Posted: 27-Sep-2022 at 14:15
РАБОТА ИМА, НО 93 ОТСТО ОД НЕВРАБОТЕНИТЕ СЕ ФУНКЦИОНАЛНО НЕПИСМЕНИ, ВЕЛИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ БИТИЌИ

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека поради масовното иселување од земјата се појавува празнина на пазарот на трудот и тоа е проблем на целото општество. Тој вели дека има доволно барање за работна сила, но најголем дел од невработените се функционално неписмени, односно нивните вештини не одговараат на потребите на пазарот на трудот.

„Од 2011 до 2019 година од нашата држава се иселиле 700.000 наши сограѓани или скоро секој четврт си отишол од државата. Иако тој тренд се намалил во периодот на ковид и понатаму, за жал тоа претставува сериозен проблем не само за носителите на јавни функции и за креаторите на политики, туку и за целото општество, бидејќи се појавува една празнина на пазарот на трудот. Најверојатно во креирањето на политики како општество ќе мораме да отвориме една дискусија за пополнување на пазарот на трудот, за однесување малку различно од нашето однесување досега. Ако видите дека во Агенцијата за вработување процентот на невработени е навистина сè уште висок, но 93,4 отсто од невработените се функционално неписмени, или тоа значи дека нивните вештини не одговараат за пазарот на трудот. И конечно мислам дека е дојдено време сите да се освестиме дека мора да се менуваме и да бидеме активни чинители на пазарот на трудот, секој колку може да придонесе. Тоа значи преквалификација, менување на навики за работа, затоа што работа има, барање за работна сила има, но очигледно дека погрешните политики од претходните 30 години не дале резултат, т.е. произведувале работна сила која не одговара на пазарот на трудот“, кажа Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање по конференцијата на која беше промовиран извештајот на ОЕЦД „Човечки капитал, миграција и како да ја обликуваме иднината заедно“.

Поради празнината на пазарот на трудот, Битиќи вели дека и Македонија веќе почнува да увезува работна сила.

„Нашите одат во Германија, но и ние сме привлечни за луѓе од други земји. Платите кај нас се поконкурентни од земјите од каде што доаѓаат. Во градежништво имате сериозен број на турски граѓани, бидејќи платите во тој сектор се за негде 50 отсто повисоки од платите во Турција. Имате во ИТ-секторот од Индија и Пакистан. Увозот на работна сила е иминентен“, додаде вицепремиерот.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/rabota-ima-no-93-otsto-od-nevrabotenite-se-funktsionalno-nepismeni-veli-vitsepremierot-bitiki/
Carpe diem
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #444 Posted: 06-Oct-2022 at 19:38
Јануари-Јули 2021/2022

Родени: 10,041/9,989 (-0.52%)
Умрени: 16,307/13,715 (-15.9%)
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20190
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #445 Posted: 20-Oct-2022 at 07:20
од твитер

Carpe diem
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 732
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #446 Posted: 20-Oct-2022 at 07:55
Batalete vakva statistika, ne e ni realna i točna. Se razbira deka mnogu mladi sakaat da emigriraat, ama prašanje kolku navistina ke go napravat toa
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 568
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #447 Posted: 20-Oct-2022 at 20:53
Originally posted by nenad

Batalete vakva statistika, ne e ni realna i točna. Se razbira deka mnogu mladi sakaat da emigriraat, ama prašanje kolku navistina ke go napravat toa


Да, еве јас да имав бугарски пасош(јбг), одамна немаше да бидам тука, вака е малку потешко.

Edited by FT - 20-Oct-2022 at 20:54
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #448 Posted: 08-Jan-2023 at 21:11
Градови во Македонија по население во 2021 споредено со 2002 (можни се апсорпции и одделувања на приградски села, кои тука не се земени предвид):

Скопје 526,502 (+3.86%)

Куманово 75,051 (+5.94%)
Битола 69,287 (-7.06%)
Прилеп 63,308 (-4.43%)
Тетово 63,176 (+19.39%)

Штип 42,000 (+4.96%)
Велес 40,664 (-6.98%)
Охрид 38,818 (-7.58%)
Струмица 33,825 (-4.21%)
Гостивар 32,814 (-8.46%)
Кавадарци 32,038 (+9.76%)
Кочани 24,632 (-13.05%)
Кичево 23,428 (-22.26%)
Гевгелија 15,156 (-3.37%)
Струга 15,009 (-9.36%)
Радовиш 14,460 (-10.87%)
Крива Паланка 13,481 (-7.40%)
Неготино 12,488 (-5.99%)
Дебар 11,735 (-19.41%)
Свети Николе 11,728 (-14.68%)

Пробиштип 9,760 (+12%)
Делчево 9,644 (-16.14%)
Виница 8,584 (-20.98%)
Ресен 7,904 (-9.65%)
Берово 5,850 (-16.45%)
Кратово 5,401 (-22%)
Богданци 5,244 (-12.76%)
Македонска Каменица 4,368 (-15.14%)
Крушево 4,104 (-23%)
Валандово 3,671 (-16.61%)
Македонски Брод 3,643 (-2.59%)
Демир Капија 2,643 (-19.30%)
Пехчево 2,471 (-23.66%)
Демир Хисар 2,431 (-6.25%)


Градови по население, 2002 / 2021

>500.000: 1 / 1
>100k: 0 / 0
>75k: 2 / 1
>50k: 2 / 3
>25k: 8 / 6
>10k: 9 / 9
>5k: 7 / 7
<5k: 5 / 7
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #449 Posted: 15-Feb-2023 at 23:06
Население на сегашни и бивши градови во Вардарска Македонија во 1900 (според Васил Кнчов) и 2021:

1. Битола 37,000 / 69,287 (+87%)
2. Скопје 31,900 / 526,502 (+1,550%)
3. Прилеп 24,520 / 63,308 (+158%)
4. Штип 20,900 / 42,000 (+101%)
5. Велес 19,700 / 40,664 (+106%)
6. Тетово 19,200 / 63,176 (+229%)
7. Дебар 15,500 / 11,735 (-24%)
8. Охрид 14,860 / 38,818 (+161%)
9. Куманово 14,530 / 75,051 (+417%)
10. Струмица 10,160 / 33,825 (+233%)

11. Крушево 9,350 / 4,104 (-56%)
12. Дојран 6,780 / 1,410 (-79%)
13. Радовиш 6,230 / 14,460 (+132%)
14. Кочани 5,950 / 24,632 (+314%)
15. Кавадарци 5,092 / 32,038 (+529%)

16. Кичево 4,844 / 23,428 (+384%)
17. Струга 4,570 / 15,009 (+228%)
18. Кратово 4,500 / 5,401 (+20%)
19. Ресен 4,450 / 7,904 (+78%)
20. Крива Паланка 4,340 / 13,481 (+211%)
21. Гевгелија 4,175 / 15,156 (+263%)
22. Пехчево 4,070 / 2,471 (-39%)
23. Гостивар 3,735 / 32,814 (+779%)
24. Богданци 3,560 / 5,244 (+47%)
25. Берово 2,940 / 5,850 (+99%)
26. Неготино 2,395 / 12,488 (+421%)
27. Свети Николе 1,900 / 11,728 (+517%)
28. Делчево 1,520 / 9,644 (+534%)
29. Виница 1,320 / 8,584 (+550%)
30. Валандово 1,195 / 3,671 (+207%)

31. Мак. Каменица 350 / 4,368 (+1,148%)
32. Мак. Брод 350 / 3,643 (+941%)
33. Пробиштип 268 / 9,760 (+3,542%)
34. Демир Хисар 240 / 2,431 (+913%)
35. Демир Капија 180 / 2643 (+1,368%)
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20190
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #450 Posted: 19-Feb-2023 at 14:36
Природниот прираст на населението во Албанија е близу нула

– Податоците на ИНСТАТ покажуваат дека во 2022 година природниот прираст во земјата, бил само 675 лица, што е најниско во историјата, освен двете пандемски години 2020 и 2021 година, кога имало невообичаено голем број починати. 2021 година е единствената во историјата на Албанија со негативен прираст (-3.296), додека во 2020 година негативниот прираст бил 470 лица, наведува весникот „Монитор“.

Додава дека ако во периодот 2020-2021 година показател се влошил поради големиот број на смртни случаи, како резултат на пандемијата со Ковид-19, во 2022 година бројот на починати се стабилизирал.

– Според ИНСТАТ, во 2022 година се регистрирани 22,9 илјади смртни случаи, со пад од 37 отсто во споредба со претходната година кога беше врвот на пандемијата, враќајќи се на нормалниот предпандемски тренд (смртните случаи во 2022 година беа околу 5 отсто повисоки од просекот од 2016-2019 година).

Во земјата минатата година се родени 23,6 илјади бебиња, со намалување од 13,5 отсто во однос на претходната година. Ова е најмалиот број на раѓања некогаш забележани во земјата од 1934 година, од кога почнало објавувањето на овие податоци, наведува „Монитор“.

https://alsat.mk/mk/prirodniot-prirast-na-naselenieto-vo-albanija-e-blizu-nula/
Carpe diem
Back to Top
bitola33 View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 21-Aug-2022
Online Status: Offline
Posts: 48
  Quote bitola33 Quote  Post ReplyReply #451 Posted: 21-Feb-2023 at 19:25
Kako Skopje ima isti broj na ziteli na segasniov popis i 80ti godini koga sigurno imase 500 000 ziteli..znaci ne se pomrdna od mrtva tocka 40 godini????Za sto se raboti ovde?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15135
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #452 Posted: 22-Feb-2023 at 10:21
Originally posted by bitola33

Kako Skopje ima isti broj na ziteli na segasniov popis i 80ti godini koga sigurno imase 500 000 ziteli..znaci ne se pomrdna od mrtva tocka 40 godini????Za sto se raboti ovde?


Се работи за тоа дека Скопје во 1980-тите години никогаш немало 500.000 жители.
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #453 Posted: 15-May-2023 at 17:28
TFR по региони во Турција (1,62):
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20190
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #454 Posted: 17-May-2023 at 17:30
Сезонски егзодус на младите од Македонија: За еден ден над 650 луѓе заминале во Хрватска

Експертите велат дека демографските проблеми со кои се соочува нашата држава се повеќеслојни и покрај масовното иселување години наназад, во земјава забележано е намалување на бројот на членови во едно семејство. Главно причинте се економски.

„Во период од две децении, вкупното население се намалило за речиси 10 отсто. Просечната старост на населението е на граница на репродуктивен период. И се соочуваме со континуиран пад на фертилитетот при што порастот на просечниот животен век стагнира,“изјави Марија Димитровска, Фонд за население на Обединети Нации.

Со ваква ситуација се соочуваат сите земји од Балканот, но и дел од државите од Источна Европа. За да се справивме со овој проблем, потребно е подобрување на животот од сите аспекти, а фокусот да биде човечкиот капитал, сметаат социолозите.

„Ивенстирање во она што го имаме како човечки капитал. И денеска да почнеме со изразито агресивни политики кои не се популарни, ние за 50 години не можеме да го надокнадиме тоа што сме го изгубиле во изминатите 30“, вели Аница Драговиќ, Институт за социологија.

Освен иселувањето, масовен тренд е и сезонаската работа, а особено атрактивно е крајбрежјето на Хрватска, поради близината и јазикот.

Според информациите, само во неделата заминал е 13 автобуси со над 650 претежно млади луѓе, кои ќе работат од рецепционери до хигиеничари по хотелите и рестораните на Јадранот.

Официјално, од хрвтското МВР инфомираа дека од почетокот на годината бројот на дозволи за работа на македонските државјани е зголемен за 60%, а само до април биле издадени 4.091.

https://kanal5.com.mk/sezonski-egzodus-na-mladite-od-makedonija-za-eden-den-nad-650-lugje-zaminale-vo-hrvatska/a582556
Carpe diem
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #455 Posted: 07-Jun-2023 at 21:22
2021 | 2022

Родени: 18,790 | 18,183 (-3.23%)
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20190
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #456 Posted: 16-Jun-2023 at 11:34
ЛАНИ ВО МАКЕДОНИЈА ПОЧИНАЛЕ 22.459 ЛУЃЕ, 6.057 ПОМАЛКУ ОД ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА

Во 2022 година во Македонија починале 22.459 луѓе, што е намалување за 21,2 отсто во однос на претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика. Во 2021 година починале 28.516 луѓе, додека во 2020 година бројот на умрени лица 25.755 луѓе. Во 2019 година, последната година пред пандемијата на ковид-19, во Македонија починале 20.446 луѓе.

Од вкупно умрените лица лани, поголем број се од машки пол, и тоа 11.868 или 52,8 отсто. Бројот на умрените доенчиња изнесува 58 и нивното учество во вкупниот број на умрените лица изнесува 0,3 отсто на 100 умрени лица.

Според месецот на смртта, најголем број случаи има во месец јануари – 2.802. Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71,5 години, односно 75,8 години кај лицата од женски пол или повисока просечна возраст за 4,3 години се бележи кај жените.

Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, и тоа 41,3 отсто случаи од вкупно умрените, потоа се случаите кај кои како причина за смртта се јавуваат неоплазмите со 17 отсто, со 6,8 отсто се застапени случаите кај кои причина за смртта е вирусот ковид-19.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/lani-vo-makedonija-pochinale-22-459-luge-6-057-pomalku-od-2021-godina/
Carpe diem
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #457 Posted: 03-Sep-2023 at 15:09
Јуни, прелиминарни (п.) податоци на ДЗС
Родени: 1,314 (-30.51%п.; -20.60%)
Умрени: 1,435 (-6.64%)
Прираст: -121 (-239)

Јануари-Јуни:
Родени 2022п.: 8,388
Родени 2022: 8,752
Родени 2023п.: 7,675 (-8.50%п.; -12,31%)

Годинава за прв пат ќе имаме под 18,000 родени, а ако големиот пад во јуни не го следи раст во следниве месеци ќе паднеме под 17,000.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #458 Posted: 29-Sep-2023 at 22:23
Јули, прелиминарни податоци на ДЗС:
Родени: 1,403 (-18.29%)
Умрени: 1,563 (-7.62%)
Прираст: -160 (-185)

Родени Јануари-Јули: 9,078 (-10.16%). Годинава може да имаме и околу 16,500 родени, што би било катастрофална бројка.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 732
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #459 Posted: 30-Sep-2023 at 11:45
dali može link do podatocite?
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #460 Posted: 30-Sep-2023 at 12:03
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 21222324>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.