build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Демографија
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Демографија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 222324
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 876
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #461 Posted: 30-Sep-2023 at 20:49
Патем, податоците од пописот 2021 во Ексел формат на следниов линк:
https://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=146

Нека седи тука оти многу тешко се наоѓа на нивната вебстрана, ова на ФБ го најдов.
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 732
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #462 Posted: 01-Oct-2023 at 09:42
fala
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15129
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #463 Posted: 07-Oct-2023 at 19:04
Интересен податок од книгата „Варшава го исцртува Скопје“:

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #464 Posted: 15-Dec-2023 at 13:28
МАКЕДОНИЈА ДО 2035 ГОДИНА ЌЕ ПАДНЕ НА 1,5 МИЛИОНИ ЖИТЕЛИ, СПОРЕД ПРОЕКЦИЈА НА ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА

Населението во Македонија до 2035 година ќе се намали на 1.531.748 жители, ако се задржи сегашниот фертилитет, според проекциите на Државниот завод за статистика (ДЗС).

ДЗС денеска ги објави проекциите за населението во Македонија до 2070 година, во седум варијанти, со различни стапки на фертилитет и морталитет. Во најлошата варијанта, со низок фертилитет, населението до 2070 година ќе се намали на 1.120.272 жители, додека во варијантата со висок фертилитет, населението ќе се намали на 1.408.906 жители.

Проекциите на ДЗС се под претпоставка дека во земјата и регионот нема да има војни, ќе има нормална и стабилна внатрешнополитичка состојба, во првата половина на 2030-тите ќе се заврши процесот на асоцијација во ЕУ, ќе има економски развој и нема да има големи здравствени состојби.

Проекциите се врз основа на податоците од пописот во 2021 година.

„ДЗС врз основа на резултатите од Пописот 2021 изготви проекција според која населението до 2030 би се намалило на 1,3 милиони. Од трите клучни елементи, стапката на фертилитет, морталитет и миграција, најзагрижувачки е третиот. Барем засега, кај нас најзагрижувачки е стапката на иселување, а не стапката на фертилитет“, изјави претседателот Стево Пендаровски, на презентацијата на проекциите.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/makedonija-do-2035-godina-ke-padne-na-1-5-milioni-zhiteli-spored-proektsija-na-drzhavniot-zavod-za-statistika/

Edited by stef4o - 15-Dec-2023 at 13:28
Carpe diem
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 456
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #465 Posted: 15-Dec-2023 at 14:11
Штета што нема вкрстување на вариантите со различен фертилитет и различни миграциски токови. Едно е јасно, мора да се подобри фертилитетот, но уште повеќе да се намали иселувањето. Би било добро при носење на демографска стратегија и мерки, да се тежнее кон висока варијанта на фертилитет (просек од 2.03 деца по жена) со најниска можна варијанта на иселување или да се увезуваат работници (со се семејства) на пример од Украина кој би го компензирале иселувањето. Со вкрстување на двете варијанти имаме шанса да оджиме население над 1.7 милиони до 2050.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15129
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #466 Posted: 15-May-2024 at 09:51
Излегоа неофицијалните податоци за пописот спроведен на Косово, многу општини имаат изгубено население, најмногу Призрен, каде речиси 40% од населението се иселило (податоците се за целите општини, не само за градовите).

Приштина

до 13 мај преброени се 196.121 лица, а во 2022 г. имала 220.538​​ жители

Призрен

сега: 106.368​, во 2022 г. имал 194.100 жители

Гнилање зголемило население, од 70.588 во 2022 г. на 78.391 жител сега

Пеќ од 96.380 спаднал на 75.125

Ѓаковица ​од 92.022 спаднала на 69.870

итн.

се очекува Косово во моментов да има околу 1,5 милиони жители (пад од 1,8 милиони според податоците од пред десетина години), а до 13 мај 2024 г. биле пребројани вкупно 1.420.148 лица.
За сè има вторпат
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 732
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #467 Posted: 16-May-2024 at 08:33
Ke dodat. Ne smee da se znae deka fali naselenie. Ne e politički dobr za Kurti i ostanatite.
Back to Top
Bridgeburner View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Jan-2023
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 82
  Quote Bridgeburner Quote  Post ReplyReply #468 Posted: 16-May-2024 at 19:15
На редит плачат дека приштина не била попишана цела , па после дека тие што имале други државјанства се попишувале според нив а не според косовските.

Пак излегоа океј бројка , мое предвидувае беше 1.2-1.3 милиони
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #469 Posted: 21-Jun-2024 at 12:04
Carpe diem
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 876
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #470 Posted: 24-Jun-2024 at 23:25
Originally posted by stef4o



https://www.facebook.com/photo/?fbid=885149280317518&set=a.597672385731877
   

Тажната реалност на овој просек е дека ова се должи на краткио животен век во МК, споредено со Италија во Македонија луѓето живеат скоро 9 години помалку во просек. Резултат на сиромаштија, ќебапи, ракија, лошо здравство, катастрофални навики (пред се пушење без никаков исаф), но и ниска култура на грижа за сопственото тело и здравје (на пример замислете просечен Мк маж од 50+ кој става крем за сонце.. "thats for pussies")
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15129
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #471 Posted: 28-Jun-2024 at 11:11
Објавени се резултатите од пописот во Албанија во 2023 г. Моментално во државата живеат 2.402.113 жители и во однос на 2011 г. има изгубено 17% од населението.

https://shqiptarja.com/lajm/sa-eshte-numri-i-popullsise-instat-publikon-sot-te-dhenat-e-censit?r=kh1
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #472 Posted: 03-Jul-2024 at 18:46
АЛАРМАНТЕН ГУБИТОК НА ТАЛЕНТИ - ДРЖАВАТА НА ПЕТТО МЕСТО ПО ОДЛИВ НА МОЗОЦИ

Алармантен губиток на таленти - државата на петто место по одлив на мозоци


Според извештајот на ИОМ за 2020 година, Република Северна Македонија се наоѓа во топ 20 земји во светот со најголема емиграција во странство, додека според проценките на Светската Банка, речиси 40% од високообразовниот кадар ја има напуштено државата, а според Индексот на одлив на мозоци на Global Economy, РСМ е на високото петто место (од 41 европска земја), што јасно покажува дека државата се соочува со голем губиток на таленти

Целта на ревизијата беше да се даде одговор на прашањето ,,Дали Владата на Република Северна Македонија ги испланирала, имплементирала и мониторирала мерките и активностите од Националната стратегија за вмрежување и соработка со високообразовани и стручни кадри 2013-2020, на начин кој би можел да придонесе да се спречи одливот на високообразовани кадри?’’

Спроведените ревизорски активности и обезбедените ревизорски докази овозможија да стекнеме разумно уверување дека активностите на Владата како носител на политиките за управување со миграцијата не се доволно ефективни за намалување на одливот на високообразовниот кадар од државата.

Во последните неколку децении меѓународните миграции во светски рамки забележуваат континуиран пораст, а денес нивниот обем е поголем од било кога. Тенденцијата кон пораст на емиграцијата на високостручни кадри, како и научен подмладок од одделни факултети, имплицира промени во квалитетот на работната сила и намалување на нивото на човечкиот капитал, а со тоа и негативни ефекти во областа на економскиот развој на земјата и научноистражувачката дејност.







https://dzr.mk/mk/240702-alarmanten-gubitok-na-talenti-drzhavata-na-petto-mesto-po-odliv-na-mozoci
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 222324

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.