build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Демографија
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Демографија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 04-Jun-2014 at 14:43
Moжеби најдобра проценка може да се направи ако се спореди бројот на учениците во прво одделение во секое училиште во изминативе 10 години.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
daegu View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 03-Jun-2014
Location: Lukovica
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote daegu Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 04-Jun-2014 at 20:17
Ненад, јас би рекол дека 400.000 е можен број бидејќи слаби 40.000 души во последниве 24год. независност и формално се откажале од македонското државјанство за да стекнат друго. Бројов е огромен, меѓутоа нажалост сите сме свесни дека од 2000та година наваму посебно со придобивањето на бугарски пасоши многу лица односно цели фамилии се иселија од Македонија.
brez podpisa
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 04-Jun-2014 at 23:50
Јас ги зимам за пример официјалните бројките од Еуростат, кои говорат дека од 1998 до 2011 година се иселени некаде околу 230.000 граѓани од Македонија.
Значи овие се официјални бројки, т.е сите овие луѓе си имаат регулирано престој во странство.
Е сега друга работа е тоа што постојат и луѓе кои што работат и живеат на црно нели ние како што викаме, така да точната бројка колку луѓе се иселени последниве петнаесетина години никој незнае.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 12-Jun-2014 at 08:43
Ако продолжи вака, Македонија ќе има најмногу села без ниту еден жител

Во Македонија има 141 село без ниту еден жител, вкупниот број на селските населби е 1.728, a миграцијата село-град продолжува.

Статистичките податоци покажуваат дека во Република Македонија има вкупно 1.728 селски населби, од кои 141 село се целосно напуштени, немаат ниту еден жител. Голем е бројот на селата со по десетина жители, главно стари лица без никаква тенденција за враќање на нивните синови и ќерки на родното место. Неповолната старосна структура на голем дел од овие села се заканува со нивно целосно опустошувале. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројката од 141 напуштено село многу брзо ќе се дуплира.

Наспроти ова, во западниот и североисточниот дел од земјава регистрирана е голема концентрација на население.

Последниот попис во 2002 година територијалната дистрибуција на населението во Република Македонија покажува изразита несразмерност. Повеќе од 57 отсто од граѓаните на Македонија живеат во градовите (34 града), а најголема е концентрацијата во главниот град Скопје (20,5%).

Податоците за внатрешните миграции покажуваат дека, вообичаено, поголем е бројот на преселби од село во град, отколку од град во село. Најголемо учество во вкупните миграции на ниво на регион село-град има источниот регион со 46,7 отсто, а најмало учество од 15 отсто има во полошкиот регион. Карактеристично за полошкиот регион се меѓуселските преселби кај кои процентот изнесува дури 63,8 отсто или 26,7 отсто на ниво на Република Македонија. Карактеристично за скопскиот регион е тоа што се забележува помал број на преселби од село во град (34,7 отсто), отколку од град во село (44,7 отсто).

Бројот на живородените деца во градските подрачја изнесува 13.904 или 57,2% од вкупниот број живородени деца, наспроти 10.392 живородени деца или 42,8% во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања по региони, има скопскиот со 33,5%, а најмало вардарскиот регион со 7,1%.

http://www.mkd.mk/makedonija/politika/ako-prodolzhi-vaka-makedonija-kje-ima-najmnogu-sela-bez-nitu-eden-zhitel
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 12-Jun-2014 at 11:22
Eве зошто:

Легализација на трошни куќарки во села

Ретките млади брачни парови, доколку ги има во таквите села, кои што живеат во куќи изградени од Кралството СХС; дали ним им се исплати да дадат 150 евра за елаборат, плус пари за катастарски премер и плус по едно евро за метар квадратен двор ( а сите знаеме дека селските куќи имаат огромни дворови), или повеќе им се исплати да им ја срушат куќата, а тие да го напуштат селото и да се преселат во град.

          Прашањето за понатаму е кој ќе произведува храна, кога никој нема да остане во селата, а нивите ќе станат пусти ледини?

        А дали некој од вас би останал, кога откако ќе ги плати сите давачки за куќата, што ќе му излезе повеќе од целокупната вредност на куќата, зашто овде селските куќи не се како во Швајцарија и Скандинавија, би живеел и понатаму со следниве неповолности
        - немање асфалтен пат, ниту макадам, туку во кал до колена и зимоска завеан во снег
        - немање превоз
        - немање училиште, амбуланта и продавница
        - немање водовод, а за канализација може само да сонува.

Која би била неговата мотивација да остане на село?

Лесно е да се леат крокодилски солзи дека Македонија ќе остане без села, но што нудат селата на своите жители?

Само чист воздух и ништо друго.
Ако врне 15 минути, струја нема следниве три часа.
Секој убод од пчела, оса или стршлен може да заврши фатално, зашто првата амбуланта е најмалку на 10 километра, а во неа нема лекар.
Брзата помош нема возила ниту многу се потресува за овие луѓе.
За такси во еден правец селанецот треба да спреми од 500 до 1000 денари и тоа ако има среќа да живее во село со пристапен пат или ако живее преку река да има мост по кој ќе може да пројде автомобил.
И тоа ако има среќа во селото да функционира сигналот на мобилната телефонија за да може да повика брза помош или такси.

И уште многу други неповолности за кои немам време да пишувам сега.




Edited by phenomenon - 12-Jun-2014 at 11:33
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 12-Jun-2014 at 15:59
Точно, доста добро опишана е ситуацијата за сите негативности низ селата, а сето ова можеше да се спречи или макар да се ублажи доколку малите општини низ земјава останеа да функционираат, а не да укинат (туку не зборам за етничките далавери што се направија со територијалната поделба). Сакам да истакнам дека малите општини можеа да функционираат како посебни, додека за поголемите работи ќе си се организираа во „општински заедници“ во кои би биле групирани од две па нагоре општини, со што ќе се зачуваше нешто од нешто. Како може една Германија да чува општини низ опуштената Источна Германија (кубурат со население, како ние по селата) со само 200-1000 жители, па така и ние можевме да ги зачуваме малите општини низ земјава.
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 597
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 12-Jun-2014 at 19:11
Ситуацијата не треба да се гледа така црно бело. Постојат процеси во демографијата и во движењето на населението. треба да се земе во предвид факторот време и генезата кое секое населено место ја има. Некои села ќе изумрат и не треба да се леат крокодилски солзи, секоја населба си има своја приказна,т ака и секое село си има своја, време кога настанала, време во кое живеело и време кога таа населба не му дава на своето населението добри услови за живот. Современото живеење носи свои потреби. Феноменон тоа добро го поцрта.

Мене воопшто не ми е мака што некои села во МАриово или некаде во некоја непристапна област ќе замрат,тоа значи дека животот таму станал прескап, претежок и морало да се напуштат. Многу од тие села анстанале на неплосни места каде населениоето во минатите векови бегало од турскиот терор и турската власт која била најсилна во долините и на плодните низини кои било поврзани со сообраќајници. сега кога го нема тој фактор, тие се празнат и населнието се одселува.

да повторам, мое мислење е дека тука нема ништо страшно, треба да се фокусира вниманието малите градчиња, како на пр, Ресен, Виница, Демир Хисар и слични. Тие се инкубатори на животот во провинцијата и ако тие пропаднат, и сите заминат во Скопје, тоа е веќе проблем.

а тоа со општините нема врска, не е важна големината, и да имаа свои општини немаше да опстанат.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 12-Jun-2014 at 19:55
ПРВПАТ ОТKАKО СЕ ВОДИ СТАТИСТИKА

ЛАНИ ПОМАЛКУ ОД 50 ОТСТО ОД ЖИВОРОДЕНИТЕ БИЛЕ МАКЕДОНЦИ



Минатата година, првпат откако постои Македонија, бројот на живородени етнички Македонци е под 50 отсто од вкупниот број родени деца во државава.

Експертите велат дека, согледувајќи ги состојбите според етнички карактеристики на живородени деца, во подолг временски период бројот на живородени деца кај македонската, српската и кај влашката популација се намалува, а кај албанската, ромската и кај турската се зголемува...

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=6FCEE76259758A469821878FC92EC73D
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 04-Sep-2014 at 14:38
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 04-Sep-2014 at 20:20
Навистина жална слика.Но освен овие општини што предничат со прирастот истите и предничат со иселување на населението.
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 597
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 18-Sep-2014 at 07:54
Охрид и понатаму рекордер по бројот на иселени лица

Според податоците на Државниот завод за статистика кои се однесуваат на 2013 година Охрид и понатаму води според бројот на иселени лица.

На прикажаната табела може да се приметат само уште неколку градови во земјава од кои се иселиле поголем број граѓани, како што се Битола од каде во 2013 заминале 304 лица, од Велес 244, од Гостивар 305, но меѓу сите наведени општини со најголем број иселени граѓани е Охрид од каде минатата година се иселиле 766 граѓани, од кои 534 во странски држави.



Тоа повторно го потврдува фактот дека во потрага по подобар живот голем број наши сограѓани се одлучуваат да заминат од градот и дека најубавиот град во земјава од година во година ги губи своите жители.

Алармантни податоци беа забележани и во текот на изминатите години. Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2012 година, од „Бисерот на Балканот“ се отселиле вкупно 1296 охриѓани, од кои 983 во странство, а останатите во најголем број за место на живеење го избрале главниот град на земјава. 1069 лица од Охрид се отселиле во 2011 година, додека пак во 2010 и 2009 Охрид го напуштиле вкупно 1478 лица.


Ohrid na pat da stane pust grad. Na sajtot na DZS ne uspeav da go najdam toa soopstenije na koja se povikuva ovoj tekst. NO ako e navistina taka....
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 08-Oct-2014 at 11:02
ЕВРОСТАТ: МАКЕДОНИЈА ИМА 2.065.000 ЖИТЕЛИ



Бројот на популацијата во Македонија, до први јанури 2014 година е 2.065.00 жители, потврдуваат податоците на евроспката канцеларија за статистика, ЕВРОСТАТ, која денеска ги објави новите податоци за беојот на жители на земјите членки на ЕУ, но и на земјите кандидатки за членство.

Податоците потврдуваат дека, споредено со претходната, 2012 година, бројот на жители во Македонија е поголем за 30 илјади. Во врска со новородени деца, во извештајот стои дека во 2013 година нивниот број е 11,2 деца на илјада жители, додека бројот на умрени е 9,3 лица на илјада жители. Според пресметката на ЕВРОСТАТ природниот прираст на населеието во Македонија изнесува 1,9 отсто. (В.Т.)

http://www.utrinski.mk/?ItemID=0EAA8F30A2F5C946A77C477CDF957F55&arc=1
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 10-Mar-2015 at 14:18
Македонија последниот попис го имала во 2002 година. Што се однесува до соседните држави, Албанија,Србија, Бугарија и Грција имале попис 2011-та.

http://en.wikipedia.org/wiki/Population_and_housing_censuses_by_country
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 10-Mar-2015 at 17:40
Договорот беше сите земји во регионов да направат во исто време попис, само кај нас се случи тоа што се случи
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 13-Mar-2015 at 20:30

уште поубаво што се случи тоа што се случи, бидејки тоа може да не доведе до посоврмени начини на попишување утре пр. отисок и лична карта, или доолно е само отисок од показалец

а освен за попис ваков пристап може да се искористи ова и за гласање со оглед дека скоро падна на уставен суд тоа жигосувањето со спреј т.е. избирачката контрола со ув-ламба

вакво нешто е идеално и за гласање по референдуми, односно во секоја државна институција да постојат баждарени автомати за гласање, може некој ќе рече тоа лесно се хакира иако сметам дека таквиот систем уште полесно може да се осигурува и проверува
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 13-Mar-2015 at 21:18
ќе повторам-чисто ради интерни потреби попис во Македонија е направен.Прво со здравствените легитимации,па со личните биометриски документи.Владата ги има точните бројки на населението по сите основи
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 13-Mar-2015 at 21:52
Да, и вкупниот број на жители е околу 1,8 милиони. Тоа го знаеме сите. Но ни треба и официјална потврда.
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 13-Mar-2015 at 22:09
нече мочи ове ночи
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 13-Mar-2015 at 23:00

со се имигрантите одоколу и потаму посекако на свое 2м без проблем, колку сме пуштиле надвор толку и внатре

~



Edited by beTon - 04-Nov-2016 at 00:09
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 06-Apr-2015 at 17:43
Слушнете го Бугаринот од 14:20 какви биле селата во Северозападна Бугарија и што нуделе на своите жители, па сепак се испустиле, и споредете со тоа што го нуделе/нудат нашите села во кои нема ни продавница.



Во селата во Северозпадна Бугарија имало училиште, читалиште, кино, детска градинка, фудбалско игралиште и улично осветлување!
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.