build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Демографија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 78910>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4750
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 14-Feb-2020 at 15:18


Токму така. Оваа мапа ја доловува мојата поента. Ако некој инсистира на некакви си големи Македонии и некакви букурешки договори, на крајот наместо да им помагаме на луѓето кои се навистина потиснато малцинство (славофоните во Лерин, Воден, Костур и слично), ние излегуваме со теории за „обединета“ Македонија (како да немаме слушнато за голема Албанија, голема Србија и голема Бугарија), и испаѓаме искомплексирани кловнови.

Во Катерини и Кавала, на Халдикики и на Тасос сега има повеќе славјани (Бугари кои купиле куќи) отколку пред 100 години.

А за Гревена не сум баш начисто, знам дека има многу Власи натаму. Битолско, Мосхополе (Албанија) и Гревена/Мецово/Нимфео и тие предели имале многу Власи. Дури и Бутарис, бившиот градоначалник на Солун и сопственик на винаријата е по потекло од Нимфео (Невестино), со мајка Влаинка и татко етнички Македонец. Сам си кажува.

Edited by гитардемон - 14-Feb-2020 at 15:21
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 06-Apr-2020 at 10:50
За десет години вкупно 74 946 македонски граѓани зеле државјанство во некоја од земјите во Европа

Во последните десет години вкупно 74 946 македонски граѓани зеле државјанство во некоја од земјите во Европа. Омилени дестинации се Италија, Швајцарија и Германија, покажуваат податоците на Евростат.

Скопје, 6 април 2020 (МИА) Во последните десет години вкупно 74 946 македонски граѓани зеле државјанство во некоја од земјите во Европа. Омилени дестинации се Италија, Швајцарија и Германија, покажуваат податоците на Евростат.

Само во 2018 година земјите од Европската Унија дале вкупно 672.270 државјанства за граѓани од други земји. Најмногу на жители од Мароко - 67.156, потоа од Албанија - 47.441 и Турција - 28.386, покажуваат податоците на Евростат.

Од нашата земја во 2018 година вкупно 7.627 граѓани зеле државјанство во некоја од државите во Европа. Најголемиот дел од нив во Италија - 3.487, потоа во Швајцарија - 1.606 и Германија - 945.

Ова е намалување за 450 во однос на претходната 2017 година, кога 8.077 македонски граѓани зеле државјанства во земји од ЕУ.

Во последните десет години вкупно 29.428 македонски граѓани зеле италијанско државјанство. Околу 14 илјади тоа го сториле во последните три години, од кои рекордни 6.771 во 2016 година.

По Италија, омилена земја за македонските граѓани биле Швајцарија и Германија, каде што во последните 10 години се иселиле по 16.935 и 9.333 граѓани.

Во статистиката на Евростат се наведува и податокот дека во 2008 година најголем број државјанства македонските граѓани зеле во Бугарија - 3.637, по што нагло се намалува статистичкиот број и се движи од 400 до 200 граѓани.

Од регионот најмногу државјани во 2018 година загубила Албанија - 47.441 жител - најголемиот дел од нив 51 процент зеле државјанство во Грција, а 46 проценти од Италија.

Вкупно 8.693 жители на Србија во 2018 година зеле државјанства во земји од ЕУ - најмногу 28.5 проценти во Германија, 23.5 во Италија и 14.6 во Шведска.

Од Косово вкупно 7.979 граѓани се преселиле во ЕУ. Најмногу 48.2 проценти во Германија, 27.1 во Италија и 7.1 отсто во Австрија.

https://mia.mk/za-deset-godini-vkupno-74-946-makedonski-gra-ani-zemale-drzhav-anstvo-vo-neko-a-od-zem-ite-vo-evropa/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2204
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 16-May-2020 at 00:21
No one knows how many people live in North Macedonia

It is an odd admission for the boss of a national statistical agency. Not only are many of his numbers wrong, says Apostol Simovski, head of North Macedonia’s statistical office, but he has no idea what the right ones might be. Officially, there are 2.08m people in his country. In fact, he says: “I am afraid there are no more than 1.5m, but I cannot prove it.”

(...)

Some 81,000 Macedonians have a Bulgarian passport. This changes their nationality on foreign databases.

(...)

economist.com


WILDLY WRONG: NORTH MACEDONIA’S POPULATION MYSTERY

(...)

If Simovski is right — and some think he is too pessimistic — then North Macedonia’s population would have fallen 24.6 per cent since independence in 1991 when the country had a resident population of 1.99 million.

(...)

Some economists speculate that North Macedonia’s population is actually between 1.6 million and 1.8 million, which would still mean the country had lost between 19.6 per cent and 9.5 per cent of its population since 1991.

(...)

For example, tax data does not capture people in the grey economy. However, six national databases will, for the first time, be used to cross-reference the 2021 census.

Until then, “no one can give a realistic estimation of the total population”, Janeska said.

So, until the 2021 census is completed, not only is North Macedonia’s official population figure wrong but so is the rest of its data, which is calculated on the basis of how many live in the country such as gross domestic product per capita.

North Macedonia’s fertility rate is another example. Officially it stands at 1.42 children per woman, but if there are fewer than 2.08 million in the country, and hence fewer women of childbearing age, the fertility figure will be higher.

(...)

If you Google “How big is the Irish diaspora”, the top search result yields an article from The Irish Times that says “three to 70 million, depending on who is talking”.

(...)

balkaninsight.com

Edited by Staro Skopje - 16-May-2020 at 00:45
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 16-May-2020 at 02:20


во контекст еве утешен абер од офтопик нишката Експат Монографија кој може да помогне околу евентуални стравои пред за’ и пост Пописо, што би било народно речено нешто налик Кај И Да Си Дома Да Се Вратиш, па и мнозина, здрма ли светска рецесија [1][1][1] има да си/ви придојдат може и сосе’ комшии, нели кај дедоина бар имаат Земја за Орање ... радувајте се ако сме помалу сега, така ќе имаме утре голема Душа, иако Паметно е уште сега да се има сенс дека неопходно е инерција кон Оштроумна Рурална Реемиграција [1] како би се поставила неопходна инфраструктура и помагала кои во даден момент општините Утре би ги впрегнале за да помогнат и мнозина вратени или придојдени от понадвор [2] во спротивно Тумба Дивина нема да ни скубне од тв-програма!

Originally posted by +Protagorist


eve okrugla brojka za toa kolku i kako ne ima ko makedonci po ragjane ili rod v svetot, a najverojatno i poveke ako se razmisluva so se onie shto emigrirale pred XX vek

patem kolku i da deluvaat nerealni sepak se osnovani i pretpostavkite na SMK koi teraat i do 10 milioni iselenici pa i poveke, no niv ni od blisku vo postojnive uslovi ne mozeme da gi mobilizirame ni kulturno a ne pa ekonomski ili politicki, iako i bez toa tie moze da se aktiviraat samoinicijativno pa i potsvesno o:-)
Исто така нудење на едно месечни или двомесечни курсеви на Македонски јазик, за време на летниот распуст, на децата на нашинците од дијаспората, надополнети со сместување и екскурзии низ Македонија.

Низ целиот свет има помеѓу 3 и 4 милиони дијаспора која е со македонско потекло, доста од нив немаат можност самите или нивните деца да ги научат македонски, а сакаат да ги научат.

Можностите се пред нас и само до нас е истите да ги реализираме и негуваме.

Сашо Маневски,
Претседател на
Организациониот одбор
на 4та Глобална
конференција на ОМД

mkd.mk/kolumni/kako-da-se-animira-dijasporata
mislam Tosho odeshe so kalkulacii od 17 milioni, a spored procenite na Ismail za 5 milioni makedonci vo Turcija izleguvame okruglo 10 po svet, kolku od niv se svesni i srekni shto imaat makedonski koren toa e sosem drugo, no dokolku bidat potiknati na toa bar ko prikazna za megju prijateli sigurno i ke se izraduvaat ako nishto drugo na izvornata muzika od rodniot im kraj na nivnite tatkovci i dedovci
   
~

Тро Екстра Офтопик
дали ова нема да бидне и’ кај нас реалност
кај нас мнозина веќе живеат за жал вака гетоизирани

Originally posted by +Protagorist



Two-thirds of EU population growth is due to immigration from outside the EU. - https://migration.ucdavis.edu/rmn/more.php?id=1650_0_5_0






Edited by Zelenikovo - 16-May-2020 at 02:22
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6866
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 18-May-2020 at 14:01
Дали Скопје треба да има два милиони жители?

Што ако се исполнат во целост бројките за максимално предвиден број на жители за секој плански опфат на територијата на град Скопје? Колку жители би имало Скопје? Два милиони? Три милиони? Што е со остатокот од Македонија? Каде е тука рамномерниот развој?

Ваквото сценарио, со ваквите прашања, парафразирани во овој текст, му ги поставив на еден професор по еден од предметите од областа на урбанизмот на Архитектонскиот факултет во Скопје, пред некои 6-7 години. И за овој текст сосема е нерелевантно во каква констелација беа поставени тие прашања, како што се нерелевантни и фантастичните одговори на професорот на тие прашања. Иако текстов првично го замислив и почнав како детален опис на конкретната студентска случка со која се врзуваат прашањата, а од кој опис требаше читателите сами да ги извлечат извесните заклучоци; за потоа неколку пати да го променам концептот на текстот, но оставајќи ги воведните, помалку наивни и детски дилеми слободни сами по себе, сметајќи дека поекспресивно ќе бодат во очите на читателот, поекспресивно ќе ѕвонат во ушите.
Студентската наивност, младешката брзоплетост, или лаичките дилеми преточени во такви дискутабилни реторички прашања, можеби говорат посилно од која било студентска случка од вежби по предмет од областа на урбанизмот на кој било факултет за архитектура и урбанизам, говорат посилно од која било светска студија за рамномерен развој, задолжителна литература, академско четиво или интервју на некој еминентен светски урбанист. И да, тука се сепнувам и повторно го менувам концептот на овој текст поставувајќи си ја дилемата за тоа дали постои реална потреба воопшто да вметнам цитат од некој брилијантен ум врзан за рамномерниот развој. Мислам дека не постои. Таквите светски, антологиски цитати или извадоци од публикации со безвременска релевантност, тотално нема смисла да стојат во директен, неакадемски критички текст за нашата ни македонска перверзна регионална нерамномерност која е резултат на желбата за профит на поединци. Исто како што веќе нема смисла ни членот 57 од Уставот на РМ кој говори за тоа дека „Републиката го поттикнува економскиот напредок и се грижи за порамномерен просторен и регионален развој како и за побрз развој на стопански недоволно развиените подрачја“.
За какво поттикнување се зборува во Уставот? За каква грижа на Републиката? Истата таа грижа со која се дозволи последните 20-тина години да се осакатат 70-80% од градските средини во државата? Истата таа грижа со која изминатите години се формираа мал милион државни совети при разно-разни министерства и институции, мал милион тела и комисии кои се „грижат“ во државата да има рамномерен регионален развој? Истата таа грижа со која се напишаа и донесоа мал милион законски и подзаконски акти со кои треба(ше) да се регулира и спречи сето тоа коешто води кон ваква нерамномерност? Истата таа грижа со која се одделуваа или прераспределуваа јавни пари низ општините со кои така „ревносно“ Републиката го чува рамномерниот регионален развој, а истиот веќе одамна е „мртов збор на хартија“? Или можеби, истата таа грижа со која (според истражувањата на ИРЛ Македонија) само во периодот од 2007 до 2015 се направиле фантастични 104 измени на клучните закони за градење?
Флоскулата „рамномерен развој“ последниве години интензивно ја слушаме од секакви конференции, работилници, семинари, митинзи, работни средби, политички академии, а ја изговараат секаков профил на луѓе – најчесто лаици кои се несвесни што значи тоа точно, несвесни дека флоскулата „рамномерен регионален развој“ е пред сè и над сè сериозна државна политика која треба да се спроведува без пардон, особено во неразвиените држави и во државите во развој. Рамномерниот развој не е, и не треба да биде фино леплива фраза наменета за лицитирање кај широките народни маси со кое популистички ќе се освојуваат гласови на избори, како што не е ниту терминот „лош урбанизам“ и ветувањата на одредени политичари дека така мазно, брзо и едноставно ќе го решеле проблемот со лошиот урбанизам во својот четиригодишен мандат. Небаре лошиот урбанизам се дупките на асфалтот и полураспаднатите фасади на старите згради!
Ајде повторно да поставуваме прашања. Каква ни е државата во поглед на рамномерниот развој? Што би одговориле Вие? Ви навираат првични мисли од типот на „…сè е во Скопје – население, индустрија, економија, култура…“? Претпоставувате дека тие градови кои пред три-четири децении во училишните клупи по предметот географија ги учевме како „големи“ за македонските стандарди од типот на Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, некако живуркаат, а сите останати веќе и не баш? Каде се „средните“ градови? Каде се „малите“ градови во поглед на рамномерниот развој? И тука веројатно застанувате со мислите. Можеби Ви доаѓа потреба барем да побарате на интернет точни статистички податоци за распределбата на бројот на население по градови. Но се потсетувате дека веќе осумнаесет години државата не спровела попис, а сигурно ќе станат и дваесет, ако не и повеќе. Последните официјални бројки од 2002 веќе цела деценија губат од својата релеватност.
Е во ваквата нерелевантност на застарените податоци не само за бројот на населението туку и за многу други (би рекол и поважни) статистички категории кои се содржани во пописот започнуваат проблемите со нерамномерниот развој во државата. Пописот како најважна статистичка операција е една од клучните подлоги врз кои се базира целиот систем на просторни и урбанистички планови во една држава кои се хиерархиско структурирани и поставени по инклузивен вертикален принцип на субординација. Попросто речено, плановите од понизок степен „се содржат“ во плановите од повисок степен и се усогласуваат сукцесивно сè до највисокиот – Просторниот план на една држава. И ако претпоставиме дека тоа кршење (и/или преќутно одобрување на кршењето) на инклузивниот вертикален принцип на субординација, најчесто тргнува од самата парцела (улога играат и Законот за постапување со бесправно изградени објекти) која крши одредени ограничувања дадени со Деталниот урбанистички план – кои пак веќе отстапиле од ограничувањата дадени со планот хиерархиски над него – Генералниот урбанистички план, кои пак ограничувања веќе отстапиле со ограничувањата во Просторниот план на општината – кој отстапил од Просторниот план за регионот – а тој отстапил од Просторниот план на државата – кој пак веќе истекува и губи на релевантност (а за евентуалната припрема и спремање на некој нов нема нови пописни податоци), сме добиле идеални услови за кршење на членот 57 од Уставот. Од површина за градба, преку парцела, до ДУП, преку ГУП, преку ПП за општина, ПП за регион и конечно до ПП на Републиката – тоа се шест или седум степени на можни (и за жал најчесто силно присутни) прекршувања на инклузивниот вертикален принцип на субординација. Дури и во идеална смисла, да претпоставиме дека не било сè така црно, и да постоеле отстапувања само кај една алка од синџирот на просторни и урбанистички планови, сметам дека и со нив во одредена мера се нарушил императивот за рамномерен регионален развој.

повеќе на линков

https://www.porta3.mk/dali-skopje-treba-da-ima-dva-milioni-zhiteli/?fbclid=IwAR2ceC-Js5pFg39SxFKJrov2ufOPLd4bNOeVqHLTDhoh_21EmVTl-AkYatI#
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6866
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 18-May-2020 at 14:15
Трансформација на населбите со нови градби









https://www.porta3.mk/dali-skopje-treba-da-ima-dva-milioni-zhiteli/?fbclid=IwAR2ceC-Js5pFg39SxFKJrov2ufOPLd4bNOeVqHLTDhoh_21EmVTl-AkYatI#
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 18-May-2020 at 14:33
Vo momentov Makedonija ima pomegju 1.65 - 1.75 milioni ziteli. Od 2019 vleze i vo demografski minus po priroden pat. Do 2030 nema ni 1.5 milioni da ima Makedonija a Skopje svojot pik e prasanje dali ke dostigne 800.000 ziteli. It is all downhill from there, bar taka stojat rabotite so nasata demografija. Edino ako koronata ne predizvika pogolema ekonomska kriza na zapad pa imame poveke povratnici od iselenici a nivoto na natalitet se vrati bar na nivo od 2015 godona. Mislam deka merki slicni na onie vo Ungarija bi dale nekoj efekt i vo zgolemuvanje na natalitetot i vo namaluvanje na iseluvanjto preku pomosh za resavanje na stambenoto prasanje. Tamu za sekoe rodeno dete drzavata od plaka odreden procent od stamben kredit pa familii so 3 deca dobivaat i do 30.000 eur mislam, a se edna od retkite istocno evropski drzavi koi imaat porast na novorodeni deca na pocetokot na 2020 vo odnost na 2019. Se razbira i drugi stabilnosni parametri vo drzavata se bitni.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 18-May-2020 at 21:05
Еве две одлични истражувања објавени на Призма, изработени од Тим Џуда

https://prizma.mk/mnogu-pogreshni-brojki-demografskata-misterija-na-severna-makedonija/

Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 982
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 18-May-2020 at 21:23

Моментот во текстот на Призма дека наталитетот во полошките општини можеби е и помал од источните е фрапантен, но воопшто не ме изненадува, зашто кога проаѓам со точак низ селата во тој крај, гледаш само многу куќи, многу празни куќи.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2204
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 18-May-2020 at 21:47
Мора да се напомене дека вкупната стапка на фертилитет (очекуваниот број деца кои една жена ќе ги роди во репродуктивниот период) се пресметува врз основа на вкупниот број население, а поради поголемото иселување во западна Македонија, реалниот број жители е помал, а со тоа ВСФ-то е поголемо.

Иако, како што се напоменува и во текстовите на The Economist и BalkanInisght кои ги споделив пред некој ден, како и нивната македонска верзија на секогаш одличната Призма, разликите помеѓу етничките заедници драстично се намалени последниве две децении. Единствено Ромите сѐ уште се значително над просекот (за жал конкретни бројки немам, а општина Шуто Оризари е групирана со неколку други скопски во статистиката).

Дали некој знае зошто Албанците во Чашка, Зелениково и Студеничани имаат доста поголем ВСФ од оние во остатокот од Македонија? Дури и ако се земе предвид различното ниво на емиграција, западна Македонија има доста помала стапка, потоа е остатокот од централно-источниот дел на земјава, па овие три општини.

Македонците во крајниот исток (важи истото за емиграцијата), пак, имаат доста понизок TFR.

Да се цитирам:
Originally posted by Staro Skopje

Живородени во странство, според општината на живеење во Република Македонија како процент од вкупниот број на живородени. Во 2016, во Република Македонија се родиле 23,002 деца, а во странство се родиле 4,833 деца, па 17.36% од сите родени се во странство - најголем дел од нив во Швајцарија (1,477), Италија (1,096) и Германија (892). Живородените во странство се бројат посебно од живородените во државата, па не се дел од статистиката за наталитет.


Земја во која се родиле најголем број од децата родени во странство (земајќи ги предвид само CH, IT, DE, AT, SI, TR, BE, DK, SE, HR, FR и US):
(...)
извор


Originally posted by Staro Skopje

Според моите пресметки ускладени со податоците на ДЗС, стапката на фертилитет (бројот на родени деца по жена во плодно доба) во Македонија во 2016 изнесувала 1.51. За да има замена на генерациите, стапката на плодност треба да биде над 2.1. Интересни податоци:
Најголема - општина Чашка: 3.10;
Најмала - општина Маврово и Ростуша: 0.77;
Рурални општини: 1.53;
Урбани општини: 1.50;
Вардарски регион: 1.56:
Источен: 1.26;
Југозападен: 1.24;
Југоисточен: 1.50;
Пелагониски: 1.41;
Полошки: 1.26;
Североисточен: 1.43;
Скопски: 1.87;
Град Скопје со Сопиште: 1.81;
Општина Куманово: 1.45;
Битола: 1.41;
Тетово: 1.60;
Гостивар: 1.02;
Прилеп: 1.40.
Бидејќи за општините Сопиште, Кисела Вода, Аеродром, Центар, Чаир, Бутел и Шуто Оризари не постојат одделни податоци за возрасните групи, истите се групирани во едно цело.
Најголемата стапка на фертилитет е во Скопје, а генерално, градските средини стојат подобро од селата; просекот на руралите општини е повисок само поради високиот фертилитет во Чашка, Студеничани и Зелениково - без нив TFR-от во руралните општини би бил 1.40.
Целосните податоци по општини: 1, 2



Општини кои имаат помал, ист или поголем TFR од Република Македонија:
(...)
Извори на податоци:
http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Naselenie__ProcenkiNaselenie/126_Popis_Ops_NasPolStar3112_mk.px/?rxid=4f444882-d193-4f7f-978c-4d9970c826c7 и http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Naselenie__Vitalna/125_VitStat_Op_RodVozMajk_mk.px/?rxid=4f444882-d193-4f7f-978c-4d9970c826c7
За пресметка ја користев формулата број на родени/број на жени од 15 до 49години*7*4.8. Користев 4.8 наместо 5 (како што налага формулата) за да ги усогласам моите податоци со тие на Државниот завод за статистика, бидејќи ги немам податоците за бројот на родени по возрасни групи; но направив пресметка и со 5.



Edited by Staro Skopje - 18-May-2020 at 21:49
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2204
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 01-Jun-2020 at 00:56
Падот на наталитетот во Македонија продолжува: според прелиминарните податоци, во првиот квартал од 2020 во земјава се родило 4,191 бебе - 364 (7.99%) помалку од истиот период лани. Во главниот град се родиле 1,265 (-5.10%). Во Зрновци, Могила, Дојран, Новаци и Ново Село има раст, а во Карбинци, Центар Жупа, Чешиново-Облешево, Пехчево, Градско, Македонски Брод и Вевчани пад поголем од 50%.

По региони: Вардарски 287 (-2.38%), Пелагониски 445 (-2.63%), Полошки 646 (-3.73%), Скопски 1,529 (-5.44%), Југоисточен 326 (-11.17%), Југозападен 378 (-11.48%), Источен 271 (-17.38%) и Североисточен 309 (-21.57%).




Во истиот период е забележан 5,101 смртен случај, што е за 530 (9.41%) помалку од Q1 2019. Интересно е што општините кои во март имаа поголемо присуство на коронавирусот, како Дебар (18.42%), Град Скопје (12.92%), Прилеп (10.18%) и Куманово (1.34%) имаат пад во бројот на смртни случаи. Во првите три падот е значителен. Од ова, како и фактот што бројот на целата територија се намалил за скоро 10%, може да се заклучи дека вирусот не бил сеприсутен во државава многу пред регистрирањето на првиот случај и бројот на починати од COVID-19 е горе-долу точен. Месечниот статистички извештај вели дека во јануари имало 5.03% помалку починати, во февруари 11.13% помалку, а во март -12.03%. Раст поголем од 50% е забележан во Студеничани, Новаци и Росоман, а пад над 50% во Конче, Чашка, Демир Капија, Сопиште и Арачиново.

По региони: Пелагониски 823 (-1.32%), Североисточен 455 (-1.52%), Полошки 591 (-2.64%), Источен 532 (-8.43%), Скопски 1,347 (-13.15%), Југозападен 513 (-14.07%), Југоисточен 445 (-14.26%) и Вардарски 395 (-17.71%)

Штета што ДЗС не објавува неделни бројки за морталитет, па да можеме лесно да го пресметаме „вишокот на смртни случаи“ (excess deaths) и да го следиме текот на пандемијата со уште еден податок.


Природниот прираст изнесувал -910. Во првиот квартал од 2019 бил -1,076. Град Скопје имал природен прираст од 52. Студеничани и Тетово имале +62, Сарај +66, а Чаир +106 (проследено со пад на смртни случаи од 45.71%). На другата страна се Куманово со -84, Прилеп со -116 и Битола со -168.

По региони: Скопски +182, Полошки +55, Вардарски -108, Југоисточен -119, Југозападен -135, Североисточен -146, Источен -261 и Пелагониски -378.

Склучени се 2,229 брака (-459; -17.08%), а имало 297 разводи (-97; -24.62%). Во Карбинци, Могила, Босилово, Сопиште, Дојран, Лозово, Ранковце, Росоман, Старо Нагоричане и Дебарца има зголемување за 1/2, а во Зрновци, Чаир, Зелениково, Пробиштип, Чешиново-Облешево, Пехчево, Конче, Демир Хисар, Валандово, Вевчани, Новаци и Пласница толкаво намалување.

Извор на податоци: ДЗС / Природно движење на населението
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 01-Jun-2020 at 05:03



Колку Сме Толку Сме Да Сме Токму, но токму тоа чинам е гајретот по статистиката, кој би сакал да се множи сред невозможни околности, обично велат дури и математички на хартија операција множење изнедрува потреба од појќе страници заради екстра броеви што ќе се допишуваат, но исто така и за вадење корења за жал бркајќи сред сиромаштво многу нулта децимали исто се наголемува потребата од екстра простор сето тоа да се амортизира а во кои околности доколку Народ е свикнат на даден Комфор т.е. Квалитен Начин на Живеење, тој просто не ризикуе да оди контра ваквата реалност и во најмала рака се труди да ја балансира, нели од пусти страв да не излета понадвор така, дали на Печалба за да си дојде насебе во однос нормалниот денешен тренд за Опуштен Живот, или пак Насело, а и' во двата случаи ако нема Волја таму да се аклиматизира нему му биднуе и поифрит да размислува како Семејство да Окрупнува него да останал тука и Чека на Државна Работа за да и Сам да се прерани а не пак Деца да Расте ем Среќни Луѓе од нив да стори, што чинам е и’ главен Психолошки критериум зошто потфрламе статистички, значи Страв од Поголема Сиромаштија сред склет гетоизирачки околности и тоа сред урбани центрифуги та и руралните простраснства од Македонски Кории каде Мечка ако те изеди ќе разбере некој дури после години! Просто е, Страв Чува Лозје, но и Семе во Пазуви, а дури и по грешка да се сподели Род, повторно на тоа сите гледаат како проблем, И нормално како не би кога не се Самоодржливи по ниту еден основ Мнозина, што уште понормално продуцира и поголемо гетоизирање а така и отпојќе Стравои да дури и оние кои се кадарни да имаат поголеми Семејства не се сигурни дали истите би ги сервисирале Правилно доколку не ѓвејат Патријархално ... Среќа сеуште кај нас Баби И Дедовци приткрнуваат напомош, но едно е да си во Заедничка Куќа а сосем друго побашка, а има многу кои и така Сплотено живеејќи пс пак неможат да префрлат праго од две Деца. бидејќи нели модерни времиња та Деца мора да се рамноправни а тоа значи следење на сите трендови повеќе или помалку, но што во нашите економски социјални и безбедносни околности не е баш лесно да се занемари како еден битен фактор за Мал Прираст, удри ли пак натака светска економска рецесија и силитево Народ намалуваат Самоодржливо во онос постојното темпо статистиката ќе оди и удоле, но тогај ете погоре во постоите велам тоа потенцијално може да се избалансира од мнозина Носталгични Иселени Сонародници ...

битна поента посреди аморитизирање на народнографскиве статистики е дека треба како Заедница да бараме начини, прво како Сиромаштво да се ресетира за да Народ и во невозможни околности се Куражи да се Множи, а второ како Раст Развој или бар Реосигуравање да се потикнува ко мотивација за каква таква Уба иднина за Секоја Принова, бар по едно две три Дрва ко порано што саделе да е тренд за секое Новороденче, зијан нема бар на комшијата родо од Крушата Јаболкницата Сливата ќе му остаиш, или!? ајт тој да ти Чува Деца за да не ти запази Жена, само жената да не ти земи твојта неодговорност за кусур та да почне таа да се сторуе пазач ... тоа од една страна е возможно да се стимулира со пари но од друга страна треба да се осигурува со безбедна а недиктаторска ем профитабилна а не корумпирана атмосфера, а заради Опуштен Соживот во дадено Општество, баланс кој можеби е клучен како Народ би бил под што помал стрес, бидејќи и кола да возиш под притисок е склет работа, а не пак оди Деца да растеш сред и во најмала рака депре времиња a каде вирејаат две крајности во воздухо, или рамнодушност или параноичност, ем сето тоа гетоизирано зависно-несамоодржливо, и ето га дури некој и’ да стори големо Семејство доколку Родители забораиле на Деца и очекуваат дека сред такви центрифугални околности системо сам ќе ги Испраи или Оправа во Домакини аирлија на памето, та тоа и само на фејкбук да ги навлечат па ете ти терет на општество кој макар одел на работа и некако си ја наредил својта килажа пак тоа го праи сосила, што пак се одразува на се’ останато понатака по систем на врзани садои, во најмала рака никаква работна или комшиска атмосфера, а во најлош самодоволна суетна алчна зачауреност, Што пак единствено е возможно да се надминува ако почне Народ да си подава Рака логично во овие времиња канлизирајќи бар вишокот енергија на право место наместо фејкбук за да дотурка до што поубаи околности за Живот, оди ти натерај Млади да се Домакини а главна фора во општество е глобалистичка социјлна мрежа ко фејкбук каде и оние кои се Здомени ќе забегаат воајерски и заборават на Семејство чисто онака од Селфи-причини, сум чул и за побетер не дека тоа е главната квака за разводи кај нас, но дефакто во сАд тоа е причина денеска за 30% од разводите, а ние бидејќи си бркаме тој рат-рејс американ-дрим та логично ги бркаме пополека и тие проценти, нормал тешко и да ги стигнеме некогаш, но и' малку ваков склет е доволно демотивирачки за мнозина да пребираат со која/кого да се кердосаат за Довека, а не пак на сето тоа да се руши Патријархалност, да се стимулира Промискуитет или Алчност, капак да се Гетоизира дури и Дете од Село в Град бидејќи нели тоа било иднината, хм, се прашувам како не разбираат кога веќе тежнејат кон запад, дека таму во Град живее Социјала Пролетеријат и Администрација, жалосно но и оние кои се кадарни да се Самоодржливи Насело дополнително фрлаат товар вака со константна миграција од Село во Град да просто зачауреноста само дополнително се зголемува, НО не е толку очајна работата а знаејќи само дека и малку треб за да Надеж се навиди на Хоризонто доколку почне Народ правилно да канализира енергија сред што Поотворен Систем како што побрзо би се проветрувала безидејност не само во однос Сиромаштво туку и Поубав Квалитет на Живот кој не е поинаку возможно да се достигне освен преку Сплотување најнапред на комшиско Чоеко ниво а потоа и на економско политичко соцјално ... ех, колку малку треба ако тоа е добро обмислено (за да некој тоа не го злоупотреби) да се Отвора Правилно Систем за сите да престанат бар во депресии да паѓаат, та дури и од смешни коронарни стравои, смешни во однос светски војни и тешки ропства кои ги задесувале нашите Претци, но верувам пак не падавичареле волку безидејно ко ние денеска ко Општество, а зошто нормал Била Здраво Сплотени ем Грото Рурално Самоодржливи, а немале ни К од Kомфор кој ние денес го имаме, и пак на Живот Му Се Радувале ко ние дури ни кога на Бахами би оделе секоја година на одмор би можеле, бидејќи штом се вратиш назад во миксеро, сите убаини брзо се исцедиле од прелетот во некоја егзотична природа, за жал ние имаме многу што и тука такво, но кога не е во погон впрегнато како Рурален Туризам достапен бар за Нас кое фајде и странци тука да уживаат вонего, а нам да ни се чудат колку се’ од Природни Убаини имаме, но немаме сили дотаму да се однесеме, а не пак таму и да уживаме, оние пак кои имаат кого прв да земат наушка таму да го израдуваат, но слично е и’ со народните ноу-хау потенцијали, имаме можности за Максимум да извлечеме од Себе како Заедница, а сепак тоа не го чиниме, онака на Токму еФоруми да премеруваме Минато Сегашност Иднина заради Пофункционална Живејачка ако не Поголема Среќа, чекајќи некој друг тоа за нас да го испорача, иако и да е така Народ тоа треба да го Посака Бара Турка наместо по фејкбук да чмае пцуе мизерува во празно то вишоко исфрустрираност, каде дури и Најучен а Најелеквентен Чоек да се завози ќе пролупа од потпросечност во однос Перспективите Хоризонтите Убав-ПХ-Матаболизам, а што повеќе се вмрежува толку повеќе таму му гине акало, особено доколку на таквото вмрежување единствен фидбек е лајк-систем како потенцијален награден механизам за лачење ендорфин, но бидејќи туѓа глобалистичка еЦентрифуга та и неподобно е регулирана таквата социјалка, а така биднуе мотиватор и за глупостите ако не омразата да стануваат главен ривординг-лајкохоличарски тренд, онака што повеќе пцуеш толку повеќе си во право, но ајт бар тоа е некаков испустен вентил и ко таков треба да го има и Луѓе да не падавичарат зошто таму некој пролупал гласно, поарно таму него на улица да земе со шмишајвна да полира Системо, но за жал во недостаток на Локални Народни и Системски Алтернативи, иако воајерски посеана мрежа [1] фејкбук станал критеирум за бркање Брачни Води, а всушност излегува истурање од сите вијуги и она малку акал што останало во Чоека Семејството Заедницата, ех, на толку Учени ем Партиски Активни a сеуште главна реформа им се бркање пари а не ресетирање ризици, бидејќи и Пари имаат во Шведска па пак оние Мигранти кои денес се таму бесперспективно гетоизирани почнуваат да го дрмаат со фобии општество, но што има посклет од тоа да си гетоизиран во Својта Земја, од таквите таму бар една тритина потенцијално би се Спасиле и Спастриле, тука пак се’ повеќе и повеќе се гетоизираме, во најмала рака по затворени (а така потенцијално и коруптивни) партиски ровои, за пополека ко сите да станале нечи робои, чии, разбира се на Зачауренио Систем, сепак каков таков не одржал во Живот, но шчо праиме ако навистина здрма светска рецесија натака, кога и тоа да бидне случај, кој потоа да се Сплотува сред Ифрит Сиромаштија, зато искористете со време своите Прилики Можности Фондои за да си поставите каква таква еСплотеност преку која бар на право место би ги канализирале сопстените фрустрации, а фејкбук нек ви остане за мајтап дружба безделничење, иако и за тоа поубо е да имате Македонска Социјалка за да случајно утре некој не ве мобира, ајт и таму и таму акаунт та таман заради разбивање монотија прилика од повеќе аспекти, но да очекувате дека на фејкбук-е-општество ќе се опраите тоа е тешка фатаморгана, Греота, само и на идните Поколенија кои треба да се Множат што им засадувате Страв од одговорност виа својата потпросечност, потенцијално ова се граничи со Лудило, онака Напраи Дете и Фрли го на фејкбук-буниште! зар не е така, кога тоа Дете ем нема друга алтернатива, ем нормал си учи од рОдителите!

http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=31517&KW=webgate&PID=3156645#3156645


може претерав, може треба фејкбуковски да си барате среќата докрај, но имајте Милост бар кон децата бар за нив сторете Македонска Социјална Мрежа ...

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=2979&KW=Македонска+Социјал&PID=237802#237802

http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=7391&PID=3152244#3152244

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=429&KW=прегледен+форум&PID=215032#215032


конечно тешете се дека статистикиве не се само тука терсене наопаку, бидејќи и само вака лепејќи ги тука во нишкава низ статистички премер се депре со кои се Демотивираат и оние кои се токмак да се Множат, таман да се Подуплашат ако не Уплашат и на Одмор во Македонија да се вратат ако заминале Печалба, бидејќи нели чим не се подмладуе Народ останување или враќање во таква средина е возможно само од хуманитарни причини! поубо плашете ги со туѓи статистики, кај оиш таму кој ќе ти даде рака ако забегаш во погрешен сокак, но за жал мнозина заради зачауреноста на овдешнио систем си велат Ајт бар таму нема да паѓам во депре бидејќи требит отпојќе време додека научиш кои им се гајчињата, та бар малку од малку во Живот ќе тераш Опуштено макар сите околусебе непознати, но смешното е што кај нас и оние оки се Познавале веќе се забораиле дека постојат, макар се имале во булк ко фејкбук пријатели! и дамбетер, ето и’ Кина да си пикнат ко бројлер во некоја фабрика, така фејкбуковски ти пак ќе си бидеш со своите, но нели без да треба да им гледаш депре-погледо на јаве, туку веселите селфија насон фејкбуковски! ајт ако даваат Кина субвенции за трето Дето зошто бе таму да не се селите, вистина фора е ваков пристап за привлекување бар Мигранти тука да се множат, само што ние немаме капацитет и во постојниве околности да се сервисираме, а не пак макар и Македонски Сонародници Утре подома се вратиле сето тоа да го амортизираме, а непак и други да придојдат и се’ да си биде фино во Оазата на Миро ...

https://www.weforum.org/agenda/2019/11/family-subsidy-birth-rate-estonia-finland-france/

Естонија, пример, ама таму вистина знаат и да Уживаат макар и од спунт!

патем имаат и турбо еОпштество



   

Edited by Zelenikovo - 01-Jun-2020 at 05:55
Back to Top
Graditelot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 67
  Quote Graditelot Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 01-Jun-2020 at 16:29
Word salad

Edited by Graditelot - 01-Jun-2020 at 16:31
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 01-Jun-2020 at 17:31


кој како си ги разбрал работи, но навистина ова горе ко анамнеза добро се лепнуе на фатаморганата од политики и експертизи на досегашните удбалитичарски филмои, и навистина и само да почне да се Подотвора Систем бреј ќе почнат да тилтаат, ќе мора пропаганда да ја свртат и на невладините па и институционалните еФоруми, а таму дури и да нема токму-модерација бидејќи поочигледен ќе им биде агитпропот та ним ќе им се удира 100% од глава, во најмала рака зошто си ги индоктринирале подржувачи ако не сопартијци да се однесуваат еве подло-спамерски, чунки горниов и овој пост би им биле тамам прилика да се освестуваат каков ефект има нивната удбалитичарска Агитпроп инерција, и се прашувам дали Отворање Систем еФорумски имаат и Народ и Експерти Акал ако не е правилно сторено што може да предизвика!

Оди ти да те видам во вакви околности праи Деца, та бар да ги јаит Баба Меца кога тогаш гневот ќе ти помине, од неколку Деца ете едно го упала, ама ова топтан сите живи изедени на мала врата бидејќи удбалитичари биле без компас и што верглаат и што прават! Наталитет, каде, то глобалистите и без да ве учипуваат ви остаиле фор сами виа фејкбук да се лоботомирате! на крај нивно е само да ве артикулираат низ некој алгоритам откако ви отворат содветно наноботовски чакра виа нескафе или кокакола!
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2204
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 01-Jun-2020 at 17:57
Не.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 493
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 01-Jun-2020 at 18:32
Originally posted by Graditelot

Word salad



Da ne idam mnogu off-topic, ama opravdani se reakciite.



Edited by user8642 - 01-Jun-2020 at 18:32
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 01-Jun-2020 at 20:02

си реков Graditel ќе рече абе јас мислам нанив не на тебе, та да му кажам аха па и другиве твои се иста марка, изботирани до еден агитпроповско удбалитичарско чопорско клановски, ама ко за беља ете ти u-членот во твое име тоа го доапострофира рововски, ајт себе се девалвирате по секој основ во најмала рака заради сопствената искличивост а во најлош случај заради некаков чопорски табиет [1] небарe ако нема на право место Дебата поарно ќе ет, кој и како да Дебатира има ли конечно некако критериум во Општествово, а во недостаток на каква и да е регулација ем посреди никаков еОпштествен Простор освен фејкбуковски, еве сум си зел за право и сред еФорум да блогирам, бар Артикулирано иако низ еден куп Дигресии особено на ваква Тема каде варијабили милион а не само Сиромаштија или Економија ...

бреј оди ти во ваква средина Множи се, од каков Мотив, да ти станат Деца изботирани удбашко-удбалитичарски-агитпровци!? ако ваквиот спин го остават Админи, би бил Добра Поука за Народ но и Експерти сконтаат зошто Многу Млади ни на крај памет не им паѓа да Прават Деца, просто атмосферата во која денес Социјално живееме е канализација, та Секоја Чест на оние кои и во такви околности се Осмелуваат да бидат Чувари на каков таков Културен Континуитет пред се’, ајде работници ако нема ќе се увезат, експерти исто, но кој да го одржи во ритам низ Новородени Македонци бар културното!? како тргнало не само што не се раѓаат Деца доволно, туку и оние кои се Родиле домашните топтан веќе им резервираат карта за понадвор по кој и да е основ, или пак ќе ги гетоизираат и заклучат подома ко да се Собни Растенија!

бреј како фино се лепна муабетов, за бар да не паѓа Народ во Депре зошто Младите не се Множат, ниту пак да им зема кусур дека се неодговорни, Напротив нормален Чоек (освен оние Храбрите Јунаците Арсланите) никогаш не би се одважил во вакви околности да Расте Деца, пак ќе речам Секоја Чест на оние кои тоа го Чинат, И Господ Да Им Е Напомош И Ним И На Нивните Деца, но мислам мора веќе еднаш да се Освести Народ и да разбере дека без Оштроумно Отворен Систем и’ она што го има ќе го загине!

Edited by Zelenikovo - 01-Jun-2020 at 21:28
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 01-Jun-2020 at 20:21
Vo prilogot na DSZ navedeno e deka podatocite za nvorodeni deca vo Mart se ne kompletni. Isto taka ima edna nelogicnost za Januar (Ovie podatoci se obrabotuvaat vo Mart) koj ima duri 200 bebinja rodeni pomalku od Februar iako ima 3 denovi povekje sto vo prosek e razlika od 150 deca vo korist na Januar. Po mene vo celata statistika samo vo Januari falat okolu 250 novorodeni i uste 50-100 vo Februari i osobeno Mart. Nasekade vo svetot podatocite od porodilistata se ne kompletni poradi Korona krizata. Kaj nas na primer Plodnost voopsto nema prijaveno nvorodeni za Januari, isto taka golem vo Skopje site poroduvanja se prefrleni vo Chair namesto na GAK kade se primaat samo suspektni na korona pa administrativno ima mnogu ne evidentirani. Po mene Q1 vo 2020 e dosta slicen na Q1 vo 2019.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 02-Jun-2020 at 01:33
Originally posted by Zelenikovo

https://www.weforum.org/agenda/2019/11/family-subsidy-birth-rate-estonia-finland-france/


интересна споредбава меѓу Естонија и Финска, значи главен фактор не е Економија, тука Комфор, во Финска работа има, но не секој сака да работи во Фабрика денеска, уште поголем проблем што државата ги навлекла на големи субвенции на сите нивоа сите, а сега кога мора да скаструва по кој и да е основ, младите Финци тоа го дочекуваат драматично ко намалување на квалитетот на живејачка ... така речи ги искилаиле виа трендсетерски лајфстаил на државен грб ... смешно, но до толку се распрдени да кога бев праќал до Фински Маркетинг Агенции Молба За Работа, буквално на ниту еден меил ми беа одговориле, ќе речеш ајде една две, но инает ме фати та им бев пратил на сите од кои можев да дофатам имеил, а единствено ми одговори Фински Африканец кој ми заблагодари на интересот и чинам понуди некаков абер каде како најдобро да се снајдам во тамошниот дизајнерски сектор ...

https://qz.com/1016120/the-failures-of-the-welfare-state-are-noted-in-finlands-mass-emigration/


сепка скитнувајќи низ Хелсинки и Талин, она што приметив е дека атмосферата кај естонците не е нешто особено извондредна, напротив Хелсинки беше поживо, а уште одма на фериботот приметив колку се насеќа дека влегувам во централна Европа, сетне добиваш ријалити-чек дека Естонци не се преопуштени, напротив стегнати, но токму сред такви околности и малку креативно опуштање амотизира многу склети, додека финците нормал ко распрдени и малку нешто да им изремети рајатот нормал ќе падавичарат, ќе рече Чоек природно е тоа, сепак фокусот на естонците очигледно е како да им се олесни колективно живото на граѓаните, додека финците се фокусираат денес претежно на индивидуалниот моментум, што едноставно беше воочливо според тоа ко што велам игноратноста на финските маркетинг агенции да не ми удрат ни средна рецка, просто ко и да не постоиш, а што е логично само за оптества кои се свикнати да тераат супер-индивидуалистички та не ни осеќаат ниту професионална обврска да ти заблагодарат за интересот за Соработка ...
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2204
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 02-Jun-2020 at 01:56
Better.

Originally posted by MKDSTRUGA

Vo prilogot na DSZ navedeno e deka podatocite za nvorodeni deca vo Mart se ne kompletni. Isto taka ima edna nelogicnost za Januar (Ovie podatoci se obrabotuvaat vo Mart) koj ima duri 200 bebinja rodeni pomalku od Februar iako ima 3 denovi povekje sto vo prosek e razlika od 150 deca vo korist na Januar. Po mene vo celata statistika samo vo Januari falat okolu 250 novorodeni i uste 50-100 vo Februari i osobeno Mart. Nasekade vo svetot podatocite od porodilistata se ne kompletni poradi Korona krizata. Kaj nas na primer Plodnost voopsto nema prijaveno nvorodeni za Januari, isto taka golem vo Skopje site poroduvanja se prefrleni vo Chair namesto na GAK kade se primaat samo suspektni na korona pa administrativno ima mnogu ne evidentirani. Po mene Q1 vo 2020 e dosta slicen na Q1 vo 2019.

Ги користев бројките од соопштението за природен прираст, не Месечниот статистички извештај (освен онаму каде што е напоменато); во првово нема напомена за нецелосни податоци за март. Споредувајќи ги, поголема разлика има само кај браковите и разводите, верувам дека на тоа се однесува фуснотата.

Прелиминарните податоци не може да се 100% точни, но ја покажуваат вистинската слика и трендот. Иако можно е во МСИ да не се регистрирани поголем број пораѓања од претходно поради ситуацијава (иако не гледам пречка за административните обврски); се надевам дека е така инаку 2020 ќе има уште поголем пад. Од каде ти се податоците по гинекологии?

Број на живородени во јануари и февруари:
2018: 1,872 | 1,702;
2019: 1,519 | 1,474;
2020: 1,319 | 1,440.

Број на живородени во конечен извештај и според прелиминарните податоци:
2018: 21,484 | 21,666;
2019: 19,986 | 19,725.


Edited by Staro Skopje - 02-Jun-2020 at 01:57
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 78910>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.