build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Демографија
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Демографија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 202122
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14962
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #421 Posted: 30-Apr-2022 at 17:25
Евростат: Очекуваниот животен век во Македонија изнесува 74 години - а просекот во ЕУ е над 80

Македонија е далеку под Европскиот просек за животен век од 80 години. Споредено со предпандемиската 2019 година, просекот е паднат за над две години, односно најголем пад во регионот, вели анализата на Евростат за очекуван животен век во Европа. Животниот век во земјава е 74,4 години, што ја прави Македонија подобра само од Бугарија која пак е најлоша во регионот. Покрај многуте причини, најголем удел во ваквата негативна стапка во последниве две години има пандемијата, смета екс-директорот на ДЗС Дончо Герасимовски.

„Секако има силно влијание на намалување на населението, каде што процентот на умрени лица е доста пораснат во последниве две години, но треба да имаме во предвид дека како Македонија имаме и негативен природен прираст. Тоа значи дека бројот на населението се намалува во природен пад, односно имаме повеќе умрени, отколку што имаме број на родени.

Сепак, доколку се изземат последниве две години, иселувањето од Македонија, најчесто на младите, е главниот фактор што земјава е толку далеку под европскиот просек, смета Герасимовски. Причина за тоа е барањето подобра образовна или економска средина за живеење, вели тој, додавајќи дека тоа може да се промени со добра стратегија.

Со една стратегија, како и голем број на земји кои што се соочуваат појави, имаат направено стратегија за популациона политика и подобрување на сите оние параметри кои треба да се преземат со еден акционен план. Стратегија која што ќе даде стимулс на младите, стимулс за подобар животен стандард, стимулс на вработување, стимулс на подобри плати

Единствена земја од регионот која е над европскиот просек е Грција со 81,4 години. После нејзе следуваат Хрватска со 77,8, Албанија со 77,4 и Црна Гора со речиси со 76 години. Во Србија очекуваниот животен век изнесува 74,5 години, а на дното е Бугарија со 73,6 години.

Најдолг животен век според Евростат имаат Норвежаните со 83,3 години во просек, а потоа следуваат Финска и Швајцарија со 83,1 година.

Очекуваниот животен век при раѓање е просечниот број на години што едно лице може да очекува да ги живее при раѓање доколку е подложено на моментални услови на смртност во текот на остатокот од својот живот. Помеѓу 2002 и 2020 година очекуваниот живот век во ЕУ е зголемен за речиси три години.

https://kanal5.com.mk/evrostat-ochekuvaniot-zhivoten-vek-vo-makedonija-iznesuva-74-godini-a-prosekot-vo-eu-e-nad-80/a527863
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14962
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #422 Posted: 15-May-2022 at 10:53
(ВИДЕО) Општините што повеќе немаат доволно луѓе за да изберат градоначалник



https://360stepeni.mk/video-opshtinite-shto-poveke-nemaat-dovolno-luge-za-da-izberat-gradonachalnik/
Carpe diem
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1760
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #423 Posted: 15-May-2022 at 11:45
Три работи:

1. Централизација на Скопје,

2. Враќање на старите општини од пред 1996-та! 30-тина града во 30-тина општини! И да ги нема повеќе овие (етно)-сателити во форма на општини, како Центар Жупа, Липково, Новаци, Карбинци, Јегуновце, Кривогаштани, Конче, Петровец, Василево, и слични будалаштини. Доста ни се овие инкубатори на корупција. Еден град - Една општина!

3. 2-степена админситративна поделба, како што доликува на нормална држава. Едни ингеренции наедно ниво, други на други. За правилен, логичен и нормален регионален развој!

Edited by user8642 - 15-May-2022 at 11:48
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7763
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #424 Posted: 15-May-2022 at 23:03

сите го сакаме тоа, ама за жал, поради нивото на партизираност на државата, ова никогаш нема да се случи, или барем не во најблиска иднина, никој нема интерес во тоа од тие на врвот
да не збориме што расштрканост на администрација општо гледано (не само општинската, туку во сите сектори, како полиција, здравство, образование, судство и т.н.) е најповолната клима за гаење на криминал
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 359
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #425 Posted: Today at 08:18
Тешко да се спроведе такво нешто. На пример Липково ако се припои кон Куманово, етничката структура комплетно ќе се смени. Дури и Скопје тешко ќе проголта припојување на Арачиново и Студеничани. Да немавме етно национализми и тензија можеби, иначе ефектот ќе биде Кичево-Струга. Тие два града комплетно се уништени во секоја урбанистичка смисла...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 202122

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.