build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Демографија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 6>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Демографија
    Posted: 26-Aug-2010 at 05:13
Една работа што оддамна ме интересира, а немаме ниедна нишка што има малку барем допирна тема со ова, па да отворам. Да ни користи за различни демографски прашања, колку има жители Скопје, миграција.

Од секогаш ме интересира зашто воопшто не е населен оној дел од Македонија по течението на Брегалница. Ама тоа е така пусто од Штип до Градско, а се работи за низина. Барем колку што се сеќавам дека сум учел, а и логично е дека луѓето се населувале по течението на реките. Тука ми изгледа дека има совршени услови, а е сепак пусто. Ај да има некое напуштено село, ама ни такво нема. На мапа демек има некое, ама никаде не гледам објекти. Се работи за течението на Брегалница и плус оној дел јужно од Брегалница се до полигонот Криволак. Дали е нешто на времето во Југославија намерно поради полигонот па доодселени се овие неколку неприметни села што постојат само во архива. Ако ништо друго штета е ваков предел да стои така пуст, може да се искористи за лов, риболов, за викендици и слично.
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1156
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 26-Aug-2010 at 13:55
Еве едно друго мислење за мали села и ретко населени области, каде населението е христијанско, во последните 20 год. а и пред 2 светска војна и по 70 год најдобра евиденција за демографија мора да даде црквата. Таа крштевала таа погребувала. пр Едно мало село со 30 куќи,црквата односно попот по должност мора да води епархиска книга на умрени и родени, е сега 30 куќи пати 5 жители тоа е 150. Е сега бројот на родени на 150 се мери во промили значи на 1000 жители 1 роден е еден пормил, викаме дека секое 3 дете е сложена репродукција ако такво село има 1/3 деца ,1/3 жени мажи во репродукциска состојба, 1/3 се старци тогаш 1/3 од 150 е 50, значи од овие 50 еден промил е 0,15,односно веројатнос да во тоа село се родат 5 деца годишно што е многу (тука се врти оваа математика) додека починуваат 4 лица тоа значи дека имаме прираст на 150 жители само еден, и тоа ако има проширена репродукција. Ова понатака за период од 50-70 год повлекува добивање на една цела генерација. Но што ако се родиле 4 а починале 5 лица.
Да се вратим дали Брегалничката епархиа има податоци за ова и што таму поповите клателе ногете, ако немаат никави податоци, колку само за информација католичката црква  на други места егзакно ги бележи овие работи. Ако не тогаш општините општинските центри треба со својата документација тоа да го докажат.


Edited by Dragan - 26-Aug-2010 at 13:58
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 26-Aug-2010 at 17:07
Најдов на мапа десетина села со турски имиња. Претпоставувам дека се турски села иселени уште при балканските војни, зашто до тука фаќал некој српско-бугарски фронт ли, врска немам имало некој фронт до тука. Ама сепак е компактна област што дури и предходно била ретко населена. Може би и затоа црквата нема евиденција, ако не се работи за православно население.
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1156
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 26-Aug-2010 at 19:53
Незнам ама хмм сум слушнал дека во 50 год на прошлиот век ( 20) од Македонија се отселиле голем број на турци, исто така сум слушнал дека во тој дел кога траеле турските походи тие донеле со себе население од Азија-разни турци коим служеле за чување стока за храна, припремни работи за нивната војска и сл. такви се нели Черкези Јурулци Ашкалии и др. Каде е православното население ? може би одговорот треба да се даде на 2 поход на Сулеман величаствени, кога Австриците биле до овие простори а токму овој султан ги протерал. Се кажува дека турците се до овој период (1640-1650) не вршеле муслиманизација на христијанското население, меѓутоа Австрија на овие простори се задржала 40-50 год. ( Пиколомини) и за тоа време некој историчари тврдат дека е протерано муслиманското население ( турско ) така да овој поход на Турција по содземанјето од војните во Азија му доаѓа како освета. Па така имаме позната изрека дека од Едрење па се до Босна нишето живо христианско не останало све било натакнато на колец, имам некаде прочитано дека живите им завиодувале на мртвите така да можно е да на овие простори е направен геноцид на христианското население а доселено турско. Кога останатиот дел од христианското население ( Охрид, Битола, Кичево,Гостивар,Тетово и др) дознава за овој покол поголемиот дел со Печкиот патриарх Арсение заминува за воена Крајна. Така да оваа случка како селидба на народи и не ги опваќа само Србите како што некои сакаат да кажат туку и огромен дел биле наши луѓе. Има една добра книга мислам дека е од Матеа Матевски и се вика ''Македонскиот полк во Украјна '' тука е опишано одењето на некои наши луѓе во денешна Украјна на повик на тогашната Руска царица.



Edited by Dragan - 27-Aug-2010 at 02:05
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 27-Aug-2010 at 01:56
Ееее ееее Драган не ми требаше ваков одговор. Отиде предалеку наназад. Зборував за села што на гоогле се познавата остатоци од куќи без кровови. Три века наназад само цркви има остатоци зашто тоа е чувано, за село ич да не правиме муабет, сигурно дека ни куп камења нема останато. Зборувам за села што се иселени максимум во последните сто години. Така некако нелогичен ми беше овој предел. Нјаверојатно ми е дека е поради Криволак, ама Брегалница па од друга страна е неискористен потенцијал, ако ништо друга барем за земјоделие покрај таква рамнинска река.


Edited by lslcrew - 27-Aug-2010 at 02:12
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1156
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 27-Aug-2010 at 12:55
Па зборуваме за демографија тоа не е нешто за 2-3 години може на еден одреден простор да се создаде некоја генерација на население . Зошто поради Криволак, има и села кои се потопени заради правење на некакви езера, но тогаш не зборуваме за демографија. Добро меѓутоа ја сум убеден ако зборуваме за демографија дека на овие простори таа има застој во изминатите векови, а тоа се гледа денеска, пр Тајланд кого ние го признавме со површина малку поголема од нас има 25 мил. жители, а кај нас има 2 мил жители. Како таму се дошло до таа големина (благо состојба, и немање ратови).
Демографијата е многу битна сега да не бидам погрешно сватен за оние држави кои себе се сметаат за тоталитарни или национални ( еден народ една држава ), а ние како се гледа сме мултикулторно општество.
Не верувам дека е заради Криволак, незнам интересна ти е темата ама бегајќи од причините за тоа,сакаме само да ги погледнеме последиците, некако премногу културно или дискретно треба да кажеме нешто што е историски факт а да не увредиме никого-а кога би било обратно никој не би не ''шмирглал''.
Немам податоци од други извори, но од сознанија нели секој 10 год се прави попис на население имот, стока,и што не за да се знае состојбата. Е сега не можам да те сватам од кој аспект сакаш да кажеш нешто а да остане округло па на ќош, добро она за последната реченица од предходниот пост се согласувам со тебе.
Па не е само Кирволак и Брегалница во такваа состојба, туку целата територија освен 3-4 големи општини од западна македонија.
Брегалница за земјоделие 100 метра лево и десно од неа карпи, колкав е тој потенциал, релативно мал каде е населението да работи. Исл. оваа тема хмм дава можности за размена на мислења незнам каде се другите членови да се уклучат затоа што ова се суштинските проблеми на овој народ од некави си сликања на супер маркети на веро и некакви железнички станици.
Ај да ти кажем уште за една појава пред 30-40 год во тогашната држава исто така за секоја отворена фабрика секој напраен брод, ској напраен вагон, игралиште, и што не исто како денес се пратеше во јавноста и се презентираше како голем успех, голем успех е да знаеш на што ти лега твојата куќа или како стоиш  со ногите на земја ајде нека иде и ова не е ништо провокативно туку е добронамерно имаме право на тоа.


Edited by Dragan - 27-Aug-2010 at 12:59
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 27-Aug-2010 at 13:57
Previous
Ако мислиш на Тајван, може. И тоа со признавањето беше "излет" на Тупурковски, кој веќе следната влада го поправи, прекинувајќи ги односите со Република Кина (на островот Тајван) и повторно воспоставувајќи нормални дипломатски односи со Народна Република Кина (на континенталниот дел).

А Тајланд е едно 20 пати поголем од Македонија и 33 пати понаселен.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 27-Aug-2010 at 15:32
Драган овој форум постои за сликање маркети и спуермаркети, а не за демографија. Ако приметиш ќе видиш дека оваа нишка е во останати, а маркетите се примарни. Така да незнам зашто пак толку го замеша и последниов пост. Изгледа не ти е јасно прашањето што ме интересираше. Човече постои простор со скоро десет километра радиус што нема живо пиле. Ако знаеш зашто, кажи. И на други места има отселени региони со по десртина села, ама не се толкави. Тука речиси и да нема села. Уште од поранешни времиња слабо било населено. Ми беше прашањето зашто тој терен е толку непогоден за живеење.
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1156
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 27-Aug-2010 at 18:20
Originally posted by alexgizh

Previous
Ако мислиш на Тајван, може. И тоа со признавањето беше "излет" на Тупурковски, кој веќе следната влада го поправи, прекинувајќи ги односите со Република Кина (на островот Тајван) и повторно воспоставувајќи нормални дипломатски односи со Народна Република Кина (на континенталниот дел).

А Тајланд е едно 20 пати поголем од Македонија и 33 пати понаселен.


Да мислев на Тајван ми се мешаат имињата со ТајландBig%20smile
@ISL па како и да е сепак ништо лошто тенденциозно или увредливо немам.Ај ти или некој други нека даде некој рационален пристап на објаснување, ја не можем да ја сватам хмм тамо каде што нема луѓе нема ни градби, а тој простор за кој збориш колку што ја сум читал и слушал за него е празен токму од тоа горе што го пишав од времињате пред 300-400 год. Па сега коа е другата логика.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 03-Feb-2011 at 22:25
Македонците за себе велат дека се народ познат по тоа што поминал низ многу тешки периоди и премрежја, но сепак опстанал. Но последните години тој е пред уште еден предизвик, него го убива белата чума, односно има многу повеќе починати отколку родени. 

dru-natalitet-500

Официјално според податоците на Државниот завод за статистика во текот на 2009 година биле родени 23.684 деца а во истата година починале 19.060, што значи населението било зголемено за 4624 лица. И во 2010 според податоците на ЦИА Македонија ќе забележи позитивен природен прираст, според овие податоци населението во нашата земја во текот на 2010 година било зголемено за 0.25 проценти.

Но доколку се анализира морталитетот и наталитетот на етничките заедници посебно, може да се види, дека носител на природниот прираст се етничките заедници на нашата земја кои припаѓаат на исламската вероисповест.

Тоа го потврдуваат и податоците на Државниот завод за статистика според кои во 2009 година, од вкупниот број на родени, Македонци биле 12.490 а починале 14.332, што значи дека во таа година 1.842 Македонци повеќе починале отколку што се родиле. Истата година биле родени 7454 Албанци, а починале 3023, па така во 2009 година, бројот на Албанци се зголемил за 4431 жител. Освен кај Албанците зголемен природен прираст има и кај Турците и Ромите.

Македонските градови стануваат села, албанските села градови.

Дека бројот на Македонците и останатото православно население се намалува, може да се види многу лесно и во реалноста. Па така доколку се прошетаат некои предели кои се населени со македонско население веднаш се добива впечаток дека тие опустошуваат.

Тоа се потврдува и со податоците на Државниот завод за статистика.
Така во 2002 година вo 141 село немало ниту еден жител, додека 445 села имале помалку од 50 жители и во сите нив живеаат 9290 жители. Додека во 180 села  живеаат помалку од 100 лица а во сите нив заедно има 12.906 жители . Всушност тоа се населени места во кои со години и не се раѓаат деца. Наталитетот во овие места е сведен речиси на нула, за разлика од морталитетот кој е се поголем. За околу 50 години, доколку не се превземе нешто тие ќе престанат да постојат.

За разлика од нив селата во Северозападна Македонија, стануваат се поголеми и не е реткост во Полошкиот регион или во Скопско да се сретне села кое има над десет илјади жители.

Пустошот кој ги зафати македонските села уште во седумдесетите години продолжува со се поголем интезитет. Но сега тој пустош започна да ги зафаќа и македонските градови.

Најдобар пример за тоа се градовите Демир Хисар, Ресен и Кратово каде во првите девет месеци од минатата година, 62, 73, односно 20 лица повеќе починале отколку што се родиле. Сите овие градови сега имаат околу шест илјади жители што значи дека само по природен пат овие населени места губат по еден процент од своето население. Уште поголем е бројот на лицата кои ги напуштаат овие и заминуваат во Скопје и надвор од Македонија. Доколку овој тренд продолжи тогаш за извесен период тие ќе ја доживеаат истата судбина на Галичник.

Но оваа не е појава која што е карактеристична само за помалите општини, тоа се случува речиси и со сите поголеми општини во кои доминатно население е македонското, освен со Струмица.

Најилустративен е примерот со еден од најубавите и втор по големина град во нашата земја - Битола. Таму во првите девет месеци од минатата година 120 лица повеќе починале отколку што се родиле.

Можеби звучи чудно но и во скопските општини населени претежно со македонско население бројот на починати и родени лица или се изедначува или повеќе има починати од родени, како на пример општината Карпош, каде во првите девет месеци од 2010 година имало шест лица повеќе починати отколку родени.

За разлика од нив во општините Сарај имале 397 лица, во Чаир 479 лица и во Студеничани 296 лица повеќе родени отколку починати, во првите девет месеци од 2010 година.

Македонците мора да ја добијат биткaта со белата чума

Лесно може да се заклучи дека последиците од сето ова се уништувачки. Прво тие имаат несогледливи последици за економскиот развој на земјата.

Тоа доведува до неможност за фунционирање на пензиските фондови, бидејќи за кратко време бројот на пензионери може да го надмине бројот на вработени. Денес тој сооднос е 1,5 спрема 1, но во догледно време тој може да се изедначи. 

Намалувањето на населението по природен пад особено негативно ќе се одрази врз помалите општини, бидејќи илузорно е да се верува дека тие ќе остварат некој позначителен економски прогрес ако бројот на жители во нив се намалува.

Бизнисмените секогаш кога инвестираат, покрај другото, го согледуваат и природното движење на населението. Намалувањето на населението всушност значи и намалување на  пазарот на тој што сака да инвестира, но и можноста за обезбедување на работна сила.Намалувањето на населението истовремено би можело да ја намали и цената на недвижнини. Познато е дека становите и куќите во помалите македонски градови се продаваат по многу ниски цени, што не можат да ги покријат ни основните трошоци за нивната изградба.

Според информациите на агенциите за недвижности, една куќа доколку во Скопје вреди 200 илјади евра, исто таква во внатрешноста на земјата чини барем трипати поевтино.

Но овие последици се незначителни во однос на опасноста од постепеното умирање на македонската нација, при што македонскиот народ може да се доведе во ситуација да биде малцинство во сопствената земја.  Фертелитетот односно бројот на родени деца по жена веќе одамана не е доволен за да овозможи не само негов прираст туку и опстанок. Стапката на фертилитет (просечен број на деца кои во репродуктивниот период ги раѓа една жена), кај Македонките изнесува околу  1,4, а само за проста репродукција на населението неопходна е стапка од 2,1 деца.
Како што покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, бројот на Македонците секоја година се намлува за околу две илјади а на Албанците се зголемува за околу четири илјади. Тоа дополнително ја потврдува тезата на некои демографи дека за педесет години вкупното население во нашата земја ќе изнесува 1.700.000 илјади жители од кои милион ќе бидат муслимани, а седумсто илјади православни.

Но за таквата ситуација проблемот треба да се бара исклучиво во самите Македонци.

Најчест изговор поради што наталитетот е така мал е лошиот животен стандард, што се разбира дека влијае но не е единствената и главна причина.

Со намалување на населението се соочуваат речиси сите економско развиени европски и светски земји, а најголем природен прираст имаат најсиромашните држави.

Всушност стандардот не е ништо подобар од пред 50 години кога во нашата земја се раѓале и до 50 илјади деца.

Главна причина поради која се намалува наталитетот е хедонизмот, поточно желбата за се поголеми провидни уживања во животот. Веќе одамна е заборавена скромноста, нешто што го карактеризираше нашиот народ  долги години наназад.

Скромноста е заменета со суетата и потрошувачката култура што ја носи новото време, а при тоа заборавено е на убавината и љубовта што ја носи секое едно родено дете. Се повеќе навлегуваат овие нови вредности кои како што се гледа водат кон уништување на Македонскиот народ.

Од сето ова призлегува дека кампањите кои се водат во последните неколку години за многудетно семејство се повеќе од потребни, бидејќи позитивно допринесуваат во битката со белтата чума односно природното изумирање на Македонскиот Етникум.

Исто така повеќе од јасно е дека во оваа битка Македонците мора да излезат како победници, бидејќи можност за втора нема да имаат.

http://daily.mk/cluster3/6eda4d0dfe274a3a14c6e5c59bb84cc0/580258
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 25-Feb-2011 at 21:39
Природно движење на населението во Република Македонија, четвртото тримесечје од 2010 година
-претходни податоци-


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртиот квартал од 2010 година, во споредба со четвртиот квартал од претходната година, е зголемен за 1.3% и изнесува 6 028 живородени деца.

Бројот на умрените лица во четвртиот квартал од 2010 година бележи намалување од 0.4% во споредба со истиот квартал од 2009 година и изнесува 4 893 лица, од нив 52 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 1 135 лица, што значи дека е бројот на живородените деца за толку лица поголем од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во овој квартал од годината е намален за 4.4% во споредба со истиот квартал во 2009 година и изнесува 3 693 брака.

Разведените бракови во овој квартал од годината бележат зголемување во однос на истиот квартал во 2009 година и нивниот број изнесува 459.

http://www.stat.gov.mk/statistiki.asp?ss=03.01&rbs=1
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 05-Apr-2011 at 18:45

Бугарија има 7.351.234 жители и нивниот број е намален за 581.750 во споредба со 2001 година, покажуваат податоците објавени од Националниот институт за статистика на Бугарија.

--240
Според податоците на Институтот, 51 процент од жителите на Бугарија се жени, што значи дека во земјата на 1.000 мажи има 1.053 жени.

Во градовите во Бугарија живеат 72,9 проценти од населението, а додека во селата 27,1 процент или 1.993.000 жители.

Од Бугарија во изминатите 20 години емигрирале 410.000 луѓе, најголемиот дел во земјите од Западна Европа.

Главниот град на Бугарија го зголемил бројот на жители за 185.000 и сега во Софија живеат 1.359.000 луѓе.

Малолетни Бугари има 1.170.000 или 17 проценти од вкупниот број на жители, од 18 до 64 годипна старост има 4,7 милиони, а постари од 64 години се околу 1,3 милиони жители.

Пет бугарски градови имаат зголемување на бројот на население, Софија, Варна, Благоевград, Бургас и Големо Трново. Бројот на населението е најмногу намален во градовите Видин, Ловеч, Разград и Габрово.

Според податоците на Националниот институт за статистика, во Бугарија е значително забележливо демографското стареење на населението. Бројот на малолетни во Бугарија во 2001 година изнесувал 19,4 проценти во споредба со сегашните 17 проценти, а бројот на постари од 64 години е зголемен од 16,8 на 18,9 проценти од вкупниот број на население.

http://www.kurir.mk/svet/region/25107-Bugarija-ima-7351234-ziteli
На што се должи ова, влече ли отворените граници со европа ваков одлив за неразвниените држави или со Македонија нема да биде ова случај? Со визите некако очекувавме повеќе бран, но ништо од тоа. Ќе и се случи ли на Македонија нешто слично. Ваква бројка е сериозна работа е чисто економска емиграција. Како може со економски развој да се пополни назад да се вратат луѓето?


Edited by lslcrew - 05-Apr-2011 at 18:49
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 05-Apr-2011 at 19:10
Тие шо заминат никогаш не се  враќат!!!MadOhnoMad
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3769
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 05-Apr-2011 at 19:31
isl ne prasuvaj dali kje im se sluci i na makedonija vakvo nesto posto sam si znaes deka kje se slucuva.Kje dojde vreme koga drzavata kje si tani so pola milion samo, site drugi zaminale....onie bez da se vleguva vo EU trcaa da begaat pa sto ostanalo koga kje im bidam vratite otvoreni.
Sto treba da se stori?
1.Vrabotuvanje kako vo svajcarija sto znaci: sekoja Firma mora da vrabotuva lugje godisno barem 1-2.Kako se vrabotuvaat lugjeto?Prvo treba sam da si pisuvas so kompjuter v livce zosto sakas da rabotis primer vo baka itn Potoa kakvi ocenki od skolo imas a potoa treba da pravis nekoj opsten test MULTICHEK e ako i tuka imas dobra ocenka togas ti imas nesto v glava, i imas dobri sansi da se vrabotuvas.malku offtopic no sepak mislam deka e vazno...
A ne ovie kaj nas, te poznava me poznava. tatkoto majkata.... zatoa se odnazad ni odi..
2.Zakonot treba da e zakon i da vredi.
3.Vladata da nema vrska so bugjetot i da si gleda svoja rabota
4. Cenite da oslabuvaat i platite da se zgolemuvaat
5. Ureduvanje na prostoritee, uslovi za transport itn..

ovie se so eden del od 1000 drugi raboti sto treba da napravi drzavata za da ne begaat graganite..
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 05-Apr-2011 at 19:39
Vo stvari e baš obratno, graganite trebe da si ja napravat državata !Thumbs%20Up
Toa e problemot šo site čekate državata nešto da vi dade ili da vi pomogne.
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3769
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 05-Apr-2011 at 19:59
Pa jas so DRZAVA mislam site gragani i politicari na makedonija, a ne samo partiite.
Treba od dvete strani da ima volja. Vladata treba da ima dobri odluki, ama i graganite trebaat da sorabotuvaat so vnatesnite institucii.Na Makedonija im trebe kako da ti kazam ,,NEW BORN ili NEW START.Mora da se smeni nesto,vaka im stetime zamo na zemjata i na nekrivnite sogragani...Makedonija mora intensivno da raboti na mnogu raboti....
Ah da bev presedatel....Roll%20eyesRoll%20eyes
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 05-Apr-2011 at 20:43
А мене ќе ме земеш за советник, ќе препорачаме уште неколку луѓе. А build.mk ќе го направиме државен форум.

Се зезам...

Но на Македонија со сигурност и треба една голема и ефикасна преродба.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3769
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 05-Apr-2011 at 20:59
Eve eden primer:Ako si patuvas so avtobus do primer grcija trebas niz makedonija pa vednas kje ve pozdravuvaat:
-koruptivni strazari po granicite
-kucinjata skitnici
-lugje sto sakaat da prodavat falsifikatni materjali(casovnici., mobilni itn)
- gjubre
Mnogu lugje kazuvaat deka prviot pogled e najvazniot, ako toj e los togas se e loso.
sto im prezentirame na strancite so tockite sto gi brojev:
Ima korupcija vo drzavata, zivotnata sredina e skandalozno i uzasno, ima golem broj nevrabotenost, so drugi zborovi, lici na nekoja zapustena zemja sto mozebi e nekade vo azija no ne vo evropa...vi teknuva lugje???
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 05-Apr-2011 at 20:59
Во многу држави е природно развојот на самата држава и општеството да се случува постепено, но кај нас тоа би било исклучок. Бидејќи кај нас се е обратно. Дури мислам дека во последно време, барем според моите критериуми и сфаќања за општество во 21 век многу заостануваме, дури и се деградираме.

Има сепак и некои показатели кои укажуваат дека можеби ова е само тежок период и сосема нормален по патот до развиено и средено општество. Но некако не сум баш сигурен. Така да мислам дека некои работи треба да се променат од корен во многу кратко време, ефикасно и успешно. Па потоа да продолжиме како нормална држава да се развиваме, да имаме подобар живот. ДА ИМАМЕ И ДА НЕ БИДЕ

Според мене за држава во развој не се дозволени огромни грешки. Иако го поминува  тој пат кој е полн со проблеми и пречки, мислам дека не сме на тоа ниво да си дозволуваме грешки. Но бидејќи нас ни е сеедно, барем додека не се освестиме како треба и како мора да биде, тогаш ништо од државава.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 05-Apr-2011 at 23:48
МајМаседониа не си во право. Истата слика ја добивам и во Србија и во Бугарија и во Турција. Особено во Турција каде на секој чекор ти се нудат фалц парфеми, саати и сл. Кучиња скитници имаш и во претходно набројаните земји. Не е за оправдување тоа, ама тие 3 земји имаат далеку поголем број на туристи во нивните земји. Значи не е важен само првиот впечаток, понудата е најважна.
Македониј е во право, умре времето кога државата даваше се, сеа народот треба да се избори да добие од државата, но многу повеќе да даде, за да може после извесен период да го ужива ќарот од вложеното.
МајМаседониа, вработувањето тука никад нема да се смени. Се додека во администрација се вработуваат по партиски линии и со рамковен договор, се додека поради мир во државава се вработуваат незналици, па дури и во најголемите фирми, само за да се затворат нечии усти, тогаш ништо од бизнисот. Лесно е во Европа и САД, каде најчесто не те гледаат кој си, туку ти го гледаат образованието и снаодливоста. Се додека луѓето се делат на оваа и таа страна на Вардар, дека има неправда од едни кон други, никад нема квалитетниот кадар да го задржиме. Еве јас сум меѓу тие кои први ќе избегаат од тука, затоа што нит сум партиски определен, нит па сакам да ја истакнувам својата етничка припадност. Нема да ме зачуди ако после последниов попис нема значителен пораст на населението. Регионален развој и еднаквост на сите пред работното место се единствени шанси за останување на младите првенствено во оваа земја, но и во своите градови. Ќе дадам личен пример, аплицирав на три места, за кои сметав дека се апсолутно неутрални, а добив негативен одговор поради лица кои се примени по заслуга на партиски функционери, независно од која партија се. Кратко и јасно, тука лежи зајакот.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.096 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.