build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Деловни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Бизнис центар „Аура“ (Дебар Маало 2, Блок 14.11)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3626
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Бизнис центар „Аура“ (Дебар Маало 2, Блок 14.11)
    Posted: 07-Jul-2010 at 12:59
ОБЈАВА за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, по пат на јавно наддавање кое се наоѓа во Општина Центар, наменето за изградба на комерцијални и деловни намени, семејно домување во згради - 7.7.2010


ПРЕДМЕТ НА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ



Предмет на јавното наддавање е градежно неизградено земјиште,сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален Урбанистички План „Дебар Маало 2“ донесен со одлука 07-3727/2 од 28.12.2009 година на општина Центар. Градежното земјиштето претставува ГП бр.14.11 со вкупна површина од 604 м2, наменето за изградба на комерцијални и деловни намени, семејно домување во згради на Бул. „Св. Климент Охридски“ бб.

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2656


Распишана јавна објава за изградба на деловно-комерцијани и станбен објект - 7.7.2010

 

 

Почитувани,

 

Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски распиша јавна за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, по пат на јавно наддавање кое се наоѓа во општина Центар, наменето за изградба на комерцијални и деловни намени, семејно домување во згради.

 

Предмет на јавно наддавање е една градежна парцела со вкупна површина од 604 м2. Почетната цена на јавното наддавање изнесува 13.000 денари по м2, а пријавите за учество на јавно наддавање можат да се достават најдоцна до 10.08.2010 година до Министерството за транспорт и врски. Јавното наддавање ќе се одржи на 18.08.2010 година.

 

Заинтересираните физички и правни лица треба да поднесат пријава за учество на јавното наддавање во писмена форма, доказ за платен депозит, за физичките лица уверение за државјанство, доказ за регистрација  на правното лице од соодветен регистер, односно уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното лице или физичкото лице заверено кај Нотар.

 

Целосниот текст на јавната објава може да се прочита во дневните печатени медиуми и на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски.

 

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2657


Edited by Cloverstack - 07-Jul-2010 at 13:10
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3742
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 07-Jul-2010 at 19:17

stanuva zbor za lokacijata kaj grawe

Понудено на продажба дел од земјиштето на Иснифарис Џемаили

Имот вреден над 130 илјади евра одземен во случајот Бачило е понуден на јавен оглас.

Атрактивната парцела од 604 квадратни метри во централното градско подрачје ќе се продава по пат на јавно наддавање со почетна цена од 13 илјади денари за квадрат. На истата според урбанистичкиот план ќе може да се градат објекти за комерцијални и деловни намени како и семејно домување во згради.

Според првиот човек на Агенцијата за управување со одземен имот, уште четириесетина случаи за конфискуван имот кој е стекнат на незаконски начин деновиве ќе треба да бидат завршени. Вредноста на истите ќе се знае подоцна бидејќи ја одредува Владата на Република Македонија.

Со случајот Бачило конфискуван е незаконски присвоен имот во вредност од околу еден милион евра. Додека поголема заплена на недвижен имот има кај случајот Даравелски од кого е одземена недвижнина со вредност од 2,4 милиони евра, со кои сега располага државата.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/ponudeno-na-prodazba-del-od-zemjishteto-na-isnifaris-dzemaili


Edited by my Macedonia - 07-Jul-2010 at 19:19
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11859
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 08-Jul-2010 at 07:51
Токму така МајМаседониа, се работи за локацијата баш на аголот на Партизанска и Климент Охридски

Туку гледајте каков критериум ставиле...

Барок спроти Соборниот храм

Со почетна цена од 13.000 денари за метар квадратен, Министерството за транспорт и врски на лицитација нуди парцела од 604 квадрати во Општина Центар, на аголот помеѓу булеварите Партизански одреди и Св. Климент Охридски. Со Деталниот урбанистички план „Дебар Маало 2“ таму е предвиден станбен објект со деловни и комерцијални содржини.  Дозволена е изградба на приземје, седум ката и поткровје, со височина до венец од 26 метри. Површината за градење е 582 метри квадратни, додека максималната бруто развиена површина изнесува 6.581 метар квадратен. Инвеститорот е обврзан фасадното обликување да го изведе во рамки на стиловите : барок, класицизам, неокласицизам, романтизам и неоромантизам. За оваа цел Министерството ќе оформи специјална комисија која ќе треба да го одобри идејниот проект. Пријавите за учество може да се доставуваат до 10.08.2010, а јавното наддавање ќе се одржи на 18.08.2010.


http://www.build.com.mk/?p=4238


Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4685
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 08-Jul-2010 at 11:05

Незнам, поарно никој да не го купува местово. А незнам како можат да наложуваат каков ќе биде објектот. Да е некоја заштитена област, чаршијата на пример, да, ајде, ама во Центар кај Соборна, нормална населба, незнам, а плус приватен ќе биде.

И ај сега цело Скопје ќе го правиме барокно, па не е ова Симс па му текнало на некој, ќе си гради кај и што ќе му текне. Не е Скопје експериментен глушец. Град во реалност, за кој нема гума и тука така после да се бришат работи, кои сега се создале.

Незнам, може и добра да искочи, ама пак, ова е нешто, поврзано со паметот, кој почнал да забегува, надвор од плоштад.

Премногу изгледа сувишно и вештачки за некој да не примети.

Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 08-Jul-2010 at 11:48
Неможе да искочи добро, пред се бидејќи ќе ја нагрди околината, а особено централната позиција на Соборниот Храм.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 08-Jul-2010 at 15:11
Spored mene bi iskocilo dobro bidejki se so cel da se napravi gradot so dva dokazani arhitektonski stila. Barok i modernava arhitektura - staklenici. Primetuvame deka bankata, opstina centar, visokokatnicite itn. se vo modernisticki stil. A voedno i go isfrlaat onoj betonski soc.. stil koj nema nikakva ubavina.
Sepak ova e moe mislenje. Cool
Koga ke ja vidam onaa zgrada na City gallery mi se gadi, mi se potkrevaat nervi i se po red, pogotovo najvisokiot sprat sto ne e popraven. Znaci mrsul zgrada. Ne vredi da postoi voopsto vo Skopjevo a kamoli na plostad. Eeeeej zgradana na Arhitektonski Fakultet, KATASTROFA ZIVA  arhitekti izleguvaat od nea. Vikaat deka domot e izraz na domakinot. Koga ke ja poglednam zgradana mozam da zamislam sto se ne izleguva. Taa treba da bide najvisoko arhitektonsko dostignuvanje vo gradot. Do tolku li ne mozat edna navistina asalna zgrada da proektiraat. Pa profesori ima li bre. Sto im e profesija?  I dali voopsto se planira da se napravi nova zgrada tamu ili ke ja gledam taa ruina do krajot na zivotov? WallbashWallbashWallbash 


Edited by lupo - 08-Jul-2010 at 15:25
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 08-Jul-2010 at 15:50
Зградата на архитектонскиот факултет ми делува како да е градена некаде на крајот на 19 век. Можеби грешам, ама навистина така ми делува... и јас имам помислено зошто баш зградата на Архитектонски (и Градежен, не се лутете) е најгрдата зграда во околината...
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4398
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 08-Jul-2010 at 15:53
Не е проблем да проектираш, проблем е да ти го одберат трудот, така што не знам зошто сметаш дека архитектите се виновни. Виновни се партиските книшки и партиските интереси.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 08-Jul-2010 at 16:02
Pa dobro ne moze da ima anonimno glasanje? Od site profesori, studenti, administracija? I da mi nalozi profesorot da glasam za negoviot proekt jas bi glasal> Od kaj da znae sto jas ke izglasam ako odi anonimno i ako e golema brojkata na sudentite. Moze elektronski ili bilo kakvo glasanje denes da se napravi. Koj e dekan? Naj iskreno sekogas ja gledam pravednosta. I bart da mi e proektantot, ako gledam deka ne mu vredi i deka toj proekt ke treba da go gledam dolgo na Partizanska pa ne bi go izglasal. Toa ostanuva - trajno e....

Edited by lupo - 08-Jul-2010 at 16:43
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 27-Aug-2010 at 11:03
Се очекуваше рекордна цена на аукцијата (20.08.о.г.) од Министерството за транспорт и врски за плацов, но јас барем, не наидов на информација за резултатите од истата.
Во меѓувреме, во денешен Дневник, извесен господин Геоги Константинов, со адреса на станување во Белград, објавува известие на 1/2 страница, со кое ја известува јавноста дека понудениот плац 14.11. е предмет на денационализација и дека купувачите се изложуваат на ништовност на купопродажните постапки.





Edited by OKA - 27-Aug-2010 at 15:27
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8829
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 27-Aug-2010 at 12:01


Збориме за локацијата обележана со црвено на ДУПот?
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 27-Aug-2010 at 14:01
Не. Станува збор за маркицата карши Соборниот Храм, директно на аголот на раскрсницата. Маркирана е со 14.11.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 27-Aug-2010 at 14:03
Originally posted by pbanks

Збориме за локацијата обележана со црвено на ДУПот?
Локацијата со црвено е всушност дивоградба, а локацијата за која станува збор е сепак 14.11., нема ништо нејасно, убаво си се гледа во легендата на толкувања на симболите и знаците, десно во ДУП-от, а и огласот на Министерството е јасен, барем што се однесува до опфатот на парцелата што ја продаваат.
Еве го и огласот во Дневник:


Со таа напомена дека, господинов нешто е во збунка, што се однесува до ДУП-от. Имено, кај него стои Дебар Маало 1, а евидентно е дека станува збор за Дебар Маало 2.


Edited by OKA - 27-Aug-2010 at 14:09
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 27-Aug-2010 at 14:24
Се надевам дека теренов ќе си доживее реализација, па ќе си добие и име според проектот. Во меѓувреме, го променив привремениот наслов на топиков, некако поопределено и поактуелно ми звучи.

Edited by OKA - 27-Aug-2010 at 14:24
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11859
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 27-Aug-2010 at 15:20
Ги префрлив тука старите постови во врска со овој објект, да нема забуни за кој се работи. Сега уште да ми објасни некој во кој субфорум да биде нишкава... за релативно мал објект како овој се предвидени следниве намени: семејно домување, мали комерцијално деловни единици, големи трговски единици, деловни простории... цело е кога има се LOL
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 30-Aug-2010 at 16:58

Барокот се шири низ Скопје

Барокот ќе го освојува Скопје и надвор од плоштадот Македонија. Стилот влегува во еден од најстарите урбани делови на Скопје - населбата Дебар Маало. Министерството за транспорт продаде парцела од 600 метри квадратни спроти Соборниот храм за станбена зграда со деловни простории која мора да биде изградена со барокна фасада. Победникот на денешната аукција е сопственикот на „Универзал Комерц“, бизнисменот Сулејмани.

Дали обврската за барокна фасада ќе ви ги зголеми трошоците за изградба?
- „ Може ќе ги зголеми трошоците, но се надевам дека ќе ни се исплати проектот. Засега немаме конкретен план како точно ќе изгледа“ - вели Милаим Сулејмани.

За разлика од неодамнешните режирани наддавања, аукцијата помина во фер атмосфера и конкурентска борба на 11 пријавени фирми. Почетната цена од 220 евра од квадрат се крена до 3000 евра- што значи дека министерството за транспорт ќе заработи 1,8 милиони евра доколку победникот ги уплати парите во законскиот рок од 15 дена.

Локацијата на првата барокна зграда која ќе ја гради приватен инвеститор е на само стотина метри од Владата. Прва е и поради фактот дека стилот, во овој случај барокот, за прв пат стана услов за воопшто да се учествува на аукција на државно земјиште.

Стилот, кој според архитектите никогаш не бил својствен за главниот град, беше промовиран од Владата со проектот Скопје 2014. Со денешната аукција Владата покажа дека барокот може да биде услов и за приватните инвеститори.

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=26978
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 31-Aug-2010 at 00:37
Значи се продаде!!!
Искрено, очекував и повисока цена, но сепак, не е лошо, во почетната фаза сме од најголемата, автохтона, глобална економска криза, по онаа од триесеттите на минатиот век.
Значи, 1,8 млн евра за теренот, 1,2 млн за комуналии, 2,6 млн за градба, 0,6 млн за опрема, грубо околу 6,2 млн евра - сé вкупно, за околу 5200 м2 нето корисна деловна површина, плус 73 подземни паркинг места!
Или, цена на чинење, околу 1200 евра* за еден квадрат, луксузно изработен деловен простор, на ексклузивна локација во главниот град на Македонија.
Математиката е уште подобра ако инвеститорот се одлучи за чисто станбен објект (негово право!!!), или компилација од станбено-деловен.
* во оваа цена паркинг местата се бонус плус за инвеститорот
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 31-Aug-2010 at 03:59
Мене ми е чудно. Наддавале 11 фирми меѓу кои може би имало и веројатно посериозни фирми, меѓу кои и странски за претставништва, што биле спремни да уплатат и повеќе. Кога нешто ми е чудно, не ми е на арно. А и математикава горе доле треба да ти ок, така да не верувам дека некој е спремен да се изложи на таков трошок, за деловен простор што треба да биде изгор и за продавање и за издавање, а само една маркица позади може би да чини пола цена. Можно е да има некоја политичка математика што не ја знаеме, како што ете всушност предходно имало.
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 31-Aug-2010 at 10:39
Originally posted by lslcrew

Мене ми е чудно. Наддавале 11 фирми меѓу кои може би имало и веројатно посериозни фирми, меѓу кои и странски за претставништва, што биле спремни да уплатат и повеќе. Кога нешто ми е чудно, не ми е на арно. А и математикава горе доле треба да ти ок, така да не верувам дека некој е спремен да се изложи на таков трошок, за деловен простор што треба да биде изгор и за продавање и за издавање, а само една маркица позади може би да чини пола цена. Можно е да има некоја политичка математика што не ја знаеме, како што ете всушност предходно имало.
Можеме да нагаѓаме за позадината на купопродажбата. Секогаш има позадина, за ексклузивна недвижност се работи во секој случај. Во едно сум повеќе од сигурен. На лицитацијата не учествувале релевантни странски фирми, барем не директно. Ниеден сериозен странски борд нема да се согласи да инвестира во правна несигурност. Најчесто, во вакви случаеви, за да се избегне скандал и негативен имиџ, се користат услугите на домицилни компании, кои треба да го истуркаат проектот до добивање на сите дозволи.
П.С. Политичка математика!? Не би рекол дека албанецов добил политичка нарачка да го купи теренов, затоа што албанското лоби сака тука да изгради џамија. Тешко дека некој, некогаш во ДУП-от би впишал верски објект.
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 31-Aug-2010 at 10:52
Чекај малку, ова беше некоја иронија или озбилно некој има такви намери да гради бурмали за Соборна? Ако беше иронија на мојата претпоставка за полтичка заднина, тогаш не алудирав на националната припадност на купецот туку тоа што ме чуди за толку време да се конфискува имот и да се завршат процедури и да отиде на лецитација и да биде купен од некој што прв пат му го слушам името. Тоа би беше претпоставката, за тоа мислев политичка математика не за некои коалициони ценкања, макар што и тоа е можна ситуација.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.