build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Катна гаража во Ново Маало
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Катна гаража во Ново Маало

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 4>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Катна гаража во Ново Маало
    Posted: 17-Jun-2010 at 04:25
Катни гаражи во Капиштец и Ново Маало

Катна гаража во комбинација со деловен простор треба да никне на улицата Васил Ѓоргов во Капиштец, непосредно до трговскиот центар „Беверли хилс“. Министерството за транспорт и врски на јавно наддавање кое ќе се одржи на 23.07.2010 ќе продава 1.735 метри квадратни со почетна цена од 6.600 денари за метар квадратен. Објектот ќе смее да има висина до венецот од 10,5 метри, висина од венецот до слемето од 4,5 метри и максимална бруто развиена површина од 1.526 метри квадратни. Заинтересираните можат да се доставуваат пријави за учество најдоцна до 16.07.2010.

Министерството објави оглас за јавно наддавање и за парцела наменета исклучиво за катна гаража на улицата Светозар Марковиќ во Ново Маало. Се работи за површина од 2.270 метри квадратни, а според деталниот урбанистички план „Maџир Мало и Градска Порта“ таму е предвиден објект со висина до венецот од 16,2 метри, висина од венецот до слемето од 3 метри и максимален коефициент на искористеност кој изнесува 2,87. Почетната цена е утврдена на 3.800 денари за метар квадратен. Пријавите за учество можат да се достават до Министерството за транспорт и врски најдоцна до 05.07.2010, а јавното наддавање ќе се одржи на 12.07.2010.

http://www.build.com.mk/?p=3992

Edited by build.mk - 17-Jun-2010 at 04:25
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 25-Aug-2010 at 19:19

Јовановски сопственик на трета катна гаража во Скопје

среда, 25 август 2010, 17:30>

Сопственикот на Макоил, Мите Јовановски доби трета парцела за катна гаража во центарот на Скопје. Атрактивната локација, до новиот трговски центар Веро ја доби натреварувајќи се сам со себе. Вештачката конкуренција која Макоил ја доби во фирмата ќерка, Оил Продукт му овозможи на Јовановски земјиштето да го купи по 70 евра квадрат. За споредба грчки Веропулос пред 5 години за земјиштето на локацијата карши Народна банка, плати 510 евра по квадарат. Јовановски не крие дека на наддавањето учествувале само двете негови фирми- со што е испочитувана законската одредба на аукцијата да учествуваат барем двајца понудувачи.

Формално сопственик на парцелата кај Веро, е Оил Продукт регистрирана на име на синот на Мите Јовановски. Случајот е речиси идентичен со продажбата на 32 000 метри квадратни покрај кејот на Вардар во Аеродром на кошаркарот и поранешен пратеник на ВМРО- ДПМНЕ Пеце Наумовски. За парцелата вредна еден милион евра тој се натпреваруваше со својот татко. Режирано наддавање, повторно во министерството за транспорт направија две турски компании од ист холдинг. За 1,6 милиони евра купија 21000 квадратни метри за облакодери во Аеродром.

Од кабинетот на министерот Јанакиески досега објаснуваа дека нема ништо проблематично во споменатите продажби. Така смета и Мите Јовановски- за кого најголема грижа е спороста на општинската администрација поради која не може да почне да гради на земјата која
чесно си ја купил. Никого не загрижува што земјиште во центарот на Скопје за кое пред 5 години се тепаа реномирани фирми и вредеше 510 евра по квадрат сега се продаде за 7 пати помала цена.

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=26795


Edited by lslcrew - 25-Aug-2010 at 21:37
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 02-Sep-2010 at 01:53
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 02-Sep-2010 at 02:01
da prasam ! ulica 3 e servisnata ulica pozadi VERO so ja napravija sega, a ova so e od negovata leva strana se planira da se gradi ???????????? krs se blokovite
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 02-Sep-2010 at 02:08
G.I.Joe од каде ти е сликава?

Обично тој е стилот на буквите кога излегува некое прибирање понуди.
Ова ми изгледа извадок од некој стар план каде што маркицата е иста зашто улицата се спојува од другата страна со булеварот, а не завшува како тука да свртува.
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 02-Sep-2010 at 02:14
od forumot e , nekoj imase mislam postirano planoj za katni garazi so se planiraat vo Skopje  
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 02-Sep-2010 at 02:22
Да сега ја најдов.

Ова е нова нишка за катната гаража што треба да се гради во непосредна близина на новиот Веро,
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 468
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 02-Sep-2010 at 10:43
А не е ова Ново маало? Како и да е, добро е што почнува да се гледа крајот на старите куќи од Олимписки до Веро центар. Постои ДУП за овој реон?
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 02-Sep-2010 at 13:34

Ако некој го има целиот дуп или знае каде е поставен за овој дел од Маџир Маало нека каже!

Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 26-Apr-2012 at 16:02

1.

2.




Edited by Cloverstack - 26-Apr-2012 at 23:07
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11969
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 26-Apr-2012 at 23:08
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11969
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 26-Apr-2012 at 23:14
Originally posted by Baze

Ако некој го има целиот дуп или знае каде е поставен за овој дел од Маџир Маало нека каже!


Повели Баже
http://opstinacentar.gov.mk/page7901657.aspx
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 27-Apr-2012 at 18:30
Добро е, конечно почна нешто да се придвижува овде, да се надеваме дека за многу брзо ќе ги снема тие штали околу и тој дел ќе добие изглед како што му доликува на еден центар на градSmile
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 21-Aug-2012 at 01:53
Веќе подолго време приметувам дека овде не се работи, знае ли некој зошто се запрени работните активности?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11613
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 16-May-2013 at 15:05
Се гради катна гаража до Веро центар...



За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11613
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 03-Jul-2013 at 17:38
До Веро Центар, вчера


DSC00945 by george k. 1981, on Flickr


DSC00946 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1600
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 03-Jul-2013 at 21:17
Која е целна група на корисници на катнава гаража? Сем Веро Центар кој има свој затворен паркинг нема друг објкет од јавен карактер во близина.


Имате некои податоци за објектов?

-вкупна инвестиција
-број на надземни и подземни нивоа
-капацитет на возила
-% на деловен простор

Од сите катни гаражи во Скопје само за оваа немам апсолутно никакви податоци.

Edited by alexsend - 03-Jul-2013 at 21:29
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11969
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 11-Jul-2013 at 15:50




-вкупна инвестиција

Dunno




-број на надземни и подземни нивоа

Надземни П+5, а подземни мене од сликиве ми личи на едно, ама не се гледа баш убаво, не исклучувам да се две.




-капацитет на возила

Да се обидеме да направиме проценка...
Вкупната развиена површина на објектот ќе биде 9456 m2. Според ДУП-от е дозволено до 15% да бидат наменети за разни комерцијални и деловни дејности (кои инвеститорот сигурно ќе ги искористи до максимум), значи остануваат 8038 m2. Имам налетано на податок дека за обезбедување на едно паркинг место во катна гаража се потребни просечно околу 30 m2 простор (со вклучени пристапни коридори и друг потребен простор за функционирање на гаражата), па ако тој податок е точен, јас би типувал некаде околу 260 паркинг места.




-% на деловен простор

Како што веќе пишав, максимум 15%, барем како што е предвидено со ДУП-от




Која е целна група на корисници на катнава гаража? Сем Веро Центар кој има свој затворен паркинг нема друг објкет од јавен карактер во близина.


За целната група во моментов навистина е чудно, но во иднина гаражава би можела да прави логика. Под претпоставка дека сите планирани околни станбени згради ќе си го имаат решено паркингот, сепак во непосредна близина остануваат две планирани деловни 10-катници покрај булеварот Кочо Рацин (веднаш до гаражава), кои ќе имаат вкупна површина од речиси 20 илјади метри квадратни, што не е за потценување. Исто така идниот турски театар ќе биде во близина, а на нецели 200 метри е и објектот на НБРМ. Кај овој последниов има хроничен недостаток на паркинг места, па дури и ако се оствари најавената преселба на институцијата во нова „барокна“ зграда, сепак во постојниов објект ќе се вселат други институции кои ќе го имаат истиот проблем.



Edited by Cloverstack - 11-Jul-2013 at 15:50
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1600
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 23-Jul-2013 at 09:40
Да се надоврзам на муабетот што го правевме. Извадок од Интервју со Мите Јовановски околу катните гаражи во Скопје.

"Градам катна гаража и кај Веро, ама за месец – два ќе ја стопирам оти ќе се насочам на градбата на гатната гаража кај Пошта. Сега ми е поважно да ја изградам таа катна гаража.
Кај Веро знаете дека таму има и Веро катна гаража и додека не се изградат објектите околу гаражата таа ќе биде мртва како што сега е кај Судска палата."



За која катна гаража кај Телеком мисли?

"Јовановски: Една катна гаража имам изградено кај “Судска палата“ , работи, но не е рентабилна. Сепак, почнав ова да го работам и тврдам дека еден ден катните гаражи ќе бидат рентабилни и затоа влегов во овој бизнис.
Имам уште три локациии купено за катни гаражи. Двете почнав да ги градам. Со третата локација имам проблем со министерство за транспорт и таа е статус кво, а се откажав и од катната гаража позади Собрание.
За катната гаража што почнав да ја градам кај Телеком. Купив проект и го најдов најдобриот производител на катни гаражи . Фабриката се занимава со катни гаражи од 1963 година. Доста време изгубив да го најдам најсоодветниот производител. Успеав и сега треба да го прилагодам проектот внатрешно, со тоа што од компанијата што ќе ја купам опремата ми овозможија со иста квадратура да имам 100 паркинг места повеќе, значи 430 паркинг места, а тоа многу значи за градот."
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11613
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 10-Jul-2014 at 09:42
Тука нема никакво придвижување на работите... Сликава не е моја, од 30 јуни годинава.

За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 4>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.