build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Сообраќајна врска Аеродром - Кисела Вода
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сообраќајна врска Аеродром - Кисела Вода

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 17-Sep-2010 at 17:21
Убаво би било да можам да го пратам ГУП во dwg формат, ама не можам. Сепак, од истиот извор од кој добив добар pdf, добив и точна димензија на улицата во ГУП. Но можеш да ја уфрлиш подлогата во CAD и да ја наместиш во соодветен размер, користејќи било која улица за која го знаеш точниот профил.

ДУП-ов од аеродром е премногу нејасен, па можеби и нема надмин, туку некакви рампи за трафостаницата. Но, кога гледам од каде почнува (поминува и под зеленило) и каде треба да заврши, незнам зошто планираат патеки за пешаци и дали е некој свесен што значи да се помине тој пат под земја.

А за трошоците за 20 метарски подземен коридор, наспроти 7 метарски мислам дека не е потребно да се зборува. Јас ќе ти повторам: мислев дека бараш брзо и економично решение за секундарна сообраќајница на место на кое воопшто не постои, а за најдобро - се знае што е. Можеби не држи споредбата со IJ тунелот во Амстердам, ама тој е единствен линк помеѓу северниот и останатите делови на градот, па е 1/1 профил со задоволителна проточност (засега нема ни метро).

А зошто затвараат тунели навечер? Па освен причините што ги наведе, и заради заштеда на вентилација и електрична енергија. Дали сме ние толку безбедна земја, со добра култура на возење.. Па ќе дознаеме кога ќе се изгради првиот градски тунел (оние на отворените патишта се веќе славни).

Јас не би трошел уште енергија на на детали од проект што ионака е вцртан во ГУП и соодветните ДУП-ови, а градските власти не го реализираат во ниедна форма - подобро е да се насочи кон нови идеи.

Edited by mladen_s - 17-Sep-2010 at 17:22
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 17-Sep-2010 at 17:46
Младен воопшто не ми е целта на целава на целово мое залагање за некое ефтино решение да скрпиме. Во тој случај можеме и без 7 метри, можеме и со 6 метри да пројдеме, па како што иронизирав наназад во нишкава и со 3 па наизменично. Не се работи за никакви линеарна цена по метар ширина па да имаме цена колку чини едно метро. Најголемиот дел од парите ќе отидат за "хируршката" интервенција врз пругите, отварање и затварање. Друг огромен дел ќе бидат странични носечки потпорни ѕидови, атмосферска канализација и слично.  Во Кисела Вода треба водовод препумпна станица да се преместува. Којзнае уште колку инсталација цефки има и други инсталации кабли и телефонија. Ќе бидат трошоци што ќе мора да се направат ионака без разлика за колку метри ширина станува збор. Единствената разлика меѓу полу-профил и целосен профил е само дополнителната средишна колонада столбови. Така да цената за полупорфил би била ~80-90-тина посто па и повеќе од цената на целосен профил. Едноставно многу мала сума пари разлика е тоа, за мал процент се работи. Дури и да беше вцртан како што викаш пола, ќе требаше да се притиска да се прошири и да се искористи шансата за додека се прави, а не вака обратно прв пат слушам залагање дека треба да се смали веќе вцртан широк.

А ДУП-от од Аеродром и така матен е јасен.

Безбедноста неможеме да ја прејудицираме. Се работи за мирен дел од градот, без сериозни проблеми. А и нема никакви раскрсници што би претставувале црни точни. И се работи за исклучително краток сегмент. Кај мене во зграда со 6 влеза гаражата е подолга од целиов тунел и има повеќе наркомани и ѓубре одколку што би имала ваква градска улица, па сепак не ја затвараме гаражата навечер.

Добро е што постојат овие гуп-ови, дуп-ови, просторен план и слични документи. Подобро да ги има одколку да бидеме неплански град. Неможам воопшто да се сложам со таа констатација. Не е никаква изгубена енергија тоа. Патем ако беше тоа така, би требало да ставиме клуч на форумов сега и да го прогласиме целиов труд за едно големо џабе.


Edited by lslcrew - 17-Sep-2010 at 18:08
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 17-Sep-2010 at 19:09
Не е џабе, никако. Само ова е детал во однос на целото прашање, а тоа е потребата за една ваква врска. Е сега, ако целата пракса за промени на профил во тунел и евентуални заштеди ја рашириме и на други случаи, тогаш веќе разговараме за цела филозофија на градење. Вака, навлегуваме во детали на самата изведба за кои веќе имаме потреба од пообемни податоци и анализи, многу повеќе од ДУП и ГУП. А идеи како што се клучките, подигањата на булеварот и слично, се надградба на содржината на планските документи.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 20-Sep-2010 at 03:12
Очигледно е дека има промени во однос на тунелов во последните верзии и менувања на ГУП. На растер-от што е на официјалната страна на град Скопје тунелот е вцртан директно во линија со уличката во Аеродром, па така во Кисела Вода доаѓа малку позападно за некои десетина метри и фаќа врз топланата и врз гаражите од една стамбена зграда што веќе имаат нагиб за влез/излез од страна од каде што треба веќе да понира тунелот. Очигледно е дека е корегирано и е направена промена некоја која се приметува од ДУП-от за индустриската зона во Аеродром каде што јасно се гледа дека тунелот е веќе косо вцртан на сметка на времените објекти од страна на Кисела Вода, што е добро решение што е така искорегирано. Изгледа било подетално посериозно земена во предвид трасата да се испланира. Еве го растер-от од град Скопје, стара верзија. Најдобро се приметува според обејктот на водовод. Тоа е објект што лежи на прекрстување на јужен булевар со тунелот. На стариов растер доаѓа на источниот раб на трасата, додека на ДУП-от од Кисела Вода постиран во нишкава објект доаѓа точно на средина на трасата. Јасно се гледа поместување кон исток на целата траса. Со алатката за мерење на страницата за ГУП-от, комплетната ширина на трасата на растеров е дури 30 метри, што вака ме зачуди како бројка.




Edited by lslcrew - 20-Sep-2010 at 03:22
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 22-Sep-2010 at 01:15
Во врска со можна дијамант раскрсница за која дискутиравме, мислам дека едно вакво решение би било доста практично не само тука, туку и на други места.

Наместо како кај класична дијамант раскрсница издвојувањето од автопатот да биде од десно (стандардно), тука е од лево, што не е воопшто некое недозволиво решение. Сообраќајните токови не се пореметуваат, ако се смести и краток сегмент со дополнителна четврта лента (што тука ја немам нацртано) за да може непречено да се влезе во автопат и да се престрои во трите стандардни. Нормално доколку е потребно и нека се ограничи брзината на автопатот до 60 км/ч на некој краток сегмент, ни тоа не е проблем ако добивката е уште една клучка каде што предходно практично била невозможна. Апсолутно тоа е добар компромис.

Втора работа е тоа што се добива “доле“. Наместо две раскрсници како кај класичен дијамант тука има само една што значи две големи придобивки. Првата придобивка е што нема две раскрсници и регулацијата на вакви очекувано прометни улици сигурно дека би била семафоризирана, па наместо две раскрсници во сложено семафорско решение, тука има една класична. И втора придобива е што практично неможе да се "злоупотреби" оваа клучка за “полукружно“ свртување на автопат. Неможе ќе се одвојам, на првата раскрсница лево, на втората лево и пак сум на автопат во спротивен правец. Ова е само дополнително гушење на дијамантските раскрсници. Во ова предлог решение тоа гушење го нема.

Не цртав сега радиуси и како би изгледало тоа мало закривување на правецот од центар према Драчево, има простор тука, трите точки се доволно јасни.




Edited by lslcrew - 22-Sep-2010 at 01:21
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12199
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 22-Sep-2010 at 10:57
Бидејќи е градски автопат, излез од лева страна е прифатливо, а вкупното решение е многу елегантно за оваа локација. Има и простор раздвојувањето на коловозите на „јужен“ да се направи благо.
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 22-Sep-2010 at 14:55
Епа lsl, мислам дека е сега време да ги извлечеш пешаците и велосипедистите од долу, бидејќи станува преризично и презагадено за нив - може да има фин, лесен надмин над пругите и булеварот, кој би бил значително побезбеден од секој аспект (освен заштита против самоубиства, секако). На тој начин ќе се добие и поефикасна раскрсница и ќе се заштедат две колони столбови во тунелот. Што е до него, сега веќе би морал да биде 2/2 без оглед на се, заради престројување и заради зголемувањето на сообраќајот (сега не би била само врска КВ - Аер, туку и пристап до клучката).

Проблемот што се појавува е појавувањето на колони возила во самиот тунел во шпицови (тунелот е закривен и под ниво - станува незгоден за вентилирање, кој може да се реши со интегриран систем за контрола на сообраќајот, кој би се грижел за тоа, ама тие можности се ограничени.

И секако најризичната ситуација на семафор на крајот од закривениот тунел при вксртување со сообраќајници во пад - кој сигурно ќе предизвика несреќи, а тука веќе нема компромиси! За ова всушност решението е кружен тек (кој од друга страна ќе дозволи полукружно завртување) кој можеби и на крај ќе има семафори, заради регулација во шпиц. Може да се користат секундарни средства (препреки врз подлогата, сигнализација) за забавување, но при поголем обем на сообраќај истите би се уништувале пребргу.

Доколку заради искористување на просторот под булеварот истиот се подигне, оваа клучка би станала поголема, но не е невозможна.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 22-Sep-2010 at 17:46
Младен како ми го кажа ова да ги извлечам пешаците, како да јас го цртам гуп-от. Всушност и го поддржува решението од ГУП-от. Нема потреба од такво извлекување. Премин над пругите горе ќе треба да биде и премин преку Јужен булевар, преку насипот и преку десетина колосеци во депото. 300 метри премин во ситуација кога може за многу малку пари да се добие истото наместо да се дуплира и трошоци и работа. Мислам дека се работи за некој страв од ново, некоја блага параноја за безбедноста, што од несреќи, што од криминал. Нема врска тоа што е тунел и што има раскрсница на излезот. Раскрсницата ќе си биде како и сите нормални раскрсници низ градов. Пешаците и велосипедистите не сметаат воопшто. Ништо нема да се забрза магично раскрсницата ако ги нема нив. Кружен тек наместо класична раскрсница, што знам. Може и тоа да е прифатливо. Не располагам со податоци за проточност на кружни текови, знам дека некој процент е зголемена. Класична раскрсница ми изгледа како подобро решение да може да се менаџираат полесно интервалите, но па од друга страна класична раскрсница ќе бара да се гради и "трета лента" за вртење во лево, што ќе се рефлектира и врз ширината на тунелот минимално. Ионака тунелот има некој средишен простор за колонадата, но пред излез ќе треба благо да се прошири да се достигне некоја разумна ширина на раскрсницата. Кружен тек може и да е попрактично решение. А во однос на полукружното свртувањето, ако се размисли подобро, може и да не биде толку често со оглед што се работи за урбан автопат покрај кој и нема нешто многу содржини за кои можете да се одвоите, па го прави малку потребно полукружното свртување и може би и нема потреба да се страхува дека таква појава драстично ќе ја загуши раскрсницата. Во секој случај за раскрсницата останува добивката дека една е попроточно одколку две последователни, каква ќе биде не сум посебно приврзан за некое решение. Јас всушност мислам и дека не е нешто посебно потребна клучка тука иако живеам во близина, ја изработив скицата како можно решение доколку се констатира потреба од клучка, во контекст на предлогот на Кловер. Сепак мислам дека е а приори некоја одбивност во врска со стравувањата за тунелот кон нешто ново што не сме го виделе. После тоа полесно ќе си биде.


Edited by lslcrew - 22-Sep-2010 at 17:54
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 22-Sep-2010 at 19:47
Па сериозно ги разработуваш решенијата, повеќе и од самиот ГУП.

Значи, не постои блага параноја за безбедност (а не би ја занемарил, дури и да испаднам параноик) туку самиот тунел и двете денивелации би биле навистина долги и непријатни, а да не зборуваме за загадувањето внатре и чекањето на семафор на излез од тунел со две нагорнини од страните и подвозник напред. И не се работи за страв од ново, туку напротив, елементарно човечко чувство, бидејќи градот мора да биде прифатлив и за пешаците и велосипедистите. Дури и повеќе од тоа: на овој начин може да постои целосно друга патека за нив, која ќе почне во зеленилото помеѓу зградите во КВ, ќе прејде преку булеварот и колосеците, нудејќи панорамски поглед на околината, и ќе заврши во новопланираниот парк од ДУП на страната на Аеродром. Не постои причина тие да го следат колскиот сообраќај, а преку надминот, врската ќе биде појасна и атрактивна. Еве, бидејќи живееш таму, можеби го делиш моето мислење дека дивиот премин преку пругата (освен што изгледа тотално небезбедно) нуди убаво доживување на отворен простор и отсуство на врева, за разлика од движењето вдолж Првомајска нпр.

Од друга страна, ако гледаме инфраструктурно, лесен надмин е нешто што многу едноставно се изведува и не бара преголеми средства, бидејќи нема големи товари, а дополнително нуди можност за добар дизајн. Понатаму, во конструкцијата на тунелот ќе се јават дополнителни распони за пешаците - ако за возилата може да се помине и со 7 метра, сега би се отишло над таа рационална граница, па или би имале големи греди или уште еден ред столбови, како и дополнително осветлување за тие патеки. А раскрсницата дефинитивно е побрза без нив, не е нешто магично секако, но не треба да се занемари периодот на расчистување.

Ама сепак би сакал главен аргумент да ми биде како сето тоа би изгледало - малку ми е како некои од основните грешки на Модерниот урбанизам - воодушевен од брзината, заборава на хуманите димензии. Звучи како ГУП за Скопје, нели?

А кружниот тек со семафори е можеби најдобро решение: ефикасен во шпицови, а вон нив нуди оптимална брзина, со можност за успорување пред и после тунелот и спуштањето надолу од булеварот. Не требаат дополнителни ленти за престројување и има добри варијации за сите понатамошни потреби. И секако - пешаците и велосипедистите се целосно некомпатибилни со вакво решение, заради безбедност.

Edited by mladen_s - 22-Sep-2010 at 19:49
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 714
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 14-Jan-2021 at 04:26
Би ги заполил на почеток администраторите да го префрлат овој текст во друга соодветна тема доколку има отворена посебно, зошто побарав ама не најдов. Или па од други дискусии би било добро да се префрлат тука доколку сметате дека е соодветно. Мислам дека вака со одвоена дискусија повеќе ќе се крене свесноста за потребата од овој проект.

Неколку пати тука сум прочитал тука, а и од она што сум запознат, во ГУП на Скопје е планирано поврзување 2+2 помеѓу Првомајска и 3-та Македонска Бригада во делот кај Раде Кончар. Од авион се гледа дека ова е "недоречена" улица, никогаш неповрзана, а Аеродром и Кисела Вода не се споени цели 3 километра зашто ги дели железничкото депо.

Ова е искличително ефтин проект за градските власти и доколку некој чита би било добро да се замислат за реализација. Прво зашто не би чинел повеќе од 2-3 милиона, дури и ова мислам дека е претерана сума. Би се работело по принцип "dig & cover", не би се создавале никакви гужви во постоечкиот сообраќај на околните булевари додека се работи, и што повеќе се чека толку железничкиот сообраќај би растел. Така, да што порано се почне толку подобро. Па целата должина со спуштање и качување не би била повеќе од 300 метра. Кога можеше еден плоштад Скендербег што тотално немаше никаква сообраќајна логика него беше политички мотивиран проекти, што да неможе нешто што стварно е потребно, говорејќи од аспект на слично градежно решение. И кога можеше едно СК14 од незнам колку стотици милиони евра, што па да неможе овде едно вакво решение. Јас незнам како градските власти не се замислат за овакви проекти што ќе им донесат десетици илјади гарантирани гласови, ме чуди како воопшто не им паѓаат на памет како идеја.

Подолу една скица во прилог. Црвените зони се населби кои последниве десетина години го имаат дуплирано бројот на жители, ако не и триплирано, и градежната офанзива сеуште не застанува него допрва уште толку се разгорува. Право време е да се почне со овој проект.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12199
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 14-Jan-2021 at 15:53


Со оглед на тоа колку кружење има за сега да се стигне од Аеродром до Кисела Вода, или обратно, и колку притоа се преоптоваруваат непотребно засегнатите сообраќајници и крстосници, ова поврзување ако се гледа на вкупно ниво ќе се исплати многу брзо.

Секако, од позиција на Град Скопје полесно е да се направи Есенинова и да се труби дека е поврзување на Аеродром и Кисела Вода, а во пракса само минимално да се ублажи проблемот. Дефинитивно треба да се направи храбар чекор и да се изведе овој насушно потребен проект. Со оглед на тоа колку население е засегнато, верувам дека тука има одличен политички капитал, па не ми е јасно зошто тоа досега не е преточено во политичка волја.


Но тука гледано подолгорочно има една многу важна работа. Имено, мора да се обезбеди и заштити околниот простор за изведба на клучка која оваа сообраќајница ќе ја врзува со Јужен булевар. Особено сега кога направија глупости со клучките на Јужен булевар во Центар, оваа нова клучка е апсолутно неопходна.

Еве да објаснам подетално:
Дури и во првичниот план, на сегментот помеѓу Булевар Србија и Бихачка (должина од околу 3 километри), немаше влезно-излезна клучка за Јужен Булевар. Но сега, со дебилната модификации на двете клучки во центарот, ситуацијата е значително влошена. Сега возило не би можело да се вклучи на Јужен булевар никаде на просторот помеѓу Булевар Србија и Нова Македонија. Во обратен правец, возило не може да се исклучи на целиот тој сегмент. А тој сегмент е долг 4 километри!!!

Јужен булевар не смее вака да ги „изигнорира“ деловите од Кисела Вода и од Аеродром што му се во непосредна близина. Оваа клучка што треба да се зацрта би била од секојдневно огромно значење за простор кој опфаќа барем 50.000 жители. Јужен булевар не ни е потребен само за да можеме брзо да стигаме од Драчево до К4, или од Сарај до Лисиче. Јужен булевар мора максимално да го користи својот потенцијал.

Еве и визуелно за што зборувам. Со портокалово се сегашните планирани клучки, а помеѓу нив е дупката од 4 километри што тотално ги игнорира Кисела Вода и Аеродром. Со црвено е клучката што е потребно да се испланира токму на локацијата кадешто сообраќајно ќе се поврзат Аеродром и Кисела вода, тоа воедно да биде и врска со Јужен булевар. Просторот е малку кнап, па тоа диктира клучката да биде некој тесен „дијамант“ (слично на Естекада во Автокоманда, како што имам скицирано поназад), или „SPUI“ клучка, или модифициран „SPUI“ како тоа што пишал lslcrew, односно раздвојување на коловозите на Јужен булевар и сместување на клучката измеѓу... Ако имам време ќе ги скицирам можниве решенија.

Во секој случај, тоа што просторот е кнап треба да биде баш поттик што побрзо Градот и Општина Кисела Вода да се посветат на оваа тема и да заштитат максимален можен простор за добро сообраќајно решение, а не да се вцртаат и градат нови објекти токму тука!





Edited by Cloverstack - 14-Jan-2021 at 18:21
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2446
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 14-Jan-2021 at 16:35
Дали депото мора да е тука? Не може да се пресели во Трубарево, сосе цела индустриска зона?

Оваа врска и мостот на последна 5ка, кој на Фејсбук доста луѓе го бараат, се многу битни за источно Скопје и носат доста гласови. Со урбанизација на Расадник и касарната, може да се размисли и за уште една која би ги поврзала Расадник и хотел Русија.

Како планираат да ја решат раскрсницата кај Тутунски по продолжувањето на Јужен? Сегашната скица во Урбани булевари е само за тунелот.



Edited by Staro Skopje - 14-Jan-2021 at 16:36
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 714
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 14-Jan-2021 at 17:42
Аа, веќе имало отворено посебно, супер, не успеав да најдам дека се разговарало, а сигурен бев дека тука имам прочитано. Добро што е префрлено.

Кловерстак добро го елаборирал проблемот со поврзување со јужен булевар. Може би во ова време е паметно да се размислува за future-compatible решение за тунелот, односно нешто што сега за сега ќе биде само тунел за поврзување на Првомајска и 3та Македонска Бригада, но во иднина ќе може да се догради и клучка без да треба да се рушат делови од тунелот, како потпорни ѕидови, нагиби за влез/излез и слично. Едноставно, се вика добро планирање, и изведба.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 714
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 14-Jan-2021 at 22:57
Еве извадок од изборната програма на актуелниот градоначалник, сепак имало најава. Досега ништо направено.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2446
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 14-Jan-2021 at 23:08
Штета што многу придонесувачи веќе не се активни на форумов
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4919
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 15-Jan-2021 at 10:16
Дечки, пробав да актуелизирам една стара нишка што ја имавме за изборни програми и ветувања (со оглед на тоа што сме во изборна година), ако сакате постирајте таму. Побарав од админите да го сменат насловот. (http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=566&PN=2)
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 714
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 24-Jan-2021 at 20:39
Скопскиот железнички прстен, само како илустрација дека доколку се гради оваа сообраќајна врска Кисела Вода - Аеродром со метода "Cut & Cover", за време на изградбата воопшто не би имало прекин во железничкиот сообраќај, и не е толкава штета да се прекине кругот на неколку дена. Дури и депото во Кисела Вода би било целосно достапно од другата страна преку железничкиот прстен.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.