build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Моторни гарнитури

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 41>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12634
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Моторни гарнитури
    Posted: 15-Jul-2019 at 10:07
Анѓушев: Половина од новите кинески возови се неисправни, се водат постапки во институциите

Вицепремиерот, Кочо Анѓушев, откри денеска дека се неисправни половина од шестте воза кои ги набави претходната Влада, а дека ниту еден воз не го поминал техничкиот прием. Анѓушев рече дека возовите не ги задоволувале условите, поради што се водат и постапки, додаде, во надлежните институции.

-Од шест гарнитури дојдени од Кина за патничкиот сообраќај половина се веќе неисправни. Договорите се такви да треба да се одржуваат во Кина. Тука треба јавноста да знае дека тие се уште не се ниту технички примени. Убаво што се возевме, убаво што ги видовме, но не се технички примени затоа што не ги задоволуваат условите по договор, затоа има постапки што ги водат институциите – рече Анѓушев.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ инаку ги набави возовите во 2015 година, за близу 25 милиони евра, а државата парите ги обезбеди од кредитот на ЕБРД.

Што се однесува до договорот за локомотите, напомена тој, четири исто така требаше да пристигнат од Кина.

-Првата требаше да пристигне во јануари 2018, а тек сега пристигнува, врз основа на договори од 2016 година. Тоа јавноста треба да го знае – додаде Анѓушев.

Вицепремиерот посочи дека Македонски Железници е во тешка и незавидна финансиска состојба со долг од 80 милиони евра, не сметајќи ги тука каматите.

-Нови набавки во железницата не треба да има затоа што Железницата, ние мора отворено да кажеме, има над 80 мил евра долгови без камати. Железницата е во многу тешка состојба која што е наследена и предизвикана од ваквите потези, мислам дека таквите информации со јавноста треба да бидат споделени. Излезно решение во Железницата, ние го најавивме веќе, е во делот на Транспортот. МЖ Транспорт треба да оди во приватизација. Треба да се најде оператор кој што тоа соодветно ќе го прави пред се обезбедувајќи нови ликвидни средства. Ако сакаме Железницата да ги задоволи стандардите треба да се инвестираат 50 милиони евра. Инфраструктурата и пругите треба да останат во сопственост на државата – рече Анѓушев.

https://fokus.mk/angushev-polovina-od-novite-kineski-vozovi-se-neispravni-se-vodat-postapki-vo-institutsiite/?fbclid=IwAR0CrRJfotiSHrswhmQavVAFU-FipqBrJGfmehVD7pdUrktpxs4jSrdfRXo
За сè има вторпат
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 20-Dec-2018 at 22:09
Originally posted by Тркало

Вечерва една дизел гарнитура е во Кичево.
Мислам дека е "премиера" ?


Сигурно е премиера. По возен ред на таа релација стои дека сообраќа дизел локомотива со патнички вагони. Можеби сакаат да ја тестираат и на таа пруга. Сепак, ако натаму е пуштена, тогаш накај Кочани сообраќа стариот Шпанец .

Веќе пишав погоре дека МЖ можат да направат многу подобар возен ред, со повеќе поаѓања, а пак да се засноваат на постојните возни средства.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1130
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 20-Dec-2018 at 21:28
Вечерва една дизел гарнитура е во Кичево.
Мислам дека е "премиера" ?
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 01-Dec-2018 at 16:30
Освен новите кинески гарнитури (кои во моментов не се сите исправни и не сообраќаат), МЖ-Транспорт на почетокот од годинава на располагање има само еден од старите дизел и електро моторни гарнитури за сообраќај 712-101/102. Другата гарнитура 712-103/104 возела до 2017 година. Вкупно имаме 4 Горбачов гарнитури и 6 Шпанци гарнитури.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12071
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 02-Oct-2018 at 16:41
Во прво си. И старите така беа нумерирани, ама од пуста желба за повеќе гарнитури скроз заборавив.

Bonk


Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4531
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 02-Oct-2018 at 15:02
Ако не се лажам, 411-101 411-102 е истата, само едната бројка е напред другата назад, па 411-103 411-104 е втората, со едната бројка назад другата напред.

А за дизелките важи истото правило.

Затоа и ти се гледаат повеќе отколку што се, а бројките ти изгледаат хаотично.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12071
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 02-Oct-2018 at 01:18

Дали имаме 3 нови електро-моторни гарнитури??? Колку што се сеќавам, според информациите што циркулираа купивме 2 електро-моторни и 4 дизел-моторни... Но според нумерацијата излегува дека се 3 електро (411-102, 411-103, 411-104... а и зошто побогу е скокнат бројот 411-101?)


EMU  411-102






EMU  411-103








EMU  411-104







Еве и три од дизелките (711-002, 711-004, 711-005). Ваљда овие се четири вкупно, но која фали на сликиве? И повторно прашање, зошто не почнуваат од 001 па по ред до 004? И зошто електричните се нумерирни со прва цифра 1, а овие се со прва цифра 0?


DMU  711-002





DMU  711-004






DMU  711-005




Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 29-May-2018 at 13:33
Previous
 
Не се виновни маркетинг агенциите, виновна е` Македонски Железници Транспорт - компанијата која ги менаџира и одржува возовите и која го дозволила ваквиот маркетинг.
 
Мислам дека кога сценарио од научна фантастика би се реализирало, па добиеме и хипер-брзи возови, односно hyperloop, повторно типичниот македонски менталитет ќе доминира врз најсовремената технологија на денешницата.


Edited by Dexter26 - 29-May-2018 at 13:33
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 29-May-2018 at 10:13
Не знам до кога ќе брендираат возовите и автобусите ала тотал маркетинг. Ужасно е за патниците внатре, не можеш да гледаш нанадвор кон природа, но и најважно не можеш да забележиш на која станица треба да се симнеш. Буквално како сардина се чувствуваш. Многу грдо и алчно изгледа од маркетинг агенциите.
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 461
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 23-May-2018 at 18:13
insta @anthony_skopje


Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 25-Dec-2017 at 18:29
За одржување на возовите е потребна голема сума на пари. По неколку години сообраќај, секоја локомотива мора да се оди на една обнова. Тоа го викаат средна оправка, но чини десетици илјади евра и за обичен вагон, а не пак за дизел моторна гарнитура. Ако се има пари, овие гарнитури се праќаат на средна оправка, а ако се немаат пари, тие сообраќаат се до оној момент до кога не им откаже некој поважен дел. Тоа е тоа. Во моментов немаат пари ниту за исплата на плата, т.е. вака е веќе едно две-три години.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1130
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 25-Dec-2017 at 15:17
Пред некое време налетав на вести од локална тв во Кочани за премиерата на Кинезите на таа пруга.

Ама не биле сигурни дали ќе стигнат воопшто оти делот од Соколарци до Кочани бил најлош од целата лоша пруга, потребно било дополнително набивање под пругата.

Исто и за Кичево, не знам дали имале премиера.Овие два правци се доста запоставени, барем за патнички сообраќај.Ајде за Кочани не се нешто конкурентни со времето на патување (имаме експрес линии за 2 саати до Скопје, 2:50 е со воз),ама кон Кичево е и побрзо од автобус, иако е поголема километража преку Радуша.
За споредба,временски Кичево Гостивар со воз е 37 мин.,автобус 50 најмалку без пауза на Стража.Пред 30-тина години средношколците (и студентите до Скопје) редовно патувале со воз меѓу овие две места, имало по 6,7 дневно.
Сега со набавка на нови гарнитури логично би било да зачестат линии на овие правци, барем 4 дневно за некакви комбинации одење и враќање во ист ден.
АМА во озбилна држава, кај нас му ******** на Шпанците.




Edited by Тркало - 25-Dec-2017 at 15:26
Back to Top
mon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Dec-2009
Location: Europa
Online Status: Offline
Posts: 694
  Quote mon Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 25-Sep-2017 at 20:32
Originally posted by BOJAN

   Проблемот со алкохол во железница е

... или едноставно човекот ја користи својата пауза за еден мал одмор
кој впрочем на овој начин го користат голем број на професионални возачи.
.
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 25-Sep-2017 at 09:57
Originally posted by Тркало

Државна фирма...


Инаку, ова да не е во кинезите сликано?
http://www.motika.com.mk/mojata-chudesna-makedonija-2/


А на кое друго место може да се случи ова? Проблемот со алкохол во железница е
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1130
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 24-Sep-2017 at 22:09
Државна фирма...


Инаку, ова да не е во кинезите сликано?
http://www.motika.com.mk/mojata-chudesna-makedonija-2/

Edited by Тркало - 24-Sep-2017 at 22:50
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 23-Sep-2017 at 20:28
Еве ја и 712-101/102 на попладневниот воз за Кочани:

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 23-Sep-2017 at 20:26
Како што веќе напоменав, многу сум загрижен за состојба во која се наоѓаат дизел моторните гарнитури Шпанец. Како што напоменав, 712-105/106 е исчерупана и оставена пред депо Лисиче. Еве фотографии од неа. Во возна состојба со сигурно е 712-101/102 што сообраќа кон Кочани. Денес ја фотнав. Кон Куманово и Велес сообраќа 712-103/104, но подолго време ја немам видено и 712-107/108.

Дали е возможно за толку кратко време од четири постари гарнитури во возна состојба да сме се свеле на само две? Новите кинески гарнитури во моментов трчаат кон Битола и Гевгелија, ама ако една отиде на поправка, ќе мора да се вклучат старите возови. Не ми е јасно како е можна волкава негрижа за возовите да има. Просто неверојатно!










Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 03-Sep-2017 at 18:53
На релација Скопје-Битола-Скопје сообраќаат единствено новите кинески гарнитури. Патував со утринскиот воз и можам да кажам дека се поредовни, што е нормални бидејќи се работи за нови гарнитури. Штета што е укинат петтиот воз меѓу овие два града. Наместо ноќниот воз што претходно сообраќаше, треба да воведат еден пладневен со поаѓање од Скопје околу 11 часот и од Битола за Скопје со поаѓање околу 16 часот. Мислам дека ова би им било добитна комбинација.

Инаку, кон Гевгелија исто така на патничките возови сообраќаат само новите гарнитури, со двете електромоторни гарнитури се покрива и нешто од возовите кон Велес. Старите Шпанци сообраќаат кон Кочани и Велес(???), а еден од неодамна реконструираните возови „Хераклеја“ (712-105/106) е целосно распаран и касиран во депо Лисиче. Каква штета, по само неколку години од вложување во телевизори, камери, нови мотори...

Генерално земено, во возовите има малку патници. За Битола околу 100, максимум 150 патници беа. И тоа патував во ден кога има бесплатни карти за млади. Пред само 4-5 години со воз накај Битола одеа по 5 вагони со преку 300 патници...
Back to Top
sase View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Apr-2015
Location: makedonija
Online Status: Offline
Posts: 344
  Quote sase Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 23-Mar-2017 at 00:46
Back to Top
sase View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Apr-2015
Location: makedonija
Online Status: Offline
Posts: 344
  Quote sase Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 23-Mar-2017 at 00:45
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 41>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.277 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.