build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Моторни гарнитури

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 41>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1899
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 19-Apr-2014 at 02:32
Јас велам дека би требало да ја прифатат понудата од Швејцарците иако не знаеме што точно нудат за тие пари. Да видиме што нудат па да знаеме. Тоа што е Кинеска компанија незначи неквалитет!? Па сите наши уреди по дома се произведени во кина па никому ништо.
Него работата е да добиеме квалитет и удобност ,за 500 илјади евра разлика да не добиеме некој тежок фушерај.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 19-Apr-2014 at 11:25
Да се разбереме, кинеската компанија нема никакво искуство со европскиот пазар, барем со околните земји, и тоа ќе биде голем проблем во однос на натамошното сервисирање на гарнитурите, ова е моето мислење. Наспроти нив, швајцарците веќе имаат возови во Грција и во Унгарија, а и Србија купи возови од нив.

Не велам дека кинеските возови би биле неквалитетни, но треба само мало пребарување по интернет за да се види кој ги купува гарнитурите на Штадлер, а кој од ЦСР. Мислам дека не треба да си го дозволиме украински ЛАЗ и во железницата бидејќи сумата што ја бараат двете компании на тендерот е речиси идентична.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 814
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 19-Apr-2014 at 11:27
Јас мислам дека освен цената и наводниот квалитет односно неквалтите на производите од едниот во однос на другиот произведувач, треба да се има на ум и одржувањето, достапност и цена на резервни делови. Реално резервните делови од Швајцарците ќе бидат подостапни ама не и поевтини, иако кинеските делови ќе треба да се транспортираат. Освен тоа сервисирањето чинам ќе биде поквалитетно и полесно ќе се организира од швацарската фирма него од кинеската.
Се на се има многу за и против аргументи за едните односно другите.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 19-Apr-2014 at 18:22
Originally posted by Dexter26


Previous  Истата таа пластика, можеби не од кинеско производство, ја има и кај единечните градски автобуси од скопски Санос, тогашен ФАС 11 Октомври, со МАН шасии и со логото на МАН, произведени во втората половина на 1990-те години, кои сеуште се во сообраќај

ОТ:Пластиката е на седиштата, рачките и некои ситници во ентериерот како копчиња и тастери на командната табла.Моторот е на МАН, трансмисијата на ZF (исто така германски производител), шасијата е на Санос, прозорците на Сигурносно Стакло-Прилеп...
Друга работа е дека ако е кинеско по логика да е неквалитетно, не е така.

А трето, не знам зошто не подразмислија за хрватските ЕМВ/ДМВ на Кончар/Гредељ, тука ни се во комшии и сосем пристојни гарнитури

Edited by Тркало - 19-Apr-2014 at 18:25
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 19-Apr-2014 at 19:02
да,ама сега немаме договорна политика туку пазарна,па кој победи на тендерот тој добива(доколу зад завеса сепак некој не спроведи `договорна цена`)
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3831
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 19-Apr-2014 at 19:27
Jas mozam da kazam deka svajcarska rabota e cisto rabota! Tesko da se najde fusheraj kaj svajcarskata rabota. Sega ne mozam da garantiram, ne se znae ama jas bez zborovi bi se odlucil za svajcarskata ponuda!
Back to Top
MIKI1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Jan-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 293
  Quote MIKI1 Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 20-Apr-2014 at 22:28
,
Originally posted by Dexter26

 Previous
 
Истата таа пластика, можеби не од кинеско производство, ја има и кај единечните градски автобуси од скопски Санос, тогашен ФАС 11 Октомври, со МАН шасии и со логото на МАН, произведени во втората половина на 1990-те години, кои сеуште се во сообраќај низ скопските улици и планирано е да останат во сообраќај заедно со единечните нископодни градски автобуси од украински ЛАЗ и со двокатните нископодни градски автобуси од кинески Јутонг.
 
Истата таа пластика ја има и кај украинските единечни нископодни автобуси од украински ЛАЗ, ја има и кај последните единечни градски автобуси произведени во Санос пред да престане со работа, како што е темно сивиот единечен градски автобус кој сообраќа на приватната линија број 45, како и кај ред други градски автобуси, односно автобуси кои се наменети исклучиво за градски јавен превоз.
 
Возовите се друга приказна, но лично воопшто нема да ме изненади доколку биде прифатена кинеската понуда само бидејќи е поевтина, а несомнено и помалку квалитетна во споредба со швајцарската понуда.
 
Инаку, кога сме кај двокатните нископодни градски автобуси од кинески Јутонг, се покажаа и докажаа како многу поудобни во споредба со единечните нископодни градски автобуси од украински ЛАЗ, чија што единствена предност е капацитетот на патници, додека од гледна точка на удобност, а и од гледна точка на издржливост на скопските летни горештини, автобусите од украински ЛАЗ се покажаа и докажаа како автобуси со тапа квалитет.

Мој став, заснован на секојдневното користење градски превоз/автбуси, е дека и кинеските катни и украинските едноподни автобуси се тешко невидено ѓубре. Нивната (меѓусебна) споредба може да каже дека кинеските се покажаа како поиздржливи, но генерално, тоа не ја менува сликата за автобусите од ЈСП, кои не можат ни оддалеку да се споредат по трајноста (не по комфорот) со автобисуте кои беа прозиведени од ФАС.


НО, овде тема се возовите, а не автобусите од ЈСП.


Начелно, кинеска, тазе и непроверена техника за „еднкократна употреба„, купуваат само сиромашни земји, кои не го гледаат есапот во целина (трајност, делови, одржување...), туку битно им е во моменот на набавката да поминат „поевтино„ а таа евтиност, долгорочно се покажува како скапост: сиромавиот плаќа два пати.

Back to Top
MIKI1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Jan-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 293
  Quote MIKI1 Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 20-Apr-2014 at 22:32
Originally posted by Тркало

Originally posted by Dexter26


Previous  Истата таа пластика, можеби не од кинеско производство, ја има и кај единечните градски автобуси од скопски Санос, тогашен ФАС 11 Октомври, со МАН шасии и со логото на МАН, произведени во втората половина на 1990-те години, кои сеуште се во сообраќај

ОТ:Пластиката е на седиштата, рачките и некои ситници во ентериерот како копчиња и тастери на командната табла.Моторот е на МАН, трансмисијата на ZF (исто така германски производител), шасијата е на Санос, прозорците на Сигурносно Стакло-Прилеп...
Друга работа е дека ако е кинеско по логика да е неквалитетно, не е така.

А трето, не знам зошто не подразмислија за хрватските ЕМВ/ДМВ на Кончар/Гредељ, тука ни се во комшии и сосем пристојни гарнитури


Да, се чини дека хрватските возови не се земени во предвид, иако се поблиску и од Кина и од Швајцарија, а сигурно е дека се произведени по европски а не фушерајски стандарди за квалитет.


На еден соседен форум за возови, имаше коментар дека тие гарнитури се покажале како прилично тешки при користењето, но не знам што точно подразбира авторот под таа нивна маана. 



Edited by MIKI1 - 20-Apr-2014 at 22:33
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 21-Apr-2014 at 09:47
И хрватските гарнитури не се за фалење, бидејќи тие се првиот производ од овој вид што го Кончар/Гредељ им го нудат на пазарот. Не би сакал да ни се случи нешто како постоечките Шпанци, да земеме возови што ќе ги тестираат на нас.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1899
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 21-Apr-2014 at 14:22
Па добро тогаш би можеле да земеме Шкода двокатни кој се одлични и прилично комотни. Овие се тестирани. Не верувам дека цената би им била многу различна од овие на Швејцарциве и на Кинезиве.
Back to Top
MIKI1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Jan-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 293
  Quote MIKI1 Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 21-Apr-2014 at 21:40

Низ нашите тунели, со постојниот профил, би се протнале двокатни возови?

„Шкода„ е фирма во подем и на пазарот за железнички возила, а има зад себе и прилична и завидна традиција па би било нечесно да не биде земена во предвид. 

Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1899
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 21-Apr-2014 at 22:46
Висината и е 4635 мм на електричната и овие двокатни се дизајнирани за веќе постојни тунели , така да не гледам причина зашто не би ги собрало.

Еве една слика каде што нормален вагон и ваква гарнитура се споени па може да се забележи дека разликата е многу мала.


Back to Top
MIKI1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Jan-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 293
  Quote MIKI1 Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 22-Apr-2014 at 00:43

Тамам: подобро „Шкода„ отколку некој „кинез„.

Не знам што нудат швајцарците и што е од нив земено во предвид, а за можна набавка од наша страна...

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12198
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 26-May-2014 at 18:57
P1712-108 between Bogomila & Prilep

DMU class 712 number 712-108 ground to a halt between Bogomila and Prilep when working the 14.30 service from Skopje to Bitola with an air supply problem on 14th May 2014. All the passengers were ordered to detrain while the crew made running repairs. After an hour, they managed to restore the air supply and the train continued through to Bitola.

P1712-108 between Bogomila & Prilep by Mike Steadman, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 06-Aug-2014 at 13:54
712-107

Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 333
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 05-Sep-2014 at 23:38
29-08-2014 год...СЕГА ПАК ЛИ Е ВИНОВНА ЖЕЛЕЗНИЦА ??? ЗА ВАКВИ ИДИОТИ САМО ЌОТЕК НА ЛИЦЕ МЕСТО ПА ОТПОСЛЕ ВИКНИ ПОЛИЦИЈА !!!



Edited by zookisk - 05-Sep-2014 at 23:40
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 06-Sep-2014 at 00:35
не може да оставиме све во земјава да скапува со изговор дека тука живее стока... исто колку што треба да се казнуваат вандалите, толку треба и да се санира стореното... најефикасно и адекватно решение е да си има обезбедување, па секој што ќе биде фатен на дело да си плати глоба соодветна на штетата, а ако не може, општокорисна работа да му биде да ја поправи
ако никој не ги брка и фаќа сторителите, тогаш железниците ќе си ја сносат одговорноста затоа што тоа се нивни возови и за нив треба и да се грижат


Edited by zabegan - 07-Sep-2014 at 19:08
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12198
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 13-Oct-2014 at 10:03
MŽ Depot Skopje by Kosrail, on Flickr

MŽ Depot Skopje by Kosrail, on Flickr

MŽ Depot Skopje by Kosrail, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 13-Oct-2014 at 19:48
[QUOTE=Џоле]

MŽ Depot Skopje by Kosrail, on Flickr

Од ова масло на времето од 12 големи багери во РЕК Осломеј,зарибаа 11.Сега е на ред железницата за некој да се офајди дебееело,за сметка на неколкумилонска штета.

разликата е само во што тогаш беа други на власт(т.е. земачите на провизии).тендерашот е вероватно истиот
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 14-Oct-2014 at 20:23
МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ
В година Македонците ќе се возат во вакви возови (ФОТО)
Во август наредната година треба да пристигне првата од вкупно шесте патнички железнички гарнитури за кои АД „Македонски железници – транспорт“ потпиша договор со кинеската корпорација ЦСР.
Набавката опфаќа четири дизел и две електропатнички гарнитури, кои се со сите современи стандарди. Со ова, велат во МЖ во голем дел ќе се подобрат условите за патниците во железничкиот сообраќај.

Новите патнички гарнитури се со вкупен капацитет од околу 1.200 патници, односно секоја може да превезе по 200 патници и предвидено е тие да се користат на најфреквентните линии.

Возовите ќе бидат целосно климатизирани, опремени со вакуум-тоалети, енергетски ефикасни, ќе ги задоволуваат сите безбедносни стандарди како и стандардите за превоз на лица со ограничена мобилност односно ќе бидат направени согласно со техничките стандарди за интероперабилност на Европската Унија.

Проектот за обновување на возниот парк во железницата кој се спроведува по 35 години чини 50 милиони евра и освен набавката на патнички гарнитури опфаќа и набавка на 150 товарни вагони и репарирање на десетина постојни локомотиви за патниците во железничкиот транспорт.

Паралелно со ова, во тек се и неколку проекти за подобрување на железничката инфраструктура, меѓу кои и ремонтот на вкупно 54 километри на три делници од железничката пруга на Коридорот 10, изградба на пруга на делницата Куманово – Бељаковце на Коридор 8, рехабилитацијата и модернизацијата на железничката станица во Скопје, како и надградба и реконструкција на 10 поголеми железнички станици на Коридорот 10, инсталација на опрема за радиодиспечер и опрема за автоматска регулација на брзината на возовите.



и овие се `скинати` слики и малку кропнати:








http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/dogodina-kje-se-vozime-vo-vakvi-vozovi-foto#1
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 41>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.171 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.