build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Моторни гарнитури

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 40>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Моторни гарнитури
    Posted: 15-Sep-2010 at 16:44
Електро моторни гарнитури МЖ 412 - RVZ-Riga или познат како „Горбачов“ првата гарнитура пуштена во 1986 година МЖ сега има/ла:



МЖ 412-053 / 412-054 вагони МЖ B 416-053 / B 416-054 = оранж гарнитура + 1 плава (оранж МЖ 412-054 запалена)
МЖ 412-055 / 412-056 вагони МЖ B 416-055 / B 416-056 = плава гарнитура

МЖ 412-057 / 412-058 вагони МЖ B 416-057 / B 416-058 = плава гарнитура, вон употреба
МЖ 412-059 / 412-060 вагони МЖ B 416-059 / B 416-060 = плава гарнитура, вон употреба

* моментално едната гарнитура (оранж) сеуште е на оправка во депо Лисиче.



Дизел моторни гарнитури МЖ 712 - Макоша или познат како „Шпанец“ првата гарнитура набавена во 1975 год. потоа сукцесивно се набавувани од тогаш МЖ има/ла:



МЖ 712-101 / 716-101 / 712-102
МЖ 712-103 / 716-103 / 712-104 ремонт
МЖ 712-105 / 716-105 / 712-106 моментално вон употреба
МЖ 712-107 / 716-107 / 712-108

МЖ 712-109 / 716-109 / 712-110 во обнова

* во возниот парк имало вкупно 19 вакви гарнитури


14-09-2010

Edited by Vladimir P - 15-Sep-2010 at 16:59
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3212
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 16-Sep-2010 at 10:35
Конечно нишка и за дизел и електромоторните гарнитури.

Владимир, велиш дека 712-103/716-103/712-104 е на ремонт. Дали се планира во брзо време да се пушти во сообраќај или ќе треба подолго време за да ја видиме во сообраќај оваа гарнитура?

Има ли некаков план за 712-105/716-105/712-106? Можеби обнова во Колска во Велес, бидејќи со секоја нова фотографија изгледа се пострашно, се плашам дека може да оди на касацијаDunno?
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 16-Sep-2010 at 10:54
Гарнитурата 103/105 би трбало да ја обноват брзо, но кога ни самите мајстори не можева да одговорат.

Гарнитурата 105/106 која стои испред халите во депо не верувам дека брзо ќе иде на обнова.(на нејзе чак и прозори и фалат од силните каменувања)

Јадни во МЖ-Транспорт незнаат каде прво да закрпат и што попрво да обноват.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 16-Sep-2010 at 12:52
Originally posted by Vladimir P


* моментално едната гарнитура (оранж) сеуште е на оправка во депо Лисиче. 

Претпоставувам исто така ќе ја унифицираат по боја (вметнатиот плав сегмент)
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3212
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 17-Sep-2010 at 09:33
Најбитно е да ја поправат и да вози, а за бојата се надевам дека ќе се смени кога ќе ја испратат на модернизација(обнова) во Србија(НЕКАДBig%20smile).
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 17-Sep-2010 at 18:26
Originally posted by BOJAN

Најбитно е да ја поправат и да вози, а за бојата се надевам дека ќе се смени кога ќе ја испратат на модернизација(обнова) во Србија(НЕКАДBig%20smile).

Ма нека се поправи, а за боење, за жал кога ќе и дојде време.
И така брзо најпознатиот возо-дизајнер KANG брзо ќе го постави своето дело
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3212
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 18-Sep-2010 at 09:29
Не знам зошто не се решат во МЖ оваа моторна гарнитура, но и другите да добијат реклами однадвор. Еве да речеме, сигурно некој од мобилниве оператери ќе се заинтересира, се работи за патнички воз кој собира многу патници и цел дел кружи низ државава. МЖ ќе добие среден Горбачов однадвор(а можда и одвнатре), а компаниите бесплатна реклама на подолг период.
Back to Top
BullDoG View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 14-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 86
  Quote BullDoG Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 17-Nov-2010 at 12:57
A dali ima nekoj informacija za incidentot sto se sluci pomegu Orasje i Radusa poveke za toa?
Dali "spanceot" ima nekoja pogolema steta?
Back to Top
mfslaff View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Кичево
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote mfslaff Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 18-Nov-2010 at 10:29
Возот 6901 што се обраќа на релација Кичево-Скопје со моторна гарнитура 712/107-108 во Стојалиште Ораше удри во говедо.Гарнитурата е однесена во депо Скопје со мали оштетувања на ралник .По преглед и поправка пуштена е во сообраќај
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3212
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 18-Nov-2010 at 12:15
Значи сепак 107/108 поминала без големи оштетувања, иако очекував дека можеби ќе има поголеми оштетувања од овој судир. Во таа насока е и моето прашање, дали некој знае од каков материјал се направени управувачките кабини на Шпанците?

Неодамна гледав фото-репортажа од фабриката Метровагонмаш во Москва, каде што се подготвуваат и новите дизел моторни гарнитури за српските железници, при што се објаснува дека за разлика од металната конструкција на трупот од гарнитурата, предните делови од двете страни се додаваат на трупот на гарнитурата(не се сеќавам дали се работеше за посебен вид на пластика или друг материјал).
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 30-Nov-2010 at 00:13
Воз i-R 1911 Велес - Скопје, МЖ 412-056



Иначе гарнитурите се од нормални железни профили обложени со плех, никакво посебно обезбедување,
Ќе се потрудам и фото да постирам
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3212
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 30-Nov-2010 at 11:33
Владимир, а дали има разлика во изработката на кабината на машиновозачите од остатокот на гарнитурата? Како се заштитени овие гарнитури од поголеми сообраќајни несреќи, да речеме од судир со камион?

И уште нешто, што се случува со портокаловата гарнитура 412-053/054, долго време е вон употреба?
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 30-Nov-2010 at 12:53

Нема никаква разлика.
Иначе некое да кажеме обезбедување е самата шасија која е доста крута и висока, така да за мали судари со ниски објекти може да послужи. Секако ова не е пресудно.

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
mon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Dec-2009
Location: Europa
Online Status: Offline
Posts: 576
  Quote mon Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 03-Dec-2010 at 10:10
Edna tehnicka ispravka ako dozvoli Vladimir Yes
Fotografijata go prikazuva JZ 714-009 koj podocna (mozebi) postanal MZ 712
a ne MZ 712 koj porano bil 714.
 
Bi prasal, dali e sigurno deka ova vozilo bilo restavrirano i pusteno vo upotreba kako MZ?
Spored izgledot na fotografijava voziloto e pred kasacija...
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 03-Dec-2010 at 22:35
@mon, сите гарнитури кои порано беа ЈЖ-МЖ 714 по нивната „обнова“ го добива бројот 712, сликава што е од „отпадот“ во Колска - Велес кој служи за делови е исечен цел дел од оваја гарнитура и заменет на „новите“-обновените.

Еден пример, старата гарнитура со следниот број 714-010 е ренумерисана во 712-102
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
mon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Dec-2009
Location: Europa
Online Status: Offline
Posts: 576
  Quote mon Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 04-Dec-2010 at 00:23
E sega e mnogu pojasno Vladimir!
Thumbs%20Up
Ponekogas vredi od staro da se napravi novo medjutoa kolku dolgo toa "novo" ce trae
i ce bide upotreblivo nikoj nemoze so sigurnost da kaze...
 
Dali se znae tocnata brojka na motorni garnituri od site vidovi koi se upotreblivi vo momentov?
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3212
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 11-Dec-2010 at 19:18
Ова е само за Владимир:http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=4701!
Ај што Телма презела негова фотографија од Шпанецот, ама под неа напишале „Пелагонија експрес“ од шпанско производствоCrazyCrazyPoke!!!!

Ај што Телма, како и сите медиуми, ја презедоа погрешната вест од МИА во кој се вели дека возот од Битола поаѓа во 5:50 часот, па сега уште оваа глупост им требаше. Така ти е тоа кога во државната новинска агенција работат новинари-хонорарци за 5-6.000 денариBash.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 12-Dec-2010 at 11:48
Ајде да ја постирам веста и да ја искоменирам

ВО СООБРАЌАЈ СЕ ВРАЌА „ПЕЛАГОНИЈА ЕКСПРЕС“


„Пелагонија - експрес“ од шпанско производство

Со новиот возен ред во внатрешниот железнички сообраќај, кој стапува во сила на 12 декември, во редовен сообраќај се враќа возот „Пелагонија експрес“ кој ќе сообраќа на релацијата Битола – Скопје – Битола. Од Битола ќе тргнува во 5:50 часот наутро, а во Скопје ќе пристигнува во 8:17 часот. Во правец кон Битола од Скопје поаѓањата се во 17 часот, а пристигањата во Битола во 19:50. Попатно ќе застанува само во станиците Прилеп, Богомила и Велес. Возниот билет во еден правец, заедно со задолжителната резервација, ќе изнесува 317,50 денари, а повратниот 515 денари.

- Станува збор за воз кој ќе понуди и еден повисок квалитет на возење, но истовремено и удобност, соопшти од МЖ Транспорт АД Скопје.

Овој воз беше воведен во седумдесетите години од минатиот век, кога беа увезени неколку композиции од шпанско производство. Во тоа време „Пелагонија експрес“ беше брз, деловен воз, кој ретко доцнеше. Секој патник имаше резервација за патувањето со точно определен број на седиштето. Се водеше сметка за хигиената во возот, а тоа што е реткост за овие простори, стјуардеси служеа бесплатно кафе. Најголем број од патниците беа деловни луѓе и студенти, кои на пат тргнуваа наутро, а попладне се враќаа дома.

http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=4701!


Добро Бојане, пренесена вест и донекаде вистинита.

Иначе дека „шпанецот“ идеше на таа релација е потполно точно но за разлика од денес средната кола беше од 1 класа останатите од 2 класа сo стуардеси кои служева напитоци и делава бонбони.

Но денеска „шпанецот“ (од илустрираната слика) со годините што ги има неможе да го искачи тој успон кон Битола така да во овој случај ќе иде нормална гарнитура со вагони од 1 и 2 класа (кој моментално се обновуват во Колска) и ако го обноват единиот бифе вагонот до тогаш, иако не е назначен во возниот ред.

П.С. Тогаш имаше за Битола брз воз 591 во 8:23-11:23 и воз 181 во 16:00-19:27, кој застануваше на истите денешни станици. (погледате ја разликата од 27 мин на пладневниот воз, некое вкрстување или ...?)
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4391
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 12-Dec-2010 at 15:12
А има некоја информација колку ќе чини билет за прва класа на експресниот Битола-Скопје?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 687
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 12-Dec-2010 at 20:37
Зошто на сите слики и објави за Пелагонија експрес на слика е т.н. Шпанецот?  Пелагонија Екпрес е составен од : Локомотива 661-235 и 3 нови вагони.



Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 40>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.