build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Скопје
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 1963

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 234
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11441
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 27-Jul-2016 at 18:53
Зградата е урната (тешко оштетена) за време на земјотресот. Инаку, ја посетив изложбата во Музеј на Град Скопје што е посветена за земјотресот и солидарноста за повторната изградба на Скопје. Препорачувам кој може да ја посети зашто има некои досега необјавени фотографии од предземјотресно и постземјотресно Скопје, како и од акциите за изградба на градот.

Карта со новите населби кои никнале по земјотресот. До називот на секоја населба стои и знамето на државата што ја помогнала нејзината изградба. На пример, кој би рекол дека Бугарија ја помогнала изградбата на Кисела Вода?



Некои од новите населби:



Зградата на горниот лев агол првпат ја гледам:



Edited by Џоле - 27-Jul-2016 at 19:04
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 28-Jul-2016 at 11:50
Originally posted by CenterCityKid

Испаѓа според сликиве Палата Читкушеви не била разрушена во земјотресот (на сликата под Народната банка се гледа зградата од позади). Знае некој зошто е зградата урната?

Голем дел од зградите имале статички нарушувања кои не се видливи со голо око на фасадата, па морале да бидат срушени.
Не е исклучена можноста да се срушени зашто немале место во тогашниот план за новиот град, што е малку веројатно зашто дел од соседните згради не се срушени.

Originally posted by Џоле

Зградата на горниот лев агол првпат ја гледам:

Тоа е црквата св. Мина. Можеби е тешко препознатлива зашто на сите слики се гледаат само двете камбанерии, срушени во 1935.
Интересна изложба, не знаев дека СССР не донирал населба, туку „само“ фабрика за бараки.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7057
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 29-Jul-2016 at 00:00
фотографииве злато вредат

не сум знаел дека имало такво оштетување на објектот на НАМА, прв пат ја гледам состојбата на банката по самиот земјотрес, не знаев дека стариот саем се срушил во самиот земјотрес, и уште многу други работи...
обожавам да гледам фотографии од состојбата веднаш по земјотресот и фотографии од 1960-1963 затоа што ми разрешуваат многу мистерии и дезинформации (од чаршиски муабети) за состојбата на градов во тој период
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 09-Aug-2016 at 20:13

ден потоа

https://mk.wikipedia.org/wiki/Скопски_земјотрес_1963



~




Edited by beTon - 25-Aug-2016 at 09:41
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 11-Aug-2016 at 03:40



вардар филм - тиле&ко - 1963

https://vimeo.com/12027853#t=00h35m50s

http://www.tema1.net/?p=863 - ТОА мислел на градот или на реконструкцијата
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 11-Aug-2016 at 21:12



имаше некаде закачено на форумов и кодекс или прирачник за работни акции од тоа време

26.07.2013 - ЈУ акцијашите во Скопје по 50 години - покажаа како во 1963 се спасувале животи!

Јулска ноќ, Скопје пред самото изгрејсонце и денес 50 години по страотното и кобно утро може да се почувствува немирот на старата калдрма која останала да сведочи.. Половина век помина откако часовникот застана во 5 часот и 17 минути, но животот не застана.




Хуманоста на светот и духот на храброста и пожртвуваноста на акцијашите кои извлекоа доста живи луѓе од под урнатините и денес на симболичен начин беше пренесен. Акцијашите дојдени како некогаш од сите страни на поранешна Југославија во паркот подигнаа шаторски камп како оние каде се згрижувале скопјани по земјотресот и тука преноќија. Звуците на сирените ги потсетија на скопскиот земјотрес. Се построија во бригади и одадоа почит за настраданите со едно минутно молчење.

- Во овој наш камп присутни се нашите другари и акцијаши од Охрид и од бившите Југословенски држави. Има и поединци кои учествувале во расчистувањето на урнатините, рече Сашо Јовановски потпретседател на здружението Акцијаш од Скопје.

-Тоа се многу тажни спомени на тој настан. Градот беше разоран и имаше многу настрадани. Глетката беше страшна и сите се сочувствуваа со трагедијата и пружија несебична помош за сите луѓе на овој град- ваш и наш, рече Сибир Степановиќ секретар на клубот на бригадири од Ниш.

Во кампот ноќта ја помина и акцијашкиот брачен пар Стерјови Јованка и Перо.. За земјотресот чуле на акција во Белград и веднаш ги донеле во родниот град да помагаат во акциите за расчистување.

-Сликата беше страотна и беверојатна како во соништа да гледаме нешто страшно. Но моравме да се соземеме бидејки бевме дојдени да помогнеме во првите моменти по земјотресот. Останавме месец дена во акцијата за расчистување урнатините и погребување на загинатите, рече Јованка Стерјова акцијаш од Скопје.

- Од некаде 10 илјади скоро околу 8 илјади беа извлечени. Од тие 8 илјади имаше различни случаи и доживувања. Ние имавме другар кој беше студент по архитектура. Мајка му дојде и побара помош. Отидовме 7-8 души и ни покажаа во која зграда е затрупан. Го чувме неговото ехо и до раните зори со расчистување на греди и цигли го спасивме рече Перо Стерјов акцијаш од Скопје.

Како 18 годишен акцијаш на денешниот ден со многу емоции се потсетува и гевгеличанецот Патар Трајанов кој гордо ја носи и значката кое е признание за несебичната помош.

- Оваа значка е ударничка значка за учество и заслуга при расчистувањето и изградбата на Скопје 63-та, рече Петар Трајанов акцијаш од Гевгелија.

Акцијашите попладнето по маршот завршија кај стара железничка каде на остатоците од урнатините симулираа како некогаш од прав се воздигна Скопје.

http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=13341



Edited by beTon - 11-Aug-2016 at 21:12
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 13-Aug-2016 at 09:02
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 234

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.