build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Скопје
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 1963

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 4>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Скопје 1963
    Posted: 16-Sep-2010 at 11:01
Серијал фотографии од Скопје по земјотресот во 1963 година.
Фотографиите се превземени со љубезност на проф. Аброзиј (prof. Ambraseys) и ИЗИИС, а се придонес кон 14-та европска конференцијата за земјотресно инженерство одржана од 30 Август до 3 септември 2010 во Охрид.

1. Шема на распоред на штети по земјотресот од 1963 во Скопје


2. Скопје од птичја перспектива (август 1963)


3. Скопје од птичја перспектива (август 1963)


4. Веројатно до ГТЦ


5. Веројатно до ГТЦ


6. Веројатно до ГТЦ


7. Без коментар


8. Без коментар


9. Копање гробови за жртвите


10. Гробишта на жртвите


11. Август 1963


12. Уништена стара куќа од дрво и тула (во преден план), оштетена армирано бетонска седум катна зграда за домување (во заднина)


13. Близу хотел „Македонија“


14. Делумно срушен современ објект


15. Делумно оштетен современ објект


16. Рушење на ѕидана конструкција со бетонски меѓукатни плочи


17. Делумно рушење на објект на средно училиште


18. Рушење на приземјето на десниот објект (палачинка ефект), левиот објект претрпува само штети


19. Штети на левиот објект од претходната слика (зумирано), ѕидот во приземјето скоро па не се срушил


20. Терасата во приземјето од претходната слика, саксиите со цвеќе останале на оградата од терасата


21. Типично рушење во приземјето, ефект на мек кат (август 1963)


22. Типично рушење во приземјето, ефект на мек кат (септември 1963)


23. Типично рушење во приземјето, ефект на мек кат (август 1963)


24. Типично рушење во приземјето, ефект на мек кат, и привремено потпирање (септември 1963)


25. Лом во столбот, ефект на пластичен зглоб во дното на столбот (август 1963)


25. Шема на поместувања што ги претрпел објектот (септември 1963). Приземјето се поместило во хоризонтален правец 12.7 cm, а во вертикален правес 2.5 cm


26. Ресторанот „Победа“


27. Објектот на ЕСМ (ЕВН) позади Буњаковец (кај Конзулат на Грција)


28. Лом во приземјето, каркатеристични X пукнатини во ѕидаријата (март 1967)


29. Лом во приземјето, каркатеристични X пукнатини во ѕидаријата (март 1967)


30. Лом во приземјето, каркатеристични X пукнатини во ѕидаријата (март 1967)


31. Лом во приземјето, каркатеристични X пукнатини во ѕидаријата (март 1967)


32. Офицерскиот дом по земјотресот


33. Офицерскиот дом по земјотресот и за време на неговото рушење


34. Офицерскиот дом по земјотресот и почеток на неговото рушење


35. Стара железничка станица (август 1963) и народ кој чека да поминат Хрушчов и Тито


36. Посета на Хрушчов и Тито на постземјотресно Скопје (август 1963)


37. Објектот на фабриката за цигари


38. Проф. Адолф Циборовски со макетата за ново Скопје



Edited by medo - 16-Sep-2010 at 11:50
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2598
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 22-Sep-2010 at 22:38

Браво за фотките. Освен некои што ми се познати од порано (32, 33 и уште некои) другиве првпат ги гледам, и дознавам некои работи за градов, како на пример за тоа кои објекти се направени пред земјотресот.

Само би те исправил, мислам дека на слика 2 и 3 (од авион што се) им треба „флип хоризонтал“. Најверојатно слајдовите/негативите ги скенирале од погрешната страна.




Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 23-Sep-2010 at 12:34
Не сум знаел дека и Хрушчов тогашниот најмоќен лидер бил во посета по земјотресот. 
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 23-Sep-2010 at 13:43
Originally posted by fichot

Само би те исправил, мислам дека на слика 2 и 3 (од авион што се) им треба „флип хоризонтал“.
Во право си, а јас па се утепав гледајќи во сликите кога ги постираше medo и на крај заклучив дека предземјотресно Скопје сепак било многу поразлично отколку што имав впечаток  Doh
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 23-Sep-2010 at 20:33
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by fichot

Само би те исправил, мислам дека на слика 2 и 3 (од авион што се) им треба „флип хоризонтал“.
Во право си, а јас па се утепав гледајќи во сликите кога ги постираше medo и на крај заклучив дека предземјотресно Скопје сепак било многу поразлично отколку што имав впечаток  Doh
фала богу конечно да видиме слики кои докажуваат дека постземјотресните планови не се виновни за денешниот лик на Скопје и дека основата за таквите планови била поставена долго време пред земјотресот

Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 30-May-2011 at 17:08
Не знам дали некој досега го видел и постирал ова, ама мене ми изгледа ново:

http://dlpl.org/buildings-places?album=7&gallery=48
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 30-May-2011 at 21:40
Дали некој знае која е оваа зграда?
 
REF: DLPL-G48-028
28 слика
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 30-May-2011 at 22:10
Originally posted by Baze



Дали некој знае која е оваа зграда?
 
REF: DLPL-G48-028
28 слика

ГРЕШКА нема такво
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 31-May-2011 at 13:39
Previous
028 слика од вкупно 36 
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 31-May-2011 at 13:41
Ова 100% не е предземјотресно Скопје.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 31-May-2011 at 14:22
брзо тргајте ја сликата.. инаку ќе го изградат и ова

инаку очигледно е грешка, како што и некои од сликите ги има дав пати - скенирани се обратно, ама сигурно фотографот не се сеќавал по толку години како тоа точно изгледало...

Edited by mladen_s - 31-May-2011 at 14:23
Back to Top
nouseforname View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Dec-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 156
  Quote nouseforname Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 02-Jun-2011 at 09:27
inace ova mislam deka e uneverzitetot vo kejmbridj a pravo toa e capelata
Back to Top
Donka View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 22-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Donka Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 22-Jun-2011 at 16:42
погледнете 1963 Skopje Earthquake

Edited by Donka - 22-Jun-2011 at 16:42
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 29-Jul-2011 at 14:36
Скопје-катастрофа-обнова-искуство skopje-katastrofa-thumb.jpg„Цело време се прашував, кој ќе го подига разрушениот град, во услови кога јас бев упатен да контактирам со максимум пет архитекти, а вие во градов сте имале 200 дипломирани инженери архитекти“, изјави познатиот Кензо Танге во Скопје. Но за жал, јас би додал, центрите на моќта беа тие што тогаш ни ги вреднуваа и верификуваа дипломите и знаењата!

Феноменот Скопје и земјотресот во 1963 година, кај мене секогаш буди бројни емоционални и професионални реакции. Kако роден скопјанец, како професионалец-архитект и сведок на овој катастрофален земјотрес, сакам да проговорам за постземјотресно Скопје од еден поинаков агол и во контекст на многу појави што ни се случуваат и денес. Четивото е пред вас. За наслов го одбрав насловот на најобемниот труд што е објавен кај нас, а е поврзан со скопскиот земјотрес, од авторот архитект Коле Јордановски, генерален директор на Генералната дирекција за обнова и изградба на Скопје. Издавач на книгата е Матица Македонска.

 

Веднаш по земјотресот, бев меѓу малкумината жители на Скопје што се собравме во дворот на Клубот на пратеници на повикот за спас на преживеаните, и за договор што може и што мора во вакви услови најитно да се преземе! Сликата на градот ужасна, потресна , трагична! Не сум бил во војна, но сум учествувал во десетина бомбардирања на Скопје од 6 април 1941 до ослободувањето во 1944 година. Но, земјотресното Скопје е нешто поинакво, нема споредби. Во потесното градско подрачје немаше неоштетени згради, покрај евидентно урнатите. Сите жители беа во паника и надвор од своите домови. Се пребројуваа загинатите, повредените, затрупаните и така натаму. Градот заедно со своите жители беше мртов.

skopje-katastrofa-1.jpg

По кратко време, се консолидираа, профункционираа официјалните тела и органите за дејствување во вонредни услови. Беше запален сигнал во југословенската заедница и меѓународните организации и држави за итна материјална и нематеријална помош. Највисокото раководство на државата на чело со претседателот Тито, вложуваа максимални напори за најитно санирање и расчистување на последиците од земјотресот. Пристигнуваа бројни експерти, и безрезервно се вклопуваа во активностите поврзани со краткорочните и долгорочните планови и концепции за обнова и изградба на разрушениот град. Донесена беше едногласна одлука: градот да се обнови на своето со векови место на опстојување!

 

Каде бевме, колку бевме и како се вклопивме во обновата и изградбата на Скопје. Бевме околу 250 дипломирани инженери архитекти, дејствувавме во рамки на професијата во бројни помали или поголеми работни организации од сферата на планирањето, проектирањето и градењето. Се разбира во вонредни услови! Условите во градот постепено се средуваа и нормализираа. Засилено се градеа населби за сместување на луѓето, пред да започне зимскиот период. За овој сегмент, во оваа пригода би завршил со афирмативна констатација дека сите планирани активности и повеќе од тоа, беа завршени во предвидениот рок и Скопје почна да го живее својот нов живот, распослан долж реката Вардар од Ѓорче Петров до Драчево, долг 25 и широк 12 километри.

 

ДИЛЕМИ

Остануваат неодговорени некои од дилемите за постапките што беа реализирани по замјотресот, а за кои имаше и поинакви размислувања и идеи:

1. Да не се градат толку монтажни населби од привремен катактер со евидентно трајни материјали.

2. Да се настојува градежниот фонд, односно објектите што можат да се санираат и обноват да добијат приоритет, и да им се стават на користење на долгогодишните сопственици.

 

Малку изворни документи можат да се најдат за валидноста на одлуката за рушење на многу станбени и други јавни објекти, што ја правеа иконографијата и меморијата на централното градско подрачје. Да бидат срушени, само поради ознаката со „црвена боја“. Партиципацијата на скопските архитекти во овој сегмент од обновата на градот беше минимална и неформална, исто како што е и сега, во врска со квази обновата на историската меморија, без почитување на естетски и бројни други норми, поврзани со овој сегмент на секоја урбана агломерација. Виенската музика од златниот период на Австроунгарската империја е вечна и покрај фактот што миленик на дворот бил Салиери, а божествената музика ја правел Моцарт

 

ЕКСПЕРИМЕНТАЛЕН ГРАД

 

Југословенската и меѓународната помош беше примена со раширени раце! Народната вели: на поклонет коњ заби не му се гледаат. Скопје го прогласија за отворен град. Како во воени услови. Командата над обновата и изградбата на изрушениот град и тогашните населби ја презедоа разни компетентни домашни и меѓународни тела и организации. Се што беше во доменот на формалното одлучување беше во „наши“ раце. Но, клучните одлуки за Програмата за обнова и изградба на Скопје се носеа од телата на ОН, каде што нашето влијание и партиципација беше симболично. Ова му доаѓа како асоцијација на Јајце во 1943 година и Лисабон во 1992 година, каде се носеа одлуки од значење за нас, но ние од Македонија бевме отсутни! Наместо отворен град, Скопје се претвори во експериментален град. Мислам дека експериментот не е успешен, но за жал уште трае! Сите плански документи за зголемување на бројот на жители на градот беа пробиени. Наместо да има 350.000 жители во 1980 година, Скопје веќе во 1981 имаше 505.000 жители. Ова повеќе не беше град на скопјани - дојденците од сите вери и нации беа мнозинство. Тие што го сакаа Скопје беа раселени и не живееја повеќе тука! Што е постигнато во овој период, а не смее да биде ставено под знак на прашање: 1. Регулацијата на реката Вардар. 2. Централниот топлификационен систем, но не како монополска организација и делумен загадувач поради користењето на енергенси кои испуштаат материи што ја загадуваат атмосферата. Многу капитални зафати и објекти останаа нереализирани во разумен временски рок, затоа што не беа сообразни со реалните планирани финансиски можности. Станаа утопистички! За жал! Како архитект кој целиот свој работен век го поминал во реномирана проектантска организација, како архитект- проектант, сакам со личен став и коментар да посветам малку простор и за тоа што сметам дека е добро направено со почитување на основните параметри што ја дефинираат градбата, и кои трајно ќе сведочат дека во себе ги имаат вистинските достоинства на трајна и вредна архитектура. Но, исто така, сакам да кажам и за оние што не ги содржат овие вредности. Не се чувствувам доволно компетентен да ги коментирам и јавно да ги оценувам вредностите и пропустите на тогаш усвоениот Генерален урбанистички план, усвоен во ноември 1965 година. Моето набљудување би го започнал со Меѓународниот повикан конкурс за оформување на централно градско подрачје. Повикани биле 8 авторски екипи (или поединци) од целиот свет. Четири покани за учество беа упатени на автори надвор од СФРЈ, и четири на автори од СФРЈ. По усвојувањето на ГУП во согласност со тогашните законски барања, во 1965 година беше донесена одлука за распишување на повикан меѓународен конкурс за урбанистичко решение на централното градско подрачје. Основните барања на конкурсот беа следните: да се добие достоинствен центар на главниот град, да се сочува Старата чаршија, а тврдината Кале да учествува во урбаната композиција. Коритото на реката Вардар се наметнува како оска на ова комплексно решение.

 

ЕКСПЕРИМЕНТАЛЕН ПОЛИГОН

 

Истовремено, како ограничувачки фактори беа тврдината Кале да учествува во урбаната композиција, и да се сочува Старата скопска чаршија. Во утврдувањето на барањата за учесниците, нашата локална партиципација беше изразена преку учество на два претставника од Скопје во меѓународниот констултативен одбор за обнова и изградба на Скопје – дипломирани економисти. Ниту еден домашен архитект! Во меѓународната оценувачка комисија за избор на најдобро идејно урбанистичко решение на централното градско подрачје на повиканиот конкурс, од вкупно осум члена имаше еден претставник на локалната власт- дипломиран градежен инженер! Сите учесници ги доставија своите трудови во согласност со барањата на распишувачот и во предвиден рок. Во расписот не се сугерираше, или не дај боже да се бара, да се сочува или да се вклопи нешто што до 26 јули 1963 година претставуваше меморија или иконографија на градот. На учесниците сè им беше дозволено. Ниту еден труд не се надоврза на она што де факто беше препознатлива матрица и слика на градот што функционираше до земјотресот. Со планските документи, де факто, расчистивме сè што ураганот не успеал да го стори. Во сите области на живеење и дејствување епилогот е сличен или ист. Туѓата рака никогаш не чеша добро! Градот од отворен го трансформиравме во експериментален полигон. Зарем и ова не асоцира на привремената употреба на името БЈРМ за три месеци?! Не знам дали имаме право на некого да посочуваме за грешните проценки и очекувања во 1943 и 1963 година, но факт е дека ние баравме поддршка и помош! Безусловна!

skopje-katastrofa-2.jpg

НАГРАДА „БОРБА“

 

Скопските архитекти цели три години беа во исчекување да отпочне планскиот период за обнова и изградба на Скопје. Во меѓувреме, времените монтажни објекти станаа трајно добро. Сè беше во игра. Ги немаше сегашниве тендери, но местенки на сите нивоа имаше. Се формираа центри на финансиска моќ за вонредни услови со траен мандат?! Нас архитектите како да не изеде темнината. Никаде нè немаше! Како илустрација на предходно кажаното, на првото доделување на Сојузните награди за архитектура во 1965 година, кое се доделуваше на денот на основањето на НИП „Борба“, Република Македонија учествуваше со ГУП на Скопје што беше оценето дека е надвор од правилникот на „Борба“. Наградата ја добива реализирано архитектонско дело. Да заклучам, во претходната 1964 година во Македонија не е реализирано архитектонско дело што Републичката комисија би го номинирала да се бори за Сојузната награда на „ Борба“. За ова мислам дека е доволно.

 

КЕНЗО ТАНГЕ

 

Во овој временски меѓупростор, вредно е да се забележи дека по земјотресот во 1963 година не функционираа друштвата од градежната струка и сојузи, и сите активности главно се случуваа инцидентно и со личен ангажман. Архитектите на Скопје ја имаа таа привилегија во 1965 година во нивниот град официјално да престојува познатиот светски архитект Кензо Танге, како носител автор на „девета варијанта за оформување на централното градско јадро на Скопје“. За пошироката јавност, плановите се изготвуваа од врвната екипа во просториите на Заводот за станбена изградба –Скопје. Во длабока „илегала“ со мерка на конспиративност! Зошто, не знам?! Со позитивна реакција и максимална кооперативност, градоначалникот на Скопје, другарот Благој Попов, организираше средба помеѓу архитектот Кензо Танге и претставниците на бројни архитекти на Скопје, на која беше договорено дека кога следниот пат Танге ќе биде повторно во градот, ќе дојде подготвен за директни средби со архитектите–колеги, кои требаа да ги реализираат идеите за целосна обнова на разрушениот град. Долго очекуваната и најавена средба со архитектот Кензо Танге се случи на 13 јануари 1966 година. Средбата се одржа во големата кино-сала во Домот на градежните работници. Немаше празно место! Присутни беа луѓе од еснафот, но и поединци заинтересирани за судбината на нашиот град, за плановите и визијата на овој светски признат неимар. Гостинот, за време на нашето повеќечасовно дружење во кино-салата, прво ни го претстави озвучениот колор-филм поврзан со олимпискиот базен во Токио, на кој во 1964 година се одржаа пливачките натпревари, а потоа одржа предавање со симултан превод за неговото сеќавање на архитектурата, како органска комплексна појава. На приемот што беше одржан по предавањето во банкет-салата на Гранд хотел Скопје, во присуство на бројни претставници од политиката и јавниот живот, останува запаметена изјавата на архитектот Танге: „цело време се прашував кој ќе го подига разрушениот град, во услови кога јас бев упатен да контактирам со максимум пет архитекти, а вие во градов сте имале 200 дипломирани инженери архитекти “. Точно е бевме доволно бројни! И веројатно компетентни! Но, центрите на моќ ни ги вреднуваа и верификуваа дипломите и знаењата?!

 

АТРАКТИВНИ ЛОКАЦИ

 

По усвојувањето на т.н. девета варијанта за оформување на централното градско подрачје, почна, во уличен жаргон кажано, капарисувањето на атрактивните локации. Прва од барабанот излезе локацијата за зградата на ЦК на СКМ. Настојувањето објектот да мора и треба да биде покрај голема река, веќе беше видено во Загреб и Белград. За наша голема среќа, изградениот објект како прво награден на југословенски анонимен конкурс, го имаше сето достоинство на врвна архитектонска идеја и реализација. Офицерскиот дом, кој пред земјотресот имаше маркантна позиција на плоштадот и на кејот покрај реката Вардар, беше неодминлив дел од културните збиднувања од највисоко ново. Иконографијата беше дел од мимикријата што се случуваше со фигуративното во реалниот простор. Останува нејасно и неодговорено, зошто на енормно голем простор и на релативно експонирано место е доделена локација за обнова на срушениот „Дом на ЈНА“. Пред земјотресот, објектот зафаќаше простор со големина 70 на 25 метри, а со новата локација доби повеќекратно поголем простор. Со ваква дистрибуција на локациите и просторот, градот и денеска не е во можност да ја поврати силуетата на „широк сокак“ на Скопје. Дојденците од сите вери и нации, од урбани и неурбани средини, беа новите кројачи на главниот град на Републиката, а резултатот на ваквиот дизајн е очигледен. Малкумина од овој корпус што имале мандат и овластување да влијаат на бројните фази од обновата и изградбата на разрушениот град, ни случајно не се подготвени да ја понесат одговорноста за погрешните одлуки и конечни реализации. Треба да се истакне дека со бурен аплауз беше пречекана одлуката на градот, за изградба на капитални објекти да се стигнува преку јавни и анонимни конкурси, пред сè, од југословенски карактер. За неколку објекти, до решенија се стигна преку учесници повикани од истакнати архитекти во СФРЈ или градот Скопје. Како било, во секоја од овие варијанти, до решенија требаше да се стигне преку јавен и професионален натпревар.

 

ОБЈЕКТИ

 

Како на бескрајна лента почнаа да се редат проекти и реализации, во потесно и пошироко градско подрачје. Во навраќањето и појаснувањето, ќе се задржам на објектите за кои може безрезервно да се коментира дека ги исполнуваат основните архитектонско- урбанистички барања и стандарди на трајни вредности, но и на објектите што за жал, не ги поседуваат таквите вредности. Неколку значајни објекти од палетата на општествено- културниот живот на метрополата ги изненадија планерите при распределбата на локациите за: - МАНУ, од проста причина што ние Академија тогаш немавме, но евидентно беше во „проект“. Решението беше најдено со преполовување на просторот планиран за „Домот на младите“. Избраниот простор што едвај го тангира централното градско подрачје, освен близината на реката Вардар, не ги задоволува основните критериуми за ваквиот објект. Изведениот објект за зградата на МАНУ претставува врвно архитектонско остварување. Единствениот објект на просторот на градот Скопје, за кој авторот и професорот Борис Чипан е добитник на Сојузната награда на „Борба“ за архитектура во 1976 година. - Посебна приказна, која мора да биде достапна за јавноста, е поврзана за проектот и изградбата на Музејот за современа уметност на ридот Градиште, во непосредна близина на тврдината. Однапред беше извесно дека проектот за овој објект ќе биде подарок за градот од Република Полска. Проблемите се појавија кога беше побарано и начелно одобрено, овој проект да биде изграден на ридот Градиште, со коментари и став за сите добри и лоши страни на овој избор на просторот. Поборниците за сочувување на овој дар од природата за идните генерации, на клучното гласање во Советот за урбанизам на град Скопје, беа надгласани со осум спрема седум. Ваквиот однос на оние што градат и оние што „даваат“ наше , а не нивно, благо асоцира на полемиката: дали локацијата за сегашната Американска амбасада не можела да биде на некое исто така добро место. Не сакам да давам личен коментар за архитектонските достоинства, зашто едно од барањата за секоја архитектонска градба е и местото! - Сегашната повеќенаменска сала „Борис Трајковски“ има долга приказна од почетокот на идејата за изградба на „Дом на спортовите“ влезена во потесната програма за изградба на капитални објекти по земјотресот, со обезбедени неповратни финансиски средства, со закон. Како и за објектот на МАНУ, немаше маркица, односно беше нацртана на местото на сегашниот Олимписки базен. Во согласност со тогашниот протокол, за претседател на Одборот за изградба на овој објект, беше именуван тогашниот претседател на Градскиот комитет на СКМ. На финализацијата на проектот по успешно завршениот анонимен југословенски конкурс, работеа бројни специјалисти од разни инженерски специјалности. Локацијата се расчистуваше, а на раководителот на проектот, од добро информирани извори му беше шепнато дека „домот нема да се гради од политички причнини.“ Финансиите планирани со закон за овој објект, беа прераспределени и „наменски“ употребени за оформување на најјужното отворено лизгалиште во Европа во СРЦ „Кале“, за кајак центарот „Треска“, за ревитализација на салата „Кале“ и слично. Скопјани сонот го досонуваа во 2008 година со изградба на салата „Борис Трајковски“, со концепт во кој универзалноста и профитабилноста беа второстепени критериуми. Универзална сала со социјалистички предзнак, мора да биде ставена на социјалната карта на државата и да се користи за секојдневно функционирање, во сите 365 дена во годината!

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=3089&Itemid=74
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 02-Nov-2011 at 18:51
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 28-Dec-2011 at 21:43

Скопје една година по земјотресот.

Back to Top
Граѓанин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 233
  Quote Граѓанин Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 28-Dec-2011 at 22:45
Previous
Малку нереално што освен англиски во филмов луѓето меѓу себе не зборат македонски туку српскохрватски, но претпоставувам тоа е бидејќи се прикажувало на цела ЈУ-публика.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1975
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 28-Dec-2011 at 22:57
Па, целата актерска и режиска екипа е од Белград. Колку што приметив, само еден македонец имало, и тоа во техничката екипа. Битно имињата се сосем македонски, а во позадина на едно место може да се чуе и Васка Илиева како ја пее „Земјо македонска“


Edited by alexgizh - 28-Dec-2011 at 22:58
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 22-Jan-2014 at 11:35
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 22-Jan-2014 at 12:17
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 4>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.