build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Продолжување и проширување на булевар Х.Т.Карпош
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Продолжување и проширување на булевар Х.Т.Карпош

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2282
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 05-Jul-2017 at 15:58
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈП „Улици и патишта“, Синиша Ивановски, денеска извршија увид во градежните работи на првата фаза од капиталниот проект за продолжување и изградба на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во општина Бутел.
Новиот дел од булеварот „Христијан Тодровски Карпош“ се гради на потегот од крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ до крстосницата со улицата „Натанаил Кучевишки“ во должина од 1.000 метри.
- Ова е првиот новопроектиран булевар којшто се реализира на територијата на Скопје по подолг период, додека преостанатите беа проширување на постојните улици. Новиот булевар ќе биде со вкупна ширина од 40 метри, ќе има 6 сообраќајни ленти од по 3,5 метри, а ќе има и велосипедски патеки од двете страни на булеварот со ширина од 2,5 метри. По должината на булеварот ќе има пешачки патеки од двете страни со променлива ширина, како и средишно зеленило. На новиот булевар ќе биде поставено и ново улично осветлување, односно ќе се постават 76 столба во висина од 10 метри, а ќе биде поставена и нова хоризонтална и вертикална сигнализација – кажа градоначалникот Трајановски.
Реализацијата на овој проект тече според предвидената динамика, а денеска започна асфалтирањето на една делницата на овој булевар. Градоначалникот Трајановски најави дека очекува градежните работи на овој капитален проект да бидат завршени во текот на оваа година.



- Сметам дека Скопје ќе добие нов, модерен булевар, која ќе биде од големо значење за подобрување на сообраќајните врски и зголемување на безбедноста во сообраќајот. Новопроектираниот булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе биде од исклучителна важност за општините Бутел и Чаир и сите оние што гравитираат во овој дел од градот, особено по неговата целосна изградба во втората фаза, со која ќе го продолжиме пробивањето на булеварот и ќе го поврземе со обиколницата. Со неговата реализација ќе се добие нова сообраќајна алтернатива за улицата „Бутелска“, којашто во моментов е единствената сообраќајница која поминува низ Бутел и на истата се создава голем сообраќаен метеж - изјави Трајановски.









http://skopjeinfo.mk/zapochna-asfaltiranjeto-na-novoproektiraniot-bulevar-hristijan-todorovski-karposh-galerija

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 28-Jun-2017 at 12:39
За сè има вторпат
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12028
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 21-Jun-2017 at 18:15

ФОТО ВЕСТ: Доцни изградбата на булеварот Х.Т. Карпош кон скопската обиколница

Објавено на 21.06.2017 во категорија Вести.

 

Пробиена е трасата на новиот сегмент на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел, помеѓу крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ и крстосницата со улицата „Натанаил Кучевишки“, но пробиен е и рокот за реализација на проектот. Градежните работи започнаа на 05.12.2015 и требаше да се завршат до јануари годинава, а според состојбата на терен, проектот тешко дека ќе финишира и во текот на летово.

Оваа нова булеварска делница со должина од 700 метри е прва фаза од значајниот проект за поврзување на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ со скопската обиколница. Засега од Град Скопје воопшто нема најави кога може да се очекува почеток на работите на втората фаза, односно на сегментот од крстосницата со улицата „Натанаил Кучевишки“ до клучката „Бутел“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 







http://build.mk/foto-vest-dotsni-izgradbata-na-bulevarot-h-t-karposh-kon-skopskata-obikolnitsa/



Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 12-May-2017 at 10:37
Проширувањето во Чаир (проширената лента е од лева страна, се гледа земјениот дел на долната фотографија):



Тротоарите се пошироки од претходно:



Во овој дел киосците се помесети наназад неколку метри. Добра работа е што за проширувањето се исечени само неколку дрвја, главниот дел си остана.



Edited by Џоле - 12-May-2017 at 10:38
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1766
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 08-May-2017 at 15:59
Одлино изгледа!
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Zoc View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2009
Online Status: Offline
Posts: 101
  Quote Zoc Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 08-May-2017 at 08:59
Од саботата, се работи на делот од булеварот Х.Т.Карпош кој ќе се поврзе со обиколницата:





Edited by Zoc - 08-May-2017 at 09:00
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 23-Feb-2017 at 18:42
Ова е делот кај паркот покрај стадионот во Чаир



За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1766
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 26-May-2016 at 18:31
На новите снимки од GoogleMaps се гледа дел од пробиената траса.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12028
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 25-May-2016 at 01:55
Продолжување на булеварот - ова е сликано веднаш на почетокот од страната на ул. Босна и Херцеговина. Дали евентуално се работи од другата страна (од север), или ова е се што е направено до сега?



Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 03-Oct-2015 at 10:13
Еден мал дел, околу 100 метри, веќе е проширен. Тој дел се наоѓа после џамијата Јаја Паша. Вчера поминав оттаму, и видов дека сега возилата се паркирани на третата лента, додека две ленти во секој правец се слободни и протокот на возила е полесен. Но, како што споменав, станува збор само за 100 метри, веројатно некаква проба како ќе изгледа проширувањето. Инаку, голема штета е што ќе исечат стари дрвја за проширувањето - летно време овие дрвја даваа дебела сенка во тој дел на Чаир. Сега ќе биде голо и некако пусто.
За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3827
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 01-Oct-2015 at 20:19
Хаха од Чаир бараш ти услуга... Немаат ништо не се заинтересирани. Е ако пак стане градочалник алал на албанците (мнозинство)
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 01-Oct-2015 at 18:53
Dali ima nekoj videno Dup od toj del na trasata po Cvetan Dimov bulevarot, da vidime na koi strani e prosiruvanjeto i navleguvanje na trasata na imotite i kukite... Od opstina Cair nema nikakvo dup... ne se transparentni
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 01-Oct-2015 at 10:29
Има многу куќи до тротоарот, од страната на ридот Гази Баба. Иако мислам дека поголемиот дел од нив се дивоградби, па не гледам причина за експропријација.
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 30-Sep-2015 at 22:31
овде вероватно има и експропријација
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1766
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 30-Sep-2015 at 20:41
3 МИЛИОНИ евра за 660 метри!
1 лента+ и реконструкција од 660метри 3 милиони евра!
Па и тие 1 милион за Трета македонска бригада во должина од 1.200 метри се многу
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 30-Sep-2015 at 13:54
зарем ќе им текне конечно дека тоа што е потребно на градов е да се доизградат прекинатите булевари?
и ова е само еден... што правиме со Гоце Делчев - АВНОЈ, Климент Охридски, Северниот булевар, односно поврзување на бул. Словенија со Србија и со Ѓорче Петров? или пак продолжувањето на Илинденска до обиколница?

ние немаме сообраќајни метежи поради големиот обем на сообраќај или поради тоа што постојат улици со две ленти... имаме метежи затоа што после 50 години, сеуште не ни се решени основни проблеми на генерално ниво, било тоа да се самите делници, или нивните вкрстувања
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 30-Sep-2015 at 07:47
За проширување на на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе се вложат над 3 милиони евра



Градот Скопје објави оглас за избор на градежна компанија што ќе го проширува булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во општина Чаир, на потегот од улицата „Џон Кенеди“ до улицата „Рокомија“, во должина од 600 метри. Градската власт проценува дека зафатот ќе чини околу 3,2 милиони евра. Сите заинтересирани компании за учество во градежните работи треба да ги достават своите понуди до 19 октомври.

#Покрај на делот што е веќе изграден, градските власти во изминативе неколку месеци работеа на основен проект за инфраструктура за оваа сообраќајница, на делот од крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ до скопската обиколница. Со целосната реализација на идејата, булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ за граѓаните на општина Бутел ќе претставува алтернативна транспортна врска кон центарот на Скопје, односно ќе го олесни движењето кон улицата „Цветан Димов“ во Чаир. Реконструкцијата и проширувањето на првата фаза од оваа сообраќајница се оддолжува веќе неколку години наназад.

http://www.build.mk/?p=46468
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1885
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 28-Mar-2015 at 15:33
Дај конечно нека мрдне од мртва точка ...
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 28-Mar-2015 at 02:16
Пред некое време одев за Радишани и одвај го најдов вистинскиот пат.да немав Мапс на мобилниот можеби и немаше да се снајдам.врти лево,па низ сокаци,па заобиколи,па.....
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 28-Mar-2015 at 01:34
Повторно се актуелизира идејата за поврзување на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ со скопската обиколница



Градот Скопје претстојните пролетни месеци ќе ги искористи за изработка на основниот проект за инфраструктура за булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, на потегот од крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ до врската со Скопската обиколница. Оваа недовршена сообраќајница во главниот град ќе им овозможи на жителите од населбите Бутел и Радишани да добијат алтернативна патна врска со центарот на Скопје. Проектната документација за трасата во наредните четири месеци ќе ја изработува фирмата „Геомап Дизајн“ од Скопје за сума од 1.068.254 денари. Продолжувањето на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ е планирано да се одвива во две фази.

Паралелно со изработката на проектната документација, како еден од приоритетите на градската власт за 2015 година е проширување на постоечката траса од оваа скопска сообраќајница. Од буџетот на Град Скопје се издвоени средства за реконструкција и надградба на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, на потегот од улицата „Џон Кенеди“ до крстосницата со улицата „Рокомија“ во должина од 600 метри. За отпочнување на градежните активности на овој дел е неопходно најпрво да се расчистат имотно – правните односи, ако се земе во предвод дека уште од 2013 година постои потпишан договор за реализација на овој проект.

http://www.build.mk/?p=43859
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.