build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Продолжување и проширување на булевар Х.Т.Карпош

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 456
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5063
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 09-Apr-2020 at 07:55






https://www.facebook.com/petreshilegov
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 158
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 09-Apr-2020 at 14:48
Тротоарите очигледно го немаат истиот профил како веќе завршениот дел до ул. „Натанаил Кучевишки“. На делот на кој сега се работи покрај веќе поплочената патека за пешаци и спремната за алсфалтирање велосипедска патека, оставен е и дополнителен простор за инсталација кој веројатно ќе остане и како зелен појас, што го сметам за позитивна промена. Но сега пак, прашањето е дали овој дополнителен метар е на сметка на коловозот или е додаден на целокупниот профил на булеварот.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 09-Apr-2020 at 15:04
Веројатно не е на сметка на коловозот, зашто тука имаше доволно простор да се изведе, за разлика од други делови на градов. До неодамна ова беа пусти полиња.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5063
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 29-Apr-2020 at 15:30
Бележење на хоризонтална сигнализација...









https://www.facebook.com/JP-Ulici-i-patista-Skopje
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5063
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 01-May-2020 at 13:05
(Видео) Пуштен во сообраќај северниот булевар Христијан Тодоровски Карпош





Дел од булеварот Христијан Тодоровски Карпош во Бутел денеска е пуштен во сообраќај, а екипа на 24 Инфо се возеше по него.
Новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош е првиот скопски булевар што излегува на обиколница. Новиот дел од булеварот се гради на потегот од крстосницата со булеварот Босна и Херцеговина до крстосницата со улицата Натанаил Кучевишки во должина од 1.000 метри. Продолжувањето на оваа сообраќајница ќе им овозможи на граѓаните од населбите Радишани и Бутел уште една сообраќајна врска со центарот на градот.

https://24info.mk/видео-пуштен-во-сообраќај-северниот-б/



Edited by stef4o - 01-May-2020 at 13:06
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5063
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 01-May-2020 at 15:07




















https://www.facebook.com/petreshilegov
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1931
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 01-May-2020 at 20:51
Кога ќе биде новото поврзување со Бутелска?
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7252
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 02-May-2020 at 00:11
спојката со клупчката ја доживеала истата судбина на мостот кај железничка
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5063
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 04-May-2020 at 07:45


https://tv21.tv/mk/od-chair-direktno-na-obikolnitsa-rabotite-zaglavija-na-kruzhniot-tek-plasticharska-dhabe-e-proshirena/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5063
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 07-May-2020 at 12:44
Пуштен во употреба булеварот „Х.Т.Карпош“

Изградбата на овој булевар ќе овозможи побрз излез на обиколницата на околу 100.000 граѓани кои живеат во северниот дел од Скопје, особено од Чаир, Скопје Север, Топаанско Поле и од Железара, со што, ќе се релаксира сообраќајот во целиот град



Градот Скопје е побогат за уште една важна сообраќајница. Тоа е булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ кој вчера и официјално беше пуштена во употреба. Со тоа, северниот дел од градот за првпат е целосно поврзан со булеварско решение од обиколницата до централното градско подрачје.

– Со пуштањето во употреба на овој булевар, најмалку двојно се скратува времето потребно за поминување од Центар до северниот дел на скопската обиколница -изјави скопскиот градоначалник, Петре Шилегов.

Toj oчекува наскоро, по овој булевар да поминуваат и некои линии на јавниот превоз, што дополнително ќе го намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот.

– Изградбата на овој булевар ќе овозможи побрз излез на обиколницата на околу 100.000 граѓани кои живеат во северниот дел од Скопје, особено од Чаир, Скопје Север, Топаанско Поле и од Железара, со што ќе се релаксира сообраќајот во целиот град – нагласи скопскиот градоначалник.

Шилегов потсети дека досега единствената сообраќајна опција за поврзување со централниот дел од Скопје на неколку десетици илјади жители од Бутел, Радишани, Љубанци, Љуботен, Чучер-Сандево и други населени места беше улицата „Бутелска“ на која се создаваше голем сообраќаен метеж.

– За овие граѓани булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе биде нова сообраќајна алтернатива. Со изградбата на булеварот го завршивме едно од најдолгите поврзувања на релација север-југ кое почнува со улицата „Бихаќка“ во населбата Црниче и продолжува речиси праволиниски по булеварите: „Кочо Рацин“,„Крсте П.Мисирков“ и „Цветан Димов“, па преку „Христијан Тодоровски Карпош“ се поврзува со скопската обиколница – објасни Шилегов.

Тој додаде дека повеќепати има нагласено дека во Скопје историски, многу помалку било работено на поврзувањата север-југ.

За изградбата на оваа делница во должина од два километри, која се протега од крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ до клучката на скопската обиколница, Градот Скопје потроши 285 милиони денари или околу 4,6 милиони евра со вклучен ДДВ.

Новиот булевар е со вкупна ширина од 40 метри, со шест коловозни ленти од по 3,5 метри (по три ленти во секоја насока), велосипедски патеки од двете страни со широчина од 2,5 метри, пешачки патеки од двете страни со променлива ширина и простор за средишно зеленило и зелен појас од двете страни на булеварот.

На новиот дел од булеварот е поставена нова водоводна, атмосферска и фекална мрежа, како и целосно ново улично осветлување со 140 столбови.

https://www.vecer.press/пуштен-во-употреба-булеварот-х-т-кар/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7252
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 08-May-2020 at 01:27
видео од говорот на Шилегов за отварањето, некаде на 2:15 минути, во позадина се гледа Југо како излегува од споредна уличка, преку троар и велосипедска патека, сече во спротивен правец две ленти и полна лента за да излезе на другата страна од булеварот


Edited by zabegan - 08-May-2020 at 01:29
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5063
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 18-May-2020 at 14:22
ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА НОВИОТ БУЛЕВАР Х.Т. КАРПОШ









https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 290
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 18-May-2020 at 20:24
Мене стварно ми е нејасно како оваа "малотелна" у паметот македонска јавност уште паѓа на пеперутки што и прелетуваат у кадар, а не го прати главното дејство на филмот. Како бре ова остана неискоментирано незабележано од сите медиуми и граѓани, а сите го приметија и најдискутирано беше југо некое си што свртело у обратен смер позади додека градоначалникот држеше говор. Алоо бре луѓе, абе крива е улицата и ќе биде крива со години, југото ќе го снема за 1 мин од тамо и нема да биде последно.





Edited by user8642 - 18-May-2020 at 20:25
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1999
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 18-May-2020 at 20:29
Лошо е направен крајниов дел... Улицата десно треба да се гради наскоро?

Инаку, што покажуваат линииеве и точката? Колава доле каде што завршува линијата си е во ред.

Edited by Staro Skopje - 18-May-2020 at 20:30
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 290
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 18-May-2020 at 20:47
Не е лошо направен, него не е направен! Има далековод кој смета да се заврши планираниот полн профил 3+3 (сина боја подолу) и е направено компримисно решение (црвено на сликата) со заобиколување на далеководот (на сликата подолу портокалово).

Ваљда ќе ја имаме таа среќа еден ден да дочекаме втора фаза (фамозните фази у мк, бекатон у фази се реди), па да видиме исправање на кривинава заедно со кривината на мостот кај железничка.

Инаку точката ништо не значи од клипот е, а линиите беа иронично ставени во политички контекс од една кампања со име ПРАВ ПАТ или како и да се викаше.




Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5063
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 23-Jun-2020 at 10:17
Сè уште не профункционираа семафорите на новиот булевар „Христијан Тодоровски – Карпош“ во Бутел

Една недела по пишувањето на „Порталб.мк“, семафорите на една од двете раскрсници на булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ во скопската општина Бутел и понатаму се нефункционални, иако тоа претставува опасност за возачите, но и за пешаците што се движат по новата сообраќајница.

Возилата на овој булевар и понатаму се соочуваат со опасност во сообраќајот затоа што една од раскрсниците е без семафори уште од денот на пуштањето во употреба, односно од 7 мај. Денес е 18 јуни и ситуацијата сé уште е иста, иако „Порталб.мк“ веќе информираше за овој проблем, а побара и од надлежните власти да го средат проблемот, но барањето досега не беше земено во предвид, пишува „Порталб.мк“.

Град Скопје има доставено барање до ЕВН и тие треба да одлучат за тоа кога ќе почнат семафорите со работа. Од ЕВН велат дека работат на тоа, но на терен сè уште нема промена на состојбата.

„Во тек е реализација, поставени се барањата на градот, инсталиран е еден од семафорите, се работи за да ги изработиме и другите. Во моментот, работиме на изнаоѓање ново техничко решение поради дополнителните инвестициски проекти што се планираат на тој булевар“, ни рекоа денес од ЕВН.

„Порталб.мк“ неофицијално дознава дека барањето на Град Скопје до ЕВН е поднесено еден месец откако булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ бил пуштен во употреба. На инаугурацијата на истиот присуствуваше и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Новиот булевар е широк 40 метри, има шест ленти од по три и пол метри. Од обете страни има велосипедски патеки и тротоари, средишен зелен простор и зелен појас од двете страни на булеварот. Поставена е фекална и атмосферска канализација, како и 140 столбови за осветлување на булеварот.

Сè додека Градот Скопје не ги стави во функција семафорите на оваа крстосница, хаотичното регулирање на сообраќајот ќе преставува опасност за граѓаните што се движат по оваа улица.

https://meta.mk/se-ushte-ne-profunkczioniraa-semaforite-na-noviot-bulevar-hristijan-todorovski-karposh-vo-butel
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 630
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 24-Jun-2020 at 23:44
Мора во секој проект некое разочарување да има. Изгледа ќе остане далеководов и стариот крак до Бутелска уште долго време.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7252
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 25-Jun-2020 at 00:42
Originally posted by user8642

Мене стварно ми е нејасно како оваа "малотелна" у паметот македонска јавност уште паѓа на пеперутки што и прелетуваат у кадар, а не го прати главното дејство на филмот. Како бре ова остана неискоментирано незабележано од сите медиуми и граѓани, а сите го приметија и најдискутирано беше југо некое си што свртело у обратен смер позади додека градоначалникот држеше говор. Алоо бре луѓе, абе крива е улицата и ќе биде крива со години, југото ќе го снема за 1 мин од тамо и нема да биде последно.



касно го гледам коментаров ама баш два поста погоре го коментирам истово со паралела со Беласица... останатото не знам што ве чуди, јавноста не знае ни што се гради во градов, а не па да знае дали тоа се прави како што треба
само што ја мислев дека се работи за проблем при експропријација, и го немам приметено далноводот

во контекст на Југцето, тоа е и тоа како битно, затоа што џабе ти е урбан автопат ако на него шиба Југце во обратна насока

Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 25-Jun-2020 at 01:44
А бе што е тоа битно. Важно има слики со овој булевар едно 100 пати, дали пред отворање на првиот дел, дали по отворање на првиот дел, по отпочнување на вториот дел итн.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1999
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 25-Jun-2020 at 10:51
Кај ќе оди улицата карши далноводот? Ќе ја замени кривата јужно од обиколница или?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 456

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.