build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Продолжување и проширување на булевар Х.Т.Карпош

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 321
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Продолжување и проширување на булевар Х.Т.Карпош
    Posted: 27-Sep-2010 at 12:39

Бутел ќе се поврзе со обиколницата
Идната пролет најверојатно ќе продолжи изградбата на улицата Христијан Тодоровски-Карпош кон скопската обиколница, со што подобро ќе се поврзе општината Бутел со градот. Во моментов се изработува идејниот проект за овој зафат, по што ќе следува подготовката на основниот проект, за во 2011 година да почне да се работи на терен, нé информира градоначалникот Петре Латиновски

- Ова е капитален проект за општината Бутел. Изградбата на булеварот Словенија пред три години придонесе за подобра комуникација со остатокот од градот. Со изградбата на улицата Христијан Тодоровски-Карпош и нејзиното поврзување со обиколницата на сличен начин се планира да се реши уште еден сообраќаен проблем - вели Латиновски.

Ова е многу важна сообраќајна артерија како за општината Бутел, така и за жителите на општините Чаир, Гази Баба, Шуто Оризари и Чучер-Сандево, кои ќе можат да ја користат обиколницата избегнувајќи го густиот сообраќај во градот.

Со изградбата на улицата Бутелска, булеварот Словенија и со реализација на овој проект жителите на Бутел ќе бидат најдобро сообраќајно поврзани за разлика од сите општини во градот. Овој проект има и големо економско значење, што се рефлектира со сé поизразената изградба на стопански и станбени објекти. Сето ова придонесува за намалување на невработеноста и за економскиот развој на општината - истакна Латиновски.

Проектот за изградба на улицата Христијан Тодоровски-Карпош единствено може да запне околу откупот на приватните парцели низ кои таа треба да помине и решавањето на имотноправните односи со дел од земјиштето.

Автор: Ж.В.
http://www.time.mk/read/NONE/58193c5ba2/index.html

Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 27-Sep-2010 at 12:49
Креирав нова нишка, бидејќи веќе одамна се збори за овој проект, а веќе имаме и најавен датум.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 27-Sep-2010 at 12:52
off the record: ЈЕС! Banana

И меѓу другото, "жителите на Бутел ќе бидат најдобро сообраќајно поврзани за разлика од сите општини во градот" е преувеличена лага, барем додека не се прошири Цветан Димов на 6 ленти.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 27-Sep-2010 at 13:01
Еве ја ситуацијата опишана во ГУПот. Најголема придобивка на оваа сообраќајница ќе биде конечното решавање на хаосот обележан со црвеното кругче. Косата улица би требало да ја снема, и на нејзино место да се направи продолжение на Боца Ивановска (и соодветната раскрсница со Бутелска), со што ќе се избегне сегашната ситуација кога доаѓаат возила од 6 правци, а притоа нема ниту семафор, ниту кружен тек.

За самиот булевар, јас би избрал траса што не е толку свиткана (ме потсеќа на мостот кај железничка). Знам дека најверојатно се труделе да ги избегнат куќите (кај ознаката 48 7H11 -37 - 9) меѓутоа и после нив можно е да се направи поелегантна кривина од оваа.

The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 27-Sep-2010 at 13:03
Се работи за поврзување на следниве точки:
42° 1'32.87"N  21°27'2.77"E
и
42° 2'22.85"N  21°27'16.39"E

Навистина исклучително значајна врска од повеќе аспекти, од кои би ги издвоил како најбитни:
- докомплетирање на една од поважните сообраќајни оски на градот
- поголема достапност и искористеност на северната обиколница
- растоварување на Бутел од голем дел од сообраќајот што реално нема потреба да помине на сред населба

Но во објавата ме плаши она „најверојатно“ што се однесува на реализацијата на проектот, како и последната реченица со запнувањето што ми изгледа дека сигурно, а не дека може да запне... Па најдобро да се зафатат турбо со решавање на имотно-правните работи уште од сега, а не догодина тоа да биде оправдување за нереализација.

Исто така нејасно останува дали се работи на проект за булеварско решение (какво што е предвидено со ГУП-от) или обична улица. Реално мислам дека и обична улица во догледно време сосема би ги задоволила потребите, ама сепак би преферирал да се направи булевар и тоа прашање да се затвори.



Edited by Cloverstack - 27-Sep-2010 at 13:04
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 27-Sep-2010 at 16:47
Ваквото искривување е делумно поради куќите, а и поради тоа што има тука некое брдо мало со благи нагиби па во рамки на стандардни и поголеми радиуси да се избегне непотребно искачување и симнување. А и нема ништо лошо во тоа да има радиуси ако тоа е според дозволиви радиуси и во рамки на стандарди за планирање. Проблем е кога се импровизира со невозможни радиуси и крпеници како новиот мост, тука не би било проблем да се избегнат куѓите, напротив пожелно е. Не сме северна Кореја да проектираме прави линии по секоја цена непотребно. Затоа се измислени тие стандарди. Овдека може би е и можно првовремено да се насочат силите и да се иде кон изградба на едниот коловоз, не е ова таков тип на зафат што захтева изградба на двата коловоза одеднаш како на пример тунелот во Кисела Вода за кој зборувавме неодамна, па да се овозможи сообраќајот па потоа без притисоци да се изгради и втората, што е доста чест и практичен случај низ Скопје.

Во однос на проблеми со експропријација не гледам дека посебно би се јавиле големи проблеми освен со таа една куќа непосредно до клучката и лозјата кои изгледа биле под некое земјоделско стопанство до пред некое време па сега најверојатно се заглавени во денационализациски постапки. Но ако си прејудицираат вака проблеми и креваат раце а приори нема ни да ги решат. Затоа уште сега нека се зафатат, да не им биде после тоа трн во изградбата.

Инаку за таа кривата улица, (се сеќавам како дете кога ја правеа, живеев во близина), незнам зашто така криво ја направија. Барем од западниот крај можеше да се направи според планот и да се формира раскрсницата како што е планирана.

Моја проценка ~ 2 до 2,5 милиона евра.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 05-May-2011 at 18:47

Бутел и Радишани в година поблиски

На жителите од Радишани, Љубанци, Раштак, Љуботенски Пат, единствена врска кон Чаир с` уште им е „Бутелска“ и тоа секојдневно создава невиден метеж, а и загадување

Поврзувањето на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош во Бутел со северната обиколница, ќе почека до наредната година, информираат градските власти. С` уште се работи на основниот проект за булеварското решение, велат надлежните од Градот, од чија каса ќе се издвојат финансиски средства за реализација на овој зафат.

Од Општината Бутел со пробивањето на булеварот очекуваат помал метеж на нивната територија, онака како што придонесе булеварот Словенија. Оваа нова врска, освен што ќе го олесни патот на жителите од Радишани, Љубанци, Раштак, Љуботенски Пат, се надеваат и дека ќе овозможи полесен проток и на граѓаните кои гравитираат од Чаир, Гази Баба, Шуто Оризари и Чучер Сандево. Жителите од овие делови со години се движат по Бутелска и по булеварот Словенија. Кога улицата ќе се изгради, оптимисти се дека ем Бутелска нема да биде оптоварена како досега, ем загадувањето значително ќе се намали.

- Ова е навистина добар проект сличен на оној како булеварот Словенија. Населбите како Радишани, Љубанци, Раштак, веќе станаа мал град во кој постојано никнуваат нови стопански и станбени објекти. Улицата Бутелска одамна е претесна за сите, во секој дел од денот, особено во утринските часови кога има врвулица од возила по неа. Новата сообраќајница ќе го олесни движењето кон делниците на обиколницата, но и кон источниот и кон западниот дел на градот - вели портпаролот на Бутел , Снежана Клинчарова.

Граѓаните се жалат дека најавата за изградба на новата улица е стара и дека досега требаше да се реализира.

- За да стигнам до центарот на градот со автомобил ми требаат 40 минути. Верувам дека преку обиколницата ќе стигам сигурно за 20 минути помалку. Се надевам дека градските власти ќе ја изградат делницата што побрзо - вели Здравко Д. од населбата Радишани.

Сообраќајницата е предвидено да почне да се гради по подвозникот во Бутел 2, во делот кај поранешните општински бараки. Потоа, преку земјиштето на Заводот за лозарство, планирано е да се приклучи на клучката на обиколницата, во делот кај Акведуктот.

Од Одделението за односи во Градот изјавија дека сите детали околу изведбата на булеварот, ќе бидат познати по изработката на основниот проект, за кој претходно треба да се набават катастарски податоци. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D97C59461E2E7248B564D6F4BDBC4836

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 09-Feb-2013 at 22:59
Се подготвува реконструкција и проширување на дел од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“

Булевар%20Христијан%20Тодоровски%20Карпош%20-%20мапа

Градежната компанија „Бетон“ од Скопје е избрана за најповолен понудувач за реконструкцијата и проширувањето на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, на потегот од улицата „Џон Кенеди“ до улицата „Рокомија“ во должина од околу 600 метри. Најважната сообраќајница што ги поврзува општините Бутел и Чаир засега нема да се продолжува кон скопската обиколница. Вредноста на потпишаниот договор за санација на овој сегмент од трасата изнесува 61.070.629 денари. Градежните активности на проектот ќе се одвиваат во временски период од шест месеци. Изведувањето на електричните инсталации за осветлување на овој дел од булеварот ќе го врши компанијата „Елтра“ од Скопје за 2.478.000 денари, со што вкупниот буџет за реконструкцијата е 63.548.629 денари или преку еден милион евра.

Булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ беше предвидено да се проширува и да се поврзе со обиколницата уште во текот на минатата година. Граѓаните од Радишани, Љубанци, Раштак и Љуботенски пат веќе неколку години бараат поврзување на овој булевар со скопската обиколница со цел да се намали секојдневниот метеж на улицата „Бутелска“, која претставува  единствена врска на овие населени места со центарот на Скопје. Градската власт подолго време работеше на основниот проект за продолжување на трасата, но за отпочнување на ваквиот зафат во претстојниот период треба да се откупат приватните парцели низ кои треба да поминува булеварот и да се обезбедат неопходните финансиски средства за градежните активности.

 

#
Објавено на 09.02.2013 во категорија Вести.

Тагови: Бетон Скопје, Булевар Христијан Тодоровски Карпош, Булевари и улици, Градска инфраструктура, Елтра, Инфраструктура, Скопје


http://www.build.mk/?p=22702
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 10-Feb-2013 at 13:01
Градот Скопје требаше да превземе и некакви мерки на улицата Христијан Тодоровски Карпош во делот каде што се спојуваат 4 ленти во 6 ,тој дел е критичен ептен...  со мои очи многу коли сум видел како идат право наместо да вртат лево,а тоа може да дојде до предизвикување на директен судар, фала богу тие што живеат во Скопје го знаат овој проблем во овој булевар и досега не се десило некоја голема трагедија, али  не се сложувам дека оваа улица има многу гужва ,но поврзувањето со обиколницата би било големо олеснување за Скопје.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 13-Feb-2013 at 13:09
Se soglasuvam so @Cloverstack mnogu e vazno urbanisticki pravilno i celosno da se resi, dali ke bide bulevar ili pak sekoj objekt ke si napravi komercijalen prv sprat a zatoa pak nema da ima svoj parking ili ke ima vo dokumenti ama ke go koristi kako otvoreno skladiste a kolite pak ke se parkiraat na bulevarot.
Dokolku se izraboti i urbanisticki plan za levata i desnata strana na bulevarot navreme, ke ima pravilni pristapni patista i nema da se sozdade dzunglata od Cvetan Dimov. Inaku sigurensm deka pred da zavrsi bulevarot veke levata i desnata strana ke e parcelizirana i ke se izgradi urbana sredina ...
Sreka komunizmot ni ostavi nekoj red i mir vo urbanizmot, inace maf ke ni bese rabotata, od pravenje ulici pa potoa nivno prekopanje za instalaci pa pak krpenje na istite. Se nadevam deka barem ovdeka ke go nema toa...!? Ohno Sepak ne se iskluceni inprovizacii bidejki se raboti za lokalen proekt bez nekoi standardi... Cheers   
ps: So ova samo ke se namali guzvata na Butelska...


Edited by Portal - 13-Feb-2013 at 13:13
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 14-Feb-2013 at 01:05

ЌЕ СЕ ПРОШИРУВААТ ДВЕТЕ ДЕЛНИЦИ НА ЦЕНТРАЛНИОТ БУЛЕВАР ВО ОПШТИНАТА

Еден милион евра за помал метеж во Чаир

Нови сообраќајни ленти ќе добијат „Христијан Тодоровски-Kарпош“ и „Цветан Димов“. Станува збор за една иста улица со две имиња, која почнува кај Јаја-паша и води до населбата Бутел

Околу милион евра ќе чини проширувањето на булеварот Христијан Тодоровски-Kарпош во Чаир, во должина од 600 метри - од „Џон Kенеди“ до „Рокомија“. Тоа е делот каде што се наоѓа општинската зграда на локалната власт во Чаир.

Надлежните од Градот веќе склучиле договор со фирмата „Бетон“ во висина од 61,1 милион денари. Таа има обврска да ги заврши работите за шест месеци од потпишувањето на договорот. Одговорните од одделението за односи со јавноста не одговорија за колку ленти ќе биде проширена оваа сообраќајница, ниту кога точно ќе почне изградбата.

Освен за реконструкција и проширување на булеварот, Градот ќе издвои и 41,1 илјада евра за електрични инсталации за осветление. Ангажирана е фирмата „Елтра ДООЕЛ“.

Годинава во план е и проширување на „Цветан Димов“, улицата што води од Јаја-паша и продолжува кон Бутел под ново име - „Х.Т. Kарпош“, по што се очекува значително растоварување на метежот во Чаир. За овој зафат с` уште не се издвоени средства.

Обновата на „Христијан Тодоровски-Kарпош“ Градот ја најави уште лани. Со таа разлика што тогаш беше предвидено сообраќајницата да се поврзе со обиколницата. И тоа на барање на жителите од Радишани, Љубанци, Раштак и од Љуботенски Пат со објаснување дека само така ќе се намали секојдневниот метеж на улицата Бутелска, која претставува единствена врска на овие населени места со останатите делови од Скопје. Градската власт подолго време работеше на основниот проект за продолжување на трасата, но како што изјавија оттаму, потребни им се повеќе време и средства за да почне планираниот зафат. Во претстојниот период треба да откупат приватни парцели низ кои треба да поминува булеварот, како и да ги обезбедат неопходните финансиски средства за градежните активности.

#
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CD090B711BEBF147995F187136EFFA0E


Edited by Portal - 14-Feb-2013 at 01:21
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 28-Mar-2015 at 01:34
Повторно се актуелизира идејата за поврзување на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ со скопската обиколница



Градот Скопје претстојните пролетни месеци ќе ги искористи за изработка на основниот проект за инфраструктура за булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, на потегот од крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ до врската со Скопската обиколница. Оваа недовршена сообраќајница во главниот град ќе им овозможи на жителите од населбите Бутел и Радишани да добијат алтернативна патна врска со центарот на Скопје. Проектната документација за трасата во наредните четири месеци ќе ја изработува фирмата „Геомап Дизајн“ од Скопје за сума од 1.068.254 денари. Продолжувањето на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ е планирано да се одвива во две фази.

Паралелно со изработката на проектната документација, како еден од приоритетите на градската власт за 2015 година е проширување на постоечката траса од оваа скопска сообраќајница. Од буџетот на Град Скопје се издвоени средства за реконструкција и надградба на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, на потегот од улицата „Џон Кенеди“ до крстосницата со улицата „Рокомија“ во должина од 600 метри. За отпочнување на градежните активности на овој дел е неопходно најпрво да се расчистат имотно – правните односи, ако се земе во предвод дека уште од 2013 година постои потпишан договор за реализација на овој проект.

http://www.build.mk/?p=43859
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 28-Mar-2015 at 02:16
Пред некое време одев за Радишани и одвај го најдов вистинскиот пат.да немав Мапс на мобилниот можеби и немаше да се снајдам.врти лево,па низ сокаци,па заобиколи,па.....
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1754
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 28-Mar-2015 at 15:33
Дај конечно нека мрдне од мртва точка ...
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 30-Sep-2015 at 07:47
За проширување на на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе се вложат над 3 милиони евра



Градот Скопје објави оглас за избор на градежна компанија што ќе го проширува булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во општина Чаир, на потегот од улицата „Џон Кенеди“ до улицата „Рокомија“, во должина од 600 метри. Градската власт проценува дека зафатот ќе чини околу 3,2 милиони евра. Сите заинтересирани компании за учество во градежните работи треба да ги достават своите понуди до 19 октомври.

#Покрај на делот што е веќе изграден, градските власти во изминативе неколку месеци работеа на основен проект за инфраструктура за оваа сообраќајница, на делот од крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ до скопската обиколница. Со целосната реализација на идејата, булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ за граѓаните на општина Бутел ќе претставува алтернативна транспортна врска кон центарот на Скопје, односно ќе го олесни движењето кон улицата „Цветан Димов“ во Чаир. Реконструкцијата и проширувањето на првата фаза од оваа сообраќајница се оддолжува веќе неколку години наназад.

http://www.build.mk/?p=46468
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6997
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 30-Sep-2015 at 13:54
зарем ќе им текне конечно дека тоа што е потребно на градов е да се доизградат прекинатите булевари?
и ова е само еден... што правиме со Гоце Делчев - АВНОЈ, Климент Охридски, Северниот булевар, односно поврзување на бул. Словенија со Србија и со Ѓорче Петров? или пак продолжувањето на Илинденска до обиколница?

ние немаме сообраќајни метежи поради големиот обем на сообраќај или поради тоа што постојат улици со две ленти... имаме метежи затоа што после 50 години, сеуште не ни се решени основни проблеми на генерално ниво, било тоа да се самите делници, или нивните вкрстувања
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1428
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 30-Sep-2015 at 20:41
3 МИЛИОНИ евра за 660 метри!
1 лента+ и реконструкција од 660метри 3 милиони евра!
Па и тие 1 милион за Трета македонска бригада во должина од 1.200 метри се многу
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 30-Sep-2015 at 22:31
овде вероватно има и експропријација
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10823
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 01-Oct-2015 at 10:29
Има многу куќи до тротоарот, од страната на ридот Гази Баба. Иако мислам дека поголемиот дел од нив се дивоградби, па не гледам причина за експропријација.
За сè има вторпат
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 01-Oct-2015 at 18:53
Dali ima nekoj videno Dup od toj del na trasata po Cvetan Dimov bulevarot, da vidime na koi strani e prosiruvanjeto i navleguvanje na trasata na imotite i kukite... Od opstina Cair nema nikakvo dup... ne se transparentni
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.