Културно наследство и археологија (општо) |
Post Reply | Page <1 8910 |
Author | |
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2185 |
Quote Reply #181 Posted: 03-Oct-2010 at 13:07 |
Неделава продолжуваат истражувањата кај пронајдените темели од верски објект во Струга
По пристигнувањето на екипи од Управата за заштита на културното наследство, во текот на нареднава недела, во Струга се очекува да продолжат археолошките активности за истражување на просторот на кој пред два дена беа пронајдени остатоци од верски објект. Истражувањата треба да покажат за кој точно верски објект станува збор. Според верувањата на стружани на овој простор некогаш се наоѓале црквите Света Богородица и Света Варвара, како и машките конаци од Манастирот Света Богородица од Калишта. Од струшкиот Завод и музеј не ја исклучуваат можноста да се работи и за темелите на црквата Свети Никола Дримени. Темелите на сакралниот објект беа случајно откриени во петокот попладне при извршувањето на градежни зафати за поставување на билборди во близина на кафе барот Адмирал. http://ohridnews.com |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2185 |
Quote Reply #182 Posted: 02-Oct-2010 at 12:01 |
Струга- багери копајќи за билборд, наишле на темели од стара црква
Попладнево во Струга, во близина на кафе барот Адмирал, багери кои копале за поставување на билборди удриле во темели од непознат објект.. Веднаш биле повикани стручни екипи од музеите во Струга и Охрид за да се утврди за каква градба станува збор. Според директорката на Завод и музеј- Охрид ,Тања Паскали, станува збор за ѕид од стара градба и најави дека екипи од Заводот за заштита на културно наследство деновиве ќе извршат дополнителни испитувања со цел да се утврди дали тоа е старата црква Пресвета Богородица за која се претпоставува дека некогаш тука постоела. Според директорот на Градскиот музеј во Струга, Сашко Цветковски, старите темели се доказ дека тука навистина постоела црква, како што претходно, години наназад, тврдеа голем број стружани http://ohridnews.com При обид да бидат поставени два билборда доцна попладнево во центарот на Струга наспроти женската плажа, во дупките кои беа откопани беа пронајдени темели од стара црква. Дека нешто се работи прв забележал доктор Јосиф Белески кој живее од другата страна на улицата. Им предочил на работниците да престанат да работат. Во меѓувреме пристигнаа екипи на струшкиот и охридскиот музеј кои започнаа со откопување на дупката и нејзино чистење при што беа откриени и темелите на објектот. „За ова место сега се води спор меѓу црквата и жителка на Струга која живее во Белград. Таа има документ со кој го оспорува враќањето на ова место на црквата и кое е големо 2.000 м2. Сето ова е црковно место за што имаме скица и материјални докази“, рече Јосиф Белевски, граѓанин на Струга. „Тука се наоѓала црквата Света Богородица, а во непосредна близина и црквата Света Варвара. Има преданија дека меѓу нив постоел машкиот манастир на црквата Света Богородица од Калишта. Ова место се вика и Светиклиментово блато. Се мисли дека тука прво Свети Климент го изградил својот факултет, но објектот се урнал од поплава и потоа се преселил во Охрид“, рече Јордан Попаѓиноски, граѓанин на Струга. Од Струшкиот музеј најавуваат дека работите ќе продолжат и наредните денови. „За ова имаме зачувани записи од очевидци кои кон крајот на 19 век имаат овде работено. Не е исклучено дека можеби се работи за црквата Свети Никола - Дримени, затоа што во тоа време се затворало првобитното корито на Дрим. Свети Никола – Дримени, според кажувањата на старите, се наоѓал на езеро, па и оваа локација може да упатува за тоа“, вели Сашо Цветковски- директор на Музеј Струга. Инаку извесна Радија Садикоска го добила ова место на тендер кој го распишал пред неколку години Министерството за транспорт и врски, на 100 години за само 1 евро по метар квадратен. Но, по жалбата на неколкумина граѓани на Струга, струшкиот Основен суд ја поништил одлуката. Во моментов има барање за денационализација од страна на стружанката која живее во Белград. Минатата година неколкумина граѓани на ова место поставија мал објект со икона на Богородица, при што беше спречен обид за негово уривање. Мики ТрајковскиПри обид да бидат поставени два билборда доцна попладнево во центарот на Струга наспроти женската плажа, во дупките кои беа откопани беа пронајдени темели од стара црква. Дека нешто се работи прв забележал доктор Јосиф Белески кој живее од другата страна на улицата. Им предочил на работниците да престанат да работат. Во меѓувреме пристигнаа екипи на струшкиот и охридскиот музеј кои започнаа со откопување на дупката и нејзино чистење при што беа откриени и темелите на објектот. http://www.strugadenes.com Edited by Makedonij - 03-Oct-2010 at 12:39 |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
Post Reply | Page <1 8910 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |