build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Културно наследство и археологија (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 10>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 22-Aug-2014 at 06:07
Струмин гроб



Гробот е висок 230 самтиметри, широк 240 сантиметри и долг 400 сантиметри. За настанувањето на гробот постојат три легенди:

Според првата, гробницата спаѓала на Струма, сестрата на Крали Марко;

Според втората, гробницата припаѓала на Персеј, принц, роднина на Александар Македонски;

Според третата, гробницата припаѓала на Струма, ќерка на некој заповедник на Словените на Струмичката област.

Гробот што се наоѓа во непосредна близина на селото Баница и денеска сведочи за легендата за убавата Струма која го предала својот татко заради љубовта кон еден од војсководците кои сакале да го потчинат нејзиниот народ. Оваа легенда вели дека градот бил опсаден од силна византијска војска, но не успевале никогаш до тогаш да го освојат. Тогаш се случило предавство на Струма, која била вљубена во византиски војсководец и му ја открила тајната за неосвоивoто, Струмичко кале. Византијците ја освоиле тврдината, а таткото ја проколнал ќерка си: кога ќе умре, земјата девет пати да ја исфрла од гробот.

Деветте слоеви делкан бигор, легендата ги поврзува со деветте исфрлувања и погребувања на Струма. Но, дали една од овие легенди е точна или гробот си има своја посебна историја, не се знае.

Изградбата на овој гроб можно е да припаѓал и на турски поглавар од средновековниот период. Тоа го поткрепиле и археолошките истражувања извршени во 1983 година кога овде биле пронајдени остатоци од гробови од исламскиот период. Иако се уште не е докажано, можно е гробот да е на некојси верски водач или поглавар на исламската заедница. [3]
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 22-Aug-2014 at 06:08






За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 24-Aug-2014 at 12:32

Тајната куќа во Градски парк

Пишува Данило Коцевски - Постои една необична и таинствена куќа во Градскиот парк за која малку се знае кога е настаната, што претставувала некогаш и зошто токму на тоа место е градена. Можеби, многупати сте поминале покрај неа, но не сте ја забележале, бидејќи одамна е вклопена во амбиентот на бараките на Град Скопје и станала составен, нераскинлив дел од тој простор.


Денешниот изглед на главниот влез во куќата

Сепак, ако малку подзастанете и внимателно ја погледнете, ќе забележите дека таа е специфична по својата архитектура, со што се изделува не само од тој дел на градот туку и од постарите зачувани објекти кои денес постојат во Скопје. Очигледно дека станува збор за постара градба, но нејзините тајна, историја и намена најдобро ги знаат повозрасните жители кои израснале во близина на Зоолошката градина и на паркот. Објектот се наоѓа на само неколку метри од главниот влез во Градското собрание и канцелариите кои се во непосредна близина. Ретки се фотографиите од оваа куќа од пред војната, а едната од нив ја објавуваме во овој број. Амбиентот околу неа е сосема поинаков од денешниот, а таа во зеленилото изгледа како куќа од бајките. Очигледно е дека станува збор за своевиден споменик на културата кој треба да се зачува.

Приказната за овој необичен објект започнува во 20-тите години на минатиот век. Во тоа време се презела голема обнова на скопскиот парк, се отворале нови површини, се саделе необични и нови видови дрвја и цвеќиња. За обновата се посочува 1923 година, и таа траела наредните неколку години. Во еден скопски документ, кој е датиран од периодот 1923-1928, се истакнуваат зафатите во Градскиот парк, а куќата за која зборуваме, најверојатно, е изградена помеѓу 1923 и 1926 година. Тоа го потврдуваат и еден тип стилски куќи кои, за среќа, се зачувани до денес и потсетуваат на градбата во паркот. Станува збор за ниските објекти од Железничката колонија наспроти Универзална сала, кои се градени во истиот временски период. За што служел овој објект изграден од пред речиси 100 години? Тоа не било обична куќа, туку вила наменета за управителот на скопскиот парк, еден вид негова резиденција изградена во швајцарски стил! Тој швајцарски стил одлично се вклопил во амбиентот. За таа куќа, во посочениот документ се вели:

"На една страна од новиот парк, изградено е убаво и удобно живеалиште за управителот на парковите - вила во швајцарски стил, а покрај неа и стаклена бавча од 200 м2, во која се произведува разновидно цвеќе и се одгледуваат расади за парковите. Постои и друга помала стаклена бавча, како и 6 стаклени леи со 126 прозорци". Потребата од стаклена бавча и расадник била голема, со оглед на тоа што паркот започнал да се шири.

Во тој период, стариот парк Ислахане се проширил кон Зоолошката градина и кон реката Вардар. Така се оформил новиот парк Идадија.

"Овде сега се гради вештачко езеро и канали", се вели во записите, "со убави пешачки мостови, кои се во врска со јазот и со Вардар".

Во тој нов парк било насадено вистинско богатство од дрвја и од цвеќиња. Некои биле носени од странство и одгледувани во стаклената бавча, која се протегала од куќата во која живеел управителот, во правец кон денешниот Природо-научен музеј. Многу дебармаалци, меѓу кои имало стари бавчанџии, биле ангажирани околу расадите или калемењето на растенијата. Некои од алатките што тогаш биле употребувани, и денес се чуваат во домовите како раритети. Еве какво растително богатство било насадено во новиот парк во тие 20-ти години кога била изградена куќата на управителот: големи и мали палми, маргарети, бегонии, фикуси, зумбули и лалиња, 267 високи дрвја од разни видови, како и 500 од пониските стебла. Се саделе јасен, шпанско дрво, кисело и американско дрво (јавор), багреми, црници, диви овошки, високи и ниски ружи, потоа тополи и ниско украсно зеленило. Тоа е само дел од цветниот и воопшто растителен асортиман присутен во новиот скопски парк. Се отворале и киосци за разни потреби на шетачите во паркот, кои масовно го посетувале.

Повозрасните жители кои израснале околу Зоолошката градина и паркот, и денес се сеќаваат на стаклената бавча, на куќата која сe уште е зачувана. Паркот е вистински рај на скопското детство, особено за оние што израснале во негова близина. Како ученици во основно училиште, ги воделе на надгледна настава во расадникот и во бавчата за да се запознаат со процесот на производство и со садењето на цвеќињата и на разновидните растенија. Куќата на управителот во швајцарски стил со текот на времето ја менувала својата намена. Таа претрпела незначителни измени во покривниот дел и фасадата, но зачувани се автентичната естетика и изгледот. Подоцна, во една нејзина просторија живеел чуварот на паркот, непосредно пред војната, но и по неа, во педесеттите години. Тој чувар често пати и денес се споменува, а бил многу омилен меѓу децата и младите скопјани. Носел необично име - Јуда. Чичко Јуда знаел со секого да помуабети и да се фотографира. Скопските студенти од педесеттите години сe уште ги чуваат фотографиите направени со човекот кој е дел од нивната младост, а кој живеел во необичната егзотична куќа во паркот.

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=0FED8624215F584BAC85623E1D82544A

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 24-Aug-2014 at 22:07
Back to Top
zdravozivo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2012
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote zdravozivo Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 24-Aug-2014 at 23:06
Проф. Виктор Лилчиќ Главен Археолог на РМ

Каде почива душата на Александар Македонски?
Каде се неговите земни остатоци?

Пријатели драги, пред околу три дена дојде кај мене почитуваната госпоѓа Неда Бакевска новинар од Телма телевизија. Снимивме 40 минутно интервју. Помеѓу прашањата и изречените толкувања беше и проблемот на гробот на Александар III Македонски.

Изјавив дека ако е во Македонија, тогаш гробот на Александар, би, требало да се бара секако во прастарата македонска кралска престолнина Ајга (Кутлеш / Вергина).
Но, и тоа дека сите досегашни познати историски извори зборуваат, дека гробот на Александар се наоѓа во градот Александрија во Египет.

Денес на ударните вести на Телма телевизија нејзините уредници извлекувајќи од контекстот на моето продолжително толкување на проблемот, емитираа дел што изгледа ним им одговара да го изнесат.
Но, како што гледам сосема спротивно од моите продолжителни тврдења, објаснувања и толкувања и мошне грубо тенденциозно.

Па за да нема забуна тука ке изнесам накусо што мислам за гробот на Александар Македонски.

Ве молам мои искрени фејсбук пријатели да го споделите ова толкување, бидејки очигледно Телма телевизијата денес се поигра не само со мене туку и со македонската наука и култура. Очигледно е дека тоа не е онаа старата Телма телевизија со која долго време соработував.

1. Гробот на Александар Македонски е во градот Александрија во градината ѕона (тело) што ја оформил неговиот генерал Птолемеј, во еден од херооните (мавзолеи) што генералот ги оформил.

- кусо резиме на случувањата пред смртта, транспортот и состојбите во Македонија:
Александар почина во Вавилон. претходно околу 3 дена и три ноќи кајчето со кое тргна да се прошета по мочурливиот воден предел до градот, се загубило. Се претпоставува дека бил избоден од голем број маларични комарци. По враќањето една вечер кај пријателот каде пиеле вино, се појавиле првите знаци на слабоста. По некаде 12 дена починал.
Халдејските свештеници го балсамирале неговото тело и било положено во златен саркофаг. Извесно време додека генералите се договарале кој од нив ке владее со освоените територии, била градена величествена кочија за транспорт на саркофагот кон Ајга (Кутлеш/Вергина) каде што по традиција биле погребувани кралевите од првата македонска династија на Аргеадите (Хераклиди).
Но во моментите кога кочијата требала да тргне кон Ајга, Птоломеј го поткупил офицерот кој раководел со транспортот и го однел телото на Александар во Александрија.
Податоците говорат дека кралицата Клеопатра го пренела телото во стаклен саркофаг, и го претопила златниот саркофаг.
Гробот бил познат некаде во средината на 4. век од н.е., но веке во 400-та година никој веќе не знаел каде е гробот на основачот на Александрија, кралот Александар Македонски.

Во нашата Република Македонија, по стекнувањето независност во 1992 година, се појавија локални патриотски хипотези за можното наоѓање на гробот на Александар на територијата на Република Македонија.

1. Едни како Паскал Камбуровски, кој напиша брошура Гробот на Александар, сметаат дека Александар се наоѓа на старите пеонски гробишта на градот на локалитетот Исар, кај селото Марвинци, Вландовско.
2. Друга група смета дека гробот на Александар се наоѓа некаде на планината Беласица.
3. Неодамна се појави и трета идеја дека гробот на Александар се наоѓа на ридчето Шарков Рид / Канда, кај селото Црнилиште, јужно од Свети Николе (види го мојот албум тука на ФБ за овој локалитет - воено рововска позиција од Првата светска војна)

Во основа лежи прашањето, кој во Македонија бил мотивиран и кој имал физичка сила да го донесе телото на Александар од Александрија во Македонија?
И ако успеал, зошто би го сокрил телот на Александар токму на територијата на северниот дел од кралството Македонија, денес Република Македонија?

1. Мотивирани биле мајка му Олимпија, жена му Роксана со синот Александар IV.
2. Не бил мотивиран Касандар, синот на генералот Антипатар, кому Александар му ја оставил Македонија да ја чува.
Касандар ја предводел македонската војска со што ја имал воената моќ.
Олимпија, Роксана, Александар IV, принцезата Деидамеја и малкумината други членови на кралскиот двор не можеле да му се спротивстават.
Касандар по ред ги елиминирал.
Се оженил за полусестрата на Александар, принцезата Тесалоника, и застанал на чело на кралството Македонија.

Пријатели драги, никому не можеш да му го одземеш сонот, па така и на оние кои искрено сакаат да го откријат гробот на Александар Македонски на подрачјето на Република Македонија.

Но, науката за последните стотина години не дошла до ниту еден макар најмал траг, ниту во изворите ниту на почвата на Република Македонија дека земните останки на Александар се кај нас.

И ако некој например успеал да го донесе на Балканот, зошто би го сокрил толку северно а не некаде близу до прастарата престолнина Ајга, чекајќи згоден момент да го погребе триумфално?!!

Наспроти тоа, ние имаме нешто друго. Го поседуваме северниот дел на кралството Македонија. Илјадници бронзени, сребрени и златни македонски монети расеале античките Македонци ширум нашата Република Македонија, во античките градови, села, тврдини, култни места храмови некрополи.
И токму затоа сметам дека сериозно треба да се позанимаваме со тоа што најконкретно го имаме и со што можеме да го градиме развојот на локалните заедници а секако и да го докажеме правото на нашето исконско име Македонија врз база на милионите дела што нашите предци ни ги оставиле на почвата на Република Македонија
Back to Top
zdravozivo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2012
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote zdravozivo Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 24-Aug-2014 at 23:10
Инаку, секоја чест за професорот кој посветува дел од своето време да не удостои со многу слики и информации на неговиот facebook профил.
Жал ми е што немам време да пренесам барем дел на форумов,
За тој што има желба https://www.facebook.com/viktor.lilcik

Viktor Lilcik Adams
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 25-Aug-2014 at 11:19
ПОНИСKИ ЦЕНИ ЗА ПОВЕЌЕ ПОСЕТИТЕЛИ

СО ЕДЕН БИЛЕТ ЗА АКРОПОЛ ЌЕ ПОСЕТИТЕ ШЕСТ МАКЕДОНСКИ ЛОКАЛИТЕТИ



Македонските археолошки локалитети се евтини за разгледување, но таква е пошироката слика во регионот. Цените на билетите се речиси секаде исти и се движат од 2 до 2,5 евра. Билетите од 20 евра остануваат за музеите во метрополите. Во регионот веројатно најскапа е посетата на атинскиот Акропол, кој може целосно да се разгледа за 12 евра.

За оваа сума може да се разгледаат речиси сите поголеми антички градови во земјава. Со цена од 100 до 120 денари за билет (која е пониска за групни посети) музеите тешко може да очекуваат голема заработка. Но, во ситуација кога граѓаните не се економски моќни, подобро е да се задржат посетителите, оценуваат упатените.

Поединечната влезница за посета на античкиот град Стоби кај Градско за возрасни чини 120 денари (2 евра). Поединечна влезница за група, поголема од 10 лица, чини 100 денари, додека ученици, студенти и пензионери плаќаат по 50 денари.

- Прошетката вообичаено трае еден час, а во оваа сума е вклучен и водичот. Се разбира дека цените се исти и за домашни и за странски туристи - вели археологот Силвана Блажевска, директорка на локалитетот.

Стоби преку апликација на мобилен телефон

На прашањето дали смета дека цените за разгледување на Стоби се ниски, Блажевска вели дека веројатно се ниски, но гледале да бидат приспособени повеќе на домашните посетители.

- За странските туристи 120 денари е можеби евтино, но да има различни цени за домашни и за странски туристи не е во ред. С` уште немаме аудиоводичи, иако за нивна набавка размислувавме во изминативе години. Сепак, одлучивме дека подобра варијанта е апликација на мобилен телефон, која посетителите ќе може да ја преземат на влезот на локалитетот. Во моментов се работи на подготовка на апликацијата, а од средствата ќе зависи на колку јазици ќе биде оваа првична основна варијанта. Понатаму секако ќе се развива. Kако и изминативе четири години и сега на локалитетот се ангажирани пет водичи - вели Блажевска.



Римскиот локалитет Феликс Ромулијана кај Заечар, Србија, веќе неколку години е на листата на светското културно наследство на УНЕСKО. Тоа не значи дека ќе платите повеќе ако решите да го посетите. Влезницата чини 300 динари, односно 2,55 евра. Има и нешто поскапи билети (за посета на повеќе објекти) или поевтини (за групни посети). Посетата на Виминациум кај Kостолац е дури поевтина - 2,13 евра, иако локалитетот нуди многу поатрактивни објекти за разгледување: реплика на римска вила рустика, подземни гробници, бањи, а неодамна беше отворен музејот во кој се изложени пронајдените скелети од мамути.

Бутринт во Албанија по сите стандарди

Драган Сотировски од Скопје неодамна бил на одмор во Албанија, па го посетил и археолошкиот локалитет Бутринт.

- Навистина одлично уреден и има што да се види - културен живот во распон од неколку века. Билетот го платив околу 5 евра. С` уште нема развиено систем со аудиоводичи, но сепак на локалитетот има многу водичи. Тие ги придружуваат групите, па дури и да се работи за еден турист. Навистина бев импресиониран - вели тој.

Има и поинакви примери. Македонец на почетокот на месецов ја посетил Самуиловата тврдина во Kлучката Kлисура, во Бугарија. Тој сосема слободно влегол во локалитетот.

- Беше работен ден, врнеше, на влезот на локалитетот немаше никој, ниту да се понуди да не прошета низ локалитетот, ниту да ни наплати влезница. Влезот во тврдината беше околу 2,5 евра - вели тој.

Ако сакате да го посетите Акропол во Атина и да ги разгледате сите објекти, ќе платите 12 евра. Има и половична цена од 6 евра. Разгледување на сите објекти во античкиот град Пела чини 6 евра, но можете да видите неколку објекти и да платите 3 евра. Влезот во македонската гробницата во Kутлеш чини е 8 евра, а ако начекате попуст ќе платите половина сума. Билетот во црквата-музеј „Св. Софија“ во Истанбул чини 10 евра, а во античкиот град Ефес - 4 евра.

СТОБИ ДОСЕГА ГО ПОСЕТИЛЕ 8.000 ГОСТИ

Туристичката сезона на Стоби почнува во април и завршува на почетокот на ноември. Според Блажевска, досега локалитетот го посетиле околу 8.000 гости.

- Бројката е за нешто поголема од истиот период минатата година. Со оглед на бројката на туристи кои овој период минуваат по автопатот, сметам дека би требало да имаме повеќе посетители, но и тоа зависи од повеќе фактори: рекламирањето, временските услови, патната сигнализација и друго - вели Блажевска.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=44F4D18216E37442B965768AA78BB689
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 27-Aug-2014 at 01:31
многу мрсен наслов во споредба со тоа што се збори во текстот... и самиот текст кажува колкави варијаци има во квалитетот и реткоста на локалитетите, нивната уреденост, историска и уметничко/архитектонска тежина, опременост со водичи и прегледност и т.н.
ама од сите тие ствари ние прво за цената се фативме и тоа преку споредби кои ни се неосновани... типично македонски Roll%20eyes
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 27-Aug-2014 at 15:25
Завршија годинашните подводни истражувања на локалитетот „Врбник“ кај Струга

На подводниот археолошки локалитет „Врбник“ кај Струга деновиве завршија истражувањата, чија цел беше да се направи контролно сондажно истражување за да се добие покомплетна слика за стратиграфијата и хронологијата на локалитетот.



Како што соопшти денеска Министерството за култура, во слојот кој и припаѓа на железновременската палафитна населба е потврдено богатството со наоди, повеќе фрагменти од садови, железен врв од копје и друго.
Истражувањата, како што информираат од Министерството, ќе продолжат и наредната година со цел да се добијат повеќе информации за животот на оваа населба во праисторискиот период.
Со досегашните археолошки активности на овој локалитет констатирана е палафитна населба на поголема површина од околу 100м х 50 м, со над 500 колци, богат движен археолошки материјал со поголем број метални предмети, керамички садови, како и голем број керамички фрагменти од садови, што говори за интензивен живот во оваа населба во железното време. Резултатите од истражувањата, Музејот од Струга јавно ќе ги презентира во септември при што ќе биде промовиран уште еден досега непознат подводен локалитет со идентификувани повеќе пловни објекти од Првата светска војна.
Овогодинешните истражувања на подводниот археолошки локалитет „Врбник“ се реализирани со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ од Струга.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=38847
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 30-Aug-2014 at 11:37
..

Edited by kultuzin - 30-Aug-2014 at 12:33
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 30-Aug-2014 at 11:55



Edited by kultuzin - 30-Aug-2014 at 12:32
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 30-Aug-2014 at 11:56




Градба од повеќетонски правоаголни камени блокови можел да направи само многу богат и моќен владетел

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=829141825411&id=9&setIzdanie=23261
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 30-Aug-2014 at 12:19
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 01-Sep-2014 at 22:15
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 09-Sep-2014 at 14:15
Султан-муратовата џамија во Скопје лежи врз прочуениот Виргински манастир!
Македонија / Вторник, 9 Септември 2014, 14:48



Сензoрна интеграција за деца со пречки во развојот и аутизам
Основната цел на центарот е советување, специјална едукација, индивидуален...

Пред девет века на Виргино брдо, над реката Серава, спроти средновековно Скопје, или Калето како што денес се нарекува тој простор, бил изграден најголемиот и најбогат манастир во овој дел на Македонија.

манастир

Манастирот бил посветен на Свети Ѓорѓи Скороподвижник, а бил подигнат во времето на цар Самуил. Секој нареден владетел на овој дел од Македонија потоа му ги потврдувал привилегиите и имотите. Така, кога во 1040 година македонските востаници го зазеле градот Скопје, нивниот водач Петар Делјан ги потврдил овластувањата на Виргинскиот манастир, кои биле определени од императорот Роман Трети Аргир, ктитор на манастирот. За жал, по околу 400 години, и по огромнниот углед меѓу христијанското население, на 27 април 1428 година, во времето на Мурат-бег, османлиите го разурнале манастирот, а осум години подоцна, токму врз неговите темели, била изградена Султан-Муратовата џамија. Прифаќањето на тој податок, навестен од Васил К’нчов уште во 1898, а подоцна, во 1968–та година, прифатен и образложен во два наврати и од Константин Петров во Годишниот зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, се чини конечно ја разрешува дилемата околу локацијата на некогашниот прочуен манастир „Свети Ѓорѓи –Скороподвижник“.

Голем духовен и скрипторски центар!

Според проф. д-р Илија Велев, кој со години ги истражува македонските манастири како духовни и културни центри, особено оние кои биле значајни скипторски и книжевни центри, Виргинскиот манастир бил еден од најзнајните во тој поглед на територијата на цела Македонија.

- Економската благосостојба на овој манастир придонела тој да располага со бројно монаштво, а во неговото братство се наоѓале грамотни и високопросветени монаси, со чија дејност манастирот прераснал во голем духовен и скрипторски центар на Балканот. Манастирот располагал со богата библиотека од ракописни книги, но и даровни грамоти на многу владетели. За жал, поради судбината што ја доживеал со доаѓањето на Турците, сега на истражувачите им е оневозможено да идентификуваат барем дел од целото книжевно наследство на овој скрипторски центар и да претстават некои од позначајните книжевни дејци. Најверојатно голем дел од книжевното наследство од манастирската библиотека на Виргинскиот манастир било уништено, а само мал дел бил разнесен во други манастири. Сепак, исклучително значајната книжевна традиција на овој скрипториум може да се реконструира според сочуваните преписи на владетелските грамоти наменети на овој манастир. Документите потврдуваат дека Виргинскиот манастир бил значаен духовен центар во Скопската епархија, а владетелите инсистирале токму таму да се препишуваат даровните грамоти. Ваквиот углед на манастирот доаѓа и од тоа што во него престојувале книжевници со висока духовна, просветна, грамотна и правна култура. Секоја оригинална грамота морала да има свечени копии за покажување пред даночни, судски и други органи. Самата владетелска канцеларија нарачувала копии за себе, за манастирот и за патријаршијата токму во Виргинскиот манастир, вели д-р Велев.

Прекрасната локација каде што бил изграден манастирот веројатно била една од причините Турците да го урнат целиот комплекс штом стапнале во Македонија, а веднаш потоа на негово место да изградат џамија посветена на тогашниот султан Мурат. Џамијата која и денес постои најверојатно врз темелите на црквата на Виргинскиот манастир сé уште е најголема џамија во Скопје. Според податоците до кои дојдовме истражувајќи ги трагите за можната локација на Виргинскиот манастир, Султан-муратова џамија во Скопје располага со околу 900 метри квадратни површина. Доколку нејзината површина се поклопува со темелите на манастирската црква на Виргинскиот манастир, може да се претпостави за каков објект станувало збор. Имено, тоа секако била најголема црква и најголем манастирски комплекс во овој дел на Македонија. Секако делови од целиот комплекс денес би требало да има и во дворот на сегашната џамија, потоа околу Саат –кулата, но и во пониските делови на Виргино брдо. Целиот тој простор е покриен со куќи од кои голем дел се постари од стотина години. Само неколку стотина метри од Виргино брдо е комплексот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, кој, во одредена смисла, би можело да се каже дека е своевиден наследник на културниот и духовниот континуитет на Виргинскиот манастир. Сепак, за жал, досега не се направени никакви археолошки обиди да се откријат барем дел од темелите на некогашниот прочуен манастир, за кои свои даровни грамоти издавале византиски цареви, а подоцна и српските и бугарските владетели кои во одредени периоди владееле со овој дел на Македонија. Нема дури ниту информативна табла дека таму некогаш бил прочуениот Виргински манастир!

дзамија

- Претворањето на манастирот во џамија во 1428–та година ја замрела богатата книжевна дејност на овој културен и духовен центар на Македонија. Инаку, првите книжевни пројави во Виргинскиот манастир треба да се поврзуваат со 11-ти век, кога тој бил изграден, а подоцна и обновен. Во тогашниот скрипториум, каде што се препишувале богослужбени и проповедни книги, се напишале и првите даровни грамоти на основачот – царот Роман Трети–Аргир, но и на царот Алексеј Комнин, кој го обновил манастирот. Во Виргинската грамота на Константин Асен –Тих стои дека тогашниот игумен на манастирот Варлаам ги дал на увид претходните даровни грамоти што се чувале во трезорите на библиотеката. Исто така и Виргинската грамота на крал Милутин била напишана според претходно сочувани правни споменици за манастирот, како што потврува во своето истражување и професор Владимир Мошин. Овие две грамоти, заедно со онаа на феудалниот господар Вук Бранковиќ, кој во еден период исто така владеел со овој дел на Македонија, денес се чуваат во Хиландар. Досегашните научни сознанија за грамотите на манастирот ја илустрираат сликата за исчезнувањето на нивните оригинали и на преписите што се чувале во манастирската библиотека, смета д-р Велев.

Средовековни гравури со манастирот на Виргино брдо!

Според она што досега се знае за Виргинскиот манастир може да се потврди дека станува збор за многу значаен македонски духовен центар, за кој свои даровни грамоти потпишале повеќемина тогашни цареви, кралеви и други владетели. И денес може да се види дека просторот каде што бил подигнат манастирот е исклучително убав, затоа што оттаму се пружа глетка кон сите страни на скопската котлина. Брдото се наоѓа наспроти тврдината Кале, а на неколку стари гравури и цртежи може да се види дека токму на местото на денешната Султан – Муратова џамија стои манастирски комплекс со конаци, камбанарија, црква и други придружни објекти, меѓу кои секако треба да биде и библиотеката, како и зградата каде што работеле тогашните книжевници и препишувачи.

По уривањето на целиот манастирски комплекс и подигнувањето на џамијата на негово место, во дворот на џамијата била изградена и импозантна саат-кула, со часовници кои можеле да се видат од сите четири страни на Виргино брдо. При нашата обиколка на тој дел од Скопје домарот на џамијата ни објаснуваше дека до Втората светска во празните места на врвот од Саат–кулата имало златни часовници, кои биле однесени од Бугарите при повлекувањето од Македонија. Иако се обидовме да добиеме некаква информација и за тој настан, докази за тоа не успеавме да најдеме. Од друга страна, се разбира аматерски, забележавме дека при копањето за инсталации во џамијата, биле откриени стари камени блокови, кои потсетуваат на оние што се вградени во црквите од тој период, како што се камените блокови на црквата „Свети Пантелејмон“ во Нерези.

Камените остатоци, кои може да се и од темели на некој од објектите на Виргинскиот манастир, за време на нашата посета на џамијата, сé уште стоеја во еден дел од дворот. Може да се претпостави дека доколку продолжат ископувањата околу џамијата веројатно ќе се откријат и други археолошки предмети кои би можеле со сигурност да ја потврдат тезата дека токму под Султан-Муратовата џамија во Скопје се наоѓа големиот и многу значаен манастир „Свети Ѓорѓи – Скороподвижник“, кој речиси шестотини години е обвиткан со мистерии, почнувајќи од тоа каде би можел да се наоѓа, па завршувајќи со податокот дали некаде во затрупаните манастирски трезори под земја допрва може да се пронајдат дел од скапоцените книги и други предмети битни за историјата на Македонија.

- Според грамотата на крал Милутин може да се констатира дека овој српски освојувач манастирот го затекнал во многу лоша состојба, па веднаш по освојувањето на Скопје наредил негово обновување. Паралелно со тоа извршил и реорганизација на манастирот со цел да го претвори во репрезентативен духовен и културен центар на својата нова престолнина. За таа цел формирал тричлена комисија за да ги среди поранешните манастирски правни документи со дарувањата на постарите владетели. Во комисијата работеле студеничкиот игумен Сава, кралскиот властелин Никола Опареша и манастирскиот ѓак Дабиша, кој како опитен книжевник ја пишувал Веригинската грамота од 1300-та година. Составот на комисијата одговарал на рангот на кралски манастир, каков што статус имал Виргинскиот храм „Свети Ѓорѓи“. Истиот крал-освојувач со посебна грамота го реконструирал имотот на манастирот и ги определил неговите правила. За жал, неговите наследници, кои исто така како освојувачи владееле со овој дел на Македонија, го ослабнале кралскиот статус на манастирот, па кон крајот на 14-век Виргинскиот манастир станал метох на Светогорскиот манастир Хиландар, и служел како преноќиште на хиландарските монаси кои доаѓале во Скопје. Во тоа време манастирот го изгубил високиот ранг, а останал целосно и без своето огромно богатство. Во грамотата на Вук Бранковиќ, пак, било определено половина од приходот да останува во Виргинскиот манастир, а другата половина да ја зема Хиландарскиот манастир на Света Гора. Потоа, како што може да се види од еден Богослужбен зборник од крајот на 14 век, кој денес се чува во таканаречената Хлудова збирка во Москва, „на ден 27 април 1428 година Турците до темел го уриваат Виргинскиот манастир“.

Во 1436 година најверојатно токму врз темелите на манастирската црква била изградена Султан – Муратовата џамија. Каква судбина доживеале скапоцените ракописни книги од богатата библиотека не се знае, но и таа мора да била слична со онаа што ја доживеал манастирот. Поголемиот број од ракописниот фонд со кој располагал манастирот бил пишуван во неговиот скрипториум и од рацете на тамошните монаси – книжевници. Може да се претпостави дека најголем дел од книжевното наследство било уништено од Турците при разурнувањето на манастирот, а само мал дел бил навреме однесен во други манастири. Трагедијата што се случила со уништувањето на Виргинскиот манастир делумно ја избледува историската слика за него како значаен духовен и книжевен центар во Скопската епархија, каде што книжевната дејност ја поддржувале и самите владетели, вели д-р Илија Велев од Институтот за литература во Скопје.

И во последните години од своето постоење, Виргинскиот манастир ја негувал книжевната дејност во својот скипториум, но, се разбира, не со тој интензитет како порано. Окупирањето на манастирот од страна на Турците и претворањето во џамија, сосема ја угасиле повеќевековната книжевна традиција, а целокупното книжевно богатство било разнесено и уништено. Во маалото изградено низ вековите на манастирскиот имот, денес живее етнички и верски мешано население, кое сепак сé уште доминантно е христијанско, а во близина нема црква, освен импровизираната барака на булеварот „Крсте Петков –Мисирков“. Можеби во дел од дворот на сегашната Султан-Муратова џамија, доколку се потврди дека токму тука бил Виргинскиот манастир, може да се изгради црква во спомен на славните времиња на манастирот „Свети Ѓорѓи Скороподвижник“, па во духот на сожителството на истото некогаш свето брдо денес би можеле едните да се молат на Алах, а другите на Бог.

Претходно, се разбира, треба да се изврши археолошко сондирање на теренот а во ископувањата можат да учествуваат дури и археолози од Албанија, како странски експерти, кои ќе им помогнат на своите колеги од Македонија. Сé што ќе се пронајде, ако се пронајде, ќе биде дел од заедничкото духовно и културно наследство на сите што денес живеат во овој дел на Балканот, како што порано биле дел од историјата на просторот што го освојувале и населувале разни владетели и цивилизации.

Во манастирот работеле најдобрите книжевници на средновековна Македонија!

Меѓу бројното монаштво на Виргинскиот манастир кое работело на препишување книги во манастирскиот скрипториум, посебно место секако зазема Дијак Дабиша, познат книжевник од преминот меѓу 13. и 14-ти век. Со самото основање на манастирот на Виргино Брдо, на најубавото брдо наспроти тогашното средновековно Скопје, монасите организирале скриториум кој набрзо бил познат во цела Византија. Покрај тоа што ги препишувале нужните богослужбени и проповедни книги, тука биле напишани и првите даровни грамоти (повелби) на царот-основач на манастирот – Роман Трети Аргир, но и на обновувачот на истиот манстор, царот Алексеј Комнен.

Скрипторската дејност во овој книжевен центар ја стимулирале самите владетели-завојувачи, а во Виргинскиот манастир престојувале опитни книжевници со висока духовна, проветна, грамотна и правна култура. Еден од нив е и Дијак Дабиша, книжевник и пишувач на познатата Виргинска грамота од 1300 година. Според сопствениот потпис во текстот, некои истражувачи сметаат дека Дабиша бил дворски писател, но бидејќи е потпишан како дијак – тој секако служел во манастирското братство. Познатата Виргинска грамота што ја пишувал тој е сочувана во два подоцнежни преписа кои денес се чуваат во Хиландарскиот манастир. Тоа се два пергаментни листа напишани независно еден од друг. Првиот е од средината на 14-ти век, а вториот од втората половина на истито век. Исто така, не е спорно дека Дијак Дабиша препишал повеќе ракописи во Виргинскиот манастир, но тие најверојатно исчезнале при уривањето на манастирот или пак некои од нив сé уште чекаат да бидат идентификувани, смета д-р Илија Велев, поддржувајќи ја тезата дека во Виргинскиот манастир, врз чии темели во 1436-та година најверојатно била изградена Султан-Муратовата џамија во Скопје, живееле и работеле најугледните и најпочитувани книжевници на средновековна Македонија.

Блаже Миневски за МИА
http://denesen.mk/web/?p=292480
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 09-Sep-2014 at 19:42
Вредниот скрипториум од Слепче разнесен низ светот
Старите ракописи пишувани на црковнословенски јазик пред повеќе векови во книжевната школа во манастирот „Свети Јован Претеча“ од Демир Хисар денес ги красат музеите и библиотеките на други европски метрополи
Стотици вредни стари ракописи пишувани на црковнословенски јазик пред повеќе векови од книжевната школа во манастирот „Свети Јован Претеча“ од Демир Хисар во минатото биле изнесени од Македонија. Од овој вреден скрипториум мал е бројот на примероци кои останале во нашата земја.

Најголемиот дел од нив се изнесени од Македонија уште од времето на 19 век кога тука минувале повеќе учени патеписци и ја знаеле вредноста на тие стари ракописи. Тие до почетокот на 20 век сите биле изнесени и денес се наоѓаат по библиотеките во Санкт Петерсбург, Москва, Одеса, Белград, Софија. Многу мал дел од нив денес се во нашата универзитетска библиотека.
Сашо Цветковски, историчар на уметност.
Старите ракописи денес ги красат музеите и библиотеките на други европски метрополи, вели Сашо Цветковски, историчар на уметност, кој неодамна беше и научен секретар на манифестацијата „1000 години Слепченски манастир“.


„Најголемиот дел од нив се изнесени од Македонија уште од времето на 19 век кога тука минувале повеќе учени патеписци и ја знаеле вредноста на тие стари ракописи. Тие до почетокот на 20 век сите биле изнесени и денес се наоѓаат по библиотеките во Санкт Петерсбург, Москва, Одеса, Белград, Софија. Многу мал дел од нив денес се во нашата универзитетска библиотека“, вели Цветковски.

Значењето на препишувачката школа се состои во тоа што делувале многу учени и вешти препишувачи предводени од дебарскиот монах Мисарион.
Сашо Цветковски, историчар на уметност.
Манастирот Св. Јован Претеча прераснал во еден од најзначајните книжевни центри во Македонија со бројно монаштво, активен скрипториум, богата библиотека, во која имало ракописи кои воделе потекло од XI и XII век. Книжевноста го достигнала свој зенит кога во манастирот се преведувале и препишувале богослужбени книги за црквите во демирхисарско и Македонија. Во значајните дела спаѓаат: „Слепчанскиот апостол“ од XII век, „Слепчанскиот писмовник“ од XVI век, кои се пренесени во Русија. Книгите биле пишувани на црковнословенски јазик.

„Тоа е една од величините на овој манастир, односно значењето на скрипториумот е што тука од секогаш се негувал црковнословенскиот јазик. Најголемиот број од тие книги биле напишани на црковнословенски јазик. Тука имало и грчки ракописи, пергаментни книги, но тие биле во помал број. Значењето на препишувачката школа се состои во тоа што делувале многу учени и вешти препишувачи предводени од дебарскиот монах Мисарион“, додава Цветковски.

Во 16 век влијанието на манастирот „Свети Јован Претеча“ било толку големо што дел од монасите се јавувале како донатори во светогорските цркви.

„Слепче бил во рамките на тогашната дијацеза на Охридската архиепископија еден од помоќните манастири. Имал влијание и затоа привлекувал моќни ктитори, меѓу кои и кнезот Димитар Кратовски. Да не заборавиме тоа е и времето на архиепископот Прохор, еден од најголемите поглавари на Охридската црква од времето на Османлискиот период. Врски со Света Гора се одржувани постојано во 16 век. Ние во неколку светогорски манастири, како Хиландарскиот, Зоографскиот, бележиме донатори монаси од манастирот Слепче“, вели Цветковски.

http://www.makdenes.org/content/article/26574810.html
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 09-Sep-2014 at 20:30
Култузин,се извињавам ,не го видов постот,па истиот го постирав во верски
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 09-Sep-2014 at 20:37
Нека стои и таму јас баш се мислев каде да го ставам. Сепак мислам дека е доста интересен податок.

Кога сме веќе кај културното наследство денес читав дека некој од бистите на Кичевското Кале се уништени и очигледно никој не превзема ништо а исто така никој не чуствува потреба да укаже на овој проблем.
Исто како и црквата ја снемало и никој не се грижи да истражи што и како имало таму. Така и после некоја година ќе ги снема бистите од Кичево а на новно место знаеме какви бисти би можеле да бидат поставени. За бришење на историјата сами сме си криви.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 09-Sep-2014 at 21:11
Штом сме веќе на таа тема,во кичевското кале се случи уште поголемо дивјаштво.Пред извесно време(можно е да е во истото време со оштетувањето на бистите) некој ја обил вратата од спомен костурницата,ги отворил лимените сандаци во кои беа положени посмртни остатоци на загинати партизани, и коските ги расфрлал низ целата просторија.

не се работи ни за крадци на железо,бидејќи ќе го земале металот,не се работи ни за наркомани бидејќи обично тие кршат за да дојдат до 300 денари за доза,туку овде е нешто подлабоко во суштина....
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 09-Sep-2014 at 21:22
Originally posted by gjoko


не се работи ни за крадци на железо,бидејќи ќе го земале металот,не се работи ни за наркомани бидејќи обично тие кршат за да дојдат до 300 денари за доза,туку овде е нешто подлабоко во суштина....


Ѓоко зошто за ова никој не зборува. Зошто остануваме неми. Пораката се знае и јасна е. Но нашета НЕМОНСТ и ИНДЕФЕРЕНТНОС тоа е невиден феномен, важно ние еден до друг очите си ги вадиме додека некој ни на мртвите не им дава мир. Да не зборуваме за честите и постојани ограбувања на црквите. Тоа е еден процес кој не е случаен. Несмееме да бидеме неми посматрачи додека не газат.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 10>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.111 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.