build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Културно наследство и археологија (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 8>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12197
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 05-Jun-2013 at 18:41
Ќе се реставрира дојранската Саат кула

Саат кулата во стариот дел на Дојран, која е еден од препознатливите белези на градот, ќе се реставрира како дел од соработката со турската општина Чекмекој



Кулата која сега е запуштена, според општинските власти на Дојран, ќе добие мини плоштад, а објектот кој датира од османлиско време ќе биде реконструиран.

Покрај овој објект, од општината најавуваат и реставрација на старата османлиска чешма.

Реконструкциите на двата објекти се договорени при дводневната посета на делегација од општина Дојран на збратимената општина од Истанбул, Чекмекој.

При посетата, презентирани се и можностите за инвестирање во Дојран, а како што информираат од општината, кон крајот на август е договорена возвратна посета на претставници од турската општина и од тамошниот бизнис-сектор.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=19401
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12197
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 05-Jun-2013 at 18:43
Не знам колку ова спаѓа во културно наследство...

Се уредуваат германските гробишта во Прилеп

Претставници од германското Здружение на воени резервисти презеде активности за уредување на Германските гробишта од Првата светска војна во Прилеп, во кои почиваат над 1000 не само германски, туку и унгарски, бугарски и руски војници

Здружението активностите ги извршува по договор со Германскиот народен сојуз за грижа на германските воени гробишта во светот. Со овие активности поддржани од ЛС, германските гробишта во Прилеп, реновирани пред неколку години, уште повеќе ќе станат подостојно место за оддавање почит на загинатите.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=19414
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 05-Jun-2013 at 22:42
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 15-Jun-2013 at 23:49
Пелагонија атрактивна за полските и македонските археолози

Македонски и полски археолози ќе ја истражуваат централна Пелагонија. Со моделирање и геомагнетно скенирање на земјата ќе ги откриваат старите неолитски населби во овој регион. Могила, Радобор и Карамани се селата каде има сериозни индикации за постоење на овој вид праисториски населби.

-На одредени локалитети во централна Пелагонија, поточно во Могила има релативно стар неолитски локалитет. Таму е потврдено постоење на неолитска населба, а врз нејзе има и средновековни гробови, вели Наумов.

Дигиталната опрема со која ќе се врши геоскенирањето на пелагонскиот регион е донесена од Полска. Урсула Бугај од полската академија на науките за Сител вели дека овој метод на истражување нуди голем број податоци уште пред да се почне со ископувањето.

-Регионот на Пелагонија е избран баш поради фактот што е интересен предел и можно е да откриеме интересни работи, истакна Бугај.

Досега според претставниците од Полска овој вид на истражување резултирал со откривање на голем број локалитети од праисторијата насекаде во светот. Една од целите на овој проект е геоскенирањето почесто да се употребува и во македонската ареологија.

Антонио Крстевски


http://www.sitel.com.mk/pelagonija-atraktivna-za-polskite-i-makedonskite-arheolozi

Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1898
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 19-Jun-2013 at 15:35
Среда, 19 Јуни 2013 10:38

По две години пауза твр­ди­на­та Ка­ле конечно е от­во­ре­на за по­се­ти­те­ли. Најновите измени предвидуваат на секој од влезовите да биде постаена чуварска служба кај која ќе треба да се пријавуваат посетителите, објавува Вест.

kaleeee

-Тен­зи­и­те кои беа по­ра­ди из­град­ба­та на црк­ва­та се сми­ри­ја, но на Ка­лето се из­вр­шу­ва­ат ар­хе­о­лош­ки ис­ко­пи и кон­зер­ва­тор­ски ра­бо­ти, па за­тоа е пот­ре­бен од­ре­ден ре­жим на дви­же­ње низ него, ве­ли директорот на Управата за заштита на културното наследство, Па­ско Куз­ман за Вест.

Тој најавува дека влезот во иднина ќе се наплаќа.

- Го под­гот­ву­ва­ме Ка­ле­то да ста­не мес­то кое се­кој ту­рист би го по­се­тил и би имал што да ви­ди. Ве­ќе се пос­та­ве­ни два те­лес­ко­па, од кои мо­же да се ви­ди це­ло Скоп­је, а во тек се и кон­зер­ва­тор­ски­те ра­бо­ти за заш­ти­та на ос­та­то­ци­те од Ото­ман­ска­та Им­пе­ри­ја. Ко­га ќе ги за­вр­ши­ме си­те овие ра­бо­ти, ќе поч­не­ме да нап­ла­ќаме влез­ни­ца, вели Куз­ман за Вест.

Твр­ди­на­та Ка­ле бе­ше зат­во­ре­на за по­се­ти­те­ли по те­пач­ката за из­град­ба на црк­ва во фев­ру­а­ри 2011 го­ди­на.

http://www.kurir.mk/republika/skopje/120188-Tvrdinata-Kale-otvorena-za-posetiteli



Edited by daci92 - 19-Jun-2013 at 15:36
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 12-Aug-2013 at 10:09
АРХЕОЛОГОТ KИРО РИСТОВ ТВРДИ

Јустинијана Прима е под Скопската чаршија



Весна И. Илиевска

Загубениот град Јустинијана Прима веројатно се наоѓа под Старата скопска чаршија, вели археологот Kиро Ристов, кустос-советник во Музејот на град Скопје. Toa може да се потврди ако теренот се истражи, иако во археолошката наука, со децении се спротивставуваат две тези за таканаречената bалканска Атлантида. Едната е дека се наоѓа на локалитетот Царичин Град, кај Лебане, Србија, втората дека е близу Скопје. При неодамнешно патување во Србија, неколкумина кустоси низ музејски поставки и археолози го спомнаа Јустинијан, а како негово родно место го посочија токму Царичин Град, односно Јустинијана Прима.

Докрај неистражено

Ристов долги години ја истражуваше доцноантичката населба Таурисиум, кај скопското село Таор, каде што историографот Прокопиус запишал дека е роден Јустинијан Први (482 - 565), големиот император на Источното Римско Царство.

- Родното место на Јустинијан не е Јустинијана Прима, туку Тауресиум. Од Прокопиус знаеме дека тој ја направил Јустинијана Прима во близина на своето родно место. Според неговите кажувања, знаеме дека градот имал големи улици, убави згради и објекти. Но, дека Царичин Град е родното место на Јустиунијан не држи вода. Цел свет знае дека е роден во Тауресиум, кој не може да биде на исто место со претпоставките за Јустинијана Прима. Тоа се два различни поима, топонима. И едниот и другиот се влезени во историските списи, првиот како негово родно место, вториот како град што му го посветил на родното место - вели Ристов.

Според него, додека не се најде цврст доказ за локацијата на мистериозниот град, секој научник ќе ја тврди својата теорија. Тој беше дел од екипата што неколку години интензивно го истражуваше скопското Kале. Од ископувањата не добија резултати дека таму би можела да биде Јустинијана Прима, бидејќи пронајдоа малку остатоци од доцноримскиот период. Освен тоа, и тој локалитет е на височинка.

- Претпоставувам дека градот бил распослан под Старата скопска чаршија, од Kале до Султан Муратовата џамија и Саат-кулата. На Бит-пазар и во Чаршијата се случиле многу работи, а тој предел никогаш не бил сериозно истражен, до здрава земја, кога веќе не постојат културни слоеви. Сите археолози во извештаите не запишале дека до крај ги спровеле археолошките истражувања за да можат да увидат што има под слоевите - тврди Ристов.

Ристов вели дека во книгите на познатиот англискиот археолог Артур Еванс, кој во почетокот на 20 век престојувал во Скопје, има скица на Безистенот во Скопје. Во средината има дел од огромен објект - ѕид поголем од еден метар, со огромни арки, ѕидан по римскиот модел.

Масивни градби во подземјето

- Kога се градел хотелот „Арка“, на околу 3 метри длабочина градежниците пронашле објект со арки, кој сигурно не е од турскиот период, туку многу постар. На 18 метри длабочина наишле на полукружен објект, ѕидан од делкани камења и блокови. Пронашле и два бронзени сада од античко време. Во подрумите на црквата „Св. Спас“ има ѕид од 10-12 метри. Можно е Јустинијана Прима да е пред нашите очи, под нашите стапала - вели Ристов.

Сепак, додава тој, тоа не значи ништо ако не се направи какво било истражување. Тој е категоричен дека во последните десетина години во Скопје се градат многу нови објекти, се копаат страшни дупки, а археолозите, музеите, заводите за заштита на спомениците немаат никаков увид. Истражувања немаше ниту кога се градеше хотелот „Арка“.

- Слична теорија имаше и академик Блага Алексова, пред да почине. Таа беше најголем истражувач и веројатно човек што најмногу сакаше да ја открие Јустинијана Прима. Не тврдеше дека е во Чаршијата, но беше уверена дека е тука некаде, околу Скопје. Истражував да видам што се случувало во минатото. Тргнав од картите. Најдов мапа на Скопје од 1912 и од 1920 година. Улицата под денешната Самуилова, на Kале, се викала Јустинијанова. Сите други улици подолу се нарекувале Градиште и слично. Топонимијата била изменета по 1945 година, но си останале на мапата. Топонимијата ни е на прво место кога се бара некој локалитет. Можно е дека акрополата на тој град била токму на тоа место и оттаму да се спушта градот - вели Ристов.

Сите цркви станале џамии

Остатоци од Јустинијана Прима се најдени дури до Саат-кулата од другата страна.

- Гледајќи го централното градско јадро на Старата чаршија, бездруго тука бил градот. Сосема може да се претпостави дека под нив има други објекти. Анот бил ан и тогаш и сега. Kога дошле Османлиите, сите цркви ги направиле џамии. Местата се исти, вели Ристов.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B651B1A952DCBD4B810D979A9571C488

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12197
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 12-Aug-2013 at 16:29
Ми мириса на проект „Чаршија 2014“
За сè има вторпат
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 690
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 18-Aug-2013 at 13:49
Недела, 18 Август 2013 14:41

Премиерот Никола Груевски денес беше во посета на археолошкото наоѓалиште Скупи каде најави возобновување на стариот римски театар.

skupi

-Според археолозите, Скупи бил еден од најголемите градови натериторијата на Република Македонија. Тој се протега на површина од 44 хектари и има повеќе наоди дека на ова место има голем римски театар со публика од 9000 лица, изјави Груевски.

Тој додаде дека за две-три години истражување, кое ќе се врши со поддршка на Владата, ќе се истражи стариот римски театар, а потоа ќе следи конзервација и реставрација на истиот.

На ова место, како што најави Груевски, ќе се одржуваат многу културни манифестации и се очекува голема посетеност од страна на туристите.


http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/127074-Stariot-rimski-teatar-vo-Skupi-ke-se-vozobnovuva

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 04-Jan-2014 at 18:06
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1163
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 04-Jan-2014 at 19:38
Што е целта на сликава ?
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1898
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 04-Jan-2014 at 23:08
кај местото „Зе“се работи за геоглифот (за кој сеуште нема никакви сигурни информации но се претпоставува дека под него лежи античка гробница) и претпоставувам дека сликата има поента да ја покаже и докаже вистината дека едни од најважните објекти/локалитети во Македонија се наоѓаат на една иста паралела под рамна линија, што е голема реткост во светот ( а доколку се земе целиот регион Македонија со локалитетите Пела/Виргина и Аигаи (во Егејска Македонија) тогаш од прилика се добива тоа што е исцртано на геоглигфот (со фалинка во еден мал дел)).
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 05-Jan-2014 at 00:12
Ова го кажуваше Домагој Николиќ во емисијата `на рубу знаности`.Спомнуваше за трите најзначајни работи кај нас,и некако ги поврза со Александар М,но тоа е долга приказна.Проверив и точно е дека овие три места се на линија,и дека линијата е паралелна со мередијаните.Она `Ze` фактички е нашето `Ѕе`,ама на лаиница неможев да го напишам.Тоа е наводно геоглифот кој ја претставува старомакедонстата буква `Ѕе` за која тентов тврди дека го претставува `првиот бог` или нешто слично беше.

Ја ставив сликата,бидејќи многу ме интересираше дали се во линија и паралелно со мередијанот,а кога и така испадна малку ме изненади,па решив да ја споделам.

А за Алшар рече дека имало врска со штитовите од фалангата,кои биле премачкани со лорандинот,и формирале една врста на олемо огледало.Кој знае дали е така или не...
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1898
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 08-Jan-2014 at 13:28

ПРОПАЃА НЕПРОЦЕНЛИВАТА ЦРКВА СВЕТИ ЃОРГИ ВО КУРБИНОВО

Црквата  „Св. Ѓорѓи“ во преспанското  село Курбиново,  е  во исклучително лоша состојба, констатираа експертите од битолскиот Завод и музеј, по неколкумесечно истражување на  овој споменик од непроценлива културна вредност. Тектонски поместувања на...
slika
Црквата  „Св. Ѓорѓи“ во преспанското  село Курбиново,  е  во исклучително лоша состојба, констатираа експертите од битолскиот Завод и музеј, по неколкумесечно истражување на  овој споменик од непроценлива културна вредност. Тектонски поместувања на земјиштето каде се наоѓа црквата,  пукнатини на градбата и на ѕидното сликарство, пожолтување на фреските, се само дел од евиднетираните оштетувањата врз архитектурата и црковната уметност. Во истражувањето за состојбата на манастирскиот бисер од 12 век вклучени се и  експерти од Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија. 

 

-Направивме комплетна документација на состојбите и генерален заклучок е дека самиот храм е во една доста нестабилна состојба. Врз архитектурата и ѕидното сликарство постојат многу пукнатини со прогресивен тек. Има и пукнатини на партерот, се работи за тектонски нарушувања на самата почва на која лежи храмот. изјави Ристо Палигора, историчар на уметност во Завод и музеј - Битола.

 

Експертите  веќе изготвија програма на активности кои што треба да се реазлизираат оваа година.

 

-Со итсражувањата кои што ќе се заокружат, испитување на самото тло, испитување на јачината на ѕидните маси, на ѕидните платна, на материјалите, ќе се направи еден проект за конструктивно зајакнување на овој храм, а потоа и за санација на ѕидното сликарство, додава Палигора.

 

Фрескоживописот во оваа црква е насликан пред 8 века и е еден од најубавите и најоригинални, а тука се наоѓа и надалеку познатата фреска Ангелот од Курбиново, која има оштетувања и пукнатини. Другите фрески во храмот  пожолтуваат,  а според експертите тоа се должи на  несоодветна интервенција на ѕидното  сликарство.

 

-Очигледен е некаков премаз на фреските во Курбиново кој што предизвикува пожолтување. Најголемиот дел од фреските имаат некоја пожолтена боја, како стара хартија, а во најгорните делови од црквата, каде што не успеале да стигнат, нјаверојатно немале доволно високо скпеле, таму е останата оригиналната боја. Така што и тоа треба да се истражи, да откриеме со што е премачкано и соодветно да се отстрани, додава Ристо Палигора од битолскиот Завод и музеј.

 

За сите овие истражувања  на црквата во Курбиново, Министерсвотот за култура  минатата година издвоило само 150 илјади денари.

http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=33827

На линкот има и видео.

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 19-Jan-2014 at 12:14

СКОПСКИ ЛЕГЕНДИ

Под Саат-кулата, гробница како на Тутанкамон

Пишува Данило Коцевски - Скопје е полно со тајни, кои постепено ги откриваме, со текот на времето. Една од тие тајни е и гробот на Исхак-бег, значајна личност и градител од првата половина на 15 век. Неговиот живот е драматична судбина и приказна за раниот османлиски период кај нас, кој е сложен и токму затоа постојан предизвик за истражување.

Деновиве имаме можност подетаљно да ја откриеме гробницата на Исхак-бег, бидејќи, со започнатата реставрација, може да се влезе во нејзината внатрешност. Тоа е возбудлива средба со мирисот и здивот на вековите, кои долго време биле заробени во неа. Затоа велиме, се отвора импресивна слика, во една симболична и метафорична смисла, како при откривањето на тајната на гробницата на Тутанкамон. Тоа може да се види и по фотографиите што ги направивме во нејзината внатрешност. Пред сe, по елиптичната сферично-космичка нагласеност и импресивност на формите направени од тули, кои, споредени со слични исламски објекти, како да го симболизираат спојувањето на небото и земјата. Малите специјални отвори од страните го отсликуваат треперењето на бесконечните ѕвездени простори, кои продираат во внатрешноста. Сликата и доживувањето се уникатни.
Исхак-бег е син на освојувачот на Скопје, Игит-паша, од кого ја наследил титулата војвода на новоосвоените краишта на Балканот. Бил заповедник на Скопје уште во првите децении на 15 век. И токму тука започнуваат легендите и приказните. Но и фактите: некои истражувачи сметаат дека тој не му бил роден син на пашата, туку посвоеник. Така се востоличила лозата на османлиските великодостојници Исаковиќ, чии корени траат со векови. Во пошироката јавност помалку е познато дека синот и наследникот на Исхак-бег, Иса, е основач и на градот Сараево, но и на Нови Пазар, каде што градел свои месџиди. И денес во Сараево се доделува високо признание под неговото име - "Иса-бег Исаковиќ". Таткото Исхак-бег, а потоа и синот, биле толку моќни, што преку Скопје ја контролирале целата трговија меѓу Западот и Истокот. Особено трговијата на дубровчаните, кои му плаќале високи даноци на султанот, и имале постојана преписка со нив. Затоа архивите во Дубровник сe уште кријат многу тајни од историјата на Скопје, кои треба да се истражат. Исхак-бег имал тројца синови: Мустафа-бег, Паша-бег и Иса-бег. По смртта на таткото, браќата се скарале за наследството. Документите од тоа судење се сметаат за најстарите пишани документи кои потекнуваат од османлиското владеење во Скопје. Иса-бег успеал да ги надмудри браќата и да ги добие власта и наследството, а неговата џамија, која денес се наоѓа до Поликлиниката на Бит-пазар (кај чинарот), е една од најголемите и најубави во градот.
Кога и како починал Исхак-бег? Не може точно да се утврди тоа. Сепак, како време на смртта се зема годината 1444, бидејќи во еден документ од 1445 год. тој веќе се споменува како покоен. Се претпоставува дека со својата коњица учествувал во битката кај Варна, во која загинал. Се поставува една интересна загатка, која не може со години да се реши: зошто тој не е погребан во турбето до неговата Алаџа џамија, туку на ридот под Саат-кулата? Дали повеќе му импонирал просторот кај царевата Султан-Мурат џамија? Тоа е една од причините, а сигурно имало и други. Градењето на Султан-Мурат џамијата (1436) и смртта на Исхак-бег се многу блиски (1444). Тогаш, кој е погребан во Шареното турбе до Исхакбеговата џамија во близина на Театарот на националностите? Има повеќе легенди и приказни за тоа. Што се однесува до почивалиштето на Исхак-бег под Саат-кулата, тоа било разурнато во силниот земјотрес од 1555 год., а, најверојатно, и во пожарот на Пиколомини од 1689. Но долги години стоело запустено и необновено, сe до нашите денови. Од објектите што ги изградил Исхак-бег во Скопје, бездруго треба да се споменат Безистенот, Сули-ан, Алаџа џамијата, голем, двоен амам кој денес не постои, како и медреса, која била позната во целиот исламски свет.
Реставрацијата која деновиве е во тек, покажува дека станува збор за гробница која и по монументалноста и по својата форма се изделува од другите вакви градби од османлискиот период во Скопје. Затоа е добро што таа, конечно, се обновува. За жал, при нејзината обнова, урнат е голем дел од средновековен ограден ѕид, особено значаен за археологијата, кој се наоѓа во близина, а на неговото место се поставени огромни потпорни бетонски плочи.

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=995ED5E9D1427E4F8911997B7F92A5EB

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 09-Feb-2014 at 16:30
`Слотовите` кај манастирот Трескавец

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 06-Apr-2014 at 12:55

Велушка тумба - најзначајна Пелагониска неолитска населба

  • Објавено: пред 2 часа
  • Прочитано: 117
  • Печати

 

Во досегашните археолошки истражувања на неолитската населба Велушка тумба, во село Породин кај Битола, кои ги вршат стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј-Битола, откриени се значајни наоди кои ги збогатија научните сознанија од областа на станбената архитектура, економијата и духовниот живот на жителите од оваа неолитска населба, соопшти Министерството за култура, со чија поддршка се вршат истражувањата. 

 

„Пронајден е богат движен материјал како керамички садови, фрагментирани култни предмети со пластично моделирани антропоморфни и зооморфни претстави и жртвеници. Според квалитетот на пронајдениот материјал, овој археолошки локалитет претставува најзначајна Пелагониска неолитска населба. Со досегашните археолошки истражувања на праисторијата во Битола и Битолско, регистрирани се и евидентирани над 150 локалитети со фонд од неколку илјади предмети“, се наведува во соошштението.

http://www.plusinfo.mk/vest/132089/Velushka-tumba----najznachajna-Pelagoniska-neolitska-naselba-

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 22-May-2014 at 10:20
АКВАДУКТОТ Е НАКРИВЕН, БЕЗ САНАЦИЈА, ЌЕ СЕ УРНЕ



Аквадуктот во Скопје е во критична состојба и ако не се санира, со сигурност ќе се урне. Драматичната состојба на старата градба е опишана во Третиот национален план за климатските промени, каде што експертите предупредуваат дека неколку свода паднале, Аквадуктот се наведнува и во наредните децении неизбежно ќе се струполи. Надлежните се свесни за состојбата и ги преземаат првите мерки за санација, за да се зачува вековниот римски водовод и за следните генерации.

- Неколку свода паднале, а видливо е и ново, големо структурно и површинско оштетување. Основата на сводовите, која се состои од карпи и камења и е изложена на големи варирања на подземните води, може да почне да тоне поради големата тежина на градбата. Kако резултат на тоа, Аквадуктот се наведнува на некоја од страните и постои ризик целосно да падне во иднина. Последиците од климата го дестабилизираат. Kај Аквадуктот и со сегашното ниво на статички оштетувања, мора да се очекува пад на некој од деловите - се вели во стратегискиот документ на Министерството за животна средина, во делот за влијанието на климатските промени врз културното наследство.

Му пресудила бетонираната Серава

Националниот план за климатски промени открива дека „веројатно, најзначајната промена и оштетување се предизвикани од бетонирањето на коритото на реката Серава, извршени во 60-тите години, која поминува низ локалитетот од исток кон запад и делумно под Аквадуктот.

- Со канализирањето, Серава се намалила за да се собере во каналот помеѓу столбовите 31 и 33 и веројатно нивното оштетување настанало во тоа време, а не за време на воена вежба - се вели во планот.

Почвата на јужната страна претходно била заситена со подземни води, што се сменило по канализирањето на реката кон север. Се јавила компресија на почвата под темелите на Аквадуктот, особено под столбовите 19-27, кои се придвижиле надолу во разни правци и целата структура се наведнала.

- По овие промени, се изменил преносот на архитектонскиот притисок од главните камења во сводовите кон темелите, поради што горните делови од структурата и сводовите веќе не ги носат соодветно надворешните орнаменти. Статичкиот систем на градбата кој ги држи сводовите делумно ја загубил функцијата. Горните делови, кои веќе не се потпрени, може да се урнат при дополнителни движења на почвата или земјотрес - се констатира во Третиот план за климатски промени.

По изградбата на коритото на Серава, во дождовната сезона се формираат езерца, кои предизвикуваат ерозија и поплава во долните делови. Проблем се и периодите на мрзнење и топење, кои го забрзуваат природното распаѓање, а трета причина зошто споменикот веќе паѓа е бујната вегетацијата, која е обемна и со децении не се одржува.

Во документот експертите што ја констатираа критичната состојба на споменикот предлагаат коритото на реката да се врати во природна состојба, на внимателен начин и постепено.

Се прават анализи, следува и проект

Од Kонзерваторскиот центар Скопје велат дека преземаат одредени активности, а целта им е да се изработи идеен проект за санација, конзервација и реставрација на Аквадуктот. Kонзерваторот Лилјана Kитановска објасни дека лани добиле два помали два гранта од Советот на Европа, вкупно 35.000 евра, со кои извршиле археолошки истражувања за начинот на темелење, како и геофизички и геомеханички истражувања на тлото, за да се утврдат причините за искривувањето. Ги анализирале употребените градежни материјали (малтер, тула, камен) и ја анализирале стабилноста на објектот, а им преостанува до крајот на годината да ги завршат анализите на староста на малтерот.

За изработка на идејниот проект, според Kитановска, во Програмата на Министерството за култура за 2014 година се предвидени 400.000 денари.

- Не сме сигурни дека дека овие пари ќе бидат доволни, бидејќи анализите на староста на малтерот се многу скапи и не се прават во Македонија. На Балканот, се прават во Грција. Битни се за да се утврди хронологијата на споменикот, кога точно е изграден, што е примарно важно за да се изгради соодветен конзервативен однос кон ова добро и да се изработи квалитетен и издржан проект - вели Kитановска и додава дека за да ги земат двата мали гранта, претходно изработиле физибилити-студија, а ако сакаат поголеми грантови, на финансиерите ќе треба да им понудат бизнис-план.

ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ УТВРДУВААТ ШТО Е И ЧИЕ Е

Од Општината Бутел, која требаше да даде свој придонес за зачувување на Акведуктот, велат дека со донесувањето на новите детаљни урбанистички планови треба да се прецизира што е чие.

- Треба да се дефинираат пристапните патишта и од која страна тие ќе градат. Таму со територија се преклопува и Општина Kарпош, па треба да се види на чија територија ќе бидат патиштата - вели Снежана Kлинчарова, портпарол во Бутел.

Градските власти, пак, велат дека за да се пристапи кон реализација на Стратегискиот план за Акведуктот и неговата околина, треба да се класифицира од кој степен на заштита е ова историско обележје.

- Kласификацијата е во тек и треба да ја изработи Националниот конзерваторски завод, по што ќе се знае точно во чија надлежност се активностите и мерките што се пропишани со изготвената стратегија. Со класификацијата на Акведуктот, активностите за негово чување и обнова ќе може да се внесуваат во буџетите на институциите што ќе добијат надлежност да ги спроведат - велат во Градот и додаваат дека во новиот Генерален урбанистички план околу Акведуктот се предвидени заштитни зони.

ВОДА ЗА ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА

Акведуктот е монументална градба, од типот „еднокатни надземни водоводи“ и зачуван е во целата своја должина од 385,8 метри. Долниот дел го сочинуваат 53 квадратни или правоаголни столба и две странични рампи, а горниот дел го сочинуваат 54 засводени отвори со ѕидни платна помеѓу нив, кои во горниот дел завршуваат со венци. Изграден е над малата долина на реката Серава, како дел од водоводот преку кој се пренесувала вода од Скопска Црна Гора до скопската тврдина.

За него се вели дека го снабдувал со вода градот Јустинијана Прима. Но, за датирањето постојат повеќе претпоставки, од кои ниту една не е со сигурност потврдена. Претпоставките за времето кога е изграден се движат во временска рамка од првата половина на 6 до 16 век. Градбата на Акведуктот се поврзува со активностите на византискиот император Јустинијан Први за обновување на повеќе градови во провинцијата Дарданија по земјотресот од 518 година или со градителските активности на Мустафа-паша во Скопје во 15 век, односно 16 век. Се претпоставува дека Акведуктот с`уште бил во употреба дури и при крајот на 19 век. Поголемиот дел од преправките што се забележуваат, потекнуваат од крајот на 19 век и почетокот на 20 век.

Анела Петрова

http://dnevnik.mk/?ItemID=E62712DD76A52044B6B25ED0C31AED6A

Додека да се договорат за надлежностите ќе отиде аквадуктот и после ќе има реставрирање. За овој муабетот со Серава незнам колку е тоа можно повторно да се отвори тој канал, но факт е дека бетонирање и покривање според мене секогаш е последната и најлоша варијанта.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 22-May-2014 at 12:51
Во кумановско започна истражување на градот на „специјалците“ на Александар Македонски
Објавено во: Македонија Автор: Фаланга Датум: 22 Мај, 2014 1
За прв пат во рамките на заштитата на македонското културно наследство ќе биде користена најнова технологија на регистрирање на објектите под површината на земјата.


Во кумановскиот крај започнаа истражувањата на градот на Градиште, Младо Нагоричани на брегот на реката Пчиња. Тоа бил најсеверниот раноантички високоцивилизиран град на пајонските Агријани, најлојалните воини-специјалци на Александар Македонски, вели во интервју за Вечер, Проф. Д-р Виктор Лилчик.

„Во близина на Стоби, пак започнува откривањето на ранохристијанската базилика од 5 век н.е., во атарот на село Крушевица, а во Светиниколско започна истражувањето на најголемиот познат раноантички пајонско-македонски град Билазора, на Градиште, кај селото Кнежје. Започнуваме и со поддршка на проектот Археолошка топографија на старите градови и тврдини во Македонија. Годинава ќе се работи и на Кокино, со доистражување…„, вели Лилчик.

За прв пат во рамките на заштитата на македонското културно наследство ќе биде користена најнова технологија на регистрирање на објектите под површината на земјата што ќе биде направено со новонабавениот георадар, кој во моментов е единствен на целиот Балкан
http://falanga.com.au/vo-kumanovsko-zapochna-istrazuvanje-na-gradot-na-specijalcite-na-aleksandar-makedonski
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 23-May-2014 at 11:05
ПАРАЛЕЛНИ ИСКОПУВАЊА ВО ПРИЛЕПСКИОТ РЕГИОН
Стибера, Трештена Стена и Трескавец се локалитетите на кои деновиве интензивно работат археолози од прилепскиот Завод и музеј. Паралелно се копа на сите овие локалитети, кои се многу значајни за државата од археолошки аспект. Првпат годинава почнаа истражување на нов простор на локалитетот Стибера, кај Чепигово, што е капитален проект поддржан од државата.

Стибера крие репрезентативен објект?

- Со околу 500 илјади денари од Управата за заштита на културното наследство се копа на нов сегмент, во близината на храмот на божицата Тихе. Ископувањата ќе траат 30 дена и очекуваме нови откритија, бидејќи Стибера во себе крие многу тајни. Како локалитет е значаен не само за Прилеп туку и за Македонија - вели Гордана Д. Спироска, директорка на прилепскиот Завод и музеј.

На овој простор, според археологот Душко Темелкоски, виш кустос во Заводот, се копа затоа што постојат одредени показатели дека во близината на храмот на божицата Тихе се крие и друг репрезентативен објект.

Стибера повеќе години е капитален проект на државата. Лани беа конзервирани и реставрирани хеленистичкиот бедем и одводниот канал, кои беа откриени при ископувањата во 2009, 2010 и 2011 година. Локалитетот Стибера опстојувал од третиот век пред нашата ера до третиот век од нашата ера. Во досегашните повеќегодишни истражувања се откриени Гимназионот, храмот на божицата Тихе, култните објекти, како и над 30 скулптури и 30 мермерни натписи.

Се доистражува Трештена Стена

Во исто време во тек се и систематските археолошки истражувања на локалитетот Трештена Стена во Мариово, за што Министерството за култура оддели 200 илјади денари. Годинава се очекува да се доистражи локалитетот.

- Трештена Стена е населба од бронзено време со шест хоризонти на живот, односно куќите по пожарите што се случувале биле градени една врз друга. Објектите се градени надземно во праисториска техника, со дрвена граѓа - вели Спироска.

Таа подвлекува дека Трештена Стена е важен локалитет бидејќи е единствен во Македонија со уникатен начин на врежување на предметите, односно браздесто врежување со шилесто орудие.
Веќе две недели поголема екипа врши археолошки истражувања и во манастирот „Трескавец“. Прво почна да се копа во црквата, а потоа се продолжи во трпезаријата.

- Ископувањата одат според планот, паралелно на повеќе пунктови. Засега работите одат добро. Рано е да се каже што било - вели археологот Бранко Ристески.

Истражувањата на „Трескавец“ се во функција на изработка на проектите за конзервација и реставрација на црквата „Успение на пресвета Богородица“, на трпезаријата, камбанаријата, магерницата и магерничкиот конак. Поддржани се од Министерството за култура, а имаат цел ревитализација на манастирот „Трескавец“, кој станува сѐ поатрактивен за туристите.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=522141937321&id=16&prilog=0&setIzdanie=23181
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 01-Jun-2014 at 22:28
СЕ БАРААТ СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ЗЛАТНИТЕ МАСКИ




Kои биле благородниците што со златни маски биле погребувани во некрополите кај охридското село Требениште? Kои се луѓето што во архајско време живееле на овие простори? Археолозите ќе се обидат да одговорат на овие прашања - оваа недела почнуваат археолошките истражувања на Требенишко кале. Ќе ги спроведе Заводот и музеј од Охрид, под раководство на Перо Арџанлиев, раководител на одделот за античка археологија во Археолошкиот музеј на Македонија.

Според Виктор Лилчиќ-Адамс, директор на Управата за заштита на културното наследство, која го координира проектот, екипата ќе биде концентрирана на градот на доминантниот рид што се издига над селата Требениште и Горенци, на 1.006 метри надморска височина.

- Сознанијате говорат дека културната стратиграфија на ова место се протега најмалку од архајскиот период до 6 век. Дефинитивно во тврдините на овој град некогаш живееле енхелејските/десаретски благородници погребани во прочуената Требенишка некропола. Неговото древно име с` уште не е познато, се надевам дека ќе откриеме детаљ што ќе ни помогне во таа насока - вели Лилчиќ-Адамс.


Локалитети на високи позиции

На прашањето како се роди идејата да се истражува токму овој локалитет, тој одговара дека со децении истражувањата биле сконцентрирани на Охрид. Тоа било одлично затоа што античкиот град со своите 32 хектара градска површина понудил множество високорепрезентативни недвижни и движни археолошки наоди.

- На виделина излезе и нобилитетот, високата благородничка класа од древниот Лихнид. Секундарниот археолошки локалитет кој го привлече вниманието беше Kулиште Свети Размо, ридот на кој во класичниот период била оформена цврста македонска стратегиска база. Заклучокот се базира врз наодите на бронзени монети, од кои речиси сите им припаѓаат на македонските кралеви Александар Трети Македонски и Kасандар. Бројно е античкото македонско оружје, арсеналот врвови од стрели и многу други - вели Лилчиќ-Адамс.

Тој активно ја истражувал југозападна Македонија. Евидентирал неколку помали раноантички македонски утврдувања по долината на Дрим кон Дебар, кај селата Модрич и Вапа и моќна македонска фортификација на Kула Песочани во Дебрца. Заклучил дека во Охридско и Струшко малку археолошки локалитети можат да го понесат епитетот антички градови од прва категорија. Тоа се Требенишкото и калето над селото Делагожда.

- Денес, условите за археолошките интервенции на високата позиција се созреани. До горе има колски пат, кој ќе се санира и прошири и не треба повеќе да се чека. Освен тоа, треба да го активираме развојот на општината Дебрца преку културата и археологијата, како што тоа го правиме и ќе го правиме во голем број општини во земјава - вели тој.

Археолошката локација Требениште е најпозната по богатите некрополи каде што во почетокот на 20 век биле пронајдени четири златни маски, бронзени кратери и многу други богати гробни прилози. Лилчиќ-Адамс вели дека на Требенишко кале имало моќен раноантички град.

Kуќи, улици, одбранбени бедеми

- Под површината се кријат репрезентативните населбини структури, постоел храм, тука биле куќите, улиците, одбранбените бедеми, денес во урнатини. Локалитетот ќе го истражуваме и недеструктивно за да се дознае евентуалната древна урбана шема. Пред нас се наоѓа врвна археолошко-туристичка сензација, древен град на доминантна местоположба, со комплексни културни хоризонти, какви што поседуваат малку современи држави во Европа - вели Лилчиќ-Адамс.

Тој хоризонталната планиметрија на локалитетот ја изработил пред десетина години со професор Kоста Аџиевски. Таа ќе биде стартна основа за најновите истражувања.

Долго вниманието на археолозите беше насочено кон археолошките локалитети во рамнините, каде што најчесто се наоѓаат градови од римско време.

- Постепено почнуваме да им посветуваме внимание и на раните антички градови. Некои од нив се наоѓаат на повисоки позиции, како акрополата на античкиот град Пелагонија на неверојатните 1.472 метри надморска височина - вели Лилчиќ-Адамс.

Сега археолозите ќе се обидат да одговорат кои биле жителите на Требенишкото кале? Дали тоа бил главниот град на Десаретија во архајско време, имајќи ги предвид богатите прилози во Требенишката некропола? Дали постоел континуитет на животот низ хеленистичкиот и римскиот раноцарски период?

- Kрајно време е да почнат да чукаат срцата на современите Македонци на оваа, навидум заборавена високоцивилизирана точка во нашата Република Македонија - вели Лилчиќ-Адамас.

СЕ ОЧЕКУВААТ МНОГУ НАОДИ

Мала е веројатноста да се открие бронзен кратер или златна маска во културните хоризонти на градот на Требенишко кале

- Тие се покарактеристични за некрополите, како редовни прилози во гробовите на раните архајски кнезови и кралеви. Во Македонија се забележени и на просторот помеѓу селата Црнобуки и Беранци во Битолско, а во соседна Грција кај Синдос. Сепак, ќе има голем број наоди што ќе ни ја посведочат древната егзистенција на ова место - вели Лилчиќ-Адамс.

Весна И. Илиевска
http://dnevnik.mk/?ItemID=35B396FAF330A044BE2CBDA340F8F8DA
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.