build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Културно наследство и археологија (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 10>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 04-Jun-2014 at 09:47
Во селото Враништа се крие големо богатство

Музејот „Д-р Никола Незлобински“ од Струга деновиве ги привршува едномесечните контролни истражувања на локалитетот „Црквени ливади“ во селото Враништа, од кои се очекуваат клучни информации за постоењето на античкиот Мегалополис, за кој се уште не е потврдено каде точно се наоѓал.
22

Позначајни наоди кои укажуваат дека на овој локалитет може да лежи големо археолошко богатство се откриени во 1970-те години при регулирањето на реката Црн Дрим. Според директорот на музејот, Сашо Цветкоски, првичните наоди ги оправдале очекувањата на стручњаците.

- Врз основа на тие податоци годинава отворивме една пробна сонда, односно се претпоставуваше дека се работи за наколно живеалиште од типот на она што ние го имаме на истекот од Дрим, од устието на Дрим или Врбник. Се гледа дека тоа е една голема и долга стратиграфија која зафаќа континуитет на живот повеќе од еден милениум и таа наколна населба постепено трае до доцната антика, објаснува Цветкоски.

Според првичните податоци од истражувањата на музејот „Д- р Никола Незлобински“, на овој локалитет се наоѓа и базиликален објект од големо значење кој, најави Цветкоски, ќе биде публикуван идната година.

Проектот во Враништа се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура, кое за истражувањата одвои 150 илјади денари.
http://kurir.mk/republika/opstini/94201-Vo-seloto-Vranista-se-krie-golemo-bogatstvo
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 04-Jun-2014 at 10:39
Калиманско Езеро

alt
Браната е камено-насипна со глинено јадро, висока 92 м, а долга 240 м. Езерото има должина од 14 км, широко е 0,3 км, а максималната длабочина достигнува до 80 метри. Зафаќа површина од 4,23 км2 и акумулира 127 милиони м3 вода. Основната намена на езерото е наводнување на околу 28.000 хектари, главно, површини под ориз во Кочанската Котлина, но и на дел од обработливите површини во Овче Поле. Изградени се два канала, од кои десниот е долг 98 километри и ја носи водата до Овче Поле, а левиот е долг 36 километри и ги наводнува површините во Кочанското Поле. Вишокот вода се користи за производство на електрична енергија преку изградената мала хидроцентрала со инсталирана моќ од 13,8 MW.

alt   alt

Калата е единствениот остров во акумулацијата Калиманци. На само четири километри од Македонска Каменица се простираат дел од остатоците на доцноантичкиот град кој е потопен во вода. Калата е кратенка од „градот на калајот“, бидејќи од ова место се црпело злато и калај. Загревани се карпи кои имаат златоносни жици и со помош на длета тие жици се вадени и потоа претопувани. Највисоката точка од некогашниот калајски град е на 200 м од дното на Калиманска Река. Овде поминувал патот Виа Игнација. Локалитетот Калата е заштитен од три страни со стрмните падини и со двете длабоко всечени корита на двете реки. Тука се наоѓа зарамнето плато кое и денес се издига над површината на вештачкото езеро, а до каде пристап постоел само од северната страна. Таа страна е пресечена со одбранбен ров издлабен во карпа. Одбранбените ѕидини водат околу работ на целото плато и затвораат површина од 345 м со 80 м. Се распознаваат контури на три градски порти и остатоци од бројни градби. Денес Калата е најмалиот жив „град“ во Македонија. На него живеат само двајца жители.

alt

Во коритото на Калиманското Езеро, на брегот од кај селото Дулица кај местото Бегов Даб е откриена голема базилика од V век со многу материјали (керамика, колони, капитоли). Исто така, во коритото на Калиманско Езеро во Илијово кај месноста Црквиште се откриени предмети и остатоци од античка градба, на која потоа била изградена и постоела еднобродна црква со гробови од крајот на XIV или почетокот на XV век.
http://makedonskibiser.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=938%3A2009-12-05-22-34-58&catid=143%3A2009-08-26-17-29-03&Itemid=402&lang=mk
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 16-Jun-2014 at 19:33

Голем агријански град се наѕира кај Младо Нагоричане

Досега не е откриено нешто поголемо и побогато од овој период. Во ниедно наоѓалиште од тоа време нема толку богат културен хоризонт. Во континенталните предели всушност нема артефакти и градови од раната антика. Затоа ова откритие е од особено значење за нашата археологија, вели Лилчиќ

 
 
%20  

Дел од јонски капител од 4 век пр. н. е. Досега во Македонија не е откриен јонски капител од тој период

Високоцивилизиран и богат пајонски град се наѕира на локалитетот Градиште, во атарот на Младо Нагоричане, Кумановско, велат археолозите. Локалитетот, кој се наоѓа на 1,3 километар од магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, поради своето значење влезе во капиталните владини проекти од областа на археологијата за 2014 година.
Се работи за значаен град на пајонската цивилизација - Агријаните од раната антика, на површина од околу еден хектар, со извонредно богати културни хоризонти.

- Локалитетот интензивно се проучува веќе еден месец. Станува збор за голем и богат пајонски град, кој бил истражуван уште пред 15 години. Како директор на Управата за заштита на културното наследство се потрудив повторно да го насочам вниманието на него. Тој го заслужува тоа бидејќи станува збор за капитален археолошки локалитет, кој лесно може да прерасне во туристичка атракција. Особено и поради тоа што се наоѓа блиску до магистралата - вели Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културното наследство.

При досегашните површински истражувања се собрани прелиминарни податоци, кои говорат за постоење на неколку цивилизациски и културни слоеви. Пронајдени се голем број артефакти, почнувајќи од железното време, од класичниот раноантички, но и од хеленско-римскиот период.
Овој град на старата пајонска цивилизација Агријаните од неколку причини претставува вистинска цивилизациска ѕвезда.
- Досега не е откриено нешто поголемо и побогато од овој период. Во ниедно наоѓалиште од тоа време нема толку богат културен хоризонт од периодот на раната антика, па сѐ до доцната антика. Во континенталните предели всушност и нема артефакти и градови од раната антика. За нашата археологија е од особено значење да докажеме дека имаме голем град од тој период покрај скопско Градиште и Исар, Студеничани - вели Лилчиќ.

Археолошките ископувања сега се одвиваат во секторот на акрополата, и тоа во источниот дел. Досега се откриени извонредно репрезентативни делови од луксузна раноантичка станбена архитектура: простории, влезови, скалила, клоака - одводен канал, садова керамика, квалитетна камена архитектонска пластика, делови од канелирани столбови, дел од раноантички јонски капител, монети и др.
- Со ова докажуваме колку во длабочината на територијата на Република Македонија допрела источномедитеранската цивилизација, која ја нема во археолошките слоеви на соседните држави и која потекнува од Персија, Египет, Мала Азија и која подоцна ја презеле Грците и Македонците. На оваа почва имало импозантни градови, кои допрва треба да ги откриваме - вели Лилчиќ.
Голем дел од овој агријански град наскоро се очекува да го види светлото на денот, а за неколку години тој би можел да биде отворен и за посетители.

- Средствата што се одвоени за овие истражувања, сепак, се ограничени. За еден и пол месец ќе се отвори источниот дел од акрополата, а следната година другиот нејзин дел. Ако имаме средства, целиот град ќе го отвориме до 2015 година, а за 2-3 години ќе можат да го посетуваат и туристи. Артефактите ќе се конзервираат и ќе се изложат најверојатно во Кумановскиот музеј - најавува Лилчиќ.

Организацијата на истражувањата се спроведува преку Музејот на градот Куманово. Раководител на истражувањата е проф. д-р Марјан Јованов од Филозофскиот факултет во Скопје, од Институтот за историја на уметност и археологија.
Со ова истражување, како што подвлекуваат археолозите, се отвора нова страница во археолошките истражувања на најсеверното пајонско племе Агријаните.

 


Се претпоставува дека овој агријански град бил уништен во силен пожар околу 279 г. пр. н. е. при пробивот на Келтите од Панонија, кои на својот поход низ срцето на Балканскиот Полуостров уништиле многу населени места низ Повардарјето. Ова сознание го потврдува и малиот трезор со 13 сребрени монети на пајонскиот крал Авдолеон, откриен во почетокот на минатата година на просторот под акрополата, за кои се претпоставува дека биле добро скриени непосредно пред келтскиот пробив.

 

%20
Локалитетот интензивно се проучува веќе еден месец

 


Кои биле Агријаните?

 

Централниот дел на Балканскиот Полуостров во предисторијата и раната антика го населувале пајонските племиња. Во класичниот период некои од нив се здружуваат и го создаваат моќното кралство Пајонија. Најсеверното пајонско племе, Агријаните, создало сопствено кралство, што се ширело на териториите на Скопско, Кумановско, јужните предели на Косово, Полог, Кривопаланечко, Ќустендилско. Нивниот крал, според историските извори, во 335 г. пр. н. е. му помагал на Александар Македонски и оттогаш датира големото пријателство меѓу Агријаните и Македонците. Тоа бил најверниот народ-сојузник на античките Македонци и најсеверните чувари на раноантичката медитеранска балканска цивилизација. Најлојалните и најборбени војници-специјалци во македонската војска на Александар Трети Македонски потекнувале токму од Агријаните.


 

 

 
   
Автор: Мимоза Петревска Георгиева / mimoza.p@novamakedonija.com.mk
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 17-Jun-2014 at 11:27




           
Ископани три значајни објекти на Стибера
Жртвеник Бакарно Гумно
Се разоткриваат тајните богатства на локалитетот

Екипата на прилепскиот Завод и музеј, под раководство на археологот Душко Темелкоски, на крајниот северозападен раб на градот Стибера откри подиум од јавен објект, за кој сѐ уште не може да се каже со сигурност дали претставувал мал храм на некое божество или градски жртвеник. Вториот откриен објект со тековните археолошки истражувања е станбен, датира од 3 век од н.е., а се наоѓа јужно од храмот на Тихе. Се работи за објект во кој се регистрирани остатоци од преработка на извесни суровини, присуство на јами и водовод со керамички тубуси, како и просторија во која е регистрирано почитување на египетскиот бог Хор.
- Последниот откриен објект е најрепрезентативен. Сепак, бидејќи е откриен дури на крајот од истражувањата, отворени се мали делови. Детаљ од северниот ѕид, што е однатре декориран со имитација на монументалниот опус изодомум во штуко-техника. Потоа јужно е откриена влезна партија, дел од скалила со довратни базаменти, како и прекрасен мермен архитектонски дел од венец со декорација на дентикула и гејзон. Венецот бил положен врз архитрав, кој се потпирал на капители, колони и бази, што посочува на култен карактер на објектот. Сепак, треба да се сочека неговото целосно откривање за да го дадеме конечниот став - вели директорот на Управата за заштита на културните споменици, Виктор Лилчиќ.

Со откривањето на трите објекти во рамките на капиталниот владин проект за 2014 година почнаа уште повеќе да се наѕираат внатрешните урбани и цивилизациски содржини на градот.
- Досега во Стибера беа откриени два објекта, гимназион и храм, но кај ниеден не беше откриена толку квалитетна внатрешна ѕидна декорација во комбинација со камената архитектонска пластика. А тоа е и целта на нашите напори, во Стибера што поскоро да отвориме поголем број внатрешни градски содржини во ликот на станбените и култните објекти, кои во скора иднина ќе овозможат археолошките локалитети Бедем и Бакарно Гумно да ги отвориме за употреба пред јавноста - вели Лилчиќ.

Планирано е на Стибера да се изведуваат недеструктивни истражувања со радарско геоскенирање на целокупната стара градска површина, за да се запознае подземниот археолошки катастар.
- Планирано е да се испитаат можностите за спогодбена експропријација на земјиштето за да може целокупниот локалитет да биде рамномерно истражуван и потоа отворен за јавноста. И, секако, археолошките истражувања на овој огромен за негово време антички град со своите над 10 хектари урбана површина мора во континуитет да продолжат и во наредните години - истакна директорот на Управата.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=61714109521&id=16&setIzdanie=23201
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 17-Jun-2014 at 22:33

СЕ ИСТРАЖУВА ЦЕЛА МАKЕДОНИЈА

Дождот го олеснува ископувањето на локалитетите


Дождовите не ги запреа археолошките ископувања во земјава. Напротив, ја омекнаа земја и им помогнаа на археолозите полесно да стигнуваат до културните слоеви во кои се закопани тајните на минатото. Тимовите работат интензивно на античките градови Скупи кај Скопје, во Стоби кај Градско, на Хераклеја Линкестис кај Битола, Стибера кај Чепигово, Градиште кај Свети Николе, каде што се претпоставува дека била пајонската престолнина Билазора и многу други. Некаде веќе се гледаат и првите резултати од ископувањата. Тимот што истражува на Градиште кај кумановското село Младо Нагоричино откри дел од владетелска палата во акрополата на градот. Екипата е предводена од археологот д-р Марјан Јованов, од катедрата за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Тие изминатиот еден и пол месец открија дел од репрезентативна владетелска палата од 4 век пред новата ера. Внатрешниот ѕид од палатата бил боен однатре со малтерен премаз. Археолозите открија порта, дел од раноантички јонски капител, амфора.

Скупи над очекувањата

Според д-р Виктор Лилчиќ-Адамс, директор на Управата за заштита на културното наследство, археолошките ископувања во земјава течат според планираното темпо.

- Засега нема одложувања. Археолошките ископувањата се одвиваат главно претпладне кога не врне. Завршуваат околу 14 часот. Попладневните дождови ја омекнуваат земјата и полесно се работи - вели Лилчиќ-Адамс.

Истражувањата на театарот на најстариот урбан дел од Скопје - Скупи, беа меѓу првите што започнаа годинава на територијата на Македонија. Музејот на град Скопје е надлежен за овој локалитет, но проектот го координира Управата за заштита бидејќи истражувањата се во рамките на капиталните проекти што ги финансира Владата. Љубица Kондијанова вели дека дождовите што деновиве го зафатија скопскиот регион не им ги поматило плановите.

- Kога врне, се разбира дека не може да се копа. За среќа, не врне секој ден, па екипите генерално си работат според зацртаните планови. Имаме голем напредок во ископувањето на театарот. Над очекувањата - вели Kондијанова.

И битолчани го почнаа капиталниот проект - истражувањата на западната половина од епископската резиденција. Археологот д-р Аница Ѓорѓиевска, кустос-советник во битолскиот Завод и музеј, вели дека с` се одвива според планот.

Интензивни работилници на Стоби

- Kај нас немаше многу дожд. Во 7 часот наутро сме веќе на терен, а деновиве врнеше попладне. Така, дождот, всушност, ни ја олесни работата - полесно се копа - вели таа.

Археолозите на епископската базилика работат веќе две недели. Полека се оцртуваат ѕидовите од објектот. Во рамките на програмата на својата институција, тие планираат годинава да работат и на некрополата од римско време.

Струмичките археолози пред десетина дена почнаа да ископуваат на Цареви кули. Васил Ѓорѓиев, директор на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Струмица, вели дека во овој регион немало многу дождови.

- Малку врнеше деновиве. Веќе работиме на Цареви кули. Дури сега археолозите почнаа полека да ги симнуваат слоевите. Вегетацијата беше многу бујна, па подолго време го чистевме теренот - вели тој.

И овие истражувањата се дел од капиталните проекти. Археолозите од Струмица идниот месец ќе ги продолжат и систематските истражувања на Црвено Поле на планината Огражден, финансирани во рамките на редовната годишна програма на Министерството за култура.

На Стоби веќе се одвиваат интернационалните работилници за конзервација и документација на римска керамика и мозаици што ќе траат до сабота. Наредната недела ќе се одржат и работилници за конзервација на фрески и стаклени садови. Во рамките на работилниците ќе се работи на мозаикот од нартексот на Епископската базилика, а ќе бидат чистени и консолидирани помали парчиња од ѕидната декорација на овој објект. Работилниците се одржуваат петта година и се резултат на соработката меѓу Националната установа „Стоби“ и фондацијата „Балканско наследство“ од Стара Загора.

Весна И. Илиевска

http://dnevnik.mk/?ItemID=18A875E50B9D9344BEE7CBA29B52E159

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 17-Jun-2014 at 23:13
позитивна страна на `антиквизацијата` или како што некои ја кажуваат `букефализацијата` е што археологијата е во подем во последно време
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 20-Jun-2014 at 22:13
ГОЛЕМО АРХЕОЛОШKО ОТKРИТИЕ ВО СKОПСKО

ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ДАРДАНЦИ, НИТУ ТРИБАЛИ, ТУКА ЖИВЕЕЛЕ ПАЈОНЦИ




Пајонски гроб од 8 и 7 век пред новата ера открија завчера археолозите ископувајќи го античкиот театар на Скупи кај Скопје. Покрај покојникот, во керамички сад тие открија бронзена наочареста фибула - безопасна игла, типична за Пајонците и култен предмет - сончев диск. Археолозите вчера се обидоа полека, внимателно, да го извадат од садот и успеаја до половина. Но, кога видоа дека станува збор за поголем кружен предмет, не сакаа да ризикуваат и оставија конзерваторите да ја завршат својата работа.

Раководител на ископувањата е Антонио Јакимовски, професор на катедрата за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Тие се одвиваат во соработка со Музејот на град Скопје и се дел од капиталните проекти на Владата.

Според Јакимовски, и досега било регистрирано железното време на територијата на Скупи, но првпат на театарот се појавува гроб од железно време.

- Имаме голема среќа. Гробот не бил оштетен кога биле копани темелите на театарот ниту бил разградуван ниту во доцноантичкото и во средновековното живеење и погребување - вели Јакимовски.

Голема населба на Зајчев Рид

Според карактеристиките, гробот датира од 8 и 7 век пр. н.е. и укажува дека станува збор за пајонско население. Јакимовски вели дека со овие и со претходните истражувања на Скупи на скопското Kале и со последните истражувања во Kумановско с` повеќе паѓаат во вода поранешните тврдења.

- На оваа територија нема ниту Дарданци ниту Трибали. Нема никаква материјална култура од нив, но ги има Пајонците. Тие тука живееле. По нив доаѓаат и своја власт поставуваат и Македонците. Материјалната култура зборува за тоа - вели Јакимовски.

Истражувањата во Македонија во последните години с` повеќе ја откриваат материјалната култура на Пајониците. Според Јакимовски, најсеверните траги од нив се регистрирани на територијата на денешна Србија, на калето Kршевица, кај Врање, каде што одамна е регистрирано пајонско население, кое се нарекувало Агријани.

- Постојат записи од 2 век пр. н.е. дека Пајонците особено го почитуваат сонцето, го сметаат како соларен култен симбол. Засега пронајдовме само еден гроб. Но, од порано постојат индиции дека горе на акрополата на Зајчев Рид била населбата, а некрополата е на рамниот дел. Можно е да има и повеќе гробови - вели Јакимовски.

Ја населувале и денешна Северна Грција

Пајонците ги закопувале своите покојници. Пронајдениот гроб не е добро зачуван - недостигаат рамото и главата, кои биле зафатени кога бил копан темелот на театарот.

- Но, погребните дарови кажуваат с`. Тие се сосема доволни за датирање, одредување на потеклото и за материјалната култура на човекот. Тој бил Пајонец. Ова се докази што ни кажуваат за етничкото потекло на луѓето што живееле тука во железното време, пред 2800, пред 3000 години - вели Јакимовски.

Пајонците биле старо палеобалканско племе, кое ги населувало териториите по целата долина на Вардар. Јакимовски објаснува дека големиот број некрополи го потврдуваат тоа.

- Влегуваат и на територија на денешна Грција. Ја населувале територијата до морето, а сега знаеме до каде биле населени и на север. Kога почнале да се шират Македонците, почнале да ги потиснуваат Пајонците. По 217 година пр. н.е. Филип Петти ја анектира Пајонија на Македонија и тогаш таа престанува да постои како управна единица. Пајонците продолжуваат да егзистираат во рамките на Македонија, но многу е тешко целосно да се избрише еден код - вели Јакимовски.

Весна И. Илиевска
http://dnevnik.mk/?ItemID=0E357D83CD08FA4FB7DAF32A769713C9
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 03-Jul-2014 at 20:09

Се зголемуваат туристичките атракции во Старо Нагоричане

Локалитетот Градиште во селото Младо Нагоричане може со текот на времето да стане туристичка атракција, што ќе ја зголеми туристичката понуда на Општина Старо Нагоричане.

Археолошкиот%20локалитет%20Градиште%20во%20селото%20Младо%20Нагоричане%20во%20близина%20на%20Куманово.
Археолошкиот локалитет Градиште во селото Младо Нагоричане во близина на Куманово.

Од пред два месеца кога беа вршени археолошки ископувања на локалитетот Градиште во селото Младо Нагоричане, во Општината Старо Нагоричане, се зголемува бројот на туристичките атракции. Сознанијата за богат и значаен локалитет датираат од пред три децении, а при ископувањата биле пронајдени керамички предмети увезени од јужните краишта, од Халкидики, објаснува археологот Дејан Ѓорѓиевски од кумановскиот Музеј.

Ексклузивитет е ископан дел од една комплексна градба за која сè уште не се знае од каков тип е. Евидентно е дека тој што ја користел бил богат, поради употребата на камени архитектонски делови кои што ги наоѓаме во парчиња, а кои зборуваат дека кој и да живеел имал очигледни врски со она што се случувало на југ.
Дејан Ѓорѓиевски, археолог од кумановскиот Музеј.

Со овогодишните ископувања бил откриен еден повеќеслоен град, од периодот од 4 и 3 век, а цутот на развојот го доживеал во 5 и 4 век пред нашата ера. На почетокот на четвртиот век во келтските наезди градот бил уриван и пален, подоцна бил обновен, но не живеел во такви услови како до тогаш.

Би требало што повеќе да отвориме од овој локалитет, да се проучи, да се направи процес на конзервација, па дури тогаш да се стави на туристичката мапа.
Дејан Ѓорѓиевски, археолог од кумановскиот Музеј.

„Ексклузивитет е ископан дел од една комплексна градба за која сè уште не се знае од каков тип е. Евидентно е дека тој што ја користел бил богат, поради употребата на камени архитектонски делови кои што ги наоѓаме во парчиња, а кои зборуваат дека кој и да живеел имал очигледни врски со она што се случувало на југ. Имаме и некои елементи од камената пластика, па и од други движни наоди кои јасно укажуваат дека и овој регион бил вклучен во тој медитерански свет, барем во поглед на цивилизираноста“, вели Ѓорѓиевски и додава дека археолошките активности биле завршени со малку средства, дека откриеното е сè уште недоволно за локалитетот наскоро да се вклопи во туристичките ексклузивитети.

„Би требало што повеќе да отвориме од овој локалитет, да се проучи, да се направи процес на конзервација, па дури тогаш да се стави на туристичката мапа. Има извонредно погодна положба бидејќи е во близина на магистралниот пат кон Бугарија, познатите ресторани „Визиана“ и „Етно-село“ кои и без тоа мамат туристи. Локалитетот Визианус, Црквиште во селото Клечовце е од другата страна на овој локалитет. И тој дел околу селата Макреш, Клечовце и Младо Нагоричане. Има најава и за пругата што ќе се отвори кон Бугарија, што е добро за развој на културниот туризам“, смета Ѓорѓиевски.

Во овој период во тек се и активностите за реставрација на црквата „Свети Ѓорѓи“ во центарот на селото Старо Нагоричане, инаку значаен културно-историски и национален монумент. Оваа црква е една од најатрактивните и најпосетените од 13-те маркирани туристички атракции во оваа локална самоуправа. Меѓутоа во црквата „Свети Ѓорѓи“ сè почесто се одржуваат венчавки на млади брачни двојки, не само од Куманово, туку и од другите градови.

http://www.makdenes.org/content/article/25444565.html

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 03-Jul-2014 at 22:24

НА НАОЃАЛИШТЕТО ГРАДИШТЕ, КНЕЖЈЕ СВЕТИНИКОЛСКО


Во Билазора се истражува комплексот на палата од 5 век пр. н.е


Во рамките на капиталниот проект на Владата на РМ продолжува откривањето на урбаниот простор на акрополата на најголемиот град во раното античко кралство Пајонија, Билазора. Како што велат од Управата за заштита на културно наследство,
проф. д-р Драги Митревски, раководител на проектот Билазора, го дефинира датирањето на комплексот на палатата во класичниот период, поконкретно од 5 и 4 век пр. н.е.

"Градот Билазора е лоциран во 1976 година од страна на проф. д-р Иван Микулчиќ, истражуван е неколку години, за од 2013 да го добие статусот капитален проект.

Градот има архајски зачетоци, но очигледно е дека процутел во 5 и 4 век пр. н.е. Тоа бил народот Пајонци под владеењето на кралевите Ликеј, Патрај и Авдолеон. Во 217 година пр. н.е., градот го освоил македонскиот крал Филип Петти и го анектирал, впрочем како и кралството Пајонија кон кралството Македонија. Пајонија станала интегрален дел на Македонија, под називот Стратегија Пајонија. Кралот Филип Петти тоа го сторил затоа што ослабнатата Пајонија (поради пробивот на Келтите/Гали веќе не можела да ги блокира нападите на агресивните Дарданци. Со оваа анексија тој всушност ја зајакнал одбраната на Македонија од северните агресори", велат од Управата.

Градот зафаќал површина од над 20 хектари. Географската доминација во однос на околното опкружување му наметнува улога на комуникациски репер и раскрсница на патните правци од север кон југ и од исток кон запад, помеѓу границите на тогашна Дарданија, Тракија и Македонија. Античка Билазора како најголем и најзначаен град на Пајонија првпат ја споменуваат Полибиј и Тит Ливиј. Тие укажуваат на нејзината стратешка географска позиција и улога на чувар на северната граница на античка Македонија во одбраната од Дарданците.
Проектот се реализира преку Музејот на Свети Николе во соработка со Градот Свети Николе.


(Д.Т.)
http://www.vecer.mk/default.asp?ItemID=ED6600B5433B564CA559CACDC8320FB2
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15039
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 04-Jul-2014 at 10:45
Археолошки локалитет Градиште во близина на село Младо Нагоричане, Кумановско





Повеќе слики на http://mia.mk/mk/Inside/RenderSingleGalleryTest/4576/1?month=7&year=2014&day=4&desc=0
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 16-Jul-2014 at 22:42

Златото од Македонија сензационално се најавува во Германија

Златните археолошки предмети од Охрид и од Неготино, конципирани во изложбата „Златните лица на македонските кралеви - Македонците и Kелтите од охридскиот регион - судир на културите“ на 24 јули ќе биде отворена во „Kелтен ромер музеум“ во Манхинг, Германија. Музејот на својата интернет-страница наголемо ја најавува поставката која ќе биде отворена за германската јавност с` до 16 ноември. На плакатот се ставени фотографии од златната маска, ракавицата и прстенот, пронајдени пред дузина години на Горна Порта во Охрид.

Меѓу другото, во најавата пишува:

„За време на археолошките ископувања во некрополата на античкиот Лихнидос, во денешен Охрид, македонскиот археолог Паско Kузман во 2002 година откри гроб од крајот на архајското време до почетокот на класичниот период (крајот на 6 и почетокот на 5 век пред новата ера). Навистина сензационално. Во кралската гробница не бил вклучен само скапоцени накит, туку маска за лице и прстен на раката од лист злато и сребрени сандали. Заедно со богатството на Тремник од хеленистичкиот период, тие претставуваат најскапоцените археолошки богатства на Република Македонија. Овие богатства првпат се претставуваат надвор од Македонија“, пишува во најавата.

С` плаќа Европската Унија

Има вкупно 62 предмета од Заводот за заштита на спомениците на културата од Охрид и од Музејот на Неготино. Изложбата е веќе однесена и наредена во Манхинг.

Престижната изложба уште пред неколку години е договорена на инцијатива на археологот Kузман и неговиот колега од Словенија, Митја Гуштин, во соработка со претставници од германскиот музеј. Изложбата денес ја организира Археолошкиот музеј на Македонија во соработка со музите од Охрид и од Неготино, Приморскиот универзитет од Словенија и со Лошињскиот музеј од Хрватска, а ја финансира Европската Унија, преку Kомисијата за образование, аудиовизуелност и култура.

Според Весела Честоева, директорка на Археолошкиот музеј, ја изложуваме златната доба на Македонија. Освен подготвувањето на изложбата, Европската Унија го финансира осигурувањето и транспортот на предметите до Германија и назад. Обврска на Македонија е само да го подготви каталогот. Kоординатор на нашите институции е Перо Арџанлиев, раководител на одделот за античка археологија во Археолошкиот музеј на Македонија.

Тања Паскали-Бунташеска, директорка на Охридскиот завод и музеј, вели дека од нивната збирка ќе бидат изложени педесетина предмети.

- На оваа изложба ќе бидат претставени најубавите движни археолошки предмети од нашата колекција, меѓу нив се и златната маска, ракавицата со прстенот пронајдени на Горна Порта. Сите тие зборуваат за богатото културно наследство на охридскиот регион - вели таа.

Пред домашната публика на 8 декември

На прашањето кога овие предмети ќе бидат изложени и за македонската публика, со оглед на тоа што не беа дел од археолошката поставка на охридскиот Завод и музеј, Паскали-Бунташеска одговара дека на 17 ноември тие веќе треба да пристигнат во нашата земја, односно во Охрид.

- Ќе бидат свечено изложени на празникот Св. Kлимент Охридски, 8 декември, во златната соба во Kуќата на Робевци, која ја подготвувавме подолго време - вели таа.

Според Драгица Чекоровска, в.д. директорка на неготинскиот музеј, од нивната институција ќе бидат изложени 13 предмети, сите од Орманков гроб, кој во август 2008 година случајно беше пронајден на локалитетот Тремник.

- Ќе бидат изложени еден ѓердан со висулци и две апликации, два ѓердана од мали златни алки, еден златен медалјон со ликот на богот Посејдон, тоалетна кутија - пиксида, две монети на Филип Втори и на Александар Трети Македонски од 4 век пред новата ера и четири фубули (безопасни игли н.з.) - вели Чекоровска.

Весна И. Илиевска
http://dnevnik.mk/?ItemID=725815CB0312CB4E88508251BB824715
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 16-Jul-2014 at 22:48

Големо Градиште - Коњух

утврден град од Доцната антика во регионот на Кратово

Археолошкиот локалитет Големо Градиште се наоѓа во близина на Кратовското село Коњух. Познат е како редок пример на град подигнат кон крајот на 5 – почетокот на 6 век н.е., на територија на провинцијата Дарданија, во Источното Римско Царство. Распространет на висока и издолжена акропола, широка тераса на северното подножје на акрополата заградена со Крива Река, и потесен простор на јужното подножје на акрополата градот е пример на доцната фаза на римскиот урбанизам, со силно утврдување и значителен акцент на црковната архитектура. Планот на градот, тврдините и црквите истовремено претставуваат рана фаза на развојот на европскиот урбанизам и религиозното наследство. Со своите са. 17 хектари површина, Големо Градиште кај с.Коњух е најголемиот и досега најдобро истражен град од 6 век во североисточниот дел на Р.Македонија.

На природно заштитената акропола, на високиот рид познат како Големо Градиште, во 6-от век била изградена силна тврдина. Овде, со археолошките истражувања реализирани помеѓу 1998-2004 г., беа откриени капии, улици, скали и неколку резиденцијални и јавни градби, со темели вкопани во меката карпа. Дел од нив, меѓу кои големата цистерна за вода, се видливи и денес на акрополата. Доминантноста на ридот над пошироката околина била од голема стратешка важност за безбедноста на градот и неговите жители во немирните времиња на 6 век. Локалитетот е познат и по бројните простории издлабени во карпата, откриени на југозападната страна на ридот. Се верува дека во минатото биле користени како монашки ќелии.

Од 2005 година наваму, систематските истражувања продолжуваат на северната стамбена тераса, каде беа откриени два големи резидецијални комплекси. Првиот е повеќенаменска градба со остави и работилници околу внатрешен двор, додека вториот е резиденција со неколку поголеми простории, кујнски простор и двор со колонада, која несомнено припаѓала на член на градската елита. Точно помеѓу двете резиденции откриена е и голема, трикорабна базилика (35 х 15 м), со различни невообичаени архитектонски решенија. Една од нејзините анекс простории, со апсидален завршеток на источната страна и писцина во средишниот дел, претставувала крстилница. Фрагментите од репрезентативна камена пластика, откриени и во оваа базлика но и во базиликата Ротонда на овој локалитет, укажуваат на локална работилница, од средината на 6 век.

http://www.konjuh.mk/

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 20-Jul-2014 at 20:47
Мозаикот со војводите правен за Kрушево го краси Новаци

Дворот на 73-годишниот Борис Илиоски, професор по ликовно образование во пензија, наликува на музеј. На ѕидовите од семејната куќа во општина Новаци го изложил големиот мозаик што го направил пред четириесет години, дело со површина од околу 30 квадратни метри. На мозаикот со камчиња прецизно ги исцртал ликовите на македонските апостоли на револуционерната борба - Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Kарев, Питу Гули и Јане Сандански.

Мозаикот освен пред Офицерскипот дом во Прилеп, пред многу години, на друго место не бил изложуван. Делото долго минало во визбата на Илиоски, с` до пред некој ден, кога тој одлучи да го изложи во својот двор. Kуќата се наоѓа на еден километар од комбинатот РЕK Битола, па го привлекува вниманието на многуте минувачи по овој пат.

- Имав голема желба да ги прикажам војводите на историското ВМРО. Тоа се луѓе многу заслужни за македонската историја. Почнав да го работам мозаикот од 1969 година, а го завршив во 1973 година. Четири години работев посветувајќи му го целото мое слободно време, а од големата желба и инспирација работата не ми претставуваше товар - раскажува Илиоски.

Тој од мал бил задоен со патриотски чувства. Растел со раскажувањата за храбриот комита со прекар Асија од битолското село Ѓавато, кој по мајка му му бил роднина. Kога пораснал, продолжил да се одушевува од делото на македонските револуционери. Завршил ликовна академија во Белград, а на триесетина години својот талент и умешност ги вткал во мозаикот.

- Не беше макотрпна само изработката на орнаментот, туку и собирањето на материјалите. Многу време потрошив собирајќи камчиња во различни бои. Црни од реката Драгор во Битола, зелени од спилите кај Велес и бели од прилепски мермер. Потоа ги редев со туткал на цемент и чист песок врз арматура од железо, што ~ даде поголема трајност на мојата креација - додава уметникот.

Мозаикот требало да се вгради во Македониумот во Kрушево, но било избрано дело од уметникот Петар Мазев. По ова оригиналниот мозаик останал неискористен кај Илиоски дома. Оттогаш, каде и да се преселува, го носи со себе.

- Педесет години живеевме во Прилеп, а јас бев наставник по ликовно во Тополчани и Дебрешта. Во 2004 година го продадовме станот и купивме куќа во Новаци, зашто синот доби работа во РЕK и не сакавме да патува секојдневно. Сосе сите работи што ги имавме, го преместивме и мозаикот, иако е тежок и се состои од десетина плочи. До тука ми го донесоа со возило - раскажува Илиоски.

Досега повеќе лица се интересирале за да му ја купат мозаичната изработка. Но, тој не ја продал зашто има желба да биде поставено во државна институција или музејска просторија. Мисли дека би било соодветно да се постави во Спомен-собата на војводата Гоце Делчев во Битола. Но, веќе се водат и разговори со градоначалникот на општина Новаци, Лазар Kотевски, за мозаикот да биде поставен во општинските простории.

Освен овој оригинален мозаик, Илиоски располага и со богата библиотека со книги за ликовната уметност.

Жанета Здравковска
http://dnevnik.mk/default-mk.asp?itemID=1D5B19B20A1B904BB95FFA4CDAD4F6E0&arc=1
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 20-Jul-2014 at 22:10
Заштита на Орлов Камен - антички град на кралството Пелагонија


Во моментов од страна на Завод и музеј Прилеп се врши и комплетирање на елаборатот потребен овој комплекс да биде прогласен за национално добро од посебен интерес, вели проф. д-р Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културно наследство


Археолошкиот комплекс Орлов Камен, Горно Село, Прилепско, локалитет на кој се смета дека живеела заедница на македонско античко население кое е дел од кралството Пелагонија (најголем подем од 5. - 3. век пр.н. е.) ќе биде детално археолошко-геодетски документиран. Според проф. д-р Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културно наследство на РМ, Завод и музеј Прилеп во моментов работи на докомплетирање на елаборатот потребен овој комплекс да биде прогласен за национално добро од посебен интерес.
-Кралството Пелагонија имало главен град - престолнина и најмалку 7 градови. Градовите се наоѓале кај Белополе, Горно Село, Варош, Прилепец, Бонче - Крушевица, Мојно, Мегленци, Брод. Престолнината или кралскиот трон, најверојатно, бил на локалитетите кај селата Бонче - Крушевица, каде што е пронајдена и гробница од големи размери. Еден од овие високоцивилизирани градови на кралството Пелагонија во раната антика бил и градот кој бил распространет на просторот кој е познат како археолошки локалитет Орлов Камен - посочува д-р Лилчиќ, кој во 2010 година ја документирал акрополата на Орлов Камен (Мал Сурун). Оваа заедница на македонски антички жители уживале во широките визури кон отвореното пелагониско поле, кон светилиштето на Аполон на доминантниот врв Трескавец, но и кон врвот Мокров - Солунска Глава. Јужно од градот, на западното подножје на доминантниот Голем Сурун, на чиј врв се наоѓала кула за набљудување и алармирање на населението, пак, била расположена некрополата. Интересно е што таму се пронајдени и гробници од единствен вид во Македонија.
-Гробниците на видните луѓе од кралството Пелагонија биле оформувани - делкани во жива карпа. Тоа се познатите гробници од т.н. пелагонски тип, уникатни на целото подрачје на Македонија. Се состоеле од преткомора и комора. Пронајдените шест гробници биле ограбени во минатото, но се смета дека таму може да се најдат и други гробници - вели д-р Лилчиќ.
Овие гробници биле истражувани од страна на археолозите од НУ Завод и музеј Прилеп, Душко Темелкоски и Александар Миткоски. Во истражувањата како член во тимот била и Белинда де Ангело, археолог од Австралија со македонско потекло.

Во моментов, посочуваат од Управата, Општина Долнени бара концесија за блискиот простор на кој би се копал гранит. Од тие причини се врши документирање на археолошкиот комплекс со цел да се утврдат точните граници и да се заштити овој археолошки и културен предел. (Д.Т.)

Наоди за постоење на царството Пелагонија
Дека Пелагонија била посебно кралство има потврди како пишани така и материјални. Посебно впечатливи се два наоди на епиграфски споменици со натписи на кои се среќаваат две имиња кои го носат презимето Пелагон. Едниот натпис кој е датиран во годините 365/64 пред н.е., говори за извесен пелагонски крал кој имал добри односи со Атина, на кого името не му е познато, бидејќи тешко се чита, а носи презиме Пелагон. Другиот споменик со натпис е датиран во 363/2 година и на него се говори за кралот Менелај Пелагон.
http://vecer.mk/?ItemID=1930D751F779A6448B8F97000A37077F
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 24-Jul-2014 at 19:50
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 24-Jul-2014 at 23:56
Археолошкото злато од Македонија претставено пред германската публика



Во престижниот национален Келтско-римски музеј во Манхинг,Германија синоќа беше отворена меѓународната изложба со наслов „Златното лице на непознатиот македонски крал - Македонците и Келтите од брегот на Охридското Езеро”, проект кој се реализира со поддршка на Комисијата за образование, аудиовизуелност и култура при ЕУ во рамките на проектот „Clashof Cultures“.
Германската, но и пошироката европска јавност во текот на наредните месеци ќе има можност да се запознае со извонредното културно богатство на Република Македонија.
Организатор на оваа значајна изложба е Археолошкиот музеј заедно со Заводот за заштита на спомениците од културата и музеј од Охрид и Музеј на град Неготино, а во соработка со „Келтен ромер музејот“ од Германија.
Пред многубројната публика од археолошката фела, градоначалници, конзули, дипломати и љубители на уметноста се обратија Весела Честоева, директорка на Археолошкиот музеј на Македонија, проф.д-р Виктор Лилчиќ директор на Управата за заштита на културното наследство, директорот на „Kelten Romer Museum“ Волвганг Давид и професорот Митја Гуштин од Универзитетот Приморска во Копер, Словенија. На свеченоста присуствуваше и Герхард Кругер, почесниот конзул на Република Македонија во Германија.



Директорката на Археолошкиот музеј на Македонија Честоева подвлече дека од две древни места на територија на Република Македонија, од архајскиот и класичниот период допатуваа во Манхинг презентираните вредни предмети за да ја раскажат приказната за цивилизацијата.
Денес пред вас е една од петте златни маски на локалните кралеви, откриени во архајските некрополи на двата града Лихнид и Енхелана. Со маската од Лихнид патуваат и повеќе златни и други предмети од арахајската некропола на локалитетот Горна Порта во Лихнид, сведоци на луксузот, моќта и идеологија на кралот за неговиот пат кон вечноста. Од Лихнид во Манхинг дојдоа и келтските шлемови, железните штитови и долгите железни мечеви. Келтските воини на почетокот на 3 век пред н.е. на патот кон Делфи или по враќањето, застанале во Лихнид. Долговековниот келтски сон, пренесуван од колено на колено, дека не смее да се умре пред да се види Делфи, за нив запрел во Лихнид, рече Честоева.
За важноста на артефактите и за нивната историска и археолошка вредност говореше Лилчиќ директорот на Управата за заштита на културното наследство.
Република Македонија е земјата од каде ги донесовме денес тука златната маска на еден благороден Енхелеец од градот на светлината - Лихнид, златниот трезор од Тремник на Вардар и оружјето на Келтите кои го бранеле Лихнид во хеленистичкиот период. Територијата на Република Македонија во раната антика била најсеверната зона на Балканско-медитеранските рани цивилизации, кралствата на Македонците, Пајонците, Пелагонците, Линкестите, Енхелеите/Десаретите, Девриопите и Агријаните, рече проф.Лилчиќ.
Тој истакна дека е посебно задоволен што денес пред германската и европската јавност, тука во Манхинг, донеле дел од раноантичката, архајска цивилизација на Охридските (Лихнидските) Енхелеи, од класичната цивилизација на античките Македонци од Тремник на Аксиј (Вардар) во близина на античката македонска воена база Антигонеа (Неготино) што подоцна прераснала во цивилен град и предметите на пријателските Келти (Гали) кои несомнено своите животи ги положиле во одбрана на цивилизациската среќа на античкиот град Лихнид на Охридското Езеро.
Професорот Гуштин, кој долги години соработува со археолозите од Македонија, се осврна на успешната соработка со неговите македонски колеги.
На поставката се изложени 62 вредни археолошки предмети, во најголем дел златни, меѓу кои и ритуалната погребна маска од почетокот на 5 век пред н.е. која со археолошките истражувања во 2002 година беше пронајдена на Горна Порта, Охридска крепост во Охрид, потоа златната нараквица, апликации во форма на диск, накит, сребрени сандали, двоколка, садови и многу други артефакти, сите од архајски период и најдени на Горна Порта.
Од истиот локалитет пред очите на светската јавност е претставена и келтска воена опрема од 3 век пред наша ера, шлемови, копја, мечеви, штитови и други предмети. Меѓу вредните артефакти е и познатата статуа на Изида од алабастер од 2 век п.н.е. Наодите од с. Тремник од Неготино се исто така дел од поставката.
Изложбата, која ќе биде отворена до 16 ноемви, е главен настан на Европскиот проект „Clash of Cultures“ - проект кој 2012 година беше одобрен од Европската унија,координиран е од Универзитетот Приморка во Словенија, а Археолошкиот музеј на Македонија се приклучи како рамноправен партнер во проектот во 2011 година. Во проектот како рамноправни партнери се јавуваат и Лошињски музеј од Хрватска, Земаљски музеј од Сараево, Босна и Херцеговина и Келтско-римскиот музеј во Манхинг, Германија.

http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNewsNewsCategory/108/119984673

Edited by jyvation - 24-Jul-2014 at 23:57
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 25-Jul-2014 at 13:19

Нов начин на истражување на локалитетот Висока

Започнаа археолошките истражувања на локалитетот Висока, кои ќе траат континуирано и во август и кои по начинот на реализација ќе бидат први од типот на археолошка експедиција.
- Ова ќе бидат први ископувања од голем опсег на овој значаен локалитет од раната антика и ќе се разликуваат од повеќето досега спроведени на територијата на Македонија по начинот на организација. Поради недостапноста на локалитетот, кој е на надморска висина од 1.472 метри, тимот што ќе работи ќе биде сместен на најблиската достапна точка, која е оддалечена околу еден час пешачење и ќе биде во организиран камп со шатори од АРМ. Ќе се копа 30 дена, со што ископувањето добива карактер на археолошка експедиција - вели археологот Дејан Б. Кебакоски од Институтот за старословенска култура.
Локалитетот Висока годинава влегува во категоријата археолошки проекти од национален интерес. Сместен е на највисокиот врв на Селечка Планина, што укажува на стратегиската положба на просторот. Од оваа точка можело да се контролира движењето низ речиси цела пелагониска рамнина и низ мариовската планинска област.

- Локалитетот е составен од два дела, односно од акропола или палатен дел и подградие. Годинава планирано е археолошките истражувања да бидат насочени кон откривање на моќниот одбранбен ѕид, кој ја формира акрополата, а изграден е од големи камени блокови во техника на изодомум комбинирана со псеудоизодомум. Со неколкуте пократки истражувачки кампањи досега се откриени влезот и скалите во акрополата (палатата) и еден мал дел од ѕидот. Во планираните активности за годинава е и да се навлезе во самиот палатен дел, со што ќе се утврди карактерот на просторот - вели Кебакоски.
Акрополата е со површина од 2.600 квадратни метри, додека целиот археолошки локалитет се протега на 19.600 квадратни метри или речиси два хектари.

- За да го сместиме локалитетот во еден од потенцијалните места на кој лежат остатоците на античкиот град Пелагонија ни дава право монументалноста на досега откриените партии од влезот и дел од ѕидот на акрополата, но и близината со најмонументалната гробница од македонски тип на територијата на државата, односно гробницата во атарот на селото Бонче, која е сместена во падините на Селечка Планина, оддалечена од локалитетот Висока околу два километри - објаснува археологот Кебакоски.
Гробницата најверојатно му припаѓала на некој од моќните пелагониски владетели, можеби на потврдениот во изворите Менелај Пелагонецот, кој со Пелагонија владеел во првата половина на четвртиот век пр. н. е.

- За поврзувањето на овие два локалитети показател е и начинот на градба на бедемот на акрополата и самата гробница, кој е идентичен и совршено прецизен. Со досега извршените истражувања констатирани се два моќни хоризонти на живеење. Едниот е од четврт век пр. н. е., а другиот од шести век од н. е. - подвлекува раководителот на проектот.

На локалитетот Висока се планирани уште три засебни проекти за дигитализација на локалитетот и артефактите до кои ќе се стигне, а со нив се фрла нова светлина на локалитетот, но и се отвора нов правец на археологијата во Македонија.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=724141511338&id=16&prilog=0&setIzdanie=23234
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 30-Jul-2014 at 22:40
Под Трескавец- ранохристијанска базилика од 5-ти век

Ако досега беа претпоставки,веке и научно е поврдено дека манастирот Трескавец кај Прилеп два милениума бил еден од најзначајните манастирски центри во овој дел на балканот. Најновите докази укажуваат и дека црквата била изградена на ранохристијанска базилика што потекнува од 5-ти век...



Конечно после векови, научно се докажа милениумската приказна за Трескавец. Она што до вчера беше само мит и легенда, денес фактографски и со материјални докази може да потпкрепи. Најновите археолошки истражувања во манастирот докажаа дека на ова место животот се одвивал од 2 век п.не. па се до денес и тоа во 17 етапи. Најстара била античката населба Колобаиса, за која конечно се открија детали.

„Таа претпоставка се потврди со веќе издеференцирана планиметрија, односно распоред на населбата, распоред на некрополата, ограденото подградие на населбата и фортификацијата. Значи можеме да зборуваме за структура на населбата каде во таа населба можеме да го претпоставиме местото каде бил храмот на Аполон и Артемида“, истакна Бранислав Ристески, раководител на проектот.

Значајно откритие исто така е што црквата била изградена на темелите на ранохристијанската базилика која потекнува од 5 век. Се докажа дека Трескавец низ 2 милениуми бил еден најзначајните манастирски центри во овој дел на Балканот.

„Истражен е простор за кој досега само се претпоставувало што се содржи во себе, но сега имаме едни истражувања кои ќе дадат одговори на многу прашања и непознаници поврзани со овој простор“, вели Гордана Данилоска Спироска, директор на Музеј Прилеп.

Овие истражувања беа дел од проектот за конзервација на црквата, старата трпезарија и магерницата кој треба да биде изготвен до крајот на годината. Се очекува за брзо да се заврши и проектот за обнова на конаците, чија реализација би започнала најверојатно во 2015-та.

http://www.mrt.com.mk/node/12277
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 31-Jul-2014 at 14:31
Македонија ќе учи од италијанското искуство за заштита на културното наследство

Десет претставници од Управата за заштита на културното наследство, царинската служба и полицијата во октомври ќе заминат на шестдневна обука во Рим, Италија.



Македонските учесници на обуката ќе имаат можност да се запознаат со структурата, задачите и сите поврзани искуства на тамошните надлежни служби за заштита на културното наследство.

Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија, по реализираните двa регионални семинари, во 2006 и во 2011 година за имплементација на Конвенцијата на УНЕСКО за недозволена трговија со културното наследство, договори со Регионалното биро на УНЕСКО организирање на обука за десет учесници од Македонија во Рим, во периодот од 12-ти до 18-ти октомври.

По реализираната обука во Италија, македонските учесници би стекнале непосредно искуство кое подоцна би можеле да го пренесат на своите колеги и, всушност, би се овозможило во иднина да имаме наши обучувачи за оваа проблематика, велат од Министерството за култура.

„Реализацијата на оваа обука е во контекст на заложбите на Министерството за култура за вистински и интегриран приод кон зачувувањето на културното наследство и спречувањето на недозволената трговија со културните добра, при што стручните лица од соодветните служби ќе имаат можност за размена на искуства и нови решенија во контекст на сузбивањето на недозволената трговија со културните добра“, стои во соопштението на Министерството.

Република Македонија во изминатиот период направи позитивен и сериозен исчекор во спречувањето на недозволената трговија со културното наследство. Во координација со Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и Министерството за култура, беа спроведени многу акции при што само минатата година беа евидентирани обиди за нелегална трговија на над 500 културни добра.

http://lisica.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=7630:2014-07-31-12-12-21&catid=84:makedonija&Itemid=613
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 01-Aug-2014 at 00:02

ОСТРАВИЦА, ПОМЕЃУ КОЛИЦКО И ГАБРЕШ НЕ Е ПИРАМИДА

vor 6 Minuten aktualisiert
Уште еден археолошки локалитет што на романтичарите и сензационалистите им личи на пирамида е купестиот рид Остравица, на границата помеѓу Кумановско и Светиниколско. Лично го документирав периметралниот одбранбен ѕид околу врвот што датира од доцната антика. На врвот имаме едно мало утврдување што го контролирало патот што ги врзувал пределите на Кумановско и Светиниколско. Планиметријата на кастелот е во фаза на кабинетска дообработка и ке биде отпечатена во големата монографија за сите стари градови и тврдини во Република Македонија. На теренот делумно се следи одбранбениот ѕид во вид на маса од распаднатите камења. Регистриравме делови од садова и градежна керамика.
https://www.facebook.com/viktor.lilcik/media_set?set=a.10202547923958815.1073741878.1217483917&type=1
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 10>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.