build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Културно наследство и археологија (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 10>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 09-Sep-2014 at 22:05
Мене посебно ме погодува пошто во костурницата треба да се и остатоците од мојот дедо,чија судбина е уште пострашна него на другите во неа,а се борел баш против вакви работи
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 09-Sep-2014 at 22:11
Originally posted by gjoko

Мене посебно ме погодува пошто во костурницата треба да се и остатоците од мојот дедо,чија судбина е уште пострашна него на другите во неа,а се борел баш против вакви работи


Ѓоко толку ли сте неможни да го пријавите ова. За вакви работи несмее да се молчи. Ако ништо друго еве направи фотографии и пушти по медиуми и портали. А поради твојата професија мислам дека можеш да обезбедиш пат и надлежни институции по ова прашање. На крај на краевите пред некое време го фалеше градоначалникот веројатно чисто информативно бои можел и кај него да побараш прием па да видиш кој е неговиот став кон оваа свесво уништување и газење на историјата на Кичево.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 09-Sep-2014 at 23:00
Градоначалникот вероватно е службено информиран,бидејќи полицијата изврши увид и вероватно е поднесена кривична пријава против НН сторител.Градоначалникот има големи овластувања врз работата на униформираната полиција која редовно му поднесува извештаи.

јас не би сакал да пишувам по медиуми за ова,бидејќи се коси со мојата професионалност,а градоначалникот се додека работи во интерес на сите граѓани ќе го пофалувам,и нормално обратно-ако не работи ќе го критикувам па ако сака брат нека ми биди.

негова најголема грешка во досегашното владеење е што сеуште ја чува неговата огромна слика и сликата на неговиот шеф на највисоката зграда на градот(Хотел Унион,сопственост на градоначалникот од неговата партија-Пуцко).Многу граѓани ова не го прифаќаат и вероватно тоа нема да допринесува за смирување на тензиите во градот
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 11-Sep-2014 at 00:18
Соборското оро „Kопачката“ од Драмче се вие пред портите на Унеско

Бев слушнал и знаев за нив, но тие драмчани, мајстори на народната игра, првпат ги видов на една свадба во Драмче во 1959 година кога бев поставен за учител во тоа пијанечко село. Срцето ми растрепери кога се фатија во „Kопачката“. Играа прекрасно, везеа како македонската везилка со иглата и конецот. Од тој момент јас станав заложник на „Kопачката“ и се гордеам што ме врза цели 55 години досега, а нејзин заложник ќе бидам до крајот на мојот живот.

Вака деновиве почна да ни ја раскажува својата и приказната за легендарното соборско оро 76-годишниот Димитар Узунски, пензиониран наставник по музичко, кој, освен во Драмче, предавал и во родното Тработивиште, каде што и сега живее, во Делчево и во повеќе други делчевски села, како Илиово, Град, Разловци, игроорец, пејач, инструменталист и најголем хроничар на животот во Делчевско и во Пијанец за што има и многу награди и признанија, а последна му е плакетата за животно дело на Општината Делчево. „Kопачката“ е нераскинлив дел од него, а долго раководи и со истоимената фолклорна група од Драмче, чиј претседател е и денес.
Награди на фестивали

- „Kопачката“ се игра со векови во овие краишта. Почнувајќи од виничка Истибања, преку Македонска Kаменица и Делчево, до Пехчевско и Беровско. Луѓето како судбински да се врзани со ова старо народно соборско оро, кое со стилот и со ритмичките делови најизворно е задржано во Драмче. Нема драмчанец што не ја знае оваа игра. За да не се загуби оригиналноста, многу придонесе и фолклорната група „Kопачка“, една од најстарите во Македонија, формирана во 1948 година, една година пред „Танец“ – истакнува Узунски.

Со својот репертоар, особено со „Kопачката“, фолклористите од Драмче се закитиле со многу награди и признанија на фестивалите во Македонија и во поранешна Југославија, во странство. Еден од првите успеси бил во 1951 година кога „Kопачката“ првин победила на регионалната смотра во Штип, па на републичката во Скопје, а веднаш потоа го освоила второто место на Југословенскиот фестивал на изворен фолклор, што таа година се одржал во Опатија, Хрватска, настан со кој е поврзана и една анегдота.

- За освоеното второ место во Опатија како награда добивме радиоприемник. Но, во Драмче во 1951 година немаше струја, па радиото не можевме да го користиме. § го подаривме на Општината Делчево. Наскоро доброто ни се врати со добро. Општината тоа не го заборави, па почна да ни дава поголема поддршка во нашето дејствување за афирмација на пијанечкиот и на македонскиот фолклор – велат стари членови на „Kопачка“.

Најлегендарниот игроорец на „Kопачката“ во изминатите стотина години е драмчанецот Димитар Станоевски (1917-2009), попознат како дедо Митко, кој 60 години, од 1948 до 2008 година, бил ороводец на старото оро, кое и во ансамблот го играл онака како што го играле неговите прадедовци. Почина во 2009, во 93. година од животот. Последен пат ја повел „Kопачката“ на фестивалот во Долнени во 2008 година и на сцената по настапот пред публиката му ја предал ороводската крпа-тријачка на неговиот син Симеон, со зборовите: „ти ја предавам тријачката со желба да ме надиграш и надживееш“.

Неколку месеци подоцна, во ноември, кога секоја година традиционално се одбележуваат годишнините од основањето фолклорната група „Kопачка“ покрај легендарната црква „Свети Архангел Михаил“ кај Драмче, дедо Митко првпат, поради болест, не дојде, и тоа токму на 60-годишнината од основањето на групата. „Kопачката“ ја поведе син му Симеон. Грмнаа тапаните, игроорците пред многубројната публика рекоа дека тој ден играат за дедо Митко, нивниот долгогодишен ороводец. Поради стареењето на селото, просечната возраст на игроорците што тој ден ја заиграа „Kопачката“ беше 70 години, но играа како да се во цветот на младоста.

Унеско како мотив

- Тоа може да биде голем поттик, „Kопачката“, што во овој крај љубоморно се чува со векови, да добие уште повеќе значење и повеќе да се зголеми интересот на младите за неа. И самата номинација е многу значајна. Последните години ја истраживме и женската „Kопачка“, која се играла порано, па се подзаборавила. Сега и неа повторно ја заживеавме. Во фолклорната група „Kопачка“ сега имаме 35 члена, меѓу кои и жени. Но, најважно е што народот уште ја сака и знае оваа игра и што секаде, особено во Драмче, ја игра онака како што ја играле и нашите прадедовци – вели Перса Стојановска, секретар на фолклорната група „Kопачка“ и ќерка на сега најстариот игроорец во групата, Данило Стојчевски (81).

Фолклорната група сега пробите ги одржува во училиштето „Ванчо Прке“ во Делчево. Има зачленето и помлада генерација на возраст од 45 до 50 години, од кои повеќето се по потекло од Драмче, па од околните села, во кои исто така „Kопачката“ не е заборавена. Групата нема свои простории, па, како и досега, активностите течат благодарение на ентузијазмот на поединци. Во моментот се работи и на опремување на спомен-соба на Димитар Станоевски, шестдеценискиот ороводец на „Kопачката“, која треба да биде во куќата во која живеел дедо Митко, во Белчанското Маало на Драмче, во која и сега живеат неговите син и снаа, Симеон и Павлина. Уредувањето треба да заврши до крајот на септември, а проектот со 100.000 денари е поддржан и од Министерството за култура.

- Благодарни сме за помошта и веруваме дека спомен-собата на Димитар Станоевски во Драмче ќе биде интересно место во кое ќе може многу да се дознае и за животот на легендарниот дедо Митко и за „Kопачката“. Врамуваме негови стари фотографии, објавени текстови за „Kопачката“ и за него во домашни и во странски списанија ќе бидат изложени предмети и инструменти што ги употребувал, како и народните носии во кои ја играл и предводел „Kопачката“, кои педантно ги чува снаа му Павлина. Се изработуваат и интересни патокази на штици што ќе го покажуваат патот кон спомен-собата на дедо Митко – истакнува Стојановска.

Животот на Македонецот во четири дела

„Kопачката“ изворно најчесто се игра на тапан, во повеќето случаи со два, а во посебни пригоди и со пет тапани. Се игра и на звук од кемане, гајда или тамбура. Некогаш на најбогатите свадби во Пијанец орото се играло на музика од сите претходно споменати инструменти, но главни биле тапаните.



- „Kопачката“ е инспирирана од тешкиот и макотрпен живот на македонскиот народ и од неговата желба и борба за слобода. Орото има четири дела. Првиот е „шетаница“, кога се формира орото, на чие чело и на опашката застануваат најискусните игроорци, а понеискусните фаќаат место во средината. Вториот дел е наречен „ситно“, кога со ситни чекори орото се забрзува, а третиот дел е „префрлачка“, кога се префрлува левата нога пред десната и орото се враќа назад. Последниот, најбрзиот дел се вика „копнување“. Во него и се застанува на десната нога, а со левата се копнува во земјата, со што игроорците креваат и прашина. Тешка и многу интересна игра што многу ја сака народот во овој крај. Ќе бидам пресреќен ако во ноември во Париз влезе на листата на УНЕСKО – истакнува Димитар Узунски.

Љупчо Шатевски
http://dnevnik.mk/?ItemID=D405F07D9653B048B3F379AEB86D31E9
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 05-Oct-2014 at 16:37
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 06-Oct-2014 at 08:40
Скопскиот аквадукт - уникатен според должината и оригиналноста

Со својата должина од 385 метри скопскиот аквадукт е единствен таков објект во Македонија и еден од трите сочувани аквадукти на просторот на поранешна Југославија, покрај аквадуктот кај Бар во Црна Гора и Диоклецијановиот аквадукт кај Сплит.



Подготовките за заштита на скопскиот аквадукт, кој со својата должина од 385 метри е единствен таков објект во Македонија и еден од трите сочувани аквадукти на просторот на поранешна Југославија, покрај аквадуктот кај Бар во Црна Гора и Диоклецијановиот аквадукт кај Сплит, се во полн ек. Според Љиљана Китановска, конзерватор во Скопскиот конзерваторски центар, уникатноста на аквадуктот во Скопје е во тоа што е сочуван во целата должина и со целата оригинална градежна структура, за разлика од останатите два објекти од тој вид.
"Аквадуктот кај Бар е турски, изграден во 18. век, а по земјотресот од 1979 година, кога бил урнат, целосно е обновен. Диоклецијановиот бил уништен и нефункционален цели 13 века, за во 19. век да биде нецелосно обновен", посочува Китановска.
Во моментот активностите поврзани со скопскиот аквадукт се во фаза на изведување конзерваторски истражувања како дел од студијата за состојбата на аквадуктот, која претходи на изработката на идеен проект за негова санација, конзервација и реставрација.
"Иако аквадуктот е сочуван во целата должина од 385,80 метри, неговите делови се во лоша состојба, а некои од нив се фрагментарно сочувани. Основната причина за таквата состојба е константната изложеност на климатските промени и непреземањето на мерки за одржување и непосредна заштита. Најголем проблем е сериозната деструктивна преобразба на дел од столбовите, челните ѕидови и сводовите. На најниската точка од теренот на трасата на аквадуктот во дождливите периоди се формира мало мочуриште и се качува нивото на подземните води, со што се загрозени темелите", објаснува Китановска.
Во текот на 2013 и 2014 година, според Китановска, реализирани се сондажни археолошки истражувања со цел да се утврди начинот на темелење на објектот и евентуалното постоење на културни слоеви заради податоци за датирањето, како и истражувања на тлото под и околу аквадуктот со цел да се утврдат причините за сериозното искривување на дел од столбовите и техничките решенија за санација и спречување на понатамошни деформации. Исто така, направени се анализи на вградените материјали со цел да се утврдат компатибилните материјали кои би се употребиле при реставрацијата. Анализирана е и статичната и динамичката стабилност на објектот.
Наведените истражувачки работи, според Китановска, беа реализирани со средства од грантови на Советот на Европа во рамките на Проектот "Љубљански процес 2 - Рехабилитација на нашето заедничко наследство".
Во моментот во тек се преговори со Институтот "Руѓер Бошковиќ" од Загреб заради анализи на староста на малтерите, со цел попрецизно хронолошко детерминирање на изградбата на аквадуктот и евентуалните градежни фази. (Д.Т.)
Скопскиот аквадукт денес е споменик на културата, но подземните делови од продолжетокот на трасата кон север и кон југ, според надлежните во Управата за заштита на културно наследство, се уште се археологија.
"Трасата на аквадуктот водела од изворот Дуло во атарот на село Бањани, низ катастарските општини на селата Глуво, Бразда, Горно Оризари, Шуто Оризари, Чаир се до Скопје Центар. Водата била спроведена за потребите на Скопското кале и долниот град што се ширел на просторот на Бит-пазар. Долго време се сметало дека скопскиот аквадукт датира од римско време, поточно во времето на императорот Јустинијан Први, но професор д-р Константин Петров од Филозофскиот факултет во Скопје докажал дека аквадуктот бил изграден во периодот меѓу 1392 и 1566 година, најверојатно во 16. век", велат од Управата.

http://vecer.mk/kultura/skopskiot-akvadukt-unikaten-spored-dolzhinata-i-originalnosta
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 07-Oct-2014 at 09:29
Ќе ги открие ли Давина Кула тајните на Јустинијан Први?

Македонските археолози претпоставуваат дека една од можните локации за местоположбата на сѐ уште неоткриениот град Јустинијана Прима може да биде токму овој локалитет, бидејќи Давина Кула е единствениот досега потврден град од 6 век на територијата на Скопје што ги има сите карактеристики на рановизантиски град.



Во близината на магистралниот пат за Косово, под капата на општината Чучер Сандево, покриен од густите шуми и нагризен од острите заби на времето, веќе 17 века срамежливо ѕирка историскиот град Давина Кула. Станува збор за издолжен рид, горе зарамнет, чиј јужен дел паѓа длабоко во долината на реката Лепенец, а преку едно благо седло на северниот дел продолжува постепено во венецот на Скопска Црна Гора.
За името на овој град постојат повеќе легенди и тврдења. Некои велат дека името е добиено поради изворот Давина, кој пред многу векови го снабдувал градот со вода. Други велат дека е поради сестрата на Крали Марко, која исто така се викала Давина, а трети тврдат дека е поради големата словенска божица Дева, за која се претпоставува дека токму во овој град имала свое светилиште.

За да го освоиме градот, не само што ни беше потребно теренско возило, кое неколкупати маки мачеше да ги совлада стрмнините и замките што ги поставила самата природа, на неколку места моравме да се соочуваме со острите погледи што ни ги испраќаа локалните жители и овчари од бачилата, кои најверојатно беа убедени дека брендираното возило на „Нова Македонија“ е само уште една евтина финта што ја продаваат дивите трагачи на злато, кои, како што дознавме, не се ретки овде.
- Алтани, барате алтани - ни велеше една бабичка кога застанавме да ја прашаме за точната локација на градот, а тоа беше доволен доказ за да си создадеме слика во главата дека местото што го бараме веќе одамна е изорано и ископано од недобредојдени посетители.

Цркви, кули, плоштади и дуќани

Обѕидието, градено од камен со вар и зајакнато со низа кули, потекнува од доцноримско време од четвртиот век, а досега имало само една обнова, дури по големиот земјотрес во 518 година. Тогаш бил обновен и внатрешниот дел, кој и денес на површина ги изнесува низата станбени градби со неколку одделенија, вклопени по должината на тесни паралелни улички, а на највисоката позиција стоела црква опкружена со неколку помошни градби. Северно од акрополата било изградено јадрото на градот, по однапред утврден план. Станува збор за двојно обѕидие, зајакнато со кули и со голема порта на северниот крај, а во центарот имало и мал плоштад со многу дуќани. Исто така, на северната страна од плоштадот имало и големи куќи за живеење, а се претпоставува дека бил изграден и христијански храм со правоаголна форма и високи столбови.
Сето ова се само претпоставки според сегашните остатоци од ѕидините што успеале да победат во војната со времето и да ја задржат својата автентичност. И ден-денес можат да се видат заоблените ѕидови од храмовите, темелите од куќите и дуќаните, а највпечатлив е обиколниот ѕид што ја обележува територијата на целиот град. Со текот на истражувањата се пронајдени голем број ситни железни предмети - фибули, алатки и делови од покуќнина, како и еден оловен печат на кој се чита името на епископот Тома.

Локалитетот Давина Кула како туристичка атракција

Од 1997 до 2000 година, професорот на Филозофскиот факултет и доктор на археолошки науки Виктор Лилчиќ ги организира првите ископувања во рамките на студентскиот истражувачки камп Давина Кула.
- Археолошкиот локалитет во Чучер Сандево е вклучен во проектот за археолошки локалитети на европската магистрала во Македонија, како владин капитален проект, а следната година планираме да одвоиме средства за негово целосно истражување - вели Лилчиќ.
Според Агенцијата за заштита на културното наследство, со досегашните ископувања и археолошки истражувања може да се потврди дека станува збор за град на површина од седум хектари, од каде што се ископани многу важни предмети, кои раскажуваат една преубава историска приказна.
- Направени се површински истражувања и ископувања на градот, а следната работа што планираме да ја направиме е негово дооткривање, конзервирање и реставрација. Покрај двете споменати христијански цркви, во градот се пронајдени уште шест други храма, како и голем број ситни железни предмети, алати и византиски монети - велат стручните лица од агенцијата.

Доколку овие планови се реализираат и овој локалитет биде целосно истражен, за многу брзо време би можел да се претвори во вистинска туристичка атракција и неговата историска вредност да биде еднакво важна како таа на Скопското кале и Самуиловата тврдина во Охрид.
Истото мислење го делат и помладите археолози, кои голем дел од своите студии ги посветиле токму на истражувањето на овој локалитет.
- Помеѓу сите големи археолошки пронаоѓалишта, Давина Кула се издвојува со својот план, позиција и карактер, а претставува уште еден важен стар град, кој за жал сѐ уште не е доволно познат и афирмиран во научната и пошироката јавност - вели Јовица Илиоски, дипломиран археолог на УКИМ.
Светски истражувачи го прекопале местото

Во далечната 1896 година македонскиот преродбеник и револуционер Ѓорче Петров забележал: „Над грлото на качаничкиот премин, под селото Чучер, постои тераса со остар гребен. На оваа тераса се направени доста силни затврднувања до кои никој не може да пристапи. Повеќето тврдини се изградени, а продолжуваат да се градат и други на исток од Скопје, во близината на железничката пруга. Се разбира дека тие тврдини имаат значење само за премините, а не за целиот тој крај, бидејќи тие две тврдини можат да се забележат од Црна Гора“, пишува во литературата на професорот Виктор Лилчиќ.
Во наведениот опис мошне нејасно насетуваме дека тој го спомнува утврдувањето на Давина Кула, но сепак најверојатно на Ѓорче Петров не му било познато дека десетина години пред него, поточно во 1883 и 1884 година, Англичанецот Артур Џон Еванс го посетил локалитетот Давина Кула и, судејќи по неговите првични согледувања, тој е првиот научен истражувач на ова место.

Главната цел на неговото истражување претставувала еден римски камен, за чие постоење бил известен од повеќе селани. По неколку неуспешни посети на самото место, Еванс успеал да ги пронајде парчињата од каменот некаде во грмушките. На крајот произлегло дека станува збор за споменик подигнат од локалната општина на императорот Галиен. Исто така треба да се спомне и истражувачот Н. Вулиќ, кој забележал три надгробни плочи со епитафи, кои биле откриени на ридот Кула и пренесени во селото Чучер.



Првата архиепископија можеби се наоѓала токму во Давина Кула?

За рановизантискиот град Јустинијана Прима, кој го изградил византискиот цар Јустинијан Први, научниците немаат точна локација на која би се лоцирал градот. Станува збор за архиепископија на источен Илирик, Дакиа Медитеранеа, Мезија и северните делови на Македонија Секунда, а во записите од црковните собири се споменуваат и тројцата епископи Кателијан, Бененод и Јован, па затоа се претпоставува дека токму Давина Кула е една од првите архиепископии во Македонија. Македонските археолози претпоставуваат дека една од можните локации за местоположбата на сѐ уште неоткриениот град Јустинијана Прима може да биде токму овој локалитет, бидејќи Давина Кула е единствениот досега потврден град од 6 век на територијата на Скопје што ги има сите карактеристики на рановизантиски град. Со ископувањата биле откриени монети од Јустинијан Први и затоа се претпоставува дека не постои друг сериозен кандидат што би можел да биде архиепископијата Јустинијана Прима.

Наодите од 7 и 8 век ги зачудиле археолозите

Биле пронајдени неколку аплики и окови за појас што биле изработени од бронза и легура на сребро, а сето тоа асоцира на византиско-претсловенските белези. Била пронајдена и една амајлија резбарена од парошка на еленски рог, па, според тоа, несомнено се работи за претставата на Перун-Световид, врвното словенско божество, кој се поврзува и со словенското претхристијанско име Давина, главната словенска божица за која се претпоставува дека тука имала свое светилиште.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=106141158188&id=9&prilog=0&setIzdanie=23291
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 07-Oct-2014 at 13:48
АРХЕОЛОШКИТЕ ИСТРАЖУВАЊА СО НОВИ ОТКРИТИЈА

Дали археолошкиот локалитет Градиште во Неготино го крие античкиот град Антигонеа? Ова е прашањето на кое се очекува да даде одговор меѓународниот истражувачки проект што се спроведува веќе шеста година. Проектот го раководат вишиот кустос археолог Горан Санев од Археолошкиот музеј на Македонија и професорот Николас Секунда од Универзитетот во Гдањск, Полска, во соработка со Музејот на градот Неготино, од кој е вклучен археологот Костадинка Филипова. Локалитетот Градиште се наоѓа на рид на влезот во Неготино, а за постоењето на Антигонеа науката дознава од Појтингеровата карта. Се претпоставува дека градот бил именуван по македонскиот крал Антигон Досон или Антигон Гонат, во 3 век пред нашата ера, а неговата убикација на Градиште е извршена од страна на професорот Иван Микулчиќ.
- Овој локалитет е многу значаен за археологијата во Македонија, пред сѐ поради неговиот потенцијал преку истражувањата да се добијат нови информации, не само за историјата и организацијата на овој антички град туку генерално и за изгледот и животот на раноантичките градови на територијата на Македонија. За мене како археолог истражувањето на еден антички град претставува најголем предизвик. Тоа е како голема сложувалка, чии елементи секојдневно ги откриваме, па така полека ја формираме сликата за изгледот и за животот на градот во минатите времиња - вели раководителот на проектот Горан Санев.

Градот бил керамичарски центар во регионот

Сознанијата за градот на Градиште и за неговата историја континуирано се надополнуваат во изминативе шест години.
- Во еден од секторите на локалитетот на кој претпоставувавме дека имало резиденцијален објект, годинава откривме монументален влез широк 2,5 метри, што веднаш нѐ насочи кон нови размислувања за неговата функција. Претпоставуваме дека станува збор за објект од комерцијален карактер, можеби некоја продавница - објаснува Санев.
Во богатиот движен материјал откриен при истражувањата, меѓу мноштвото наоди има и такви што се уникатни. Меѓу нив е теракотна фигурина, која по својот изглед и форма досега не е сретната на ниеден локалитет во Македонија. Се откриваат и калапи за керамички светилки, но и на примероци на светилки извадени од истите калапи остатоци и од калапи за изработка на теракотни фигурини.
- Кога на ова ќе се додадат и сознанијата за печката за производство на керамички садови, случајно откриена во западното подножје на ридот во 1970-тите години, но и постоењето на глиништата во непосредна близина на локалитетот, кои и денес се користат за истите цели, станува јасно дека овој град имал развиено производство на керамички садови и веројатно претставувал керамичарски центар во регионот - додава Санев.

Стратегиската позиција на Градиште е извонредна бидејќи овозможува од ридот да се надгледува огромна територија. Поради тоа се смета дека тука било воено утврдување, своевиден контролен, односно стражарски пункт, но досегашните истражувања засега открија само живеалишта со покуќнина, односно садови вообичаени за домаќинството, кои биле организирани во урбанизирана населба со улици, канали за одвод на водата, тротоари. Археолозите се надеваат дека со наредните истражувања, додека трае проектот со Универзитетот од Гдањск, ќе успеат да откријат и дел од јавните градби на градот.
- Сакаме да дознаеме каде сме, дали навистина овој град се викал Антигонеа, која била неговата функција во минатото и кои биле неговите жители. Последното прашање е можеби и еден од најголемите предизвици за нас, да го утврдиме етничкиот идентитет на жителите на градот. Дали станува збор за истото автохтоно население чие градителство го следиме уште од 4 век пр.н.е. до 3 век н.е., кога животот во градот постепено замира - вели Санев.

Слична керамика во Градиште и во Стоби

Професорот Николас Секунда повеќе години предава медитеранска археологија на Универзитетот во Гдањск и е мошне заинтересиран за археолошките истражувања во Македонија. Тој, како што вели, е задоволен од досегашните резултати, кои ќе бидат објавени во повеќетомно издание што веќе се подготвува, а се работи и на изложба што ќе биде презентирана во Македонија и во Полска. Проектот се финансира од Министерството за култура, но и од извори од Полска, а тимот очекува дека ќе бидат обезбедени пари и за наредните три години.
- Мислам дека локалитетот бил важен керамичарски центар на ова подрачје. На пример, керамиката што се открива во Стоби во голем дел е имитација на керамиката во Италија, но овде на Градиште се соочуваме со еден континуитет на стари хеленистички форми - вели Секунда.

Полскиот професор вели дека постојат показатели за можната поврзаност на двата локалитети поради географската близина.
- На двата локалитети се среќава истата локална садова керамика од римскиот период, но додека не направиме хемиски анализи за составот на глината на садовите, не можеме да кажеме дали и во колкава мера керамичките производи од Градиште биле дистрибуирани во Стоби. Како што веќе споменав, според нашите сознанија, животот на Градиште замира некаде околу 3 век н.е., што е и разбирливо, бидејќи тоа е време кога Стоби како муниципиум е главниот центар во овој регион. Од друга страна, најстарите урбани слоеви на Градиште што ги евидентиравме со истражувањата датираат од 4 век пр.н.е., што е далеку пред формирањето на Стоби - вели Секунда.

     
Автор: Мирјана Мукаетова
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10714103422&id=16&setIzdanie=23292
Back to Top
zdravozivo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2012
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote zdravozivo Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 10-Oct-2014 at 16:13
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 19-Oct-2014 at 18:35

испаѓа дека за џабе го зафалангаа Паско, а ќе биде смешно ако и правосилно го осудат, а доколку е релевантен завршниов збор на неговиот бранител

http://www.akademik.mk/falanga-2-zavrshen-zbor-na-branitelot-aleksandar-novakoski-za-pasko-kuzman

абре Паско кај и ти со толку саати нарака да ти скубне ваква црвена институционална секунда

ПРЕСУДА „ФАЛАНГА 2“: Сите обвинети се прогласени за виновни, Паско Кузман доби три години затвор - http://www.akademik.mk/presuda-za-falanga-site-obvineti-se-proglaseni-za-vinovni-pasko-kuzman-dobi-tri-godini-zatvor
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 29-Oct-2014 at 10:08
„Црквата ни остана празна“
Дебарската црква „Успение на пресвета Богордица" во последниве две години е ограбена три пати и украдени се предмети од непроценлива вредност. По последната кражба што се случила викендов, црквата веќе е целосно опустошена.


Викендов биле украдени царските двери во длабока резба, десет икони од иконостасот, збирка икони на платно, кои се многу ретки. Сите овие предмети се од непроценлива вредност.

Свештеникот на црквата Благоја Спироски деновиве на новинарите им раскажува дека царските двери се големи и тешки и дека крадците најверојатно биле дојдени со некое поголемо возило. Сите се чудат како никој не ги забележал.

Досега за ниту една кражба не се фатени разбојниците, вели свештеникот.

„Црквата ни остана празна, а толку е значајна за православието на поширокото подрачје“, вели немоќно Спироски.

Пред две години, во септември и во октомври 2012 година, од црквата биле украдени 33 вредни икони, платнена плаштаница стара 200-300 години и 20.000 денари.

Црквата „Успение на Пресвета Богордица“ е од 11 век. Порано оваа црква била седиште на митрополија, па Дебрани и денеска просторот околу црквата го нарекуваат митрополија.
http://www.mkd.mk/makedonija/crkvata-ni-ostana-prazna

Еве уште еднаш оваа вест. Зошто бе попе ЗОШТО, не си висел до тие умислените владици во Скопје да им укажеш за опасностите од кражба на иконите кога се знае до која држава се наоѓа Дебар, кога се знае дека и без економски причини се работи на разнебитување на тамошната традиција и културна оставнина. Со КАМИОН краделе ееееејјј, со КАМИОН и никој да не ги забележи. Добро толку ли е тешко да се заштитат црквите особено вакви со непроценливо богатство?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 30-Oct-2014 at 02:43
Previous
мислам дека цркви се ограбуваат само со една причина, а тоа се пари...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 31-Oct-2014 at 09:21
Истражувања на археолошкиот локалитет Мрдаја, на брегот на Дојранско Езеро

Во тек се истражувањата на археолошкиот локалитет Мрдаја, на брегот на Дојранско Езеро, кој беше откриен во 2012 година при градежните работи за проширување на градската плажа во Стар Дојран. Археолошките активности се одвиваат во континуитет, трета година по ред, и се поддржани од Министерството за култура на Република Македонија.

Носител на проектот е НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица, во соработка со НУ Музеј – Гевгелија.



Богатиот археолошки движен и недвижен материјал е со хронолошка припадност во доцнобронзеното време и преодот кон железното време. Во таа смисла, досега се откриени 54 колци од палафитна населба и изработки од бронза (ножеви, српови, јадици, како и една секира), цели или фрагментирани делови од керамички садови со карактеристична мат-обоена декорација и специфичните амфоровидни садови богато украсени со врежување.



Евидентирани се и фрагменти од керамички садови за секојдневна употреба и складирање на прехранбени продукти.

Сиве овие наоди упатуваат на припадност на долновардарскиот културен круг, со временска определба во периодот од XIII до XI век пред Христа.

http://www.porta3.mk/istrazhuvanjata-na-arheoloshkiot-lokalitet-mrdaja-na-bregot-od-dojranskoto-ezero/

Edited by Џоле - 31-Oct-2014 at 09:21
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 31-Oct-2014 at 09:27
Археолозите на Музеј Куманово открија нова римска бања во локалитетот Визијана

Во организација на Музеј Куманово, денес на локалитетот ”Визијана” присуствуваше Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, придружувана од тим археолози и директорот на Музеј Куманово за да на терен ги согледаат резултатите од досегашното истражувањe каде е откриена ранохристијанска базилика, а од неодамна и новооткриена римска бања.



Имено, археолозите на Музеј на Куманово во соработка со Музејот од Скопје и студентите по археологија, открија ранохристијанска базилика долга 35 метри и широка 13 метри, што претставува една од најголемите цркви во Македонија воопшто. Од спротивната страна на црквата се наоѓаат римски гробови, а непосредно до нив и римски град кој допрва треба да биде откопан и истражен. Од наодите, особено е специфична керамиката која со откопувањата излегува на површина, како и самата и структура на објектот.

Локалитетот ”Визијана” се наоѓа во с. Клечовце на 20 км источно од Куманово. Истиот во периодот од 2001 до 2004 година, го истражувале археолозите Звонимир Николовски и Блаже Ѓорѓиевски и тогаш биле откриени повеќе римски градби и гробови, како и дел од римската градба која што се смета за дел од ранохристијанската базилика.

http://kumanovskimuabeti.mk/arheolozite-na-muzej-kumanovo-otkrija-nova-rimska-ban-a-vo-lokalitetot-vizijana-video/#
За сè има вторпат
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 31-Oct-2014 at 12:19
Тој простор е рамничарски предел ,се наоѓа веднаш до трасата на пругата и на експресниот пат/автопатот кој е планиран за во иднина ,а во исто време е и во непосредна близина на рибниот ресторан Фрателис и етно село кој се доста популарни како и за Македонците така и за странците.

Мислам дека има голем потенцијал да се открие голем град бидејќи според некој историски факти што сум ги читал во близина завршувала северната граница на римското и византиското царство а тука се очекува еден од поголемите трговски градови од тоа време на северната граница.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 01-Nov-2014 at 11:23


СЕ РАСПАЃА ДЕМИРХИСАРСКИОТ МАНАСТИР „СВ. НИКОЛА ТОПЛИЧКИ“



Потребни се итни поправки на покривот и конзерваторски активности со цел да се спаси богатството на манастирската црква

Демир Хисар - Манастирот „Св. Никола Топлички“ кај село Слоештица, Демирхисарско, е во исклучително лоша состојба. Ќерамидите се трошни и се распаѓаат, покривот прокиснува и од северната страна тече вода врз внатрешните ѕидови и фреските. Влагата неповратно го подјадува и го уништува непроценливиот фрескоживопис, малтерот паѓа, а фреските се распаѓаат. Потребни се итни поправки на покривната конструкција како и заштитно- конзерваторски активности со цел, колку што е можно да се спаси богатството на манастирската црква, која е еден од најважните и највредни културно-просветни духовни центри во Демир Хисар и во Македонија.

„Состојбата е алармантна и мора да се преземат итни и неодложни активности за да се спаси натамошното уништување на ова светилиште“, рече градоначалникот на општина Демир Хисар, Љупчо Блажевски, на чие барање стручен тим од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Битола изврши увид во состојбата на објектот.

Најшокантна е состојбата со дел од фреските на северната страна од внатрешноста на црквата кои поради големата влага и прокиснувањето на покривот, сами од себе и од вообичаеното струење на воздухот, се ронат и се распаѓаат.



„Ќе направиме се' и што е можно поскоро ќе испратиме стручен тим за да изврши превентивна заштита на овој дел од фрескоживописот за да се спречи натамошното уништување“, рече директорката на битолскиот Завод, Лилјана Христова, ветувајќи дека оваа институција, под чија заштита е овој споменик на културата, ќе интервенира многу брзо.

На средбата присуствуваше и Љупчо Малевски, член на Манастирскиот одбор кој рече дека Одборот е подготвен да понесе дел од трошоците за замена на ќерамидите и многу скоро до Заводот ќе поднесе проект за реконструкција на покривот. Паралелно со овие активности, ќе се интензивира и постапката за изработка на проект за дренажирање на подземните води со што ќе се спречи ширењето на влагата и натамошното уништување на фрескоживописот.

Манастирот „Свети Никола Топлички“ кај Слоештица, по староста и живописите посебно се издвојува од другите манастири и манастирски цркви во демирхисарскиот регион и пошироко. Изграден е во 14 век и со сигурност се знае дека во 1537 година е повторно изведен живопис во внатрешноста на црквата. Низ вековите манастирот бил не само религиозен туку и културен, просветен и книжевен центар. Во манастирските конаци се одвивала плодна преведувачка, препишувачка и оригинална книжевна дејност. Манастирот е под заштита на Управата за заштита на спомениците на културата и е реставриран пред 15-ина години.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=C0451A27B44B5D4D8F4CC7726D365F4D
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 01-Nov-2014 at 12:40
На Маркови кули над Прилеп откриена тврдина од 13. век
Сабота, 01 Ноември 2014 11:45

Деновиве се вршат археолошки ископувања на тврдината на Марковите кули над Прилеп. Според научниот советниик, археологот Бранко Ристески, кој ги предводи истражувањата, овие ископувања донеле значајно откритие, пренесува МИА.
manastir-500

– Првпат во средишниот дел на тврдината, кој е и најзначаен откривме средновековна тврдина која датира од 13.век и е првична византиска градба.Станува збор за градба, палата од најмалку 400 квадратни метри, при што приземниот дел е позициониран од северната страна до бедемот на средновековната тврдина, при што второто ниво на кое се наоѓаме, пристапот водел преку карпа и нивото каде што се позиционирани гробовите, вели Бранко Ристески, научен советник- археолог.

Ја граделе византиските умешни неимари вешто вклопувајќи ја градбата во карпите, за да ја потенцираат моќта на Византија. Се обиделе да ја возобноват српските великодостојници Волкашин и Марко и сакале да и го вратат стариот сјај.

- Палатата на катови ги опфаќала сите простории за живот, а веднаш до неа е гробница на благородниците, од ист тип какви што се гробовите во карпите на Трескавец.Карактерот на објектот и неговата местоположба, без сомнение упатува на значаен член на заедницата, и тоа и во времето на Византиското владеење, но и во времето на Волкашин и Марко, вели Ристески.

Се откриваат садова и градежна керамика, просториите за живеење и работа, орудија, оружја, стрели.

Тврдината на Марковите кули била една од петте најмоќни на Балканот. Со Трескавец и Зрзе биле воени коти. Палатата достојна за истакнати воено-политички членови, ги открива животот и моќта во средновековието. Секое ново истражување е откритие.

- Укажува на нејзината репрезентативност и уникатност во однос на сите други познати објекти на Марковите кули и на поширокиот простор. Во овој момент можеме да зборуваме за една прекрасна креативност во користењето на просторот, на вклопувањето на карпите во еден ваков палатен систем. Значи станува збор за едни исклучителни неимари, клесари кои успеале да ги вградат дадените природни форми во една прекрасна содржина како како еден од највисоките облици на цивилното живеење во Византија, појасни Ристески.

Големата тврдина, палатата и самиот простор се туристичка атракција и при ваква состојба, смета Ристески.

- Ги откриваме тие дострели на византиската култура и цивилизација, од аспект на архитектура, форификациско уредување на просторот, на фрескопис, организација на стопанското и економското живеење. Едно цело богатство на форми кои во еден момент тој процут експлодира на овој простор. И во тој однос на тој највисок степен на развиток, на културните содржини на Марковите кули, сите други се бледи и по малку безначајни. Туристичка атракција, дури и во ваква форма, руинирана е неспорна. Но за да биде во вистинскиот сјај, треба од една страна да бидат комплетирани сите негови содржини и финеси на вредностите на Марковите кули да бидат изјаснети, рече археологот Ристески.

Екипата ќе работи до средината на ноември и ќе се открива внатрешноста на палатата, а потоа ќе се документира.
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/177070-Na-Markovi-kuli-nad-Prilep-otkriena-tvrdina-od-13-vek?utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed%3A+kurir%2Fmakedonija+%28%D0%9A%D1%83%D1%80%D0%B8%D1%80+-+%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%29
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 01-Nov-2014 at 22:50

„Вознесение Христово“ е еден од најстарите и најубавите православни храмови во Малешевијата..

Причините за пожарот не се познати, но се претпоставува дека пламенот започнал и се проширил од свеќникот поставен во непосредна близина на олтарот.

Штетата е ненадоместлива, бидејќи изгореле вредни икони и сакрални предмети, но веруваат дека верниците од селото и од  Малешевијата ќе смогнат сили и средства изгорената црква во Владимирово да ја обноват.

http://falanga.com.au/do-temel-izgore-crkvata-voznesenie-hristovo---svspas-vo-berovsko-vladimirovo#

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 04-Nov-2014 at 12:42
     


     
Вкупната површина на досега откриените делови од палатата е повеќе од 400 квадратни метри
ДЕТАЛИ ОД ИСТРАЖУВАЊАТА НА МАРКОВИ КУЛИ

Откривањето на палатата е многу значајно поради тоа што се потврдува највисокиот степен во развитокот на средновековниот Прилеп од последните децении на 13 и првите децении на 14 век, период кога тука била присутна Византија, вели Бранислав Ристески, раководител на проектот за истражување на Марковите кули, каде што деновиве е откриена доцносредновековна палата украсена со фрески.
Во комплексната доцносредновековна палата во северозападниот сегмент од секторот Сред Кули, според Ристески, се издвојуваат четири етапи на нејзината егзистенција.

- Првата етапа се поврзува со времето на највисокиот културно-цивилизациски развиток на средновековниот Прилеп - последните децении на 13 и првите децении на 14 век. Палатата е позиционирана непосредно до северниот одбранбен бедем на доцносредновековниот град. Изградена е врз урнатини од пространа доцноантичка градба. Тлоцртот на основниот сегмент од палатата има Т-форма. Должината на овој сегмент во правецот север-југ е 20 метри, а ширината е 15. Во рамките на овој дел од градбата досега утврдивме три простории со правоаголна основа. На југ од основниот дел од палатата врз гранитното плато се простира вториот сегмент од градбениот комплекс со димензии 17 на 12 метри. Овој сегмент се поврзува со нивото на вториот кат од палатата. Со тоа вкупната површина на досега откриените делови од палатата е повеќе од 400 квадратни метри - вели раководителот на истражувањата.
Масивните ѕидови на палатата се изведени од приделкани и нобработени камења поврзани со квалитетен варов малтер. Неколкуте фрагменти од фрески, откривани во културните слоеви што се поврзуваат со оваа етапа, упатуваат на констатација дека некои од ѕидовите на палатата биле украсени со фрески.
- Подовите во досега истражуваните делови од палатата биле изведени од керамички подни плочки, поставени врз супструкција од варов малтер. Датирањето на оваа етапа во последните децении на 13 и првите децении на 14 век е извршено врз основа на стратиграфските согледувања и на типолошките карактеристики на откриените наоди од садова и градежна керамика, монети, орудија и др. Втората етапа датира од втората третина од 14 век и се карактеризира со делумно користење на градбата, додека поголемиот дел од објектот е препуштен на постепена девастација. Во последната третина на 14 век, времето на кралот Волкашин и кралот Марко, е направен обид за реконструкција на објектот врз остатоците од 13-вековната палата, но со принципиелно поразлична техника на градба. Оваа етапа на палатата утврдивме дека е изведена на градежот во техника на камен и кал како врзивно средство. Подовите се изведени од слој од сиво-бел варов малтер, поставен врз супструкција од набиена земја - вели Ристески. Последната етапа истражувачите ја поврзуваат со времето од 15 до 17 век, кога имало делумно користење на остатоците од постарите објекти, при што новоизградените градби имаат производствено-живеалиштен карактер, што е во соодветство со времето на губење на значењето на населбата распространета врз Марковите кули и почетокот на оформувањето на современиот Прилеп во низината на исток од нив.

- Откривањето на палатата е многу значајно затоа што овој простор бил граничен пункт со Србија, а Прилеп го имал највисокиот развој во рамките на возобновената Византија. Откритието фрла нова светлина во распоредот на структуралните елементи на доцносредновековниот град - додава Ристески.
Истражувањата се дел од проектот реализиран од Институтот за старословенска култура-Прилеп, поддржан од Министерството за култура, и е паралелен на повеќегодишниот научноистражувачки проект „Доцноантички и средновековни населби со Северна Пелагонија, Мариово и Порече“, финансиран од Министерството за образование и наука.

- Централен предмет на проучување во двата проекти е развитокот на средновековниот Прилеп преку попродлабочена анализа на неговите структурални елементи: фортификација, живеалиштен сегмент, производствени целини, некрополи и др. Во основата на овие проучувања се наоѓаат сознанијата од долгогодишните истражувања на овој комплекс, надополнети со сеопфатни теренски истражувања и кабинетски проучувања, кои имаат нагласено ревизионен карактер, при што е нагласена потребата за попрецизно културно-хронолошко детерминирање на интегралниот развиток на населбата во двете основни етапи протоурбана етапа на населбата (крај на 9 и почеток на 10 век до првите децении на 12 век) и средновековната населба од градски вид (првите децении на 12 до крајот на 14 век) - објаснува Бранислав Ристески, раководител на проектите.

     
Автор: Каролина Мицевска
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=114141127257&id=16&setIzdanie=23313
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 04-Nov-2014 at 12:48
ПРОДОЛЖУВААТ ИСТРАЖУВАЊАТА КАЈ МРДАЈА
Наколната населба што беше откриена на дното на Дојранско Езеро постоела во истиот период кога историјата ја пишувале Хомер и Херодот, а се претпоставува дека е изградена 300-400 години пред нивното време. Ова се последните наоди од истражувањата на подводната населба во месноста Мрдаја, Стар Дојран, кои ги врши Заводот за заштита на спомениците и музеј Струмица, во соработка со гевгелискиот музеј.
Според археологот Зоран Рујак, предводник на ископувањата, локалитетот содржи богат материјал, составен од бронзени предмети што биле дел од домаќинството на жителите.

Живот над езеро

- Тоа е периодот каде што Хомер посочува за тројанските борби, а во истото време постои и оваа населба. Тој зборува за Пајоните и за тоа дека тие живееле во езерски населби од истиот тип. Тоа што е интересно е дека луѓето што живееле тука престојувале целосно во езерото, се хранеле од него и, како што пишува Хомер, дури ја хранеле и својата стока со риби, а езерото било преполно со нив - вели Рујак.
Тој додава дека сѐ уште не може со сигурност да се утврди дали во своите пишувања Хомер всушност го опишува токму Дојранско Езеро или, пак, се работи за друго езеро. Според него, самата населба веројатно е околу 300-400 години постара од онаа што ја опишува Хомер, односно датира од преодниот период меѓу бронзеното и железното време, кога се одвивале и тројанските војни, па оттука произлегува и потребата на населението да живее во населби над вода.
Куриозитет е и тоа што објектите не се наоѓале на една платформа, како кај наколната населба што пред неколку години беше откриена во Охридско Езеро, туку биле разделени и меѓусебно поврзани со мостови.

Уште една населба
кај селото Николиќ?

Дојранско Езеро првпат е пообемно истражувано токму на оваа локација каде што ископувањата почнаа пред три години, а на сличен начин, со градежни работи во 70-тите години од минатиот век, и во дојранското село Николиќ се откриени колци за кои се смета дека се од наколна населба.
- Населбата кај Мрдаја е единствена засега пронајдена во рамките на Дојранско Езеро, иако постојат индиции за уште една во Николиќ, но сѐ уште немаме потврда за тоа. Таа е интересна и затоа што пронајдовме огромно количество движни наоди што се врзуваат за долновардарскиот културен круг. Садовите се доста интересни и ни го посочуваат токму периодот на доцната бронзена епоха, а од нив највпечатливи се оние со мат сликана декорација. Тука има амфоровидни садови што содржат постмикенски карактеристики. Некои од нив се работени и на грнчарско колце, што претставува една специфика, бидејќи во праисторијата повеќе рачно се работело на керамика - вели Рујак.
Досега се пронајдени околу 54 колци од објектите, како и голем број бронзени предмети - ножиња, српови, јадици и една келт-секира, фрагменти од накит односно една игла, окосница и мноштво животински коски, меѓу кои на елен и на кучиња. Со ваквото откритие, смета Рујак, Дојран добива одлична можност за развивање на културниот туризам, кој е една многу значајна алка во целокупната туристичката понуда.

     
Автор: Роза Шулева           
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11414126158&id=9&prilog=0&setIzdanie=23313
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 10>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.