build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Патеписи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Виена - Главна железничка ст./Hauptbahnhof Wien

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Виена - Главна железничка ст./Hauptbahnhof Wien
    Posted: 04-Oct-2010 at 00:06
Малку ќе потрае додека се склопам, онака како што сакам да изгледа, но верувам дека до крајов на вечерва ќе го имаме финалниот продукт!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 04-Oct-2010 at 01:21
За подобро разбирање на потребата и идеата која стои зад овој проект, би започнал со пренесување на малку згусната информација, превземена од официалниот сајт на проектов: http://www.hauptbahnhof-wien.at .

ПРОЕКТОТ Hauptbahnhof Wien - ПОВЕЌЕ ОД САМО СТАНИЦА!

Со површина од 109 хектари, прокетот го држи приматот на најголем инфраструктурен проект во Виена, во моментов. Не се работи само за транспортен јазол, туку за развој и изградба на цела населба. Новата станица ќе биде мулти-модиален центар за транс-европски железнички сообраќај, со огромно значење како за националниот, така и за интернационалниот превоз. Овозможува лесно спојување на источно-западната и северно-јужната насока, што доведува до полесен, покомфортен и побрз трансфер, како во железничкиот, така и со градскиот јавен транспорт, од најново поколение. Градот добива нова димензија: 550 000 квадратни метри на офис површина, 5 000 нови домови за околу 13 000 луѓе, паркинг од 8 хектари, социални и општествени згради (болници, школи и градинки)... Се работи за град во градот, каде ќе живеат и работат околу 30 000 жители. Новата зона ќе биде поврзана со јавен транспорт од најново поколение, како и бројни велосипедски и пешачки патеки.



ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА:

Проект за нова, главна и преминска (досега сите станици во Виена беа слепи, во зависност од насоката од која пристигнуваат возовите бел. авт.) станица е клучен приоритет и насока за Виена како град. За прв пат националниот и интернационалниот сообраќај ќе бидат поврзани во еден јазол. Пред Виена се отвора шанса- градот е поблиску до Централна Европа и поимот главно бизнис средиште, преку брза и моќна поврзаност кон сите насоки! Новата мдерна станица е визитката на Виена како туристички метрополис и бизнис центар во срцето на Европа!



Терминалните станици се историска слабост на градот, особено денешните Јужна и Источна станица ( Südbahnhof und Ostbahnhof). Новиот хаб, ќе има дневна фрекфренција од околу 1000 воза и феноменални 145 000 патници. За прв пат возовите ќе се сретнуваат на едно место, со што градовите на Европа се се поблизу, а границите исчезнуваат.





Во проектот е вклучена изградба на железничка траса долга 6 километри, на која ќе бидат положени повеќе од 100 километри пруги, како и 300 вкрстувања! Во срцето на станицата ќе бидат изградени 5 патнички острови, на кои ќе бидат поставени 10 патнички платформи.



Пристапна железничка станица: Австриските Федерални Железници (ÖBB), имаат стратешка ориентација кон олеснување на пристапот за патниците кои заслужуваат посебно внимание. Во соработка со бројни експерти од различни области, проектот вклучува олеснувања за лица со сите видови на хендикеп.

Станицата во Виена, како дел од пошироката стратегија на ОББ за подигнување на стандардот и привлечноста на патување со железницата или Железничка офанзива (Bahnhofsoffensive): Програмата се однесува на 28 главни станици низ Австрија, кои носат околу 50% од целосниот железнички сообраќај во сферата на патници. Тоа се станиците: Филдкирх, Инсбрук, Грац, Баден крај Виена, Кремс, Линц, Залцбург, Клагенфурт, Винер Нојштадт, Санкт Полтен, Виена-Пратер и Виена-Западна.

ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ ГРАД (BahnhofCity):

Кампањата на ОББ се покажа како вистински катализатор на урбаните промени и развој на градовите низ Австрија. Градовите Грац, Линц и Инсбрук, веќе ги препознаа придобивките од оваа програма и потенцијалот кој се крие во соработката со Австриските Федерални Железници. Редот за преобразба сега дојде и во главниот град!

Урбаниот дел од проектот е расположен на 59 хектари површина. Фактот дека се наоѓа на само 2,5 километри од Штефансплац, го прави повеќе од апетитен.





СООБРАЌАЈНО РЕШЕНИЕ И ДОСТАП:



Процесот на отварање на Виена кон светот (и обратно) е започнат пред 20 години и сеуште трае со несмален интензитет. Паѓањето на Железната Завеса, пристапот на Австрија кон ЕУ во 1995 година, на соседните Словенија, Словачка и Чешка во 2004, како и Бугарија и Романија, кои делат исти транспортни коридори со Виена, го прават градот поатрактивен за патувања и бизнис!



На станицата се понудени следните транспорти опции: Приградска Железница (С-Бан) во насока исток-запад; метро линијата У1 (во насока север-југ), на станицата Зудтиролер Плац (Südtiroler Platz), кон која ќе биде изграден голем пешачки тунел со траволатори; Подземната станица на ЛРТ линијата 18 е во непосредна близина на терминалот. Бројни трамвајски и две автобуски линии додатно ќе ги опслужуваат патниците и посетителите на зоната. Продолжувањето на метро линијата У2 во насока кон југ, додатно ќе го олесни пристапот.


"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 04-Oct-2010 at 01:43
Време е да започнам со мојот дел од сликите, по што ќе следи кратка презентација на Банорамата и повторно мои слики и видувања.



Сино-градилиштето
Зелено-Банорама
Црвено-У1

Се симнуваме од метрото на У1 Зудиролер Плац. Всушност и кога постоеа Зудбанхоф и Остбан (како што кажав се работи за две одвоени слепи/терминални станици, кои работеа одвоено и опслужуваа различни потоци на возови), регионот беше еден од главните транспортни центри на Виена. Покрај метрото, тука минуваат и подземините линии на ЛРТ мрежата во Виена. Како претходница на изградбата на новата станица, требаше да се преместат трасите на пре-метрото, кое веќе е завршено и станицата си функционира нормално. Проблемот е за сите останати видови на движење: булеварот Wiedner Gurtel (претставува вториот булеварен појас на Виена, се разбира во кружна форма) е во голем дел затворен, нарушени се трамвајските и автобуските линии, изградени се пешачки мостови и патеки... Се приближуваме кон зоната на работа:



Новите тунели за ЛРТ, под нас се наоѓа новата станица:



Пешаците следат посебни патокази и рута, за да се премине градилиштето, кое е огромно. Патем овој знак е толку едноставен и практичен, сметам дека е крајно време да го превземеме и кај нас и да почне да се води сметка за пешаците крај градилиштата:



Пешачкиот коридор се подигнува, како што се приближуваме кон Банорамата, при што се нуди добра гледка кон градилиштето:

"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 04-Oct-2010 at 02:03
BAHNORAMA/БАНОРАМАТА (игра на зборови, на германски BAHN значи железница). Се работи за изложбен центар, музеј и набљудувачница, изградени специално за овој голем проект да стане појасен и подостапен до жителите и гостите на градот. Повторно малку инфо од официалниот сајт на проектот:

Заради размерите на проектот (несомнено еден од најголемите во Европа), при што градот не само што добива нова станица, туку и целосен нов дел и организација на транспортот, Градот Виена и ОББ сметаат за неопходно да се претстави одблизу целата работа на граѓаните. Составен е тим од архитекти од различни области, графички и мултимедиа дизајнери итн. кои го изработуваат овој изложбен центар. Информативниот центар се состои од кула висока 66 метри, на која се наоѓа набљудувачницата, до која се пристигнува со лифтови. Во подножјето се наоѓа информативен центар и кафетерија, расположени на 3 нивоа, секое од кои има површина од 1084 метри квадратни. Скоро целосно е изграден од дрво, со што архитектите целат да ги покажат високо-квалитетните особини на дрвото како градежен материал, како и неговата еколошка погодност (лесен за разградување и демонтирање). На платформите во подножјето се наоѓа изложбено-информативниот центар, кој е поделен на 4 подсекции. Дел од содржините кои се нудат се факти и прашања поврзани со проектот, 3Д симулации, макети и камери, интерактивни станици и др.

Така пристигнуваме до Банорамата. Поглед кон кулата:



И веќе сме внатре. Влезот е бесплатен, има бројни сувенири и проспекти кои се раздаваат исто така бесплатно.



Отидов во Банорамата, само заради кулата, при тоа не очекувајќи ништо спектакуларно и занимливо внатре во самиот центар. Многу згрешив. Влегуваме во првиот дел на центарот, чиј под е прекриен со сателитска слика на Виена, како и компјутерска проекција на самиот проект, заедно со станицата. На неколкуте пулта има мапи и одговори на најважните прашања поврзани со новата станица. Не сум ни сонувал дека може сето ова да се претстави на ваков креативен и интересен за граѓаните начин:









Како мало дете седев скоро час само во овој дел на центарот. Не е ни чудо што посетители на музејот беа луѓе од сите возрасти-семејства со мали деца, до групи на пензионер и пред се многу заинтересирана и проактивна младина!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 04-Oct-2010 at 02:22
...И како типичен жител на напатено Скопје, просто се воодушевив од следниот дел: сите можни клучни прашања што ги мачат граѓаните при секој колосален за нивниот град проект беа одговорени уште на влезот! Поуки може да се зимаат до утре и назад!


1) ЗОШТО Е ИЗБРАНА ТОКМУ ОВАА ЛОКАЦИЈА ЗА ГЛАВНАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА?
Длабинските анализи на алтернативите направени од страна на ОББ, заклучуваат дека само локацијата на бившата Јужна станица е погодна за изградба на транзитна станица. Само од оваа локација, можат пругите да водат кон сите страни на компасот. Заради скоро 100 годишната експанзија на Виена кон југ, всушност станицата е лоцирана доста централно.



Алтернативите биле следните станици: Вестбанхоф, Франц-Јозеф Банхоф, Нордбанхоф и Вин-Пратер.

2) ЗОШТО НИ ТРЕБА ГЛАВНА СТАНИЦА?
СО новата Централна железничка станица, Виена си ја зацврстува позицијата на главен транспортен центар во Централна Европа. Поранешната Зудбанхоф беше крајна за возовите кои доаѓаа од југ, Остбанхоф и Вестбанхоф пак за оние од исток и запад соодветно. Новата станица од друга страна е транзитна! За прв пат во историјата возовите во Виена ќе пристигнуваат од сите насоки, правејќи врска со возови од сите насоки. Станицата ќе прерасне во еден од најважните европски железнички хабови.





3) КОЈ ПЛАЌА ЗА ОВА?
ОББ, Градот Виена и ЕУ го финансираат подобрувањето на железничката инфраструктура. Искористувањето на високо-квалитетниот простор близу до центарот исто така покрива дел од трошоците. Проектот е поткрепен и од фондовите на ЕУ за развој на ТЕН коридорите. Проект од волкава димензија, исто така креира и илјадници работни места за време на и по изградбата на станицата.



4) КОИ НОВИ РАБОТНИ МЕСТА ЌЕ БИДАТ СОЗДАДЕНИ?
Целиот проект овозможува вработување на околу 20 000 лица...



5) ЗА КАДЕ МОЖАМ ДА ЗАМИНАМ ОД ГЛАВНАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА НА ВИЕНА?
Станицата ќе биде нов центар за мобилност кој нуди брзи и удобни конекции за цела Европа. Виена ќе биде местото каде се сретнуваат бројни национални и интернационални железнички коридори, моќно бенефитирајќи од истото.

"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 04-Oct-2010 at 02:29
Следниот дел беше наменет за презентација на удобностите за граѓаните кои ќе ги нуди овој транспортен центар. Првата и најважната е скратено време за патување.





Втората е поудобен трансфер помеѓу возовите и релациите. Потоа огромен бенефит се смета дека ќе имаат сите граѓани на Австрија, особено оние кои патуваат кон Аеродромот Виена и Линц. Се воспоставува директна линија Будимпешта-Виена-Минхен, како и Љубљана/Италија-Виена-Прага/Берлин... Виена повеќе нема да биде место каде возовите ќе се менуваат, туку само ќе проаѓаат.



Тука се работи за коридорот ТЕН 22 (Дрезден-Виена-Атина), кој во голем дел е паралелен на коридорот 10. Деловите кои се здебелени, се моментално под опсежна реконструкција, така што се гледа дека во следниве 10 години (колку што сметам дека ќе биде потребно да се модернизира К10 во сите балкански држави), не му се пише арно.





Edited by Andrej_LJ - 04-Oct-2010 at 02:32
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 04-Oct-2010 at 02:34
Следниот дел беше посветен на децата и љубителите на макетите (меѓу кои сум и јас). Бројни и интересни макети на возови, самото градичиште па дури и симулации на возење со најновите брзи возови на ОББ РеилЏет:









Со тоа завршуваме со изложбениот дел на центарот и тргнуваме кон самата кула на Банорамата.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 04-Oct-2010 at 02:43
Следниве слики се од врвот на кулата. Не би ги коментирал посебно, затоа што објектот е во доста рана фаза на изградба, а и не би можел да ви кажам точно што е што. Предлагам слики од колосалното градилиште:




Во далечината е видна сегашната монтажна и провизорна станица, која опслужува дел од возовите на Остбан, инаку сите други застануваат на Вин-Зимеринг и Вин-Мидлинг.
















"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 04-Oct-2010 at 02:47
За крај две панорамни фотки на Виена и возот од најново поколение на ОББ-РеилЏет, со кој сум се возел од Виена до Линц и е право задоволство! Ви предлагам да го видите следниот рекламен спот на ОББ.









http://www.youtube.com/watch?v=yD1Zu_JEFL0


Се надевам дека ви се допадна, намерно ја направив репортажава уште таму на овој начин, за да можеме да направиме паралели помеѓу нашиот табиет и нивниот. Како и да одговориме на прашањето зошто ние имаме плати од 200 а тие од 2000 евра. Мислам дека треба сериозно да размислиме!

"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 04-Oct-2010 at 14:11
Одлични слики Андреј! Железничкава станица доста добро изгледа, ми се допаѓа.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 04-Oct-2010 at 19:20
1. Одличен патепис, вистински образец за билдерски патепис во новата секција Cheers

2. Проектот е навистина импресивен, но наголем впечаток ми остави инфо центарот. Навистина неспоредливо со оваа информативна жабокречина во која живееме.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 04-Oct-2010 at 19:34
Ако збориме за Виена ShockedEeek
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 06-Oct-2010 at 22:30
Андреј, пред се морам да ти признаам дека ти завидувам на можноста одблиску да се запознаеш со проектот и да го видиш ова во живо.

За проектот што да се каже, едноставно паѓа вилица... ме испровоцира да прочепкам и по интернет да разгледам нешто дополнително, ама за жал најсочните материјали изгледа можат да се најдат само на германски.

Главно неодговорено прашање ми остана зошто Зудбанхоф и Остбан не биле оформени како една проточна станица уште од старт. Имаш ли податок од кога датираат овие станици? И што се планира за останатите терминални станици откога ќе профункционира централнава станица?
Исто така, не се гледа баш добро (кај питата за финансиската конструкција), кој ја обезбедува најголемата сума од 933 милиони евра?

Инаку, македонското знаме на оваа мапа е многу симпатично поставено
http://i817.photobucket.com/albums/zz94/skopje2020/Drugo%20post%20Sk2020/DSC_0550.jpg
Да не знае човек дали Австриците не почастиле со пруга према Бугарија, или пак тоа се слепите сегменти до Бељаковци и Ѓуешево кои идеално се поклопиле со димензиите на знамето. Нема везе, не почастиле со пруга и до Албанија.


Big%20smile


Edited by Cloverstack - 06-Oct-2010 at 22:32
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 29-May-2011 at 22:59
Андреј, ми остана должен одговор на ова, а некаде вети, само не ми текнува каде 

Originally posted by Cloverstack

Главно неодговорено прашање ми остана зошто Зудбанхоф и Остбан не биле оформени како една проточна станица уште од старт. Имаш ли податок од кога датираат овие станици? И што се планира за останатите терминални станици откога ќе профункционира централнава станица?
Исто така, не се гледа баш добро (кај питата за финансиската конструкција), кој ја обезбедува најголемата сума од 933 милиони евра?
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 17-Nov-2014 at 10:25

nastrana bosh muabeti ona shto me iznenadi kaj Viena e shto nema lesna konekcija za voz do rechisi nieden balkanski grad, ajde preku Salzburg za Ljubljana i tolku, eventualno avatobuski linii shto ima otpojke no i tie koga kako fukcioniraat, bitno metroto e dobro pa lesno choek kje se rastrcha od eden kraj na drug kraj na gradot za da se osigura koja mu e najidealna transportna opcija

Edited by +Protagorist - 17-Nov-2014 at 10:26
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11028
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 17-Nov-2014 at 16:58
Неколку фотки од железничката...






































фото: Nachalnik
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11028
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 17-Nov-2014 at 16:59














фото: Nachalnik
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11028
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 17-Nov-2014 at 17:01




фото: Nachalnik



За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11028
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 17-Nov-2014 at 17:02
За сè има вторпат
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 17-Nov-2014 at 18:24
Виена како и секој поголем град имаат по неколку железнички станици. Ова беше поранешна Јужна железничка станича сега станува главна и како што знам е најголема во ЕУ.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.047 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.