Театар и библиотека - Тетово |
Post Reply | Page <1234> |
Author | |
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15254 |
Quote Reply #21 Posted: 31-Dec-2013 at 11:24 |
Театар и градска библиотека во Тетово. Проектот е изработен од истата фирма која го изработи и оној за плоштад Скендербег во Скопје. Одредени детали на овој објект потсетуваат на веќе изградениот дел на плоштадот.
|
|
За сè има вторпат
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15254 |
Quote Reply #22 Posted: 31-Dec-2013 at 11:26 |
За сè има вторпат
|
|
jyvation
Senior Member Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
Quote Reply #23 Posted: 21-Nov-2014 at 00:42 |
Тетово со нов театар и библиотека во 2018 година
По четири години одложувања на реализацијата на проектот, конечно се потпиша договорот за изградба на планираниот културно – образовен центар во Тетово [»мапа], во чии рамки ќе се сместат театарот и градската библиотека. Културната установа „Иљо Антески – Смок“ вчера го потпиша договорот за изведба на севкупните градежни и градежно – занаетчиски работи на зданието што ќе се простира на 15.000 метри квадратни во центарот на градот. Тетовската компанија „Урбан План Конструкти“ ќе треба да го реализира градителскиот проект за 819.504.100 денари или околу 13,3 милиони евра. Новата зграда на театарот и библиотеката е предвидено да се заврши до 31 декември 2017 година. Со изведбата на објектот по принципот „клуч на рака“, Тетово ќе добие културно – образовен центар со голема и мала театарска сала, простор за библиотечен фонд, кино сала, простории за училиште за странски јазици и за комерцијални дејности, отворен амфитеатар и подземен паркинг со капацитет од 221 возило. Во внатрешните простории ќе се постави најсовремена опрема за изведување на театарски претстави, а сценската опрема и модерните проекциони системи ќе бидат соодветни и за одржување на други културни настани. Основниот проект за културно – образовниот центар во Тетово го изработи Градежниот институт „Македонија“, додека идејното решение е дело на бирото „Архинг Груп“, односно на архитектите Бесиан Мехмети, Бетим Зеќири, Бекир Адеми и Никола Стрезовски. http://www.build.mk/?p=40932 |
|
Dragan
Senior Member Joined: 19-Feb-2009 Location: Tetovo Online Status: Offline Posts: 1172 |
Quote Reply #24 Posted: 09-Sep-2017 at 16:16 |
И после 5 години од најавувањето на проектов изградени се само 5% од објектот
D Edited by Dragan - 09-Sep-2017 at 16:18 |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20830 |
Quote Reply #25 Posted: 25-Sep-2017 at 13:03 |
Од фејсбук
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20830 |
Quote Reply #26 Posted: 02-Jan-2018 at 17:38 |
Тука работите напреднале(превземено од фб)
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20830 |
Quote Reply #27 Posted: 25-May-2018 at 17:04 |
Еве до каде напреднала изградбата-превземено од фб профилот на изведувачот
|
|
Dragan
Senior Member Joined: 19-Feb-2009 Location: Tetovo Online Status: Offline Posts: 1172 |
Quote Reply #28 Posted: 26-May-2018 at 11:34 |
Уште 3-4 години најмалку нема да биде готов овој објект.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20830 |
Quote Reply #29 Posted: 04-Aug-2018 at 10:42 |
Од фб страната на изведувачот
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20830 |
Quote Reply #30 Posted: 15-Aug-2018 at 13:46 |
Еве неколку фотки,има напредок во изградбата.(фотките се од фб од почетокот на месецов)
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20830 |
Quote Reply #31 Posted: 11-Nov-2018 at 19:42 |
Од фб
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20830 |
Quote Reply #32 Posted: 11-Nov-2019 at 14:11 |
Новиот Дом на култура во Тетово, започнат во 2014 година, ќе се гради уште три години!
Новиот Дом на културата во Тетово веќе пет години се гради и никако да заврши – според одговорните, се предвидува дека ќе бидат потребни уште три години за да биде готов, пишува „Порталб.мк“. Првата фаза на изградба, според директорот, Артан Арслани се очекува да заврши во декември. Во изјава за Порталб.мк, тој вели дека ќе има пенали ако работата не биде завршена до тогаш. – Првата фаза ја опфаќа затворената карабина на објектот, која е при крај. Според информациите од терен, таа се очекува да биде завршена во рок од еден месец. Активностите за оваа фаза се речиси готови, остануваат само неколку прозорци и неколку ѕидовите се обојат. На крајот на декември истекува договорот на ангажираните работници за оваа фаза, ако не ги завршат работите до тогаш, следуваат пенали – изјави Арслани за „Порталб.мк“. Според него, паралелно се работи и на втората фаза „бидејќи не сакаат да губат повеќе време“. – Паралелно работиме и на втората фаза, постапките за оваа фаза се долги и токму поради тоа не сакаме да губиме повеќе време. Во моментов сме при крај со проектирање на ентериерот, фирмата ги заврши работите, меѓутоа вршиме мали исправки. Втората и завршна фаза се очекува да заврши три години од започнувањето – објаснува директорот. По завршувањето на подготовката за втората фаза, оваа институција ќе треба да достави извештај до Владата за тоа дека се подготвени за започнување на втората фаза, извештај што Владата ќе треба да го усвои, за да се отвори тендерот за втората и завршна фаза. Изградбата на Домот на Културата во Тетово беше ветена уште на 6 октомври 2010, кога тогашната министерка за култура, Елизабета Канческа – Милевска го претстави идејното решение за изгледот на мултифункционалниот објект, кој ќе треба да понуди театар, кино и библиотека. Камен-темелникот за овој објект беше положен на 28 октомври 2014. Цената за првата фаза од изградбата на објектот беше проектирана на 13,5 милиони евра, а со почетокот на втората фаза и објавувањето на тендерот за внатрешно уредување цената ќе достигне до 40 милиони евра. Проектот за изградба на овој мултифункционален културен центар е еден од капиталните проекти на претходната влада, предвиден да биде реализиран неколку години наназад. Со изградбата на овој центар ќе биде решен просторниот проблем на повеќе институции, како театарот, библиотеката, Центарот за култура и други, кои неколку години функционираат во едно место. Во очекување на реализација на овој проект, културната и уметничката дејност се одвиваат во привремени средини и вонстандардни услови, а Библиотеката „Кочо Рацин” останува премала, со малку книги и со лоши услови. https://meta.mk/noviot-dom-na-kultura-vo-tetovo-zapochnat-vo-2014-godina-ќe-se-gradi-ushte-tri-godini/ |
|
kiriOK
Senior Member Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1008 |
Quote Reply #33 Posted: 16-Nov-2019 at 08:43 |
Тоа што ми е симптоматично...
1. Театар изграден на парцела на единствениот парк во Тетово 2. 10 години се гради уште не е готов 3. Верен на рендерот Edited by kiriOK - 16-Nov-2019 at 08:44 |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20830 |
Quote Reply #34 Posted: 13-Jan-2020 at 08:25 |
https://www.facebook.com/viktoriatetove |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20830 |
Quote Reply #35 Posted: 09-May-2020 at 09:35 |
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #36 Posted: 09-May-2020 at 18:48 |
сакав да кажам саркастично дека е 100% достоен на рендерот, ама гледам дека има некакви држачи на фасадата, па сигурно нема ова да му е краен изглед |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20830 |
Quote Reply #37 Posted: 14-May-2020 at 12:39 |
Бидејќи дел од фотките веќе не долг период не се отвораат извадив 10-тина фотки од страната на изведувачот
http://upc.mk/en/portfolio/tetovo-theater/ најновите фотки од мојот пост погоре |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20830 |
Quote Reply #38 Posted: 12-Aug-2020 at 15:25 |
Аслани: Завршена е првата фаза од изградбата на Центарот за култура во Тетово, ја чекаме втората фаза
Заврши првата фаза од изградбата на новиот Центар за култура во Тетово. Директорот Артан Аслани, истакна дека преостанува само записникот и се очекува да се формира Владата за да започне втората фаза. Првата фаза требаше да заврши во декември 2019 година, но според директорот, таа е одложена поради бирократски процедури, известува Порталб.мк. Иако првата фаза од изградбата на Центарот за култура требаше да заврши во декември 2019 година, како што изјави претходно директорот на Центарот за култура за Порталб.мк, таа беше завршена пред неколку дена. „Првата фаза заврши пред неколку дена, треба само да се изготви записникот. Сега ја чекаме втората фаза. Но, прво треба да се формира Влада, а потоа ќе видиме како ќе се одвива постапката и каква одлука ќе се донесе“, вели Аслани. На прашањето на Порталб.мк, зошто не се казнети одговорните за одложувањето, тој вели дека работите се завршени во декември, додека фазата била блокирана во управни постапки. „Работите се оддолжени поради причини што се споменати претходно, проблемот со дислокација на трафостаницата и отстранување на бараките. Работите беа завршени навреме на 20 декември, додека работата на записникот е одложена поради пандемијата и не претставува никакви пречки за втората фаза, тоа е едноставно административен и бирократски процес. Исто така, центарот за култура ги има завршено сите потребни процедури за отворање на тендерот за втората фаза, само се очекува зелено светло од Владата“, додаде тој. Инаку, цената на првата фаза за изградба на објектот беше проектирана на 13,5 милиони евра, додека со почетокот на втората фаза и објавување на тендерот за внатрешно регулирање, цената ќе достигне 40 милиони евра. Камен темелникот за изградба на овој објект беше поставен на 28 ноември 2014 година. https://meta.mk/aslani-zavrshena-e-prvata-faza-od-izgradbata-na-czentarot-za-kultura-vo-tetovo-ja-chekame-vtorata-faza |
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15254 |
Quote Reply #39 Posted: 28-Oct-2020 at 17:15 |
|
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20830 |
Quote Reply #40 Posted: 14-Nov-2020 at 18:38 |
Неколку пати пробиен рокот за завршување на новата зграда на Театарот и библиотеката во Тетово
https://alsat.mk/mk/nekolku-pati-probien-rokot-za-zavrshuvane-na-novata-zgrada-na-teatarot-i-bibliotekata-vo-tetovo/ |
|
Post Reply | Page <1234> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |