build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Театар и библиотека - Тетово

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20873
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 18-Nov-2020 at 16:21
Доцни проектот за доградба на тетовскиот театар, актерката Љоки: Ова одложување наликува на канцер

Втората фаза од изградбата на новата театарска зграда во Тетово никако да започне и зошто се случува ова, одговор нема од директорот на Центарот за култура во Тетово. Актерката Албана Љоки вели дека не се надева дека тоа ќе се случи, а одолговлекувањето на културните проекти го нарекува „канцер“ што ќе експлодира еден ден, пишува „Порталб.мк“.

Според директорот на Центарот за култура во Тетово Артан Арслани, не е јасно зошто Владата сè уште нема преземено мерки за одобрување на втората фаза, иако истиот проект е прифатен уште од декември минатата година.

„Ништо не е сменето од мојата последна изјава што, во врска со ова ја дадов одамна, сè уште чекаме Владата да го одобри проектот и да започне со јавната набавка за втората фаза. Проектот го доставивме во декември минатата година, немаме никаков одговор и не знам зошто се случува ова. Во втората фаза е предвидена изградба на ентериерот и театарската сцена. За динамиката на работата и за сè друго, одлучува Владата“, рече Артан Арслани, директор на Центарот за култура во Тетово.

Една од актерките од Тетово, Албана Љоки, за „Порталб.мк“ изрази голем песимизам во врска со текот на изградбата на овој театар. Според неа, на културата во Тетово со бавни, но сигурни чекори, и се инсталира „канцер“ а ние ќе реагираме, кога истиот веќе ќе избувне.

„Поминаа повеќе од 10 години откако изградбата на овој театар е барање на актерите од регионот, а состојбата и понатаму останува иста. Ние луѓето сме чудни, во моментот кога имаме главоболки не се грижиме и затоа и така нашето тело навикнува на таа болка сè до моментот кога ќе се појави канцер. Така навикнати сме со нереализирање на проекти сè до моментот кога ќе се појават експлозии, што во овој случај е уништување на културата, како многу важна сфера на нашите животи. Јас лично не верувам во ништо во оваа земја, особено не за градење на успех, ние како народ треба да бидеме посвесни за тоа што се случува и да не трчаме по толпата“, рече Албана Љоки, актерка.

Се ветува уште од 2010 година!

Изградбата на Центарот за култура во Тетово беше ветена на 6 октомври 2010 година, кога тогашната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, го претстави идејното решение за изгледот на еден мултифункционален театар, што треба да понуди театар, кино и библиотека.

Камен-темелникот за изградба на овој објект беше поставен на 28 ноември 2014 година. Цената на првата фаза за изградба на објектот беше проектирана на 13,5 милиони евра, додека со почетокот на втората фаза и објавувањето на тендерот за внатрешно средување, цената ќе достигне 40 милиони евра.

Проектот за изградба на овој мултифункционален културен центар е еден од капиталните проекти на претходната влада, планиран да се реализира пред неколку години. Со изградбата на центарот ќе се реши просторниот проблем за повеќе институции во Тетово, како што се театарот, библиотеката, културниот центар и други, кои функционираат на едно место неколку години. Чекајќи ја реализацијата на овој проект, културните и уметничките активности се одвиваат во привремени објекти во услови надвор од стандардите, додека Библиотеката „Кочо Рацин” и понатаму останува мала, со малку книги и лоши услови.

https://meta.mk/doczni-proektot-za-dogradba-na-tetovskiot-teatar-akterkata-loki-ova-odlozhuvane-nalikuva-na-kanczer/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20873
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 24-Jan-2021 at 17:34
Седум години од камен темелникот, зградата на Тетовскиот театар далеку од финализирање



Зградата на Тетовскиот театар, во седмата година од поставувањето на камен-темелникот, застана во првата фаза од изградбата. Иако ветувањето на претходната влада на ВМРО ДПМНЕ – ДУИ беше дека објектот ќе се заврши до 2018 година, работите се уште се далеку од завршени. Досега, и покрај одложувањата, потрошени се 13,5 милиони евра, додека од Театарот велат дека ќе бидат потребни уште 26 милиони евра за втората фаза. Надлежните ги оправдуваат одложувањата со изборите и пандемијата.

„Имавме избори, работата беше одложена, сигурно дека ова влијаеше на одолговлекувањето на годината што ја изгубивме, што и онака нè чини. Она што можам да го кажам е дека нашата желба е таа да биде завршена за три години, но сè ќе зависи од Владата, колку буџет има и колку може да обезбеди средства за реализација на динамиката што ќе ја дадеме преку финансиите“, рече Артан Арслани, в.д директор на Домот на културата, Тетово.

Овие одложувања му штетат на Тетовскиот театар. Директорот, Беким Исмаили, вели дека во отсуство на нови простории и услови, се реализираат само половина од проектите.

„Вистина е дека поради недостаток на објект, услови, ние го правиме годишниот план, така што и овој план за 2021 година е планиран врз основа на овие услови. Да го имавме новиот објект, верувам дека ќе имавме поголем број на проекти“, рече Беким Исмаили, директор на театарот на Тетовo.

Според информациите на Алсат, финансиската полиција ја проверила документацијата и проектот за изградба на Театарот во Тетово, поради сомневања за злоупотреба. Новото ветување е дека работите ќе завршат до 2025 година.

https://alsat.mk/mk/sedum-godini-od-kamen-temelnikot-zgradata-na-tetovskiot-teatar-daleku-od-finalizirane/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2031
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 24-Jan-2021 at 17:39
Може за избори да го завршат, таман може да му се најде правата функција, како во ова видео на пример. https://www.facebook.com/watch/?v=528356834685976 Не е од youtube, неможам embed да го постирам.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20873
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 29-Jan-2021 at 10:54








http://upc.mk/mk/portfolio/тетовски-театар/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20873
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 24-Aug-2021 at 07:26
Поминаа 7 години од поставување на камен темелникот – театарот во Тетово, сè уште недовршен



Поминаа 7 години од поставување на камен темелникот за изградба на Театарот и библиотеката во Тетово. И од тогаш објектот се уште не е во функција. Ветувањата беа дека театарот ќе биде готов во 2018, меѓутоа сега сме 2021 и до сега е завршена само првата фаза од проектот. Министерката за култура, Ирена Стефкова вели дека од страна на Министерството буџетските средства се издвоени, но без да ја прецизираат сумата и тоа дали се доволни за финализирање на објектот.

Го прашавме и директорот на Театарот во Тетово, Беким Исмаили. Рече дека Министерството за култура им ветило дека работите ќе завршат за две години. Исмаили не го крие фактот дека се соочуваат со големи тешкотии поради тоа што немаат објект.

„Ни се создадоа многу пречки поради тоа што немаме свој објект. И со библиотеката го имаме истиот проблем. Во контакт сме и со директорката, тие имаат проблем што немаат каде да ги остават книгите, а ние имаме други проблеми – немање простории и матична сцена. Сцената на Театарот во Тетово е во центарот за култура, значи проблем е сцената, потоа местото, костими, сценографија, администрација“, посочи Беким Исмаили.

Врз основа на информациите, Театарот треба да чини околу 26 милиони евра а до сега се потрошени над 13 милиони евра.

https://mk.tv21.tv/pominaa-7-godini-od-postavuvane-na-kamen-temelnikot-teatarot-vo-tetovo-se-ushte-nedovrshen/

Edited by stef4o - 24-Aug-2021 at 11:56
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20873
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 14-Oct-2021 at 15:52
ВЛАДАТА ДАДЕ 23 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДОИЗГРАДБА НА ТЕАТАРОТ И БИБЛИОТЕКАТА ВО ТЕТОВО, СЕ ГРАДИ 8 ГОДИНИ, А ЌЕ ЗАВРШИ ВО 2025



Владата во наредните 4 години ќе даде 23 милиони евра за внатрешно опремување на објектот во кој ќе бидат сместени новиот театар и библиотеката во Тетово. Објектот, за кој градежните работи речиси се завршени, сега во втората фаза ќе биде опремен со најсовремени аудиовизуелни уреди какви досега нема во државата, а исто така ќе се опреми ентериерот и инфраструктурата за библиотеката.

„Проектот за изградба на театар и библиотека во Тетово е еден од најобемните проекти како во однос на реализацијата, така и во однос на изградбата. Сега успеавме да ги финализираме постапките за почеток на втората фаза од изградбата односно за ентериерот. Објавивме јавна набавка со отворена постапка, значи меѓународен повик, при што е избран понудувачот, а тоа е групата на понудувачи „НБ компани“ од Тетово и „Пелагонија“ од Гостивар, со кои денес склучуваме договор за почеток на работите. Средствата за реализација на изградбата се обезбедени од Владата на Република Северна Македонија преку програмата од Министерството за култура. Втората фаза ќе чини 1 милијарда и 420 милиони денари или околу 23 милиони евра. Парите ќе се пуштаат по фази на изградбата сé до декември на 2025 година, за кога е предвидено објектот целосно да биде завршен со градба и внатрешно да биде опремен“, изјави Арлинд Хусеини, директор на НУ Центар за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово.

Иако Тетово има Дом на културата со голема сала со 600 седишта, во 2014 започна да се гради нов објект за театар и библиотека на растојание од неколку метри од постоечкиот Дом. Во првите години изградбата одеше мошне бавно, за конечно годинава, по осум години градење да се заврши првата фаза, односно да завршат градежните работи за што беа потрошени 13,5 милиони евра. Сега одобрените 23 милиони евра се предвидени за ентериерно опремување и за набавка на современа аудиовизуелна опрема.

Со ова, Тетово ќе го добие еден од најскапите објекти во државата од областа на културата. Целосната изградба на Театарот и библиотеката треба да завршат на крајот од 2025.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vladata-dade-23-milioni-evra-za-doizgradba-na-teatarot-i-bibliotekata-vo-tetovo-se-gradi-8-godini-a-ke-zavrshi-vo-2025/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15265
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 14-Oct-2021 at 15:53


ВЛАДАТА ДАДЕ 23 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДОИЗГРАДБА НА ТЕАТАРОТ И БИБЛИОТЕКАТА ВО ТЕТОВО, СЕ ГРАДИ 8 ГОДИНИ, А ЌЕ ЗАВРШИ ВО 2025

Со ова, Тетово ќе го добие еден од најскапите објекти во државата од областа на културата. Целосната изградба на Театарот и библиотеката треба да завршат на крајот од 2025.


Edited by Џоле - 14-Oct-2021 at 17:47
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20873
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 14-Oct-2021 at 16:54
Вестиве сме ги објавиле во иста минута

Како и да е премногу се завлечка изградбата...исто важи и за Турскиот Театар кој е во многу поназадна фаза и со овие рокови што ги даваат ќе го фати 2035 година.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15265
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 14-Oct-2021 at 17:48


Ја едитирав мојата објава, нема смисла да се повторува една иста вест двапати. А реакцијата ми е за влечкањето, 8 години се премногу за библиотека.
За сè има вторпат
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 395
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 15-Oct-2021 at 06:35
Originally posted by Џоле


А реакцијата ми е за влечкањето, 8 години се премногу за библиотека.

Стварно,не ти е реакцијата за 23 милиони евра доделени пред избори ?
23000000 евра човече,за библиотека па спејс шатл ќе изградиш со тие пари бе....
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20873
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 15-Oct-2021 at 07:06
Со 23 милиони евра ќе се опремува Тетовскиот театар кој се гради осум години, вкупно ќе чини скоро колку обновениот од „Скопје 2014“

На три дена пред локалните избори, претставници на Министерството за култура и на локалните власти во Тетово потпишаа договор со кој се доделуваат 23 милиони евра во следните четири години за внатрешно опремување на објектот на новиот тетовски театар и библиотеката во градот, кој со години стои полуизграден, пишува Тетовоинфо.

Според најавите на денешното потпишување на договорот за средствата, на кој присуствуваше и градоначалничката и кандидатка за нов мандат, Теута Арифи, објектот ќе биде опремен со „најсовремени аудиовизуелни уреди какви досега нема во државата“, а исто така ќе се опреми ентериерот и инфраструктурата за библиотеката.

Зградата на новиот театар почна да се гради во 2014 година, на само неколку метри од веќе постоечкиот Дом на културата, кој има голема сала со 600 седишта. Досега беа потрошени 13,5 милиони евра, а објектот вкупно ќе чини 36,5 милиони, што ќе го направи еден од најскапите објекти од културата во државата, заедно со возобновениот скопски театар од проектот „Скопје 2014“, чија цена надмина 40 милиони евра. Зградата треба да биде завршена во 2025 година, кога ќе поминат 11 години откако започна да се гради.

https://www.slobodenpecat.mk/so-23-milioni-evra-kje-se-opremuva-tetovskiot-teatar-koj-se-gradi-osum-godini-vkupno-kje-chini-skoro-kolku-obnoveniot-od-skopje-2014/
Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 307
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 15-Oct-2021 at 09:28
40 милиони за театар во град кој се дави во ѓубре, загаден воздух и урбанистички хаос.
Ама мора да се перат пари од нешто.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15265
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 15-Oct-2021 at 09:37
Originally posted by Vire

Originally posted by Џоле


А реакцијата ми е за влечкањето, 8 години се премногу за библиотека.

Стварно,не ти е реакцијата за 23 милиони евра доделени пред избори ?
23000000 евра човече,за библиотека па спејс шатл ќе изградиш со тие пари бе....


Па и за тоа ми е, гледаш дека сум го болдирал делот од текстот кај што се вели дека е еден од најскапите културни објекти во државава.
За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 15-Oct-2021 at 10:59
Кога навистина ти треба поддршката на ДУИ, нормално дека ќе им дадеш 23.000.000€ за проект кој не вреди ни 5. Другите 18 се провизија за услугата која ќе следи.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 15-Oct-2021 at 15:38
Originally posted by гитардемон

Кога навистина ти треба поддршката на ДУИ, нормално дека ќе им дадеш 23.000.000€ за проект кој не вреди ни 5. Другите 18 се провизија за услугата која ќе следи.

А услугата е?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20873
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 06-Dec-2021 at 17:51
Во 2014 година започна изградбата на театарот во Тетово, до сега е завршена само првата фаза



Објектот на Театарот и библиотеката во Тетово ќе заврши до крајот на 2025 и исплатата треба да заврши од страна на владата до 2026. Вака изјави директорот на Домот на културата во Тетово, Арлинд Хусеини. Според него, средствата се обезбедени и сега се чека да започне втората фаза од објектот.

„Работите за театарот и библиотеката во Тетово , според одлуката на владата предвидено е да завршат до 2025 а во 2026 да се исплатата парите за работите околу театарот во Тетово. Средствата за капиталниот проект се обезбедени, буџетот е комплетиран според договорот и ќе се реализира во неколку фази со одлука на владата а исплатата се очекува најдоцна до крајот на 2026.“, вели Арлинд Хусеини.

Сега за сега голем проблем е тоа што салата во Домот на културата нема централно греење. Хусеини вели во текот на следната година очекува да се изнајде соодветно решение.

-Речиси 10 или 15 години постои овој проблем , се е застарено, јас од дента кога дојдов како директор на домот на културата имам план во иднина да имаме голем проект, да има греење.

Од Тетовскиот театар велат дека имаат тешкотии кога треба да одржуваат проби, бидејќи големата сала во Домот на културата е ладна и не можат да ги натераат актерите да одржуваат проби во големата сала.

„Не велам дека нема услови за работа бидејќи секторот за администрација има греење, проблемот е во големата сала и немаме можност да одржуваме проби континуирано“, изјави Беким Исмаили.

Камен темелникот на Тетовскиот театар е поставен во 2014 а и по 7 години завршена е само првата фаза од проектот. Честото менување на министри за култура, внатрешните ревизии поради сомнеж за злоупотреба и непуштањето на средствата од страна на владата се причина Тетовскиот театар се уште да нема свој објект.

https://mk.tv21.tv/vo-2014-godina-zapochna-izgradbata-na-teatarot-vo-tetovo-do-sega-e-zavrshena-samo-prvata-faza/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20873
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 15-Feb-2022 at 10:30
Наредниот проект, Вентилација на Тетовскиот Театар.





https://www.facebook.com/Cesovent-109394997528130
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20873
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 23-Feb-2022 at 16:24
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20873
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 04-Aug-2022 at 15:26
Новата зграда на театарот во Тетово ќе се гради со векови како Нотр Дам?

Почна да се гради во 2014 година. беше ветено дека ќе заврши во 2017. Но, на новата зграда на Театарот и библиотеката во Тетово, наместо за 3 години, сè уште не ѝ се гледа крајот. Во ноември ќе се навршат 8 години од почетокот на работите. Проблемите почнаа уште во првата фаза од реализацијата, првично со намалување на волуменот на објектот. Потоа почнаа доцнења во плаќањето и разни неправилности кои траат до ден-денес. Се тврдеше дека втората и последна фаза од изградбата ќе заврши оваа година, но рокот повторно се поместува. Новото ветување сега е дека објектот ќе биде готов до крајот на 2025 година, доколку сè оди според планот.

Немаме кратење на буџетот и вака како почна работата на театарот во втората фаза и како што течат работите, очекувам 2025 година, односно крајот на 2025 година, според договорот, новиот театар да биде готов, ќе имаме супер-модерна зграда каква што заслужуваат тетовци“, изјави Арлинд Хусеини, раководител на проектот.

Покрај доцнењата со почеток на втората фаза, проектот еден период беше предмет на истрага и на Финансиската полиција, но од оваа институција не открија што констатирале во истрагата.

Доцнењето од околу една деценија ја отежнува работата на Тетовската библиотека, која е блокирана во многу тесен простор и без минимални услови за функционирање.

„Нема простор. Треба да ни излезат во пресрет бидејќи зградата има толку простор. Ни велат дека ќе има простор кога ќе се изгради новиот објект и тоа им е како алиби, а во меѓувреме за волја на вистината, тука нема услови ниту пет отсто за функционирање како библиотека или магацин за чување книги“, рече Махи Муртезани, Тетовска библиотека.

Истиот проблем го имаат и актерите на Тетовскиот театар. Пробите се изведуваат во лоши услови, во импровизирани сали и без потребни услови. Камен-темелникот на зградата на Тетовскиот театар и библиотека беше поставен на 28 ноември 2014 година.

https://alsat.mk/mk/novata-zgrada-na-teatarot-vo-tetovo-ke-se-gradi-so-vekovi-kako-notr-dam/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20873
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 16-Aug-2022 at 17:21
Се гради 8 години, потребни се уште 4 години за објектот на Театарот и библиотеката во Тетово да биде завршен

Иако во октомври лани имаше најави дека објектот на Театарот и библиотеката во Тетово ќе биде готов во 2025 година, тоа нема да се случи. Завршувањето на работите на овој објект, кој почна да се гради во 2014 година, се продолжени за уште една година, дознава Порталб.мк.

Новата зграда на тетовскиот театар се ветува веќе 12 години, се гради 8 години и според прогнозите, за кои сè уште не се знае дали ќе се реализираат, со оглед на фактот дека често има доцнења во работата, таа би била завршена по 4 години.

Доколку навистина се реализира како што се вели, во тој случај овој објект од круцијална важност за тетовската култура, ќе ги отвори вратите дури 16 години по даденото ветување.

Уметниците и љубителите на уметноста, изразувајќи длабоко разочарување, за Порталб.мк коментираат „и вселенски брод да се градеше, ќе се завршеше побрзо од овој објект“.

Директорот на Центарот за култура во Тетово, Арлинд Хусеини, за Порталб.мк, изјави дека работите се одвиваат според предвидената динамика.

„Се надеваме дека целиот процес на завршување на втората фаза и останатите работи од првата фаза ќе бидат завршени согласно предвидените рокови со договорот за изградба на театарот и библиотеката во Тетово – конкретно во декември 2025 година. Во втората фаза досега, конкретно, се изведуваат работи поврзани со ентериерот, електричната инсталација, канализација, инсталирање на лифтот, како и многу работи кои се предвидени со Договорот“, рече Хусеини.

Објектот е голема потреба, како за актерите кои настапуваат во Центарот на културата и затоа се ограничени, така и за библиотеката, која сега е во многу мал простор.

Директорот на тетовскиот театар, Беким Смаили, за Порталб.мк нагласи дека ним како институција им било кажано дека нивниот објект ќе биде подготвен за работа на крајот на 2024 или на почетокот на 2025 година.

„Дај Боже, Министерството за култура во следните неколку години до завршување на зградата да одвои доволно средства за да продолжи работата без прекин“, рече Смаили.

Од Министерството за култура, пак, за Порталб.мк велат дека работите се очекува да завршат една година подоцна, поточно во 2026 година.

„Изградбата на новата зграда за театарот и библиотеката во Тетово е повеќегодишен проект, кој се одвива во две фази. Првата фаза од изградбата – карабина – е целосно завршена, а втората фаза од градежните работи е во тек. Избраната компанија интензивно работи во моментов на градежно-занаетчиските работи на објектот. Според плановите, проектот за изградба на театарот и библиотеката во Тетово треба да биде завршен до крајот на 2026 година“, соопштија од Министерството за култура.

Работите од втората фаза, поточно за внатрешното опремување на тетовскиот театар и библиотека, ги изведуваат „НБ Компани“ од Тетово и „Пелагонија“ од Гостивар, со кои договорот за почеток на работите беше свечено означен во октомври минатата година. За тоа Владата одвои уште 23 милиони евра.

Цената на првата фаза за изградба на објектот беше проектирана на 13,5 милиони евра, а со внатрешното опремување, цената достигна 40 милиони евра.

Изградбата на Центарот за култура во Тетово беше ветен од 6 октомври 2010 година, кога тогашната министерка за култура Елизабета Канческа – Милевска го презентираше идејното решение за изгледот на мултифункционалниот театар кој треба да понуди театар, кино и библиотека.

Со изградбата на овој центар ќе се реши просторниот проблем за повеќе институции, како театарот, библиотеката, културниот центар и други, кои веќе неколку години функционираат на едно место.

https://meta.mk/se-gradi-8-godini-potrebni-se-ushte-4-godini-za-objektot-na-teatarot-i-bibliotekata-vo-tetovo-da-bide-zavrshen/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.430 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.