build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Деловни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Феро инвест - Дебар Маало

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Феро инвест - Дебар Маало
    Posted: 23-Jul-2010 at 07:28
Почна нешто да се работи на следнава локација  41°59'58.30"N  21°25'33.34"E во центарот на Скопје, спроти соборниот храм. Нема сеуште табла со натпис за што станува збор.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 03-Oct-2010 at 18:36
Спроти Соборна има едно градилиште што го немаме евидентирано. Сега се до приземје. Само некако чудно не ми кореспондира со маркиците од ДУП-от.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 03-Oct-2010 at 19:20


Го имаме, Медо постави фотка уште кога почнуваше. Но нема никаква информација ниту табла за што се случува таму.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 13-Oct-2010 at 21:06
Конечно се легитимираше ова градилиште

1.

2.

Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 13-Oct-2010 at 21:16
Уф, тоа е тоа! Конечно, интелигентно решение.
„Страшен” ќе биде цел „Климент Охридски”. Греота е на овој потег да се упропастуваат триилјадиевраквадрат терени со класични гранап-спрат-балкон-поткровје објекти.
Булеваров е мој фаворит за наредните 5 години. Тука ќе ги дочекаме нашите Casa Batllò и Casa Milà. Тука ќе го прославиме нашиот „Гауди”! Здравје боже!

Edited by OKA - 13-Oct-2010 at 23:26
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Online
Posts: 355
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 13-Oct-2010 at 21:21
Ми се допаѓа! Браво! Cheers
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 13-Oct-2010 at 21:30
Originally posted by OKA

Греота е на овој потег да се упропастуваат триилјадиевраквадрат терени со класични гранап-спрат-балкон-поткровје објекти.


Генерално можам да се сложам со оваа твоја констатација. Но само до таму.

Св. Климент Охридски е генерално веќе уништен. Кратката делница помеѓу Партизанска и Илинденска има шанси (сеште само на хартија) да биде пристојна, но "ударниот дел" помеѓу Партизанска и Гологанов е во катастфорална состојба со новоградбите како Аркадија и неколкуте новокомпонирани објекти покрај Кинг Бургер.

Тука е и Корнер, можеби крајната реализација ми ги надмина очекувањата јалово се потроши таа многу битна аголна локација. Клучно ќе биде како ќе се искористи аголната локација "Бачило" за заокружување на впечатокот.

Судбината на третата делница на улицата пак ќе ја крои реализацијата на проектот за театар центар. До тогаш ќе доминира плексигласот на Бојо.

Да не зборам дека со поместувањето на градежните линии трајно е нарушена шансата оваа улица да го задржи својот авениски карактер.
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 13-Oct-2010 at 21:40
Originally posted by pbanks

Св. Климент Охридски е генерално веќе уништен..
Банкс, погледни фотки од барселонската Pаseig de Gràcia, во 1877. Прасиња шетале по улицата. Не биди песимист. „Стакленките” на Климентовиот Булевар „ќе паѓаат”. Со текот на годините. Усрамени од феноменалната, нова, скопска урбаност. Газдите ќе реновираат, продаваат, адаптираат..., „заслепени” од бенигната компетиција. Да имаат поубав објект, од соседот.
Originally posted by pbanks

Да не зборам дека со поместувањето на градежните линии трајно е нарушена шансата оваа улица да го задржи својот авениски карактер.
Проштевај, на што конкретно мислиш?


Edited by OKA - 13-Oct-2010 at 21:41
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 13-Oct-2010 at 21:56
Веројатно си во право ОКА, не сум од оние песимисти/мрчатори што мислат дека се е изгубено, секако градот е динамична материја и околностите ќе си го наложуваат развојот и на простори кои се веќе дефинирани. Сепак укажувам дека она што во моментот го добиваме на тој дел, иако далеку подобро од гранап транзициските станбени со поткровје, не е доволно добро за она како треба да изгледа поширокиот центар на Скопје (кој јас го гледам од прилика во рамките на општина центар а минимум во рамките на големиот ринг).

Слична (полоша) судбина според мене има и ул. Железничка која заслужува многу повеќе од тие станбени згради кои се испоредија по цела должина.

Што се однесува до твоето прашање. Еве еден мој пост од 2007 година.

Originally posted by pbanks

за почеток оваа работа ми боде очи подолго време. Новиот деловен објект што почна да се гради дијагонално од соборна црква. Колку што знам се е чисто со тој објект но...
 
 
Ако добро ме служи меморијата црвената линија која ја повлеков на Гугл 'рт сликава е градежната линија на Бул. Климент Охридски. Значи тоа се оние два блока кои се вовлечени повнатре додека цело она ѓубре од Корнери, Аркадии, Стели итн треба да се руши некој убав сончев ден. Како тука се вклопува новиот објект. Под услов комплетно да е залепен до Порта Буњаковец, има 15 метри максимум до градежната линија. Од оној никаков рендер што го имавме на располагање не ми е јасно како таков објект би се вклопил во толку малку простор и би праел лак.  Има ли некој идеја што тука уствари се дешава?


Во кратко. Климент Охридски треба(ше) да биде авенија со 2х3 ленти и простор за тротоари. Тоа ќе се постигнше доколку оската на булеварот се изместеше кон Буњаковец за што имаше повеќе од доволно простор (според старата градежна линија која лесно се воочува според вовлечените станбени објекти на тој потег).

Во последниве години, со Корнер, Аркадија и веројатно тоа што следува... Се што може да добиеме е еден добар булевар.

Штета, иако средишниот дрворед/патека/шеталиште на Св. Климент Охридски, скопјани не научија да го почитуваат и реално претставуваше грда слика во центарот на градот, штета е што градот ќе остане без ниедна авенија.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 13-Oct-2010 at 22:01
Ова мене ми нема логика. Примети како е поставена нова Македонија и зградата на ЕУРМ. Со други зборови за 3+3 е оставен средишниот тротоар. Единствено треба да се прошират тротоарите ама толку повлечена линија и рушење нема логика па првенствено и поради тоа што булеварот продолжува и на југ и на север а ова е краток замав. Исто Јужен Булевар во делот према југ на сликава и големиот кружен тек што е планиран да ги впие двете раскрсници е соодветно испланиран во Гуп да има спуштање и качување кон Климент Охридски со сегашната траса само како што кажав рушење на средишното зеленило за 3+3. Освен ова како заклучок тоа што треба е само проширување на тротоарите првенствено на левата страна.

Edited by Supervisor - 13-Oct-2010 at 22:02
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 13-Oct-2010 at 22:12
Сите новоградби на Климент се со локациски услов да се вовлечат дополнителни 3,5 метра, сметано од границата на сопствениот терен со постоечкиот тротоар. Тоа значи решение за тротоарите со трем, а објектите после првите h = 4 м, ќе смеат еркерно „да се исфрлат” до Булеварот.
Булеварот ќе има засводени, топли, широки, осветлени, чисти тротоари, чиниш на boulevard Haussmann во Париз си!
Веќе има неколку објекти „несенезнамшто”, но тремовите се топ како функционалност.
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 13-Oct-2010 at 22:14


Да линијата со текот на години е нарушена и во другите делови. Ова за што зборувам беше актуелно по медиумите во 90те (кога ми паднало во очи) и од тогаш го "верглам" иако си потполно во право дека во делот кај Нова Македонија уште тогаш бил потесен од остатокот.

Во секој случај, дури со најновите објекти како Аркадија и Корнер, дури и хипотетички ова за што зборувам отпаѓа.


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 13-Oct-2010 at 22:17
Originally posted by OKA

Сите новоградби на Климент се со локациски услов да се вовлечат дополнителни 3,5 метра, сметано од границата на сопствениот терен со постоечкиот тротоар. Тоа значи решение за тротоарите со трем, а објектите после првите h = 4 м, ќе смеат еркерно „да се исфрлат” до Булеварот.
Булеварот ќе има засводени, топли, широки, осветлени, чисти тротоари, чиниш на boulevard Haussmann во Париз си!
Веќе има неколку објекти „несенезнамшто”, но тремовите се топ како функционалност.


Да топ се, но мора да се доведе во ред тој кафиќот кој што го узурпира цел трем (Poke Аркадија)
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 13-Oct-2010 at 22:26
Originally posted by pbanks

Originally posted by OKA

Сите новоградби на Климент се со локациски услов да се вовлечат дополнителни 3,5 метра, сметано од границата на сопствениот терен со постоечкиот тротоар. Тоа значи решение за тротоарите со трем, а објектите после првите h = 4 м, ќе смеат еркерно „да се исфрлат” до Булеварот.
Булеварот ќе има засводени, топли, широки, осветлени, чисти тротоари, чиниш на boulevard Haussmann во Париз си!
Веќе има неколку објекти „несенезнамшто”, но тремовите се топ како функционалност.
Да топ се, но мора да се доведе во ред тој кафиќот кој што го узурпира цел трем (Poke Аркадија)
Апсолутно. Се решава тоа. Децата, во моментов, „си играат” кафуле.
Ете, до него продавницата за ф'стани има суперпешачкипростор. Ќе биде тоа нашиот Tsimiski http://0.mk/bc39, имам претчувство. 


Edited by OKA - 13-Oct-2010 at 22:27
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 14-Oct-2010 at 00:48
Генерално пристоен добро скоцкан објект. Може би не е којзнае што, но проаѓа. Малку како се оградени прозорите ме потсеќа на стамбената позади Гема 2. Е сега оној детал кружниот прозор би го изземал. Некако многу ми се демоде тие кружни прозори. А и незнам зашто малку ми се морбидни, кога ќе видам таков кружен прозор како некоја траума ми се враќаат ужасно грдите товарните лифтови во трговски и некако ми игра во стомак.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 14-Oct-2010 at 09:16
Originally posted by OKA

Булеварот ќе има засводени, топли, широки, осветлени, чисти тротоари....


Ова засводени ме буни...во последниов период (бескрајно бирократски развлечен) во фирмава работиме проект за објект на локација на бул. Св. Климент Охридски. Точно е дека тротоарот е покриен, само не со еркер, туку столбовите се на линија меѓу нешто што веројатно е велосипедска патека и покриен тротоар.
Во условите од општина е даден пример со арки меѓу столбовите, ама нешто не се инсистира од општина Центар тие да бидат баш арки, што би било многу лудо затоа што директно се влијае на решението на фасадата, додека меѓу колегиве. Во тој контекст е и примерот со Аркадија, каде што ги нема арките, а објектот е релативно нов и е граден по овој (катастрофален) урбанизам.
Урбанизмот на овој дел е повеќе пати коментиран и може да се окаракактеризира како криминален, а за објектов, кога ќе има повеќе информации....
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2395
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 14-Oct-2010 at 11:02
Ме бендисува објектов (т.е. рендеро). 
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 14-Oct-2010 at 11:54
Originally posted by Dave Gahan

...Ова засводени ме буни...во последниов период (бескрајно бирократски развлечен) во фирмава работиме проект за објект на локација на бул. Св. Климент Охридски. Точно е дека тротоарот е покриен, само не со еркер, туку столбовите се на линија меѓу нешто што веројатно е велосипедска патека и покриен тротоар...
Да, да, дефинитивно ДУП-от Дебар Маало 2 за објектите по должината на Булеварите Партизанска и Климент предвидува конзолно решение, како услов, т.е. можност за зголемување на изграденото. Која му се нуди на инвеститорот, како сатисфакција за вовлекувањето на градежната линија. Вовлекување, кое се прави, со цел во приземјето да се ослободи простор за тремови, т.е. јавни, пешачки површини.
Дејви, не знам што проектирате, но бидете неприкосновени во комуникацијата со општинската администрација. Која до последно ќе си го експлоатира своето латентно, дискреционо право, нештата да ги толкува како ќе и се ќефне!
Ако Ви „се понашаат”, одма дигајте џева! Опсипете ги со жалби. Министерот, градоначалникот, Коце, Моце...
Верувај, има ефект. Пред извесно време, после дваесет дена интензивно и квантитативно бомбардирање на mailbox-от на градоначалникот, успеавме да исправиме една комунална „крива Дрина”.
На Балканот, да се биде досаден и напорен, често значи и успех да се заврши работата.
Big%20smile




Edited by OKA - 14-Oct-2010 at 18:14
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 14-Oct-2010 at 12:43
Originally posted by OKA

...комуникацијата со општинската администрација. Која до последно ќе си го експлоатира своето латентно, дискреционо право, нештата да ги толкува како ќе и се ќефне!Ако Ви „се понашаат”, одма дигајте џева! Опсипете ги со жалби. Министерот, градоначалникот, Коце, Моце...

Да не ја завлекувам темава у друг правец и да вадам некои интерни детаљи во јавност, ама се е така набаждарено да се сопкаш цело време и никогаш да не си на чисто. Тоа се лошите остатоци од претходното уредување (а не архитектурата). Генерален впечаток е дека се добиваат на лист еден куп урбанистичи недоумици, што се видливи од авион и околу нив се води дискусија, надмудрување со месеци, а се може да се реши во еден потег - а тоа се вика урбанистичко проектирање во коректна форма, со прецизни параметри и без никакви ребуси и замки...инаку вака секогаш треба да чекаш некој зналац со повисок чин да се врати од пат, одмор исл. па после и тој да се мисли што си мислел тој пред него...
Претпоставувам дека истите проблеми ги имале инвеститорите и проектантите и за објектов за кој е темава...за овие бирократски прашања веројатно на друго место треба да се разговара, да не гушиме овде...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 14-Oct-2010 at 14:20
Originally posted by Dave Gahan

...Да не ја завлекувам темава у друг правец и да вадам некои интерни детаљи во јавност, ама се е така набаждарено да се сопкаш цело време и никогаш да не си на чисто. Тоа се лошите остатоци од претходното уредување (а не архитектурата). Генерален впечаток е дека се добиваат на лист еден куп урбанистичи недоумици, што се видливи од авион и околу нив се води дискусија, надмудрување со месеци, а се може да се реши во еден потег - а тоа се вика урбанистичко проектирање во коректна форма, со прецизни параметри и без никакви ребуси и замки...инаку вака секогаш треба да чекаш некој зналац со повисок чин да се врати од пат, одмор исл. па после и тој да се мисли што си мислел тој пред него...
Претпоставувам дека истите проблеми ги имале инвеститорите и проектантите и за објектов за кој е темава...за овие бирократски прашања веројатно на друго место треба да се разговара, да не гушиме овде...
Апсолутно. Дејв, одлична ти е дијагнозата. Рецидивите кои се преостанати во системов, дефинитивно, се товар за инвеститорите во недвижниот сектор, и воопшто во МКД економијата, глобално.
И не би се секирал дека сега ние, ете, нешто „ја гушиме” темата. За темата треба да се говори отворено и конкретно, со цел, како Форум, како некаков си глас на јавноста, макар и малку да придонесеме во демистификацијата на феноменот, дека во Македонија, да градиш, е тешко и невозможно, до ниво „врбата да роди грозје”.
Да, тешко е ама, човек треба да е свесен дека транзицијата ни е во фаза „имаме закони, ама не и капацитет за нив”, и да си ја „брка” работата.
Конкретен пример, ете, начув дека општинарите на „Фероинвест”, во очи на дозволата за градба, им збрчиле дека не смеат да градат (гаражни места) на минус еден, во делот кој се наоѓа под тротоарот. Демек, ќе се наштетело на идни комуникации, инсталации и слично.
Сешто! Инвеститориве си дигнале галама и си истерале правдина, на крај.
Во Македонија, таа мисла ме води, има две групи на луѓе.
Едната, група која до изнемоштеност хистеризира дека „не чини власта и државата”. И втората, група која тоа го има апсолвирано. И целата своја енергија ја насочува да ги реализира своите проекти. На „буткање”, со „дубење на глава” ли, сеедно.
Останатото ќе си го одработи дијалектиката! Па, и „Немачка” не станала одма Германија! Smile



Edited by OKA - 14-Oct-2010 at 18:13
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.107 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.