build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Capitol Mall & Residence - Аеродром

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 18-Feb-2008 at 20:25

Мене не ми е јасно зошто прво не го продадат или дадат на користење земјиштето а после нека си расчисти инвеститорот. Имаме милион примери во Скопје кога се ресчистува некоја локација, се остава ѓубрето и шутот и одма ги имаш овие со коњиве како градат капмови и ранчеви околу. Само поминете позади Рамстор на "елитната" локација човек да помисли дека е во Калкута.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 12-Mar-2008 at 01:45

ЗЕМЈИШТЕТО СПРОТИ "БИСЕР"


За квадрат 25.000 денари


Земјиштето спроти трговскиот центар "Бисер" во населбата Аеродром каде ќе се гради деловно-комерцијален објект, ќе се продава со почетна цена од 25.000 денари за квадрат. Министерството за транспорт и врски веќе објави оглас за јавно надавање за вкупно 6.135 метри квадратни. Рокот за пријавување на заинтересираните субјекти е до 26 март, додека јавно наддавање ќе се спроведе на 1 април во 12 часот, кога ќе се знае и сопственикот на земјиштето.

-Единствениот услов во огласот е учесниците да имаат изградено или управувано најмалку еден деловен објект во последните 5 години. Најповолниот понудувач треба средствата да ги уплати во рок од 15 дена, за 6 месеци да ги добие сите документи и најдоцна за две години да го изгради објектот, велат во ресорното Министерство.

За овој дел од населбата Деталниот урбанистички план допрва треба да биде усвоен, а се очекува тоа да биде направено веќе на првата наредна седница на Советот на општината. Инаку, уривањето на скалите и платформата спроти ТЦ "Бисер" е завршено, градежниот шут е целосно отстранет од локацијата, а теренот е израмнет.



http://vecer.com.mk/?ItemID=64A6AA1C2278B34C9724407334989979
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 12-Mar-2008 at 01:55


Оптимистичка почетна цена. Се надевам дека е заснована на некои реални показатели.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 12-Mar-2008 at 15:15
Previous
 
Некако ми се чини преоптимистичка и нереална. Кога земјиштето зад Рамстор доби максимална цена од 400ЕУР ова во Аеродром со толку да почне. Хммммм Dunno
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 12-Mar-2008 at 16:08
Земјиштето кај рамстор беше преседан. Форумов е аполитички и затоа не би идел во детаљи, а и знаете дека сум определен така да не ме влечете за јазик!!!   Земјиштето кај рамстор не треба да се споредува. Оваа влада има способност да ја извлече правата цена.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 12-Mar-2008 at 16:24


UrbanFreak zborese za zemjisteto zad Ramsotr (hotelot na Rezidor i trgovskiot centar na Equest). Za Ramstor e jasno deka bese presedan.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 13-Mar-2008 at 14:03

Земјиштето под Рамсторе беше продадено за ако не се лажам 20Евра м2=1200 Ден. Сепак ова е прескапо според мене за Скопје.

Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 13-Mar-2008 at 20:26
кога во Охрид е 500-1000 ЕУР квадрат ова не ми звучи многу
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 13-Mar-2008 at 20:33
Урбанфрик како бе прескапо за скопје 20 евра квадрат. Абе тоа е строг центар тамо минимум 200 евра!!!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 13-Mar-2008 at 20:48
Originally posted by lslcrew

Урбанфрик како бе прескапо за скопје 20 евра квадрат. Абе тоа е строг центар тамо минимум 200 евра!!!


Abe za Aerdrom zborese deka e preskapo, za kaj Biser LOL
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 13-Mar-2008 at 22:19
Jas mislam deka ne e skapo, sepak toa e atraktivna lokacija bez razlika ako e Aerodrom. Ako ima nekoj pari da gradi trgovski centar ke ima pari da plati i za lokacija- neli?
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 13-Mar-2008 at 23:06

Лцл 20 е багатела а 400 реална цена за центар. Но за аеродром за релативно мала локација 25.000 м2 почетна цена е дефинитивно пеамбициозно. Ајде ќе видиме колку заинтересирани понудувачи ќе има.

Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 13-Mar-2008 at 23:07
Originally posted by ProMKD

кога во Охрид е 500-1000 ЕУР квадрат ова не ми звучи многу
 
Да но станбен простор не голо земјиште.
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 02-Apr-2008 at 00:47

Пропадна лицитацијата за земјиштето спроти ТЦ „Бисер“

Сопственикот на „Тинекс“ не ги исполнуваше условите за лицитација

Државното земјиште наменето за изградба на деловно-комерцијален објект спроти ТЦ „Бисер“ во Аеродром, вчера не се продаде, иако на отворениот меѓународен повик за лицитација на земјиштето имаше еден заинтересиран субјект. Јавното наддавање не се одржа, бидејќи надлежната комисија утврди дека заинтересираниот Владимир Тодоровиќ, сопственикот на „Тинекс“, не го исполнува едниот од двата посебни услова за купување на земјиштето. Имено, „Тинекс“ веќе управува со еден таков објект во Битола, но не го исполнува условот да има изградено барем еден деловно-комерцијален објект. Комисијата најави дека за десетина дена ќе објави повторен повик за продажба на истата локација и под истите услови, а газдата на „Тинекс“, пак, најави жалба за случајот.

„Пропишаните услови се престроги, бидејќи во држава не постои ниту една фирма што ќе ги исполнува двата критериума, така што ниту една македонска компанија нема да може да го купи земјиштето. Државата наместо вистински да го стимулира економскиот развој, таа не' кочи“, изјави вчера Тодоровиќ.

На продажба беше понудено земјиште со површина од 6.135 квадратни метри со почетна цена од 25.000 денари за еден квадрат. (Дс.Т.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=05CB33913B4D2942861E22F519A3E5BD


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 02-Apr-2008 at 01:08
Може да се земе во обзир објектот што се гради у капиштец, ако веќе толку се бара исполнување на услови. Инаку локацијава изгледа не се покажа како атрактивна.

п.с. Да не знаете кој го има градено бисер. Мислам на инвеститорм не на изведувач. Сега чив е? Приватен, под кирија?
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 02-Apr-2008 at 03:42
Треба условите да ги сменат и тинекс да го земат штом е единствен заинтересиран.. ново јавно наддавање. Од една страна барањата за инвеститор не се големи, да се имало објект претходно ова она, и на крај бапнале да морало да биде у последниве 5 години.. малце построго колку за да се рече. Нека олеснат малце со тоа 5 години и можеби ќе се појават и други фирми.. ако не - Тинекс нека гради
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 17-Dec-2008 at 01:38
Неизвесна изградбата на новиот трговски центар во Аеродром

Општината треба да го измени ДУП и да ја намали површината за градба

Деспина Трајковска

Неизвесно е дали и кога ќе почне да се гради новиот трговско-деловен објект спроти ТЦ „Бисер“ во Аеродром, бидејќи Министерството за транспорт и врски не успеа да го отуѓи земјиштето и по два јавни повика, пред се', поради недорасчистената парцела. Третиот повик за заинтересиран инвеститор допрва ќе се распишува, но откако претходно ќе се измени Деталниот урбанистички план за локалитетот со што ќе ја намали парцелата предвидена за градба. Токму потребата од измена на планот, како што велат од Министерството, е и главната причина поради која бил поништен вториот тендер за отуѓување на земјиштето на кој имаше тројца заинтересирани купувачи.

„Констатиравме проблеми на теренот, односно, дека општината не ја расчистила целосно локацијата на која е треба да се гради објектот. Останаа неурнат дел од платформата и 14 столба. Општинарите ни објаснија дека не можат да го сторат тоа, бидејќи ќе се уништел концептот на постојната градба. Од тие причини чекаме да се смени ДУП со што тој ’спорен‘ дел нема да биде вклопен во површината за градба, односно градежната парцела ќе биде намалена“, објаснуваат од Министерството.

Постојниот план предвидува изградба на објект со комбинирана намена, деловни простории и мини-трговски центар. Во околниот простор купувачот на парцелата ќе гради мини-паркче и паркиралиште.

Инаку, првата објава за продажба на локацијата пропадна, бидејќи единствениот пријавен купувач не ги исполнуваше критериумите за отуѓување на земјиштето. Вториот тендер беше поништен поради теренските проблеми на парцелата за чиешто купување беа заинтересирани „Рамстор“, „Хипо“ и „Мајстон“. Критериумите за учество и на двата тендера беа исти, а главниот услов беше заинтересираниот купувач да е сопственик на најмалку пет деловни или комерцијални објекти и да има капитал од најмалку 500 милиони евра искажани во финансиски извештај. Двата тендера единствено се разликуваа по почетната цена на квадратот земјиште. На првиот повик таа изнесуваше 25.000 денари за квадрат, а на вториот речиси шест пати помалку, односно 6.000 денари за квадратен метар. Од Министерството за транспорт објаснија дека цената ја намалиле откако неколку домашни фирми укажале дека е економски нелогично квадрат земјиште во Аеродром да се продава поскапо од квадрат државно земјиште во Општина Центар.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DF58B915CDF7A74C92220A1AD09E8AAC

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 17-Dec-2008 at 21:15
Од Министерството за транспорт објаснија дека цената ја намалиле откако неколку домашни фирми укажале дека е економски нелогично квадрат земјиште во Аеродром да се продава поскапо од квадрат државно земјиште во Општина Центар.

 
Crazy CrazyCrazyCrazyCrazyCrazy

Можам да замислам колку биле изненадени од овој податок

Crazy
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 17-Dec-2008 at 22:09

Леле кога ќе поминам покрај тоа „нивата“ во Аеродром ми се стемнува
Дефинитивно требаше да ги остават скалите се дур не планираа да почнат со градење.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 28-Jul-2010 at 15:19
Платена рекордно висока цена за градежно земјиште во Скопје

Компанијата “Сити Плаза“, денеска на јавна лицитација понуди досега рекордно најголем износ за купување на државно земјиште, во скопската населба Јане Сандански. За ова неизградено земјиште “Сити Плаза“ понуди околу 197 милиони денари. Ова е рекорд за продадено државно земјиште во Скопје. Досега најскапо платено земјиште беше она спроти комплексот банки, кое го купи грчката компанија Веропулос.
 
На наддавањето, на кое учествуваа компаниите “Тинекс“, “Кам“, “Рамстор“ и едно физичко лице, “Сити Плаза“ понуди фантастични 36.000 денари за еден метар квадратен. Парцелата е голема околу 5.200 метри квадратни, а купувачот е обврзан да го уплати целосниот износ во рок од 15 денови.
 
Од оваа позната компанија велат дека на ова место за рекордно кратко време ќе биде изграден модерен шопинг и резидент центар, по терк на вакви слични објекти во светските метрополи како Истанбул, Лондон, Њујорк и Москва. Оттаму додаваат дека според планот за градба, кој веќе го имаат подготвено, ќе бидат обезбедени и околу 500 паркинг места. Според нив ова е македонско-турска инвестиција, а раководството на “Сити Плаза“ најавува дека свеченото отворање на овој шопниг центар ќе се случи многу бргу, поточно за само 36 месеци.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=74869&kategorija=2
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.