build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Capitol Mall & Residence - Аеродром

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 28-Jul-2010 at 16:36


Сити плаза, фирмата која сеуште не ја отвори "катната гаража" дел од комплексот НЛБ Тутунска?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 28-Jul-2010 at 17:00
А која е локацијата?? Онаа карши Бисер (од другата страна на булеварот)?
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 28-Jul-2010 at 19:51
Продадено земјиште спроти ТЦ Бисер за 600 евра за метар квадратен

За парцела со површина од 5.475 метри квадратни во општината Аеродром, државата ќе инкасира нешто над 3 милиони евра, односно речиси 600 евра по квадрат. Парцелата се наоѓа на булеварот Јане Сандански, директно од спротивната страна на трговскиот центар „Бисер“. Според  Деталниот урбанистички план „Јане Сандански – урбана единица В“ (усвоен на 29.03.2010) таму е предвидена голема трговска единица со приземје и седум ката и најголема висина до венец од 28,4 метри. Бруто развиената површина на објектот е ограничена на максимални 20.000 метри квадратни.

Почетната цена на јавното наддавање кое се одржа денес изнесуваше 6.000 денари за метар квадратен, а најповолен понудувач беше ДДУТ „Сити плаза“ ДОО Скопје, која понуди 36.000 денари. Од „Сити Плаза“ соопштуваат дека проектот е веќе подготвен и дека трговскиот центар кој ќе биде македонско-турска инвестиција ќе никне најдоцна за 36 месеци. Во проектот се вклучени и 500 паркинг места.

Ова беше трета лицитација за ова земјиште. Првиот обид за продажба се случи уште на почетокот на 2008 година, кога непосредно после расчистувањето на теренот кое го спроведе тогашниот градоначалник на општината, Кирил Тодоровски, Министерството за транспорт и врски објави оглас со почетна цена од 25.000 денари за метар квадратен. Пред објавата на третиот оглас беше корегиран урбанистичкиот план и површината на парцелата беше намалена за околу 10%.


http://www.build.com.mk/?p=4633



Edited by build.mk - 28-Jul-2010 at 19:53
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 29-Jul-2010 at 20:33
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72910103955&id=14&prilog=0&setIzdanie=22046

Адемовски ќе гради трговски спроти „Бисер“

Ајдован Адемовски, сопственик на фирмата ДДУТ „Сити плаза“ ДОО Скопје, ќе гради трговски центар во општината Аеродром, на празниот плац спроти ТЦ „Бисер“. На вчерашното наддавање за оттуѓување на државното градежно земјиште, за парцелата од 5.475 квадратни метри тој понуди 197.100.000 денари, односно 36.000 денари по квадратен метар, со што беше избран за најповолен понудувач

 
 
%20  
- Во јавното наддавање, кое го организира Министерството за транспорт и врски, учествуваа „Каммаркет“, „Рамстор“, „Тинекс“ и едно физичко лице. Сега за сега не можам да ви кажам кога и како ќе почнам да градам - ни изјави Адемовски.

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека во согласност со важечките урбанистички планови, плацот на булеварот Јане Сандански спроти ТЦ „Бисер“ е наменет за изградба на големи трговски центри.

Адемовски односно „Сити плаза“ е должна во рок од 15 дена од приемот на писменото известување за наддавањето да ги уплати 197-те милиони денари. Доколку фирмата не ги уплати парите во утврдениот рок, ќе се смета дека градежното земјиште не е продадено. Исто така, со купопродажниот договор „Сити плаза“ се обврзува во рок од девет месеци од општината Аеродром да обезбеди одобрение за градба на предвидениот објект, но и да го изгради во рок предвиден во согласност со Законот за градење.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3634
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 30-Jul-2010 at 16:54

Ајдован Адемоски си ја шири империјата во Скопје


Со двата нови објекта што ќе ги гради во општината Аеродром, познатиот скопски бизнисмен ќе стане целосен или делумен сопственик на пет капитални и репрезентативни зданија во Скопје

 
 
%20  
Сосема нов трговски центар и бренд неповрзан со „Рамстор“. Ова е единствениот опис што бизнисменот Ајдован Адемоски го даде за својата најнова инвестиција, изградбата на трговски центар спроти „Бисер“ во скопската населба Аеродром, откако завчера неговата фирма „Сити плаза“ го доби земјиштето од 5.475 квадратни метри, за рекордни 600 евра по квадрат.

Со оваа и со другите тековни инвестиции, Адемоски, кој до пред половина деценија беше познат како увозник на бела техника, ќе биде целосен или делумен сопственик на два трговски центри, два хотела и на една ексклузивна деловна зграда со вградена катна гаража. Тој е исто така и почесен конзул на Република Турција во Македонија и главен партнер на поголемите турски инвеститори во земјава.

- Планираме да почнеме да градиме во октомври. Деталите за проектот ќе ги утврдиме наскоро - кратко рече Адемоски, додавајќи дека поради презафатеност не може да го продолжи разговорот.

Откако 15 години тргуваше со телевизори, фрижидери и со други апарати за домаќинството од марките „беко“, „арчелик“ и „грундиг“ преку својата фирма „Евроазија техника“, Адемоски во 2003 година, како партнер на турскиот бизнисмен Рахми Коч, почна да го гради трговскиот центар „Рамстор“, во кој тој има 20 отсто влог. Овој објект од 25 илјади квадрати се отвори на 11 јуни 2005 година и стана првото здание на кое беше испишано неговото име. Инвестицијата сепак беше во сенка на скандалот со продажбата на земјиштето, кое Бранко Црвенковски како премиер го продаде со непосредна спогодба за само 25 евра за квадрат.

Само четири месеци подоцна Адемоски влезе и во хотелскиот бизнис. Во октомври истата година го отвори хотелот со пет ѕвездички „Стоун бриџ“ на кејот на Вардар, веднаш до Камени мост, со 30 соби, конференциски сали, турски амам и со панорамски ресторан на највисокиот кат. Во овој објект беа вложени околу седум милиони евра.

Наредната година заедно со НЛБ Тутунска банка почна да го гради и објектот до „Рамстор“, во рамките на истиот плац купен за 25 евра за квадрат. Иако оваа зграда беше најавувана како катна гаража со деловен простор, денес таа е современа деловна зграда со места за паркирање во подземјето. Две и пол години подоцна, во јануари лани, со голема свеченост се отвори новиот управен објект на НЛБ-групацијата, а помал дел од комплексот се догради подоцна и е во сопственост на „Сити плаза“, другата фирма на Адемоски.

Годинава тој почна да го напушта центарот на градот и се сврте кон општината Аеродром, па „Сити плаза“ за само два месеца доби две земјишта преку јавно наддавање. Едното е наменето за хотел и се наоѓа во близината на мостот „Близнак“, во рекреативната зона покрај кејот на Вардар, каде што се градат тениски и фудбалски игралишта, а е предвиден и аква-парк. За овој плац од 5.175 квадратни метри фирмата во мај понудила околу 550 илјади евра, по 105 евра за квадрат. Дури шест пати повеќе го чинеше тоа што го купи завчера на нецел километар оттаму, спроти трговскиот центар „Бисер“, за кое со понудени 3,2 милиони евра или 600 евра по квадрат, во наддавањето победил четири други понудувачи, меѓу кои и „Кам маркет“ и „Тинекс“.



Што сé има Адемоски?

Два трговски центри
Два хотела
Една ексклузивна деловна зграда со вградена катна гаража

Тој е и почесен конзул на Република Турција во Македонија и главен партнер на поголемите турски инвеститори во земјава

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=73010108136&id=9&prilog=0&setIzdanie=22047
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 08-Oct-2010 at 20:37

Ај сега за сега нека стои тука.... ако има некоја одредена тема за ова префрлете ако не кога ќе почнат со градежни работи па ќе отвориме нова.... сликите ми се од мобилен... дури се изненадив како испаднаа и покрај лошото време... од денес се...

Се надевам знаете за што се работи.... локацијата е спроти Бисер...  41°59'9.50"N 21°28'0.09"E

Претходно дупчеа на уште мислам 3 места.... овие се 2 нови... а мислам дека ќе има уште две.... ако ни и повеќе...

Јас сепак мислам дека местово е погодно за едно мало плоштадче или паркче со некоја фонтана, клупи итн.



Edited by FoSsiL - 08-Oct-2010 at 20:39
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 12-Oct-2010 at 18:58

Добро зар е можно да начекувам само профили а потоа се да стои во место.... еве и за хотелот кај мостот Близнак.... не се мрднати од место... заградија и толку.... а јас се радувам дека ќе имам во близина градилиште кое ќе можам да го следам и да известувам за него.... хаххахаахаха......  ај ќе видиме од ова што ќе биде.... Инаку има одлично место за сликање, горе по скалите.... кај што пишува Тоспаш... а и Бисер мислам дека ќе биде погоден...итн... еве нешто од сабајлевоо кога идев накај школо во 6 и пол и нешто плус..... уште не беше разденето

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 13-Oct-2010 at 14:27

Како што реков.... еве ги и преградите....

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 13-Oct-2010 at 17:44
ако се гради нешто тука очекувајте повеќе апдејти од мене бидејќи го гледам низ прозор, како Фосил што гледа кон хотелот Big%20smile
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 401
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 09-Dec-2010 at 01:35
samo da dodam deka i  vo ovoj kompleks ke ima Ramstor...
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2400
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 09-Dec-2010 at 01:44
  а има нешто рендери од ова? или уште е рано?  

Edited by fichot - 09-Dec-2010 at 01:44
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 13-Dec-2010 at 18:37
мене не ми е јасно зошто оградуваат простор кога не намераваат да го чепнат земјиштето во наредните 1000 години? тоа си е нивно, никој нема да им го украде додека спијат па да го заградуваат Bash
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 18-Feb-2011 at 18:51
тука местат конструкција за кран најверојатно


Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 18-Feb-2011 at 19:04
Oui, Oui, je l'ai vu aussi. C'est un excellent signe pour le progrès de ce projet de construction. J'espère qu'ils vont construire ce centre commercial à court laps de temps. Aerodrom règles.

Sorry for my bad French, but eventually I found the way to say it right. My French teacher should be proud.


Edited by FoSsiL - 18-Feb-2011 at 19:13
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 18-Feb-2011 at 19:57
Е ова ме израдува. Една од последните рупи околу булеварот конечно ќе заличи на нешто (најверојатно).
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 360
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 20-Apr-2011 at 17:00
НОВ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР КАЈ "ВЕРО"

Две кина со 3Д-филмови во Аеродром

Според проектот на инвеститорот, новиот трговски ќе биде на седум ката, во кој покрај дуќани, ќе има и деловни канцеларии

Општина Аеродром ќе добие уште еден трговски центар. Новиот објект, кој е во подготовка, ќе се наоѓа веднаш до маркетот "Веро". Според проектот на инвеститорот "Сити Плаза", новиот трговски ќе биде на седум ката, во кој покрај дуќани, ќе има и деловни канцеларии.
Три ката под земја ќе има паркинг-простор. На четвртиот кат ќе има две кина, опремени со 3Д-технологија, игротеки, маркети, кугларница, фитнес- центар и други содржини.
"Проектот е готов, земјиштето е купено и во постапка сме на вадење документи за да можеме да почнеме со работа. Планираме за еден месец да почнеме да градиме, а целиот трговски центар треба да биде готов за 15 месеци", изјави Даме Божиновски, управител во фирмата.
Од Општина Аеродром ја потврдија изградбата на новиот објект, за кој веќе донеле и Детален урбанистички план.
"Сите потребни процедури се завршени, па очекуваме во најскоро време Општината да ги добие првите две кина", велат општинарите. (М.Ѓ.)
http://www.time.mk/read/NONE/e8c51e81b7/index.html
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 02-Jun-2011 at 15:19
почнаа да копаат, но некако не им се брза, кога поминав да сликам, немаше активност на градилиштето






Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 12-Jun-2011 at 17:28
Дефинитивно не им се брза, засега...




Back to Top
Ljubopitko View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ljubopitko Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 19-Jun-2011 at 23:15
еве уште некој слики



го заобиколив цел објект и никаде нема поставено табла што се гради и кој гради ниту бр.на одобрение за градба
приметив дека машините се на Гемма Гроуп - истата што го градеше Принцес - Гевгелија и што градеше позади Рамстор
Back to Top
nouseforname View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Dec-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote nouseforname Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 20-Jun-2011 at 19:45
inace dobiv info deka ke bide 2 sprata pod zemja za sto NZ,a tretiot sprat pod zemja kje bide garaza potoa prvite dva sprata kje bidat za prodavnici i takvi stvari a gornite 5 kje bidat za stanovi,a ako go imate gledano toa klipceto "aerodrom mesta za vasite investicii" neli na kraj objetot sto e za ovde NEMA VRSKA SO TOJ STO KJE SE GRADI!!!!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.