build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Кам - Јужен Булевар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Кам - Јужен Булевар
    Posted: 15-Jun-2009 at 23:11
Продажба на земјиште за нов пазар


Министерството за транспорт и врски објави оглас за јавно наддавање за продажба на градежна парцела во Општина Центар, која е наменета за изградба на пазар.
Градежната парцела која се нуди на продажба е согласно Деталниот урбанистички план "Стара железничка станица", е со вкупна површина од 3.710 метри квадратни. Површината за градење изнесува 2.549 метри квадратни, висината до венец 10 метри, процентот на изграденост 65,86, а коефицинетот на искористеност 1,48 согласно Деталниот урбанистички план. Почетна цена на јавното наддавање по метар квадратен изнесува 6.600 денари. Инаку, депозитот за учество на наддавањето изнесува 10 проценти од почетната цена или 2.448.600 денари. Сите заинтересирани, пријавите за учество на наддавањето ќе можат да ги достават најдоцна до 16 јули, а ќе се одржи на 30-ти истиот месец во Министерството за транспорт и врски.
Најповолниот понудувач по уплатата на парите, ќе склучи договор со Министерството за транспорт и врски, но ќе биде обврзан да добие одобрение за градење од надлежната општина во рок од шест месеци, а во рок од две години до добивањето на одобрението за градба треба да го изгради објектот.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=33BFA3DBFFDD114190D1089A26FA3D70

Се продава локацијата на Цветниот пазар

Градежната парцела е со површина од 3.710 квадратни метри, а почетната цена е 6.600 ден. за квадрат

Локацијата на која се наоѓа Цветниот пазар од вчера е на продажба. Министерството за транспорт и врски објави оглас за јавно наддавање за продажба на градежната парцела, која е наменета за изградба на затворен пазар. Засега не се знае прецизно каде ќе се дислоцира Цветниот пазар, ниту, пак, кога ќе се преселат привремените објекти. Во Општина Центар велат дека се' уште чекаат одговор од Министерството дали ќе одобри преселба на локацијата спроти зградата на НИП „Нова Македонија“, на последната станица на „23“ во Капиштец. Во Општината очекуваат потврден одговор од надлежните во Министерството за да почнат со преместување на бараките.

Засега не се знае дали ќе се постават старите или, пак, ќе има нови куќарки, дали ќе им се зголеми бројот, ниту, пак, како ќе биде уреден просторот. Во Центар велат дека иако локацијата веќе е на јавно наддавање, ќе имаат доволно време да завршат се' пред да се продаде.

Инаку, градежната парцела што се нуди на продажба е дел од Деталниот урбанистички план „Стара железничка станица“, со вкупна површина од 3.710 квадратни метри. Површината за градење изнесува 2.549 квадрати со висина од 10 метри.

„Почетната цена на јавното наддавање изнесува 6.600 денари за квадратен метар, а депозитот за учество на наддавањето изнесува 10 проценти од почетната цена или 2.448.600 денари“, информираат од Министерството за транспорт. Пријавите за учество на наддавањето можат да се достават најдоцна до 16 јули, а јавното наддавање е закажано за 30 јули, во Министерството за транспорт и врски.

„Најповолниот понудувач по уплатата на парите ќе биде обврзан да добие одобрение за градење од Општината во рок од шест месеци, а за две години од добивањето на одобрението за градба треба да го изгради објектот“, информираат од Министерството.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=410C7F6812EB2841BA3AB8E013715F44


Edited by lslcrew - 15-Jun-2009 at 23:12
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 30-Jul-2009 at 11:18

„Тинекс“ нема да наддава за цветниот пазар

Локацијата денеска ќе се продава со јавно наддавање за таму да се направи пазар на два ката, а маркетот на компанијата на градоначалникот Тодоровиќ ќе се исели од бараката кај старата железничка станица и ќе се смести во новата катна гаража во Капиштец

%20
Земјиштето на цветниот пазар денеска ќе се продава на јавно наддавање за таму да се изгради затворен зелен пазар, а компанијата „Тинекс“ на градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, иако го поседува единствениот неурнат објект на целата парцела и е во трговскиот бизнис, нема да се обиде да го купи. Тодоровиќ објаснува дека поради конфликт на интереси „Тинекс“ нема право да учествува на наддавањето, а маркетот што сега работи на оваа државна парцела ќе го иселел во новиот објект што се гради на улицата Васил Ѓоргов во населбата Капиштец. Тој објаснува дека не бил отстранет само неговиот маркет, бидејќи ги намирил сите трошоци за до 2012 година.

- Многу граѓани мислат дека поради мојата функција „Тинекс“ не беше срушен. Исто како и во почетокот кога почнав да го градам објектот во Капиштец, сите мислеа дека нема да има места за паркинзи и дека воопшто не личел на катна гаража, но според мене катните гаражи не мора да изгледаат неубаво однадвор, затоа и се одлучив објектот да биде со убава фасада и да не личи на гаража. А паркиралиштата се сместени во средината на објектот и затоа не можат да се видат однадвор. Во многу лоша ситуација се наоѓа човек кога од бизнисмен ќе се префрли на политичка функција, сите мислат дека работите си ги редиш како што тебе ти одговара - објасни Тодоровиќ.

Пристап до деловниот објект ќе се обезбеди со новопроектирана улица, која се планира да се направи од страната на белите згради до објектот, а исто така во објектот ќе може да се влегува и од улицата Васил Ѓоргов.

Катната гаража во Капиштец почна да се гради пред речиси две години, но жителите на околните згради протестираа затоа што за да се изгради гаражата ќе треба да се сече зеленилото. Во објектот ќе има седум платформи од по 1.000 квадрати за паркирање возила, а преостанатиот дел ќе биде наменет за канцелариски простории, маркетот „Тинекс“ и други дуќани.

На местото на цветниот пазар е предвидено да се изгради затворен зелен пазар на два ката. Земјиштето од 3.700 квадратни метри ќе се нуди со почетна цена од 6.600 денари за квадрат. Од Министерството кажаа дека градежната маркичка има површина од 2.549 квадрати, а максималната дозволена висина е до 10 метри. Цветниот пазар, пак, ќе се исели на последната станица на автобусите со бројот 23, кај Домот на печатот. Таму ќе се направат покриен пазар и паркиралиште што ќе можат да го користат вработените.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72991624303&id=14&prilog=0&setIzdanie=21751
Back to Top
vendetta View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 18-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote vendetta Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 31-Jul-2009 at 01:28

Камчеви ќе градат зелен пазар на местото на Цветниот пазар

Сопственикот на „Кам фуд“ за 725.000 евра ја купи државната парцела од 3.710 квадрати

Семејството Камчеви ќе гради зелен пазар на местото на Цветниот пазар. Гоце Камчев, директор на „Кам фуд“ маркетите, инаку чичко на бизнисменот Орце Камчев, вчера на јавната лицитација за државната земја наменета за изградба на пазар беше најповолен понудувач. Лицитираше со повисока цена од уште едно заинтересирано лице, извесен Сали Мемед. Сопственикот на „Кам фуд“ за квадратен метар од парцелата понуди 12.100 денари, односно за земјиштето од 3.710 квадратни метри ќе треба да плати 725.000 евра. Почетната цена за квадрат изнесуваше 6.600 денари, а наддавањето се „креваше“ со минимум 500 денари.

Иако Деталниот урбанистички план за предметната парцела предвидува изградба на зелен пазар од затворен тип, со максимум два ката, сепак, од „Кам фуд“ се' уште не се сигурни дали ќе ја искористат максималната катност. Според Камчев, тоа евентуално ќе се утврди и со проектот за пазарот што допрва ќе го изработуваат, но најави оти сигурно во комплексот ќе има маркет од синџирот „Кам фуд“, а можно е во рамки на зелениот пазар да биде изграден и мини-цветен пазар.

Во согласност со одредбите на Министерството за транспорт и врски, најповолниот понудувач парите за земјиштето треба да ги уплати во рок од 15 дена откако официјално надлежната Комисија ќе го констатира како победник на лицитацијата. По уплатата на средствата и потпишувањето на договорот за оттуѓување на земјиштето, од „Кам фуд“ се обврзани градежната дозвола за објектот да ја обезбедат во рок од 6 месеци, а потоа имаат рок од две години да го изградат објектот. (Дс.Т.)


http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=732BF5B67EDC074AB6025D2326D19877



Edited by Cloverstack - 09-Aug-2009 at 02:00
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3769
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 06-Oct-2009 at 08:04
„Кам фуд“ ја купи старата локација на Цветниот пазар, новата се' уште неизвесна

Општина Центар до крајот на јануари мора да го пресели
Цветниот пазар на нова локација

Сања Наумовска


Фирмата „Кам фуд“, која кон крајот на јули на јавно наддавање ја купи парцелата на која се наоѓа Цветниот пазар се' уште не побарала градежна дозвола за изградба на затворен пазар. Во меѓувреме, локацијата на која требаше да се дислоцираат цвеќарите, последна „23“ во Капиштец, е претворена во нов паркинг-простор.

„Кам фуд“ во предвидениот рок од 15 дена по лицитацијата ги платила сите 725.000 евра, колку што ги чинеше земјиштето од 3.710 квадратни метри. За вадење на градежната документација, според законот, имаат рок од шест месеци од потпишувањето на договорот. Досега се изминати речиси два месеца, а целиот објект треба да биде готов во рок од две години. Деталниот урбанистички план за предметната парцела предвидува изградба на зелен пазар од затворен тип, со максимум два ката. Според најавите на новите сопственици, во комплексот сигурно ќе има и маркет од синџирот „Кам фуд“, а можно е во рамки на зелениот пазар да биде изграден и мини цветен пазар.

Во меѓувреме, до крајот на јануари, до кога новиот газда на земјиште мора да го подготви проектот и да ја обезбеди дозволата, Општина Центар треба да го дислоцира Цветниот пазар на новата локација. Засега, општинарите немаат официјална потврда од Министерството за транспорт и врски дека ќе биде одобрена локацијата на последна „23“-ка.

„Програмата за привремени објекти, во која е вклучен и Цветниот пазар, ни е вратена од Министерството за да се доработи. Деновиве активно се работи на забелешките, по што таа повторно ќе се достави до Министерството за добивање согласност“, информираат од Центар.

Локацијата на последна „23“ неколкупати беше посочена од самите сопственици на цвеќарниците како најдобра замена на сегашниот Цветен пазар, со приближно иста големина, лесна пристапност и добра позиција во центарот.

Неодамна, пак, на дел од истата локација се прошири паркиралиштето „Дом на печат“ на јавното претпријатие „Градски паркинг“. Обележани се нови 100 паркинг-места, кои зафаќаат речиси половина од локацијата наменета за цветен пазар. Во „Градски паркинг“ велат дека за проширувањето на паркиралиштето имаат проект и дозвола од Градот и од МВР. Оттаму не знаат дали нивниот паркинг ќе им пречи на цвеќарите, но велат дека со оглед на тоа што дозволата им е од привремен карактер, ако има пречки тие ќе се повлечат од локацијата.

Во Општина Центар сметаат дека ќе има доволно време за завршување на целата постапка пред да почне изградбата на затворениот пазар. Пред селидбата на привремените објекти во кои се наоѓаат цвеќарите треба да се уреди новата локација, да се направи довод на вода и струја, а во опција е и зголемување на бројот на цвеќарници.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 26-Jan-2010 at 11:40

Тесно му го скроија на Зелениот пазар

Инвеститорот „Камфуд“ бара парцела од околу 6 илјади квадратни метри за да може сегашниот Зелен пазар во целост да се префрли во новиот затворен објект што треба да се изгради

Неизвесен е почетокот на изградбата на објектот во кој треба да се смести Зелениот пазар во центарот на Скопје. Парцелата на која е предвидена изградбата (денешен Цветен пазар) уште мината година ја купи фирмата „Камфуд“ со јавно наддавање, но оваа фирма се' уште не побарала градежна дозвола.

Се предвидува Зелениот пазар да има два ката под земја, приземје - каде што ќе биде сместен маркетот, а на горниот кат да има специјализирани продавници. Целиот проект ќе чини околу 6 милиони евра.

Гоце Камчев, сопственикот на „Камфуд“, најави дека новиот пазар, ако навреме ја добијат градежната дозвола, ќе биде изграден до крајот на годинава. Тој напоменува дека за да се префрли целиот Зелен пазар на новата локација, потребна е поголема градежна парцела.

- Објект треба да биде готов во рок од две години од моментот на добивањето на сите согласности. Имаме уште два месеца да ја поднесеме документацијата за градба, а потоа уште околу 4,5 месеци таа документација да ја поднесеме и да биде прифатена за да биде во рамките на законските услови. ДУП-от за предметната парцела предвидува изградба на зелен пазар од затворен тип, со максимум два ката. Но, пред околу еден месец излезе еден нов предлог-план за тој дел од градот. Тој план предвидува некои проширувања и во делот на локацијата за пазарот. Пазарот е предвиден на 3.500 квадратни метри, а објектот треба да биде на 2.500 квадратни метри. Но, тоа е по стариот урбанистички план. Реално, таа површина е мала за зелен пазар со магацини и придружни простории. Сегашниот Зелен пазар не може во целост да се префрли ако не се направат некои измени - објаснува Камчев.

Тој додава дека сегашниот Зелен пазар е на површина од околу четири илјади квадратни метри само продажна површина. Покрај тезгињата, има и продавници и гаражи што граѓаните од соседните згради им ги издаваат на пазарџиите и служат како магацини. Затоа Камчев смета дека реално е пазарот да биде на околу шест илјади квадратни метри.

- Проблемот на сите пазари во земјава е тоа што се зема предвид само површината на која се поставени тезгите, но не и инфраструктурата за пазарот. Современите пазари имаат минимум околу 30 до 40 отсто магацински и простор за дотур на стока. Потребни се простории за техничките помагала за чистење на пазарот, тоалети... Сите дополнителни неопходни простори зафаќаат околу 50 отсто од севкупната површина. За Зелен пазар ќе останат околу 500 или 600 квадрати. А нашата цел е да направиме пазар и маркет од европски ранг. Поднесовме барање за коригирање на површината за градење на објектот. Со новиот ДУП, кој се' уште не минал на Совет, се предвидува да се прошири нашата парцела, ама не и да се овозможи градба. Немам ништо против, оти и тој дел може да се користи за гаражи - објаснува Камчев.

Тој додава дека проблемот уште пред лицитацијата го препознал и сегашниот градоначалник Владимир Тодоровиќ, кому маркетите и трговијата му се професија. Според Камчев, градоначалникот се согласил дека локацијата за зелениот пазар е мала и дека треба да се прошири кон некогашниот маркет „Тинекс“.

Во Општина Центар немаат одговор на барањето за проширување на парцелата на која „Камфуд“ планира да гради. Предлог-ДУП се' уште не ги поминал сите фази и не може да се каже дали ќе има измени или не. Од Општината тврдат дека од „Камфуд“ не им доставиле никакво барање.

Марија Тасев


Цветниот пазар во Капиштец?

Цветниот пазар, на чија локација треба да се гради новиот Зелен пазар, ќе се дислоцира во Капиштец, кај постојката за автобусот „23“. Општина Центар, која треба да го дислоцира Цветниот пазар, нема официјална потврда од Министерството за транспорт и врски дека ќе биде одобрена оваа локација.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека со новиот сопственик ќе потпишат договор за продажба на градежното земјиште, а тој ќе се обврзе во рок од 6 месеци да обезбеди градежна дозвола, а за две години од добивањето на дозволата да го изгради пазарот.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=675D4DB9A0BB9D4B9AB4C1C905E5EBF8
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 26-Jan-2010 at 12:29
Не ми "мириса" баш најарно кога ова семејство е зад таков плац.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 09-Apr-2010 at 10:55
„Камфуд“ ќе гради шопинг-центар за сите видови храна
 

На површина од 5.500 квадратни метри, на локацијата на сегашниот Цветен пазар во Скопје, компанијата“Камфуд“ ќе инвестира во изградба на објект во кој ќе биде сместен голем зелен пазар според европски терк, како и продавници за храна и ресторани.

09:00 | 09.04.2010 | Автор: Шпиц

/

Средства за изградба на објектот се обезбедени од страна на компанијата, решени се сите имотно-прави прашања и се чека парцелата да се расчисти, со тоа што Цветниот пазар ќе се дислоцира на соодветно место, велат од компанијата.
Од „Камфуд“ сметаат дека на градот му треба ваков тип на објект, специјализиран за секаков вид на храна: од свежи заленчуци и овошја, преработени и замрзнати прехранбени производи, па до свежо приготвена храна. За таа намена, во „Камфуд“ велат дека почнуваат да инвестираат во проект што ќе овозможи граѓаните од едно место да купат секакви видови на прехранбени производи. Инвеститорот планира целиот објект да биде наменет само за храна.
- Предвидениот објект, кој е осмислен според европски модел, по примери од сличните европски пазари, ќе биде висок десет метри и ќе се простира на две нивоа. На првото ниво, освен зелениот пазар, во кој ќе бидат сместени сите придружни објекти и магацини, ќе бидат сместени и специјализирани продавници за посебни видови на прехранбени производи, а на второто ниво е предвидено да има ресторани за брза храна, пицерии, рибен ресторан, како и ресторани за традиционални јадења - вели Александар Донев, менаџер во компанијата „Камфуд“.
Тој додава дека рамките на проектот е предвидено и решение на проблемот со паркирањето, така што две дополнителни подземни нивоа ќе бидат наменети за паркинг-простор, со што би се решил овој проблем во тој дел од градот.
Според Донев, изградбата на објектот ќе почне веднаш по добивањето на градежната дозвола и по дислоцирањето на Цветниот пазар а ќе трае најмногу една година.
- Обезбедени се сите средства потребни за реализација на проектот. Откако ќе ги добиеме сите одобренија, градењето ќе почне и предвидуваме дека проектот ќе го реализираме за една година - вели Донев.
Се уште не е точно утврдено колку инвеститорот ќе го чини целата инвестиција, но од таму велат дека сите обврски околу парцелата се намирени, платена е целата сума и решени се сите имотно-правни обврски.
- Немаме точна калкулација колку ќе чини целата инвестиција, само предвидуваме дека ќе биде повеќе од шест милиони евра. Чекаме градежна дозвола од градските власти - додава Донев.
Пред неполна година, поточно на 31 јуни 2009 година, по пат на јавно наддавање, парцелата кај сегашниот Цветен пазар ја купи компанијата „Камфуд“, но се уште не почна со реализација на проектот поради нерешеното прашање околу промена на локацијата на Цветниот пазар. „Камфуд“ е компанија која на македонскиот пазар опстои од 1998 година. Досега има 41 маркети од кои само половина се во Скопје, а другите се распространети во другите градови.
Маркетите на „Камфуд“ функционираат по принцип на голем попуст и нудат прехранбени производи, како и хигиенски производи по пониски цени од другите синџири на супермаркети, но од друга страна, разновидноста на понудата е поскромна. И покрај тоа, маркетите на „Камфуд“ работат со реномирани домашни и регионални марки, како и со брендови од западноевропските земји, пред се, од Германија.



Edited by Cloverstack - 13-Apr-2010 at 03:12
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 07-May-2010 at 04:04
Вчера приметив дека на локацијата за новиот зелен пазар на јужен булевар имаше булдожери го рушеа она што не беше дорушено и стоеше така полусрушено околу година. Изгледа ќе има наскоро почнување на активностите за изградба.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 04-Feb-2011 at 17:36
СЕ БАРА ИЗВЕДУВАЧ
Наместо Цветен ќе има затворен пазар

Фирмата „Камфуд“ наскоро ќе почне со изградба на затворениот пазар на местото на „Цветен пазар“. Фирмата деновиве распишан оглас во кој бара заинтересирани изведувачи на деловен објект - пазар со административно-деловни содржини. Понуди ќе се примаат до 15 февруари. Истовремено и Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ распиша оглас во кој бара изведувач на куќарки за цвеќе, за новата локација на пазарот, кај последната станица на автобусот со број 23. „Камфуд“ даде највисока понуда за државната парцела кај „Цветен пазар“, која пред две години се продаде на јавно наддавање. За плацот од 3.710 квадратни метри компанијата понуди околу 730.000 евра, односно 200 евра за еден квадратен метар, а земјиштето се нудеше за 100 евра. На земјиштето на „Цветен пазар“, според урбанистичкиот план, треба да се направи покриен пазар со најмногу два ката, со висина до десет метри и со паркинг-простор. Градежната маркичка зафаќа површина од 2.549 квадратни метри. Изградбата се одложуваше поради тоа што градските власти не обезбедија нова локација за преселба на пазарот за цвеќе.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2233&ArticleID=155844
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 04-Feb-2011 at 17:46
Se ispobunile ovie. kakva e ovaa recenica namesto cveten ke ima zatvoren. Pa nikogash ne ni beshe planirano ova da bide sveten. trebashe zelen pazar da se preseli tuka. Neka si proverat malku novinarive shto e sluchajot.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11922
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 27-Nov-2011 at 20:47
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 27-Nov-2011 at 21:03
Не е лошо.
Back to Top
fusion View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 17-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 13
  Quote fusion Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 27-Nov-2011 at 21:33
Malku me potseka na arhitektura od 60-tite, primer,muzejot na sovremena umetnost.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 28-Nov-2011 at 00:20
Рендеров изгледа сосема пристојно. Ако излезе вака ќе биде супер објект. Кога на терен ќе дојде класичниот сив алкобонд тогаш друга ќе биде приказната.
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 18-Dec-2011 at 00:11
Градбава можеби случајно, можеби не однадвор наликува стоковна куќа од југословенско време ... ама каква и да е подобра е од бараките и ѓубриштето на таа локација
А тоа што внатре ќе се наоѓа пазарот е уште една придобивка - конечно локацијата “зелено пазарче“ ќе се расчисти и Скопје ќе добие малку зеленило во тој дел.

Што се однесува до оваа градба најважно е да има ИСКЛУЧИТЕЛНО ДОБРА ВЕНТИЛАЦИЈА - зошто инаку непријатниот мирис ќе ги одвраќа Скопјани.
Уште една многу важна работа е решавањето на паркирањето - доколку не се предвидело подземен паркинг тогаш мора да се најде некое решение во близина ....
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 03-Feb-2012 at 00:52
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 03-Feb-2012 at 03:29
Друже воопшто не ми е јасно од кога КАМ маркетите толку напреднале да отворат трговски центар, или се работи за нешто друго ?!?!?Question
Back to Top
WNBARCH View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 15-Apr-2011
Online Status: Offline
Posts: 86
  Quote WNBARCH Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 03-Feb-2012 at 08:55
напреднале оддамна.уште во 2010 е поуспешна компанија од тинекс.аплицираа веќе разработен модел.газдата на алди(ист модел на малопродажба) е најбогат германец со 20 милјарди...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7066
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 03-Feb-2012 at 19:31
интересен е објектот ама локацијата е премногу екслузивна за него, не поради изгледот, туку поради функцијата... еднаш се зезнавме со Рамстор, не мора сега да ја продолжуваме таа традиција на далечина помала од 100 метри...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 15-Apr-2012 at 03:24
Почнаа ли овде градежните активности, и ако почнале ако знае некој нека каже до каде се.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.