build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Цветен пазар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Цветен пазар
    Posted: 05-Jul-2009 at 00:10
Цветниот пазар се' уште без нова локација

Одобрението за локација е на стенд-бај во Министерството за транспорт

Министерството за транспорт и врски се' уште не ја одобрило новата локација каде што треба да се пресели Цветниот пазар. Предлогот на Општината Центар и на цвеќарите привремените објекти да се преселат на паркингот на последна „23“-ка во Капиштец се' уште стои на стенд-бај во Министерството без конкретен одговор. Засега општинарите не размислуваат за нова опција, бидејќи, велат тие, старата не е одбиена.

Во Министерството, пак, вчера одговорија дека од Општината очекуваат да им биде доставена програма за привремени објекти, за која тие понатаму, според законот, ќе се произнесат. Конкретно, за Цветниот пазар велат дека нема да се сели се' додека не се најде соодветна заменска локација. Сепак, не соопштуваат зашто се' уште нема потврда за веќе договорената локација, ниту, пак, до кога планираат да ги држат цвеќарите во неизвесност.

Во меѓувреме, тече рокот од јавниот повик за продажба на локацијата каде што сега се наоѓа пазарот, објавен од Министерството за транспорт. Иако јавното наддавање е закажано за крајот на месецов, засега никој не соопштува што ќе се случува со Цветниот пазар по продажбата на земјиштето.

Цвеќарите реагираат дека нивните бизниси ќе пропаднат ако имаат пауза во работата, а времето на преселба им се наближува. Локацијата се' уште не е потврдена, а треба да се размислува и за нејзиното уредување кое дополнително ќе одземе време, велат тие. Оваа локација е на трасата на Јужниот булевар и повторно ќе биде привремено, а не трајно решение за Цветниот пазар.

Засега не се знае дали ќе се постават старите или, пак, ќе има нови куќарки, дали ќе им се зголеми бројот, ниту, пак, како ќе биде уреден просторот. Цвеќарите бараат сите цвеќарниците да бидат во ист ред, да има пристап со автомобил од сите страни и да се уреди подобро отколку старата локација. Договорено било наместо 15 куќарки, колку што има сега, во новиот пазар да има 20 за да се отвори можност за нови бизниси. Цвеќарите барале подобри услови внатре во објектите, но и подобро средување на околината со парк и клупи. (С.Н.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4E2191CC17CB594997423D0E655B92AB


Edited by Cloverstack - 05-Jul-2009 at 00:10
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 20-Jul-2009 at 15:26
Цвеќарите се селат од Стара железничка во Капиштец

Почетната станица на автобусот со број 23 во Капиштец ќе стане нов цветен пазар, а автобуската постојка нема да се преместува и целиот простор ќе се уреди, најави градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ. Општинските служби веќе доставиле барање до Министерството за транспорт и врски да им се одобри да го преместат Цветниот пазар, со оглед на тоа што сегашниот, кај Старата железничка станица, се продава за да се гради затворен зелен пазар. - Земјиштето каде што е автобуската постојка е државно, па за таа парцела поднесовме програма со која на Министерството за транспорт и врски му предлагаме тука да биде пазарот за цвеќе и чекаме да ни ја одобрат локацијата. Објектите од пазарот би ги сместиле во зеленилото, каде што сега се наоѓа дрворед од тополи. Просторот ќе се уреди, дрвјата ќе се исечат затоа што се штетни, а ќе се направат патеки и пристап до паркинг-просторот &“8211; вели Тодоровиќ. Градоначалникот на Центар објасни дека прво ќе почека да види колкав дел од земјиштето ќе добие „Градски паркинг“ за да го прошири паркинг-просторот спроти поранешната зграда на „Нова Македонија“, па потоа ќе го доуредат и просторот за автобуската станица. Од Министерството за транспорт и врски потврдија дека се работи за државно земјиште, но оттаму, како и многу пати досега, одговорија дека немаат барање од Општината да ја преземе локацијата кај почетна 23. - До нас не е доставена програма за привремени објекти од Општина Центар. Ако биде доставена таква програма, Министерството ќе ја почитува секоја одлука на Општината што е во согласност со законската регулатива &“8211; одговори Драган Симоновски, портпарол на Министерството. Освен Цветниот пазар, кај Старата железничка станица ќе треба да се урне и објектот на дисконтот „Тинекс“. Тодоровиќ, кој е сопственик на синџирот маркети, вели дека властите се уште го толерираат на таа локација затоа што има важечки договор. - Имам договор до 2012 година за тој маркет, но со оглед дека околните дуќани ги урнаа и ние ќе мораме набргу да се дислоцираме. Маркетот ќе го префрлиме во катната гаража во Капиштец, која ја отвораме од септември &“8211; најави градоначалникот. Проблемот со Цветниот пазар се провлекува со години. Прво тој се наоѓаше на градскиот плоштад, а потоа беше префрлен спроти Зелено пазарче. И тука користеше привремена локација, а така најверојатно ќе биде и на новото место во Капиштец затоа што ќе биде сместен на трасата на која, според ГУП, треба да поминува Јужниот булевар. Пред Тодоровиќ, и поранешната градоначалничка Виолета Аларова се обидуваше да го дислоцира пазарот за цвеќиња на автобуската станица, но не успеа во тоа затоа што надлежното Министерство не &“38; ја одобри локацијата.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1761&ArticleID=118087
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 25-Jul-2009 at 02:20

Цветен се продава, Општината се мисли

Допрва ќе се уредува локацијата кај последна „23“ каде што ќе се пресели пазарот, а се' уште не се знае ниту кој ќе стопанисува со него

Државното земјиште на кое се наоѓа Цветниот пазар ќе се продава на лицитација на 30 јули, а времените објекти за продажба на цвеќиња се' уште не се преселени на новата локација на последната станица на автобуската линија 23, спроти зградата на „Нова Македонија“. Новата локација допрва треба да ја уреди Општина Центар, а претходно Министерството за транспорт и врски треба да и' го додели земјиштето.

Според изјавите од одделението за односи со јавноста во Општината, тие дури пред три дена побарале надлежното министерството да им издаде одобрение за новата времена локација на Цветниот пазар. Тие, до Министерството доставиле програма за поставување времени објекти на просторот кај последна „23“.

- Барањето за Цветниот пазар до Министерството е испратено во викендот. Според планот за изгледот на новиот цветен пазар, времените објекти ќе бидат поставени еден до друг, во кружна форма. Така би се избегнало да има прва и втора линија како што беше досега, односно на новата локација сите ќе бидат рамноправно поставени - велат во Општина Центар. Од Министерството за транспорт велат дека штом ќе ја добијат програмата за поставување времени објекти ќе и' го отстапат земјиштето на Општина Центар за да може да го подготви просторот за новиот пазар.

На местото на сегашниот Цветен пазар, кој тука опстојува 12 години откако се пресели од плоштадот Македонија, според деталниот урбанистички план ќе се градат повеќе деловни објекти. На градежната парцела што ќе се продава, според важечкиот детален урбанистички план, е предвидена изградба на покриен зелен пазар. Површината на градежната парцела е 3.710 квадратни метри, а почетната цена на лицитацијата е 6.600 денари за квадратен метар.

Десетината цвеќари што работат на пазарот велат дека во последно време ниту некој ги посетил од Општината ниту ги информирал за дислокацијата.

- Имавме средба со градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, но никој ништо не спомна. За дислокација на пазарот се зборува во последните десет години и ништо не се случило. Сегашната локација е привремена оти е на трасата на Јужен булевар, но и таа што ја предлагаат кај последна „23“ е на истата траса и пак ќе биде привремена. На средбата со градоначалникот се договоривме наместо 15, во новиот пазар да има 20 нови куќарки. Бараме подобри услови за работа, внатре во објектите да има вода и тоалет, но и подобро уредување на околината. Сегашните дуќани се пред распаѓање. Се надеваме дека и „Паркови и зеленило“ ќе помогне, а можеме и ние да инвестираме - вели еден од пазарџиите.

Изминатите неколку години беа предложувани и други локации за нов цветен пазар, на кејот на Вардар, спроти Народна банка или на „Илинденска“, но ниедна од нив не им одговарала на цвеќарите. Од „Паркови и зеленило“, кои стопанисуваат со Цветниот пазар, велат дека ништо не им е кажано за дислокацијата.

- Немаме конкретни информации од Општината Центар. Имаме писмо дека пазарот ќе се пресели, но не е прецизирано кога, ниту дали и на новата локација нашето претпријатие ќе стопанисува со него - велат од „Паркови и зеленило“.Оттаму додаваат дека не се знае ниту дали цвеќињата ќе се продаваат во нови куќарки или ќе се преселуваат старите, кои се дотраени.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E6F7B88380DDDB46979432D007853063
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 29-Jul-2009 at 02:36
Цветен пазар се сели во Капиштец

Градоначалникот Владимир Тодоровиќ објаснува дека одлучиле пазарот да се сели за да не останат вработените во цвеќарите без работа. Новата локација на Цветниот пазар е кај последната постојка на линијата 23 во Капиштец

Цветниот пазар од Јужен булевар Општина Центар ќе го пресели во Капиштец кај постојката на последна 23-ка. Градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ најави дека пазарот мора да се сели и просторот да се расчисти, бидејќи државата ќе го продава земјиштето.
Градоначалникот Тодоровиќ вели дека одлучиле да го преселат пазарот на привремена локација за да не останат луѓето без работа. Тој објасни дека цвеќарите ќе бидат сместени во времени објекти.
"Просторот ќе го оградиме, ќе го поплочиме и ќе го осветлиме. Никако нема да дозволиме луѓето да останат на улица", вели Тодоровиќ.
Дислокација на Цветниот пазар кај последна 23-ка најавуваше и ексградоначалничката на Центар Виолета Аларова, која ветуваше дека во Капиштец ќе направи модерен "гарден центар". Но тоа не се случи, бидејќи не доби одобрение од Министерството за транспорт и врски.
"За да можеме да ги преместиме времените објекти, потребно е Министерството за транспорт да ни го даде земјиштето на времено користење и да ни ја одобри програмата за времени објекти. Според законот, оваа програма треба да ги содржи времените објекти на територијата на целата Општина, а бидејќи тоа ќе ни одземе време, замоливме Министерството да ни дозволи да направиме програма само за овој простор", рече Тодоровиќ.
Тој очекува одобрението од Министерството да го добие по завршувањето на летните одмори, по што, како што рече, ќе почнат со уредување на просторот за да можат да го преселат пазарот.
Од Министерството за транспорт и врски велат дека Општината со уште не доставила програма за времени објекти, и додаваат дека ќе ја одобрат доколу програмата што ќе ја состави Центар е во согласност со законската регулатива.
Со деталниот урбанистички план, на местото на сегашниот цветен пазар предвидена е изградба на затворен пазар, каде што цвеќарите потоа повторно ќе можат да се сместат, со тоа што ќе изнајмат деловен простор.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=BD28D3265A0180488CE4008F2EF4E756
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 12-Aug-2009 at 23:53

Цветниот пазар ќе се сели на последна „23“

Цветниот пазар дефинитивно ќе се сели на последната постојка на автобуската линија „23“, спроти зградата на „Нова Македонија“, соопшти вчера градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ. Тој информираше дека за локацијата има усна согласност од Министерството за транспорт и врски и дека во тек се подготвителните работи за дислокација на привремените објекти. Просторот каде што веќе десетина години егзистираше цветниот пазар неодамна и' е продаден на домашната компанија „Кам фуд“, која според Деталниот урбанистички план тука треба да изгради зграда во висина од 10 метри, каде што ќе биде сместен затворен пазар.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=FB4741D2FA5E054CB5AE0DCBA1ED21C2
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 06-Oct-2009 at 08:04
„Кам фуд“ ја купи старата локација на Цветниот пазар, новата се' уште неизвесна

Општина Центар до крајот на јануари мора да го пресели
Цветниот пазар на нова локација

Сања Наумовска


Фирмата „Кам фуд“, која кон крајот на јули на јавно наддавање ја купи парцелата на која се наоѓа Цветниот пазар се' уште не побарала градежна дозвола за изградба на затворен пазар. Во меѓувреме, локацијата на која требаше да се дислоцираат цвеќарите, последна „23“ во Капиштец, е претворена во нов паркинг-простор.

„Кам фуд“ во предвидениот рок од 15 дена по лицитацијата ги платила сите 725.000 евра, колку што ги чинеше земјиштето од 3.710 квадратни метри. За вадење на градежната документација, според законот, имаат рок од шест месеци од потпишувањето на договорот. Досега се изминати речиси два месеца, а целиот објект треба да биде готов во рок од две години. Деталниот урбанистички план за предметната парцела предвидува изградба на зелен пазар од затворен тип, со максимум два ката. Според најавите на новите сопственици, во комплексот сигурно ќе има и маркет од синџирот „Кам фуд“, а можно е во рамки на зелениот пазар да биде изграден и мини цветен пазар.

Во меѓувреме, до крајот на јануари, до кога новиот газда на земјиште мора да го подготви проектот и да ја обезбеди дозволата, Општина Центар треба да го дислоцира Цветниот пазар на новата локација. Засега, општинарите немаат официјална потврда од Министерството за транспорт и врски дека ќе биде одобрена локацијата на последна „23“-ка.

„Програмата за привремени објекти, во која е вклучен и Цветниот пазар, ни е вратена од Министерството за да се доработи. Деновиве активно се работи на забелешките, по што таа повторно ќе се достави до Министерството за добивање согласност“, информираат од Центар.

Локацијата на последна „23“ неколкупати беше посочена од самите сопственици на цвеќарниците како најдобра замена на сегашниот Цветен пазар, со приближно иста големина, лесна пристапност и добра позиција во центарот.

Неодамна, пак, на дел од истата локација се прошири паркиралиштето „Дом на печат“ на јавното претпријатие „Градски паркинг“. Обележани се нови 100 паркинг-места, кои зафаќаат речиси половина од локацијата наменета за цветен пазар. Во „Градски паркинг“ велат дека за проширувањето на паркиралиштето имаат проект и дозвола од Градот и од МВР. Оттаму не знаат дали нивниот паркинг ќе им пречи на цвеќарите, но велат дека со оглед на тоа што дозволата им е од привремен карактер, ако има пречки тие ќе се повлечат од локацијата.

Во Општина Центар сметаат дека ќе има доволно време за завршување на целата постапка пред да почне изградбата на затворениот пазар. Пред селидбата на привремените објекти во кои се наоѓаат цвеќарите треба да се уреди новата локација, да се направи довод на вода и струја, а во опција е и зголемување на бројот на цвеќарници.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 03-Nov-2009 at 16:40
ОД ПРЕСЕЛБАТА УШТЕ НЕМА НИШТО
Цветниот пазар на старото место

Цветниот пазар се уште нема добиено нова локација, иако конечна преселба се најавуваше уште пред два месеца. На негово место треба да се гради пазар од затворен тип, за кој земјиштето летово го купи компанијата „Кам фуд“. Единствена пречка за почеток на градбата се привремените објекти во кои се продава цвеќе. Продавачите велат дека засега нема ништо ново и никој не побарал да се преместат од оваа локација. На последната седница на Советот на општина Центар, градоначалникот Владимир Тодоровиќ изјави дека треба што поскоро да се најде нова локација за цвеќарите. Тој најавуваше дека тоа ќе биде последната станица на автобусот со број 23, но просторот засега е празен. - Се уште не е завршена постапката за донесување програма за поставување привремени објекти и урбана опрема - одговори Јовица Ацковски, портпарол на Центар. Во јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ велат дека добиле писмо од Општината во кое се бара да се дислоцираат тезгите за цвеќе од пазарот, но не е понудена нова локација. - Не можеме да го спроведеме селењето затоа што немаме решение со точно одредена локација каде што треба да ги префрлиме објектите. Се обративме и до Советот на Градот и оттаму ни ја посочија последната станица на 23-ка, но само како мислење, а не сме добиле официјална одлука - велат од „Паркови и зеленило“.

Р.П.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1857&ArticleID=125719
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 30-Mar-2010 at 00:48
Скопје без Цветен пазар?!


Цветниот пазар ќе се дислоцира, бидејќи местото каде што се наоѓа сега е во приватна сопственост


Членовите на Секцијата на цвеќари на Цветниот пазар вчера во Занаетчиската комора во Скопје одржаа прес-конференција во врска со дислокацијата на Цветниот пазар. Околу 60-ина сопственици на цвеќарници истакнаа дека стравуваат за својата егзистенција, бидејќи тоа што го работат им е единствен начин да преживеат. Претседателката на Секцијата на цвеќари, Анета Маневска, истакна дека тие имаат навистина голем проблем и дека овој проблем е долгорочен, односно пред година-две за дислокација на Цветниот пазар.
- Ние сме свесни дека ова се привремени објекти, и дека кога-тогаш нас мора да не дислоцираат на друго место. Ние се обидуваме да дојдеме до институциите кои се надлежни за нашиот проблем и да пронајдеме начин како да се реши овој проблем. Прво бевме упатени до Општина Центар, до градоначалникот Тодоровиќ, кој по негова иницијатива пред една година не викна на неофицијален состанок и ни вети дека стои позади нас како тотална поддршка и дека нема да дозволи воопшто да не дислоцираат додека не ни најдат нов објект - истакна претседателката Анета.

Таа додаде дека апелираат до надлежните институции, првенствено до Општина Центар, дека сите метрополи имаат цветен пазар, бидејќи е важен сегмент за градот.
- Сепак тоа е естетскиот дел од градот и работата е што ние 60 семејства егзистираме од тука. Потребните давачки кон државата ние целосно ги почитуваме и ги плаќаме. Исто така, зад нас стојат и земјоделците кои имаат подигнато кредити од државата за да го пласираат својот производ цвеќето кое 80 отсто го пласираат на Цветниот пазар, затоа што ние не работиме само со увозно цвеќе, туку работиме и со домашно македонско цвеќе. Имаме проблем, институциите не се огласуваат, си ја префрлаат топката едни на други, но ние, сепак, ќе останеме упорни да добиеме локација, каде што ќе можеме да продолжиме со работа и да не останеме на улица, додаде Анета.

Градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ изјави дека целосно ги подржува барањата на цвеќарите и дека нема да дозволи тие да бидат дислоцирани на ниедно друго место се додека не се најде соодветно место каде што ќе бидат сместени.
- Цвеќарите нема потреба да стравуваат во врска со преместување на друга локација. Се додека не се најде соодветно решение за нивниот проблем тие ќе останат на Цветниот пазар. Кога ќе се реши сето ова, новата локација на Цетниот пазар ќе биде на последна автобуска станица 23 спроти зградата на Нова Македонија, изјави Тодоривиќ.

http://vecer.com.mk/?ItemID=2FC8A6E27060AB44B7232881FFA15E10
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 01-Apr-2010 at 16:35
Цветниот пазар ќе добие нова локација

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска оствари средба со градоначалникот на општината Центар, Владимир Тодоровиќ и со претставници на Здружението на цвеќари при Занаетчиската комора.
 
Како што информираат од Град Скопје на средбата се разговарало за новата локација на којашто ќе се премести Цветниот пазар и беше изразено уверување дека нема да има застој во работењето на пазарот за цвеќе, информираат од Град Скопје.
“Цветниот пазар во Скопје ќе продолжи непречено да работи на нова локација, спроти Домот на печатот, на последната станица на автобусот број 23” рече градоначалникот Трајановски по средбата.
 
Во тек е изработката на проектот за Цветниот пазар којшто треба да биде готов кон крајот на следната недела. Овој договор што го постигнавме со општината Центар и со претставниците од Занаетчиската комора е уверување дека нема да постои вакуум во работењето на Цветниот пазар, додаде Трајановски.
Градоначалникот Тодоровиќ објасни дека Цветниот пазар ќе остане на постојната локација уште неколку месеци, додека сопственикот на парцелата “Камфуд“ не ја докомплетира потребната документација за добивање градежна дозвола и не го достави основниот проект.
 
 http://www.time.mk/read/52470e26bc/039f1095f0/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 02-Apr-2010 at 23:26

ВО СКОПЈЕ


Сепак ќе има Цветен пазар


Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, оствари средба со претставници на Здружението на цвеќари при Занаетчиската комора.
- Цветниот пазар ќе остане. Скопје ќе има Цветен пазар и ќе нема вакуум во функционирањето на овој пазар. Преку Општина Центар имаме доделено локација за која изготвуваме проект, кој ќе биде готов следната недела. Врз основа на тој проект ќе биде реализиран Цветниот пазар. Во него покрај Цветниот пазар ќе има уште неколку содржини, истакна градоначалникот Трајановски.

Тој потенцираше дека локацијата на новиот Цветен пазар ќе биде спроти зградата "Нова Македонија", кај автобуската станица на бројот 23.

Градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, додаде дека откако ќе се оформат куќичките на новата локација, цвеќарите веднаш ќе се преселат на новата локација.
Никола Петров, претседател на Занаетчиската комора на Скопје и претставник на цвеќарите изрази благодарност и задоволство од ангажирањето на градоначалниците.
- Сметаме дека нема да постои вакуум во дислоцирањето на Цветниот пазар, туку цвеќарите ќе продолжат да стопанисуваат, рече Петров. Инаку, на новиот Цветен пазар ќе работат 20 цвеќари.

(А.И.)                                                                                                                                                          http://www.vecer.com.mk/?ItemID=19907BDBD9094044ABB099227A9D47D8
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 29-Apr-2010 at 03:21

Цвеќарите „овенаа“ чекајќи нов пазар

Цвеќарите од пазарот кај Старата железничка станица работат во неизвесност, оти ниту Општина Центар ниту Градот Скопје не ги известиле кога ќе се селат на новата ветена локација и до кога ќе може да останат на сегашното место, кое е приватно земјиште на фирмата „Кам маркет“. Тие велат дека Општината уште пред еден месец им најавила дека ќе ги пресели на последна автобуска станица на линијата „23“, но оттогаш никој не дошол да ги информира до каде се работите околу изградбата на новиот цветен пазар.

Цвеќарите велат дека веќе нема да се противат на селидбата, оти се свесни дека новите газди на локацијата треба да почнат да градат, а досега биле толерантни кон нив.

- Чекаме, во неизвесност сме. Никој ништо не не' информира. Иако често поминувам на последна автобуска „23“, таму не се случува ништо. Не можам да планирам дали и колку цвеќе да нарачам, оти не знам до кога сме тука и дали воопшто ќе се селиме. Ние заработуваме колку за една плата, тоа треба да го знаат тие што ни ги планираат работата и судбината - вели една цвеќарка.

Од Општина Центар велат дека интензивно се работи на проектот и дека си стојат на договорот со сопствениците на парцелата.

- Град Скопје го работи проектот, а Општината додели локација на последна „23“ во Капиштец. Според проектот, предвидени се 20 куќички во кои ќе бидат сместени досегашните 17 цвеќарници и плус 3 нови. Освен ова, предвидени се уште неколку нови содржини, за кои ќе се знае поконкретно по изработката на проектот. Идејата е новиот цветен пазар да има нов лик, различен од досегашниот и, нормално, да биде сличен на некој од светските цветни пазари - изјавија од Општина Центар.

Од Градот велат дека интензивно работат на подготовките за новата локација.

- Тоа нема да биде само цветен пазар. На локацијата е предвидено и такси-стојалиште, но останува и последната станица на автобусот „23“. За другите содржини и како конкретно ќе изгледа пазарот, ќе причекаме уште некој ден и ќе видиме како изгледа финалниот проект - велат од одделението за односи со јавност во Градот.

Од „Кам маркет“ изјавија дека три-четири месеци чекаат градежна дозвола од Општина Центар.

- Кога пред еден месец се обидовме да го оградиме просторот, кој легално го купивме, цвеќарите речиси направија бунт. Решивме да им излеземе во пресрет и се договоривме со Општина Центар да ги причекаме два месеца. Еден месец помина, а на терен не се случува ништо. Имаме информација дека проектот за цветниот пазар е во изработка или веќе е изработен. Ние ќе го причекаме договорениот рок и потоа ќе почнеме со нашите активности - изјавија одговорните во „Кам маркет“.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CB2F4ABF7561904495882BE9DA3CA6C1
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 01-Jun-2010 at 15:44

Цветен пазар конечно ќе се сели

Подготвување на програмата за дислокација на сегашниов пазар е при крај, по што сите цвеќарници ќе се преселат на просторот од Паркот на новинарите до паркингот кај постојката Преселбата на Цветен пазар на просторот кај последна 23-ка во Капиштец се очекува до крајот на наредниот месец.
Подготвување на програмата за дислокација на цвеќарниците е при крај, по што ќе следат подготовките за целосно уредување на новиот простор од Паркот на новинарите до паркингот кај постојката каде што ќе се доселат сите дуќанџии од сегашниов пазар, сместен кај "Рамстор".
"Програмата за уредување на просторот е во завршна фаза и наскоро ќе се знаат сите информации за содржината на проектот. Откако ќе завршат потребните процедури, ќе може да се дислоцира пазарот ", велат од Град Скопје.
Според најавите од претходните години, новиот Цветен пазар нема да изгледа како класичен пазар туку ќе претставува своевиден Гарден центар, бидејќи во него треба да има не само продавници за цвеќе туку и продавнички кои ќе нудат целосен хортикултурен дизајн. Беше предвидено центарот да се уреди со модерна урбана опрема и фонтана.
Со Деталниот урбанистички план, на местото на сегашниот цветен пазар предвидена е изградба на затворен пазар каде што цевеќарите потоа повторно ќе можат да се сместат, со тоа што ќе најмат деловен простор.
Поради новиот цветен пазар, планирано беше и дислоцирање на автобуската постојка и целосно хортикултурно уредување на тамошниот простор.

http://vest.com.mk/?ItemID=3F72CD0FAFA3844A99F60E023F8C6358
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 28-Jun-2010 at 01:06

Цвеќарите ги затвораат дуќаните

Пазарџиите што работат на единствениот Цветен пазар во Скопје се' уште не знаат кога ќе треба да ја напуштат старата локација кај Старата железничка станица и да се преселат на новата, кај последната станица на автобуската линија „23“. Пазарџиите се разочарани, а дел од нив веќе ги затворија цвеќарниците оти се во неизвесност колку и до кога да набавуваат цвеќе.

- Со вакви временски услови во дел од цвеќарите на пазарот е невозможно да се работи. Никој ништо не не' известува, ниту Градот ниту општината. Повеќе за нашата судбина дознаваме од муштериите, кој каде слушнал ни пренесува по некоја информација. Целава работа ни изгледа многу несериозна и килава. На новата локација никој ништо не работи, а кај и да е сопственикот на ова место „Кам-маркет“ ќе си ја огради локацијата за да си го гради објектот. Најстрашно ќе биде ако во пет до дванаесет ни побараат нови услови, како на пример да плаќаме висока закупнина или сами да ги платиме киосците, како што им направија на трафикантите во Аеродром - вели една од цвеќарките на пазарот.

Од Градот, кој требаше веќе да има готов проект за новиот цветен пазар, не коментираат за нови услови за пазарџиите, ниту објаснуваат кој ќе ги плати новите киосци каде што ќе бидат сместени. Од одделението за односи со јавноста велат дека надлежните служби работат на проектот, ама не знаат кога ќе биде готов.

- Програмата за поставување објекти на овој потег е завршена. За завршување на проектот за комплетно и детаљно уредување на овој потег неопходно е дополнително време, поради повеќето содржини предвидени во проектот - такси-стојалишта, автобуска станица и цветен пазар. По завршувањето на основните пресметки и добивањето согласност од Министерството за транспорт и врски, ќе се почне со изведба - се вели во одговорот од Градот.

Од општина Центар, пак, велат дека го чекаат проектот на Градот, па дури тогаш ќе се вклучат во работата.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=29A6FA8232829C4C8F931D2A03A8598D
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 17-Aug-2010 at 16:37
НЕИЗВЕСНА ПРЕСЕЛБАТА НА ЦВЕЌАРИТЕ
И натаму игра со Цветниот пазар

Роза Петкова

Не се знае чие е земјиштето на последната станица на автобусот 23, па затоа Град Скопје и Општина Центар не можат да го преселат Цветен пазар на новата локација. Градските власти веќе неколку месеци даваат исти одговори во јавноста, а тоа е дека програмата за преселба на куќичките за цвеќе се подготвува и кога Министерството за транспорт и за врски ќе ја одобри, ќе почне да се уредува просторот за нов пазар. Од Министерството по кој знае кој пат велат дека програмата е некомплетна и ќе му ја вратат на Градот, затоа што не се доставени документи за сопственост на земјиштето. Во Градот изминативе месеци криеја каде застана преселбата на цвеќарите, за кои ова прашање е итно да се разреши затоа што на местото на сегашните куќарки фирмата „Камфуд“ треба да почне со изградба на затворен пазар. - Програмата за цветниот пазар е во Министерството за транспорт и за врски, а се очекува одговорот за да може Град Скопје да ги продолжи постапките за реализација - рекоа од Одделението за односи со јавност. Во Министерството потврдија дека програмата е кај нив од пред еден месец.
- Комисијата за одобрување програми за отстранување привремени објекти констатираше дека таа е непотполна и дека треба да се достават имотни листови за утврдување на сопственоста на земјиштето, што значи дека програмата ќе биде вратена до Град Скопје, со укажување да ја дополни - изјавија од Министерството. Од здружението на цвеќарите велат дека и нив цело лето ништо ново не им е кажано, ниту, пак, дошле претставници од „Камфуд“ да ги иселат.
- Работата е во затишје. И ние не знаеме ништо повеќе од она што се кажуваше пред неколку месеци дека ќе не преселат во Капиштец - вели Анета Маневска, претседателка на секцијата на цвеќарите, при Здружението на занаетчиите.
Во фирмата - инвеститор на новиот затворен пазар велат дека се подготвени во секој момент да почнат со изградба, штом добијат градежна дозвола.
- Поднесено ни е барањето за решение за локациски услови и за одобрение за градба, но Општината не ни ги издава тие документи додека не се дислоцира пазарот. Рокот за почеток на градење е шест месеци, но во Министерството за транспорт и за врски ни го продолжија. Ние сме подготвени да почнеме со работа. Имаме идеен проект, финансиска конструкција, имотен лист за местото - вели Александар Донев, претставник од „Камфуд“.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2097&ArticleID=146658
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 26-Aug-2010 at 11:36

Цветниот пазар ни да мрдне од старата локација


Цветниот пазар изминативе неколку месеци изгледа жално. Речиси да нема минувач што не се загледува во празните дуќанчиња на пазарот. Додека чекаат преселба на некоја нова локација, дел од цвеќарите ставија клуч на дуќаните

 
 
%20  
- Под притисок сме веќе со месеци, но очигледно никој не е засегнат. Надлежните најавија дека ќе се селиме, ама како и кога сé уште не знаеме. Занаетчиската комора направи и проект и толку. Голем дел од колегите што си заминаа не ни веруваа дека некогаш ќе се селиме. Сметаат дека кога „Камфуд“ ќе почне да го гради затворениот пазар, нас едноставно ќе нé затворат. Разговаравме и со двајцата градоначалници, Коце Трајановски и Владимир Тодоровиќ, но очигледно сé што кажаа беше само колку да нé смират во тој момент - раскажува цвеќарката Роса.

Градските власти во март најавија дека цветниот пазар до крајот на април ќе се премести на новата локација, на последната станица на автобусот „23“, спроти бивша „Нова Македонија“. И сé остана на најави. А проектот за нов цветен пазар на оваа локација го промовираше пред неколку години уште градоначалничката Виолета Аларова.

Од Занаетчиската комора велат дека својот дел од обврската го исполниле. Иако имало стар проект, тие направиле уште еден и го доставиле до градските власти. Со овој проектот на локацијата ќе се постават 16 куќички, кои освен простор за изложување на цвеќето, ќе имаат и тоалети.

- Проектот го доставивме на почетокот на летово, но од градот никаков одговор сé уште нема. Се надевам дека целава работа нема да се заташка и дека и општината Центар и градот ќе си стојат на зборот. Можеби застојот е поради одморите. Се надевам дека од септември работите ќе тргнат од мртва точка - велат од Занаетчиската комора.

Од градот нé информираа дека програмата за дислокација на цвеќарниците е при крај, по што ќе следи уредување на просторот од Паркот на новинарите до паркингот на последна „23“, каде што треба да се сели цветниот пазар.
 
 
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=826101017587&id=14&prilog=0&setIzdanie=22069
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 12-Oct-2010 at 14:09

градонаЧалникот трајановски СЕ ПИШМАНИ

Нема нов Цветен пазар

Пред неколку месеци, градоначалникот Коце Трајановски најави преселба на цвеќарниците кај последна 23-ка, но ветувањето сега паѓа во вода оти Градот нема пари за нови цвеќарници

Нема да се гради нов Цветен пазар во Скопје. Ова е конечен збор на Градот, и покрај тоа што пред само неколку месеци градоначалникот Коце Трајановски се пофали дека скопјани конечно ќе добијат нов пазар.
Долгогодишните подготовки за преселба на цвеќарниците кај последна 23-ка, сепак, пропаднаа, па постојните тезгиња засега остануваат на старото место, веднаш до Рамстор.
Недостигот на пари за нови цвеќарници е единствената причина со која Градот се правда за промена на долгогодишните планови.
"Нема пари за изградба на нов Цветен пазар. Ако успееме да се договориме со цвеќарниците заеднички да го решиме проблемот, можеби пазарот, сепак, ќе се изгради", кусо изјави Душан Авировиќ, директор на ЈП "Паркови и зеленило".
Неофицијално се зборува за евентуален договор со цвеќарниците, согласно кој тие сами ќе изградат куќарки, а потоа нема да плаќаат закуп, но дефинитивно решение засега сè уште нема.
Според најавите од претходните години, новиот Цветен пазар требаше да се смести на слободниот простор од Паркот на новинарите до паркингот кај автобуската постојка за последна 23-ка.
Замислен беше како Гарден центар, бидејќи во него требаше да има не само продавници за цвеќе, туку и продавнички кои ќе нудат целосен хортикултурен дизајн. Беше предвидено околината да се уреди со модерна урбана опрема и фонтана.
Локацијата каде што сега се наоѓа Цветниот пазар е сопственост на фирмата "Кам фуд" која на тоа место треба да гради затворен пазар. Новите газди можат во секој момент да ги иселат цвеќарите и да им ги урнат дуќаните, оти веќе една година чекаат да се расчисти локацијата за да почнат да градат.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=19A1A2F4B7C87849BFFAE0850880BD1E

Цвеќарите на нова локација, но во старите куќарки

На цветниот пазар моментално работат 15 цвеќарници, кои се во катастрофална состојба, а при евентуална преселба, може и да се распаднат

„Паркови и зеленило“ нема пари за нови куќарки за Цветниот пазар. При планирањето на буџетот за идната година, јавното претпријатие не предвидува ваква ставка, информираше директорот Душан Авировиќ. Привремените објекти во кои работат цвеќарите се стари повеќе од десет години, но засега не се планира нивно менување. Тие се сопственост на „Паркови“, а цвеќарите за нив плаќаат месечна закупнина.

Во иднина, по преселбата на Цветниот пазар на новата локација цвеќарите ќе треба да работат во истите куќарки. Тие не се задоволни од тоа, бидејќи, велат, објектите и сега се катастрофална состојба, а при преселбата може и да се распаднат. Решението може да се бара во заедничка инвестиција меѓу нив и јавното претпријатие.

„Доколку ’Паркови и зеленило’ нема пари да купи нови куќарки и да им ги понуди на цвеќарите, тогаш нека размислува за приватно-јавно партнерство. Можеби цвеќарите ќе сакаат самите да инвестираат и да си купат нови објекти, кои најмногу ќе одговараат на условите што ги бара нивниот бизнис. На сметка на инвестицијата, ’Паркови’ може да се откаже од дел од закупнината“, предлага советникот во Советот на Скопје, Слободан Близнаковски од ВМРО - Народна партија.

На цветниот пазар моментално работат 15 цвеќарници. Земјиштето за 725.000 евра се продаде минатата година на фирмата „Кам фуд“, која на површина од 2.000 квадратни метри ќе гради затворен пазар. Цвеќарите треба да се преселат на нова локација, на последна „23“, но досега ниту Министерството за транспорт ниту Општината Центар го потврдиле изборот на локацијата, ниту, пак, кога ќе биде преселбата.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=4799FE6FE111D24C81CE75FE0BE514CD

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 12-Oct-2010 at 14:16
Ова одложување можеби не е до немање пари за нов цветен пазар, туку можеби Камчеви моментално немаат пари да го градат нивниот објект...
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 14-Oct-2010 at 19:39
Originally posted by Cloverstack

Ова одложување можеби не е до немање пари за нов цветен пазар, туку можеби Камчеви моментално немаат пари да го градат нивниот објект...
Новиот Цветен пазар ќе има 16 тезги за цвеќиња и сувенири

Привремени паркинзи, приодни патеки, како и платформа на која ќе се постават 16 тезги со најмногу 16 квадратни метри ќе бидат поставени како времени објекти на потегот од последна 23-ка кај зградата на Нова Македонија до постојниот времен паркинг на АМСМ

На овие тезги ќе биде преместен Цветниот пазар за кој со години општинарите на Центар бараат локација каде да го преместат. На платформата е предвидено и да служи за одржување на туристички и културни настани. Оваа Одлука ја донесе вчера Градскиот совет.
Исто така, Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ во својата работна програма ја проширува дејноста во цела Македонија. Според Сашо Лазаревски, директорот на претпријатието како новина се внесува и чистење на водомери кое ќе го користат само јавните претпријатија.
„Ова е нова услуга за која набавивме машина и ќе ја користат само јавните претпријатија во Македонија. Се работи за чистење на водомерите, а цената ќе изнесува 120 денари по парче“, рече Лазаревски.
На седницата се донесе и Одлука за задолжување на градската управа кај комерцијалните банки од 8,5 милиони евра за изградба на две катни гаражи во Скопје.
Според Градоначалникот Коце Трајановски, поголем дел од парите за катните гаражи Градот ќе ги одвои од три буџети и тоа за 2010, 2011 и 2012 година, а остатокот ќе биде од кредит.
„Проектот за двете катни гаражи го почнавме многу внимателно и затоа се започнува само со две, а не со сите осум катни гаражи. Проектот е финансиски исплатлив бидејќи истовремено ќе се продава и деловниот простор на катните гаражи и на тој начин ќе се отплаќа кредитот“, рече Трајановски.http://www.forum.com.mk/search#31188

Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 15-Oct-2010 at 23:58
Подетално

Цветен пазар се сели кај последна „23“

Објектите од Цветниот пазар ќе се селат на локацијата на последна „23“, одлучи градската власт. Иако изминативе недели преовладуваше ставот дека нема да им се најде нова платформа за продажба, на завчерашната седница на Советот беше усвоена одлука со која ова прашање, по една година неизвесност и преговори со продавачите, конечно се затвора. На оваа локација, на улицата Народен фронт во Капиштец, предвидена е и дејност продажба на сувенири, но тоа е опција и не е задолжително. На површината на постојното паркиралиште на „Градски паркинг“, долж улица Мито Хаџивасилев-Јасмин, ќе се овозможи двострано паркирање за лесни возила, како и терминал за автобуси и такси.

Градот претходно имаше средби со цвеќарите во рамките на Занаетчиската комора. Оттаму објаснуваат дека објектите ќе бидат од привремен карактер. Ќе останат на ова место се' до реализација на урбанистичкиот план, а тоа значи додека државата не реши да го продаде и ова место за она што е предвидено да се гради.

- Цветниот пазар ќе се состои од 16 монтажни објекти со површина до 16 м2. Платформата за туристички и културни настани ќе се користи за збогатување на туристичката понуда во градот - велат надлежните.

Како што е познато, на старата локација, спроти Зелениот пазар, предвидена е изградба на затворен објект, исто така пазар, откако фирмата „Камфуд“ го купи државното земјиште на лицитација. Тогаш и се отвори дилемата дали продавачите ќе останат на улица или сепак Општина Центар или Градот ќе најдат друга локација за овој единствен пазар на цвеќе. Секцијата на цвеќари при Комората една година апелираше за разбирање кај градските власти, имајќи предвид, како што кажаа, дека од оваа дејност егзистираат околу 60 семејства. Освен продавачите, од неа живеат и земјоделците што кај нив го пласираат цвеќето.

Во рамките на оваа пограма, предвиден е и терминал за автобуси, но и стојалиште за девет возила за такси-станица. Во рамките на терминалот ќе има автобуско стојалиште за пристигање и поаѓање на автобуси, и тоа за два единечни, паркинг-простор за два автобуса, како и билетарница и тоалет за вработените.

Овој пазар 15 години шета од локација на локација. Прво беа поставени тезги на плоштадот Македонија, а по некое време беа преселени спроти Зелен пазар. И оваа локација, кај последна „23“, за овие стопанственици не е сигурна, имајќи предвид дека од 1 јануари, државното земјиште преоѓа во раце на општинските власти и тие со негова продажба ќе сакаат да остварат што поголем профит.

Јорданка Ивановска


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=0390645E2549024D9DAC259FAFAEE89B

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 02-Nov-2010 at 18:48
Нови детали

СЕ ПОДГОТВУВА ПРОСТОРОТ ВО КАПИШТЕЦ ЗА „ЦВЕТЕН ПАЗАР“
Тополите сардисани од куќарките за цвеќе

Roza Petkova

Уште еден појас од канадските тополи во населбата Капиштец ќе се сече деновиве, но не за да се пробие трасата на Јужен булевар, туку за да се направи место за преселба на „Цветен пазар“. Во просторот со зеленило кај последната станица на автобусот со број 23 ќе се изградат платформа за културни и туристички настани и 16 куќарки за цвеќе, во согласност со одлуката што ја донесоа градските советници. Со програмата за привремени објекти на Советот на Град Скопје, на површина од еден хектар се предвидува да останат сите сегашни содржини, односно да се уреди простор за градските автобуси со број 7 и за автобусите со број 23 на приватните превозници, да остане простор и за такси-возила, а да се прошири и паркиралиштето на „Градски паркинг“. „Цветен пазар“ ќе се смести на платформа која, според замислата на градските власти, ќе може да се користи и за туристички и за културни настани. На неа ќе се изградат монтажни куќарки со површина до 16 квадратни метри, кои, освен за продажба на цвеќе, ќе може да се користат и за продажба на сувенири. Се предвидува да се прошири и површината на постојното паркиралиште на „Градски паркинг“, кое се наоѓа спроти поранешната зграда на „Нова Македонија“. Тоа ќе се продолжи низ улицата Мито Хаџивасилев-Јасмин, односно во зеленилото со два реда паркирање. На локацијата ќе се уреди паркиралиштето за автобуси, на кое ќе може да се сместат најмногу два единечни автобуси, а ќе се остави простор за кружно влегување и излегување на уште толку автобуси. Ќе се направи и посебно привремено паркиралиште за лесни возила кое ќе се користи за потребите на пазарот, како и паркинг-простор за постојната такси-станица, кој би собирал девет возила. За организација на движењето на пешаците, Градот ќе постави и пристапни рампи за инвалидизираните лица, кои досега ги немаше. - Во делот за „Цветен пазар“, просторот ќе го уредуваат Градот и „Паркови и зеленило“. Проектот може да почне да се реализира и во текот на годинава, а попрецизно јавноста ќе биде информирана наскоро - велат од градското одделение за односи со јавноста. Терминалот на автобусот со број 23 е грда слика со години иако се наоѓа во центарот на градот. Асфалтот на паркиралиштето одамна не се познава, останати се само издробени парчиња, камења, песок и огромни дупки, кои при секој дожд се полнат со вода. Никој од локалните власти не се нафаќа да го смени асфалтот на паркинг-просторот, со оправдување дека тој е од привремен карактер и се наоѓа на оваа локација до реализацијата на Јужниот булевар. Да биде состојбата уште полоша, деновиве екипи на фирмата „Беграмо“, која Општина Центар ја ангажира за да ја реконструира улицата Васил Ѓорѓов, фрлија неколку лопати асфалт само за да ги прикрпат најголемите отвори на паркиралиштето. И покрај тоа, вдлабнатините се уште постојат, а просторот има уште поочаен изглед, прошаран со нов и стар, распаднат асфалт. Кога јавното претпријатие „Градски паркинг“ на сметка на терминалот го прошири паркиралиштето спроти поранешната зграда на „Нова Македонија“, исто така, наместо целосно да го санира просторот, само ги закрпи најочигледните дупки и продолжи да им наплаќа на граѓаните по стандардната цена.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2159&ArticleID=151078
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.285 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.