build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гаражни објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 36>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Гаражни објекти (општо)
    Posted: 25-Jun-2008 at 08:20
Имам впечаток дека како и во многу други случаи претходно (средишни жардинерии, павер тротоари, безвезни трговски центри итн), сега забегуваат со катниве гаражи. Па имаат насадено маркици на секој чекор...

Катна гаража на местото на „Тинекс“ и ресторанот „Македонска куќа“

Деновиве беше урната кафеаната „Врти сучи“, веднаш до дисконтот на „Тинекс“

Дисконтот на „Тинекс“ и ресторанот „Македонска куќа“ на Јужен булевар летово ќе бидат урнати до темел. Таква судбина пред десетина дена ја снајде и кафената „Врти сучи“. Уривањето на објектите, како што информираат од Општина Центар, е заради реализација на Детаљниот урбанистички план, според кој, на потегот кај посочените објекти има предвидено маркичка за изградба на катна гаража. Земјиштето ќе се оттуѓи преку јавна лицитација, како што беше случај и со двете соседни локации во насока на ТЦ „Рамстор“, а кои се дел од истиот ДУП и каде што се урнаа триесетина привремени објекти. Милан Пижула, главен градежен инспектор во Општина Центар, вели дека налогот за уривање на посочените привремени објекти го издало Министерството за транспорт и врски.

„По барање на Министерството, ние сме должни да го расчистиме просторот од привремените објекти, за да може земјиштето да се даде на продажба. Кога ќе се случи тоа, не би можел да кажам. Единствено знам дека локацијата е наменета за изградба на катна гаража“, вели Пижула, според кого сопствениците на објектите навреме биле информирани за уривањето и никој од нив не се побунил.

Инаку, во овој дел, покрај посочените објекти, планирано е и уривање, односно дислокација на Цветниот пазар. Иако во изминативе две години во неколку наврати се најавуваше акција за уривање на единствениот пазар од таков вид во градов, сепак, до реализација не дојде. „Не знам кога ќе се урива таму. Јас се' уште немам добиено налог за акција во тој дел. Единствено знам дека ДУП и таму предвидува изградба на некој објект“, додава Пижула. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=55A69A33699168489F059318B3903B81
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 25-Jun-2008 at 08:34
Па нека забегаат.... катни гаражи се повеќе од потребни. Но не треба да се секираме премногу, нашиве инвеститори многу лесно пренаменуваат катна гаража у 70% деловен простор 30% гаража така да.....
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 25-Jun-2008 at 08:39
Originally posted by vardar

Па нека забегаат.... катни гаражи се повеќе од потребни. Но не треба да се секираме премногу, нашиве инвеститори многу лесно пренаменуваат катна гаража у 70% деловен простор 30% гаража така да.....


Па не се сложувам. Веројатно таков бил пристапот и кога го граделе 345453те квази трговски центри во Скопје и денеска голем дел од нив се запустени, неискористени и претставуваат ругло.

И за ова треба да има издржаност, некаква студија... Немам впечаток дека такво нешто постои или барем тоа не е презентирано на јавноста.

На крајот на краиштата не постои начин да најдеш паркинг простор за сите на секоја локација како сме намислиле ние. Центарот треба да биде поврзан пред се со добар јавен превоз и треба да се наметне тренд на помало користење на возила низ центарот.
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 25-Jun-2008 at 08:50
Originally posted by pbanks


И за ова треба да има издржаност, некаква студија... Немам впечаток дека такво нешто постои или барем тоа не е презентирано на јавноста.
 
Eј па и ти сега, студија за нешто толку важно Crazy Не верувам!
 

 Центарот треба да биде поврзан пред се со добар јавен превоз и треба да се наметне тренд на помало користење на возила низ центарот.
 
Thumbs%20Up
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 25-Jun-2008 at 09:14
На овој дел се планираше уште една уличка како онаа пред рамстор. значи треба да легне уште една спојна на Јужен со......како се викаше сега оваа пред рамсторр, Мито ли беше?!Некаде пред цветен треба да биде.


Edited by lslcrew - 25-Jun-2008 at 09:17
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 25-Aug-2008 at 18:54
Инкау еден стар објект измеѓу јужен и МХ-Ј се руши. Мислам дека е тинексот бидејќи од две страни на тинексот се гледаат рушевини. еве овдека само страната од кај рамстор ја евидентирав.


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 15-Sep-2008 at 01:15

Катните гаражи се „изгубија“ во деловните објекти

Според Градежната инспекција, двата објекта се градат во согласност со издадените одобренија и проекти

Деспина Трајковска

Комерцијално-деловни објекти наместо катни гаражи. Вакви две зданија најмногу за една година ќе профункционираат во центарот на градот, каде што хронично недостасуваат паркинг-простори. Од Општина Центар, која ги издаде дозволите за градба на објектите спроти ТЦ „Рамстор“ и во Капиштец, уште тогаш информираа дека одобренијата дозволуваат изградба на катна гаража во комбинација со деловен објект. Притоа, општинарите не објаснија кој и по чие барање извршил измена на Детаљниот урбанистички план за да се добие ваквата намена на објектите, односно би се вцртале постојните маркички.

„Се' е легално и според планот. Моја работа е да ја надгледувам работата на теренот, а што и како претходно се случувало, не е моја работа, ниту, пак, ме интересира“, ни изјави Милан Пижула, главен градежен инспектор во Општина Центар, според кого градежните работи и на двата објекта се изведуваат согласно со издаденото одобрение за градба и проектите.

Објектот до ТЦ „Рамстор“, кој треба да претставува катна гаража, како дел од проектот за деловен објект на НЛБ Тутунска банка, неодамна во делови почна да се застаклува. Дали со стакло ќе се затвори целиот објект, вчера не добивме одговор. Ајдован Адемовски, сопственик на „Сити плаза“, кој е делумен инвеститор на катната гаража и деловниот објект, поради отсуство од земјава не беше достапен за коментар. Пред половина година, тој појаснуваше дека катната гаража ќе биде една од најсовремените во регионов, целосно затворена и со можност за паркирање на покривниот дел од објектот. „Единствено тоа ќе остава впечаток дека станува збор за катна гаража и тоа доколку се гледа од некој повисок објект“, изјави тогаш Адемовски, категорично отфрлајќи ги шпекулациите дека наместо катна гаража, таму се гради хотел.

Од изградбата на втората катна гаража во центарот на градот, спроти централата на „Жито лукс“ во Капиштец, уште кога се поставуваше камен-темелникот беше потенцирано дека таа нема да претставува класичен наменски објект за паркирање. Објектот на површина од 3.500 квадратни метри ќе има приземје, три ката и потпокрив и ќе биде со капацитет од 500 возила. Во приземјето ќе има голем супермаркет и 20 локали, чиј инвеститор е сопственикот на маркети „Тинекс“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=283D2458F85C17479B22B186AD4C5C24


Стварно незнаев каде да ја спикам веста! Се мислам дека имавме една нишка за катна гаражи, општо. Ај пребацете ја, кај што е најлогично да е!
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4075
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 16-Dec-2008 at 17:31
За подземна гаража три милиони денари

Изработката на еден урбанистички проект за подземни гаражи планирани на локации во центарот на градот, според податоците наведени во финансиски извештаи, ја чинела Општината Центар приближно колку и изградбата на една водоводна мрежа, фекална мрежа или атмосферска канализација. Повеќе од три милиони денари чини изработката на проект за подземна гаража кај паркот „Жена-борец“, планирана на површина од околу 30.000 квадратни метри, за ист проект со слична површина наменет за плоштадот Македонија се потрошени 2,5 милиони денари, а по половина милион чинат проектите за гаражи кај „Палома бјанка“ и Собранието. Наспроти тоа, за изградба на водоводна мрежа во населбата Крњево, Општината издвоила околу милион денари, за фекална мрежа на улицата Орце Николов околу 1.200.000 денари, а за атмосферска канализација на улицата 29 Ноември речиси два милиона. Извештаите за сработеното во изминатите единаесет месеци, кои се усвоија на последната седница на Советот на Центар, наидоа на неодобрување кај советниците од опозициската СДСМ. Советничката Благородна Крстевска-Мојсовска праша зошто повеќе пари се потрошени за одржување на зеленилото отколку за поправање на улиците. - Зошто во зимските месеци јануари и февруари се потрошени суми од 249.500, односно 270.000 денари за одржување на зеленило? Или за хортикултурно уредување на една локација и набавка на 30 мали и уште толку големи четинари се потрошени 389.000 денари, кога во „Паркови и зеленило“ ќе ви потврдат дека цената на мини-садниците е 270 денари, а на големите садници 600 денари за парче? “ праша советничката Мојсовска од СДСМ. Од општинската администрација никој не одговори со објаснување дека градоначалничката Виолета Аларова е болна и затоа не присуствува на седницата. Спорни за советниците од опозицијата беа и предвидените суми во буџетот за наредната година од околу 21 милион денари за урбана опрема, наспроти само 12 милиони денари за патна инфраструктура. Тие обвинија дека Општината идната година ќе троши повеќе пари за други намени отколку за дупките по кои граѓаните секојдневно газат. Пари ќе се трошат и за изработка на детални урбанистички планови и тоа околу 300.000 евра, исто толку и за изградба на пешачки мост, а стотина илјади евра ќе се наменат и за уривање.


¨
 


Edited by Cloverstack - 15-Oct-2010 at 02:54
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 12-May-2009 at 00:58

Монтажен паркинг во Капиштец

По должина на улицата Народен фронт, над постојниот паркинг ќе се изгради платформа што ќе ги прибере возилата што се паркирани на коловозот

Со двокатен монтажен паркинг по должина на улицата Народен фронт, Општина Центар планира да го реши големиот проблем со паркирањето во густо населената населба Капиштец. Градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ вели дека изградбата на монтажниот паркинг нема да биде скапа инвестиција и многу ќе го олесни животот на граѓаните од овој дел од градот. Се предвидува да се изгради платформа долга неколку стотици метри, веднаш покрај коловозот, над постојниот паркинг. Граѓаните што живеат во високатниците по должина на улицата Народен фронт, велат дека од напливот на возила не помага ниту оградувањето на паркинзите што им припаѓаат само на станарите.

- Кога ќе ме прашаат моите пријатели како паркирам кога си одам дома, станувам свесен дека секој ден се соочувам со неверојатна нервоза. Толку многу сум се привикнал на тоа лудило што и не забележувам зошто сум нервозен кога ќе влезам дома. На целата улицата е неверојатен метеж, паркирани се и автомобили и приколки што не се во возна состојба, има еден куп „туристи“ што паркираат во Капиштец, а одат пеш до центар. Веќе не е предност да се живее во урбани услови, оти почнавме да живееме еден врз друг, качени на грб. Да имам избор, со задоволство би се иселил оттука - вели Јовче Марковски од Капиштец. Градоначалникот Тодоровиќ најави дека решавањето на проблемот со паркинг-просторот ќе биде приоритет во неговиот мандат.

- Не се знае колку возила има по улицата во Капиштец. Толку се начичкани што не може ниту да се исчисти сметот под нив, а да не зборувам за загрозеноста во сообраќајот, оти возилата одвај се разминуваат. Сакаме над постојниот паркинг да направиме уште еден, по цела негова должина. Тоа ќе биде паркинг на шрафови, што ќе се поставува директно на асфалтот, без темели. Објектот ќе биде многу сигурен и ќе може да ги прибере сите возила што сега се паркирани на едната коловозна лента - вели Тодоровиќ.Тој додава дека цената за користење ќе биде симболична.

- Јас сум за бесплатен паркинг, но граѓаните секогаш одат да паркираат таму каде што е бесплатно, па се создава голем метеж. На Општина Центар не и' е цел да профитира од паркинзите, би се наплаќало симболично, околу 200 денари месечно, а граѓаните за тие пари ќе имаат гарантирано место за паркирање - вели Тодоровиќ. Советот на општината Центар пред неколку години формира и јавно претпријатие за паркирање, па општинарите се надеваат дека лесно ќе може да се управува со новиот паркинг.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6ED17FC9A14A214F869A5F31D8F36679

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 12-May-2009 at 01:26
а каде е проширувањето на булеварот кое го најави Коце? инаку за тоа федер паркинзите мислам дека нашле лошо место небаре станува збор за периферна или мала локација па дај ајде нафрли железо на секој чекор, вакво нешто можат да тераат по внатрешните паркинзи кај зградите или пак нека им направат уште една катна гаража тука кај бараките под завод за рехабилитација во капиштец...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 12-May-2009 at 01:52


Проширувањето воопшто не го тангира ова, оваа улица е друга.

Инаку се слагам, монтажни метални паркинзи се несоодветни за таму. Нека работат на вистинско решавање на проблемот - катни гаражи и подземни гаражи.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 12-May-2009 at 15:13
Соодветни или несоодветни, тие се единственото нешто што ќе го спаси капиштец од хоророт наречен паркирање. За да се изгради катна гаража/подземен паркинг, ниту постојат средства ниту пак постои било каков план и проект па да може во најбрз можен рок да се почне со изградбата. Се слагам со идејата на Општина Центар да се направи монтажен метален паркинг, од проста причина што ситуацијата на „Народен фронт“ е до толку лоша што естетика или скапи долготрајни решенија не доаѓаат во обзир - барем засега. Друго прашање е каде би ја насадиле таа катна гаража, така што би им одговарало на жителите во околните згради онака како што им одговара моменталниот паркинг простор. 

Не заборавајте дека проблем со паркинг има по цела должина на улицата, така да замислете колку катни гаражи би требало да се направат, каде би ги сместиле и како ќе ги натерате жителите кои досега си паркирале бесплатно да плаќаат за паркинг простор.  Дури и да не бараше ситуацијата толку итна интервенција, за мене ова решение повторно ќе беше најдобро.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 12-May-2009 at 15:34
линеа ова е привремено решение кое и баш не е најдобро, тие коли испопаркирани наоколу, како прво се повеќе од привремените гости на тој простор. особено кафаните, додека за тие што живеат таму мислам има доволно паркинг како што реков фали уште една гаража некаде на горниот дел од Васил Ѓорѓов, а друг мислам релевантен момент е дали и колку естетски ова е добро решение, сепак не е до толку затнат просторот таму за да нема некое поартикулирано чаре.
се плашам дека ваквата пракса може да продолжи низ цел центар! оваа идеја е добра за под железничка, за некои внатрешни улици, но не и за главните артерии, евентуално некој приватник да закрпи некоја во центар но повторно не по цена да доминира во опкружувањето како да станува збор за некоја индустриска зона...
  
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 23-Jul-2009 at 10:35
НА МЕСТОТО НА ЗЕЛЕНИЛОТО ЗАД УНИВЕРЗИТЕТСКАТА БИБЛИОТЕКА
Катна гаража од 12 метри ќе никне сред зеленило

Уште една парцела за катна гаража се продава во општина Центар. Министерството за транспорт и врски деновиве распиша оглас, со кој се бара инвеститор што ќе гради на земјиштето зад новиот објект на Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“, на кое сега има зелена површина. Во деталниот урбанистички план „Пресвета Богородица“, кој Општината Центар го донесе пред речиси две години, се предвидува на површина од 2.200 квадратни метри да никне гаража, висока 12 метри. Објектот треба да обезбеди 240 места за паркирање. Во огласот е наведено дека земјиштето се продава по цена од 3.800 денари за квадратен метар, а понудите може да се достават до 24 август. За истиот ден е закажано електронско наддавање за земјиштето, што е новина во работата на Министерството, со која секој ќе може да ја следи продажбата на интернет. Досега на подрачјето на Центар за изградба се предвидени 13 катни гаражи, велат надлежните од Општината. Министерот Миле Јанакиески, во неодамнешниот повик до општините што побрзо да донесуваат детални урбанистички планови, изјави дека во Скопје се во тек постапки за изградба на катни гаражи и кај Работничкиот дом „Кочо Рацин“, на четири ката и со капацитет од 500 возила, на паркингот до ТЦ „Плаза“ и кај „Нова Македонија“. Вакви објекти од поодамна се вцртани и на локацијата зад трговскиот центар „Буњаковец“, каде што сега постои паркинг што го користат жителите од зградите, како и до поликлиниката „Идадија“, на кои катните гаражи се уште не се изградени. Со последните измени во деталните планови за делови од „Големиот ринг“, гаражи на повеќе катови се предвидени и на други локации низ градот, една зад хотелот „Бристол“, а друга зад зградите спроти Соборниот храм „Свети Климент Охридски“. За можни локации се споменуваат и Старата железничка станица, населбата Маџир мало, паркот „Жена-борец“, Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“ и на сегашниот отворен паркинг во скопскиот центар, спроти хотелот „Холидеј ин“. Сепак, во моментов на подрачјето на општината се гради само една катна гаража, а една чека да биде пуштена во употреба. Првиот објект се гради на паркингот до Универзална сала, во кој, освен места за паркирање, ќе има и административен простор. А и вториот, кој е во Капиштец, исто така, е комбиниран со канцеларии и со дуќани, а ќе има и супермаркет. Катна гаража требаше да се отвори и до новата дирекција на „Тутунска банка“, во близината на трговскиот центар „Рамстор“, но објектот, што е залепен за административната зграда, се уште не се користи, ниту пак се знае дали во него се изградени места за паркирање или уште деловни простории.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1764&ArticleID=118298

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 23-Jul-2009 at 10:37
Да не се лажеме "катна гаража"! Не за друго, барем да си знаеме кај да постираме, во деловни или во комерцијални?! Dunno
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 17-Aug-2009 at 01:08
 

Ќе се гради катна гаража зад Градскиот стадион

Кога ќе има натпревари ќе може да се користат и паркиралиштата во ГТЦ и кај салата „Борис Трајковски“

Сања Наумовска

Паркирањето кај арената „Филип Втори“ ќе се решава со изградба на паркинг и на катна гаража од левата страна на Вардар, но и со употреба на веќе постојните паркинзи во блиската околина. Според плановите на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, предвидено е да се изградат 1.520 паркинг-места во продолжение на улицата „Лазар Личеноски“, што се протега веднаш зад стадионот, на спротивниот брег на реката Вардар. Локациите се предвидени со ДУП „Парк 1“, донесен во 2004 година и ДУП „Парк 2“, кој општина Центар го изгласа годинава. Во текот на следните неколку месеци планирано е да се изработат проектите и да почне изградбата на паркиралиштето.

„Се работи за дел од веќе постојниот паркинг, веднаш до полигонот, што ќе се реконструира, а на дел ќе се направи катна гаража. Планирано е на овој потег, до крајот на 2013 година кога ќе бидат завршени западната и источната трибина, да се изгради уште еден пешачки мост меѓу двата веќе постојни мостови, што се наоѓаат меѓу Забавниот парк и зградата на Царина“, информираат од Јавното претпријатие.

Се верува дека трите мостови на овој дел зад стадионот ќе ги задоволат прописите на Меѓународната фудбалска федерација, но и потребата од брз влез и излез на посетителите на фудбалските натпревари. Во таа насока, со Градот Скопје и општината Центар е договорено проширување на патеката на кејот на Вардар, во широчина од 8 метри, на потегот од пешачкиот мост до вториот влез во северната трибина.

Со оглед на тоа дека по целосното завршување на проектот за реконструкција на Градскиот стадион,(сега арена „Филип Втори“), тој ќе има капацитет од 34.000 гледачи, планираните паркинг-плацови и гаража ни од далеку нема да ги задоволат потребите на објектот. Тоа стана и повеќе од очигледно на последниот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и на Шпанија, кога во потрагата по слободно паркинг-место, по можност и бесплатно, се создаде вистински хаос во Дебар маало и во околината.

Според прописите на ФИФА и на УЕФА, паркинг-просторот во функција на стадионот треба да се наоѓа во радиус од еден до 2,5 километри. Тоа значи дека веќе постојните паркиралишта во ГТЦ, „Холидеј ин“, па и она на салата „Борис Трајковски“ ќе треба да се користат кога има натпревари.

Од ЈПССДП информираат дека паркинг-местата најблиску до стадионот ќе бидат под посебен режим, односно на располагање на ВИП-гостите, репортажните возила и на другите сервисни служби.

„Со тоа ќе се избегне масовна мешаница во пристапните улички до стадионот. Доколку посетител сака да паркира најблиску до објектот, тоа ќе му биде овозможено, но билетот за паркинг-местото сигурно ќе биде неколку пати поскап од самата влезница, како што е секаде во Европа“, велат од Јавното претпријатие.

 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 30-Aug-2009 at 11:25
Продадени над 3000 квадрати градежно земјиште во Прилеп

Над три илјади квадратни метри градежно земјиште во Прилеп се продадени преку јавно електронско надавање од Министерството за транспорт и врски.

Од таму информираат дека за најповолен купувач била избрана фирмата “Дравас инжинеринг“ од Струмица која за плацот од 3.203 метри квадратни понудила повеќе од 15,5 милиони денари. На продаденото градежно земјиште според Деталниот урбанистички план на Прилеп е предвидено изградба на деловно трговски центар со катна гаража.  Продажбата е направена на 27 месецов, а купувачот ќе има 15 дена откако ќе добие писмено известување да ги уплати парите на сметката на министерството.

Струмичката фирма, според договорот што треба да биде потпишан, ќе има рок од шест месеци да обезбеди дозвола за градба и уште две години за да го изгради предвидениот објект. Доколку одредбите од договорот, купувачот на ги исполни, договорот ќе се раскине.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=61059&kategorija=2
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 30-Aug-2009 at 12:30
Previous
Имаше објава на prilep.gov.mk,но лошото е што не знам каде се наоѓа.
Деновиве ќе пробам да разберам,ако е местото што мислам дека е,се наоѓа во строг центар,дел од пазарот.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 31-Aug-2009 at 00:54
Се продаваат 2200 државни квадрати за катна гаража

Почетната цена на електронското јавно наддавање на градежна парцела изнесува 3.800 денари за метар квадратен, а наддавањето ќе се врши чекорно со зголемување на вредноста со секој чекор не помалку од 500 денари

Зад Универзитетската библиотека Свети Климент Охридски", односно пред основното училиште "Кирил и Методиј", на булеварот Крсте Мисирков во центарот на Скопје ќе се гради катна гаража. Парцелата е вцртана во Деталниот урбанистички план "Пресвета Богородица". Станува збор за маркичка со димензии од 2200 квадрати на која може да се гради објект на површина од околу 1400 квадрати и максимална висина до 12 метри. Инвеститорот ќе треба да обезбеди место за паркирање за 240 возила.
Ова градежно земјиште е сопственост на државата и деновиве Министерството за транспорт и врски распиша оглас за негова продажба по пат на електронско јавно наддавање. Објавата ја има на веб-страницата на Министерство за транспорт и врски: њњњ.мтц.гов.мк, електронското јавно наддавање ќе се одржи на 28 септември годинава, во 12.00 часот, а ќе може да се следи на адресата њњњ.аукција-мтц.гов.мк.
Почетната цена на електронското јавно наддавање на градежна парцела изнесува 3.800 денари за метар квадратен, а наддавањето ќе се врши чекорно со зголемување на вредноста со секој чекор не помалку од 500 денари. Наддавањето може да стартува со најмалку двајца учесници и ќе трае 30 минути, при што ако во истекот на последните две минути од страна на учесниците на електронското јавно наддавање биде дадена понуда, крајниот рок за завршување на електронското јавно наддавање се продолжува за уште две минути.
Сообраќајните експерти предлагаат да се градат што повеќе катни гаражи, особено во централното градско подрачје, бидејќи тврдат дека тие се еден од условите за растоварување на сообраќајот но, досегашната практика покажува дека планираните катни гаражи многу лесно добиваат комерцијална пренамена и прераснуваат во трговски центри со места за паркинг само за своја употреба.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=AC270361F647B344801733E0B330B4D8
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 08-Oct-2009 at 07:32

 
Подземна гаража меѓу Собрание и АРМ

Земјиштето е со површина од 2.432 квадратни метри

Подземна гаража во близина на Собранието на Македонија ќе се гради на државно земјиште, кое Министерството за транспорт и врски ќе го даде под закуп на 20 години. Објектот ќе се гради под паркингот и зеленилото лоцирано меѓу задниот влез во Собранието и страничниот влез на Домот на АРМ, зад зградата на МНР. Во Министерството за транспорт вчера не одговорија дали новата подземна гаража ќе биде во функција само на овие институции, или, пак, ќе биде на располагање на скопјани. Во јавната објава за наддавањето не е наведено ниту колку ката под земја ќе се гради објектот.

Земјиштето со вкупна површина од 2.432 квадратни метри ќе биде доделено на јавно наддавање што ќе се одржи на 13 ноември во 13 часот. Локацијата се наоѓа во Малиот ринг и според Деталниот план, изработен од општина Центар, е предвидена за изградба на паркиралиште.

Според условите во објавата, почетната цена на наддавањето е 380 денари за квадрат, што значи дека потенцијалниот закупец за закупнина ќе треба да одвои најмалку 924.160 денари годишно. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се доставуваат до 4 ноември, а наддавањето ќе се одвива на Интернет-страницата aukcija-mtc.gov.mk, информираат од Министерството. Во наддавањето за подземната гаража можат да учествуваат македонски државјани и фирми, како и странски фирми што имаат регистрирано фирма во Македонија. Закупецот, по потпишувањето на договорот за закуп ќе треба да плати годишна закупнина и во рок од шест месеци да обезбеди градежна документација. Подземната гаража треба да биде изградена за две години. (С.Н.)

 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=91DD6D147663934BB7AF5F98EA8FEF72
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 36>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.176 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.