build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гаражни објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 36>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 20-Jun-2010 at 22:23


Распишан конкурс за катна каража


Министерството за транспорт и врски деновиве објави конкурс за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Р. Македонија по пад на јавно наддавање кое се наоѓа во Општина Центар за изградба на катна гаража. Како што е наведено во објавениот конкурс предметната градежна парцела е предвидена со Детален урбанистички план "Маџир Маало" и Градска порта "Ново Мало" донесен со одлука на Општина Центар. Право на учество на јавното наддавање имаа физички и правни лица. Сите заинтересирани физички и правни лица треба да поднесат пријава за учество на јавно наддавање, согласно со условите од објавата, во затворен плик комплетирани со пријава, доказ за платен депози, за физичките лица уверение за државјанство, за правни лица регистрација од соодветен регистар. Почетната цена на јавното наддавање изнесува 3.800 денари од метар квадратен. Пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават најдоцна до 05.07.2010 година, на адреса на Министерството за транспорт и врски на улица "Црвена Скопска Општин" бр.4 или непосредно во архивата на Министерството. Јавното наддавање ќе се одржи на 12.07.2010 во просториите на Министерството за транспорт и врски.

 
 
 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 24-Jun-2010 at 01:39
Ново архитектонско „чудо“ во центарот


Катна гаража во барокен стил од 30 метри ќе никне меѓу „Пошта“ и МЕПСО, а ќе чини 8 млн. евра

Деспина Трајковска



Деветкатница во барок што не е барок, распослана на 10.000 квадрати, изградена од бетонски столбови и стакло, со капацитет за паркирање од најмалку 315 возила и тешка дури 8 милиони евра. Ваква ќе биде катната гаража што ќе ја гради идната година Јавното претпријатието за стопанисување со станбен и деловен простор на постојното зеленило помеѓу МЕПСО и „Македонска пошта“ во центарот на Скопје.

Ова, дефинитивно, ќе биде уникатен објект за паркирање во Европа поради фасадата наложена со проектот „Скопје 2014“. Иако старински и естетски испомешан надворешен изглед, објектот внатре ќе биде современ. Паркирањето во него ќе се изведува со лифтови, а освен за основната намена, во објектот ќе има и деловен простор. Предвидени се три бутици, Интернет-кафе, кафе-бар, простор за други угостителски дејности... За комерцијалните содржини ќе бидат „резервирани“ приземјето и првите два ката, а за паркирање вкупно десет, две подземни нивоа и останатите катови.

Владимир Бахчовановски, директор на ЈПССДП, вели оти е рано да се зборува за конечната вредност на објектот, но првичните процени се дека неговата изградба ќе чини најмногу 8 милиони евра.

„Моментно се работи на идејниот проект за оваа гаража, чие идејно решение е дело на Офелија Томиќ, архитектка, избрано на јавен конкурс. Сега тече и изборот за идејните решенија на останатите три катни гаражи. Проценивме дека изградбата на сите четири објекти ќе не' чини околу 30 милиони евра, средства кои во најголем дел планираме да ги обезбедиме преку кредити“, вели Бахчовановски.

Според плановите на претпријатието, сите четири катни гаражи треба да почнат да се градат наредната година и, најверојатно, рокот за изведба ќе им биде 18 месеци. Освен гаражата кај „Пошта“, која ќе биде наводно со барокен стил, останатите три катни гаражи ќе имаат модерни стаклени фасади. И во нив ќе има најмалку по еден кат наменет за деловен простор. Едната од нив ќе се гради кај Работнички дом и таму ќе се пресели ЈПССДП, друга гаража ќе се гради кај „Телеком“ и една од левата страна на Вардар, до Музејот на холокаустот.

Паркирањето во сите објекти ќе се изведува со лифтови, што според надлежните остава простор за поголем капацитет за паркирање. Со овој принцип на паркирање ќе се заштитела и животната средина, бидејќи ќе има мало количество издувни гасови од возилата.

Најпростран, иако не и највисок, ќе биде објектот кај Работнички дом. Постојниот ДУП сега дозволува изградба на четирикатница, но од претпријатието размислуваат да побараат дозвола за дополнителни два ката. Катната гаража кај „Телеком“, пак, ќе има девет ката. По принципот паркирање со лифт во гаражата ќе се овозможи капацитет од 406 паркинг-места. Катната гаража на аголот кај Музејот на холокаустот, според ДУП, налага капацитет од минимум 200 места за паркирање, но тој ќе достигне до 320, бидејќи паркирањето ќе се врши со лифт.

Инаку, локациите на кои ЈПССДП ќе ги гради катните гаражи до неодамна беа државни и требаше да се продаваат на лицитација, но во меѓувреме Владата се премисли и одлучи шест парцели наменети за катни гаражи да ги распредели на станбеното претпријатие и на Градот Скопје. ЈПССДП очигледно изигра подобро, а градските власти, односно ЈП „Градски паркинг“, доби од државата само две гратис-локации за изградба на катни гаражи.

http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=90B8764DE81F154D9726A1289CE5855D
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 24-Jun-2010 at 02:00


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 24-Jun-2010 at 02:08
Знаевме дека тука планираат „барокна“ катна гаража, што е патологија само по себе по многу основи, ама гледајќи до кај дотуркале мое мислење е дека:

се посилни дроги конзумираат креаторите на Скопје 2014

Толку за сега... можда повеќе ќе искоментирам кога ќе се соземам, ако го надминам нагонот за повраќање што ми доаѓа гледајќи го овој фрик објект дури и на оние малечки сликички. Можда и подобро што веднаш не процурија поголеми слики, луѓе ќе се шлогираа.


Edited by Cloverstack - 24-Jun-2010 at 03:12
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 24-Jun-2010 at 02:43
И јас би коментирал откако ќе излезам од првичниот шок и ужас. А има многу за коментирање, скоро секоја реченица од текстов е глупост!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 24-Jun-2010 at 13:00
Само каква ''гадна'' лепеза од објекти ќе има на плоштадот, и плус не е логично катна гаража да се прае во барок стил нема смисла објектот 
Back to Top
SpaceAge View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 11-Dec-2009
Location: SWEDEN
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote SpaceAge Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 24-Jun-2010 at 13:23
Gotham city,uste Batman fali
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 24-Jun-2010 at 13:50
И ПОКРАЈ ТОА ШТО ЦЕНТАР НЕ СЕ ОТКАЖА ОД ИДЕЈАТА
Капиштец ќе почека на монтажен паркинг

Роза Петкова

Неколку месеци по пропаднатиот тендер за изградба на монтажно паркиралиште на улицата Народен фронт, Општина Центар се уште нема избрано изведувач. Одбрана е само фирма што ќе ја поправи подлогата на постојниот паркинг по целата улица каде што треба да се монтира паркиралиштето на еден кат. Поради тоа, извесно е дека летово, како што беа првичните најави, жителите на Капиштец нема да ја видат готова ни првата фаза од проектот. Од Општина Центар велат дека не се откажале од идејата и дека наскоро ќе изберат фирма што ќе го проектира и изгради паркиралиштето. - Општината веќе направи избор на фирма што ќе ја врши реконструкцијата на подлогата на паркингот, се чека избор на фирма што наскоро ќе ја изработи и постави монтажната конструкција и со нивна заедничка координација ќе се почне реализацијата на проектот - вели портпаролот Јовица Ацковски. Првиот тендер пропадна поради високата цена што ја понудиле пријавените фирми, а според тогашната изјава на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, Општината била подготвена да плати сума не повисока од 650.000 евра. Од Општината велат дека во повторениот тендер нема да биде пресудна цената, туку и рокот за изведба. - Дел од условите во постапката за јавна набавка, која се објави по вторпат, се променети, но генералниот концепт на тендерското досие е задржан. Цената сама по себе не е критериум за избор на најповолна понуда, и други услови се пресудни, како гаранција и рок на изведување на работите, така што би извршиле избор на понуда што е економски најповолна и која би се вклопила во проценетата вредност на договорот за јавна набавка - вели Ацковски. Според него, објектот ќе се гради во фази, а годинава се планира да почне и заврши првата фаза или една третина од вкупната планирана површина. Рокот за нејзината изведба е четири месеци, сметано од денот на почнување на градежните работи. Општината планира со паркиралиштето да стопанисува нејзиното јавно претпријатие за паркинзи, а за цените се уште нема решено. Најверојатно, ќе се плаќа привилегирана цена за жителите, а другите посетители ќе плаќаат комерцијална цена. Предвидено е паркиралиштето да се протега на постојната локација за паркирање, на почетокот од Народен фронт до кафе-барот „Интермецо“. Прво ќе се проширува приземјето, каде што ќе може да се сместат околу 250 возила, додека на катот ќе собира уште толку.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2052&ArticleID=143259

Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 24-Jun-2010 at 16:53
Barokna katna garaza-Skopje
Ne e za luge so slabo srce.
18+

Predupreduvanje:Ne go pravete ova vo vasata drzava

Edited by ovaj_stariov - 24-Jun-2010 at 17:03
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 26-Jun-2010 at 12:15
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=95312683F75F3D4C848B996C2AA50B64


„Чудото“ од катна гаража ја шокираше јавноста

„Утрински“ преплавен со коментари за објектот, збунети
се и архитектите

Деспина Трајковска


Јавноста е шокирана од најновото деветкатно архитектонско „чудо“ во центарот на градот, барокната катна гаража што во идната година ќе ја гради Јавното станбено претпријатие меѓу МЕПСО и „Македонска пошта“. Промовирањето на идејното решение на зданието, во завчерашниот број на „Утрински весник“ за само еден ден предизвика лавина коментари од „обичните“ граѓани, но и од архитектонската фела. Авторката, пак, на проектот, Оливија Томиќ, како да не е расположена да коментира за нејзиното дело. Иако е неспорно оти на Скопје му се неопходни катни гаражи, во случајов дискусии се отворија во однос на нејзиниот надворешен изглед, но и за избраната локација.

„Идејата за изградба на катна гаража е одлична, ама оваа е многу грда, сепак, станува збор за центар на главен град“. „Скопје се' повеќе личи на забавен парк“, „моето дете прави подобри гаражи од лего-коцки“, „изгледа дека некој ќе се задуши во оваа гаража, како да нема отворено ниту едно прозорче“. Ова се само дел од коментарите на читателите на „Утрински“, кои буквално ја преплавија веб-страницата. Оние, пак, „издржаните“, стасани од архитектите, се на ниво на негативно гледање на импозантното здание, за кое е проценето дека ќе се потрошат дури 8 милиони евра.

Архитектот Минас Бакалчев не сака да коментира за фасадата на објектот, смета дека таа е ирелевантна. Првенствено акцент става на намената на објектот.

„Апсолутно ме зачуди изборот на локацијата. Сметам дека изборот е несреќен ако се има предвид препознатливата композицијата на објекти во тој реон. Комплексот, дефинитивно, ќе се задуши, бидејќи токму спојот на објектите преку зелениот појас на кој е предвидена гаражата, целосно ќе биде прекирен со објектот. Згора на се', се сомневам дека постои издржано и функционално сообраќајно решение за пристап до објектот“, вели Бакалчев, кој го посочува случајов како школски пример како не треба да се негира, како што вели, десетици години легитимен комплекс.

И за неговиот колега Мишко Ралев, локацијата наменета за барокната катна гаража е дискутабилна. Згора на се', тој смета дека ова здание е само уште едно во низата од оние со „естетски, урбанистички и архитекстонски лажен сјај“.

„Сметам дека станува збор за урбанистички погрешно решение и застрашувачко во поглед на архитектонско естетскиот момент. Сметам дека и овој пример е само еден од многуте кога се задушува авторот, бидејќи од него се бара решение со наложени критериуми во однос на изгледот на фасадата, што за мене е неоправдано“, вели Ралев.

Според него, грозоморна е одлуката барокната катна гаража да се смести во композиција со објектите на МЕПСО и „Македонска пошта“.

Токму меѓу овие два објекта на површина од 10.000 квадрати Општина Центар пред извесен период ја вцрта маркичката за катната гаража. Идната година ќе ја гради ЈПССДП, при што планира да вложи 8 милиони евра. За тие пари ќе се изградат девет ката и две подземни нивоа изведени во комбинација од бетонски столбови и со стакло. Предвидено е гаражата да има капацитет за паркирање од најмалку 315 возила. Објектот, според многумина, е уникатен во регионов, но и пошироко поради надворешниот изглед, внатре ќе биде современ. Паркирањето во него ќе се изведува со лифтови. Освен за основната намена, во објектот ќе има и деловен простор.

Edited by Cloverstack - 15-Oct-2010 at 06:45
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 28-Jun-2010 at 20:05
Puke
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 30-Jun-2010 at 14:00

За две-три години ќе никнат осум катни гаражи

Една од најинтересните катни гаражи е онаа што ќе ја гради Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор и ќе се наоѓа помеѓу МЕПСО и „Македонски пошти“. Се работи за деветкатница, тешка 8 милиони евра со капацитет за паркирање на најмалку 315 возила. Според својот физички изглед, објектот ќе биде приспособен на проектот „Скопје 2014“, а внатре ќе има и деловен простор - три бутици, интернет-клуб, простор за угостителски дејности...





На различни локации - во близина на зградата на МТВ, на улиците Даме Груев и Мито Хаџивасилев-Јасмин, кај зградата на „Нова Македонија“, кај Работничкиот дом, кај „Телеком“, меѓу „Македонски пошти“ и МЕПСО и од левата страна на Вардар, до Музејот на холокаустот, во наредниве неколку години ќе бидат изградени осум катни гаражи.

Две ќе гради градот Скопје, две општината Центар и четири Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.

Според последниот ребаланс на буџетот на градот, ставката за изградба на катни гаражи се зголеми за дури 15 милиони денари.

- Според деталните урбанистички планови допрва треба да се процени колкава површина ќе зафаќаат гаражите и колкав ќе биде нивниот капацитет. Има распишано конкурс, па сé уште не се знае која фирма ќе ги изведува, но се надеваме дека до крајот на годината една од гаражите би требало да почне да се гради. Има големи шанси сумата предвидена за оваа година да се префрли и за следната буџетска година - вели Неделчо Крстевски, портпарол на градот Скопје.

За локацијата на улицата Даме Груев, на јавниот конкурс за избор на идејно решение за катна гаража првонаграден е проектот на група автори од градежниот институт „Македонија“. Додека за локацијата на улицата Мито Хаџивасилев-Јасмин на јавниот конкурс е првонаграден проектот за катна гаража на група автори архитекти - Минас Бакалчев, Митко Хаџипуља, Александар Радевски, Саша Тасиќ, Никола Стрезовски и Дамјан Момировски.

И општината Центар планира да изгради две катни гаражи - едната во близина на зградата на Македонската радио и телевизија, а втората во близина на зградата кај поранешниот Дом на печатот.

- За катната гаража кај бивша „Нова Македонија“, согласно Деталниот урбанистички план Буњаковец 1, е предвидена површина во основа 1.000 квадратни метри со околу 200 паркинг-места, додека за катната гаража во близина на МТВ, согласно ДУП за Судска палата, има бруто-развиена површина од 12.060 квадрати и ќе има околу 500 места. Површината во основа на парцелата ќе изнесува 4.340 квадратни метри, а површината на објектот за градење е 2.010 квадрати - рече Јовица Ацковски, портпарол на општината Центар.

Катната гаража во близина на МТВ е архитектонско решение на проектантското биро „Мегадон“, додека за онаа во Буњаковец сé уште не е познато кој ќе ја гради. Парите за овие катни гаражи ќе бидат обезбедени од страна на општината Центар.

Една од „најинтересните“ катни гаражи е онаа што ќе ја гради Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор и ќе е лоцирана помеѓу објектот на МЕПСО и „Македонски пошти“, на булеварот ВМРО. Се работи за деветкатница „тешка“ осум милиони евра со капацитет за паркирање за најмалку 315 возила. Ќе се простира на површина од 10.000 квадратни метри и ќе биде изградена од бетонски столбови и стакло. Според својот физички изглед, објектот ќе биде приспособен со барањата на проектот „Скопје 2014“, односно ќе биде запазен барокниот стил на дизајн. Внатре, освен за паркирање, ќе има и деловен простор - три бутици, интернет-клуб, локали со угостителски дејности... Гаражата е дело на архитектката Офелија Томиќ, а во тек е јавниот конкурс за идејно решение и на останатите три гаражи.

Сите четири катни гаражи на ЈПССДП треба да почнат да се градат наредната година и нивната изведба ќе чини 30 милиони евра. Паркирањето во сите објекти ќе се изведува со лифтови.

Градот ќе се задолжи за изградба на комерцијални објекти

Во планот на програмите за развој за 2010-2012 година, се предвидува посебна потпрограма наменета исклучиво за изградба на комерцијални објекти, термин што се употребува за катните гаражи. Целта на оваа развојна програма е обезбедување квалитетно и современо паркирање во градот преку изградба на катни гаражи. Изградбата на катните гаражи се планира да се реализира во најголем дел со средства од долгорочно задолжување, а минималниот дел со кој ќе партиципира градот изнесува 41.000.000 денари, сума која се планира и во основниот буџет. Кредитното задолжување за оваа намена за годинава е проектирано на 111.600.000 денари, за 2011 на 446.400.000 и за 2012 година на 558.000.000 денари.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=630101024374&id=14&prilog=0&setIzdanie=22021
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 01-Jul-2010 at 19:56

Катните гаражи ќе чинат 18 млн. евра

Катните гаражи кај Цветниот пазар и кај Лотарија, според првичните пресметки, ќе го чинат Градот Скопје околу 18 милиони евра. Гаражата кај Цветниот пазар ќе се изгради за 8 милиони, а поголемата кај Лотарија за 10 милиони евра.

Избрани се и идејните решенија за изгледот на гаражите, а основните проекти се очекува да бидат готови во септември кога ќе се знаат и конечните суми потребни за изградбата. За првата гаража на јавниот повик на Градот пристигнале 20 труда, а избрано е решението на група професори од Архитектонскиот факултет. За гаражата кај Лотарија од понудените 10 труда, комисијата го избрала решението на Градежниот институт Македонија. (С.Н.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0D9A64FDC8D3CD448A83053B6D85234A
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 07-Jul-2010 at 01:29
Катна гаража под Кале

На јавно наддавање се нудат под долготраен закуп 13.050 метри квадратни државно земјиште во Општина Центар, поточно на левиот брег на Вардар, под амбасадата на САД. На локацијата е предвидена катна гаража, а закупот е одреден на 40 години, со можност инвеститорот да го откупи земјиштето со непосредна спогодба доколку исполни одредени услови. Парцелата е зацртана со Деталниот урбанистички план „Централно зеленило покрај река Вардар – Парк 2“ усвоен на 27.02.2009. Со него е предвидено објектот да има катност П+7 и висина од 27 метри од нивото на новопланираната улица спрема Вардар и само приземје со висина од 3 метри од нивото на улицата Лазар Личеноски. Површината за градење изнесува 7.352 метри квадратни, додека коефициентот на искористеност на парцелата изнесува 4,51. Заинтересираните можат да се пријавуваат во Министерството за транспорт и врски најдоцна до 23.07.2010, а јавното наддавање е закажано за 04.08.2010. Почетната цена за едногодишна закупнина е 190 денари за метар квадратен.

Оваа катна гаража е предвидена и за потребите на Националната арена „Филип Втори“. Со истиот урбанистички план, во овој реон е предвидена изградба и на пет хотели, спортски центар и уште еден пешачки мост за поврзување на стадионот со левиот брег на реката.


http://www.build.com.mk/?p=4227






Edited by Cloverstack - 07-Jul-2010 at 04:06
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 08-Jul-2010 at 14:40
КОНКУРС ЗА ПРОЕКТ
Подземна гаража кај МОБ

На платото пред Македонската опера и балет ќе се гради подземен паркинг на две нивоа, за кој Службата за општи и за заеднички работи на Владата распиша конкурс за изработка на проект. Подземните гаражи ќе ги опслужуваат сите нови објекти кај МОБ и од паркингот ќе може подземно да се пристапува кон нив. Од Службата велат дека во проектот ќе се одреди колку возила ќе собира гаражата. Оттаму немаа информација колку пари чини инвестицијата за изградба на подземниот паркинг.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=2063&ArticleID=144131
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 27-Jul-2010 at 13:42

Паркирањето во Аеродром ќе се спасува со монтажни паркиралишта

Се бара изведувач за два монтажни паркинга, а наскоро под Железничка станица ќе се отвори обичен паркинг за 117 возила

Деспина Трајковска

Со два монтажни паркинга на едно ниво и еден обичен паркинг Општина Аеродром и ЈП „Градски паркинг“ ќе го спасуваат недостигот од паркинг-места за аеродромци. Општината веќе бара фирма што ќе изгради монтажни паркинзи спроти „Мекдоналдс“ и во близина на Прокредит банка во Ново Лисиче, а ЈП, пак, го опремува просторот за паркирање под новата Железничка станица. Новите паркиралишта, според најавите на надлежните, ќе обезбедат околу двесте дополнителни паркинг-места од кои бесплатно ќе се користат оние на монтажните паркинзи. За паркирање ќе се наплаќа под Железничката станица каде што најдоцна за две недели се очекува ЈП „Градски паркинг“ да почне да стопанисува со просторот. Паркингот ќе има капацитет од 117 возила, а еден час паркирање ќе чини 25 денари. Од претпријатието велат дека со изградба на овој паркинг истовремено ќе се решат два клучни проблема. „Паркингот е изграден на местото на долгогодишната депонија што претставуваше грда слика не само за Аеродром туку воопшто за Скопје, имајќи предвид дека тука се наоѓа Транспортниот центар. Од друга страна, пак, истовремено обезбедуваме паркинг-простор за граѓаните од околните згради, кои мака мачеа со простор за паркирање, а сега ќе се паркираат по повластени цени“, вели Борче Јакимовски, директор на ЈП. Тој не ја исклучува можноста овој паркинг во иднина да се надгради со монтажна конструкција идентично како паркинзите што наскоро ќе ги гради Општината.

Тие се очекува да бидат готови до крајот на годинава. Во тек е јавната набавка за фирма-изведувач. Монтажните паркинзи ќе претставуваат конструкции што ќе се постават на веќе постојните паркинзи. И спроти „Мекдонладс“ и во Ново Лисиче тие ќе овозможат дополнителни 90 места за паркирање.

„Наша цел е да обезбедиме повеќе паркинг-места, а тоа да не биде за сметка на зелените површини. Овој модел на паркинзи е токму таков, навидум скап модел на паркирање, но брзо се реализира и е ефектен што е докажано во многу земји. Паркиралиштата, практично, функционираат како катни гаражи, со рампи за качување и за симнување, само што се прават од монтажни елементи и се приспособливи и побрзо се изведуваат. Веќе постојан паркинг се надградува со конструкција“, вели градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, кој планира да изгради уште три вакви паркиралишта и во наредната година. Едното сигурно ќе биде зад ТЦ „Бисер“ во близина на воениот комплекс за каде што проектот веќе е во фаза на изработка.

Финансиите за паркиралиштата во најголем дел ќе бидат обезбедени од општинскиот буџет, а во целиот проект свој удел имаат и ЈП „Градски паркинг“ и Град Скопје.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=559EAEBCA9EEE343AE89A389085129C3
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 05-Aug-2010 at 05:30

Се бара фирма што ќе ги гради градските катни гаражи

Градските власти бараат фирма што ќе ги изгради катните гаражи кај „Беко“ и кај Цветен пазар, иако објектите допрва треба да се легализираат со последната верзија на ДУП „Мал ринг“ откако беше поништен од Уставниот суд. Независно од случајот, упатените велат дека Градот смее да ги тера сите постапки се' до фазата на изградба, која би била спорна доколку се' уште не се усвоени корекциите во урбанистичкиот план.

И двете катни гаражи, според избраните идејни решенија, ќе имаат модерна фасада, генерално, изведена во стакло. Од Градот до неодамна не сакаа да го прикажат изгледот на објектите, оти, наводно, се' уште не беше официјализирана соработката со авторите на идејните решенија. Во меѓувреме, договорите се потпишаа, но надлежните сега се на годишен одмор, па повторно не можат да го презентираат изгледот на објектите.

Инаку, согласно со урбанистичкиот план, катната гаража кај „Беко“ е предвидено да има седум ката и две подземни нивоа. Приземјето и првиот кат ќе бидат наменети за деловен простор, а останатите за паркирање. Катната гаража, пак, кај Цветен пазар, исто така, е предвидена како седумкатен објект, кој целосно ќе се искористи за паркинг-простор.

Планирано е изградбата на објектите да ја финансираат Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“, кое, всушност, и ќе стопанисува со двете катни гаражи. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=04997E9A4505AB4092A1522CF253B6AB
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 413
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 07-Aug-2010 at 00:39
http://www.flickr.com/photos/26438333@N05/2931999409/in/pool-25938750@N00/

хотелче во Париз изгледа е ''инспирацијата'' за катната гаража помеѓу МЕПСО И ПОШТАТА
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 413
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 07-Aug-2010 at 00:40
Naughty
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 15-Aug-2010 at 23:06

Се работат проектите за двете градски катни гаражи

Ни летните одмори не ги запираат градските власти во намерите за изградба на двете катни гаражи, таа кај „Беко“ и другата кај Цветен пазар. Иако нивната реализација на терен допрва треба да се легализира со усвојување на корекциите на урбанистичкиот план Мал ринг, Град Скопје потпиша договор за изработка на идејниот, основниот и изведбениот проект за објектите. За речиси 400.000 евра за изработка на проектите се ангажирани токму авторите на терковите на проектите, односно изработувачите на идејните решенија. Проектот за катната гаража кај „Беко“ ќе го работи Љубен Макаревски, претставуван од Градежен институт Македонија, а проектот за гаражата кај Цветен пазар, пак, ќе биде дело на група автори, односно на Минас Бакалчев, Митко Хаџи Пуља, Саша Тасиќ, Александар Радевски, Дамјан Момировски и Никола Стрезовски. Надлежната комисијата утврдила дека токму овие автори изработиле оригинални трудови за катните гаражи во вид на идејни решенија, па е одлучено на нив да им се довери и изработката на потребните проекти за изведба.

Инаку, и двете катни гаражи ќе имаат модерна фасада, генерално, изведена во стакло. Согласно со урбанистичкиот план, катната гаража кај „Беко“ е предвидено да има седум ката и две подземни нивоа. Од нив приземјето и првиот кат ќе бидат наменети за деловен простор, а останатите, пак, за паркирање. Катната гаража кај Цветен пазар, исто така, е предвидена да биде седумкатен објект, кој целосно ќе биде наменет за паркирање. За изградба на објектите ќе се обезбедат пари од градската каса, но не е исклучена можноста финансирањето да се врши и со кредитирање. Планирано е со катните гаражи да стопанисува ЈП „Градски паркинг“. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C0A497757B3BCA418D2B9047A866EA00
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 36>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.161 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.