build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гаражни објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 36>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 23-Aug-2010 at 11:03
НЕМА РЕШЕНИЕ ЗА ПАРКИРАЊЕТО НА НАРОДЕН ФРОНТ
Паркиралиштето во Капиштец заглави во тендери Пропадна и вториот тендер за избор на фирма која што ќе го изгради монтажното паркиралиште по улицата „Народен фронт“ во Капиштец. Општинските власти велат дека и овојпат не добиле поволна понуда. - Се уште не е избрана фирма, а огласот е поништен бидејќи не е доставена ниту една прифатлива понуда. Од проектот не се откажуваме и тендерот повторно ќе го распишеме - вели Јовица Ацковски, портпарол на Општина Центар. И првиот тендер пропадна поради високата цена што ја понудиле пријавените фирми, а според тогашната изјава на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, Општината била подготвена да плати сума не повисока од 650.000 евра. Од Општината тогаш рекоа дека во повторениот тендер нема да биде пресудна цената, туку и рокот за изведба. Досега властите избраа само фирма што ќе ја поправи подлогата на постојниот паркинг по целата улица каде што треба да се монтира паркиралиште на еден кат. Прво ќе се проширува приземјето каде што ќе може да се сместат околу 250 возила, а потоа и катот кој, исто така, ќе собира уште толку. Објектот треба да се гради во фази, а годинава се планира да почне и да заврши првата фаза, или една третина од вкупната планирана површина. Општината планира со паркиралиштето да стопанисува нејзиното јавно претпријатие за паркинзи, а за цените се уште нема решено. Најверојатно, ќе се плаќа привилегирана цена за жителите, а другите посетители ќе плаќаат комерцијална цена.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=2103&ArticleID=147113
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 26-Aug-2010 at 04:37
Распишан втор оглас за монтажна гаража во Капиштец
Откако на првиот оглас не добија поволни понуди, општинарите од Центар распишаа и втор оглас за изградба на монтажно-демонтажна гаража во Капиштец, на улицата Народен фронт. Оваа замисла за поставување ваков тип гаража е предизборно ветување на градоначалникот Владимир Тодоровиќ и таа, според нив, ефикасно би го решила проблемот со паркирањето во населбата Капиштец, како на жителите, така и на посетителите на кафулињата и на рестораните во овој реон.

Првиот пат, пријавените фирми, како што информираа од Центар, понудиле цени што не и' одговарале на општинската власт. Како што претходно изјави градоначалникот Владимир Тодоровиќ, најниската понуда била околу 48 милиони евра, а финансиската моќ на Општина Центар околу овој проект е од 35 до 38 милиони евра. Во рамки на оваа сума влегува и изработката на идеен и изведбен проект, како и ревизијата.

Јовица Ацкоски, портпарол на Центар, изјави дека ако сите работи се одвиваат според утврдената динамика, изградбата ќе се одвива во две фази, кои би почнале во 2010 и во 2011 година.

- Паркирањето во Капиштец ќе се решава со најавената монтажна гаража, ќе се протега на сега постојната локација за паркирање, од Народен Фронт до кафулињата што излегуваат на Иво Лола Рибар. Предвидено е гаражата да собира околу 500 возила, во приземјето околу 250 и во горниот дел уште 250 возила. За жителите на населбата Капиштец цените за паркирање би биле симболични во споредба со другите, надворешни корисници - објасни портпаролот Ацкоски.

Цената за монтажниот паркинг, велат од Центар, ќе биде одредена по изборот на најповолна понуда и јавноста ќе биде информирана дополнително. Огласот за прибирање понуди ќе трае до 20 септември годинава.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=1AEEAC23D556A449BB9148B44D1FE1F3
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 13-Sep-2010 at 10:04
ВО КАПИШТЕЦ
Се рамни теренот за монтажната гаража Отвореното паркиралиште спроти трговскиот центар „Беверли Хилс“, веднаш до пералницата за автомобили, деновиве се раскопува. Во Општина Центар велат дека тие ги почнале градежните работи за да го подготват теренот за изградба на монтажното паркиралиште, што беше предизборно ветување на градоначалникот Владимир Тодоровиќ. - Моментално се работи на изградба на подлогата за монтажна катна гаража, а работите ги изведуваат „Беграмо“ и фабрика „Карпош“ - вели општинскиот портпарол Јовица Ацковски. Иако работите на терен се почнати, се уште не се знае кој ќе биде изведувач на монтажното паркиралиште затоа што во тек е изборот на фирма. Општината распиша трет тендер кој трае до понеделник, откако првите два огласа поминаа неуспешно поради високата цена што ја побарале пријавените фирми. Паркиралиштето врз кое ќе се монтира еднокатната гаража досега граѓаните го користеа бесплатно.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2116&ArticleID=148065
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 19-Sep-2010 at 22:26
МИА НАЈАВИ - МАКЕДОНИЈА

20 септември 2010

Скопје - Почнува изградбата на првото монтажно паркиралиште во Македонија. (бул. „Јане Сандански“ кај зелените згради наспроти игралиштето „Сансет“/12:00)

Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 20-Sep-2010 at 13:44

Први монтажни паркинзи во Капиштец и во Аеродром

 
 

Иако изминативе неколку години се изградија неколку катни гаражи, сепак во градот нема доволно место за паркирање, поради што во општините Центар и Аеродром почна изградбата и на монтажни паркиралишта

 
Ниту една катна гаража не е само гаража. Или е деловен центар со место за паркирање или, пак, паркинг со деловен центар. Со ова дополнително се одзема просторот каде што може да се изградат вистински јавни гаражи, за градот да се ослободи од еден од основните проблеми, премногу возила, а премалку паркинг-места. Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на општината Центар, деновиве го исполнува ветувањето дадено во својата предизборна програма на дел од постоечкиот паркинг на улицата Народен фронт, во населбата Капиштец, да се направи монтажна челична гаража. Деновиве на потегот од кафулето „Интермецо“ до пред ТЦ „Беверли Хилс“ почнаа подготовките на теренот за изградба на челичната конструкција наменета за паркинг. Во моментов се вадат старите павер-елементи, за да може екипите на фирмата „Беграмо“ и на фабриката за бетонски елементи „Карпош“ да почнат со изградба на подлогата за монтажниот паркинг. Од општината најавуваат дека наскоро ќе почне и поставувањето на челичната конструкција. Постапката за избор на фирмата што ќе ја прави конструкцијата сé уште е во тек, но Јовица Ацковски, портпарол на општината, појасни дека во следните две месеци би требало да се почне со работа. Паркингот ќе има две нивоа, со вкупно 500 места. Пред неколку месеци градоначалникот Тодоровиќ изјави дека со паркиралиштето ќе стопанисува јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“, а цената за паркирање ќе биде симболична од 20 до 30 денари за еден ден, со попусти за жителите од населбата Капиштец.

- Целта е да овозможиме повеќе места за локалните жители, бидејќи по должината на улицата Народен фронт не може да се поминува од многуте паркирани возила. Се надеваме дека изградбата ќе се одвива со предвидената динамика и дека паркиралиштето за релативно кратко време ќе биде пуштено во употреба - изјави портпаролот Ацковски.

Жителите на населбата Капиштец се задоволни што конечно почна да се работи на монтажното паркиралиште. Тие се надеваат дека наскоро ќе може нормално да се пешачи по тротоарите во населбата. Жителите велат дека од паркирани возила по тротоарите и по улицата нема каде да се оди.

- Се надевам дека овој паркинг навистина ќе го реши проблемот со немање паркиралишта во Капиштец, особено на улицата Народен фронт. Се надевам и дека цената на паркирањето ќе биде достапна за нас. Сé само да се спасиме од хаосот, особено затоа што во Капиштец во моментов се отворија неколку банки, фирми и од автомобилите не може да се дише. По половина час вртиме со автомобилите за да најдеме место за паркирање. Не ретко возилата ги оставаме и далеку од влезот на зградата. Паркирањето е најголем проблем во Капиштец - вели Станко Митровски, жител на населбата.

Покрај Тодоровиќ, и градоначалникот на општината Аеродром, Ивица Коневски, увиде дека многу поисплатливо е да се прават монтажни паркиралишта, отколку класични катни гаражи. Во општината Аеродром денеска во 12 часот ќе почне изградба на монтажен паркинг на булеварот Јане Сандански, спроти спортското игралиште „Сансет“.

Како и жителите на Капиштец, така и аеродромци сметаат дека проблемот со немање паркинг-места во оваа општина е горлив, како и во Центар.

- Оваа општина има најмногу жители, имаме два трговски центри, училишта, а немаме место за паркирање. Дури ни зонското паркирање не успеа да го реши нашиот проблем. Добра идеја е да се направи монтажен паркинг, ем нема да се потрошат многу пари на изградба, а ако според деталниот урбанистички план, просторот се предвиди за некоја друга намена, паркингот може само да се премести на друга локација - смета Марјан Мишковски, станар на населбата Јане Сандански.
 
 
Со други зборови Тодоровиќ сакаше да каже... каде вие граѓанчишта ни едни што ме изгласавте сакате преку ред ? Прво за мене, а после по 2 години, ако остане и за вас и вашите потреби ќе има.
 
Патем, за паркингот под железничка за којшто се сечеше лента, а јас се смеев. Стои празен. А улицата веднаш до него е накрцана до даска со коли. Од другата страна калиштата стојат небекатонирани и таму се паркираат автобуси, како и пред Саем.
 
Bash
 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 20-Sep-2010 at 21:51

Првата монтажна катна гаража ќе се гради во Аеродром

Првата монтажна катна гаража ќе се гради во населбата Аеродром, на булеварот „Јане Сандански“ во близина на зградата на Мајчин дом.

Гаражата која треба да биде завршена до пролет ќе има капацитет за 40 возила, со неа ќе стопанисува ЈП Градски паркинг, а изградбата ќе чини 17 милиони денари.

Веќе од следниот месец во овој дел од населбата ќе се воведе зонско паркирање, кој треба да го реши хаосот во паркирањето и недостатокот на паркинг места. Вакви монтажни катни гаражи општина Аеродром планира да изгради и на две други локации зад трговскиот центар Бисер и во населбата Ново Лисиче.

„На ова место градиме од причина што има недостаток на паркинг места, а целта ни е да ја заштитиме зелената површина и во таа насока го реализираме овој проект, да отвориме повеќе паркинг места. Целта не е да се сечат дрвјата, ниту да се уништува зелената површина и затоа ги градиме овие монтажни паркинзи во спротивно ќе градевме класични паркинзи и на тој начин ќе ја оштетевме зелената површина“ - рече градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски на денешното започнување на градбата.

Група станари на најблиските згради, незадовлни од досегашното паркирање, побараа од градоначалникот, прво да воведе зонско паркирање во овој дел од населбата па потоа да почне да ја гради монтажната гаража, во спротивно тврдат тие ќе се содаде уште поголем хаос со паркинг местата.

„Сето ова е во функција на граѓаните затоа што во ЈП „Градски паркинг“ има пристигнато неколку петиции од граѓаните, да имплементираме зонско паркирање на овој потег. ЈП веќе изработува проект и до крајот на окотомври ќе воведеме овде зонско паркирање“ - рече Борче Јакимовски, директор на ЈП Градски паркинг.

http://makfax.com.mk/_tools/article/116556/view



http://www.aerodrom.gov.mk/

http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=3124 Запазете ги овие што изјави дадоа. Кај имало сообраќајот на булеварот, па уште паркинг. Crazy Па за што е булевар? Предлог: нека направат уште две ленти па нека си се паркираат од страна! LOL

Господа незнам дали стварно ви смета паркинг за триесетина возила или некој ве буцка да се брукате за туѓи интереси пред камера, ама ако стварно ви смета и вие како и многу "граѓани" од Скопје може да се иселите по периферни населби и села без булевари, без паркинзи, со зеленило колку сакате!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 20-Sep-2010 at 22:08
не ми е јасно зошто оставаат критични точки на цедило а трошат пари за паркинг на ова место каде што паркингот и не е толкав проблем!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 21-Sep-2010 at 19:28
Според Дневник, во Аеродром било малку поинтересно отколку што пренесе Макфакс

Одложена изградбата на монтажниот паркинг

Во општината Аеродром пристигнале неколку петиции од граѓани, кои инсистираат да се воведе зонско паркирање со дополнителни паркинг-места за тој дел од општината

Со викање, пцости и кошкање, граѓаните од т.н. зелени згради во општина Аеродром вчера го спречија градоначалникот Ивица Коневски да го постави долгонајавуваниот камен-темелник за првиот монтажен паркинг во земјава.

Општината Аеродром планираше да изгради двокатен паркинг со метална конструкција, со намера да го реши сообраќајниот метеж во тој дел од општината.

Но, граѓаните што живеат во зградите спроти здравствената институција „Мајчин дом“ и спортското игралиште „Сансет“ жестоко протестираа и не дозволија да почне изградбата на како што ја нарекоа „металната грдотија“.

- Не ни треба монтажен паркинг. Имаме доволно место за паркирање. Сообраќаен метеж се создаде откако од другата страна на булеварот Јане Сандански, кај трговскиот „Бисер“ и „Мекдоналдс“ се воведе зонско паркирање и сите што не сакаат да плаќаат, паркираат тука. Бараме и кај нас да се воведе зонско паркирање, а не со изградба на монтажен паркинг да се уништуваат зеленилото, мирот и безбедноста. Не сакаме масла од возилата да ни капат по глава. Имаме мали деца и таков објект би претставувал опасност за нив. Постојат други форми како да се реши метежот, а не за локалните кафеанџии да обезбедуваме паркинг-место - велат револтираните граѓани.

Станарите од „зелените згради“ го пречекаа градоначалникот Коневски со викање, негодувајќи за почетокот на изградбата.

- Со изградбата на монтажниот паркинг ќе се реши проблемот со паркирањето. Во овој дел од општината има недоволен број паркинг-места, а монтажниот паркинг ќе беше идеално решение за тоа. Но, со сила ништо не правиме. Со претставниците на куќните совети ќе се договориме што е најдобро за нив. Граѓаните инсистираа да се воведе зонско паркирање и на нивниот паркинг. За триесет дена ќе биде воведено зонско паркирање, како што бараат граѓаните. Но, според процените што ги направило Јавното претпријатие „Градски паркинг“, и да се воведе зонско паркирање, наскоро ќе бидат неопходни уште паркинг места. Со изградбата на монтажниот паркинг ќе го зачувавме зеленилото, оти ќе се гради врз паркинг што веќе е тука. Го одложуваме поставувањето на камен-темелникот се' додека не се договориме со граѓаните - изјави Коневски. Тој додаде дека во општината веќе пристигнале неколку петиции од граѓани, кои инсистираат да се воведе зонско паркирање со дополнителни паркинг-места за тој дел од општината.

Според општинарите, граѓаните бурно реагирале и кога се воведувало зонското паркирање кај трговскиот центар „Бисер“, но, како што велат, жителите сега се увериле во предностите што ги нуди овој тип паркирање.

Монтажниот паркинг, кој требаше да почне со изградба вчера, според проектот требаше да обезбеди околу 40 нови паркинг места. Општината за тој градежен зафат планирала околу 17 милиони денари, а требаше да биде готов напролет.

Целта на изградбата е да се заштитат зелените површини и да се обезбедат повеќе места за паркирање. Општината планира изградба на монтажни паркинзи и зад трговскиот центар „Бисер“ и во населбата Ново Лисиче.

Марија Тасев


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=785163EC8DA724418EBECFA1DE508CDF


Edited by Cloverstack - 21-Sep-2010 at 19:32
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 25-Sep-2010 at 14:13
ТРАЈАНОВСКИ ИНФОРМИРА
Со кредит ќе се градат катни гаражи
 
 
 
Преку задолжување со кредит во банките, Град Скопје и Општина Центар ќе ги градат четирите катни гаражи, кои ги ветија пред неколку месеци. Градот ги завршува главните проекти за катните гаражи кај „Лотарија на Македонија“ и кај Цветен пазар, кои треба да се готови во октомври, а до крајот на годинава се очекува камен-темелник.
- Дел од парите за изградба ќе се соберат од продажбата на деловниот простор во гаражите, а дел од кредити, кои за двете гаражи треба да бидат во износ од седум до осум милиони евра - рече градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
На ист начин за истите пари и градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, ќе ги гради гаражите кај МРТВ, кај новиот Кривичен суд и кај зградата на поранешна „Нова Македонија“.
- Прво ќе се гради катната гаража кај МРТВ, која очекуваме да ја почнеме до крајот на годината, а до март ја планираме изградбата и на втората. Потоа, двете ќе бидат предадени на општинското претпријатие за паркирање - рече Тодоровиќ.
На вчерашното Координативно тело на градоначалници, Трајановски најави дека до средината на октомври „Комунална хигиена“ ќе добие шест нови камиони за ѓубре. До идната пролет вети уште 40 до 45 камиони.
 
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 25-Sep-2010 at 14:28
Одлична информација и во делот кај Лотарија на Македонија одлично ќе се вклопи во просторот со што и таа недоградената зграда ќе и се овозможи да добие друга модерна содржина.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 27-Sep-2010 at 16:21
Капиштец ќе добие само делумна монтажна гаража



 
Сега ќе се гради само дел од паркингот на средината на постојниот паркинг, а остатокот не се знае кога  
 
%20  
И изградбата на првиот монтажен паркинг во општината Центар, на улицата Народен фронт, во населбата Капиштец, не се одвива мазно како што се планираше и како што, впрочем, најави пред година и кусур градоначалникот Владимир Тодоровиќ. Наместо од почетокот на улицата кај АМСМ до бројот 27, сега гаражата ќе се прави само на потегот од пред трговскиот центар „Беверли хилс“ до дворот на карате клубот „Работнички“ . Станарите на населбата се сомневаат дека воопшто ќе се гради монтажна катна гаража. Тие велат дека е можно само да се прошири постојното паркиралиште. Сопствениците на околните фирми велат дека општинарите неколку пати се пишманеле околу гаражата. Прво рекле дека ќе се гради монтажно паркиралиште, потоа дека само ќе се проширува постојното паркиралиште, за сега пак да најават дека ќе се прави катен челичен паркинг. Ама изградбата ќе се одвивала во неколку фази. Првата фаза се прави сега, а потоа ќе следува остатокот. Жителите на Капиштец претпоставуваат дека причина се неколкуте локали што треба да се урнат, а чии сопственици се познати скопски угостители „Блек енд вајт“, односно „Ања“, „Интермецо“. Наводно тие барале од општината да ја запре изградбата на паркингот.

Од општината велат дека кај нив никој не се пожалил за овој проект.

- Напротив, сите се задоволни, затоа што ќе се растовари од паркирани возила самата улица. Паркингот ќе се гради во неколку фази. Сега се прави подлогата за монтажната гаража, а по завршувањето на тендерот за избор на фирма што ќе го прави паркингот, ќе почне и поставувањето на челичната конструкција - објасни Јовица Ацковски, портпаролот на општината Центар.

Монтажниот паркинг треба да има два ката и капацитет од 500 возила. Со паркиралиштето ќе стопанисува ЈП „Паркинзи на општина Центар“.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=927101049311&id=14&prilog=0&setIzdanie=22093

Edited by Cloverstack - 27-Sep-2010 at 16:22
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 13-Oct-2010 at 15:14

ИЗВЕШТАЈОТ ПРЕД СОВЕТНИЦИТЕ
За катни гаражи 19 милиони евра

Првите највисоки катни гаражи планирани во центарот, на локациите спроти полициската станица „Беко“ и кај Цветниот пазар, наскоро ќе почнат да се градат, а тоа го покажува и целосниот извештај за нив, кој денеска ќе се најде на разгледување пред советниците од Град Скопје. И двата објекта ќе имаат по седум ката и две нивоа под земја, и вкупно 1.200 паркинг-места. Според анализата која ја подготвиле градските власти, предвидно е тие да чинат 19 милиони евра, од кои 10.500.000 ќе бидат обезбедени од градскиот буџет и од продажба на деловниот простор, а за остатокот од 8.500.000 евра Градот ќе се задолжи со кредит во банка. Рокот за отплата на заемот ќе биде минимум десет години, со вклучен грејс период од минимум две години.
Според процените на Градот, од продажбата на деловниот простор, со површина од 6.620 квадратни метри, се очекува да се собере приход од околу 11.400.000 евра, односно еден квадрат ќе чини 1.716 евра. Од работењето на гаражите, властите годишно очекуваат околу 1.900.000 евра, под претпоставка да се пополнети 60 отсто од паркинг-местата. Трошоците за енергија, одржување, вработени и тековни работи би изнесувале околу 300.000 евра годишно. Во анализата се вели дека инвестицијата во катната гаража на улицата Даме Груев ќе се врати за период од шест години, додека за гаражата кај Цветен Пазар за пет години и два месеца. Предвидено е конструкцијата на објектите да биде армирано-бетонска, а однадвор гаражите ќе бидат застаклени. Во нив ќе се инсталира софистицирана опрема за видеонадзор, за безбедност од пожар, систем на вентилација и систем за електронско управување со гаражата, односно за влегување, излегување и за наплата. Позитивните економски ефекти кои Градот ги очекува од катните гаражи се јакнење на неговото претпријатие „Градски паркинг“ нови работни места и вработувања, зголемени приходи од реклами, зголемување на вредноста на вкупниот станбен и деловен простор.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2143&ArticleID=150000
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 14-Oct-2010 at 08:51
Нешто за двете катни гаражи што ќе ги гради Град Скопје. Има и рендери од едната.

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=28807
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 19-Oct-2010 at 19:12
За две катни гаражи заем од 8,5 милиони евра



 
Двете гаражи ќе имаат капацитет од околу 1.200 паркинг-места, со што треба да бидат задоволени потребите во зоната на Малиот и Големиот ринг, велат од градот  
 
%20  
Изградба на две катни гаражи е еден од главните проекти на градот што треба да се реализираат во текот на наредниве три години, а нивната реализација ќе почне до крајот на годинава или во почетокот на идната. Едната ќе се гради кај ТЦЦ „Плаза“, а другата спроти дирекцијата на „Макпетрол“, на улицата Мито Хаџивасилев-Јасмин, во близината на Старата железничка станица. За нивна изградба, заедно со деловниот простор, на градот му требаат 19 милиони евра, од кои 8,5 милиони ќе бидат кредит, а 10, 5 милиони ќе се обезбедат од буџетот.

Кредитот ќе се отплаќа минимум до 10 години, со вклучен грејс-период од најмалку две години.

Опозицијата го обвини градоначалникот Коце Трајановски дека кредитот ќе го отплаќа и неговиот наследник, на што тој реплицираше дека има големи шанси долгот да му остане повторно нему.

- Процесот на задолжување е општоприфатен во светот. Сепак, внимателно влеговме во овој проект и тој е финансиски одржлив. Кредитот ќе биде позајмен од банките од земјава - рече Трајановски.

Со проектот треба да се обезбеди повеќекратно зголемување на бројот на паркинг-места во централното градско подрачје, каде што има најголемо сообраќајно оптоварување. Гаражите треба да ги задоволуваат потребите на корисниците во зоната на Малиот и Големиот ринг, со капацитетот од околу 1.200 паркинг-места, стои во образложението од градот.

Катната гаража кај ТЦЦ „Плаза“ ќе има капацитет од околу 602 паркинг-места, а ќе располага со површина од 33.215 квадратни метри. Просторот ќе биде распореден на седум нивоа над земја, приземје и две нивоа под земја, од кои 4.890 квадратни метри ќе бидат наменети за деловен простор. Приземјето и првиот кат ќе бидат за деловна намена, а на другите нивоа треба да се распредели јавен паркинг-простор.

Катната гаража спроти „Макпетрол“ ќе се распостила на површина од 25.500 квадратни метри, со распоредени седум нивоа над земја, приземје и две нивоа под земја. Приземјето ќе биде за деловна намена, а другите нивоа ќе се паркиралиште со капацитет за околу 505 возила.

Деловниот простор, во состав на катните гаражи ќе се продава, што е и една од главните стратегии на градот за покривање на кредитот.

Според градските процени, инвестициите во двете гаражи ќе се вратат за неколку години, и тоа за пет години за онаа на улицата Мито Хаџивасилев-Јасмин, додека за онаа кај ТЦЦ „Плаза“ парите ќе се вратат за шест години. Под услов искористеноста да им е максимална.
 
   
Автор: Б.Ст.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=101910102559&id=14&setIzdanie=22111


Edited by Cloverstack - 19-Oct-2010 at 19:13
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 19-Oct-2010 at 19:17
Konecno imaat garazite posebna niska
Znaci se znae kako kje izgleda katnata garaza kaj tcc plaza(renderov gore)!Ne e najdobriot ama ne e i grd
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 20-Oct-2010 at 21:02

Гаражата кај Собрание на Мите Макоил е пред изградба

вторник, 19 октомври 2010, 17:04

Подземна катната гаража кај Собранието ќе се гради – општина Центар е на чекор да му даде одобрение за градба на инвеститорот Мите Јовановски газдата на Макоил и покрај предупредувањата на експертите и на пратениците од опозицијата дека до Собранието не треба да се гради јавна гаража оти се зголемуваат безбедносните ризици за законодавниот дом и дека местото ќе го заобиколуваат и дека поради тоа странските делегации.

Иако дел од пратениците бараа проектот да се стопира, претседателот на Собранието никогаш јавно не побара да не се гради подземната гаража до законодавниот дом – претходниците на Велјановски Петковски и Андов тврдат дека маркичка за подземна гаража постоела но планот бил да ја гради собранието за сопствени потреби. Инвеститорот Јовановски го доби просторот пред Собранието под концесија на дваесет години за половина милион евра и според проценките ќе заработи за дваесет до триесет пати повеќе од вложените пари. Мите Макоил за симболична цена од 165 илјади евра доби 2300 метри квадратни спроти новото веро на наддавање на кое се натпреваруваше за цената со син му – од транспорт се бранеа дека тоа му го дозволувал законот.


http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=29078


Edited by lslcrew - 20-Oct-2010 at 21:03
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 29-Oct-2010 at 23:39

Центар ќе се задолжува за да гради катна гаража со бутици

Кредитот од 2,5 милиони евра ќе го отплаќа
Општината 10 години

За општинска катна гаража вредна дури пет милиони евра во која ќе има и деловен и комерцијален простор, Општина Центар ќе земе кредит во висина од 2,5 милиони евра. Останатите средства потребни за изградбата ќе ги издвои од сопствениот буџет. Општината пресметала дека најисплатливо ќе и' биде заемот да го враќа на 10 години, при што месечно ќе плаќа камата од речиси 30.000 евра. Објектот ќе го гради во близина на Кривичниот суд, на пет ката на земјиште што го доби бесплатно од државата.

Иако со оваа идеја и, пред се', математика не се согласуваат советниците од СДСМ, мнозинството во Советот му даде зелено светло на градоначалникот Тодоровиќ да го реализира проектот. Опозицијата смета дека е некоректно да се трошат милионски суми за споменици во време на економска криза, а истовремено Општината да се задолжува за капитални проекти. Згора на се', потенцираа опозиционерите, тие не се согласуваат со одлуката за кредитот, бидејќи се убедени оти катната гаража нема економска оправданост првенствено што ќе се гради на неатрактивна локација.

„Во иднина, во близина на катната гаража, поточно, спроти зградата на МТВ ќе се изгради станбен комплекс, а и во околината има фирми чии вработени сега мака мачат со простор за паркирање, па сметам дека забелешките за несреќно избраната локација не се на место“, смета Тодоровиќ.

Според изработениот стратегиски бизнис-план за катната гаража, предвидено е таа да биде со капацитет од околу 500 паркинг-места со бруто развиена површина од речиси 19.000 квадратни метри од кои 1.537 квадрати ќе бидат наменети за деловен простор. Објектот, за кого постои идеен проект, е предвидено да има пет нивоа над земја, приземје и едно подземно ниво. Деловниот простор ќе се наоѓа на првите три ката, а останатите ќе служат само за паркинг-простор. (Дс.Т.)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9D046CCA6BBBDF49BD2D07796DA9C370



ЦЕНТАР ЌЕ ГРАДИ ПАРКИРАЛИШТЕ НА ЗАЕМ

Катна гаража кај МРТВ

Во поземјето на гаражата ќе има место за 100 коли, на приземје за 52, додека на останатите пет ката ќе има по 58 паркинг места

Центар ќе добие уште една катна гаража. Овој пат се работи за ново паркиралиште кај Македонска радио и телевизија, за кое Општината
ќе бара кредит од 2,5 милиони евра од домашна банка.
Откако ќе се задолжи, има рок од десет години да ги врати позајмените пари, со грејс период од две години.
Изградбата на паркингот е предвидена со детален урбанистички план за овој дел, и за неа веќе има подготвено проект.
Според зацртаното, гаражата освен место за паркирање ќе има и деловен простор. Во подземје ќе има место за 100 коли, на приземје за 52, додека на останатите пет ката ќе има по 58 паркинг места.
Иако опозиционите советници се воздржаа од одобрување на градбата, Општината смета дека гаражата ќе донесе само ќар.
"Имаме бизнис план за исплатливост на гаражата. Во овој дел наскоро ќе никнат нови станбени објкети па пракиралиште овде само ќе користи. Кога изградбата на сообраќајници е капитлна инвестиција за граѓаните мислам дека истото важи и за паркинзите", вели Владимир Тодоровиќ, градоначалник на Општина Центар.
Засега нема точни информации кога гаражата ќе почне да се гради.

(М.Ѓ.)
http://vest.com.mk/?ItemID=48ECFB5B036A5E4A9B247165D6BB384D
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 30-Oct-2010 at 03:26
Катна гаража до Нова Македонија, поточно од другата страна, помеѓу ИК Банка и клуб на пратеници.

http://opstinacentar.gov.mk/resources/internal/file_views/986/1_%D0%94%D0%A3%D0%9F%20%D0%93%D0%90%D0%A0%D0%90%D0%96%D0%90%20%D0%9F%D0%9B%D0%90%D0%9D%D0%A1%D0%9A%D0%90%202010%20V07-%D0%A1%D0%98%D0%9D%D0%A2%D0%95%D0%97%D0%95%D0%9D%20.jpg

http://opstinacentar.gov.mk/systems/file_download.aspx?pg=986&ver=4

Edited by lslcrew - 30-Oct-2010 at 03:26
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 01-Nov-2010 at 17:30
Некое градилиште спроти Дилајла, незнам дали до сега сме го евидентирале.


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 01-Nov-2010 at 18:59


Таму уште пред 2-3 години ги срушија бараките и покренаа постапка за продажба ако не се лажам. Мислам дека го имаме евидентирано расчистувањето.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 36>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.