build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Гаражни објекти (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гаражни објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 37>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 13-Mar-2011 at 21:57
Во врска со катната кај МТВ, кога се објави дека ќе се гради, местото не ни беше оградено. Го оградија во четвртокот, или петокот. Секој ден коа идам на факс носат механизација и нови работници, па ваљда од утре со нова работна недела ќе почнат и да работат поинтезивно.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 13-Mar-2011 at 21:59
Originally posted by N23

Originally posted by Djole88

Добро луѓе што се случи со катните гаражи кај Млин Балкан и кај Беверли од страната на Васил Ѓоргов?

Таа кај Млин Балкан е само започната, се копаше нешто ситно пред месец дена, но во петокот поминав, има два багери у дупките и не се работи ништо, така да таа којзнае кога ќе биде завршена, односно кога ќе почне да се гради.
За „катната гаража“ кај Млин Балкан има нишка:
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=733
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 17-Mar-2011 at 16:26
уште една најава за катни гаражи. ги нема ги нема и оп ко печурки после дожд...

ПОКАНА      

Град Скопје Ве поканува на поставувањето камен-темелник за катна гаража, што е закажано за утре /18.03.2011 година, петок/ во 13 часот, кај паркингот меѓу улицата Мито Хаџивасилев Јасмин и булеварот Македонија (во близина на Цветниот пазар).

Почетокот на градежните работи ќе го означи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4047&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4009
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 18-Mar-2011 at 15:11
Originally posted by my Macedonia


Planung%20einer%20Parkgarage%20in%20Skopie%20Mazedonien%20in%20Zusammenarbeit%20mit%20Goricanka%20architects/Skopje.%20%20Bauherr:%20City%20of%20Skopje 

Parkhaus Skopje, Mazedonien

Planung einer Parkgarage in Skopie Mazedonien in Zusammenarbeit mit Goricanka architects/Skopje.

Bauherr: City of Skopje

 

 

Nach einer Wettbewerbsprämierung für ein Parkhaus im Zentrum von Skopje planen PPAG in Kooperation mit Goricanka architects/Skopje das Parkhaus Ulica Mito Hagjivasilev Jasmin. PPAG interpretieren den Wusch der Stadt nach einer barocken Fassade. Das perspektivische Bild einer Straßenfassade, endlos addiert, wird in vier Layern zur modernen Metallfassade, die dem Auge jenen identitätsstiftenden Detailreichtum bietet, den Skopje (nach einem Erdbeben 1963 auf Initiative der UNO nach einem Masterplan von Kenzo Tange wiedererbaut) heute vermisst.

http://www.ppag.at/cms/index.php?idcatside=247&sid=5a59ebeb9741b536fad33197f1698b36


Znaci imav pravoSmile
ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА КАТНАТА ГАРАЖА НА УЛИЦАТА МИТО ХАЏИВАСИЛЕВ ЈАСМИН

Градот Скопје денеска /18.03.2011 година/ ја почна изградбата на катната гаража кај паркингот меѓу улицата Мито Хаџивасилев Јасмин и булеварот Македонија. Објектот ќе има два ката под земја и седум ката над земја, со 445 паркинг-места (по 52 места во подземните нивоа и по 60 места на катовите) од коишто 17 паркинг места ќе бидат за лица со посебни потреби. Почетокот на градежните работи на катната гаража го означија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски.

- На градежната парцела ќе се изгради интегрално тело со димензии 50,3 х 50,3 метри со висина од 21 метар. Последниот кат е предвиден за угостителство, а на приземјето се предвидени деловни содржини. Пристап кон објектот се предвидува од новопроектираната сервисна улица која ќе биде поврзана со улицата Мито Хаџивасилев Јасмин. За потребите на гаражата се предвидени два влеза и два излеза за возила и два влеза за посетители и корисници на катната гаража. Просторот околу катната гаража партерно ќе се уреди по завршувањето на градежните работи. За изградба на катната гаража Градот Скопје ќе потроши околу 656 милиони денари. На изградба на објектот ќе работат градежниците од ГД „Гранит“ АД Скопје, а рокот на изградба е 2 (две) години – рече градоначалникот Трајановски на стартот на градежните работи на катната гаража.

Вертикалниот транспорт на посетителите е организиран со вертикални комуникации и лифтови, во кои се лоцирани и санитарни јазли за посетителите. Предвидените рампи за возилата се конципирани на тој начин што една рампа ќе се користи само за качување по катовите, а другата рампа само за симнување на возилата. Со ваквиот начин се обезбедува непречено целосно одвоено движење за влез и за излез на возилата. За подземните нивоа предвидени се дополнителни две рампи кои ќе ги опслужуваат само овие нивоа на ист принцип како и другите рампи.

Објектот катна гаража на улицата Мито Хаџивасилев Јасмин е современ објект со модерен систем за греење и за ладење, осветлување и стандарди за противпожарна заштита.

Фасадата на објектот ќе се изработи од префабрикувани алуминиумски елементи поставени на дистанцери оддалечени 50 сантиметри од објектот, од првото до последното ниво. На самата фасада има отвори за природна вентилација на објектот.

Проектот за катната гаража е на група автори - Минас Бакалчев, Митко Хаџи Пуља, Саша Тасиќ, Александар Радевски, Никола Стрезовски и Дамјан Момировски.


http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4052&mid=482&tabId=&tabindex=0
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 18-Mar-2011 at 18:39
Денеска штотуку почнаа со градење на оваа локација, а истата беше заградена во средата. А слики ќе добиете од птичја перспектива кога ќе има нешто интересно на околината.

Инаку од моја гледна точка мислам дека и ова ќе биде за никаде, ЗЕБРА 2.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 18-Mar-2011 at 20:48
Originally posted by Град Скопје

Објектот ќе има два ката под земја и седум ката над земја, со 445 паркинг-места (по 52 места во подземните нивоа и по 60 места на катовите)

По обичај на администрацијата тешко и оди математиката... или тоа, или дел од овие паркинг места ќе бидат во некоја друга димензија  LOL
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 19-Mar-2011 at 03:28
Previous Да у право си, ама нели пишува дека последниот кат е за угостителство, а приземјето за деловни објекти така да веројатно вкупно пак ќе се дојде до 445 паркинг места.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 19-Mar-2011 at 03:34
Со броевите 60 и 52 никако не може да се дојде до збир 445 
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 19-Mar-2011 at 03:37
Затоа реков дека си во правоSmile. Али поентава ми беше дека они си ги рачунаат битно тие 445 места па како ќе дојдат до бројката не  е битноLOL
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 19-Mar-2011 at 04:14
445 неможе да е збир на 52 и 60 затоа што не е парен број. Или има 428 + 17 за лица со посебни потреби или се вкупно 462 од 445 + 17. Една пресметка што прави логика е 52 и 50 во подрумите, приземјте без паркинг и 6 ката по 60 места се добиваат 462.

Edited by lslcrew - 19-Mar-2011 at 04:15
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 19-Mar-2011 at 12:51

Мене ми се отвара друго прашање. Која е потребата од катна гаража со прилично голем капацитет на таа локација? Точно има потреба од 100-150 паркинг места поради близината на Зелено пазарче, и зградата од спротива, но сепак нема во близината некој поголем трговски или станбен објект. Нели едно време се споменуваше некаква приватна болница на оваа локација?

Back to Top
zarko View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 28-Jan-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote zarko Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 19-Mar-2011 at 14:26

Монтажниот Паркинг во Ново Лисиче.


Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 21-Mar-2011 at 10:22
Originally posted by lslcrew



445 неможе да е збир на 52 и 60 затоа што не е парен број. Или има 428 + 17 за лица со посебни потреби или се вкупно 462 од 445 + 17. Една пресметка што прави логика е 52 и 50 во подрумите, приземјте без паркинг и 6 ката по 60 места се добиваат 462.


Според најавите 2 ката под земја x 52 места = 104 места
Од 7те ката над земја, приземје е деловен простор, а 7миот угостителство. Знали 5 ката x 60 = 300

Се на се, 404 места мене ми излегуваат. Единствено логично решение ми е и на тие два ката кои ќе имаат друга намена сепак да има по 20тина места и да се дојде до таа бројка. Или евентуално да се паркира и на надворешен паркинг покрај гаражата
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 23-Mar-2011 at 15:52

Kатните гаражи зјаат празни

Моментално во градот работат две катни гаражи, кои се недоволно искористени. Градската власт најавува изградба на осум нови




Скопјани сé уште не се навикнати да паркираат во катни гаражи. Двете големи, модерно опремени катни гаражи што работат моментално во градот се празни и недоволно неискористени. Возачите повеќе сакаат да губат време во барање бесплатно место по тротоарите, улиците и по зелените површини, отколку да платат 20 денари за паркирање. И покрај малиот интерес за паркирање на „затворен“ простор, во градот ценат дека катните гаражи се потребни и се решени да инвестираат во изградба на осум нови.
Катната гаража „Илинден“, до трговскиот центар „Бисер“ во општината Аеродром, најголем дел од времето е празна. Може да се најде понекој автомобил паркиран на празниот простор. Во „Зебра“ во Капиштец, состојбата е малку подобра. Поради ниската цена од 20 денари, жителите и посетителите на Капиштец се навикнале да паркираат во катната гаража.

„Зебра“ многумина ја користат за кратко паркирање, додека испазарат или завршат некоја обврска во близина, но поголем е бројот на оние што работат во близина и вадат месечни и годишни карти.
Месечните карти во „Зебра“ изнесуваат 3.000, додека годишните 30 илјади денари.

- Порано цената беше 40 денари и никој не паркираше во катната гаража. Ја намаливме на 20, за да ги навикнеме посетителите и жителите на Капиштец да паркираат овде. Направивме и други попусти. Најголем метеж има попладне и за време на викенд - изјави Ратко Јанковиќ, менаџер на катната гаража „Зебра“.

Во овој објект повеќе паркираат сопствениците на полуксузни возила, затоа што тие се заштитени од атмосферски влијанија.

- Често пазарам овде и се паркирам во катната гаража. Во катните гаражи возилата се заштитени од дожд, ветер, сонце. Секако и се побезбедни, особено за полуксузни коли – изјави Добре Василевски од Капиштец.

Но жителите на Аеродром не се навикнати да паркираат во катна гаража. Сите нивоа во оваа катна гаража за време на викендот беа празни. Цената е 30 денари за час, пет денари поскапа од зонското паркирање во околината.

- Не паркирам често во катната гаража, можеби по навика паркирам на отворено. Цената не е скапа, исто како и на сите паркиралишта. Често паркинг-просторот е празен - вели Коста од Аеродром.

Вработените во „Илинден“ велат дека граѓаните сé уште не се навикнати да паркираат во катната гаража. Улиците, тротоарите, зелените површини, секој слободен агол овде е полн, само гаражата е празна. Паркираат само кога сите слободни површини околу се зафатени од автомобили.

- Граѓаните сé уште бараат некое ќоше, тротоар или улица за да паркираат без пари. Не се навикнати да паркираат во катна гаража. Објектот ни е голем, безбеден, модернизиран, опремен со видеонадзор, гревота е да не се користи - изјави Јованка Ѓорѓиевска-Петрушевска, раководителка на катната гаража „Илинден“.

Скопје ќе добие осум нови катни гаражи и околу 3.000 паркинг-места. Веќе е почната изградбата на катната гаража кај Судска палата, која ја гради општината Центар, и гаражата кај Цветен пазар, која ја гради градот. Наскоро ќе почне изградба на катна гаража на улицата Даме Груев и кај поранешна „Нова Македонија“. Преостанатите четири ги гради Јавното претпријатие за станбен и деловен простор, две ќе бидат лоцирани од левата и од десната страна на АД МЕПСО, една кај Музејот на холокаустот и последната кај „Работнички универзитет“. Целата инвестиција ќе чини околу 30 милиони евра.






http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3231191298&id=14&prilog=0&setIzdanie=22238
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1941
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 23-Mar-2011 at 16:39
of mori majko... sega uste nekolku godini ke se cudat zosto im se prazni garazite za konecno da im tekne deka treba da pocne da gi otstranuvaat vozilata sto se parkiraat na trotoar okolu garazite... eureka
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 24-Mar-2011 at 04:28

Mislam treba da gi namalat cenite, ili pa da napravat edna fiksna cena da receme 50 denara za cel den. A dobro bi bilo i da napravat nekoja clanarina kade sto bi mozele lugeto stalno da parkiraat tamo za nekoja fiksna suma da receme od 1000 denari mesecno, mnogu poveke ke im se isplati nego vaka prazno da im sedi.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1941
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 24-Mar-2011 at 10:50
problemot e sto lugevo gi mrzi da poodat 2 minuti. si imaat nesto vgradeno vo glava deka treba da se parkiraat odma pred mestoto kade sto odat. nedaj boze da poodat malc. zatoa treba poveke stolbcinja i pajaci. preku glava mi e, a veruvam i na site, kako pesak, da setam ko niz minsko pole dodeka se dvizam po trotoar

Edited by xnx - 24-Mar-2011 at 10:52
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 24-Mar-2011 at 12:32
Тоа е тоа што се гради со генерации. Во Скопје освен метежот како најголем проблем според мене е сообраќајната не(култура). Попрво ќе изгазиш човек или ќе блокираш улица ама нема да си платиш. Па уште ако почнат да ги казнуваат за паркирање по паркови тротоари ќе се бунат како тоа не смееле таму да го остават возилото. На ова треба сериозно да работи градот во соработка со полицијата. Скопје веќе не е див запад и како град кој што има цел да биде една урбана средина мора да се среди хаосот. За ова не зборувам само за централно градско подрачје туку сите поединечни и колекторски улици низ општините. Крајно време е да се преземат мерки и да се развие свест!
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 913
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 24-Mar-2011 at 12:44
Премногу ја комплицирате работава. Чистењето на тротоари се решава постепено, дури и хаос ќе настане ако во исто време се прекине со паркирањето на сите тротоари. Полека се ставаат столпчиња на некои делови и никој не се буни зашто таму веќе нема да се паркира. Да, треба процесот побрзо да оди, ама тоа зависи и од темпото на изградба на катни гаражи и имплемнтацијата на зонското паркирање. Значи не се работи за свеста, туку едноставно кога ќе видиш дека тротоарите се оградени, а на 10 мин поминува пајак или има обележано места за зонско, секако дека ќе се придржуваш кон правилата.
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 24-Mar-2011 at 12:58
Се сложувам во целост со Фресно, прво катни гаражи па после воведување максимален ред. Дефинитивно треба да се воведе ред но мора да има место за паркирање. Ние практично во центарот на градот сеуште немаме вистинска катна гаража. Прво исполни ги сите услови за паркирање па после кој не почитува си има мерки кои ќе си се спроведат.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 37>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.437 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.