build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Гаражни објекти (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гаражни објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 36>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1918
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 24-Mar-2011 at 18:32
ne se slozuvam celosno. mi se dopaga idejata da gradot postepeno pocnuva da se dzivi vo pravilna nasoka, kako sto velite. megutoa, dali e taka? imame slucaj na najnovi bulevari i zonski parkiranja, kade sto kolite se parkiraat na trotoar so legalno obelezani mesta, koi go poprecuvaat dvizenjeto na pesaci, a velosipedite se ili totalno iskluceni od predvid ili se napraveni nekoi pateticni nefunkcionalni pateki. znaci ako vo denesno vreme se pravat vakvi nepopravlivi greski togas kako ke se slucuvaat tie promeni? primeri ima mnogu: od debar maalo, do ilindenska kade sto ima i slucaj na legalno obelezan parking na trotoar(sproti MCM) i nemoznost nikako vo idnina da se vmetnat velosipedski pateki (iako realno gledano velosipedite se edinstveniot spas za skopje spored mene)
Back to Top
Tuvok View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote Tuvok Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 25-Mar-2011 at 03:10
Па најлесно за да не се паркираат на тротоари е поставување на столпчиња по цела доложина на тротоарот. На многу од улиците доколку се направи така конечно ќе се добие шанса и простор за велосипедски патеки и можеби и таквиот транспорт ќе почне да се користи почесто.
Јас да се прашувам , би ставил столпчиња по скоро сите булевари и пофрекфентни улици во централното градско подрачје. Мислам дека треба се повеќе и повеќе да се обрнува внимание на велосипедските патеки бидејќи кога може во градови поголеми од Скопје луѓето да користат велосипеди за транспорт не гледам зошто не би можело таа навика да се направи и кај нас.

Edited by Tuvok - 25-Mar-2011 at 03:13
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1918
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 25-Mar-2011 at 10:28
mislam deka skopje e idealen grad za velosipedi- ramen e, i ne tolku golem. treba samo da se poraboti na patekite i na mentalitetot na lugeto... no, dokolku ne se predvidat patekite na vreme, posle e mnogu tesko da se vmetnat. toa me iritira, sto vo denesno vreme koga se obnovuvaat i gradat bulevari nikoj ne pomisluva na ova.. a za trotoarite da ne pocnuvam. dali nekoj razmisluva deka invalidi, slepi i zeni so deca so kolicki ne mozat bukvalno da izlezat od doma? 
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 25-Mar-2011 at 16:11
Не знам каков е ДУП-от на општина центар, ама пред зградата на ССМ тоа празниот простор е измислен за катна гаража. Денес поминав и забележав дека проади преполнетоста на паркингот пред ССМ и на оној големиот кај холиедј ин луѓе се паркираат по тротоари. Дефинитивно катна гаража е таму потребна, ем ќе се среди празниот простор ем нема коли да се паркираат по тротоар.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 25-Mar-2011 at 16:21
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3649
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #206 Posted: 28-Mar-2011 at 11:18

Подземни гаражи ќе го уништат Паркот на жената-борец

Подземните гаражи под Паркот на жената-борец, кои Општина Центар ги предвиде со последните измени на урбанистичкиот план Мал ринг, неповратно ќе го уништи ова зелено катче во градот, реагираат од Асоцијацијата на архитектите на Македонија (ААМ) и Хортикултурното здружение на Македонија. Не само затоа што во овој дел ќе биде навлечена поголема концентрација на возила туку и поради тоа што со копањето ќе бидат уништени старите дрвја. Потсетуваат дека постојните дрвја се стари над 40 години и се хранат со вода од подлабоките подземни слоеви.

- Подземната градба ќе ги оштети корењата и ќе го прекине нивниот допир со подземните води. Оваа мала зелена површина во централното градско подрачје има еколошко, здравствено, естетско и мемориско значење за скопјани и затоа треба да се чува, а не да се уништи - апелираат од Хортикултурното здружение.

Претседателот на ААМ, Даница Павловска, изјави дека наместо сообраќајот да се дислоцира од центарот, напротив, централното подрачје с` повеќе се задушува.

- Во центарот се предвидени шест катни гаражи, од кои некои веќе се градат. Не може да се градат и катни и подземни гаражи. Со овој план се прави принципиелна грешка. Сообраќајот треба да доаѓа до Мал ринг, а не под него или над него. Тој е концептот на сообраќајот во Градот, воспоставен уште за време на Кензо Танге -смета Павловска.

Со последните измени на Малиот ринг, освен подземни паркиралишта под Паркот на жената-борец, предвидена е и пешачка патека од црквата „Свети Димитрија“ кон Калето. Таа би се градела над сообраќајницата што сега води кон Стоковната куќа „Мост“.

За двете здруженија оваа интервенција е хаотична и не е во согласност со Законот за Старата скопска чаршија. Вели дека од она што е претставено во планот, тоа е пешачки мост што ќе оди во небо, затоа што така е поставен, да не се знае каде завршува.

Од ААМ остро се спротивставуваат на ваквото урбанистичко решение и поради фактот дека пешачката патека ќе го скрие Калето.

- Направена е реконструкција на тврдината, илуминација, со што добивме еден нов квалитет во визурите, нов лик на градот Скопје. Прашањето за патеката беше поставено при презентацијата на планот, но од планерите немаше одговор. А ние инсистираме за ваквата непознаница посебно да се елаборира - порача Павловска.

Од ААМ и од Хортикултурното здружение на Македонија своите забелешки ги приложиле во писмена форма, во текот на јавната анкета. Исто така, нивната реакција и барања се доставени и до Општина Центар. Не само околу подземните гаражи под паркот, пешачката патека туку и околу намерата на Општината да дозволи надградби на неколку згради на плоштад Македонија.

Од Центар не коментираа дали овие урбанистички решенија се во ред, дали е направена анализа како ќе влијаат на животната средина и урбаниот простор. Само изјавија дека подземното паркирање под паркот, а и патеката кај „Свети Димитрија“ не се предмет на актуелните измени и дополнувања на Мал ринг, туку дека како решенија датираат од измените што веќе се случиле во последните четири години.

Имајќи предвид дека сите овие измени, годиниве, следуваа најмногу на барање од државните власти, со цел задоволување на нивните урбанистички апетити за спроведување на владиниот проект „Скопје 2014“, од ААМ и тогаш и сега повторија дека се оградуваат од него. Лани усвоија и Декларација во која наведоа дека на Мал ринг во целост му недостига временски, географски, политички, економски, културен и социјален ефект. Го оквалификуваа како план кој е стручно неиздржан и не ја антиципира нашата иднина.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5D1B4FEA9FDEDD4D926A8C0FA91E5CA6
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #207 Posted: 30-Mar-2011 at 20:18
Деновиве се сечеа дрвата на просторот кај Т.Ц Беверли Хилс, кај што треба да се гради катна гаража. Ако има отпочнување на работите, ќе бидете навремено известени
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3649
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #208 Posted: 04-Apr-2011 at 12:31

Бетон склучи договор вреден 5.7 милиони евра

04.04.2011 | Автор: Мк Фондови
Бетон%20склучи%20договор%20вреден%205.7%20милиони%20евра

ДГ Бетон АД Скопје склучи Договор со Општина Центар во вкупна вредност од 352.466.000,00 денари (5.7 милиони евра) со вклучен ДДВ.


Предмет на овој Договор е изведба на Катна Гаража на бул. Гоце Делчев во комплекс на Судска Палата.

http://daily.mk/cluster3/c8acf1cfcc77cb68ec362c18fb68fae4/669953
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3649
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #209 Posted: 11-Apr-2011 at 12:43
СЕ ПРОДАВА ПАРЦЕЛА ПОКРАЈ ВАРДАР ЗА НОВА ГРАДБА
Катна гаража ќе никне и под Кале

Роза Петкова

Метрополата ќе добие уште една катна гаража, овој пат под Кале, во близина на американската амбасада и резиденцијата на архиепископот Стефан. Објектот ќе се гради на левиот брег на Вардар и е предвиден со деталниот урбанистички план на Општина Центар, кој го опфаќа потегот каде што сега има пластеници за цвеќе, полигон за возачи-почетници и дел кој се користи како див пазар на големо. Министерството за транспорт и врски неделава го објави огласот за продажба, со кој се бара инвеститор за парцела со површина од 11.600 квадратни метри. Според ДУП, гаражата ќе има осум подземни нивоа и капацитет од 1.960 возила. Како и останатото државно земјиште, и ова ќе се продава по почетна цена од едно евро за еден квадратен метар, додека на јавното наддавање закажано за 29 овој месец цената ќе може да се зголемува за не помалку од десет денари. За да учествуваат на јавното наддавање, заинтересираните инвеститори ќе треба да уплатат и депозит од околу 71.000 денари. Во согласност со планот, кој е насловен како „Централно зеленило покрај Вардар - Парк 2“, гаражата ќе ги опслужува петте хотели предвидени на таа локација. Двете парцели за хотелските комплекси, на вкупна површина од речиси 20 хектари, се продадоа лани во ноември откако претходните тендери за продажба пропаднаа. Хотелите се распоредени еден до друг покрај брегот на Вардар и три од нив имаат можност да достигнат максимална висина од 14,5 метри, а два од 11 метри, односно да бидат на три и на два ката. Првата парцела ја купи компанијата „Воденица Оне“ по цена од околу 560.000 евра, односно за 2.510 денари за квадратен метар. Втората парцела отиде кај скопјанецот Марјан Јованов, кој плати иста цена. Со претходниот тендер земјиштето за хотели се продаваше со услов фасадите на објектите да бидат барокни и да се вклопат во амбиентот на градбите од блиската околина, односно на административните згради на „Водовод и канализација“ и на Град Скопје, кои наскоро ќе почнат да се градат подолу на истиот брег. Истиот услов изостана во повторниот тендер за продажба на овие локации, а го нема ни во огласот за катната гаража. Во ДУП е предвидено да се изгради спортски комплекс и објектите ќе може да достигнат висина од осум метри. Во комплексот ќе се гради спортско-рекреативна сала, придружни објекти во функција на спортот, отворени спортски терени и привремено сместување.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2286&ArticleID=159158
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7519
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #210 Posted: 11-Apr-2011 at 22:42
изгледа се пронајде некој солиден бизнис со гараживе што вака никнувааат ко печурки по дожд...
како и да е, гараживе се добри за паркирањето, лоши се за гфрадските простори кои се трошат во празно, за паркинг, и така ги градат на бришан простор, зошто не се оди под земја како што се прави насекаде низ светот во моментов?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #211 Posted: 11-Apr-2011 at 23:33
Ктаните гаражи не чинат така, печурки, па не требало над земја!
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #212 Posted: 11-Apr-2011 at 23:44
Ако е точен во целост текстов од Време, не ми е јасно само зошто да ги опслужува петте хотели што требало да се изградат. Ја колку што знам таа катна гаража треба да служи како паркинг за стадионот и да е поврзана со пешачки мост со стадионот. Како и да е бидејќи утакмици кои можат да наполнат цел стадион се играат 2-3 пати годишно, не ме чуди колите од гостите во хотелите останатото време да се паркираат тука, но сепак хотелот би требало да си има свој паркинг. Имено овој паркинг би се користел и секојдневно поради близината на зоолошката, Луна паркот (ако се среди) и на паркот воопшто.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3649
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #213 Posted: 03-May-2011 at 15:16
СПОРЕД АНАЛИЗА НА ЕКОЛОШКОТО ЗДРУЖЕНИЕ „ФРОНТ 21/42“
Центар ќе има повеќе катни гаражи од Виена

Роза Петкова


Скопскиот центар, според бројот на жители и предвидени катни гаражи, ќе има повеќе паркинг-места отколку што има центарот на Виена. До ваков заклучок дошло еколошкото здружение „Фронт 21/42“, кое неодамна изработи анализа за урбаниот транспорт во главниот град споредувајќи го со транспортните политики на Загреб, Бања Лука и на Виена. Од Здружението велат дека Скопје, иако стои најслабо со сите други параметри за сообраќај, убедливо води во однос на бројот на планирани катни гаражи. Тие посочуваат дека изградбата на тие објекти, доколку се изградат како вистински гаражи, а не да се претворат во деловни и трговски центри, нема да го реши проблемот со метежот и со паркирањето во метрополата, туку само ќе се зголеми бројот на возила. - Со години се коментира недостигот од паркинг-места и овој став е еден од аргументите за најавените осум катни гаражи во центарот, со околу 3.000 нови паркинг-места. Во моментот во централното подрачје на Скопје има места за паркирање во подземни гаражи или на улица за најмалку 3.000 автомобили, па излегува дека во центарот ќе има најмалку 6.000 паркинг-места. Ова е целосен апсурд. Во споредба со Виена, земајќи ги предвид бројот на жители, моторни возила, паркинг-места во катни гаражи во центарот, бројот на места по автомобил и на крајот и по жител, излегува дека Скопје предвидел повеќе места за паркирање во гаражите на катови иако е помал град. Тоа покажува дека кај нас користењето индивидуални автомобили реално се поттикнува - велат од Здружението во анализата. Според нив, на главниот град му е неопходна стратегија за намалување на бројот на автомобили, со тоа што ќе се намали потребата за нив, а тоа може да се оствари со воведување нови транспортни средства, како трамвај, со кои би се подобрил јавниот градски превоз, и со изградба на квалитетна велосипедска мрежа. Од досега планираните, во центарот на Скопје се изградија катната гаража до НЛБ Тутунска банка со 150 места, деловно-комерцијалниот центар „Зебра“ со 460 места и гаражата на паркингот на „Универзална сала“ на фирмата „Импексел 2“ со 136 места. Катна гаража се гради кај Судска палата, пред поликлиниката „Идадија“, до Цветниот пазар, а со ДУП се предвидени и на локации спроти полициска станица „Беко“, до поранешната зграда на „Нова Македонија“, пред работничкиот дом „Кочо Рацин“, кај Телеком, меѓу Македонска пошта и МЕПСО, до Музејот на холокаустот, под Кале, зад универзитетската библиотека, до „Холидеј ин“ и во близина на „Веро центар“.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2302&ArticleID=160173
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #214 Posted: 03-May-2011 at 19:15
Целосно се согласувам со здружението. Мислам дека воопшто не се размислува, и се нема чуство за урбанизмот на градот. Толку многу предвидени катни гаражи, па цел град во катни гаражи, ќе ни се претвори.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 826
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #215 Posted: 03-May-2011 at 20:21
па нормално дека ќе има толку катни кога на времето не се раѕмислувало на доволно подѕемни гаражи. А тоа дека ќе се потикне користењето на автомобил воопшто не соодветсвува со реалната ситуација бидејќи и во догледна индни со стапката на раста на нашата економија и со стапката на раста на цената на горивата и додатно цените ѕа паркирање населението нема да може да биде мотивирано да користи повеќе автомобили, а токму поради тој економски аспект за да се подобри комуникацијата и мобилноста во градот треба да се зголеми и ѕбогати јавниот транспортен систем најмалку со еден вид  на јавен шински транспорт.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9102
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #216 Posted: 03-May-2011 at 20:23
Originally posted by mirakuliks

па нормално дека ќе има толку катни кога на времето не се раѕмислувало на доволно подѕемни гаражи. А тоа дека ќе се потикне користењето на автомобил воопшто не соодветсвува со реалната ситуација бидејќи и во догледна индни со стапката на раста на нашата економија и со стапката на раста на цената на горивата и додатно цените ѕа паркирање населението нема да може да биде мотивирано да користи повеќе автомобили, а токму поради тој економски аспект за да се подобри комуникацијата и мобилноста во градот треба да се зголеми и ѕбогати јавниот транспортен систем најмалку со еден вид  на јавен шински транспорт.


Не се сложувам. Центарот на градот е преплавен со подземни гаражи во кои се чуваат кисела зелка, отпад, ѓубре и што уште не. Објекте се потполно запустени од страна на нивните сопственици кои ги оставаат возилата надвор каде ќе стигнат.

Не велам дека ситуацијата била идеална, но доколку само би се ревитализирале овие подземни гаражи, ситуацијата значајно би се подобрила.
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #217 Posted: 16-Jun-2011 at 01:28
Личен коментар долу

Катните гаражи под хипотека



Градот стави под залог свој недвижен имот како обезбедување на паричното побарување на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје за одобрување кредит за изградба на катните гаражи кај Цветниот пазар и кај полициската станица „Беко“.

Според одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за задолжување, Градот побарал заем од 8.500.000 евра од НЛБ Тутунска банка АД .

Градоначалникот Коце Трајановски вчера изјави дека е сосема нормално за изградба на вакви објекти, за кои е потребна поголема сума пари, хипотеката да биде една од можностите за затворање на финансиската конструкција.

- Не даваме под хипотека изграден објект кој функционира, односно нема да се даваат дуќаните, туку само паркинг-просторот. Од буџетот на Град Скопје не можеме да си дозволиме да градиме вакви објекти.

Инаку, камен-темелникот на катната гаража кај Цветен пазар беше поставен на 18 март, а „Гранит“ треба да ја изгради во рок од две години. Објектот е висок 27 метра, со 2 ката под земја.

Катната гаража кај „Беко“ ќе достигне висина од 23 метри. Ќе има седум ката над земја и две нивоа под земја, а ќе се гради на површина од околу 3.070 квадратни метри. Овој објек, чија изградба ќе чини речиси 1,4 милион евра, предвидено е биде готов во рок од две години. За градежните активности се ангажирани од „Конструктор инженеринг“.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=74557BB42B91F847971ED102943E1577

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

На прв поглед, овде се работи за сомнителна одлука која ќе отвори опасен преседан кој според мене е недозволив од правна и етичка основа. Неоспорно е правото на општините да се задолжуваат по добиена дозвола од Министерството за финансии меѓутоа Законот за град Скопје, Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и Правилникот за задолжување на општините не предвидуваат задолжување на основа на хипотека. За волку висока сума на задолжување обично државата е таа која дава гаранција што овде не е случај. Според ова произлегува дека градот Скопје може да ги заложи и градскиот парк и езерото Треска и недвижниот имот на сите фирми кои ги поседува(!?). Ќе почекам на дополнителни реакции но доколку ова помине незабележано детално ќе ја простудирам законската регулатива и доколку произлезе дека ова е противзаконски ќе поднесам и иницијатива до Уставниот суд.

Edited by OCB - 16-Jun-2011 at 01:29
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12292
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #218 Posted: 17-Jun-2011 at 01:08
Originally posted by OCB

На прв поглед, овде се работи за сомнителна одлука која ќе отвори опасен преседан кој според мене е недозволив од правна и етичка основа. Неоспорно е правото на општините да се задолжуваат по добиена дозвола од Министерството за финансии меѓутоа Законот за град Скопје, Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и Правилникот за задолжување на општините не предвидуваат задолжување на основа на хипотека. За волку висока сума на задолжување обично државата е таа која дава гаранција што овде не е случај. Според ова произлегува дека градот Скопје може да ги заложи и градскиот парк и езерото Треска и недвижниот имот на сите фирми кои ги поседува(!?). Ќе почекам на дополнителни реакции но доколку ова помине незабележано детално ќе ја простудирам законската регулатива и доколку произлезе дека ова е противзаконски ќе поднесам и иницијатива до Уставниот суд.

Дали дозна нешто повеќе?

Инаку, иако во случајов се работи за хипотека врз објектот кој се финансира преку кредитот (што според мене е океј само по себе), во право си дека може да биде опасен преседан и да ја подотвори вратата за секакви лудории.

Од твојот пост претпоставувам дека си правник или барем дека имаш солидно познавање на материјата, па ме интересира што би се случило во хипотетичка ситуација кога би поминала таквата иницијатива пред уставен суд, со оглед на тоа дека дотогаш кредитното финансирање на објектот извесно би било започнато.
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #219 Posted: 17-Jun-2011 at 03:17
Ќе причекам официјална потврда дека заемот е подигнат. Одлуката мора да биде објавена во Службениот гласник на град Скопје. Истата ќе ја содржи правната основа за нејзино донесување. На тој начин ќе биде полесно да се утврди правната основаност за задолжување на општини преку залог.

За да избегнам шпекулација, на хипотетичкото прашање ќе пишам одговор доколку се испостави дека одлуката е правно неоснована.

Да, правник сум, уште малку па д-р на правни науки
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #220 Posted: 17-Jun-2011 at 12:23
А нели ќе беше подобро, уместо две, една да планираа да изградат, и наместо толку предизборно да се брза, плански да се сочувале средства од ланската година, па наместо да имаме ситуација во која ќе се задолжува градот со хипотека, да се чекаше уште некое време, па со пари директно од буџетот да се финансираше прво едната катна, па за некое време и другата. Скопје и така 20 години кубури со катни гаражи, не ќе беше проблем ако уште една-две години нема катни гаражи.
Офф-топик, ОЦБ изгледа сме дел од ист факултет (веројатно).
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 36>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.