build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гаражни објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 36>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2599
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 02-Sep-2011 at 00:14
Многу ме бендисуваат проективе од СКАРС, особено првата за на Даме Груев. Е сега, кој им е крив кога не ставиле купола.

Потенцијал се гледа дека има, уште да има кој да го препознае.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 05-Sep-2011 at 06:47

новите обЈекти ЌЕ ГО УБЛАЖАТ, но нема да го решат ПРОБЛЕМОТ СО ПАРКИРАЊЕТО

Во катните гаражи 3.500 нови паркинг-места

Седумте катни гаражи што ги градат три институции, за вкупно 35 милиони евра, ќе го ублажат проблемот со паркирањето во Скопје, но нема да го решат затоа што потребата од паркинзи постојано се зголемува

Со седум нови катни гаражи во центарот на Скопје до крајот на 2013 година ќе се создадат 3.500 нови паркинг-места. Тие ниту од далеку не се доволни за да ги намират потребите за паркирање, но доколку граѓаните редовно ги користат, можат значително да го намалат притисокот врз тротоарите, коловозите и зелените површини. Овие седум катни гаражи се во општествена сопственост, ќе чинат вкупно 35 милиони евра, а ќе ги градат Општина Центар, Градот Скопје и АД за изградба и за стопанисување станбен и деловен простор, односно поранешното државно станбено претпријатие.

Стаклени деветкатници како деловни објекти

Поделбата на колачот за изградба и стопанисување на седумте катни гаражи заврши вака: две за Градот Скопје (на паркингот спроти „Беко“ и во близина на Цветен пазар), две за Општина Центар (Судска палата и кај поранешната зграда НИП „Нова Македонија“) и три за станбеното претпријатие (кај МЕПСО, кај зградата на ССМ и кај Музејот на холокаустот).

Четири од наведените гаражи веќе се градат, а за неколку дена ќе почне и изградбата на онаа во зеленилото пред ССМ, за што теренот веќе е ограден. Оваа катна гаража ќе биде меѓу најскапите, односно ќе чини 8 милиони евра. Според директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов, објектот ќе зафаќа површина од 20.000 квадратни метри, од кои 3.500 квадрати ќе бидат деловен простор. Ќе ја гради „Бетон“, со рок за изградба од 24 месеци.

- Овој објект ќе има девет нивоа над земја и две под земја, со капацитет за 516 возила. Ќе биде од стакло, ќе личи на големиот центар „Соравија“, за да се вклопува во околниот амбиент - изјави Грозданов.

Тој најави дека ова акционерско друштво во ноември ќе ја почне и изградбата на гаражата кај Музејот на холокаустот на Евреите од Македонија, но за неа с` уште не сакаше да кажува детали.

Гаражата кај МЕПСО, која почна да се гради летово, ќе биде автоматизирана и е најавена како една од најсовремените катни гаражи на Балканот. Вредна е речиси 6 милиони евра, а главна карактеристика, освен автоматизираноста, и е фасадата во барок, поради потребата да се вклопи со останатите објекти од проектот „Скопје 2014“. Зафаќа површина од 8.229 квадрати и е со капацитет за 280 автомобили.

Дел од местата на продажба

Градските власти во двете катни гаражи на скопјани ќе им обезбедат над 1.000 нови места за паркирање. Гаражата на паркингот спроти „Беко“ ќе може да прими 600 возила и 120 велосипеди, а онаа кај Цветен пазар е предвидена за 445 возила.

Првата ќе има модерна стаклена фасада и ќе достигне висина од 23 метри. Ќе има седум ката и две нивоа под земја, а на приземјето и на првиот кат се предвидува простор за трговско-деловна намена. Изградбата на овој објект чини 1,4 милион евра, за што Градот зеде кредит. Втората „градска“ гаража кај Цветен пазар ќе има девет ката, а ќе чини 11 милиони евра, што Градот Скопје планира да ги обезбеди од буџетот.

Општина Центар, пак, неодамна на граѓаните им понуди можност да купат паркинг-место во гаражата „Судска палата“, која ќе има капацитет од 500 места. И од овој објект одреден дел ќе се користи како деловен простор, односно 15 отсто од неговата вкупна површина од 20.000 квадрати. Според одлуката на Советот, едно паркинг-место ќе се продава за 8.500 евра, а дуќаните ќе одат на лицитација, со почетна цена од 1.500 евра за квадрат на приземје и 1.300 евра за квадрат деловен простор на катовите. Оваа гаража ќе чини 5 милиони евра, од кои половината ги обезбеди Општината со кредит, а останатите пари ги очекува од продажбата на дуќаните и паркинзите.

Општина Центар треба да изгради зграда за паркирање и кај „Нова Македонија“ за 150 возила. Оваа инвестицијата ќе чини 3.300.000 евра.

До 2020 на центарот на Скопје ќе му бидат потребни 31.000 паркинг-места

Според анализите на актуелниот Генерален урбанистички план за Скопје од 2002 година, само во центарот на градот недостигаат над 15.000 паркинг-места, а регистрирани се околу 5.000. Иако од 2002 година наваму бројот на нови паркинзи во центарот се зголемува, градот е далеку од оптимална состојба.

Во Генералниот план се наведува дека проблемот со недостиг на паркиралишта би се решил со изградба на катни гаражи, евентуално на сметка на партерното зеленило, за кое се вели дека е уништено и не се одржува.

Анализите покажуваат дека до 2020 година потребите за паркинг-места ќе пораснат од 18.000 на 31.000.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7006E03B07BCA649834520055774F7C1
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 05-Sep-2011 at 06:57

Капиштец се' уште го чека монтажниот паркинг

Општинарите од Центар велат дека наскоро ќе почнат со теренска реализација на проектот

Ни по изминати две години од најавите во Капиштец се' уште не е изграден монтажниот паркинг, проект кој градоначалникот Владимир Тодоровиќ им го вети на граѓаните како еден од приоритетните за реализација. На просторот по должина на улицата „Народен фронт“, до кафулето „Интермецо“, каде што е предвиден паркингот и натаму има голем метеж од паркирани возила. Освен на постојниот паркинг, неретко од паркирани автомобили е блокирана и улицата. Од тие причини, велат станарите од околните згради, едвај чекаат општинарите да ги реализираат ветувањата. Убедени се дека наменскиот објект во голема мера ќе го ублажи недостигот од паркинг-места во реонот, како што неодамна се надминаа проблемите во дел од Ново Лисиче, каде што се изгради првиот објект од ваков тип во градов.

„Поставувањето на монтажниот паркинг, согласно со динамиката на работа, е планирано во најскоро време. Моментно се работи на завршување на административните постапки“, информираат од Општината.

Оттаму се' уште немаат утврдено по колкава цена и по какви услови ќе може да се користи паркингот. Единствено, велат дека Општината нема намера да профитира, па така планираат користењето на паркингот да се наплаќа симболично. Планирано е монтажниот паркинг да обезбеди околу 360 паркинг-места на платформата и уште толку во долното приземно ниво на објектот. Тој ќе се простира на површина од околу 8.000 квадратни метри. Ќе биде изграден од поцинкувана конструкција. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=54BBE866E5A69A42B7AA318FCC7C09DC
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 22-Sep-2011 at 12:01

За поцинкуваната монтажна конструкција – 2,6 милиони евра

Се оградува просторот за монтажниот паркинг во Капиштец

капиштец
Екипите на „ДФТ Масон инженеринг“, фирмата која на којзнае кој по ред тендер, ја доби работата околу поставувањето на монтажниот паркинг во скопската населба Капиштец, почнаа со оградување на градилиштето долж улицата Народен фронт. Монтажниот паркинг, како што соопштуваат од општина Центар, ќе се протега од почетокот на улицата Народен фронт, кај АМСМ, до кафулето „Интермецо”. Сега, во рок од 120 дена, треба да се монтира паркингот на постојното паркиралиште од броевите 17 (пред Охридска банка) до 27 на оваа улица, или 2.500 квадратни метри, како прва фаза од проектот. Целиот паркинг, пак, ќе зафаќа површина од 8.000 квадрати, а општина Центар за неговата изведба ќе потроши 2,6 милиони евра.

И, додека полека теренот се заградува, жителите на Капиштец се и повеќе од револтирани, зашто наскоро станарите на зградите од број 17 до број 27 ќе нема каде да ги паркираат автомобилите.

„Три години градоначалникот Тодоровиќ зборува за овој паркинг. Така и не примами да дадеме глас за него на локалните избори. Ова беше негов предизборен адут. Распишуваше неколку несупешни тендери, лани ова време, го асфалтираа постојното паркиралиште, а сега го оградуваат просторот. Никој не не праша дали сакаме ваков паркинг, ниту, пак, сега, кога ќе се прави паркингот, некој не информира каде ќе ги паркираме возилата. Нема ни простор по тротоарите. Веројатно, градоначалникот смета на својата катна гаража „Зебра“, па ќе ќари на нашата мака“, револтирано вели Деса Велкова од Капиштец.

Монтажниот паркинг, според проектот на општината, треба да обезбеди околу 720 паркинг места, распоредени по околу 360 на приземјето и на првата платформа.

Во текот на вчерашниот ден не добивме одговор од надлежните во општината  Центар, кога точно ќе почнат градежните работи, ниту како замислуваат во предвидениот рок од три месеци за изведување на градежните работи, да се организира паркирањето во овој дел од градот.
Општинскиот гласноговорник по којзнае кој пат објасни дека структурата на конструкцијата на паркингот ќе биде од поцинкувани, префабрикувани и модуларни елементи, кои ќе може лесно и брзо да се монтираат и демонтираат.

По монтажата на првата фаза, надлежните планираат просторот околу паркингот да се зазелени, хортикултурно да се уреди, како и да се постави урбана опрема.

Основната цел за поставување на монтажниот паркинг е решавање на проблемот со паркирањето во густо населената населба Капиштец, односно жителите да имаат гарантирано место за оставање на своите автомобили во секое време од денот, информираат од општината.
„Општина Центар нема да профитира од монтажниот паркинг, затоа што цената за користење на паркингот би била симболична“, изјави портпаролот Јовица Ацковски.

Иако со паркиралиштето ќе стопанисува општинското јавно претпријатие „Паркинзи на општина Центар“, надлежните не откриваат колку симболчна ќе биде висината на цената на билетот за користење на паркингот, ниту дали паркирањето ќе се наплаќа од час или ден, неделно или месечно.
Монтажниот паркинг беше еден од главните предизборни адути на градоначалникот Владимир Тодоровиќ.

На предизборните плакати за локалните избори од 2009, спред фотомонтажата, монтажниот паркинг беше претставен како се протега над постојното паркиралиште од почетокот на улицата Народен фронт до крстосницата со Рузвелтова. Поради неколкуте кафулиња и ресторани, меѓу кои е и култната „Воденица“, што се направија на местото на железничките трошни куќи пред 10 години, должината на монтажниот паркинг е намалена. Досега, за монтажното паркиралиште во Капиштец се организираа неколку неуспешни тендери, а фирмата „ДФТ Масон инженеринг“, која на претходнииот тендер поднела жалба, овој пат ја доби работата вредна 2,6 милиони евра.

Иако општина Центар прва најави дека ќе прави монтажен паркинг, надлежните од Аеродром ги претркаа и минатата година во населбата Ново Лисиче направија ваков објект, кој жителите го користат бесплатно. Надлежните од општина Аеродром имаа во план да прават ваков паркинг и пред зелените кули во населбата Јане Сандански, но тамошните жители се спротивставија на идејата, недавајќи да им се уништи зеленилото пред зградите.

http://www.time.mk/read/710762726c/11e52e9f4a/index.html
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 22-Sep-2011 at 16:07
Од каде најдоа и во ова заговор дека додека се гради гаражата градоначалникот сметал на приватната гаража. Баш напротив, доблест е од позиција на градоначалник да гради катна гаража додека е и сопственик на катна. Не толку за да го бранам градоначалникот туку зашто нема логика во тезите.

Инаку гаражава во долниот дел може да биде нешто како зонското за околните жители кои ќе имаат де факто гаражирано место и доле да биде за возила кои се вадат/паркираат еднаш двапати во ден како на жителите, а горе некоја поголема проточност за тие што се тука по околните трговскиот, деловни и слични потреби.

Уште една друга работа која ми остана нејасна и тука во во Аеродром. Зашто не го прошират паркингот за пола во ширина и наместо коридорот да служи за еден ред паркинг места ќе служи за два. Така ќе се добие дупли капацитет, а за помало проширување на паркингот. И во Аеродорм и тука има простор.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 07-Oct-2011 at 12:29
Тече процедурата за реализација на проектите за изградба на неколку катни гаражи и подземниот паркинг во Охрид, за решавање на проблемот со недостаткот на паркинг простор во најголемиот туристички центар во државава, уверуваат надлежните во локалната самоуправа.

Се може да се направи, не е никаков проблем да се направи тој паркинг, тоа чини пари. Се си има своја цена.
Бранко Арнаудов, раководител на секторот за урбанизам во локалната самоуправа.
Општинскиот совет ги донесе измените на урбанистичките планови за обезбедување простор за катните гаражи кај градскиот пазар за 400 возила и во спортскиот центар „Билјанини Извори“ за 2.000 возила, за што се подготвува техничка документација, велат во општина Охрид, каде според урбанистичкиот план предвидено е подземна гаража на две нивоа да има под конгресниот центар кој треба да се гради кај стариот градски полигон во центарот на градот за паркирање на 400 возила.

Во завршна фаза се измените на ДУП за дел од стариот град северно од Горна Порта, каде под сегашниот паркинг се планира во стар традиционален стил по насоките за заштита на УНЕСКО, да се изгради каскадна гаража за возилата во стариот град. Најголемо внимание привлекува идеата за изградба на подземен паркинг под централниот плоштад од Летница кај чаршијата до хотелот Ривиера по должина на Кеј Маршал Тито, за што почнаа да се цртаат измените на нацрт ДУП за Табана и Ривиера, велат во општината, каде сметаат дека зафатот е реален и изводлив во наредниве пет години и покрај скептичноста во јавноста за дамнешните најави на локалната власт.

„Дека не е реално, не е точно. Јас сум оптимист, ако можат некаде од море да прават копно, а ние копното да не можеме да го искористиме, тоа за мене е несватливо. Се може да се направи, не е никаков проблем да се направи тој паркинг, тоа чини пари. Се си има своја цена. Ако сакаме да имаме чист плоштад без сообраќај, со уредено шеталиште, а под него да има паркирање, тоа ќе не чини доста пари. Бидејќи општината поради познатата финансиска состојба и наследените долгови, нема средства, сите овие проекти сакаме да ги реализираме со јавно-приватно партнерство. Општината да учествува со земјиштето и со локацијата, а приватен партнер со изградба на паркингот. Според мене е изводливо и јас сметам дека во наредниве години ќе се реализираат и катните гаражи и  подземниот паркинг“, вели Бранко Арнаудов, раководител на секторот за урбанизам во локалната самоуправа.
​​
Тој амбициозно најавува нови над пет илјади паркинг места во Охрид. Граѓаните пак се покритични и посомнителни.

„Во врска со градењето на подземна гаража кај плоштадот, сметам дека таа идеја по малку е утопистичка, бидејќи се сомневам дали реализаторите на тие проекти се подготвени технички, како и со соодветни стручњаци за да се да се реализира таков зафат во Охрид и во Македонија. Сите знаеме дека плоштадот е на самиот кеј во близина на езерото“, вели анкетирана охриѓанка.

Во врска со градењето на подземна гаража кај плоштадот, сметам дека таа идеја по малку е утопистичка.
Анкетиран граѓанин
 
Таа смета дека и возачите мора да се навикнат на новите правила на паркирање на паркинзите со плаќање, без узурпација на празните простори без наплата меѓу зградите во центарот на Охрид, кои ги користат нивните жители.

„Јас користам паркинг, бидејќи мојата работа е во централното градско подрачје, а живеам надвор од Охрид. Но, тука има уште еден парадокс. И покрај тоа што плаќам за паркирање, вработените на паркиралиштата мака мачат за да обезбедат соодветен паркинг простор за платената услуга, преместувајќи ги возилата од едно на друго место. Така што, факт е дека Охрид има сериозен проблем и надлежните треба итно да извршат реализација на проектите, односно да изградат катни гаражи во Охрид“, вели граѓанин на Охрид.

Во летната туристичка сезона бројот од 20 илјади возила на охриѓани, двојно се зголемува, а проблемот со паркирањето  посебно се чувствува со урбанистичко-градежната експанзија во градот, каде дури сега почна во новите станбени  објекти да се гради и паркинг простор.

http://daily.mk/cluster3/140adb62e1cc1ca1bc566d6dff66a409/935081
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 10-Oct-2011 at 23:18
Државата продава уште една парцела за „барокен“ хотел под Кале


Извадок%20од%20ДУП%20Централно%20зеленило%20покрај%20Вардар%20–%20Парк%202


Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на државно градежно земјиште во општина Центар, наменето за изградба на хотелски комплекс. Се работи за парцела на левиот брег на Вардар, непосредно под американската амбасада, опфатена со ДУП „Централно зеленило покрај Вардар – Парк 2“. Парцелата бр.2.1 има вкупна површина од 4.090 метри квадратни и површина за градба од 1.487 метри квадратни. Максималната дозволена висина до венец е 11 метри, а коефициентот на искористеност изнесува 1,1.

 

Инвеститорот е обврзан фасадното обликување да го изведе во стил на барок, неокласицизам и неоромантизам. Исто така од инвеститорот се бара финализација на градбата во рок не подолг од 6 години, сметано од денот на добивањето на одобрението за градење, кое треба да го обезбеди во рок од 9 месеци од извршената солемнизација на договорот за отуѓување на градежното земјиште. Доколку објектот не се изгради во определниот рок по негова вина, купувачот ќе има обврска да плаќа казна во висина од 2% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање, за секој изминат месец. Почетната цена за земјиштето изнесува 61 денар за метар квадратен, односно вкупно околу 4 илјади евра. Пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават најдоцна до 11.11.2011, а наддавањето ќе се одржи на 21.11.2011.

 

Министерството за транспорт и врски истовремено распиша објава и за продажба на државно земјиште за изградба на катна гаража во непосредна близина.Ова е повторен обид да се привлече инвеститор кој би го градел објектот. Овој пат метар квадратен се продава по почетна цена од 61 денар, а новост е и условот за фасадното обликување, кое како и за хотелот, треба да биде изведено во стил на барок, неокласицизам и неоромантизам. Заинтересираните субјекти може да се пријават за учество најдоцна до 10.11.2011. Јавното наддавање ќе се одржи на 18.11.2011.

http://www.build.mk/?p=10046

Edited by build.mk - 10-Oct-2011 at 23:18
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 10-Oct-2011 at 23:40
so volku najaveni katni garazi se nadevam deka KONECNO vo skora idnina ke se otstranat site vozila od trotoarite, slika sto ODVRATNO deluva kako vpecatok za skopje
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 11-Oct-2011 at 23:26
Originally posted by xnx

so volku najaveni katni garazi se nadevam deka KONECNO vo skora idnina ke se otstranat site vozila od trotoarite, slika sto ODVRATNO deluva kako vpecatok za skopje
проблемот не е само во просторот за паркирање
голем проблем е и самиот менталитет навикнат на бесплатно паркирање со паркинг место одбрано што е можно поблиску до дестинацијата (практично до г'з)
треба внимателно да се разгледаат проблемите и наместо да се градат катни гаражи и да зјаат празни, треба да се направи стратегија, а и да се превземат поригорозни мерки за контрола на паркирањето
се додека паркинзите се наплаќаат, а не се на соодветно место, со содветен капацитет и неправилното паркирање не се казнува, паркирањето на тротоар е тука за да остане... а и што може друго да се очекува кога паркирањето на тротоар во одредени предели се легализираше под име „зонско паркирање“
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 12-Oct-2011 at 10:03
tokmu taka.. megutoa sve nekako se tesam deka edinstvena pricina zosto se tolerira parkiranje koj kaj stigne e bidejki realno nema kapacitet za site vozila... zatoa i se nadevam deka kako sto ke se otvaraat garazite ke se cistat regionite okolu niv... znam kakov ni e mentalitetot ama za sekakov narod ima lek... ako se saka... a toa so zonskoto i trotoarite e najgolema katastrofa... ziveam vo debar maalo i mi ide da zemam edna hebla i da fatam da krsham sve okolu mene
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 12-Oct-2011 at 14:37
Решение за подземните гаражи до стамбените згради е доколку сака некој, а би сакал зашто е исплатливо да ги откупи сите гаражи и подруми и да го реновира тој просотр со што ќе ги бутне сите ѕидови измеѓу и ќе направи паркинг како и сите други подземни паркинзи. Така ќе се користат за паркирање, а не за зелка, а и ќе има кој да ги оддржува и да се отвараат нови бизниси.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 12-Oct-2011 at 14:43
Originally posted by lslcrew

Решение за подземните гаражи до стамбените згради е доколку сака некој, а би сакал зашто е исплатливо да ги откупи сите гаражи и подруми и да го реновира тој просотр со што ќе ги бутне сите ѕидови измеѓу и ќе направи паркинг како и сите други подземни паркинзи. Така ќе се користат за паркирање, а не за зелка, а и ќе има кој да ги оддржува и да се отвараат нови бизниси.


Знаеш дека ова не ти е лоша идеја, без ѕидовите веројатно многу повеќе би имало мотив да се користат тие гаражи.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 12-Oct-2011 at 14:51
Ова ми е само дел од таа идеја за депопуација на мал ринг, па зашто не и голем. Доле гаражи, нагоре деловен простор, раат и граѓани и бизниси.
Back to Top
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 12-Oct-2011 at 15:01
во мојата зграда подземните гаражи многу ретко се користат, дури и од оние неколку сопственици. најчесто паркираат околу зградата, со што дополнително го оптоваруваат и онака малиот број паркинг места.
од друга страна, пак, и ги разбирам. најчесто во новите згради хидроизолацијата е лошо изведена, па како во околните, така и во мојата зграда - поголем е ризикот од оштетување на возилото во гаража, отколку на паркинг пред зграда.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 12-Oct-2011 at 15:11


Како и секој друг објект, и овие гаражи треба да се одржуваат. Фактот дека не постои сенс кај македонецот за заедничка сопственост како и на многу други места и тука доаѓа до израз. 30-40 години од кога се изградени просторите се ужегнати со влага, теми, смрдливи и во таква ситуација ретко кој сака да влегува и да ја паркира таму колата.

Идејата која ја предложува ЛСЛ е одлична, бидејќи сум скептик дека куќните совети кои најчесто не се способни да ги менуваат сијалиците во влезот, би биле способни толку руинирани објекти да ги реконструираат за користење.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 12-Oct-2011 at 15:18
Пошто немаме колективна свеста за такви проблеми, би ги надминале со индивидуална сопственост, зашто само констатирање на проблем и решавање на тој голем проблем бара многу повеќе време, кога имаме на дофат решение како што предложив. Дури и еден од ефектите е зголемен обрт на пари, до тамо може да се разгледуваат бенефитите. Граѓаните и така паркираат пред зграда, кој зонско кој не. А тука може и институциите да го стимулираат овој процес со промена на урбанистичките планови каде гаражите ќе ги сместат по дедна маркица, незнам дали тоа може така, но идејата ми е да може да се искорсти и да се повикаат идните сопственици на законот за комплетира на урбанистички маркици па да се изврши екпропријација во нивна корист. еве сега нешто вртат за окрупнување на земјоделски парцели, па нека земат некоја идеја од тамо.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 12-Oct-2011 at 16:24
Originally posted by lslcrew

Пошто немаме колективна свеста за такви проблеми, би ги надминале со индивидуална сопственост, зашто само констатирање на проблем и решавање на тој голем проблем бара многу повеќе време, кога имаме на дофат решение како што предложив. Дури и еден од ефектите е зголемен обрт на пари, до тамо може да се разгледуваат бенефитите. Граѓаните и така паркираат пред зграда, кој зонско кој не. А тука може и институциите да го стимулираат овој процес со промена на урбанистичките планови каде гаражите ќе ги сместат по дедна маркица, незнам дали тоа може така, но идејата ми е да може да се искорсти и да се повикаат идните сопственици на законот за комплетира на урбанистички маркици па да се изврши екпропријација во нивна корист. еве сега нешто вртат за окрупнување на земјоделски парцели, па нека земат некоја идеја од тамо.


па и јас се сложив со твојов предлог.

Инаку не би одел со толку комплицирани комбинации и вмешување на државата, доволно е да се најде јунак кој би инвестирал во ова.

Реално, колку што јас сум информиран ваков гаражен/подрумски простор се цени од прилике на половина од цената на станбен квадрат онаму каде што се купува, или во превод во центар би чинело 500-700ЕУР за квадрат од тие гаражи + незнам кој би бил статусот на ходниците, заедничкиот дел....


Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 27-Oct-2011 at 18:02
Originally posted by gorco

ЕКСКЛУЗИВНО: Катната гаража или новиот ТИНЕКС трговски

Вака изгледаше во Март 2011:


ЈУНИ 2011





апдејт - октомври на почеток, сега пола плоча е веќе со цемент, викендов очекувам и останатиот дел да го довршат, и одат на -1.


Back to Top
Superman View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote Superman Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 12-Nov-2011 at 19:47
Се работеше и денеска (во сабота) на катната кај Главна Пошта (некад ќе викаме кај панорамското тркало ако остане ДУП-от )



The One Whose Name Cannot Be Spoken...
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 22-Nov-2011 at 01:49

Абер нема од изградба, а стартува со продажба

Градот нуди на продажба деловен простор во катните гаражи кои се' уште не се изградени

Деспина Трајковска



Градските власти уште немаат абер од изградба на двете катни гаражи, а веќе почнаа со продажба на дел од нив. Идниот месец ќе организираат лицитација за продажба на дуќани со вкупна површина од 3.685 квадратни метри. Почетна цена за квадрат ќе изнесува 2.000 евра, со што ќе си обезбедат најмалку седум милиони евра.

Овие пари ќе ги искористат наменски, за затворање на финансиската конструкција за доизградба на двата објекта, која тежи повеќе од 20 милиони евра. Дел од парите веќе ги обезбедија, така што подигнаа кредити, а делумно ја финансираат изградбата и од тековниот буџет.

На продажба ќе биде понуден простор за кафуле на три нивоа, за ресторан и други деловни простории. Повеќе деловен простор ќе се продава од катната гаража кај „Беко“, вкупно 2.456 квадрати. Ќе се продаваат делови од приземјето и првиот кат, како и простор од 234 квадрати на три нивоа, поделен на подземје, приземје и на првиот кат. Овој дуќан ќе биде наменет за кафуле.

Во катната гаража, пак, што се гради кај Цветен пазар за продажба се предвидени 1.229 квадрати деловен простор. Засега без конкретно определена намена се нудат на продажба 784 квадратни метри на приземје, а останатите квадрати се на последниот кат и се однесуваат на простор предвиден да биде ресторан со помошни простории. На купувачите ќе им се даде можност парите да ги уплатат на 12 рати.

За градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, овој начин за прибирање дополнителни средства за полнење на градската каса не е ништо ново. Вели дека на овој принцип се работело во повеќе европски земји.

„Уште кога почнаа да се градат објектите најавивме дека деловниот простор ќе го продаваме во фаза на изградба, што е вообичаена практика во повеќе земји“, изјави неодамна Трајановски.

Со оглед на атрактивноста на локациите тој се надева дека цената на дуќаните ќе стаса до актуелните на пазарот. Продажба на деловен простор во се' уште неизградена катна гаража наскоро ќе организира и Општина Центар. Ќе продава простор во наменскиот објект што се гради во близина на МРТВ.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0BDC77C345E9DC4F847053D3D7C72B1E
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 36>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.