build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Гаражни објекти (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гаражни објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 36>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1900
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 05-Apr-2012 at 13:00
ke bide vo najskoro vreme, mislam deka veke se uplateni i komunalii
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 23-Apr-2012 at 12:56

Распишан тендер за изградба на катна гаража во Центар

Јавна објава за отуѓување на земјиштево државна сопственост, кое се наоѓа на територијата на општина Центар наменето за изградба на катна гаража, распиша Министерството за транспорт и врски.

Станува збор за прокет предвиден со Деталниот урбанистички план за Централно градско подрачје „Мал Ринг“, а отуѓувањето на земјиштето ќе се изведе по  пат на електронско јавно наддавање, кое ќе се одржи на 07 јуни.

Градежната парцела е со површина од 465 m², почетната цена изнесува 61 денари од метар квадратен, а рокот за пријавување за учество на електронското јавно наддавање е 31 мај.

Учесниците на јавното наддавање треба да достават и банкарска гаранција од 200.000 евра во денарска противвредност за сериозност на понудата, со која ќе се гарантира дека доколку понудувачот е избран за најповолен ќе ја уплати крајно постигнатата цена во предвидениот рок од 15 денови

http://www.makfax.com.mk/#281999%2Fraspishan_tender_za_izgradba_na_katna_garazha_vo_centar
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 23-Apr-2012 at 13:09
Originally posted by axel

Распишан тендер за изградба на катна гаража во Центар

Станува збор за прокет предвиден со Деталниот урбанистички план за Централно градско подрачје „Мал Ринг“, а отуѓувањето на земјиштето ќе се изведе по  пат на електронско јавно наддавање, кое ќе се одржи на 07 јуни.

Градежната парцела е со површина од 465 m², почетната цена изнесува 61 денари од метар квадратен, а рокот за пријавување за учество на електронското јавно наддавање е 31 мај.

Учесниците на јавното наддавање треба да достават и банкарска гаранција од 200.000 евра во денарска противвредност за сериозност на понудата, со која ќе се гарантира дека доколку понудувачот е избран за најповолен ќе ја уплати крајно постигнатата цена во предвидениот рок од 15 денови

http://www.makfax.com.mk/#281999%2Fraspishan_tender_za_izgradba_na_katna_garazha_vo_centar



Според површината, претпоставувам дека се работи за локацијата меѓу МЕПСО и Сан Марко.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1309
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 23-Apr-2012 at 13:26
Originally posted by alexgizh

Според површината, претпоставувам дека се работи за локацијата меѓу МЕПСО и Сан Марко.
Ne

ФОТО: Катна гаража во барок ќе се гради спроти Музејот на Град Скопје

Министерството за транспорт и врски денеска објави оглас за продажба на градежно земјиште од 1.245 метри квадратни.на кое треба да биде изградена катна гаража.

Парцелата која ќе се продава е на паркингот пред кулите на улица Македонија спротив Музејот на Град Скопје во центарот на градот. Почетната цена изнесува 1.850 денари од метар квадратен, рокот за пријавување за учество на електронското јавно наддавање е 31-ви мај, а истото ќе се одржи на седми јуни.

Учесниците на јавното наддавање треба да достават и банкарска гаранција од 200.000 евра во денарска противвредност за сериозност на понудата, со која ќе се гарантира дека доколку понудувачот е избран за најповолен ќе ја уплати крајно постигнатата цена во предвидениот рок од 15 денови.

Изгледот на новиот паркинг простор е веќе дефиниран и ќе биде во барок стил, а оној кој ќе ја купи парцелата ќе има обврска да го изгради објект согласно веќе изготвеното идејно решение, наведуваат од Транспорт.

Министерството денеска објави оглас за продажба на земјиште за катна гараќа и во строгиот центар на Скопје предвидена со деталниот урбанистички план “Мал Ринг“.

Парцелата е со квадратура од 465 метри и ќе се продава по почетна цена од едно евро за квадрат. Условите за продажба на оваа парцела се исти како и за онаа спроти Музејот.


http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=102223&kategorija=2
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1900
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 23-Apr-2012 at 13:32
sproti nego, kaj cveten pazar, ima uste edna katna. sto e so katnive ne mi e jasno, a pak nema trotoari da imame...
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 23-Apr-2012 at 14:16
Originally posted by ovaj_stariov

Originally posted by alexgizh

Според површината, претпоставувам дека се работи за локацијата меѓу МЕПСО и Сан Марко.
Ne

ФОТО: Катна гаража во барок ќе се гради спроти Музејот на Град Скопје

Министерството за транспорт и врски денеска објави оглас за продажба на градежно земјиште од 1.245 метри квадратни.на кое треба да биде изградена катна гаража.

Парцелата која ќе се продава е на паркингот пред кулите на улица Македонија спротив Музејот на Град Скопје во центарот на градот. Почетната цена изнесува 1.850 денари од метар квадратен, рокот за пријавување за учество на електронското јавно наддавање е 31-ви мај, а истото ќе се одржи на седми јуни.

Учесниците на јавното наддавање треба да достават и банкарска гаранција од 200.000 евра во денарска противвредност за сериозност на понудата, со која ќе се гарантира дека доколку понудувачот е избран за најповолен ќе ја уплати крајно постигнатата цена во предвидениот рок од 15 денови.

Изгледот на новиот паркинг простор е веќе дефиниран и ќе биде во барок стил, а оној кој ќе ја купи парцелата ќе има обврска да го изгради објект согласно веќе изготвеното идејно решение, наведуваат од Транспорт.

Министерството денеска објави оглас за продажба на земјиште за катна гараќа и во строгиот центар на Скопје предвидена со деталниот урбанистички план “Мал Ринг“.

Парцелата е со квадратура од 465 метри и ќе се продава по почетна цена од едно евро за квадрат. Условите за продажба на оваа парцела се исти како и за онаа спроти Музејот.


http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=102223&kategorija=2


СТРАШНО!
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1797
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 23-Apr-2012 at 17:13
Ова не личи на катна гаража и нема лоогика да е кога веќе се гради карши. Тоа е само деловен центар со подземен паркинг за корисниците на истиот.
А што се однесува до називот "катна гаража", тоа е во мода последниве години, зарем не!?
Back to Top
ciseaux View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ciseaux Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 23-Apr-2012 at 20:01
Nemozam da razberam shto tolku ubavina vidoa vo ovoj tip na objekti, pa se novo shto se gradi vo skopje da bide vo ovoj stil! Do nekade i kje razberam vakviot stil da posluzi za drzavnite institucii, velam do nekade, no ova da bide izgledot na edna katna garaza, toa nemozam da go razberam. Ova e vekje tragichno!!!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #309 Posted: 23-Apr-2012 at 22:19
само уште еден просечен ден во Скопје, ништо надвор од шематиката... рутинска работа...
инаку, најмалку ми значи стилот на објектов, проблемот се екслузивните локации на кои се лупаат маркици за катни гаражи без никаква контрола, дури и да беа навистина ова катни гаражи, пак ќе беше проблем за градското урбано планирање...
еве нека не објаснуваат за матниот бизнис со „гаражи инстант деловни објекти“, нека објаснат која била потребата за оваа „гаража“, кога на сто метра има уште две „гаражи“, односно на простор од километар квадратен, ги има десетина??? веднаш ќе ни стане јасно зошто ги градат...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #310 Posted: 23-Apr-2012 at 22:38

Еве една мапа на катни гаражи кои се завршени, во изградба и во план... И на ‘‘катни гаражи‘‘ кои исто ко да и не се... и една што требаше да биде... ама ни г од гаража не бидна...  

Ако сум пропуштил некоја, посочете ми ја... да ја додадам...

Со маркерите мислам дека лесно ќе се снајдете... што е што.. ќе разберете...

Тука



Edited by FoSsiL - 23-Apr-2012 at 22:39
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #311 Posted: 23-Apr-2012 at 23:04
Originally posted by FoSsiL

Еве една мапа на катни гаражи кои се завршени, во изградба и во план... И на ‘‘катни гаражи‘‘ кои исто ко да и не се... и една што требаше да биде... ама ни г од гаража не бидна...  

Ако сум пропуштил некоја, посочете ми ја... да ја додадам...

Со маркерите мислам дека лесно ќе се снајдете... што е што.. ќе разберете...

Тука



Добра е мапата, само оној плејсмарк од пред Холидеј Ин премести го кај Театарот и Музејот на Холокаустот.

Додај ја и онаа кај Млин Балкан, на приземје што има Веро.

ЕДИТ: А можеш и „во најава“ да ја додадеш и онаа која се планира до Градежниот и Архитектонскиот Факултет. Незнам дали да се додаде и катната гаража во склоп на Сити Мол?


Edited by alexgizh - 23-Apr-2012 at 23:07
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #312 Posted: 23-Apr-2012 at 23:21

А зар кај Холидеј Ин таа нема да се гради?

И каде е точно таа кај градежен?

Може и за Сити Мол... Но мислам дека тогаш треба попрецизно да ги специфицирам... ова беше само набрзинка... 

Како и да е... Може да се направи една добра мапа... И со имиња, капацитет, други особини и слично...





Edited by FoSsiL - 23-Apr-2012 at 23:21
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #313 Posted: 24-Apr-2012 at 00:50
Ја подобрив многу мапата... но сеуште останува многу... сега ќе прекинам.. ми се спие... ќе ја довршам утре... инаку може да ја проверите/погледнете на истиот линк... достапна е...
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1797
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #314 Posted: 24-Apr-2012 at 08:13
Добра работа си завршил FoSsiL
ЛОкациите горе долу се знаеја но интересното за мене е споредба во однос на капацитет на гаража и цена на чинење.

Ме интересира нешто како би дошол до одговор на прашањето поврзано со барокната лудорија

Дали некој знае кое решение е поскапо: барок или истиот објект да е модерно застаклен?
Само претпоставувам дека модерните објекти се поевтини и поедноставни за изградба, може токму цената е таа зошто се гради барок, има повеќе можности за манипулации и перење пари!? Или јас сум грешка не е поскапо барок за некој милион

Edit

Ако гледаме логично катната кај Бисер која е навистина 100% катна гаража има капацитет за нешто над 200 возила и чини 1,5 мил евра, по некоја логика ако се дуплира капацитетот на 400 не би требало да чини повеќе од 4,5? Ова се груби бројки, чисто за споредба затоа што официјално за онаа кај Макпетрол се потрошени 10,7 мил што е премногу.

Или онаа кај МЕПСО што е за нијанса поголема а дури 4 пати поскапа од онаа кај Бисер.

Ова трошење на шминки ме фрустрира

Edited by alexsend - 24-Apr-2012 at 08:18
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #315 Posted: 24-Apr-2012 at 10:38

Вкупните предвидени јавни/државни средства/пари за катните гаражи кои се во изградба, бидејќи и нема готова, се приближно 46 821 000 €...

Е сега... што може да се направи со скоро 47 000 000 €?

- 22 основни училишта со капацитет од 800 ученици, пример тоа во општина Аеродром е ~ 2 113 000 € 

- 5 скопски гинекологии (сепак без медицинска опрема), цена нешто над 9 000 000 € 

- 2 Систини... ~ 20 000 000 € една... 

- 2/3 од Skopje City Mall чија изградба чини ~ 70 000 000 €

- 15 клучки од типот на Клучката Континентал... ~ 3 000 000 € една... добро, оваа само пример, некои се поефтини, некои поскапи, зависи од многу фактори... но верувам дека ако не сите, повеќето значајни раскрсници во Скопје би можеле да се направат во клучки со овие пари... а со тоа би се добило значајно подобрување во целокупниот сообраќај...

- 235 надземни пешачки премини од типот на оној кај Бит Пазар... чија цена е 200 000 €... но еве нека се и поскапи... ако 500 000 € тогаш ќе може да се изградат 94, па и милион да е (што не е можно, премногу е) тогаш се добиваат 47 надземни пешачки премини... со што ќе се задоволи потребата од надземни пешачки премини во целиот град... булеварите стануваат поконтинуирани... а со тоа и протокот на возила/сообраќајот значајно се подобрува... како и безбедноста како и на возилата/возачите, така и на пешаците...

- над 350 километри атмосферска канализација... 

- над 20 километри булевари со 4 ленти (2 во насока) од типот на булевар Словенија... 

- ремонт на ~ 140 километри постоечка (еден колосек веројатно) пруга... пример за ремон на 53 километри пруга на коридор 10 се издвоени 17 600 000 €....

-15 ветерници.... пример ЕЛЕМ ќе гради 16 ветерници за 50 000 000 €

- 3/4 од средтвата наменети за Луково поле (62 милиони) или пак Бошков мост (65 милиони)

- 1/3 од Те-То чија вредност е 150 000 000 €

И многу други примери каде овие средства можат да бидат искористени за повисока цел... одошто паркинг...



Edited by FoSsiL - 24-Apr-2012 at 10:41
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #316 Posted: 24-Apr-2012 at 10:42
Fossil не е проблем, во тоа што се прават, катни гаражи, проблемот е во тоа што з`гнале во БАРОК за паркиралишта... и во тоа што пола од тие катни гаражи ќе бидат паркинзи за деловните објекти , кои ќе бидат сместени во тие катни гаражи...
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #317 Posted: 24-Apr-2012 at 10:49
Да.. Но сепак проблем се и парите кои ги фрлаат беспотребно... мое мислење е дека катни гаражи, ако навистина ни се потребни, а ни се... само да бидат катни гаражи а не некои мешавини... би можело да се изградат во ист број за половина сума од предвидената... на крајот на краиштата таа во Аеродром барем колку што знаеме е 1,5 милион евра... еве нека се и по просек 3 милиони... дупло... со 21 милион евра можат да се изградат 7 такви... наместо 6 за 47 милиони евра... Океј, може е глупа споредбата... некои се поголеми некои се помали.... ама сепак... многу пари фрламе без потреба... 
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #318 Posted: 24-Apr-2012 at 10:55
Споредбите ти се супер, несомнено, проблемот е во тоа што ние не трошиме пари, - туку актуелната власт, троши наши (државни) пари, на темата остваруваме.

Не дека се не чини од нив, чини жичарата до Милениумскиот Крст, Илинденска (се приметуваат придобивките од неа)... но ред други работи за жал не, како барок-ренесансново лудило.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #319 Posted: 24-Apr-2012 at 10:59

Или ај вака 7*208=1456 паркинг места... 1456 паркинг места за 21 милион евра...

А од друга страна имаме... 600+516+500+445+280+265=2606 паркинг места за 47 милиони евра....

Во првиот случај... 14 423 евра за паркинг место....

Во вториот случај... 18 035 евра за паркинг место....

А ако ја земеме ‘‘вистинската‘‘ вредност на гаражата во Аеродром, тогаш излегува..

Трет случај... 7211 евра за паркинг место...

Ако се земе сега вака.... 2606 паркинг места колку што се градат моментално во градот.... да им ставиме цена од 7211... испаѓа дека чината 18 791 000 €, што е многу помалку од 47 милиони евра... 

Да, може е глупа математика, и нереална споредба.... Ама во секој случај се премногу пари... пари многу повеќе од тоа што навистина се потребни за изградба на 6 катни гаражи...

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #320 Posted: 24-Apr-2012 at 11:04

Кога сме кај жичарата.... со овие пари горе на Водно можеше да се направи: да се продолжи жичарата до Козле, да се среди уште подобро Средно Водно, да се изгради нешто како хотел комплекс, ресторани... и други услужни и забавни содржини... дали на Средно Водно, дали горе... сеедно, иако на Средно Водно има еден хотел... да се среди тој објектот што е по патот за на кај Крстот... што се распаѓа... па дури и скијачка патека... 

Или пак овие пари можат да отидат и за Матка...

Како и да е... зборот ми е... така се прави туризам (кој е продуктивна гранка во економијата секако)... а не со барок катни гаражи, панорамски тркала и слично....



Edited by FoSsiL - 24-Apr-2012 at 11:04
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 36>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.