build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гаражни објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 36>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1960
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 24-Apr-2012 at 11:57
А па ако се направи каква математика за спомениците!?

Јас мислам дека се потребни катни гаражи добро распоредени. Да беа 100% наменети за паркинг и изградбата да не е барок сигурно ќе се заштедеа десетина милиони. + ќе се добие на брзина + изглед

Но да размислиме малку рационално, не се они будали и неписмени па да не го знаат тоа, но ова е со умисла, не од небрежност.
Back to Top
BlacK View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 11-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote BlacK Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 24-Apr-2012 at 12:51
Oва више е неиздржливо, наредно што очекуем е барокна бензинска...

Edited by BlacK - 24-Apr-2012 at 12:52
Back to Top
antiuser View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote antiuser Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 24-Apr-2012 at 14:18
Добро бе,имаат ли чуено овие за подземни гаражи ?   Треба катна гаража да се стави на грбот на Скопје,заедно со бекатон коцка.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 25-Apr-2012 at 00:27

Датум: 24.04.2012, 15:48
ДЕЛ ОД ШЕТАЛИШТЕТО ОДИ ЗА СООБРАЌАЕН ПРИСТАП

Улица на кеј за катната гаража „Метропол“


Локацијата зад „Сити галери“ веќе е огласена за продажба, при што гаражата ќе биде во функција на новите објекти, од кои некои се градат, а други допрва ќе се подигаат околу плоштадот

Паркирањето на плоштадот Македонија ќе се решава со нова катна гаража. Ќе се гради на единствената парцела што остана слободна - зад „Сити галери“ и „Метропол“. Таа ќе им служи на сите што ќе работат во новите објекти кои се во градба или, пак, е планирано да се подигнат на просторот околу плоштадот. Ова е втор ваков објект со намена за паркирање во овој реон. Првиот веќе го гради Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, но малку подалеку - кај зградата на МЕПСО.

Во моментов локацијата зад „Метропол“, 465 квадратни метри, е слободна и во урбанистичкиот план се води како паркиралиште. Овој простор веќе со децении ја има таа функција, откога е отворена стоковната куќа - прво како „На-Ма“, па „Типо“, а сега „Сити галери“. Таму има неколку бараки што служат за продажба на сувенири и на стари книги, но се очекува да бидат отстранети.

Министерството за транспорт и врски веќе распишаа оглас за продажба на земјиштето на јавна лицитација, која ќе се одржи на 7 јуни годинава. Почетна цена на лицитацијата е 61 денар за квадратен метар.

Од Општина Центар потврдија дека новата гаража ќе го зафати наведениот простор. Според идејното решение, кое завчера го обелоденија од Министерството за транспорт и врски, станува збор за објект со приземје и пет ката, во барок стил. Во ист стил како што ќе биде реконструирана и фасадата на зградата на „Сити галери“.

Околу сообраќајниот пристап до овој објект, за граѓаните што ќе сакаат тука да се паркираат и за возилата за дотур, општинарите изјавија дека тој ќе се решава со нова улица. Kако што информираа од Центар пред неколку месеци, таа допрва ќе се гради крај ѕидот на кејот на Вардар, на потегот од трафиката кај „Холидеј ин“ до крајот на шеталиштето. Всушност, во моментов таа постои и по неа се движат камиони со градежни материјали, со таа разлика што претходно се водеше како од привремен карактер.

- Според урбанистичкиот план, приодот до катната гаража е решен со надземна улица - објасни Јовица Ацкоски, портпарол во Општината Центар.

Станува збор за сообраќајницата која беше предвидено да биде подземна и да ја гради инвеститорот на објектот во градба на местото на поранешна Народна банка. Но, со последните измени на планот оваа опција е заменета со површинска и сега ќе ја градат општинските власти. Цената на оваа инвестиција с` уште не е позната.

За потсетување, до пред 12 години на кејот постоеше иста ваква сообраќајница, но од другата страна, веднаш до Градскиот трговски центар. Беше карактеристична по тоа што беше поплочена со гранитна коцка. Со почетокот на реконструкцијата на кејот и замислата на тогашната градска власт да го претвори овој простор во шеталиште, таа беше затворена.

Јорданка Ивановска

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=7365F9591C17B245A9AE120BA462C2E6
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 25-Apr-2012 at 00:32
Ете така бе БРАВО! Алал да ни е! Убеден сум дека овој народ и не заслужува подобро! Нека си ужива во својот измет, ионака веќе одамна е надвор од сите светски текови и ван сите вери! И најважно од се е дека катната гаража кој ионака нема никој да ја гледа пошто е забарикадирана од секоја страна ќе е во барок стил!


Edited by Andrej_LJ - 25-Apr-2012 at 00:33
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1960
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 25-Apr-2012 at 10:25




Edit

Иначе, FoSsiL , на мапата додај ја таа кај поликлиника Идадија, кај АМСМ.

Edited by Cloverstack - 25-Apr-2012 at 22:47
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 25-Apr-2012 at 22:16
sepak treba da izvrsite korekcija na potforumov: nesto kako komercijalno garazni objekti!!?
 
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1960
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 11-Jun-2012 at 09:55
Три милиони евра заем за катната кај „Нова Македонија“

Најавената катна гаража зад поранешна „Нова Македонија“ ќе се гради со заем од три милиони евра. Советот на Општина Центар на последната седница уште еднаш даде согласност локалната власт да се задолжи кај финансиска институција. Всушност се работи за повторена одлука. Членовите на Советот оваа одлука за заем ја усвоија уште лани, но локалните челници во рок од една година не склучија договор со ниедна банка. Постапката, како што објасни Тодоровиќ се искомплицирала поради проблеми со парцелата. Подоцна тие биле решени со преместување на маркичката за гаража за неколку метри подалеку од претходно предвидената.

- Во овој момент најважно е да донесеме одлука за изградба на катна гаража и одлука за задолжување, а понатаму сигурно со неа ќе менаџираме најдобро што можеме - појасни градоначалникот Владимир Тодоровиќ.

По завршување на градежните активности, со гаражата ќе управува општинското претпријатие „Паркинзи“. Ќе биде висока 25 метри и ќе располага со капацитет од 150 паркинг-места. Околу 15 проценти од гаражата ќе бидат наменети за деловен простор.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=4F508C0F128B5C4EAB6D4D313073D018

-------------------


Паркингот е неодамна толку проширен што нема теорија да се наполни! Моментално има капацитет за речиси 200 возила. ОГРОМЕН Е!
Тука нема апсолутно никаква логика некој со здрав разум и чиста совест да дозволи или помисли да гради катна каража. АМАН дека дојде тој март побргу, вака декој ден нови фрустрации

Edited by alexsend - 11-Jun-2012 at 09:55
Back to Top
4skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Feb-2011
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote 4skopje Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 11-Jun-2012 at 10:33
Збориме за Катна гаража или за локални избори !?Стварно нема смисла форумов да го правите МАРТОВСКИ ! А ако некој останат фрустрирани и по МАРТ, што правиме тогаш!?Smile
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1960
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 11-Jun-2012 at 11:29
Имаш мислење за новиот проект на Општина Центар? Ако имаш да го чуеме.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1913
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 11-Jun-2012 at 12:09
vidi, ako mene me prasas pre bi da se gradat garazi otkolku porti i zlatni konji. ama pod uslov da se sredi parkiranjeto barem vo nivnata okolina. ne sve da si ostane haos, a garazive da zjaat prazni...
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1960
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 11-Jun-2012 at 12:43
Треба некаде законски да се дефинира што е катна гаража бидејки вака се манипулира јавноста.
Да се знае дека кога некој ќе каже катна гараша се мисли на објект на повеќе нивоа кој има една основна и единствена функци, паркиралиште.
Додека доколку е вклучен деловен простор во истиот да се нарекува пр. деловен објект со катна каража или нешто слично, и да се дефинира процент за деловен простор, пр. до 25%. Ова мора да се разграничи. Па кој сака да прави катна гаража ќе има една сума за комуналии, кој сака второво ќе плати поскапо. И нема да има веќе заблуди и шпекулации.

Инаку со оглед на тоа што сега имаме т.е. ќе имаме околу десет катни гаражи во Скопје убаво би било по примерот на Белград да се направи веб страна на која во реално време ќе може да следиме на кој паркинг колку слободни места има.

http://www.parking-servis.co.rs/cir/parkiranje/garaze

Edited by alexsend - 11-Jun-2012 at 12:47
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1913
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 11-Jun-2012 at 12:46
jas od dosegasnoto iskustvo znam deka e ograniceno na 15% deloven. e sega kaj nas ako se pravat dalaveri naknadno toa e drugo
za mesto ke ima, tuku barem okolinata da zalici... taka bez trotoari e odvratna slika... ako nejke da plaka nekoj parking ke si kupi tocak ili ke si sedne u avtobus. ko segde vo svet...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7378
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 11-Jun-2012 at 16:54
Originally posted by xnx

vidi, ako mene me prasas pre bi da se gradat garazi otkolku porti i zlatni konji. ama pod uslov da se sredi parkiranjeto barem vo nivnata okolina. ne sve da si ostane haos, a garazive da zjaat prazni...
веќе јасно е дека работата околу катните гаражи е прљав бизнис, кој далеку е од било каква работа со решавање на сообраќајни проблеми
како прво, ако на некој му беше дојдено до паркингот, немаше да го боли објектот да го стави и под земја, да ги планира позициите на гаражите и да ја контролира потребата од паркинг простор при изградбата на други објекти
подобро од споменик, но сепак многу лошо...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1913
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 12-Jun-2012 at 10:14
se slozuvam, podzemen parking e poskap no daleku podobro resenie. vaka e mnogu neracionalno, pogotovo vo strogiot centar da ima katni na sekoj cekor... ama skopje za zal e eden eksperiment sto nema nikakvi kriteriumi, sve se pravi paushalno bez nikakov plan... i krajniot rezultat go imame...
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 06-Jul-2012 at 11:20
Кој ќе иде деновиве од кај МТВ или Правен "фино" ќе се изненади каква фасада и лупнаа на катната. Ни 0.1% нема сличност со рендерите кои беа претставени. Нормално сеа се  "вклопува" во барокно Скопје. Не е лошо и тука АЛФА ТВ да прочачка
23ka.wordpress.com
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1913
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 06-Jul-2012 at 11:26
znaev za ova uste od poodamna... tezok kic i site ukrasi se od presovan stiropor) zosto go pravat ova ne mi e jasno...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 06-Jul-2012 at 11:27


некој го најави тоа поназад во нишкава уште пред неколку месеци. Ништо, ете уште еден објект за „дебарокификација“ за во иднина.
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 06-Jul-2012 at 11:27
Originally posted by N23

Кој ќе иде деновиве од кај МТВ или Правен "фино" ќе се изненади каква фасада и лупнаа на катната. Ни 0.1% нема сличност со рендерите кои беа претставени. Нормално сеа се  "вклопува" во барокно Скопје. Не е лошо и тука АЛФА ТВ да прочачка



taa informacija veke oddamna se znae na forumov, vidi nanazad
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 06-Jul-2012 at 12:41
Originally posted by makonix



taa informacija veke oddamna se znae na forumov, vidi nanazad


Знам дека ја имаа таа информација поназад, само што тогаш сеуште не беше чепната фасадата.
23ka.wordpress.com
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 36>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.