build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Гаражни објекти (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гаражни објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2829303132 37>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
СК View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Feb-2014
Location: СКопје
Online Status: Offline
Posts: 106
  Quote СК Quote  Post ReplyReply #581 Posted: 08-Sep-2014 at 02:16
а да престаневте да размишљате толку его и да мислите само на времето на вашето постоење! па таа гаража ќе биде тука и коа нема да биде тоа више најголемиот а и уопште паркинг и коа ќе има уште миљон нови коли и коа ќе се сменат навиките и коа вие први ќе почнете да се паркирате у нив а не на тротоар и на улица.... , а тука е и сеа за оние кои не се затруени со дали имала 3 барокни штрафа од 4,5 миљона у неа.......
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5360
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #582 Posted: 08-Sep-2014 at 13:11
а тука е и сеа за оние кои не се затруени со дали имала 3 барокни штрафа од 4,5 миљона у неа.......


Секоја ти чест штом си толку либерален со трошењето на твоите даночни пари. Јас не сум, а гледам и многумина други не се. Ако сметаш дека е затруеност народот да се вознемирува поради недомаќинското трошење на 1/5 од нивната бруто плата (ДДВ, персонален данок и редица други приходи во буџетот на товар на граѓанинот) тогаш имаш многу поинакви сфаќања за тоа како една држава треба да биде уредена.

Не верувам дека кога на другар ќе му дадеш 100 денари да ти купи нешто од продавница, очекуваш да ти донесе само едно лижавче, нели?

И би те замолил да внимаваш барем малку на изразувањето ако сакаш да имаме цивилизирана дискусија.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14154
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #583 Posted: 08-Sep-2014 at 16:18
Гаражава денес официјално е пуштена во употреба...



Погледот од покривот или терасата, не сум сигурен.



mia.mk


За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #584 Posted: 08-Sep-2014 at 16:20
Првата автоматизирана катна гаража во Македонија пуштена во употреба

08.09.2014 16:59
Покрај паркинг простор во катната гаража има простор за кафе ресторан и видиковец на површина од 1.283 метри квадратни. Катната гаража чини 5,5 милиони евра...


Пуштена е во употреба првата автоматизирана катна гаража, „Солунски конгрес“ во централното градско подрачје. Ова е деветта катна гаража која треба да го олесни паркирањето, но и подобрувањето на мобилноста во центарот на градот.

Скопје се зголемува, но се зголемува и бројот на туристи, вели премиерот Груевски. Ова е причината поради која е потребно да се обезбеди поголем број на паркинг места со што ќе се решат сообраќајните инфраструктурни проблеми. Заокружувањето на вековниот сон на денешен ден е и обврска за свои дела од кое полза ќе имаат и идните поколенија.

„Можноста да бидеме свои на своето претставува обврска на нашата генерација преку напорна работа да создава нови дела со кои ќе излегува во пресрет на потребите на граѓаните и од кои полза ќе имаат и идните поколенија. Во оваа насока е и пуштањето во употреба на катната гаража Солунски конгрес. Со нејзината изградба успеавме на граѓаните да им обезбедиме поголем паркинг простор, а со тоа и зголемување на мобилноста и безбедноста во градскиот сообраќај“, изјави премиерот Никола Груевски.

Покрај паркинг простор во катната гаража има простор за кафе ресторан и видиковец на површина од 1.283 метри квадратни. Катната гаража чини 5,5 милиони евра. Уште три катни гаражи се во градба, а седум ќе се градат во наредниот период, со што целиот процес ќе се заврши за околу две години.

„Објектот е снабден со висока технологија за паркирање, со влезно излезен терминал, терминал за предавање на возила информативен систем за преземање на возилото како и идентификација за слободен лифт“, рече Цветко Грозданов, директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

Првата еколошка катна гаража која е со врвна технологија е спој на идеи и иновации и е една од ретките на Балканот.

Катната гаража „Солунски конгрес“ е со површина од 8.000 квадратни метри и има слободни 280 паркинг места.

Дијана Ценевска

Снимател: Дејан Божиновски
http://mrt.com.mk/node/13824

Ресторантот веројатно е на кровот. Ми се допаѓа тоа. Ова решение се среќава доста често а од кровот на оваа гаража мислам дека се нуди одличен поглед кон многу објекти во централното градско подрачје.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #585 Posted: 08-Sep-2014 at 16:51
Еве и видео

http://play.mrt.com.mk/play/31242/
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #586 Posted: 08-Sep-2014 at 17:21
Џабе што е пуштена кога единствениот пристапен пат е преку паркингот на мепсо (на кој има автоматизирана рампа и на пр денес беше затворена) кој е и пристапна улица за изградбата на сите околни објекти. А да не зборуваме дека општина центар сеуште нема план да ја продолжи пристапната улица од паркингот на Мепсо до влезот на гаражава (бар јас не сум видел да почнале нешто околу тоа).
Back to Top
СК View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Feb-2014
Location: СКопје
Online Status: Offline
Posts: 106
  Quote СК Quote  Post ReplyReply #587 Posted: 08-Sep-2014 at 17:51
пристапната е направена од скоро
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1941
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #588 Posted: 09-Sep-2014 at 20:38
pominav navecer super e osvetlena od vnatre, se gleda niz tie staklata celiot sistem kako izgleda.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1941
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #589 Posted: 10-Sep-2014 at 11:48
kako i site drugi garazi, i ovdeka go imame istoto scenario. ne mi e jasno koja e poentata da se investira 5 milioni evra vo garaza i da se ostavat vozilata da se parkiraat okolu nea. istoto e so site katni garazi kaj nas

Гаражата „Солунски конгрес“ стои за украс, автомобилите паркирани на кејот на Вардар


Два дена по пуштањето во употреба на новоизградената катна гаража „Солунски конгрес“, граѓаните се уште ги паркираат автомобилите долж кејот на Вардар, во непосредна близина на „Македонска пошта“.

image

Првата автоматизирана катна гаража „Солунски конгрес“ која е сместена помеѓу МЕПСО и објектот на „Македонска пошта“ беше отворена за денот на независноста на Македонија 8. Сепмтември.

image

Гаражата располага со капацитет од 280 паркинг места, распоредени на девет ката.

image

Цената за паркирање првиот час изнесува 40 денари, за вториот – 30 денари, а секој нареден час по 20 денари.


Изградбата на „Солунски конгрес“ чини 5.5 милиони евра.

Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #590 Posted: 23-Sep-2014 at 16:22
Катна гаража како од хорор филмови

Вода, мирис на мевла, целосна темница, сронети ѕидови, вака изгледа денеска Катната гаража кај Судска палата...



повеќе слики:http://www.dokaz.mk/foto-video-katna-garazha-kako-od-horor-filmovi/

Edited by jyvation - 06-Oct-2014 at 08:40
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #591 Posted: 24-Sep-2014 at 17:45
Е со таков квалитет се градат сите објекти од СК2014. Криминал и фушерај до бексрај.

Очекувам коментар од Лерин за катната гаража, како најголем трол против градоначалникот на Центар.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5360
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #592 Posted: 24-Sep-2014 at 18:03
In all fairness, мора да почекаме да видиме дали боемската улица ќе преживее.

Патем, улицата со џиновската столна ламба (кај италијанската амбасада), не е со исти плочки како Вапцаров? Доказ плус дека не е до плочките, до идиотите кои возат по неа е.

EDIT: Не ја згрешив темата, само коментирам дека иако сите знаеме каков фушерај се проектите од СК2014, да не избрзуваме и да не ги фалиме другите (кои за жал на прсти се бројат). Времето ќе покаже, но искуството ме научило да не бидам преголем оптимист за ништо во оваа држава.

Edited by гитардемон - 24-Sep-2014 at 18:05
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14154
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #593 Posted: 26-Sep-2014 at 06:17
ЖЕРНОВСКИ ГО ПОНИШТИ ОДОБРЕНИЕТО ЗА ГРАДБА НА ГАРАЖАТА КАЈ „АВТОМАКАДОНИЈА“

Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, донесе решение со кое се поништува клаузулата за правосилност на одобрението за градење на катната гаража кај „Автомакедонија“. Општинарите од Центар соопштуваат дека Жерновски, постапувајќи по предлогот на овластениот градежен инспектор, кој ја зел предвид иницијативата на група граѓани, го донел решението со што го става вон сила одобрението за градба издадено на „Никофон“. Непосредните соседи на гаражата немале можност да извршат увид во документацијата, право кое, според Центар, им е загарантирано со член 62 од Законот за градење.

„Врз Општина Центар се вршеа континуирани притисоци за да почне изградба на катната гаража кај ’Автомакедонија’. Петнаесет пати се вршеше вонреден инспекциски надзор на барање на Друштвото за сервисирање трговија и услуги ’Никофон’, кој е инвеститор на катната гаража“, соопштуваат од Центар, додавајќи дека ДУП-от каде што е вметната гаражата, иако наишол на реакции, бил донесен од претходниот општински состав во 4 часот наутро.

Од Центар тврдат дека било дозволено изградба на катна гаража која „пораснала“ од 3 на 29 метри. Во текот на постапката Дирекцијата за заштита и спасување во два наврати издала негативно мислење во однос на проектот, бидејќи не биле исполнети стандардите за заштита при пожар и евакуација на населението. Велат, експресно бил сменет правилникот според кој „Никофон“ не ги исполнувал условите.

„Иако рокот за издавање одобрение за градба, во согласност со Договорот за отуѓување на градежно земјиште беше истечен во јули 2013, Министерството за транспорт и врски и Државниот правобранител застанаа на страната на оној кој доби дозвола за изградба на катна гаража“, соопштуваат од Центар.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=511C5E6B22F8A84F86E0CF0A46518A03
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14154
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #594 Posted: 26-Sep-2014 at 06:17
Стопирана изградбата на катната гаража кај Автомакедонија

По втор пат за две години, градоначалникот на Центар Андреј Жерновски ја стопира изградбата на катната гаража кај Автомакедонија, спроти Старата железничка станица [»мапа]. Првиот човек на оваа скопска општина ја поништи правосилноста на одобрението за градба на објектот, постапувајќи по предлог на овластениот градежен инспектор од Центар. Како причина за ставање вон сила на градежната дозвола се наведува иницијативата на група граѓани од соседството, кои немале можност да извршат увид во документацијата, право кое им е загарантирано со членот 62 од Законот за градење.



Од локалната самоуправа во Центар велат дека во текот на постапката, Дирекцијата за заштита и спасување во два наврати издала негативно мислење за проектот, поради неисполнети стандарди за евакуација на населението при пожар. Притоа, нагласуваат дека рокот за издавање на градежна дозвола истекол во јули 2013 година, но и покрај тоа Министерството за транспорт и врски и Државниот правобранител застанале на страната на купувачот на градежната парцела. Тогаш, градоначалникот Жерновски го потпиша решението за издавање на градежна дозвола, чија правосилност тој денеска ја поништи. Како инвеститор во катната гаража се јавува фирмата „Никофон“, која во јуни 2012 година ја купи локацијата од 1.245 метри квадратни за 6.150 денари за метар квадратен.

http://www.build.mk/?p=39012
За сè има вторпат
Back to Top
MartiniMKD View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 15-Jan-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 44
  Quote MartiniMKD Quote  Post ReplyReply #595 Posted: 26-Sep-2014 at 12:58
Originally posted by jyvation

Катна гаража како од хорор филмови

Вода, мирис на мевла, целосна темница, сронети ѕидови, вака изгледа денеска Катната гаража кај Судска палата...



повеќе слики:http://www.dokaz.mk/foto-video-katna-garazha-kako-od-horor-filmovi/


Ovaa fotka e od istiot link so vesta na A1on...

Neli ovaa fotka e od Mavrovka i Alsat. Da ne slikale ovie nekoja druga zgrada

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14154
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #596 Posted: 26-Sep-2014 at 13:08
На најлевиот прозорец се гледа зградата на новиот Кривичен суд, така што ја сликале вистинската зграда.
За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5360
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #597 Posted: 26-Sep-2014 at 13:26
Сликите со паркетот на подот се од канцеларискиот простор, не од делот за паркирање. Нормално е од прозорецот да се гледа Мавровка.

Нели најавуваа дека ќе ги сместат градски паркинзи во овие канцеларии или некоја таква ЈП, а остатокот ќе го издадат?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
MartiniMKD View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 15-Jan-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 44
  Quote MartiniMKD Quote  Post ReplyReply #598 Posted: 26-Sep-2014 at 14:05
Ok jas sum bil greska.
Znaci ovaa e onaa kaj MRT i kopleksot sudovi
Mislev storijava e za katnata kaj Makedonska posta koja bese otvorena pred nekoja nedela
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 912
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #599 Posted: 26-Sep-2014 at 21:43
Кој е изведувач на објектов? Ова не ми изгледа само како штедење материјали, туку и незнаење.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2543
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #600 Posted: 26-Sep-2014 at 23:15
Која катастрофа е гаражава... селски задруги изградени 45та и недопрени од тогаш се во подобра состојба, а ова е објект од пред 1-2 години.

РЕЗИЛ!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2829303132 37>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.530 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.