build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Гаражни објекти (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гаражни објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3132333435>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11025
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #641 Posted: 29-Oct-2015 at 08:12
ГАРАЖАТА КАЈ ЦВЕТЕН ПАЗАР ПОВЕЌЕ ТРОШИ ОТКОЛКУ ШТО ЗАРАБОТУВА



Градските власти признаваат дека катната гаража „Македонска фаланга“ кај поранешен Цветен пазар е неискористена. Слободни паркинг-места во објектот има на претек, но таму ретко кој се паркира. Гаражата речиси зјае празна цели две години. Објектот троши вода, струја, има и други тековни расходи, па така трошоците секојдневно се таложат, а приходи има едвај по некој денар.

Ваков заклучок генерално може да се донесе врз основа на одлуката на Советот на Град Скопје, на ЈП „Градски паркинг“ да му се помогне финансиски. Имено, Советот на последната седница реши да му додели субвенции на претпријатието во висина од речиси 250.000 евра.

„Во последниве две години, претпријатието се соочува со сериозни тешкотии во работењето поради што во своите финансиски извештаи искажува негативен финансиски резултат, односно загуба. Причини за тоа има неколку. Како главни тешкотии во работењето се јавуваат трошоците за одржување на катната гаража кои се неспоредливо поголеми во однос на приходите што се остваруваат од работењето, особено ако се земе предвид дека повеќето претплатници се од категорија вработен во правен субјект. Истовремено, причина за загубата е и бесплатното паркирање на категоријата станар во населба Аеродром за прво, второ и трето возило, како и за прво возило во Центар“, се вели меѓу другото во образложението за финансиската помош на „Градски паркинг“.

И затворањето на неколку градски паркинзи поради изградба на хотели и други објекти на нивно место е една од причините што влијае врз намалениот приход на претпријатието.

Освен субвенции за покривање на загубите, од Градот досега не најавија конкретни мерки како да го решат проблемот, ниту, пак, за тоа како долгорочно да му помогнат на ЈП „Градски паркинг“.

Опозицијата во Советот на Скопје, пак, најавува дека ќе предложи намалување на цената за паркирање, што, според нив, сега е главната причина зошто граѓаните не ги користат катните гаражи.

„Пред се', ние сме против изградба на катни гаражи во центар од неколку причини. Но, кога веќе работата е згрешена, ќе се исправи само со корекција на цената. Сметаме дека паркирањето во катните гаражи треба да поевтини и така тие ќе станат достапни за граѓаните“, вели Драги Давчевски, член на СДСМ во Градскиот совет.

Од ЈП „Градски паркинг“ вчера не беа достапни за коментар.

Инаку, независно од досегашниот исход од работењето на „Македонска фаланга“, Град Скопје во меѓувреме ја доизгради и ја пушти во употреба катната гаража спроти „Беко“, која, сепак, два месеца од сечењето лента, се' уште е нефункционална.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=7FD92DEBF16F614C894A302E711DEA89
За сè има вторпат
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1840
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #642 Posted: 29-Oct-2015 at 10:00
tek koga ke se urbanizira ovaa oblast, te ima nekakva funkcija garazava. isto i taa garaza na makoil kaj bibliotekata i taa kaj koco racin. nekako kako da nemaat strategija koga gi stavaat garazive
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Online
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #643 Posted: 29-Oct-2015 at 11:44
Kako da se koristat garazite koga na sekoj cekor Imame na divo parkirani vozila. Za da se koristat treba da se stavi red i so kazni da se menuva mentalitetot na narod koj misli deka treba da parkira dva metri do mestoto kaj sto naumil da otide i narod koj so decenii e ucen deka vo strogite centri na gradovite treba da odi so avtomobil i da parkira besplatno.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4678
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #644 Posted: 29-Oct-2015 at 11:50
Не култузин, ова е само еден добар пример за муабетот што го правевме за возовите, дека немањето на добра стратегија резултира во вакви ситуации. Без разлика на тоа дали луѓето ќе ги користат или не, денес или утре, локациите на овие гаражи се тотално утнати, насадени без никаква стратегија за тоа какво ќе биде движењето во центарот на градот.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1444
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #645 Posted: 29-Oct-2015 at 18:30
Паркоматите до пред некое време не работеа (може сеуште не работат), ама затоа си има повеќе вработени за таа намена, а апаратите за украс стојат.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #646 Posted: 29-Oct-2015 at 20:34
е затоа постои институцијата урбанистички план и стратегија за развој... нешто врз кое што македонската политичка сцена постојано извршува нужда
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Petar Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Sep-2014
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Petar Skopje Quote  Post ReplyReply #647 Posted: 30-Oct-2015 at 14:32
Апсолутно точна дефиниција на проблемот.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #648 Posted: 30-Oct-2015 at 20:00
затоа што побитно од се беше да се стават два паркинзи под различна капа еден до друг и да си ги мериме...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Online Status: Offline
Posts: 641
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #649 Posted: 14-Jan-2016 at 20:57
Mnogu e glupavo toa sto vo centar se napravija katni garazi kade nema voopsto nikakva potreba,a vo Aerodrom ima samo edna katna garaza pa zatoa kolite stojat po trotoari i ulici(primer ulicata Simeon Kavrakirov). Trebase da se napravi edna katna garaza na vlezot vo opstinata.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #650 Posted: 14-Jan-2016 at 22:18
мора да разбереме дека проблемот не е само во недостигот на паркинг, ниту пак катните гаражи се решение... еве јас живеам на 100 метра од гаражата па немам каде да паркирам
ај ако не нека купуваат и возат сите по пет коли во фамилија па гаражи ќе им правиме после...

Кавакиров е полна затоа што во околината сите места каде што можеш да влезеш со кола или имаат столпчиња, или потпаѓаат под зонско, или имаат само две ленти и нема простор за паркирање
јас пред 20 години живеев на таа улица и памтам дека секогаш сите се паркираа на нејзе затоа што зградите кои се наоѓаат таму немаат свој паркинг... ако ништо друго, барем не се паркира никој на тротоарот
таа уличка сепак сега е колекторска и дури и вака со една лента зафатена од возила функционира сосем ок
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1444
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #651 Posted: 04-May-2016 at 16:38
Последните 2 ката беа за паркирање, ви текнува
Никогаш никој се нема паркирано тмау, а сега веќе очигледно и не е паркинг.

Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2370
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #652 Posted: 04-May-2016 at 22:49
http://www.build.mk/?p=3992
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11025
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #653 Posted: 14-Jun-2016 at 07:12
ЌЕ СЕ ГРАДИ КАТНА ГАРАЖА ЗАД ЗДРАВСТВЕН ДОМ „БИТ-ПАЗАР“

Општина Чаир предвидува изградба на катна гаража зад Здравствениот дом на Бит-пазар, каде што сега функционира паркинг на диво. Надлежните од општината велат дека покрај впишаната маркичка за оваа катна гаража, во ДУП има уште една, за катна гаража кај Турскиот театар. Официјалните информации од таму тврдат дека катните гаражи најверојатно ќе бидат со приземје и три или четири ката, но не повеќе од тоа. Сепак, катноста ќе биде точно утврдена кога ќе почне изработката на основниот проект, за кој одговорните се' уште не сакаат да откриваат детали.

Од Општината велат дека паркирањето на Бит-пазар може да се реши единствено со предвидените две катни гаражи, како и со паркингот што ќе се изгради со реконструкцијата на пазарот, а кој ќе понуди над 200 паркинг- места.

Изградбата на катни гаражи на Бит-пазар конечно ќе го реши хаосот со паркирањето во тој дел од градот, бидејќи многумина токму поради тоа не се обидуваат со автомобил да дојдат до пазарот или во неговата околина. Речиси е невозможно да се најде паркинг-место во околината, доколку не се отиде на дивиот паркинг зад Здравствениот дом, каде што за еден час паркирање се наплаќа 30 денари, а не се добива фискална сметка.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=C0B9CBD853FF4B4BA4861D9A19D1C9FB
За сè има вторпат
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #654 Posted: 14-Jun-2016 at 09:58
@Alexsend

Внатре нема ниту едно паркинг место, деловен центар е, веќе е пополнет целосно ако не се лажам.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3678
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #655 Posted: 05-Aug-2016 at 17:15
Кај мепсо

Edited by my Macedonia - 05-Aug-2016 at 17:16
Back to Top
Glava View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 08-Sep-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 54
  Quote Glava Quote  Post ReplyReply #656 Posted: 17-Aug-2016 at 04:44
Дали некој знае што се гради овде?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11025
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #657 Posted: 17-Aug-2016 at 08:08
Катна гаража.
За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 467
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #658 Posted: 22-Aug-2016 at 19:36
Плус монтажен спрат на паркингот зад Буњаковец:






П.С. Има ли некаква опција да аплоадирам слики директно на форумов?
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #659 Posted: 22-Aug-2016 at 19:40
Конечно нешто паметно да им текне.Сега нека ги макнат коливе што се паркирани бидејќи се стеснува ептен улицата и се чека на разминување.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #660 Posted: 26-Aug-2016 at 12:41


ГОТОВ МОНТАЖНИОТ ПАРКИНГ ЗАД ТЦ „БУЊАКОВЕЦ“



Во катната гаража треба уште да се обележат местата за паркирање. Бесплатно ќе се паркираат центарци со паркинг-налепница од ПОЦ

Монтажната катна гаража зад ТЦ „Буњаковец“ е готова и од неодамна таму веќе почнаа да се паркираат возила. Засега бесплатно, бидејќи гаражата се' уште официјално не е пуштена во употреба. Се очекува за десетина дена објектот да биде комплетно завршен. Паркирањето ќе биде бесплатно за жителите на Центар кои имаат паркинг-налепница од ПОЦ.

„Остана уште да се обележат местата за паркирање, останатото се' е готово. Планираме во првата недела на септември гаражата и официјално да ја пуштиме во употреба“, информираа вчера од Општина Центар.

Општината е инвеститор на објектот, а нејзиното претпријатие за јавни паркинзи ќе стопанисува со гаражата. Таа е со капацитет за 104 возила и е речиси идентична со онаа во Капиштец. Изградена е од еколошки материјали од италијанско потекло. Станува збор за челична поцинкувна конструкција, составена од модули.

„Убедени сме дека монтажниот паркинг е далеку подобро решение отколку идејата на претходната власт на овој простор да се изгради објект од 29 метри, односно гаража на 8 ката, како што беше зацртано во ДУП-от. Веруваме дека од новата монтажна гаража ќе имаат бенефит, пред се', жителите, но и персоналот и купувачите во ’Буњаковец‘, бидејќи ќе се надмине хаосот со паркирањето. Им се излегува во пресрет и на граѓаните од соседните згради. Имено, улицата ‘Владимир Полежановски‘ ќе стане еднонасочна, а тесното грло и сообраќајниот хаос ќе се реши со отстранување на паркинг-местата од улицата“, рекоа неодамна од Центар.

Општинарите размислуваат да постават монтажна гаража и на паркингот кај Градежен факултет за што допрва треба да разговараат со управата на факултетот. Во случајов се размислува за опција за монтажен паркинг со јавно приватно партнерство.

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=D632B2DA1E2457428A40814905E28D57
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3132333435>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.