build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гаражни објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 36>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 01-Feb-2010 at 02:26
Па не го спуштаме нивото сега на дискусијава, незнам дали јас негодувам?! Те прашав убаво дали може да пресметаш некои бројки, не го поставив прашањето предходно воопштоп од некоја друга позиција туку незнам зашто ти призвуче дека сакам во нешто да те побивам.

А дали ќе градиме кадешто на македонецот ќе му ќефне?! Па види ако има слободно место ќе градиме. Незнам јас по која тоа рачуница и по кое правило би барале од пола милион жители да се придржуваат кон нефункционални концепти на некои предходници. Сите нешто се залагаат за либерално општество, а читам тука северно-корејски ставови. Сега ај ако не, да не градиме катни гаражи. Ставрно не сакам да звучи дека очекувам од некого беспоговорно да каже дека проектот нема маана, всушност нити постои совршен проект, но далеку ќе се подобри паркирањето во градот. Некои пориви едноставно неможам да ги разберам.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 01-Feb-2010 at 02:30
Нормално останува сомнежот кон катната гаража пред Холидеј Ин. Стварно незнам како планираат дса го изведат тоа, вероватно не планираат некој гостин во хотелот да има ауспух пред нос кога ќе излезе на тераса.

Исто така би сакал да го актуелизирам прашањето што го покренав пред некој ден во нишката за мал ринг како за едната од гражаите би добиле скоро дупло поголема површина.
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=132&PID=55592#55592
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 01-Feb-2010 at 02:31
Ајде вака да го погледнеме проблемот, точно кај Беко.



На Гугл Рт вика дека една страна на објектот е 70 метри (и тука ја земаме песимистичката варијанта, затоа што просторот е 90 метри). Ако претпоставиме дека гаражава ќе има форма на 1/4 од цел круг, можеме да пресметаме дека површината на објектот би била (ЕР на квадрат по ПИ)/4. Следува дека (5000 по 3.14)/4=3900 метри квадратни. Ако објектот има 7 ката, има и приземје и минимум две нивоа под земја, што прави најмаклу 10 ката површина од по 3900 метри квадратни, што прави скоро 40000 метри квадратни корисна површина. Таа ако ја поделиме со 24 те метри што ти ги спомена, би добиле  1666,666 места. Дали е тоа еднакво на 800те места што ги споменува градот, или ДУПЛО ТОЛКУ?! Која е потребата за нов деловен простор таму? Тука стои и недоградената зграда на ЈугоБанка, што самата има мизерен паркинг простор за својата големина, а како што се најавува целата ќе биде зафатена од неколку министерства. Овој објект со 1600 места не би ги зодоволил ни потребирте на граѓаните од постоечките локали и ЈугоБанка, камо ли ако ми напкаат додатен деловен простор. Сигурно иста е приказната и лагата со другите објекти.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 01-Feb-2010 at 02:45
Маркицата е многу помала од оваа што ја нацрта, отвори го дупот за мал ринг види во табела колку е, а ако се сомневаш во табелата прецртај ја сам и во ГЕ-про измери површина.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 02-Feb-2010 at 19:22
Еве малце поелаборирано особено од аспект на пропустната моќ на планираните пристапи до новите катни гаражи. Има поенти кои ми се чинат без врска (круна е онаа веќе редовна „теорија“ за тоа како можеме да куртулиме од издувни гасови доколку сообраќајот и паркирањето биде под земја), но мислам повеќето се валидни поенти:

Без нови улици, катните гаражи ќе го колабираат сообраќајот

Малиот ринг станува големо тесно грло, нема решение за пристапот до паркинзите

Сања Наумовска


Проширување и приспособување на постојната сообраќајна мрежа или, пак, реализација на планираните улици предвидени во Генералниот урбанистички план на Скопје е единственото решение за нормално функционирање на осумте нови катни гаражи предвидени да се градат во центарот на градот. Отворањето нови 3.000 места за паркирање го решава стационарниот сообраќај, но, дефинитивно, предизвикува зголемена фреквенција на возила во централното подрачје, коментираат сообраќајните инженери.

Надминувањето на проблемот треба да се бара во паралелното решавање и на паркирањето и на уличната мрежа, на која во овие услови и' се заканува колапс. Неопходна е изградба на Јужен булевар, булеварот „Крушевска Република“ и подземната сообраќајница под плоштадот „Македонија“, кои директно ќе го „хранат“ Малиот ринг со сообраќај.

Според архитектот Јован Тагасовски, самиот Генерален план на Скопје предупредува дека доколку до 2020 година не се изградат планираните сообраќајници, особено големите булевари, главниот град ќе се задуши во сопствениот сообраќај.

„Малиот ринг станува големо тесно грло. Изградбата на административни објекти на кејот на Вардар ќе привлече огромен број луѓе и возила во центарот на градот. Постојната сообраќајна мрежа, дефинитивно, нема да го издржи тоа“, вели Тагасовски.

Неколку од предвидените осум катни гаражи моментно се со нерегулиран или несоодветен пристап. Ова особено важи за гаражите кај „Телеком“ и МЕПСО, кон кои би се пристапувало по тесни улички со мала пропусна моќ. Стручњаците имаат забелешка и на катната гаража предвидена во близина на зградата на некогашната „Нова Македонија“, која има добра улична мрежа во околината, но лежи на трасата на Јужен булевар. Катната гаража кај „Беко“, пак, ќе има пристап само од еднонасочна улица. Најсоодветно се планирани гаражите кај Работнички дом и кај Меморијалниот центар на холокаустот. Останува, велат сообраќајните експерти, да се доработува сообраќајната мрежа за поголема пристапност на гаражата кај „Аутомакедонија“ и зад Државниот архив.

„Пред неколку години ДУП ’Мал ринг‘ предвидуваше три катни гаражи во центарот, кај ’Телеком‘, кај Работнички дом и кај ’Беко‘, а останатите места за паркирање се обезбедуваа во подземниот паркинг под плоштадот. Тоа, според мене, и денес е најдоброто решение. Со него се избегнува задушување на сообраќајот на улиците низ центарот, а наедно со подземното паркирање се намалуваат и издувните гасови, па се задоволува и еколошкиот критериум“, вели инженерот Пламен Гавровски.

Тој советува, покрај паркирањето и главните сообраќајни артерии, паралелно да се размислува и за квалитетен алтернативен јавен превоз. „Осумдесет нови автобуси нема ништо да подобрат во град со ваква големина. Потребен е трамвај, особено што со нови административни згради се навлекуваат се' повеќе луѓе во центарот“, коментира Гавровски.

За планерот Стефан Калајџиски од проектантското биро „Зебра“, на центарот му требаат сите осум предвидени катни гаражи, бидејќи се чувствува голем притисок од возила во текот на денот. Сепак, тој се согласува дека за да функционираат гаражите, мора да се обезбеди соодветен пристап до нив.

„Улиците во центарот моментно ја немаат доволната пропусна моќ за да го задоволат очекуваниот прилив на возила кон новите паркиралишта. Мора итно да се работи на планирање и проектирање нови улици“, вели Калајџиски.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4DF187CE43AC3849B25725644A227C1E

Edited by Cloverstack - 02-Feb-2010 at 19:26
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 02-Feb-2010 at 23:57
Катни гаражи од центарот не се слагам дека дополнително ќе дозагужат. Првенствено ќе ги опфатат возилата што се испопаркирани во околните улички, но после тоа ќе мора овие улички да се оддржуваат со две ленти слободен просток за од/до катните гаражи. Едно возило да застане на таа уличка повторно ќе има тахикардија. Пристапот би бил проблем доколку би оставиле ситуацијата со паркирање по улички да е вакво како сега. Двајца редари и пајак возило и малку воља би биле доволно за оддржување на редот.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 03-Feb-2010 at 00:32
"Октет" составен од катни гаражи решение за паркингот


Од Општина Центар информираат дека планот за изведба што ќе започне годинава, ќе се спроведува во 3 фази. Во претстојниот период се изработува технички елаборат за да се види капацитетот на улиците кои ќе водат до катните гаражи, а со цел да се надмине проблемот со метежот и да се изврши мерење на бројот на тамошните потребни паркинг-места


Владата, Градот Скопје, Општината Центар и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор се решени да стават ред со паркинг-просторот во централното градско подрачје. Со заедничкиот прокт кој неодамна го обелоденија овие субјекти за изградба на осум катни гаражи во Скопје, планираат обезбедување на околу 3000 слободни паркинг-места. Локациите на кои ќе се градат гаражите во најголем дел ќе бидат на државно земјиште, а инвестицијата ќе се движи од 25 до 30 милиони евра, информираше неодамна вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, по состанокот во Владата со градоначалниците на Скопје и Општина Центар.
Наспроти обвинувањата кои се огласија деновиве дека со изградбата на новите 8 катни гаражи ќе се стесни проточното сообраќајно грло во Малиот ринг поради малите постоечки улички, градските власти се убедени дека до тоа нема да дојде. Според нив, постоечката сообраќајна мрежа која набргу ќе се проширува, а во неа спаѓаат и дел од постоечките булевари соодатно ќе одговорат на потребите на интензитетот на сообраќајот. Тие велат дека собраќајните инжинери кои го подготвуваат детеалниот план особно ќе обрнат внимание на пристапните сервисни улички кои ќе водат до гаражите.

Четири од нив ќе гради државата преку станбеното претпријатие, и тоа двете кај телекомуникацискиот центар, кај скопскиот театар и до Работничкиот универзитет. Градот и Општината ќе прават по две гаражи. Градските ќе бидат најголеми, ќе се наоѓаат кај Беко и кај Старата железничка станица и заедно ќе можат да примат до 1.900 возила. Инвестицијата за двете катни гаражи ќе чини по 7-8 милиони евра, кои градот Скопје ќе ги обезбеди преку кредити, во соработка со Градски паркинг, кој ќе стопанува со катните гаражи. Општината ги доби локациите кај Државниот архив до МТВ и до поранешната зграда на Нова Македонија.
Од Општина Центар информираат дека планот за изведба што ќе отпочне годинава, ќе се спроведува во 3 фази. Во претстојниот период со изработка на технички елаборат за да се види капацитетот на улиците кои ќе водат до катните гаражи, се со цел да се надмине проблемот со метежот и изврши мерење на бројот на тамошните потребни паркинг-места.

http://vecer.com.mk/?ItemID=6762EB7F90A5C5489AF929A7EAEDBEFB
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 03-Feb-2010 at 01:06
не ми е јасно што па сега се фатија за катните гаражи кога во градов нема простор, а кај па го нема па уште ги пикаат на најнепогодни места за таков објект, многу подобри за Скопје се подземните гаражи и има простор за нив
и не ми е јасно што мислат со ова, ќе прошируваат сервисни улички или? Big%20smile
„Тие велат дека собраќајните инжинери кои го подготвуваат детеалниот план особно ќе обрнат внимание на пристапните сервисни улички кои ќе водат до гаражите.“

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 04-Feb-2010 at 03:18

И катната гаража кај МЕПСО во барокен стил

Јавното станбено претпријатие ќе гради уште три застаклени катни гаражи, со еден кат деловен простор

Деспина Трајковска


Една со барокна и три со стаклени фасади ќе бидат катните гаражи во центарот што ќе ги гради Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Изгледот на фасадите на објектите што се градат покрај кејот на Вардар налагал и катната гаража што ќе се гради на постојното зеленило меѓу МЕПСО и „Македонска пошта“ од страната на Вардар да биде во рустичен стил. Другите три катни гаражи на ЈПССДП ќе бидат застаклени. Засега е сигурно дека сите објекти ќе имаат по еден кат наменет за деловен простор, а допрва ќе се утврдува дали паркирањето во нив ќе се врши по принципот со лифтови или, пак, објектите ќе бидат класични, односно со рампи.

Владимир Бахчовановски, директор на ЈПССДП вели дека најверојатно денеска ќе бидат објавени јавните повици за избор на идејно решение за четирите објекти. Врз основа на понудените решенија и потоа направените пресметки за изработка на проектите, ќе се утврди начинот на паркирање во гаражите.

„Постојниот Детален урбанистички план утврдува колку минимум места за паркирање треба да се обезбедат, но по разгледувањето на неколку опции, заклучивме дека капацитетот може да се зголеми доколку се искористи принципот на паркирање со лифтови. Конечните одлуки ќе ги донесеме по изборот на идејните решенија“, вели Бахчовановски, кој тврди дека станбеното претпријатие е финансиски доволно моќно да ги изгради објектите.

Според првичните процени, пресметувајќи го периодот за избор на идејните решенија, изработката на проектите и други неопходни процедури, изградбата на катните гаражи би стартувала наредната година со рок на изведба од 18 месеци.

Согласно со договорот меѓу Владата, Градот Скопје и ЈПССДП, станбеното претпријатие ќе гради катна гаража на постојниот мал паркинг кај „Телеком“, потоа на просторот меѓу МЕПСО и управната зграда на „Македонска пошта“ од страната на Вардар, потоа до Музејот на холокаустот и една катна гаража пред „Работнички дом“. Таа, всушност, ќе биде и најголемата, иако не и највисока. ДУП дозволува изградба на објект на четири ката, но од претпријатието размислуваат да побараат дозвола за два дополнителни ката што би се искористиле за деловен простор.

Катните гаражи кај „Телеком“ и МЕПСО ќе имаат по девет ката и ќе бидат високи 29 метри. Доколку паркирањето се врши преку рампа, катната гаража кај „Телеком“ би овозможила паркирање на 267 возила, а по принципот паркирање со лифт дури 406 места. Другата катна гаража, пак, сигурно ќе обезбедува 315 места за паркирање, додека онаа кај Музејот на холокаустот, според ДУП, налага капацитет од минимум 200 места за паркирање, со можност да се зголеми на 320 доколку паркирањето се врши со лифт.

Според Бахчовановски, направените анализи покажале дека овој принцип на паркирање во определени ситуации е подобар, бидејќи е функционален за објекти на мала површина, каков што е случајот со катните гаражи кај „Телеком“ и МЕПСО. Истовремено се обезбедува и поголем капацитет за паркирање, а се намалува и количеството издувни гасови од возилата во околината.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=599318D76AB56D43A839BC40357D1543

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 04-Feb-2010 at 03:36
Изгледот на фасадите на објектите што се градат покрај кејот на Вардар налагал и катната гаража што ќе се гради на постојното зеленило меѓу МЕПСО и „Македонска пошта“ од страната на Вардар да биде во рустичен стил.
Идиоти! Одете веќе еднаш на психијатриска проверка...


ДУП дозволува изградба на објект на четири ката, но од претпријатието размислуваат да побараат дозвола за два дополнителни ката што би се искористиле за деловен простор.
Шо убо. Ама нели приказната беше дека приватниците така пренаменувале (мада не чувме кој им дозволувал), па сега државава превзема во свои раце за да нема такви пренамени? А бидејќи приземјето е веќе планирано за деловни простории значи работава испаѓа 3 спрата деловни и 3 спрата паркирање односно пола-пола. Може некој да ми објасни која е суштинската разлика со ТЦ Зебра на пример?
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 04-Feb-2010 at 04:21
А- ете ја мојата теорија за заговор од пред неколку дена. Овие лопови немаат намера да решат никаков проблем туку само да се изналапаат со пари! Видоа дека приватнициве упсеаа да пробутуваат деловни објекти под превезот на катни гаражи (што меѓу неписмените новинари и простиот народец што се ослонува на чул-не дочул се мега-популарни) и сега и тие сакаат да ќарат. Никој од овие објекти нема да го реши паркинг проблемот на околината, напротив ќе создаде уште поголем хаос, како и секој објект претходно (Рамстор, Зебра, новиот кај Универзална, новиот кај поликлиниката Млин Балкан...). Им тргна новава форма на лоповлук и криминал кон градот и граѓаниве. АБЕ ОВА ГО НЕМА НИГДЕ! ТРЕБА НАВИСТИНА ДА СЕ ПОКРЕНЕ НЕКАКВА АКЦИЈА!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 08-Feb-2010 at 03:53

Монтажни паркинзи на нивоа, спас за Општина Аеродром

Општината и „Градски паркинг“ договориле четири локации од кои годинава ќе се реализираат две

Монтажно паркирање на две или повеќе нивоа ќе го решава проблемот со паркирањето во Аеродром. Општинските власти и јавното претпријатие „Градски паркинг“ договориле четири локации за кои ќе се изработуваат проекти за монтажни паркиралишта, од кои годинава веројатно ќе се реализираат две. Целта е, велат надлежните, во Аеродром да се обезбедат повеќе паркинг-места, а тоа да не биде на сметка на зелените површини. „Ова е скап модел на паркирање, но брзо се реализира“, велат во јавното претпријатие „Градски паркинг“.

Монтажни паркиралишта ќе има под Транспортниот центар, во близина на дискотеката „Колосеум“. Слободниот простор под Транспортниот, меѓу поштата и кејот на Вардар наскоро ќе биде уреден како паркиралиште, а на дел од него ќе се направи уште едно ниво. Дополнителни паркинг-места на ниво ќе има и во Ново Лисиче, кај трите кули, каде што има најголем проблем да се најде слободно место. Монтажно паркиралиште е планирано на веќе постојниот паркинг покрај касарната „Гоце Делчев“, каде што ќе се добијат дополнителни 300 до 400 места, а моментално се размислува и за соодветна локација во близина на маркетот „Веро“.

„Овие паркиралишта функционираат како катни гаражи, со рампи за качување и симнување, само што се прават од монтажни елементи и се приспособливи и побрзо се изведуваат. Планираме на основната монтажна конструкција да додадеме некоја украсна ограда или, пак, да заградиме делови со плексиглас заради естетика, со оглед на тоа дека станува збор за станбени средини“ , вели директорот на „Градски паркинг“, Панче Стојановски.

Во инвестицијата ќе учествуваат Општина Аеродром, која ќе обезбеди 70 проценти од средствата, Град Скопје и јавното претпријатие. Стојановски вели дека по дефинирањето на локациите, „Градски паркинг“ во рок од еден месец ќе изработи проекти, врз чија основа Аеродром ќе може да распише тендер.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=1135A3E32B80414486F5DF13D74E61F3
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 11-Feb-2010 at 06:47

Се бара идејно решение за катна гаража кај „Телеком“

Фасада во барокен стил, класицизам, неокласицизам, романтизам или неоромантизам, три ката деловен простор и место за паркирање за најмалку 315 возила. Ова се дел од главните услови што се бараат во јавниот повик за идејно решение за изградба на катната гаража на местото на постојното зеленило помеѓу МЕПСО и „Македонска пошта“, од страната на Вардар, проект на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.

Заинтересираните автори во предлозите за изгледот на објектот треба да вметнат и нови технологии во паркирањето што се користат во Европа и во светот. Врз основа на понудените решенија, од ЈПССДП дополнително ќе утврдат дали паркирањето ќе се врши преку електронска рампа или со лифтови, што би овозможило поголем капацитет на паркинг-места.

Објектот ќе се гради на површина од речиси 10.000 квадратни метри и ќе има девет ката. Потребата од рустичната фасада од ЈПССДП ја правдаат како обврска наметната со урбанистичкиот план кој налага сите објекти во реонот да имаат стилски фасади.

Останатите три катни гаражи што ќе ги гради станбеното претпријатие ќе имаат стаклени фасади. Едната од нив ќе се наоѓа на аголот до музејот на холокаустот, другата на постојниот мал паркинг меѓу МЕПСО и „Телеком“, а катна гаража ќе има и кај Работнички дом.

Сите ќе бидат инвестиција на претпријатието од каде што очекуваат изградбата на објектите да стартува наредната година, со оглед на потребните процедури за избор на идејни решенија, изработка на проекти, избор на изведувач... Рокот за изведба, најверојатно, ќе биде една и пол година.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=DA0A93B1F12C304198F0BF2F9CB3EEFA
Back to Top
Vahr View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Vahr Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 12-Feb-2010 at 10:33
[QUOTE=lslcrew] [quote]<p ="WB_UTRINSKIVESNIK_Naslov" id="ArticleTitle">Се бара идејно решение за катна гаража кај „Телеком“



добро знаете кај е објавен овој конкурс? Го има негде онлине? бев на огласи-известувања и на страната на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор ама не најдов ништо т.е. огласи-известувања воопшто не функционира а другава е последен пат у 2009 апдејтувана?!
Знае ли некој каде може да се погледа тоа чудо од конкурс?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 12-Feb-2010 at 10:44


https://e-nabavki.gov.mk/eProcurementIntegration/PublicAccess/Dossie/dosieSIS.aspx?EntityId=8d445f2e-b6ad-4151-9ae8-d4d27812796f&Level=2
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 04-Mar-2010 at 02:00

Одбрани три локации за монтажни паркинзи во Аеродром

Неколку стотици нови паркинг-места ќе има зад „Бисер“, покрај „Веро“ и во Ново Лисиче

Општина Аеродром во текот на март ќе распише тендер за изградба на монтажни паркиралишта на три локации, зад ТЦ „Бисер“, кај „Веро“ и во Ново Лисиче. Моментално во завршна фаза е изработката на проектите врз чија основа се очекува во Општината да се отворат неколку стотина нови паркинг-места. Според градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, монтажните паркиралишта се планирани на најфрекфентните локации, каде што паркирањето е најголем проблем за граѓаните. Паркиралиштата ќе бидат на две нивоа, а изградбата ќе ја финансира Општината.

Првата локација каде што ќе се отворат близу 500 нови паркинг-места се наоѓа зад ТЦ „Бисер“, во продолжение на веќе постојниот паркинг-покрај оградата на касарната „Гоце Делчев“. На приземното ниво е планирано да има 370 нови места, додека на првото монтажно ниво уште 120 места за паркирање. Дополнителни паркиралишта ќе се направат и кај „Веро“, а за тоа ќе се искористи дел од зелениот појас широки три метри на потегот кон булевар „Србија“.

Проблемот со паркирањето ќе биде решен со монтажни катни гаражи и во Ново Лисиче, каде што ниедна од зградите нема подземен паркинг, објаснува градоначалникот Коневски. Паркиралиштето ќе се прави во близина на Прокредит банка, каде што ќе се гради на површината на веќе постојниот паркинг, а ќе се искористи и дел од околното зеленило. Со овој паркинг ќе бидат отворени од 150 до 200 нови паркинг-места.

„Со воведувањето на зонското паркирање и со изградбата на монтажните гаражи за две до три години во Аеродром нема да има проблем за наоѓање место за паркинг“, најавува Коневски. (С.Н.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A954512165896F449A6B0634AFAAEF34

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 23-Mar-2010 at 06:11
Оттаму велат дека по аукцијата на земјиштето Собранието побарало од Министерството за транспорт и врски и од Општина Центар промена на деталниот план, со цел над подземната гаража да има паркиралиште за пратениците, но и да се внимава на влезот во гаражите од сообраќајно -безбедносен аспект.


Абе за чист бришан простор сте слушнале? Ете паркче нека биде, поплочен нека биде. Ама требало нивните коли над земја да бидат паркирани, ако некој им постави бомба во собрание на можат одма да си заминат.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 25-Mar-2010 at 00:06
За две катни гаражи - 21 решение
 

Градот Скопје има можност од 21 идејно решение да избере две по кои ќе се градат катните гаражи со кои ќе стопанисува ЈП „Градски паркинг“. На јавниот повик за избор на идејни решенија стасале дури дваесетина предлози. Вкупно десет идејни решенија имало за катната гаража предвидена да се гради спроти полициската станица „Беко“, додека за онаа на „Мито Хаџи Василев - Јасмин“ биле поднесени 11 предлози. Надлежна комисија од Градот наскоро ќе треба да одлучи кое од решенијата ќе се искористи за изградба на објектите.

Согласно со урбанистичкиот план, катната гаража кај „Беко“ ќе има седум ката и две подземни нивоа. Приземјето и првиот кат ќе бидат наменети за деловен простор, а останатите за паркирање. Катната гаража, пак, кај Јужен булевар, исто така, е предвидена да биде седумкатен објект. Таа целосно ќе се искористи за паркинг-простор. И во двата повика за избор на идејни решенија беше наложено авторите да достават предлози за изградба на застаклени објекти. (Дс.Т.)



Edited by SkyBoy - 25-Mar-2010 at 00:08
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 27-Mar-2010 at 00:49

Ќе се бара друг проект за монтажен паркинг во Капиштец

Прескапите понуди за изработка на идејно решение за монтажна катна гаража во Капиштец само ќе ја одолжат, но нема и да ја прекинат реализацијата на проектот за паркингот. Градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ вели дека нема да се откаже од идејата со монтажна катна гаража да го реши недостигот од паркинг-места во тој дел од градот. Најави дека Општината наскоро повторно ќе распише повик за избор на идејно решение, откако првиот тендер беше неуспешен. Надлежните одлучиле дека сумата од 48 милиони денари, која била најниска од трите доставени понуди, е превисока.

„И таа сума за нас беше неприфатлива. Всушност, сите понуди беа над нашите очекувања. Во секој случај, не се откажуваме од идејата за проектот и наскоро ќе распишеме нов тендер“, вели Тодоровиќ, кој информира дека Општината ќе одвои најмногу до 40 милиони денари за изработка на идејното решение за монтажниот паркинг.

Инаку, предвидено е монтажната катна гаража да се наоѓа на местото на постојниот паркинг што се протега од почетокот од улицата „Народен фронт“ до кафулето „Интермецо“ во населбата Капиштец. Тоа ќе биде монтажна конструкција на две нивоа со капацитет за паркирање на 500 возила. Предвидено е објектот да се изгради и стане функционален наредната година, а со него ќе стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“. (Дс.Т.)



Edited by SkyBoy - 27-Mar-2010 at 00:52
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 30-Mar-2010 at 01:11
Просторот се чисти за почеток на градба на нова катна гаража - вели Димоски.

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=656&PID=61911#61911

?! Ова е вероватно нова најава за уште една катна гаража во прилеп. Не ми изгледа реченицава како да се работи за рециклажа на стари вести.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 36>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.