build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Гаражни објекти (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гаражни објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 37>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 01-Nov-2010 at 17:30
Некое градилиште спроти Дилајла, незнам дали до сега сме го евидентирале.


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 01-Nov-2010 at 18:59


Таму уште пред 2-3 години ги срушија бараките и покренаа постапка за продажба ако не се лажам. Мислам дека го имаме евидентирано расчистувањето.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 01-Nov-2010 at 19:15
Еве за што се работи

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1097&PID=68045#68045


Edited by Cloverstack - 01-Nov-2010 at 19:16
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 03-Nov-2010 at 07:15
Сакав да одговорам во врска со дискусијата што ја отворивте за катната гаража до НЛБ Тутунска (http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=64&PID=79693#79693), па ми излезе поопширен пост за поопширниот проблем. Еве ќе ја продолжам дискусијата тука.


Па очигледно ќе го почекаме оној момент кога паркинг место ќе стане пазарно атрактивен производ. Па ќе се отворат "супермаркети" со "сталажа" повеќе паркинг прстор, а "стажала" помалку деловен. Ќе продаваат слободно паркинг место. Е сега во нормално (по дефиниција и пракса утврдено социјал-капиталистичко) постои една финта и се вика субвенција. Тоа се користи во случаеви кога владата ќе утврди дека некој сектор е пазарно неатрактивен, а пожелно е да биде приватно-стопанисуван. Па тогаш се користи субвенција.

Сите правила и прописи донесени кои драстично се косат со природните текови, паѓаат во пракса. ДУП-овите се такви правилници од кои секој стопанственик ќе се обиде да отстапи од градење "супермаркет" во кои ќе продава ефтина стока. Ние можеме на глава да застанеме тука, ама тоа нема да се смени. Го кажав тоа вчера, еве сега пак. Во политика кога викаш во нервоза вака неможе, изброи до десет ќе видиш дека можело. Можеме ние на секое пренаменето паркинг место во деловен простор да кинеме живци, ама тоа нема да се смени. Секогаш корупцијата и природната нормална желба за конкуренција ќе го направат тоа некаде. Ако не центар на друго место. Ако не во Центар сега, покасно.

Плановите за центарот на Скопје се пример дека не се има направено никаква студија на пазар, дека не се испитани процентуални потреби за застапеност, соодноси деловен простор, комерцијален, стамбен, паркинг и секаков простор и дека се е тоа така одредено ѓутуре која зграда што ќе биде. Секој план од кој што произлегол барем еден пренаменет објект, сноси дел од "вината" и урбанистот, а не само властите. За жал во Македонија голем дел од урбанистите не разбраа дека работата им е да воведат ефикасност и прави градежни линии, а не да се обидуваат да внесат сопствени идеи во туѓите животни текови и покрај тоа што мислат дека дипломата од факултет треба тоа да им значи. Тоа е тоталитарно да се размислува во правец своите идеи да се наметнат на туѓите животни текови.

Еден пример-аналогија да биде појасно за што зборува. Да речеме се гради еден трговски центар и инвеститорот решил да ги распродаде дуќаните. Е сега за еден дуќан му паднало фикс идеја дека тоа мора да биде јајчара. Ама од јајчара не се живее ако покрај себе има атрактивни бутици на познати брендови. Секој што ќе го купи дуќанот ќе си бара начин да стане ист како и соседните. Е сега ако тој трговски нема паркинг место, целиот во комплет ќе му опадне популарноста до степен да кога некој од сопствениците ќе се реши подрумскиот дел што бил непрофитабилен супермаркет да го направи профитабилен паркинг.

Уште три поенти. Првата е дека можеме слободно да претпоставиме дека маркица за катна гаража е начин да се продаде атрактивно градежно земјиште за поефтина цена, затоа што градежно земјиште за катна гаража не достигнува многу високи цени, а потоа се пренаменува. Односно имаме класични случаеви на злоупотреба, што е и злоупотреба за службена позиција и ланец во кои влегол секој еден вработен од општините макар и со негово незнаење, врзан е во таква шема.

Втората е дека голем дел од населението, не по негова воља и вина, сеуште не ги разбира овие текови, сеуште не е доволно пазарно тренирано и размислува со една нога некаде пред дваесетина години, за што слободно можам да се посомневам дека намерно е неедуцирано од политичките кругови кои ловат маркици за "катна гаража" во матно време.

И третата поента со две подпоенти е дека владата со изградба на осум државни катни гаражи прави повеќе потег во социјална политика одколку во урбанизам што нас како граѓани ќе ни се одрази со поголема комоција во паркирање. Овој потег по својата природа е најискрени и најдобронамерен и одстапува за стоосумдесет степени од се што предходно сме знаеле за катни гаража во Македонија. А втората подпоента е дека за неколку години ќе го одложи доаѓањето на онаа пазарна граница кога паркинг просторот ќе стане атрактивна стока за продавање, што на некој начин објективно гледано не е здраво за капиталистичкиот живот чии што природни текови и придобивки упорно ги перцепираме како грешки и им влетуваме со клизачи. Од друга страна субјективно гледано како паркирач ќе ми биде супер со поголема комоција.


Edited by lslcrew - 03-Nov-2010 at 22:09
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 08-Nov-2010 at 13:11
НА ГРАДЕЖНАТА ПАРЦЕЛА ДО ПОРАНЕШНА НИП „НОВА МАКЕДОНИЈА“
Испланираната трикатна гаража стана деветкатна

Роза Петкова

Катната гаража, која со деталниот урбанистички план „Буњаковец 1“ е планирана да се гради до поранешната зграда на „Нова Македонија“,место да биде со три ката и висина до 12 метри, сега е планирано да има дури девет ката. Во програмите за развој на општина Центар за 2011 година, усвоени на последната седница на Советот, стои дека објектот ќе има две подземни нивоа, приземје и осум надземни нивоа, а деловниот простор што зафаќа 15 проценти од целата градба ќе биде сместен на осмиот и на деветтиот кат. Во ДУП, кој пред една година беше ставен на јавна анкета, првичната висина на гаражата беше три ката. Тогаш составувачите на планот објаснуваа дека гаражата што ќе се гради од страната на „ИК банка“, врз паркиралиштето што порано го користеше ОБСЕ, ќе има иста висина со банката. Се предвидуваше да зафаќа површина од 860 квадратни метри и да собира 140 возила. Со измените што ги направила општината, гаражата ќе има капацитет од 200 возила. Пристапот до неа е замислен преку продолжение на улицата Ленинова, со нов крак, кој ќе ги поврзува улиците Митрополит Теодосиј Гологанов и Мито Хаџивасилев - Јасмин. Од општината велат дека потребата на оваа локација да се направи гаража е близината на „ИК банка“, Министерството за образование и станбените објекти изградени пред повеќе години, кои немаат обезбедено доволен број паркинг-места за станарите. Вкупната цена за изградбата изнесува 3, 3 милиони евра, од кои два милиона ќе се обезбедат со кредит, а другиот дел од продажбата на деловниот простор, кога објектот ќе се изгради до фаза на карабина. Општината планира катната гаража да почне да ја гради в година, а потоа ќе ја даде на управување на своето јавно претпријатие „Паркинзи на општина Центар“. Во непосредна близина на новопланираната гаража се градат или се планираат да се изградат нови простори за паркирање. Преку улица, пред поликлиниката „Идадија“ во тек е изградба на катна гаража за повеќе паркинг-места за административците сместени во зградата на поранешна „Нова Македонија“, а по вторпат ќе се прошири и паркиралиштето на последната станица на автобусот со број 23, а на само неколку метри се наоѓа и деловно-комерцијалниот објект „Зебра“ на компанијата „Тинекс“, кој, исто така, има катна гаража. Освен тоа, по целата должина на улицата Народен фронт, на местото на сегашните паркинзи, ќе се поставува монтажен паркинг на катови, кој беше најавен како предизборно ветување на градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ.


Јакимовски ќе гради бесплатни катни гаражи


Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, најавува дека и во неговата општина планира да гради катни гаражи и тоа на три локации, кај Млечниот ресторан, Карпош 1 и Карпош 4.
- Особено сериозен проблем имаме во делот кај Млечниот ресторан, каде што, навистина, нема доволно простор. Ние како општина би ги граделе со парите од граѓаните и потоа инвестицијата ќе им ја вратиме на граѓаните со тоа што услугата во нив нема да се наплаќа – вели Јакимовски, кој не прецизира кога точно би почнала изградбата.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2165&ArticleID=151475


Незнам зашто во текстов преовладува некоја жичка на сомнеж и тенденција да се прикаже дека тоа е нешто лошо што се зголемила катноста на катната гаража, ако стварно веќе биде катна гаража. Текстов највеќе го пренесувам за веста за намерите на Карпош да гради катни гаражи, што мислам дека досега не сме имале информација.

Поздрав за намерите. Администрацијата и појавата на четврти или петти државен субјект што во скопје стопанисува државни паркинзи само говори за неорганизираноста на градот како целина и колку на Скопје му е итно потребна централна администрација и централен буџет.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4009
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 08-Nov-2010 at 13:20
Go pozdravuvam odlukata od 3 vo 9 kati!Zosto ne, mislam deka treba da ja nudime visocinata, pa i normalno deka kje ima povekje parking prostor!Sto e vazno, da ne bide grda, znaci da ima nekakov stil, mozebi da se vklopuva so nova makedonija ili ik banka, no togas bi izgledal kako tc zebra??!

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 08-Nov-2010 at 14:30
НА ГРАДЕЖНАТА ПАРЦЕЛА ДО ПОРАНЕШНА НИП „НОВА МАКЕДОНИЈА“
Испланираната трикатна гаража стана деветкатна

Роза Петкова

 објектот ќе има две подземни нивоа, приземје и осум надземни нивоа, а деловниот простор...ќе биде сместен на осмиот и на деветтиот кат. Се предвидуваше да зафаќа површина од 860 квадратни метри и да собира 140 возила. Со измените што ги направила општината, гаражата ќе има капацитет од 200 возила.

Ако добро разбрав:

8,9 кат - деловен простор
7,6,5,4,3,2,1,0,-1,-2 (10 нивоа за паркинг)

Од 10 нивоа за паркинг извлекоа само 200 паркинг места? Проста математика кажува дека требало да има барем 280...

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 08-Nov-2010 at 15:07
Минусирај столбови, пристапни рампи, коридори за движење на катовите и потоа подели со 5х3=15 метри квадратни. Минус влез/излез од гаражата, лифтови, технички простории. Нензма точно колку излага, само го пишав ова да не си испуштил нешто.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 08-Nov-2010 at 16:55
јас тргнав од тоа дека, ако првичниот план со трокатна гаража (претпоставка 2надземни+приземје+ 2 подземни) имала 140, тогаш на едно ниво доаѓаат по 28 коли. Бидејќи бројот на нивоата е зголемен за 5, додадов уште 5х28, онака ептен проста математика. Така пресметано се добиваат 280 места. Е сега, дека поради големината на зградата и машинските соби можат туку така да се изгубат 80 паркинг места (еквивалентно на 3 ката) ми е несфатливо.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 11-Nov-2010 at 15:13
Ќе заиграат лопатите за барокната катна гаража



Се бара фирма што ќе го изгради објектот, според првичните процени, вреден околу 7 милиони евра

Деспина Трајковска



Веќе нема дилеми. И деветкатната барокна катна гаража, еден од најоспоруваните објекти што треба да никнат во срцето на Скопје, ќе се гради. Ниту острите критики во јавноста ниту, пак, негативните коментари првенствено поради изгледот, но и локацијата за објектот, не беа пречка Јавното станбено претпријатие да бара фирма што ќе го изгради.

Надлежните очекуваат дека до Нова година ќе склучат договор со изведувачот, а најдоцна до февруари да бидат удрени и темелите на катната гаража. Во меѓувреме ќе бараат и фирма што ќе го реализира системот за автоматско паркирање, а ќе земат и кредит за проектот, кој, според првичните процени, ќе биде тежок до 7 милиони евра.

Предвидено е катната гаража, дефинитивно, уникатен објект за паркирање во регионов, пред се', поради фасадата, да се распостели на 10.000 квадрати на просторот на постојното зеленило меѓу МЕПСО и „Македонска пошта“. Ќе биде изградена од бетонски столбови и стакло, со капацитет за паркирање од најмалку 315 места. Во гаражата ќе има и деловен простор, односно, три бутици, интернет-кафе, кафе-бар, простор за други угостителски дејности... За комерцијалните содржини ќе бидат резервирани приземјето и првите два ката, додека за паркирање, вкупно десет, и тоа две подземни нивоа и останатите катови.

Владимир Бахчовановски, директор на ЈПССДП, смета дека објектот ќе се „оправда“ пред јавноста кога ќе биде изграден, како функционално, така и од естетски аспект.

„Сметам дека тој идеално ќе се вклопи во средината каде што, генерално, се градат објекти со стилски фасади, а функционалноста ќе ја докаже за кусо време, оти значително ќе го ублажи недостигот од паркинг-места во срцето на градот. Објектот, иако со ‘старински‘ изглед, сепак, ќе биде современ внатре, исто како и начинот на паркирање, кое ќе биде автоматско и прво од таков вид во градов“, вели Бахчовановски и потенцира дека изведувачот ќе има обврска да го изгради објектот во рок од 18 месеци од почетокот на градежните работи.

Оваа гаража е една од четирите што планира да ги гради ЈПССДП. До крајот на годинава се очекува да завршат постапките за изработка на проекти за останатите три објекти, кои ќе имаат модерни, стаклени фасади. И во нив ќе има најмалку по еден кат наменет за деловен простор. Едната катна гаража ќе се гради кај Работнички дом и во неа е планирано да се пресели ЈПССДП, друга ќе има кај „Телеком“ и една од левата страна на Вардар, до Музејот на холокаустот. Според процените на Јавното станбено претпријатие, изградбата на сите четири објекти нема да чини повеќе од 30 милиони евра.

Инаку, локациите на кои е предвидена изградбата, ЈПССДП ги доби бесплатно од државата. Тие беа дел од вкупно шесте наменски парцели, кои првично требаше да се продаваат, но Владата во меѓувреме се премисли. Четири гратис-парцели доби ЈПССДП, а Градот Скопје само две.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9B5CB31F2F73F947BD7597ABD0C99174
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 212
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 19-Nov-2010 at 22:50
Еве го теренот каде што ќе се гради новата катна гаража во Прилеп

01.

02.

03.

Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
Back to Top
goce2009 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 05-Jan-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote goce2009 Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 27-Nov-2010 at 19:11

Куманово ќе гради подземна гаража

КУМАНОВО - Подземна гаража вредна 30 милиони денари ќе се гради во Куманово, информираа од локалната самоуправа, презентирајќи ја програмата за уредување градежно земјиште која опфаќа реализација на повеќе проекти. За капитални инвестиции што ќе се реализираат во 2010 година, Општината ќе одвои околу 300 милиони денари.

„Меѓу најзначајните објекти е изградба на подземна катна гаража во централното градско подрачје за која се одвоени 30 милиони денари“, информира началникот на Секторот за урбанизам, Лидија Ланг Спасовска. За уредување на сообраќајниците во градот ќе се потрошат 25 милиони денари. (МИА)

Ima li nekoi renderi za ova ili barem nacrti?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 10-Dec-2010 at 16:09

Градот Скопје доби заем од НЛБ Тутунска за изградба на две катни гаражи

Градот Скопје ќе гради две катни гаражи во централното градско подрачје. Проектот е вреден 19 милиони евра.

Дел од средствата обезбедува Градот од својот буџет, дел од продажба на деловните простории што ќе бидат изградени во рамки на катните гаражи, а дел со кредит од НЛБ Тутунска банка за што денеска беше потпишан договор меѓу Градот Скопје и Банката. Одобрение за кредитот даде и Минситерството за финансии.

Кредитот е во износ од 8,5 милиони евра со рок на отплата од 10 години, грејс период од две години и каматна стапка од еуролибор плус 5,1 отсто. Ова е прв проект на локална самоуправа во кој учествува домашна банка.

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, тој ќе овозможи разавој на инфраструктурата и повеќе паркинг места во централното подрачје на Скопје, отворање нови работни места и се она што значи поквалитетен живот за граѓаните во главниот град.

- Проектот има значење и во контекст на напорите на Владата за поддршка на локалниот развој преку одобрување на вакви позајмици, при што само во текот на оваа година се одобрени 17 позјамици за општините. Дел преку финансирање од странски финансиски инститиуции, а дел од позајмици од буџетот, а еве сега почнуваме и со договори со домашните банки, рече Ставрески.

Истакнувајќи го заначењето на овој договор во контекст на поддршка на домашниот банкарски сектор за локалниот развој, тој оцени дека кредитот од НЛБ  Тутунска е доказ оти домашниот банкарски систем има и сила и разбирање за финансирање на проекти што се значајни за Република Македонија.

- Со ова се отвора врата на еден посилен инвестициски циклус во рамки на општините што ќе биде финансиран од домашните банки. Тоа докажува дека домашните банки поседуваат потенцијал финансиски да го поддржат локалниот економски развој и експертиза и знаење да можат да ги оценат добро проектите кои носат економски развој и кои се профитабилни и можат да бидат одобрени од страна на банката, изјави Ставрески и додаде дека ова ќе биде добар пример и за останатите банки во Македонија да дадат поддршка на локалниот економски развој, како и за покрупни проекти на Владата.

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски истакна дека Градот Скопје е една од инститиуциите во Македонија која има висок кредитен рејтинг и оти овој кредит ќе овозможи овој проект да биде навреме реализиран.

- Градот Скопје веќе се задолжува кај две странски банки. Меѓутоа оваа пракса и доверба сметам дека е важен чекор за почеток на инвестирање на домашните банки во локалната самоуправа, рече Трајановски и најави дека со општинските обврзници ќе почнат следната година за да финансираат некој од проектите на Град Скопје.

Директорот на НЛБ Тутунска банка Ѓорѓи Јанчевски истакна дека потпишувањето на денешниот договор е симболичен почеток на учество на банкарскиот сектор во финансирање на проекти од поширок општествен интрес или некој поголем почеток на работење на банкарски сектор со општините.

Се очекува изградбата на катната гража кај Цветен пазар да почне на крајот на јануари следната година, а на другата на „Даме Груев“ на крајот на март или почетокот на април. Предвидено е да бидат готови во 2012 година.


http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/gradot-skopje-dobi-zaem-od-nlb-tutunska-za-izgradba-na-dve-katni-garazi
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 10-Dec-2010 at 16:10
ранспорт продава парцела за катна гаража во Центар

Парцела од околу 800 метри квадратни во општина Центар ќе се продава на јавно наддавање организирано од министерството за транспорт и врски.

Според информациите од Транспорт на продажба е парцела во делот “Мал Ринг“ со намена “Е2 Инфрастрктура“ односно катна гаража и со алтернативна класа на намена согласно Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање.

“За предметната градежна парцела е изработен Идеен проект, потребен за добивање на Решение за локациски услови во надлежната општина, а врз основа на кој во понатамошна постапка ќе се изработи и Основен проект, а кој ќе го одобри Комисија формирана за таа потреба од страна на Министерот за транспорт и врски“, се вели во информацијата од Транспорт.

Секој учесник во наддавањето како обврски ќе треба да го откупи идејниот проект и изградбата на катната гаража да биде согласно овој проект.

Почетна цена на јавното наддавање изнесува 7.600 денари  од метар квадратен. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до петти  јануари.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=80118&kategorija=2

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 14-Dec-2010 at 12:26
Ќе се гради гаража под Езеро

Охрид ќе гради подземна гаража под нивото на Езерото. Гаражата е предвидена на само неколку метри од Езерото со Нацрт-деталниот урбанистички план за потегот Ривиера -Табана во строгиот центар на градот. Во оваа гаража планирано е да се паркираат околу 500 возила. Планерите не соопштуваат колку ќе чини еден ваков објект, но напоменуваат дека има бизнисмени кои се подготвени да го одврзат ќесето за финансирање на проектот.
Идејата за изградба на подземна гаража во близина на плоштадот и под кејот Маршал Тито пред десетина години ја даде познатиот охридски архитект Климент Заров, кој го изработи и решението за сегашниот градски плоштад.
"Точно е дека идејата е стара, но сега се создадоа услови таа да се реализира. Наша намера е да го растовариме видливиот дел од плоштадот од автомобили и нив да ги сместиме под земја. На тој начин ќе ги зачуваме и сегашните зелени површини. Над земја ништо нема да се промени", вели раководителот на секторот за урбанизам во локалната самоуправа архитект Бранко Арнаудов.
Некои охридски архитекти предупредуваат дека изградбата на гаража под нивото на Езерото ќе биде тешко изводлива, бидејќи градителите ќе се соочат со езерската вода.
"Има технички решенија кои можат да го решат и овој проблем. Во подрумските простории на хотелите што се градени последниве години во близина на Езерото нема капка вода. Применети се современи методи на градба и заштита, со што проблемот со водата е успешно решен. Затоа не стравуваме дека ќе има проблем при изградбата на подземната гаража", појаснува Арнаудов.
Охриѓани коментираат дека со овој план градоначалникот Александар Петрески се натпреварува со градоначалникот Зоран Заев кој неодамна ја пушти подземната улица и гаража под новиот плоштад во Струмица.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=542B3A49940E8E4891AD93A90ED175A9
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4009
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 16-Dec-2010 at 22:01

Planung%20einer%20Parkgarage%20in%20Skopie%20Mazedonien%20in%20Zusammenarbeit%20mit%20Goricanka%20architects/Skopje.%20%20Bauherr:%20City%20of%20Skopje 

Parkhaus Skopje, Mazedonien

Planung einer Parkgarage in Skopie Mazedonien in Zusammenarbeit mit Goricanka architects/Skopje.

Bauherr: City of Skopje

 

 

Nach einer Wettbewerbsprämierung für ein Parkhaus im Zentrum von Skopje planen PPAG in Kooperation mit Goricanka architects/Skopje das Parkhaus Ulica Mito Hagjivasilev Jasmin. PPAG interpretieren den Wusch der Stadt nach einer barocken Fassade. Das perspektivische Bild einer Straßenfassade, endlos addiert, wird in vier Layern zur modernen Metallfassade, die dem Auge jenen identitätsstiftenden Detailreichtum bietet, den Skopje (nach einem Erdbeben 1963 auf Initiative der UNO nach einem Masterplan von Kenzo Tange wiedererbaut) heute vermisst.

http://www.ppag.at/cms/index.php?idcatside=247&sid=5a59ebeb9741b536fad33197f1698b36


Edited by my Macedonia - 16-Dec-2010 at 22:02
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 16-Dec-2010 at 23:36
Која гаража на мито хаџивасилев јасмин освен онаа после новамакедонија и онаа кај цветен пазар што треба да биде. Ама ни кај двете немаше избрани решенија за барокни фасади. Кај треба да е ова?
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 17-Dec-2010 at 08:43
Оваа е кај цветен пазар и е свртана вертикално односно со краевите кон М.Х.Ј и Јужен Булевар. Се пруиметува по црвената кула во позадина.
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 17-Dec-2010 at 09:28
Има една локација позади Цветен Пазар, што е веќе оградена.

Дали некој знае нешто повеќе ?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 17-Dec-2010 at 21:06


Каде точно е оградено? Ако почнале да оградуваат баш кај цветен параз, тогаш мора да е за овој проект:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1095

А ако е помеѓу цветен пазар и подвозникот, тогаш е за катнава гаража.

Патем, немам ништо против онаков „барок“. Мислам дека е малку екцесивно ваква фасада за катна гаража, но тоа на страна, впечатокот ми е позитивен.

Туку приметувате ли на најгорниот кат има некаква силуета на човек обликувана во фасадата. Што е па сега тоа?



-----------------------------------------------


Еве и една денешна вест од општина Аеродром

Локацијата е оваа:
41°59'3.26"N  21°28'22.21"E

Општина Аеродром денеска, 17.12.2010 година, почна со изградба на монтажнo паркиралиштe во Ново Лисиче покрај булеварот „Србија", поточно меѓу полициската станица и Прокредит банка.

Станува збор за монтажно паркиралиште од челична конструкција со надземна платформа со капацитет од речиси 100 нови паркинг места. На конструкцијата ќе бидат изградени и пристапни рампи за влез и излез, скали за пешаците, како и сливници за вода, а пред пуштањето во употреба паркиралиштето ќе биде обележана хоризонталната и вертикалната сообраќајна сигнализација.

„Целта на проектот за изградба на современо монтажно паркиралиште е да се одговори на еден од поголемите предизвици со кои се соочува Општина Аеродром - недостигот од паркинг простор", изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски.

Тој додаде дека изградбата на монтажните паркиралишта е најсоодветно решение за решавање на недостигот од паркинг места, бидејќи на тој начин, од една страна со малку средства се добиваат дополнителни паркинг-места, а од друга ќе се зачува зеленилото.

Директорот на ЈП „Градски паркинг", Борче Јакимовски, кој присуствуваше на денешното поставување камен-темелник на првото монтажно паркиралиште во Република Македонија, изрази надеж дека со добрата соработка ќе се реши целосно проблемот со паркирање во општината, не само на овој начин туку и преку други облици, како што е воведувањето зонско паркирање.

Во зависност од желбата и одлуката на граѓаните, Општина Аеродром планира ваков тип паркиралишта да гради уште на неколку други локации.

http://aerodrom.gov.mk/novosti-zhivot.213/items/pochna-izgradba-na-prvoto-motazhno-parkiralishte.html


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 37>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.438 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.