build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гаражни објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 36>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 18-Dec-2010 at 01:44
Мене овој монтажен паркинг ми изгледа дека е монтажен само колку да биде монтажен, а не дека стварно има потреба од тоа. Па зашто е таа трева тамо, за кога ќе има потреба да се пренамени во што треба. Чисто е некоја мамка колку ете дека нешто ново се носи а не дек стварно имало до толку теснец со простор и сега мора да идеме во висина. Во Капиштец оној е сосема оправдан, овој тука не.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2114
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 22-Dec-2010 at 15:21
Подземната гаража- стихијно решение без соодветни студии

Со нацрт планот со кој се опфаќа дел од централното градско подрачје, поточно опфатот Табана се предвидува изградба на подземна гаража, која според локалната самоуправа, во голема мера ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж.

Во подземната гаража би можеле да се паркираат минимум 400 возила. Со ова решение ќе се избегне хаосот кој се случува особено во летниот период, беше истакнато од страна на Зоран Шикалески, раководителот на Одделението за комунален развој и патишта, при презентацијата на оваа идеја.


Изградбата на подземната гаража е капитална инвестиција на која и недостасуваат поопширни студии во однос на противпожарната заштита, асеизмиката, социо- економски и демографски студии без кои не може да стане збор за еден ваков проект, вели архитектот Горан Патчев, од охридскиот Завод и музеј.

Ваквиот став го дели и дипломираниот архитект Маридеја Петрова која смета дека подземната гаража е утопистичка визија која не се базира врз соодветни изготвени студии, како што се гео- морфолошките.


Знаеме дека теренот каде се планира изградбата на гаражата има многу слаба носивост и подземни води кои не би дозволиле таков притисок. Ако се пристапи кон градењето, центарот на градот најмалку десет години ќе биде едно големо градилиште со раскопани тунели и за тоа време ќе стагнира развојот на градот, што би претставувало деградација кон сопствените граѓани. Такви стихијни решенија, поради краткорочни интереси, треба да се избегнуваат. Тие треба да се засновани врз претходни научни студии и анализи кои ќе донесат исправни решенија и бенефит за новите генерации, вели Петрова.

Подземната гаража е само една од визиите на локалната власт за решавање на сообраќајниот хаос. Во текот на изминатите неколку години веќе имавме можност да слушаме најави за изградба на неколку катни гаражи низ градот, чија реализација секако би била многу поедноставна и пореална, споредено со изградба на подземна гаража до самото езеро.

http://ohridnews.com/sliki/vesti1/2010/12/22/09-00-03_9857/sl%202_1.jpghttp://ohridnews.com/sliki/vesti1/2010/12/22/09-00-03_9857/sl%201.jpg
http://ohridnews.com

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 23-Dec-2010 at 16:21
Нова катна гаража кај Судска палата



За објектот вреден 5 милиони евра, Општина Центар ќе земе кредит од 2,5 милиони евра

Општина Центар не се откажува од идејата за изградба на катна гаража кај Судска палата, иако дел од општинскиот Совет е против овој капитален проект. Градоначалникот Владимир Тодоровиќ наскоро ќе одлучи од која банка ќе земе заем за да го гради објектот, а деновиве ќе биде познато и која фирма ќе ги изведува градежните работи. Според најавите на Тодоровиќ, катната гаража ќе почне да се гради наскоро.

„Градежните работи планираме да ги почнеме по Нова година. Рокот за изградба е до крајот на 2012 година. Според направените процени, објектот максимално ќе биде оправдан, со оглед на тоа дека во тој реон гравитираат неколку административни објекти“, смета Тодоровиќ.

За објектот вреден околу 5 милиони евра, општината планира преку кредит да обезбеди 2,5 милиони, а остатокот ќе ги „извадела“ со продажба на деловниот простор уште во фаза на изградба. Според објаснувањето на градоначалникот, фасадата ќе биде модернистичка со стилски елементи, со цел да се вклопи во околината, имајќи во предвид дека во непосредна близина се гради новиот Кривичен суд, кој ќе има стилски изглед.

Катната гаража ќе биде со капацитет од околу 500 паркинг-места, со бруто развиена површина од речиси 19.000 квадратни метри од кои 1.537 квадрати ќе бидат наменети за деловен простор.

Објектот ќе има пет нивоа над земја, приземје и едно подземно ниво. Деловниот простор ќе се наоѓа на првите три ката, а останатите ќе служат само за паркинг.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=09A34442BC250A4D8C6DACAA9671BEB0
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 24-Dec-2010 at 00:47
Според објаснувањето на градоначалникот, фасадата ќе биде модернистичка со стилски елементи, со цел да се вклопи во околината, имајќи во предвид дека во непосредна близина се гради новиот Кривичен суд, кој ќе има стилски изглед.

 

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 29-Dec-2010 at 20:14

Скопје ќе добие две нови катни гаражи

Две нови катни гаражи ќе се градат во Скопје. Едната кај Судската палата, другата на Кејот на вардар кај Поштата во кругот на Малиот Ринг.

Првата кај Судска палата вредна 5 милиони ќе ја гради општина Центар. Половина од парите се обезбедени со кредит од НЛБ тутунска банка . Ќе има 500-тини паркинг места и деловен простор со чија продажба ќе се обезбеди останатиот дел од потребите средства за изградба.

Другата со фасада во барок стил ќе ја гради Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Вредна е 6 милиони евра. Две третини од парите се кредит од Стопанска и Комерцијална банка.

29.12.2010, 16:57
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=69242
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 30-Dec-2010 at 19:04
Во Центар ќе се градат катни гаражи на кредит

Градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ и Владимир Бахчовановски, директор на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор ЈПССДП, на вчерашната конференција за печатот изјавија дека зеле кредити во висина од околу 8 милиони евра од домашни банки за изградба на две катни гаражи.

Градоначалникот Тодоровиќ најави дека зел кредит од Тутунска банка од 2,5 милиона евра или половина од вредноста на катната гаража што ќе се гради кај Судска палата. Вредноста на гаражата е 5 милиони. а 2,5 милиона евра ќе обезбеди од продажба на деловниот простор во катната гаража.

Гаражата ќе има капацитет од 500 паркинг-места, а изведувачот на градежните работи ќе почне за една недела. Според планот на Општината, гаражата ќе биде готова за две години.

Ова е втор кредит на Тутунска банка што го дава за катна гаража, претходно градоначалникот Коце Трајановски зеде кредит за истата намена.

Втората катна гаража, која ќе има фасада во барок, ќе ја гради ЈПССДП меѓу „Македонска пошта“ и МЕПСО. Таа ќе биде висока 29 метри со капацитет од 350 возила и 1.500 квадратни метри деловен простор. Според најавите на Бахчовановски, барокната гаража ќе биде првата катна гаража во градот што ќе биде комплетно автоматизирана. Возилата ќе ги паркираат машини, а возачите ќе имаат задача само да го донесат возилото до влезот на гаражата. Оваа катна гаража, според најавите на Бахчовановски, ќе почне да се гради во март. Дел од парите за изградба или 30 отсто ќе финансира претпријатието, дел ќе биде финансиран со заедничко кредитирање на Комерцијална и на Стопанска банка. Изградбата на гаражата вкупно чини 8 милиони евра. И Општина Центар и претпријатието ќе треба да ги отплатат кредитите за 10 години.

Вицепремиерот Зоран Ставревски на прес-конференцијата изјави дека ова е уште еден доказ дека нашите банки покажуваат интерес за кредитирање, а тоа било и во интерес на граѓаните за локалниот економски развој. (М.Д.Т)
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=BD6D757CC497364486373F10BCA18720
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 04-Jan-2011 at 13:56

ИЗМЕНИ ВО ПРОЕКТОТ ЗА ПЛОШТАДОТ ВО АВТОКОМАНДА

Гаража под споменикот на Филип Втори

Поради новата содржина, до плоштадот ќе се прави измена на архитектонскиот проект што, практично, значи и адаптација и подготовка на фонтаната и постаментот за поставување на коњаникот и фигурите

Под споменикот на Филип Втори во Автокоманда ќе се гради гаража. За оваа цел веќе се направени измени во проектот за Плоштадот на кој, покрај коњаникот, ќе има и фонтана околу која ќе стојат човечки фигури. Колку паркинг-места ќе има и кога е крајниот рок за изградба на гаражата, во Општина Гази Баба сè уште не кажуваат.
"Ќе се прави измена на архитектонскиот проект поради новата содржина до плоштадот, што подразбира адаптација и подготовка на фонтаната и постаментот за поставување на коњаникот и фигурите. Веќе е распишан и тендер за изведување на градежните работи и инсталацијата, а понудите ќе бидат отворени на 26. овој месец", потврдуваат од Општина Гази Баба.
Споменикот на Филип Втори во Автокоманда веќе се лее во српската леарница "Јеремиќ", позната по леењето во бронза на три дела на македонскиот скулптор Томе Серафимовски, и тоа скулптурите на Мајка Тереза во Скопје, на Милтон Манаки во Битола и на свети Климент Охридски на пристаништето во Охрид.
Иако од Гази Баба тврдат дека на плоштадот ќе стои само коњаник, неофицијално се зборува дека се работи за Филип Втори.
Споменикот ќе биде висок пет метри и ќе биде качен на постамент ишаран со релјефи.

http://vest.com.mk/?ItemID=C57DD171D0C7B74F8531E745F75DC00E
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 12-Jan-2011 at 22:24

Станбеното се пишмани за катната гаража на плоштад

Јавното претпријатие и' ја вратило парцелата на државата што ја продава на лицитација. Почетната цена за квадрат изнесува 7.600 денари

Деспина Трајковска

Од финансиски причини, Јавното станбено претпријатие се откажа од изградба на една од планираните четири катни гаражи и одлучи да и' го врати земјиштето на државата што му ги имаше подарено локациите без надомест. Сега, наместо претпријатието, објектот на постојниот мал паркинг на „Телеком“ во близина на плоштадот „Македонија“ ќе го гради приватно лице.

Веќе задутре би требало да се знае кој ќе стане сопственик на парцелата од 801 квадратен метар. Министерството за транспорт и врски ќе го продава земјиштето на јавна лицитација со почетна цена од 7.600 денари за квадрат. Купувачот ќе има обврска да го прифати избраниот изглед на катната гаража и да гради според идејното решение што пред неколку месеци го избраа во ЈПССДП.

Од Министерството за транспорт и врски потврдуваат дека претпријатието ја вратило парцелата, односно дека е донесена нова одлука со која се поништува претходната за доделување на парцелата.

„Владата одлучи да ја поништи одлуката со која оваа локација и' се дава на ЈПССДП за да инвестира во изградба на предвидениот објект. Оттука, Министерството распиша јавна објава за отуѓување на градежното земјиште по пат на јавно наддавање, со цел на оваа локација да биде изградена катната гаража“, велат од ресорното Министерство.

Неочекуваната промена на визиите за изградба на четири катни гаражи, од претпријатието ја објаснуваат со неодамна направените процени за финансиската конструкција за сите четири проекти. Оттаму утврдиле дека изградбата на оваа катна гаража би им го оптоварила буџетот за годинава.

„Дефинитивно, констатиравме дека за таа катна гаража нема да имаме доволно средства ниту, пак, можности за кредитно задолжување. Од тие причини одлучивме парцелата да и' ја вратиме на државата“, вели директорот Владимир Бахчовановски, објаснувајќи дека досега потрошените средства за избор на идејно решение за објектот, практично, ќе ги повратат од идниот закупец на локацијата. Имено, тој не само што ќе има обврска да гради по веќе избраното идејно решение, туку ќе треба и да го откупи.

Објектот, како што вели Бахчовановски, ќе биде со модерна фасада, иако во непосредна близина ЈПССДП ќе ја гради барокната катна гаража. „За таа парцела не важат насоките од ДУП-от објектот да има стилска фасада“, додава Бахчовановски, кој во меѓувреме ги спроведува постапките за останатите три катни гаражи. За барокната, претпријатието веќе зема кредит, а привршува и изборот за изведувач за да може до пролет да почне нејзината изградба. За катната гаража кај Синдикат ќе биде обезбеден друг кредит и наскоро ќе се избере изведувач, додека за објектот кај Музејот на холокаустот привршува расчистувањето на имотноправните односи.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=65A14DFDFE175A40B26BEB8BA279CAE9
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 14-Jan-2011 at 17:16

Во центар ќе се гради катна гаража

Се продаде државно земјиште во општина Центар за изградба на катна гаража. На јавно наддавање го купи компанијата Макоил од Скопје. Градежната парцела е 801 метар квадратен,а компанијата понуди 30 500 денари за метар квадратен. Почетната цена изнесуваше 7 600 денари за метар квадратен.

Земјиштето е предвидено со деталниот урбанистички план во централното градско подрачје “Мал Ринг“. Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од приемот на писменото известување и на записникот да ги уплати средствата и да достави банкарска гаранција во висина од 100 000 евра со која ќе гарантира дека предвидениот објект ќе биде изграден во законски рок.

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=69907
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 28-Feb-2011 at 16:41
Поставен камен темелник на новата катна гаража “ Судска палата“
Премиерот Никола Груевски и градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ денеска присуствуваа на поставувањето на камен-темелникот за изградба на новата катна гаража “Судска палата“, која ќе се наоѓа спроти новиот Кривичен суд кој е во изградба.

“Сметаме дека со изградбата на катната гаража, конечно општина Центар влегува во разрешувањето на проблемот со паркирање. За општината, покрај мостот “Око“ ова е втора капитална инвестиција во мојот мандат, а следната ќе биде уште една катна гаража која ќе биде изградена до некогашната зграда на Нова Македонија и која се надеваме дека ќе ја почнеме на пролет“, изјави градоначалникот Тодоровиќ.



Овој проект ќе ја чини општината околу пет милиони евра и тоа 2,5 милиони евра се обезбедени како кредит од НЛБ Тутунска банка, а останатите 2,5 милиони евра ќе се обезбедат од продажбата на деловните простории кои ќе бидат дел од катната гаража. Изградбата на катната гаража ќе трае 16 месеци. Проектот кој го изработи проектантската куќа “МЕГАРОН“, предвидува простор за паркирање на 500 возила и деловни простории. Изведувач на катната гаража е градежното претпријатие “Бетон“ кое е избрано по пат на јавно наддавање и електронска аукција.http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=83337&kategorija=2
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1912
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 01-Mar-2011 at 10:47
se nadevam deka garaznive objekti ke go sredat haosot so parkiranjeto, odnosno deka se uspeat da gi iscistat site vozila sto ke se parkiraat po trotoarite i ulicite okolu garazata, kako sto e slucaj so zebra. vnatre prazno naokolu prepolno so vozila
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 01-Mar-2011 at 11:12


Зебра полека си го наоѓа местото.

Паркингот пред маркетот е претежно 60% исполне, најчесто со посетители на рестораните и маркетот.

Кај катната гаража приметувам поголема искористеност. Ако на почетокот секогаш имаше место уште на првото ниво, последните 2-3 пати морам да барам место на 2-3 ниво.

На горните нивоа пак знам дека имаат закупено доста места од околните згради.

Далеку од тоа дека Зебра го решава проблемот на паркирањето во тој предел, но мислам дека врша каква таква работа.

За катнава гаража кај МТВ и судот, мислам дека може да биде полн погодок...
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1912
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 01-Mar-2011 at 11:29
bas me raduva ako e taka. jas dobivam vpecatok deka okolu ima tolku mnogu parkirani vozila, nepropisno i nikoj ne gi otstranuva... 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 01-Mar-2011 at 11:35
Originally posted by xnx

bas me raduva ako e taka. jas dobivam vpecatok deka okolu ima tolku mnogu parkirani vozila, nepropisno i nikoj ne gi otstranuva... 


тоа е друг муабет... Зебра со овој капацитет неможе ни од блиску да ги реши проблемите со паркирање ниту во тој мал дел од капиштец.

Од оваа гледна точка, оптимална комбинација за Зебра ќе беше сами приземјето да биде за услужни дејности а остатокот да биде целосно гаража.

Сметам дека доколку објектот беше исклучиво катна гаража, немаше да се користи од луѓето и ќе беше утка, но исто така е голема грешка (намерна „грешка“ секако) што толку голем дел од објектот се намени за хотел и канцеларии на горните нивоа.


Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 823
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 01-Mar-2011 at 16:21
Originally posted by pbanks



За катнава гаража кај МТВ и судот, мислам дека може да биде полн погодок...


Pa vo osnova na toj parking treba da gi pokrie dvata postoechki i noviot vo izgradba sud, cela administracija vo MTV so vraboteni kako i site studenti koi nema da najdat mesto na parkingot na fakultetot.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1912
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 01-Mar-2011 at 16:23
edinstveno seuste me faka panika dali tie katnite kaj postata, koi ke bidat avtomatski ke funkcioniraat pravilno. sistemite se skapi i baraat odrzuvanje, a veke se odi na toj proekt... dokolku ne funkcioniraat pravilno nema da moze da se smenat... se nadevam gi zele site presmetki vo obzir
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 09-Mar-2011 at 19:04

Одложена изградбата на катната гаража кај „Нова Македонија“

Членовите на Советот на Општина Центар на последната седница не дадоа зелено светло за предлогот на градоначалникот Владимир Тодоровиќ за изградба на најавената катна гаража зад зградата на старата НИП „Нова Македонија“. Мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ реагира за материјалите, бидејќи не беше посочен износот целокупната изградба.

Освен советниците од владејачкото мнозинство, на таквиот пропуст реагира и опозицијата. Членот на Советот, Благородна Мојсовска од СДСМ, потенцира дека е недопустливо да не се посочи колку пари ќе бидат потрошени и општинскиот буџет, како и со колку средства ќе биде задолжена општината, имајќи предвид дека катната гаража е предвидено да се гради со кредит.

Градоначалникот на Општина Центар, Тодоровиќ, се правдаше дека финансиската конструкција за објектот с` уште не е прецизирана. Но, кажа дека приближно таа би можела да чини 3,3 милиони евра.

Се очекува точката за гаражата, набрзо повторно да се најде на дневен ред, но дополнета со бараните информации.

Изградбата на катната гаража кај „Нова Македонија“, Тодоровиќ ја најави уште при поставување на камен-темелникот на катната гаража кај Судската палата. Тој дури рече дека градежните работи на гаражата кај НИП, би почнале напролет. Според објаснувањата на општинарите, предвидено е да биде со помал капацитет - пет ката, со 150 паркинг-места, од кои 15 проценти ќе бидат деловен простор. (А.П.) #

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=7557827DD97E52408D2C09BA40B852AA
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 10-Mar-2011 at 12:45
Добро луѓе што се случи со катните гаражи кај Млин Балкан и кај Беверли од страната на Васил Ѓоргов?
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3873
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 13-Mar-2011 at 18:36
Originally posted by lslcrew

Нова катна гаража кај Судска палата



За објектот вреден 5 милиони евра, Општина Центар ќе земе кредит од 2,5 милиони евра

Општина Центар не се откажува од идејата за изградба на катна гаража кај Судска палата, иако дел од општинскиот Совет е против овој капитален проект. Градоначалникот Владимир Тодоровиќ наскоро ќе одлучи од која банка ќе земе заем за да го гради објектот, а деновиве ќе биде познато и која фирма ќе ги изведува градежните работи. Според најавите на Тодоровиќ, катната гаража ќе почне да се гради наскоро.

„Градежните работи планираме да ги почнеме по Нова година. Рокот за изградба е до крајот на 2012 година. Според направените процени, објектот максимално ќе биде оправдан, со оглед на тоа дека во тој реон гравитираат неколку административни објекти“, смета Тодоровиќ.

За објектот вреден околу 5 милиони евра, општината планира преку кредит да обезбеди 2,5 милиони, а остатокот ќе ги „извадела“ со продажба на деловниот простор уште во фаза на изградба. Според објаснувањето на градоначалникот, фасадата ќе биде модернистичка со стилски елементи, со цел да се вклопи во околината, имајќи во предвид дека во непосредна близина се гради новиот Кривичен суд, кој ќе има стилски изглед.

Катната гаража ќе биде со капацитет од околу 500 паркинг-места, со бруто развиена површина од речиси 19.000 квадратни метри од кои 1.537 квадрати ќе бидат наменети за деловен простор.

Објектот ќе има пет нивоа над земја, приземје и едно подземно ниво. Деловниот простор ќе се наоѓа на првите три ката, а останатите ќе служат само за паркинг.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=09A34442BC250A4D8C6DACAA9671BEB0


ne e nitu pocnato



Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 13-Mar-2011 at 21:55
Originally posted by Djole88

Добро луѓе што се случи со катните гаражи кај Млин Балкан и кај Беверли од страната на Васил Ѓоргов?

Таа кај Млин Балкан е само започната, се копаше нешто ситно пред месец дена, но во петокот поминав, има два багери у дупките и не се работи ништо, така да таа којзнае кога ќе биде завршена, односно кога ќе почне да се гради.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 36>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.184 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.