build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Деловни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Осигурителна полиса

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Осигурителна полиса
    Posted: 12-Jan-2010 at 16:12
Соопшение до јавноста - 12.1.2010

 

                     Почитувани,

 

    Ве информираме дека на ден 29.12.2009 година во Министерството за транспорт и врски се одржа јавно наддавање, чиј предмет беше градежна парцела, со вкупна површина од 124 м², предвидена со Детален Урбанистички план „Дебар Маало 2 - општина Центар“, за изградба на Деловен објект. За најповолен понудувач беше избрана Националната групација за осигурување „А.Д ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА“ Скопје, која ја даде највисоката понуда на јавното наддавање од 185.000,00 денари по метар квадратен или вкупно 22.940.000,00. Почетната цена на јавното наддавање изнесуваше 6.600,00 денари по метар квадратен.

   Министерството за транспорт и врски Ве известува дека најповолниот понудувач ги уплати средствата согласно постигната крајна цена од наддавањето во предвидениот рок од 15 дена од приемот на писменото известување кое Комисијата го издава по завршувањето на Јавното наддавање.

   По склучувањето на договор за отуѓување на градежното земјиште, најповолниот понудувач се обврзува дека во рок од 6 месеци од склучување на договорот ќе обезбеди одобрение за градба на предвидениот објект со урбанистичкиот план, од надлежната општина, а истиот ќе го изгради во рок од 2 години од прибавеното одобрение. Доколку објектот не се изгради во определниот рок, договорот ќе се раскине.                                                                                                                                                                                               http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2262
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9040
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 12-Jan-2010 at 16:18
Одлична вест axel Cheers. Штета што не знаеме каде е точно локацијата. 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9040
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 13-Jan-2010 at 00:32


Еве ја и локацијата

Плац во Дебар Маало продаден за 3.000 евра квадрат

Државата продаде плац во Дебар Маало по цена од 3.000 евра за квадрат. Националната групација за осигурување АД „Осигурителна полиса“ ја доби градежната парцела со површина од 124 квадратни метри, спроти црквата „Св. Климент Охридски“, предвидена со Деталниот план „Дебар Маало 2 - Општина Центар“ за изградба на деловен објект. Групацијата е избрана за најдобар понудувач на јавното наддавање спроведено на 29 декември минатата година во Министерството за транспорт и врски, откако ја даде највисока понуда од 185.000 денари по квадрат. „Осигурителна полиса“ плати вкупно 23 милиони денари за парцелата во Дебар Маало, а по склучувањето на договорот, ќе има обврска во рок од шест месеци да обезбеди одобрение за градба на деловниот објект и да го изгради во рок од две години.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BD29E1F2DBCBCB4B8A38621E950E6D5F


Edited by pbanks - 13-Jan-2010 at 00:32
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1309
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 13-Jan-2010 at 00:38
Не е ли многу мал плацов за ваква застапеност по веснициве?
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9040
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 13-Jan-2010 at 00:46


Можеби е грешка, можеби се работи за некоја од помаливе маркици... И мене ми личи малку, но изворот кој го наведе axel е Министерство за транспорт и врски. Не дека тие до сега не згрешиле 100 пати информација на сајтот.

Originally posted by pbanks

И за крај... веројатно најреалниот проект. Деловен објект карши соборна црква помеѓу Гринго и Граве


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12035
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 13-Jan-2010 at 04:31
Originally posted by ovaj_stariov

Не е ли многу мал плацов за ваква застапеност по веснициве?


3000 евра за квадрат (а не е строг центар) вреди да се спомнат Big%20smile




Edited by Cloverstack - 13-Jan-2010 at 04:32
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 13-Jan-2010 at 04:49
Ова е некој стар план. Во најновата верзија што ја имаме од лани (благодарение на Цифра) сосема се различно распоредени маркиците.

Ова е новиот план од лани. http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=79&PID=32389#32389. А еве направив скица како се направени промените од овој стариот што го пуштил пбанкс и овој новиот од лани.



Гринго се гради според новиот и е онаа маркица што е на стариот 14.10 само скратена е од напред. Во новиот Гринго е 14.13. Старите маркици 14.90 и 14.8 се преточени во една нова 14.12. А старата 14.7 е новата 14.11. За оваа нова 14.11 (стара 14.7 на ќошот) веќе имаме најавено оддамна нешто од Баухаус се сеќавам беше проектот. Така да претпоставувам дека таа маркица не е, а и не ми изгледа толку мала. Оваа новата со старите две споени исто така ми изгледа голема. Граве веќе се гради на 14.10 (стара 14.6). Така да највероватно се работи за маркица или онаа од лево до Граве, или онаа од лево до Гринго, однонсо или за 14.9 или 14.14 од новиот план ознаки.


Edited by lslcrew - 13-Jan-2010 at 04:51
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12035
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 13-Jan-2010 at 04:58
Преголеми се за 124 квадратни метри... Мислам дека или е грешка со кваратурата, или локацијата што ја пренесе Утрински Весник е прилично релативна Dunno


Edited by Cloverstack - 13-Jan-2010 at 04:59
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 13-Jan-2010 at 05:05
Да да, само што ги премерив маркиците. Се работи за маркици со ~200 и нешто квадрати.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 13-Jan-2010 at 05:15
Еве све што е со ~140 квадратни метри површина...


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12035
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 13-Jan-2010 at 05:31

На 15.12 има објект
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 348
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 13-Jan-2010 at 12:54
Originally posted by lslcrew



Ова е некој стар план.

Гринго се гради според новиот и е онаа маркица што е на стариот 14.10 само скратена е од напред. Во новиот Гринго е 14.13. Старите маркици 14.90 и 14.8 се преточени во една нова 14.12. А старата 14.7 е новата 14.11. За оваа нова 14.11 (стара 14.7 на ќошот) веќе имаме најавено оддамна нешто од Баухаус се сеќавам беше проектот. Така да претпоставувам дека таа маркица не е, а и не ми изгледа толку мала. Оваа новата со старите две споени исто така ми изгледа голема. Граве веќе се гради на 14.10 (стара 14.6). Така да највероватно се работи за маркица или онаа од лево до Граве, или онаа од лево до Гринго, однонсо или за 14.9 или 14.14 од новиот план ознаки.

Мислам и дека наместо висина од 19 метри се предвидуваше висина од 26 метри ама нели и имаше вест дека тој план не е уште прифатен од жителите. Последна информација што проструи е дека објектите треба да се со висина од 27 метри. Барем ја колку знам.

Друго нешто што сакав да прашам е фирмата што носи име Осигурителна Полиса колку има шанси да станува збор за Граве затоа што Пбанкс има наведено дека се првенствено осигурителна компанија. И најверојатно планираат да се шират на околните локации према булеварот, што мене ми е најлогично. Дај боже да е така.

А за ова 120 квадрата може го купиле делот што е во државна сопственост од парцелата, а другиот дел е приватна сопственост. Не мора да значи дека маркицата е направена од една парцела само.   

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 13-Jan-2010 at 13:09
Ова се маркици каде што регулационата линија се поклапа со градежната. И не верувам дека си играле да цртаат вакви криви маркици ако немаше проблем да се вцрта маркица врз неколку имоти. Намерно се такви макриците да се на посебни имоти. Така да се работи за компактна целина од 140 квадрати државно земјиште на кое треба да има објект со основа 140 квадрати.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9040
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 13-Jan-2010 at 13:12
Еве една помала потенцијална парцела од тој дел

Originally posted by pbanks

Сликата е превземена од Порта 3. Проектот е на Радо дизајн, нема никакви детали околу тоа дали би се реализирал. Локацијата е очигледна, бул. Климент Охридски веднаш до раскрсницата со Орце Николов



Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 04-May-2011 at 20:22

АД Осигурителна полиса ќе добие сопствена административна зграда

АД Осигурителна полиса започна со изградба на деловен објект во центарот на Скопје.

Националната групација за осигурување по само шест години работа на пазарот успева да гради сопствена административна зграда што е вистинска реткост во земјава.

- По Кујби, АД Осигурителна полиса е првата која ќе гради сопствен објект. Инаку, нашата групација е единствната чии основачи се граѓани на Република Македонија, таа е единствена национала осигурителна компанија - вели Васил Влашки претседател на Одбор на директори на АД Осигурителна полиса.

Компанијата ги покрива сите региони во земјава. Вработува 120 лица, а за нив работат уште 700 агенти. Минатата 2010 година, покажале најдобри финансиски резултати во овој бизнис.

- Имаме одлична покриеност на земјата, висока исплата на штети, а минатата година забележавме и највисока профитабилност меѓу сите осигурителни компании во земјава“, вели Влашки.

Менаџментот очекува уште подобри резултати во иднина затоа што македонскиот пазар на осигурување допрва ќе се развива.

- Македонија има ниски резултату за осигурување на имот. Само 2% од граѓаните си го осигуруваат имотот. Во Европа тој процент е многу поголем. Македонците градат големи објекти и треба да се осигуруваат, очекувам дека на овој план состојбите допрва ќе се подобруваат - вели Влашки.

Новиот деловен објект на АД Осигурителна полиса ќе има 960 метри квадратни. Инвестицијата е тешка милион и пол евра.

http://daily.mk/cluster3/855e3ee7eac56ee872d2f41d4ebfd8c2/713581
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 05-May-2011 at 09:23
Еве слики од вчера:




The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9040
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 05-May-2011 at 09:23
Го гледам Тетрис позади. Каде е уствари точно локацијава?
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 05-May-2011 at 09:33
Веќе има ваква тема - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1099

Edited by Dave Gahan - 05-May-2011 at 09:33
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 05-May-2011 at 09:38
Фала за Dave Gahan кој примети дека веќе сме имале ваква тема Сите постови од дупликат темата се префрлени овде.

Originally posted by pbanks

Еве една помала потенцијална парцела од тој дел

Originally posted by pbanks

Сликата е превземена од Порта 3. Проектот е на Радо дизајн, нема никакви детали околу тоа дали би се реализирал. Локацијата е очигледна, бул. Климент Охридски веднаш до раскрсницата со Орце Николов





Токму за оваа локација се работи.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9040
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 05-May-2011 at 09:40
Nuts се губиме полека на форумов.

Како само се пополни овој ред згради во последниве години.

Останува да видиме уште дали е ова проектот кој ќе се реализира.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.189 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.