build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Агрокор (Агрофруктус) - Струмица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 03-Oct-2011 at 21:32

“Агрокор“ ја претстави највредната гринфилд инвестиција во Македонија

 02 Октомври 2011

Денеска во Струмица “Агрокор“ го отвори откупно-дистрибутивниот центар кој годишно ќе може да откупува и дистрибуира повеќе од 60 илјади тони овошје и зеленчук. Центарот е опремен со најсовремени мерни апарати, ладилници, калибратори, сали за пакување и транспорт. Оваа најнова инвестиција на “Агрокор“ има површина од 13.000 м² и моментално има 250 вработени, а производите ќе ги пласира воглавно во земјите членки на Европската Унија и на подрачјето на бившата Руска Федерација. Се очекува првите производи од откупно-дистрибутивниот центар до своите потрошувачи да пристигнат до првата половина на овој месец, со што и центарот целосно ќе биде пуштен во функција.

“Задоволство ни е, како најголема регионална компанија во Адриа регионот и една од најголемите компании во земјите на транзиција, во погон да ставиме гринфилд инвестиција на оваа локација. “Агрокор“ одамна ја препозна Република Македонија како земја со голем потенцијал за инвестиции, затоа и пред неколку години започнавме со интензивни активности на оваа подрачје. Би сакал во оваа прилика да се заблагодарам на Владата на Република Македонија и Општина Струмица, на нивната полна поддршка која како странски инвеститор ја имавме во текот на целиот процес. Денес можеме да кажеме дека административните државни и локални тела, работното опкружување, државниот и локалниот апарат се многу оперативни и ние како инвеститори се чувствуваме како добредојдени. Затоа повикуваме и други инвеститори од светот и опкружувањето да дојдат на македонскиот пазар, а “Агрокор“ секако со инвестициските активности ќе продолжи и во иднина“ – изјави на отворањето во Струмица, претседателот на концернот “Агрокор“ од Хрватска, Ивица Тодориќ.

Владата ги обезбеди сите правни и економски предуслови и му даде целосна поддршка на овој проект, а Општина Струмица ја изгради целосната комунална инфраструктура.

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски истакна дека со оглед на тоа што во Македонија ваквите капацитети се дефицитарни, градењето на нови и осовремувањето на постојните беше и останува еден од врвните приоритети на Владата на Република Македонија. Владата во соработка со општините изнаоѓа нови локации за нивна изградба на откупно-дистрибутивни центри. Крајна цел ќе биде забрзан развој и што поголема конкурентност. Дистрибутивниот центар за земјоделски производи од страна на хрватскиот концерн “Агрокор“ станува реалност и почнува со работа. Со оваа вредна инвестиција значително ќе се подобрат состојбите со откуп и пласман на земјоделските производи во Струмичкиот и поширокиот регион.

“Агрофруктус“ е само почеток на вложувањата што ги планира “Агрокор“ во земјава. Како што најави Тодориќ, планирана е изградба на уште еден ваков објект веднаш до “Агрофруктус“ за што е веќе откупено земјиштето, но слични центри, покрај овој во Струмица, ќе се градат и во други региони низ државата. (Р.Ѓ.)


SLIKI:
http://www.strumicanet.com/world/world-news/europe/item/2116-
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 03-Oct-2011 at 21:38
http://a8.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc7/310871_10150477328778957_231002903956_11251712_1716481913_n.jpg
http://a3.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash4/294661_10150477334598957_231002903956_11251806_317560404_n.jpg
http://a8.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash4/316632_10150477335903957_231002903956_11251828_516381355_n.jpg
http://a2.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash4/295771_10150477336023957_231002903956_11251829_1967653866_n.jpg
http://a7.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc7/318299_10150477336228957_231002903956_11251833_1263546296_n.jpg
http://a6.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc7/297981_10150477336318957_231002903956_11251834_810686118_n.jpg
http://a8.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash4/315037_10150477336888957_231002903956_11251842_1993907215_n.jpg
http://a2.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash4/297490_10150477336968957_231002903956_11251843_947309600_n.jpg
http://a5.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc7/294273_10150477337063957_231002903956_11251845_1049479066_n.jpg
http://a8.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc7/299306_10150477337258957_231002903956_11251849_1144382882_n.jpg
http://a1.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash4/300862_10150477337418957_231002903956_11251853_1839950797_n.jpg
http://a5.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash4/315728_10150477338123957_231002903956_11251866_324119300_n.jpg
http://a6.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc7/299340_10150477339283957_231002903956_11251888_742772678_n.jpg

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 397
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 11-Oct-2011 at 20:21
Jas go razbiram svetov, no ne gi razbiram nasive sto se zalea deka vo Ex YU slovencite ne koristea, nie se macevme rmbavme na zemja a tie ni go kupuvaa plodot go pakuvaa i duplo poskapo im go prodavaa vo EU...
heh a sega mu se raduvame na vakvo nesto !!??
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 783
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 12-Oct-2011 at 10:31
Originally posted by Portal

Jas go razbiram svetov, no ne gi razbiram nasive sto se zalea deka vo Ex YU slovencite ne koristea, nie se macevme rmbavme na zemja a tie ni go kupuvaa plodot go pakuvaa i duplo poskapo im go prodavaa vo EU...
heh a sega mu se raduvame na vakvo nesto !!??


Се радуваме бидејќи очигледно во рок од 20 години не бевме способни сами да создадеме систем на стандардизирани откуп, селекција, пакување и експорт на земјоделски продукти.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 12-Oct-2011 at 14:44
Македонија има свои откупни центри, ама ти се помали и најчесто фокусирани на еден прозивод. Дали било праски, тутун, јаболко и слично. Ниту па Македонија имаше наследено компанија од предходниот економски систем која без разлика дали денес ќе беше приватна, акционерско дружтво или како и да е, која ќе беше продолжување на некој бизнис. А тоа што Македонија е со децении наназад производител на ресурси е друга работа и никакви фрустрации и намалување на произвоството на ресурси нема да придонесе во зголемување на производство на полупроизвод и прозвод. На ниедна нација во свет и ниедна земја не е и природно на прави телевизори. Македонија за среќа има можност на прави и храна и телевизори, а таквата предност заради лошо менаџирање со децении не се користела. И во Југославија кога се оснвале ООЗТ-ата не е одлучувано на федерално ниво, туку на републичко, освен во делот на некој помал дел фирми, можеби за Застава, нешто воена опрема и тоа, па и од тој бизнис имала Македонија дел од колачот. Фактот што сме биде 6% и по територија, и по население, и по економија, е тој континуиран и низ тие години бил релативно константен. Така да завера во синтагмата еден телевизор за еден вагон патлиџани не барајте. Македонија има солиден раст и ќе има здравје и подобри денови. Имаме предност природна, само да се искористи. Секоја инестиција е за радување, зарем ако го спречевме Агрокор ќе се решеше некој проблем со истурените патлиџани, кромид, јаболка по одводните канали.


Edited by lslcrew - 12-Oct-2011 at 14:45
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 05-Mar-2012 at 12:50

Агрокор ќе гради откупен центар и во Василево?

Хрватскиот гигант Акрокор ќе гради уште еден откупно-дистрибутивен центар во земјава. Претставници на компанијата веќе разгледале парцела во третата индустриска зона во општината Василево, Струмичко, дознава „Капитал“.

Претходно, компанијата веќе купи уште една парцела до откупниот центар кој го отвори во Струмица и според најавите од таму, планираше таму да отвори уште еден откупен центар. Според информации од теренот тие повеќе ја бендисале парцелата во Василево.

Инвестицијата на Агрокор за откупно-дистрибутивниот центар во Струмица чинеше околу 20 милиони евра, а центарот се протега на 8.000 метри квадратни. Од компанијата најавија годишен извоз на 50 илјади тони зеленчук и овошје.


http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/81015/agrokor_kje_gradi_otkupen_centar_i_vo_vasilevo_.aspx?iId=2627
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11620
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 04-Jun-2014 at 17:47








disinternacional.com.mk
За сè има вторпат
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 650
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 01-Nov-2017 at 16:17

ова Агрокор во насловот иако со закаснување сепак треба да се тргне ... ех, цвеќар, батали Ивица овошје и зеленчук, та еве живот му се зацрни ... карма дарма сарма, ако почнал цветно требал и да заврши цветно ...

http://www.poslovni.hr/domace-kompanije/todoric-potpuno-izasao-otkupa-iz-voca-i-povrca-294305
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.