build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Станбен комплекс „Grand Prestige“
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Станбен комплекс „Grand Prestige“

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 9>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4391
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 26-Dec-2010 at 14:16
Originally posted by Keeray

Не се .само македонски изведувачи и продавници итн итн се задолжителни да го прават тоа. како би изгледало Мекдоналдц на кирилица да го пишува .ако беше домашен изведувачот ке беше не кирилица/македонски

Вака би изгледало, и не би му пречело никому освен на тие искомплексираните што си мислат дека ако е на латиница е подобро.

Само дебили се палат на имиња како Grand Prestige.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 26-Dec-2010 at 14:25
Previous Like
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 26-Dec-2010 at 14:49

Originally posted by Keeray

Не се .само македонски изведувачи и продавници итн итн се задолжителни да го прават тоа. како би изгледало Мекдоналдц на кирилица да го пишува .ако беше домашен изведувачот ке беше не кирилица/македонски

да! за ова имаме дебатирано во повеќе нишки, каде убаво се констатира како го пишуваат мекдоналдс русите и бугарите, нејсе има и закон кој ги обврзува сите на кирилица да ги истакнуваат своите фирми, проекти итн.

Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 26-Dec-2010 at 14:54
Најголемата смешка е што толку се китиме со Кирил и Методиј, а во својата матична земја место кирилицата да биде „светиња“, дозволуваме турли-тава. Не дека се залагам за укинување на латиницата скрос, во глобализациско време е и тоа глупост, ама треба да си ја цениме повеќе кирилицата.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 26-Dec-2010 at 15:51
Имаме некаде дискутирано за користење кирилица. За да не се иде во офтопик, можете да продолжите со дискусијата овде:
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 26-Dec-2010 at 19:59
Originally posted by StreetStruck

Зошто одма у старт мора да се плука, па мислам дека се е подобро од тоа што е сега.Многу добра вест и заслужува пофалба, ако ништо друго, заради разубавувањето на тој дел( кој го поминал пешки знае за што зборам).Башка што многу позитивно е што се поврзува улицата од Румунска до Теодосиј (не знам точно како се вика).Иначе за деловниот простор на приземје Лсл е потполно во право немам што да додадам тука.А поткровјево веќе кога е решено да биде вака, подобро вака отколку да биде ко кров стандарден триаголен. И уште нешто, се надевам дека ќе се остави доообар простор од зградите до булеварот па така во иднина се остава простор, здравје, да се формира една убава широка пешачка патека, бидејќи сеа дали е се на се широка 2 метри од крај до крај. Кај Олимпико веќе е повлечена линијата навнатре, така да мора да се мисли за во иднина.

Ова е во спротивност со она што го имаш во твојот потпис Незнам зошто сте толку хиперсензитивни на критика, небаре таа е нешто лошо.

Како и да е. Проектов е прилично масивен и ми се допаѓа како се менуваат куќарките во тој дел со нешто вакво. Воопшто ако гледаме малку пошироко во пакет со потенцијалната изградба на Г-Мол, продолжетокот на БС комплексот па и воопшто развојот по должината на бул. 8 Септември, тој дел од градот можеби најструктуирано и најквалитетно се развива.

За подкровјето што да се каже. Начинот на кој е оформено го расипува впечатокот, го обезличува комплексот. Не дека формата е особено инвентивна и уникатна, но гледам обиди да се разигра фасадата (зависи од изборот на материјали дали тоа ќе изгледа добро или лошо).

Edited by pbanks - 26-Dec-2010 at 20:00
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 26-Dec-2010 at 20:04
Офтопик. Се надевам дека бранов на урбанизација нема да застане кај ТЦ Олимпико туку кај студентскиот Гоце Делчев. Сметам дека објекти како Олимпико е подобро што побрзо да ги снема.

Конкретно највеќе ми бодат очи ТЦ Олимпико (кој е колку толку разработен) и трговскиот кај кулата Горење (карши трговскиот кој го градат  Балфин/Фешн груп)
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 26-Dec-2010 at 22:25
Previous
Не сум хиперсензитивен на критика ни најмалку, но таа да биде поткована барем малку. Стално приметувам дека се збори колку да се каже нешто. Ако тој простор таму седи таков каков што е сега, никој ни збор нема да рече,зошто на никој не му текнува, но кога ќе се направи нешто конкретно...А за потписот, прочитај го мојот втор пост за темава (кажувам не дека не треба да се стремиме кон Абу Даби и Дубаи). Но пак ќе нагласам, жалосно или не, неаме ние нафта и сл и некој шеик тука на кој што му е дојдено само до престиж и ништо друго не го интересира.Постепено си доаѓаат тие работи да се разбереме.А до тогаш ова е реалноста. Во сон живеење многу многу не треба,колку и да е убаво тоа. А башка што никој тука не гледа од очите на инвеститорот,ама тоа е.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 26-Dec-2010 at 22:43

Незнам сега за која критика зборуваш. Колку што јас паметам се даде забелешка само за поткровјето и факт е дека такви поткровја има на секоај втора зграда во градов што навистина создава аверзија.

Втора работа. Воопшто не требаат многу пари за добар вкус. Постојат мали објекти кои имаат вкусен спој на елементи, има големи згради кои знаат да бидат конгломерат на разноразни глупости.

Исто така не ми е јасно каде прочита дека некој сака овој дел да остане неурбанизиран. Па мислам дека се подразбира тој момент, затоа сме и собрани на форумов, не верувам дека некој е против урбанизација.

Нема везе да не се ценкаме...

Да се надоврзам на твојот коментар за спојките со околните улици.

Ако Гологанов стане главен булевар (на сметка на Јужен) тогаш навистина овие дополнителни спојки ќе бидат чирови (пример е масакрот кој се случува на крстосницата кај Веро неколку стотици метри од локацијава која ја дискутираме). Доколку пак Гологанов си остане колекторкса улица за јужен булевар како што треба да биде, дополнителниве спојки одлично ќе дојдат.

Ова секако не е нешто што е во рацете на инвеститорот на овој проект туку е во рацете на градот.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 27-Dec-2010 at 02:37
Originally posted by lupo

Barem prviot sprat da bese komercijalen ili deloven
А зошто? Која е придобивката од тоа?
Плус тоа во Скопје (и низ Македонија воошто) се претерало и сеуште се претерува со тие станбено деловни-хибриди. Не велам дека се лоши по дифолт, туку дека ги практикуваме и таму каде што треба и таму каде што не треба. Според мене таквата екцесивност е резултат на:
- Лошо зонирање, премногу станови во центарот, премногу „мало стопанство“ во станбени квартови.
- Ниска бизнис култура која резултира со тоа да и релативно реномирани фирми функционираат во разноразни ќумези, мезанини, подруми...
- Урбана мафија која на секакви матни начини успева да трансформира станбен, па и задолжителен паркинг простор предвиден во некоја парцела, во многу поисплатливиот деловен простор.

Во случајов баш одлично што инвеститорите го скокнале деловниот простор. И не дека тоа го направиле од алтруизам, туку како што некој кажа, веројатно добро се пресметале каква е побарувачката во тој реон и особено какво влијание ќе има соседниот G-mall врз идниот развој на настаните.

Originally posted by Max

зар овие законски не се обврзани да истакнат табла со македонски превод!?!
Мислам дека е очигледно дека се работи за рендери, а не за табла од градилиште.

Originally posted by Keeray

ако беше домашен изведувачот
Изведувачот е домашен

Originally posted by StreetStruck

Да, имаш право за улицата,збунка. Али пак на некој начин ќе бидат поврзани,наместо да се вртат цели кругови,е сеа дали е добро такво решение не знам.
Originally posted by pbanks

Ако Гологанов стане главен булевар (на сметка на Јужен) тогаш навистина овие дополнителни спојки ќе бидат чирови (пример е масакрот кој се случува на крстосницата кај Веро неколку стотици метри од локацијава која ја дискутираме). Доколку пак Гологанов си остане колекторкса улица за јужен булевар како што треба да биде, дополнителниве спојки одлично ќе дојдат.

Ова секако не е нешто што е во рацете на инвеститорот на овој проект туку е во рацете на градот.
И со Гологанов како колекторска улица на Јужен Булевар (како што треба да биде), ваквите улички сепак ќе бидат чирови од многу аспекти. Наместо ул. Париска (профил 2х2 и која е дел од една оска која сега поаѓа дури од кај салата Борис Трајковски) да продолжува право кон клучка со Јужен булевар (и со тоа да биде пандан на ул.Лондонска кај ТЦ Олимпико), овде имаме нагло завршување и возење цик-цак по маалски улички. Плус тоа на ул.Прашка ќе се формираат две крстосници на 30 метри оддалеченост. Еве скица како ќе изгледа сето тоа:

Додуша во ГУП-от не е предвидено ул.Париска да се пробие до Јужен Булевар, но во околности кога имаме целосно редефинирање на овој простор (вклучувајќи и отстранување на објектот кој стоеше на трасата), и плус припрема на нов ГУП, мене ми изгледа екстремно глупаво да не се направи ништо во врска со ова. Но изгледа на нашата затапена администрација и е најлесно да не „комплицира“ премногу и работите да ги истурка по линија на помал отпор, а без да погледнат ни подалеку од сопствените носеви... слично како и со новите урбанистички планови за Касарната во Битола и уште цел куп такви примери. Еве извадок од ГУП-от за овој реон:

А сообраќајната ситуација таму не е ни до крај јасна, со оглед на тоа дека соседниот ДУП (за G-mall) има третман небаре како за воена тајна. На сајтот на Општина Карпош сеуште не е објавен, а уште кога беше усвоен планот, имаше некакви глупави објаснувања зошто не можел да биде објавен ради техникалии:
Засега планот останува недостапен за јавноста. Од Заводот за урбанизам на Македонија (изготвителите на ДУП-от) уверуваат дека наскоро до општината ќе го достават во електронска форма во која ќе биде достапен за сите.
http://www.build.mk/?p=700

Е сега ова беше на пред повеќе од една година  Bash

Целава ситуација е класика на која се имаме навикнато - нетранспарентност и ставање трн во здрава нога.

Edited by Cloverstack - 27-Dec-2010 at 02:43
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 27-Dec-2010 at 22:38
@ pbanks
Напиша, цитирам: " незнам зошто сте толку хиперсензитивни на критика, небаре тоа е нешто лошо" и тоа на мене ми реплицираше па да ти одговорам дека не сумSmile
И да се разбереме, се согласувам целосно и за поткровјето и за тоа дека не дека не може да се направи нешто поразлично со малце пари, но мене не ми се свиѓа што уште не почната работата мора да се искритикува одма,да не кажам влагање со клизач. Едноставно не ми се свиѓа и тоа е тоа, нема ценкање, муабет праиме.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 27-Dec-2010 at 22:42
Originally posted by StreetStruck

@ pbanks
Напиша, цитирам: " незнам зошто сте толку хиперсензитивни на критика, небаре тоа е нешто лошо" и тоа на мене ми реплицираше па да ти одговорам дека не сумSmile
И да се разбереме, се согласувам целосно и за поткровјето и за тоа дека не дека не може да се направи нешто поразлично со малце пари, но мене не ми се свиѓа што уште не почната работата мора да се искритикува одма,да не кажам влагање со клизач. Едноставно не ми се свиѓа и тоа е тоа, нема ценкање, муабет праиме.

СтритСтрак, и јас не сакам генеричко мрчење, само мислев дека критиките погоре се горе доле на место.

Cheers
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 374
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 28-Dec-2010 at 01:00
ako dobro se sekavam placot bese na Granit, sluzese za mehanizacija. Naokolu imase mali placevi so kukicki na privatni sopstvenici. Tie se zalea deka  Granit saka za nisto pari da im gi kupi da bi dooformil parcela... itn itn Sega Granit poveke ne se spomijna , jas sum greska ili... Laugh
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 28-Dec-2010 at 14:15
Напротив, Гранит им помогна да добијат поголема висина на венец на нивните површини...во првичната варијанта на ДУП-от, овие објекти требаа да бидат П+4+Пк...
Маченици вакви во Скопје се ринат со лопата колку ги има...бараат 30% од новоизградениот објект, а учествуваат во него со 3 искршени керамиди...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
saskokovac View Drop Down
Newbiе
Newbiе

Joined: 18-Jun-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote saskokovac Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 29-Dec-2010 at 14:27
abe jas ne sum arhitekt, ali bi postavil nekoj preduslov za gradba na zgradi, nemoze koj kakva saka arhitektura da shlapne.treba da se postavi nekoj arhitekt koj ke odluci kakov tip na zgradi recimo treba za karposh takvi i takvi gradbi da ima i tocka pa neka lichat edni na drugi........
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 29-Dec-2010 at 14:35
Здраво Сашко, добредојде на форумот! Ова твое мислење го делиме сите (нормални) на форумов Тоа е најнормална работа, но за жал сеуште не функционираат работите така во Македонија.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 29-Dec-2010 at 14:58
Сашко добредошол.

Јас не го делам, а ни тоа автоматски не ме сместува меќу ненормалните. Не е ова Северна Кореја ниту ссср пред триесетина години. Зашто инаку би имале факултет што ќе продуцира кадри што ќе направат различни проекти. Најдобро да си увеземе еден архитект и да ни каже се и да укинеме, може еве и казни да распишеме за давање предлог надвор од воспоставениот стандард. Без разлика какви згради и а се проектираат, сепак не може по личен вкус (без разлика каде е на скалата од кич до врвна архитектура) да просудуваме кој објект смее кој не смее да се гради. Едноставно се гради, тоа се купива, и така се врти кругот. Во Макдонија во овој стадиум во кој што е кога се купува стан не се купува и ахитектура туку само квадратура, што е сосема легитимно и логично, есттиката останува странично прашање.
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 29-Dec-2010 at 15:01
CLOVER браво за поентава со улицава одамна ја размислував можност истата да се изврши можноста за спојување на истата улица со ул. Козле иако има по некој објект, реално се се може !

Originally posted by Cloverstack

Originally posted by StreetStruck

Да, имаш право за улицата,збунка. Али пак на некој начин ќе бидат поврзани,наместо да се вртат цели кругови,е сеа дали е добро такво решение не знам.
Originally posted by pbanks

Ако Гологанов стане главен булевар (на сметка на Јужен) тогаш навистина овие дополнителни спојки ќе бидат чирови (пример е масакрот кој се случува на крстосницата кај Веро неколку стотици метри од локацијава која ја дискутираме). Доколку пак Гологанов си остане колекторкса улица за јужен булевар како што треба да биде, дополнителниве спојки одлично ќе дојдат.

Ова секако не е нешто што е во рацете на инвеститорот на овој проект туку е во рацете на градот.
И со Гологанов како колекторска улица на Јужен Булевар (како што треба да биде), ваквите улички сепак ќе бидат чирови од многу аспекти. Наместо ул. Париска (профил 2х2 и која е дел од една оска која сега поаѓа дури од кај салата Борис Трајковски) да продолжува право кон клучка со Јужен булевар (и со тоа да биде пандан на ул.Лондонска кај ТЦ Олимпико), овде имаме нагло завршување и возење цик-цак по маалски улички. Плус тоа на ул.Прашка ќе се формираат две крстосници на 30 метри оддалеченост. Еве скица како ќе изгледа сето тоа:

Додуша во ГУП-от не е предвидено ул.Париска да се пробие до Јужен Булевар, но во околности кога имаме целосно редефинирање на овој простор (вклучувајќи и отстранување на објектот кој стоеше на трасата), и плус припрема на нов ГУП, мене ми изгледа екстремно глупаво да не се направи ништо во врска со ова. Но изгледа на нашата затапена администрација и е најлесно да не „комплицира“ премногу и работите да ги истурка по линија на помал отпор, а без да погледнат ни подалеку од сопствените носеви... слично како и со новите урбанистички планови за Касарната во Битола и уште цел куп такви примери. Еве извадок од ГУП-от за овој реон:

А сообраќајната ситуација таму не е ни до крај јасна, со оглед на тоа дека соседниот ДУП (за G-mall) има третман небаре како за воена тајна. На сајтот на Општина Карпош сеуште не е објавен, а уште кога беше усвоен планот, имаше некакви глупави објаснувања зошто не можел да биде објавен ради техникалии:
Засега планот останува недостапен за јавноста. Од Заводот за урбанизам на Македонија (изготвителите на ДУП-от) уверуваат дека наскоро до општината ќе го достават во електронска форма во која ќе биде достапен за сите.
http://www.build.mk/?p=700

Е сега ова беше на пред повеќе од една година  Bash

Целава ситуација е класика на која се имаме навикнато - нетранспарентност и ставање трн во здрава нога.

Edited by Cloverstack - 29-Dec-2010 at 15:12
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 29-Dec-2010 at 15:59
Originally posted by lslcrew

Сашко добредошол.
Не е ова Северна Кореја ниту ссср пред триесетина години. Зашто инаку би имале факултет што ќе продуцира кадри што ќе направат различни проекти....
Не може еднаш да ја земеш Австрија или Германија како пример!?
Таму нема режим, па нема да ти дозволат да правиш секакви будалаштини....
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 29-Dec-2010 at 16:16
Друго е будалаштини, друго е лењир на десетина блока. И никаде во ниедна држава нема естетски совет што по субјектина оценка вика ова ова може ми се допаќа, ова неможе не ми се допаѓа.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 9>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.