build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Станбени комплекси „Grand Prestige“ и Домино
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Станбени комплекси „Grand Prestige“ и Домино

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 11>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4443
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 29-Dec-2010 at 16:56
Originally posted by lslcrew

Друго е будалаштини, друго е лењир на десетина блока. И никаде во ниедна држава нема естетски совет што по субјектина оценка вика ова ова може ми се допаќа, ова неможе не ми се допаѓа.


Да, да, таму градат кој како ќе им текне. Особено Лондон.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 29-Dec-2010 at 16:58
Тоа можеш да го кажеш за низ Дебар Маало и Кисела Вода, за Grand Prestige е во согласност со планови. Тоа што може не некои не ви се допаѓа немора да му долепувате и дека е контра планови.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4443
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 29-Dec-2010 at 17:04
Не мора да е контра планови за да не добие дозвола за градба. Пак ти викам, пробај ова да го изградиш ете во Лондон, нека има парцела баш како за ова, па види дали ќе добие градежна дозвола. Како што има „фејс контрол“ во дискотеките, така има и „фасад контрол“ во секторите за урбанизам - ако е грдо, нема да пројде.


Edited by lslcrew - 29-Dec-2010 at 17:24
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 29-Dec-2010 at 17:13
Originally posted by гитардемон

ако е грдо, нема да пројде.
Во нормално општество се дефинираат пишани правила. А грдо и убаво се субјективни оценки. Така мислиш ти дека е, ама не е.


Edited by lslcrew - 29-Dec-2010 at 17:25
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 29-Dec-2010 at 17:27
Originally posted by lslcrew

И никаде во ниедна држава нема естетски совет што по субјектина оценка вика ова ова може ми се допаќа, ова неможе не ми се допаѓа.


Од искуство ти кажувам дека не е така како што мислиш. Општинскиот архитект не е само за да ти каже до која висина да одиш и во кој габарит. Таква е кај нас праксата и сите си мислат дека така е од Господ дадено.

Амбиенти не се ствараат со триста мислења од 100 архитекти. Мора да има диригент...тоа - „мои се парите, јас ќе кажам како ќе изгледа, а вие е„(*е се!“ го има само во вакви дивјачки средини како нашава...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 29-Dec-2010 at 17:32
Значи пропишувањето стилови и готови проекти фасади на плоштад и оние за катните гаражи и хотели се соема легитимно решение. Кога водевме дискусија за нив, други работи слушавме тогаш. Пак и изборот на човекот или комиијата што ке го има тој легитимитет се носи субјективно. Нема никаков архитектонски усваен суд што ќе може да бута проект. Па и врвен суд да е пак мора да одлучува по правила, а не по лична субјективна оценка. Не е ова никаков мис па има жири комисија, па и така да е пак се повеќе луѓе кои се надгласуваат. Врвна совет не постои. Патем докоолку беше распишан проект и з овие локации за згради како и оние за плоштадот ќе ги поддржам. Тука е пропишана висина и маркица и крај. И со лебеди гипсени да е зградата е легитимна и немокј неможе да ја оспорува по лично видување.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4443
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 29-Dec-2010 at 17:40
Значи по твојата логика градење на Petite Rechica куќарки на Широк Сокак, и во старото јадро на Охрид, е дозволено, само затоа што новокомпонираните куќарки имале димензии во согласност со маркицата?

Edited by гитардемон - 29-Dec-2010 at 17:54
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12021
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 29-Dec-2010 at 18:12
Originally posted by lslcrew

Значи пропишувањето стилови и готови проекти фасади на плоштад и оние за катните гаражи и хотели се соема легитимно решение. Кога водевме дискусија за нив, други работи слушавме тогаш.
Кога веќе ја одвлечка таму работата, еве да ти реплицирам. Ќе беше сосема легитимно, ама ако беше производ на работата на еден поширок стручен тим со вистински авторитет, кој ќе бараше адекватни решенија по однапред зацртани критериуми, се разбира транспарентни. Ама бидејќи не е така, туку во случајот се работи за каприц на неизживеани политичари, кои мислат дека знаат се и прават како ќе им прдне, значи НЕ, не е воопшто легитимно.

-----------------------------------------------------------

А конкретно за Гранд Престиж, можело и многу подобро, но ако ги мериме со скопскиот просек, тогаш треба да бидеме и среќни, тоа е нашата жална реалност. Штета е што поткровјето толку го расипува впечатокот, бидејќи фасадата барем на рендериве ми изгледа многу симпатично.



Edited by Cloverstack - 29-Dec-2010 at 18:27
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 29-Dec-2010 at 18:15
Originally posted by lslcrew

Значи пропишувањето стилови и готови проекти фасади на плоштад и оние за катните гаражи и хотели се соема легитимно решение.....
Напротив....таму е склопен ансамбл од објекти, такви какви што се, не ги ставам во никакво обликовно единство и им се наметнува нов начин на обликување, што е трагично ретрограден, а уште потрагично е што го немало претходно ни во подалечно, ни во поблиско опкружување. Барокната катна гаража (една од многуте) е насадена до телеком - кој е постар и кој кого треба да почитува?

Нема никаква легитимност на гипсани лебеди...овде на некое ниво (урбанистичко се надевам) е одлучено да се градат објетки со таа висина, што не го потценувам, затоа што подржувам растење на скопските згради во вертикала (во реално можни услови), ама овие објекти во непосредна близина имаат други, исто високи 10 ката и други станбени блокови во релативно мал радиус што може да се земат како референтни...

Пак ќе повторам, зошто се инсистира на вакви кровни решенија(станбени) и зошто не се бара задолжителна количина на конзолни испуштања и стаклени површини? Ова се 2 најбитни елементи за целиот проблем околу тоа како изгледаат објективе...и се согласувам дека се очајни, може и претходно некаде напишав...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 29-Dec-2010 at 18:18
Originally posted by Cloverstack


А конкретно за Гранд Престиж, можело и многу подобро, но ако ги мериме со скопскиот просек, тогаш треба да бидеме и среќни, тоа е нашата жална реалност. Штета е што поткровјето толку го расипува впечатокот, зошто фасадата барем на рендериве ми изгледа многу симпатично.


Моја претпоставка е дека во борбата архитект-инвеститор, инвеститорот си го добил поткровјето, а архитектот се трудел да извади нешто од фасадата, ама со врзани раце затоа што објектов реално нема архитектонска пластика, туку најобична геометрија...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 29-Dec-2010 at 21:44
Епа инвеститорот може да си најде друг архитект, обратно неможе. Така е така и ќе биде.

И по која логика транспарентно, со интегритет и слични карактеристики, автопматски значи дека ќе биде нешто што би ти се допаднало. Поткорвјата низ Скопје се грешка и јас стојам зад тоа, ама тоа во никој случај не ги урушува другите принципи ниту па дава аргументи да се зборува дека морале да се воведуваат некои којзнае какви естетски стандарди и комисии. Немора ние по секоја цена да го нагажираме цело општество да вади пшроекти што ќе им се допаднат на одредена група луќе.
Back to Top
BorisG View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 03-Jan-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote BorisG Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 03-Jan-2011 at 19:39
Ве молам дали некој има информација за цените на становите и за тоа кога ќе биде можно вселување во првата зграда
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 03-Jan-2011 at 20:37
Ако не се најде некој сајт во меѓувреме, ќе сликам еден огромен билборд што го имам овде во комшии...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
metodius View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-Jan-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote metodius Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 13-Jan-2011 at 22:08

Од ова што е приложено, проектов ми е типичен за она што се случува во Скопје.


Edited by metodius - 27-Jan-2013 at 20:03
Ни земја, ни небо,
Ни пекол, ни рај.

Само ние и сега.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 14-Jan-2011 at 12:45

Престижни станови во „Гранд престиж“ кај Алумина

Становите ќе се продаваат по цена од 1.000 до 1.250 евра за квадратен метар

Деспина Трајковска

Ексклузивен станбен комплекс „Гранд престиж“ ќе никне најмногу за три години на местото на некогашната локација што и' припаѓаше на механизацијата на „Гранит“, веднаш до „Алумина“. Станува збор за македонска инвестиција тешка речиси 50 милиони евра на „Импексел 2“ и на „Еуроактива“. Ќе се градат шест ексклузивни станбени десеткатници, секоја на парцела од околу 4.000 квадратни метри. На продажба ќе се понудат речиси 1.000 стана, со површина од 49 квадрати, па се' до над 100 квадрати, колку што ќе имаа ексклузивните апартмани.

Иако се најавува како најекслузивен станбен комплекс изграден досега во Скопје, цените во „Гранд престиж“ ќе се движат како и во обичните станбени реони низ градов. Во зависност од начинот на плаќање при купувањето (овозможено е учество од 30 отсто, до купување во кеш), еден квадрат ќе се движи од 1.100 до 1.250 евра.

На идните станари ќе им биде овозможен клуч на рака и со комплетно решено внатрешно уредување на станот, во смисла на архитектонско решение, избор на бои и стилови на мебелот...Сето тоа ќе го сработат тимови на инвеститорите што се јавуваат и како комплетни носители и изведувачи на проектот. Се очекува „Гранд престиж“ да биде целосно изграден во рок од три години.

На терен веќе се работи, отворени се градилишта за две од планираните шест згради. „Градежните работи на терен интензивно се одвиваат. Отворена е градежната јама за зградата што се граничи со улицата ‘Прашка‘, а наскоро очекуваме паралелно да почне со работа и градилиштето за соседната зграда, една од трите што ќе излегува на ‘Метрополит Теодосиј Гологанов‘“, вели Сашо Стојчески, менаџер за градба и технички раководител во „Импексел 2“.

Во меѓувреме, инвеститорите привршуваат и со дооформување на парцелите за останатите четири згради и очекуваат со целата постапка да завршат најдоцна до пролет кога автоматски би започнала и нивната изградба.

Паркирањето за сите станари ќе биде решено со систем на подземно паркирање. Комплексот ќе има две подземни паркинг-нивоа, а дополнително ќе има и надземен паркинг, кој, практично, во основа ќе се користи за пристап до зградите. Секоја од нив ќе има по три влеза, во двата ќе бидат распоредени по 50 стана, а во еден 60.

Околината на комплексот ќе биде партерно уредена на европско ниво, ќе има парковски површини, детски катчиња...За потребите на комплексот, Општина Карпош ќе има обврска да изгради и две нови сервисни улички.

Практично, „Гранд престиж“ ќе го означи и урбанизирањето на овој дел од Скопје. Комплексот ќе се граничи со најавениот израелски шопинг-мол „Газит глоуб“. До стартот на овој проект, „Гранд престиж“ во изминатиот период е регистрирана како најголема инвестиција во Карпош. Од комплексот, Општината ќари речиси 1,5 милиони евра по основа на комуналии.

Инаку, еден од инвеститорите, „Импексел 2“, досега во Скопје е препознатлив по станбено-деловниот комплекс изграден кај подвозникот кон Црниче, а моментално привршува и со изградбата на комбинираната катна гаража зад Универзална сала.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=281EFE2BB7A7C24FAA094E15B19FEC30
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 17-Jan-2011 at 09:42
Originally posted by Dave Gahan

Ако не се најде некој сајт во меѓувреме, ќе сликам еден огромен билборд што го имам овде во комшии...


Официјален сајт
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4443
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 17-Jan-2011 at 12:31
Мислам дека портфолио со полоши проекти од нивните не е можно да постои!
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 17-Jan-2011 at 12:56


...ова дека некој бараше информации за купување стан...може и не треба рекламирање, ама ај...што да кажам објективе, све мој до мојега
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 169
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 17-Jan-2011 at 17:39
Originally posted by гитардемон

Мислам дека портфолио со полоши проекти од нивните не е можно да постои!


Транзициско-ориентален стил!
Дефинитивно треба да се размислува за специјални дозволи со кои ќе се одобрува изгледот на објектот (иако мислам дека е правно тешко изводливо), бидејќи се повеќе Скопје изгледа како некој град од внатрешноста на Турција.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 04-Feb-2011 at 02:15
Кога ја спомна Турција, ова поише личи на мал провинциски град во Турција, пошто годинава бев во Измир, Едрене и некои побитни турски градови, каде дефинитивно вакви градби се во изумирање. Вакви се градат смао по мали затуцани местенца. Ете до кај отиде нашата архитектура.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 11>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.